акушерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akusherki/ За подобро да се разбереме Fri, 05 May 2023 10:38:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png акушерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akusherki/ 32 32 На конкурсот за акушерки на Клиниката за гинекологија не се пријавил никој https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-konkursot-za-akusherki-na-klinikata-za-ginekologija-ne-se-prijavil-nikoj/ Fri, 05 May 2023 10:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=637251

Никој не се пријавил на конкурс за акушерки кој го објавил Клиниката за гинекологија. Поради  ова, била преземана иницијатива со средното медицинско „Панче Караѓозов“ и со министерот за образование, од септември да се отвори уште една паралелка за акушерки, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денот на акушерките.

Дипломираната акушерка Тања Трајковска, потпретседателка на здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, претседателка на одборот на акушерки во комората на здравствени работници со средно, вишо и високо образование и поранешен претседател на секцијата на акушерки, информираше дека во ГАК има 14 акушерки во родилната сала, распоредени во четири или пет смени. Годишно на клиниката има околу 3.500 до 3.800 раѓања.

Ако Европа, меѓународната конфедерација, СЗО велат дека треба да има 117 до 120 раѓања годишно на акушерка, па ако направиме споредба, излегува дека недостигаат 10 до 12 акушерки во родилната сала кај нас. Или, треба да има една акушерка на еден родилен бокс. Ако во болницата има два, треба да има две акушерки во смена и плус предродилна сала. Или ако има пет, плус еден дополнителен, како што е кај нас, треба да има шест во смена и плус предродилна сала, соопшти таа.

Трајковска беше запрашана која е пораката што сакаат да ја упатат на овој ден.

Не сакаме да бидеме погрешно сфатени дека имаме нешто против едукацијата на акушерки, да кажам, на средно ниво, со средно училиште. Сакаме да бидеме разбрани, дека едукацијата треба да биде соодветна. Треба да биде квалитетна. Треба да ги стекнат вештините што треба да ги има една акушерка на крајот од своето школување. Треба да ги поседуваат сите компетенции, за да можат да се справат со сите животозагрозувачки ситуации во родилната сала. Да одговараат за два живота во моментот и сами да ја носат одлуката во моментот, што треба да се направи и кога, во кој момент треба да се повика гинекологот, ако акушерката сама, не може да се справи со целата ситуација, одговори таа.

На ниво на цела држава, додаде, треба да постојат и советувалишта за трудници, бидејќи сега лекарите, како што нагласи, се преоптеретени.

Една трудница со една нормална бременост доаѓа постојано кај нив и за најобични прашања, околу исхрана, облека, годишен одмор и слично, прашања што многу лесно може да ги постави во советувалиште за трудници, што би го виделе акушерки. Исто така оние основни рутински предмети, како што се тежина, висина. Има трудници коишто добиваат прекумерна телесна тежина, баш заради тоа што нема акушерка да ги посоветува колку смеат во текот на бременоста да добијат тежина. Кои физички вежби, па дури и физичките вежби да се работат заедно со трудницата, да ги работи стручна акушерка, да не ги работат инструктори по пилатес или јога инструктори, коишто не се стручни, со кои се компликации може да се сретне трудницата во текот на бременоста, појасни Трајковска.

 

The post На конкурсот за акушерки на Клиниката за гинекологија не се пријавил никој appeared first on Република.

]]>

Никој не се пријавил на конкурс за акушерки кој го објавил Клиниката за гинекологија. Поради  ова, била преземана иницијатива со средното медицинско „Панче Караѓозов“ и со министерот за образование, од септември да се отвори уште една паралелка за акушерки, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денот на акушерките. Дипломираната акушерка Тања Трајковска, потпретседателка на здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, претседателка на одборот на акушерки во комората на здравствени работници со средно, вишо и високо образование и поранешен претседател на секцијата на акушерки, информираше дека во ГАК има 14 акушерки во родилната сала, распоредени во четири или пет смени. Годишно на клиниката има околу 3.500 до 3.800 раѓања.
Ако Европа, меѓународната конфедерација, СЗО велат дека треба да има 117 до 120 раѓања годишно на акушерка, па ако направиме споредба, излегува дека недостигаат 10 до 12 акушерки во родилната сала кај нас. Или, треба да има една акушерка на еден родилен бокс. Ако во болницата има два, треба да има две акушерки во смена и плус предродилна сала. Или ако има пет, плус еден дополнителен, како што е кај нас, треба да има шест во смена и плус предродилна сала, соопшти таа.
Трајковска беше запрашана која е пораката што сакаат да ја упатат на овој ден.
Не сакаме да бидеме погрешно сфатени дека имаме нешто против едукацијата на акушерки, да кажам, на средно ниво, со средно училиште. Сакаме да бидеме разбрани, дека едукацијата треба да биде соодветна. Треба да биде квалитетна. Треба да ги стекнат вештините што треба да ги има една акушерка на крајот од своето школување. Треба да ги поседуваат сите компетенции, за да можат да се справат со сите животозагрозувачки ситуации во родилната сала. Да одговараат за два живота во моментот и сами да ја носат одлуката во моментот, што треба да се направи и кога, во кој момент треба да се повика гинекологот, ако акушерката сама, не може да се справи со целата ситуација, одговори таа.
На ниво на цела држава, додаде, треба да постојат и советувалишта за трудници, бидејќи сега лекарите, како што нагласи, се преоптеретени.
Една трудница со една нормална бременост доаѓа постојано кај нив и за најобични прашања, околу исхрана, облека, годишен одмор и слично, прашања што многу лесно може да ги постави во советувалиште за трудници, што би го виделе акушерки. Исто така оние основни рутински предмети, како што се тежина, висина. Има трудници коишто добиваат прекумерна телесна тежина, баш заради тоа што нема акушерка да ги посоветува колку смеат во текот на бременоста да добијат тежина. Кои физички вежби, па дури и физичките вежби да се работат заедно со трудницата, да ги работи стручна акушерка, да не ги работат инструктори по пилатес или јога инструктори, коишто не се стручни, со кои се компликации може да се сретне трудницата во текот на бременоста, појасни Трајковска.
 

The post На конкурсот за акушерки на Клиниката за гинекологија не се пријавил никој appeared first on Република.

]]>
Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик – реакција на здруженијата на медицински сестри за упис на акушерки само на албански јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozhe-vo-meditsinata-da-delite-potreben-kadar-po-jazik-reaktsija-na-zdruzhenijata-na-meditsinski-sestri-za-upis-na-akusherki-samo-na-albanski-jazik/ Thu, 27 Apr 2023 15:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=634743

Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик. Кадарот се вработува според потреба на болниците, реагира Гордана Бешлиовска од Унијата за здруженија на медицински сестри, техничари и акушери. Таа реагира на конкурсот на средното медицински училиште „д-р Панче Караѓозов“ каде за упис за во училиштето нема паралелка за акушерки на македонски јазик, објави Канал 5.

За Бешлиовска двата смера воопшто немаат сличност, и не може медицинските сестри да конкурираат за оглас за акушерки.
Бешлиовска објаснува дека сестрите во образованието точно добиваат каков профил на сестра ќе иде. Не може медицина да се меша со националност медицинската сестра се едуцира со цел да има подобро образование во дејноста која ќе ја врши. Од здружението ќе реагираат до институциите кои носат одлука.

Маја Салиу директорка на средното училиште „д-р Панче Караѓозов“ за Канал 5 пред два дена објасни дека за уписот за средното училиште се зголемила една паралелка на Македонски јазик кај медицинските сестри, а кај смерот за акушерки е само на Албански јазик.
Салиу објасни дека нема разлика во двата смера и дека нема дискриминација за ниту еден нов ученик во ова училиште.

Извор: Канал 5

The post Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик – реакција на здруженијата на медицински сестри за упис на акушерки само на албански јазик appeared first on Република.

]]>

Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик. Кадарот се вработува според потреба на болниците, реагира Гордана Бешлиовска од Унијата за здруженија на медицински сестри, техничари и акушери. Таа реагира на конкурсот на средното медицински училиште „д-р Панче Караѓозов“ каде за упис за во училиштето нема паралелка за акушерки на македонски јазик, објави Канал 5. За Бешлиовска двата смера воопшто немаат сличност, и не може медицинските сестри да конкурираат за оглас за акушерки. Бешлиовска објаснува дека сестрите во образованието точно добиваат каков профил на сестра ќе иде. Не може медицина да се меша со националност медицинската сестра се едуцира со цел да има подобро образование во дејноста која ќе ја врши. Од здружението ќе реагираат до институциите кои носат одлука. Маја Салиу директорка на средното училиште „д-р Панче Караѓозов“ за Канал 5 пред два дена објасни дека за уписот за средното училиште се зголемила една паралелка на Македонски јазик кај медицинските сестри, а кај смерот за акушерки е само на Албански јазик. Салиу објасни дека нема разлика во двата смера и дека нема дискриминација за ниту еден нов ученик во ова училиште. Извор: Канал 5

The post Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик – реакција на здруженијата на медицински сестри за упис на акушерки само на албански јазик appeared first on Република.

]]>