акција „синџир“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aktsija-sindhir/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 11:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png акција „синџир“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aktsija-sindhir/ 32 32 Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorski-kazni-za-petmina-obvineti-vo-sindhir/ Tue, 09 Jul 2024 11:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=794915

Затворски казни и една условна казна затвор, изрече Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите кои вчера признаа вина во предметот „Синџир“, кој се однесува на даночно затајување. Обвинети се за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и „даночно затајување“.

Првообвинетиот Сашо Вучков доби две и пол години казна затвор, неговиот татко две години казна затвор и илјада евра казна, мајката на првообвинетиот доби година и единаесет месеци затворска казна и уште илјада евра казна. Останатите двајца обвинети, кои признаа вина, добија по две години затвор и по илјада евра казна. Само еден од шестмината кои вчера пред Судот признаа вина, доби условна казна затвор.

За шест фирми чии застапници, исто така, вчера признаа вина судот изрече парични казни, но и забрани за учество во јавни повици и концесии.

Случајот Синџир во кој обвинети беа над триесетина физички и правни лица се однесува на даночно затајување од околу 8 милиони евра. За останатите 11 обвинети кои не признаа вина постапката продолжува.

Претходното Јавното обвинителство соопшти дека со шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица во случајот „Синџир“ биле постигнати спогодби, со кои вратени се безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет.

Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на 30 октомври 2023 година. Во меѓувреме, истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на Обвинителниот акт почина е донесено Решение за запирање на истрагата.

Според содржината на диспозитивот на Обвинителниот акт обвинетите во својство на сопственици и управители на правни субјекти во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2021 година во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, не пресметале и не платиле данок – давачка на која биле законски обврзани. На овој начин, со намера за себе да се стекнат со противправна имотна корист, осомничените предизвикале штета на Буџетот на Р.Македонија во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра. Парични средства што ги прибавиле со казниви дела во вкупен износ од 40.046.815 денари ги пуштиле во оптег, ги примиле и извршиле пренос на истите, по што ги подигнале во готово.

The post Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“ appeared first on Република.

]]>

Затворски казни и една условна казна затвор, изрече Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите кои вчера признаа вина во предметот „Синџир“, кој се однесува на даночно затајување. Обвинети се за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и „даночно затајување“. Првообвинетиот Сашо Вучков доби две и пол години казна затвор, неговиот татко две години казна затвор и илјада евра казна, мајката на првообвинетиот доби година и единаесет месеци затворска казна и уште илјада евра казна. Останатите двајца обвинети, кои признаа вина, добија по две години затвор и по илјада евра казна. Само еден од шестмината кои вчера пред Судот признаа вина, доби условна казна затвор. За шест фирми чии застапници, исто така, вчера признаа вина судот изрече парични казни, но и забрани за учество во јавни повици и концесии. Случајот Синџир во кој обвинети беа над триесетина физички и правни лица се однесува на даночно затајување од околу 8 милиони евра. За останатите 11 обвинети кои не признаа вина постапката продолжува. Претходното Јавното обвинителство соопшти дека со шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица во случајот „Синџир“ биле постигнати спогодби, со кои вратени се безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет. Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на 30 октомври 2023 година. Во меѓувреме, истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на Обвинителниот акт почина е донесено Решение за запирање на истрагата. Според содржината на диспозитивот на Обвинителниот акт обвинетите во својство на сопственици и управители на правни субјекти во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2021 година во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, не пресметале и не платиле данок – давачка на која биле законски обврзани. На овој начин, со намера за себе да се стекнат со противправна имотна корист, осомничените предизвикале штета на Буџетот на Р.Македонија во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра. Парични средства што ги прибавиле со казниви дела во вкупен износ од 40.046.815 денари ги пуштиле во оптег, ги примиле и извршиле пренос на истите, по што ги подигнале во готово.

The post Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“ appeared first on Република.

]]>
ОЈО: Шестмина признаа вина во „Синџир“, вратени околу 1.000.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-shestmina-priznaa-vina-vo-sindhir-vrateni-okolu-1-000-000-evra/ Tue, 25 Jun 2024 08:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=790531

По одобрување на Обвинителниот акт за предметот „Синџир“, поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје закажа рочиште за главна расправа што ќе се одржи денеска.

Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на 30 октомври 2023 година. Во меѓувреме истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на Обвинителниот акт почина е донесено Решение за запирање на истрагата.

Соочени со прибраните докази во текот на истрагата и периодот за оценување на Обвинителниот акт, шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица поднесоа иницијативи за спогодување со обвинителството. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ги прифати Предлог спогодбите и врз основа на истите донесе осудителни пресуди и тоа:

– на Д.И. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1 и продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 од Кривичниот законик му изрече единствена казна затвор во траење од 2 години која казна нема да се изврши доколку во период од 5 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело, воедно му изрече и споредна – парична казна во износ од 183.900,00 денари;

– на Ѓ.Л. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1 и продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 од Кривичниот законик му изрече условна осуда – казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци која казна нема да се изврши доколку во период од 3 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело, како и парична казна во износ од 183.900,00 денари;

– на В.У. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1, продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 од Кривичниот законик и за помагање во сторување на кривичното дело Даночно затајување му изрече единствена казна затвор во траење од 1 година и парична казна во износ од 310.000,00 денари;

– на Е.М за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1 и продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 од Кривичниот законик ѝ изрече условна осуда – казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци која казна нема да се изврши доколку во период од 3 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело, воедно ѝ изрече и парична казна во износ од 183.900,00 денари;

– на Р.П. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1, продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45, помагање во сторување на кривичното дело Даночно затајување и за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 став 1 од Кривичниот законик му изрече условна осуда – казна затвор во траење од 2 години, која казна нема да се изврши доколку во период од 5 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело, како и парична казна во износ од 306.500,00 денари и

– на Х.К. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1, продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 и за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 став 1 од Кривичниот законик му изрече условна осуда – казна затвор во траење од 2 години, која казна нема да се изврши доколку во период од 4 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело и парична казна во износ од 183.900,00 денари.

Согласно одредбите од Кривичниот законик за кривични дела на правни лица како главна казна се изрекува парична казна, а за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку три години, правното лице се казнува со парична казна до еден милион денари или ако делото е сторено од користољубие или е предизвикана штета од големи размери најмногу до петкратниот износ на предизвиканата штета или остварената корист. Така, на три правни лица за сторено продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 4 вв став 2 вв став 1 вв чл.45 од Крвичниот законик судот им се изрече парични казни од по 500.000, 00 денари, на едно правно лице за истото дело му е изречена парична казна од 1.000.000,00 денари и на две правни лица кои освен кривично дело Даночно затајување сториле и кривично дело Перење пари од член 273 став 12 вв став 1 им се изречени парични казни во износ од 1.000.000,00, односно 400.000,00 денари.

При одмерување на видот и определување на висината на санкциите при спогодувањето, обвинителството ги зеде предвид сите олеснителни и отежителни околности, а особено околноста што кривично одговорните правни лица пред склучување на спогодбите го платија целиот износ на данок што го затаиле во вредност од 50.646.400,00 денари или 823.519 евра. Две правни лица обвинети и за Перење пари, освен уплатениот данок, во текот на постапката уплатиле и средства во вредност од 3.760.068,00 денари или 61.139 евра, средства што ги пуштиле во оптек и на кои извршиле пренос со намера да се прикрие нивното движење. Заедно со пресудените казни во државниот буџет до сега се уплатени вкупно 59.658.568 денари или 970.058 евра.

Според содржината на диспозитивот на Обвинителниот акт обвинетите во својство на сопственици и управители на правни субјекти во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2021 година во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, не пресметале и не платиле данок – давачка на која биле законски обврзани. На овој начин, со намера за себе да се стекнат со противправна имотна корист, осомничените предизвикале штета на Буџетот на Р.Македонија во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра. Парични средства што ги прибавиле со казниви дела во вкупен износ од 40.046.815 денари ги пуштиле во оптег, ги примиле и извршиле пренос на истите, по што ги подигнале во готово.

The post ОЈО: Шестмина признаа вина во „Синџир“, вратени околу 1.000.000 евра appeared first on Република.

]]>

По одобрување на Обвинителниот акт за предметот „Синџир“, поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје закажа рочиште за главна расправа што ќе се одржи денеска. Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на 30 октомври 2023 година. Во меѓувреме истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на Обвинителниот акт почина е донесено Решение за запирање на истрагата. Соочени со прибраните докази во текот на истрагата и периодот за оценување на Обвинителниот акт, шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица поднесоа иницијативи за спогодување со обвинителството. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ги прифати Предлог спогодбите и врз основа на истите донесе осудителни пресуди и тоа: – на Д.И. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1 и продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 од Кривичниот законик му изрече единствена казна затвор во траење од 2 години која казна нема да се изврши доколку во период од 5 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело, воедно му изрече и споредна – парична казна во износ од 183.900,00 денари; – на Ѓ.Л. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1 и продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 од Кривичниот законик му изрече условна осуда – казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци која казна нема да се изврши доколку во период од 3 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело, како и парична казна во износ од 183.900,00 денари; – на В.У. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1, продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 од Кривичниот законик и за помагање во сторување на кривичното дело Даночно затајување му изрече единствена казна затвор во траење од 1 година и парична казна во износ од 310.000,00 денари; – на Е.М за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1 и продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 од Кривичниот законик ѝ изрече условна осуда – казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци која казна нема да се изврши доколку во период од 3 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело, воедно ѝ изрече и парична казна во износ од 183.900,00 денари; – на Р.П. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1, продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45, помагање во сторување на кривичното дело Даночно затајување и за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 став 1 од Кривичниот законик му изрече условна осуда – казна затвор во траење од 2 години, која казна нема да се изврши доколку во период од 5 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело, како и парична казна во износ од 306.500,00 денари и – на Х.К. за сторено кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 став 2 вв став 1, продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 2 вв став 1 вв чл.45 и за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 став 1 од Кривичниот законик му изрече условна осуда – казна затвор во траење од 2 години, која казна нема да се изврши доколку во период од 4 години од правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело и парична казна во износ од 183.900,00 денари. Согласно одредбите од Кривичниот законик за кривични дела на правни лица како главна казна се изрекува парична казна, а за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку три години, правното лице се казнува со парична казна до еден милион денари или ако делото е сторено од користољубие или е предизвикана штета од големи размери најмногу до петкратниот износ на предизвиканата штета или остварената корист. Така, на три правни лица за сторено продолжено кривично дело Даночно затајување од чл.279 став 4 вв став 2 вв став 1 вв чл.45 од Крвичниот законик судот им се изрече парични казни од по 500.000, 00 денари, на едно правно лице за истото дело му е изречена парична казна од 1.000.000,00 денари и на две правни лица кои освен кривично дело Даночно затајување сториле и кривично дело Перење пари од член 273 став 12 вв став 1 им се изречени парични казни во износ од 1.000.000,00, односно 400.000,00 денари. При одмерување на видот и определување на висината на санкциите при спогодувањето, обвинителството ги зеде предвид сите олеснителни и отежителни околности, а особено околноста што кривично одговорните правни лица пред склучување на спогодбите го платија целиот износ на данок што го затаиле во вредност од 50.646.400,00 денари или 823.519 евра. Две правни лица обвинети и за Перење пари, освен уплатениот данок, во текот на постапката уплатиле и средства во вредност од 3.760.068,00 денари или 61.139 евра, средства што ги пуштиле во оптек и на кои извршиле пренос со намера да се прикрие нивното движење. Заедно со пресудените казни во државниот буџет до сега се уплатени вкупно 59.658.568 денари или 970.058 евра. Според содржината на диспозитивот на Обвинителниот акт обвинетите во својство на сопственици и управители на правни субјекти во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2021 година во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, не пресметале и не платиле данок – давачка на која биле законски обврзани. На овој начин, со намера за себе да се стекнат со противправна имотна корист, осомничените предизвикале штета на Буџетот на Р.Македонија во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра. Парични средства што ги прибавиле со казниви дела во вкупен износ од 40.046.815 денари ги пуштиле во оптег, ги примиле и извршиле пренос на истите, по што ги подигнале во готово.

The post ОЈО: Шестмина признаа вина во „Синџир“, вратени околу 1.000.000 евра appeared first on Република.

]]>
Акции на финансиската полиција во повеќе градови, како резултат од повеќемесечната постапка за „Синџир“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/aktsii-na-finansiskata-politsija-vo-poveke-gradovi-kako-rezultat-od-povekemesechnata-postapka-za-sindhir/ Thu, 02 Nov 2023 14:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=697500

Управата за финансиска полиција денеска информира дека во текот на оваа недела спровела акции во повеќе градови низ државата, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

Дополнително сакаме да ја известиме јавноста дека првопријавениот кој воедно е еден организаторите на злосторничкото здружување, е обезбеден од страна на Управата за финансиска полиција, изведен пред суд при што од страна на Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

The post Акции на финансиската полиција во повеќе градови, како резултат од повеќемесечната постапка за „Синџир“ appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција денеска информира дека во текот на оваа недела спровела акции во повеќе градови низ државата, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
Дополнително сакаме да ја известиме јавноста дека првопријавениот кој воедно е еден организаторите на злосторничкото здружување, е обезбеден од страна на Управата за финансиска полиција, изведен пред суд при што од страна на Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

The post Акции на финансиската полиција во повеќе градови, како резултат од повеќемесечната постапка за „Синџир“ appeared first on Република.

]]>
ОЈО со детали за „Синџир“: Приведени 20 лица за даночно затајување и перење пари, буџетот оштетен за 8 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-so-detali-za-sindhir-privedeni-20-litsa-za-danochno-zatajuvane-i-perene-pari-budhetot-oshteten-za-8-milioni-evra/ Mon, 30 Oct 2023 14:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=696352

Во акцијата „Синџир“ која се спроведува од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, опфатени се 26 физички и 28 правни лица кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување и за перење пари.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека при извршените претреси обезбедена е дополнителна документација која ќе биде предмет на обработка.

Приведени се 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, а шест лица се недостапни на органите на прогонот.

Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394, Даночно затајување од чл.279 и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.

Од прибраниот доказен материјал, како што е наведено во соопштението, постои основано сомневање дека три лица како организатори заедно со уште други три лица, во текот на 2019 година, во Неготино, создале група што имала за цел вршење на кривични дела „даночно затајување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

На групата, истата 2019 година, припадници станале уште седуммина од осомничените. Во текот на 2020 година на оваа група се приклучиле 11 нови припадници, а во 2021 година припадници станале уште тројца сопственици и управители на правни лица. Организаторите на злосторничкото здружение со намера да ја одбегнат законската обврска за целосно или делумно плаќање данок, организирале основање на правни субјекти во нивна сопственост и преземале сопственост и управување на претходно основани правни субјекти. Тие заедно со припадниците на злосторничкото здружение, во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со вкалкулиран ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги или изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со примена на механизмот за пренесен ДДВ, по член 32-а од Законот за ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги за кои знаеле дека не се извршени. Организаторите на злосторничкото здружение ги користеле фактурите за меѓусебно сметководствено затворање на дел или на вкупните обврски на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување и на кривично одговорните правни лица во сопственост и управување на припадниците на злосторничкото здружение кон нив. Врз основа на овие фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги, на банкарските сметки на правните субјекти во сопственост или управувани од организаторите и припадниците на злосторничкото здружение по испоставените фактури најчесто не биле вршени плаќања, а дел од меѓусебните побарувања и обврски сметководствено биле затворани со меѓусебни компензации и компензации со повеќе учесници, се наведува во соопштението.

Од ОЈО ГОКК посочуваат дека осомничените организатори и припадници на злосторничкото здружение во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување сметководствено искажале повисок износ на влезен промет и поголемо даночно побарување преку кое ја намалиле вредноста на излезниот промет и ја намалиле својата даночна обврска или го зголемиле своето даночно побарување. Потоа организаторите на злосторничкото здружение со сметководственото евидентирање на фактурите за наводна продажба на стоки и услуги и со нивното искажување во задолжителните Даночни пријави за ДДВ на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, преку институтот даночен гарант, сметководственото евидентирање го искористиле за противправно преземање на даночниот долг на дел од правните субјекти сопственост или управувани од страна на осомничените припадници на злосторничкото здружение.

На тој начин правните субјекти во сопственост или управувани од осомничените организатори на злосторничкото здружение противправно станале даночни гаранти на правните субјекти сопственост или управувани од припадниците на злосторничкото здружение кои како даночни обврзници имале даночен долг кон Управата за јавни приходи.

Со вака преземените дејствија организаторите на злосторничкото здружение им овозможиле на дел од правните субјекти, сопственост или управувани од осомничените припадници на злосторничкото здружение, пред даночниот орган да не го платат нивниот даночен долг и неосновано да го затворат со лажно даночно побарување на даночните гаранти, велат од ОЈО ГОКК.

Осомничените со сите противправно преземени дејствија не платиле данок со што предизвикале штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра.

Воедно, во временскиот период од 22.10.2020 до 31.12.2021 година, во Неготино, Струмица, Скопје, Штип и во Велес тројцата организатори на злосторничкото здружение и четири осомничени припадници на злосторничкото здружение со цел да го прикријат потеклото на паричните средства и нивното движење, пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на парични средства и подигале парични средства во готово во вкупен износ 40.046.815,00 денари или 651.168 евра за кои знаеле дека се прибавени со даночно затајување.

За 14 осомничени лица е побарана мерка притвор, а за едно од нив мерка „куќен притвор“. За останатите 12 лица се побарано други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Воедно, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави Барањa за привремена мерка за забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на пет физички и седум правни лица.

За делата што им се ставаат на товар на осомничените согласно одредбите во Кривичниот законик се предвидени затворски казни и тоа за кривично дело „злосторничко здружување“ од чл.394 кога групата има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна е предвидена казна затвор од една до десет години, за кривичното дело „даночно затајување“ од чл.279 доколку износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години и со парична казна и за кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Воедно, согласно чл.28-а од Кривичниот законик во случаите определени со закон, правното лице е одговорно за кривичното дело сторено од одговорно лице во правното лице, во име, за сметка или во корист на правното лице, па така за сторените кривични дела Даночно затајување и Перење пари и други приноси од казниво дело за правните лица се предвидени парични казни.

The post ОЈО со детали за „Синџир“: Приведени 20 лица за даночно затајување и перење пари, буџетот оштетен за 8 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во акцијата „Синџир“ која се спроведува од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, опфатени се 26 физички и 28 правни лица кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување и за перење пари. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека при извршените претреси обезбедена е дополнителна документација која ќе биде предмет на обработка. Приведени се 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, а шест лица се недостапни на органите на прогонот.
Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394, Даночно затајување од чл.279 и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.
Од прибраниот доказен материјал, како што е наведено во соопштението, постои основано сомневање дека три лица како организатори заедно со уште други три лица, во текот на 2019 година, во Неготино, создале група што имала за цел вршење на кривични дела „даночно затајување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.
На групата, истата 2019 година, припадници станале уште седуммина од осомничените. Во текот на 2020 година на оваа група се приклучиле 11 нови припадници, а во 2021 година припадници станале уште тројца сопственици и управители на правни лица. Организаторите на злосторничкото здружение со намера да ја одбегнат законската обврска за целосно или делумно плаќање данок, организирале основање на правни субјекти во нивна сопственост и преземале сопственост и управување на претходно основани правни субјекти. Тие заедно со припадниците на злосторничкото здружение, во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со вкалкулиран ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги или изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со примена на механизмот за пренесен ДДВ, по член 32-а од Законот за ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги за кои знаеле дека не се извршени. Организаторите на злосторничкото здружение ги користеле фактурите за меѓусебно сметководствено затворање на дел или на вкупните обврски на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување и на кривично одговорните правни лица во сопственост и управување на припадниците на злосторничкото здружение кон нив. Врз основа на овие фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги, на банкарските сметки на правните субјекти во сопственост или управувани од организаторите и припадниците на злосторничкото здружение по испоставените фактури најчесто не биле вршени плаќања, а дел од меѓусебните побарувања и обврски сметководствено биле затворани со меѓусебни компензации и компензации со повеќе учесници, се наведува во соопштението.
Од ОЈО ГОКК посочуваат дека осомничените организатори и припадници на злосторничкото здружение во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување сметководствено искажале повисок износ на влезен промет и поголемо даночно побарување преку кое ја намалиле вредноста на излезниот промет и ја намалиле својата даночна обврска или го зголемиле своето даночно побарување. Потоа организаторите на злосторничкото здружение со сметководственото евидентирање на фактурите за наводна продажба на стоки и услуги и со нивното искажување во задолжителните Даночни пријави за ДДВ на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, преку институтот даночен гарант, сметководственото евидентирање го искористиле за противправно преземање на даночниот долг на дел од правните субјекти сопственост или управувани од страна на осомничените припадници на злосторничкото здружение. На тој начин правните субјекти во сопственост или управувани од осомничените организатори на злосторничкото здружение противправно станале даночни гаранти на правните субјекти сопственост или управувани од припадниците на злосторничкото здружение кои како даночни обврзници имале даночен долг кон Управата за јавни приходи.
Со вака преземените дејствија организаторите на злосторничкото здружение им овозможиле на дел од правните субјекти, сопственост или управувани од осомничените припадници на злосторничкото здружение, пред даночниот орган да не го платат нивниот даночен долг и неосновано да го затворат со лажно даночно побарување на даночните гаранти, велат од ОЈО ГОКК.
Осомничените со сите противправно преземени дејствија не платиле данок со што предизвикале штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра. Воедно, во временскиот период од 22.10.2020 до 31.12.2021 година, во Неготино, Струмица, Скопје, Штип и во Велес тројцата организатори на злосторничкото здружение и четири осомничени припадници на злосторничкото здружение со цел да го прикријат потеклото на паричните средства и нивното движење, пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на парични средства и подигале парични средства во готово во вкупен износ 40.046.815,00 денари или 651.168 евра за кои знаеле дека се прибавени со даночно затајување. За 14 осомничени лица е побарана мерка притвор, а за едно од нив мерка „куќен притвор“. За останатите 12 лица се побарано други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Воедно, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави Барањa за привремена мерка за забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на пет физички и седум правни лица. За делата што им се ставаат на товар на осомничените согласно одредбите во Кривичниот законик се предвидени затворски казни и тоа за кривично дело „злосторничко здружување“ од чл.394 кога групата има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна е предвидена казна затвор од една до десет години, за кривичното дело „даночно затајување“ од чл.279 доколку износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години и со парична казна и за кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Воедно, согласно чл.28-а од Кривичниот законик во случаите определени со закон, правното лице е одговорно за кривичното дело сторено од одговорно лице во правното лице, во име, за сметка или во корист на правното лице, па така за сторените кривични дела Даночно затајување и Перење пари и други приноси од казниво дело за правните лица се предвидени парични казни.

The post ОЈО со детали за „Синџир“: Приведени 20 лица за даночно затајување и перење пари, буџетот оштетен за 8 милиони евра appeared first on Република.

]]>