АКТО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akto/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 08:14:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АКТО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akto/ 32 32 Со промоција на публикации се затвора изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-promotsija-na-publikatsii-se-zatvora-izlozhbata-nema-vreme-za-rabota-nema-vreme-oslobodeno-od-rabota-2/ Tue, 24 Sep 2024 08:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=819172

Промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“ ќе се одржи вечерва (24 септември) во националната галерија „Мала станица“ со почеток во 19 часот. Со овој настан се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“, којашто беше отворена на 3 септември, годинава.

Уредници на брошурата „Прекарно за почетници“ се Виолета Качакова и Ивана Васева, лектурата и преводот се на Невенка Николиќ, графичкиот дизајн и илустрациите се на Немања Трајковиќ, а продукцијата на „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ).

Оваа публикација „Прекарно за почетници“ се однесува на сите независни уметници, културни работници и оние што раководат со мали уметнички и културни субјекти, кои работат во сферата на субвенционираната култура, која има ограничени ресурси. Во оваа средина, индивидуализацијата и конкуренцијата се главните параметри на доминантниот капиталистичкиот начин на производство, кој е доминантен, а и институционалниот и вонинституционалниот сектор се потопени и потчинети на таа логика. Како резултат на тоа, преовладуваат лошите услови за работа, несигурноста на работата и недостатокот на социјална заштита. Публикацијата ги разгледува работничките права на независните уметници и културните работници, како и напорите за подобрување на нивните услови. Ги истражува овие прашања во поширок контекст на културните политики на земјата, кои ги обликуваат севкупните работни услови во вонинституционалниот културен сектор - објаснуваат организаторите.

Промовирана ќе биде и публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“, која е резултат на двегодишна соработка во рамките на платформата „Острови на сродство“ (Islands of Kinship), која поврзува шест визуелни уметнички институции од различни региони во Европа (Прага, Братислава, Битола/Скопје, Келн, Хелсинки, Рига).

Во оваа публикација група куратори, уметници и експерти, вклучени во нивните организации како координатори за инклузија и одржливост, размислуваат за социјалната и еколошката одговорност во уметничката и институционалната практика од теоретски, политички и практични перспективи. Публикацијата содржи и уметнички проекти што беа претставени на изложби и јавни програми во рамките на „Острови на сродството, велат организаторите.

Со промоциите се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена: селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнхамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“.

„Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“. Изложбата е поддржана и од Националната стратегија за ревитализација на Чешка (Chech recovery plan).

Досега „АКТО“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“.

До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО“ предвидени се уште неколку настани.

The post Со промоција на публикации се затвора изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ appeared first on Република.

]]>

Промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“ ќе се одржи вечерва (24 септември) во националната галерија „Мала станица“ со почеток во 19 часот. Со овој настан се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“, којашто беше отворена на 3 септември, годинава. Уредници на брошурата „Прекарно за почетници“ се Виолета Качакова и Ивана Васева, лектурата и преводот се на Невенка Николиќ, графичкиот дизајн и илустрациите се на Немања Трајковиќ, а продукцијата на „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ).
Оваа публикација „Прекарно за почетници“ се однесува на сите независни уметници, културни работници и оние што раководат со мали уметнички и културни субјекти, кои работат во сферата на субвенционираната култура, која има ограничени ресурси. Во оваа средина, индивидуализацијата и конкуренцијата се главните параметри на доминантниот капиталистичкиот начин на производство, кој е доминантен, а и институционалниот и вонинституционалниот сектор се потопени и потчинети на таа логика. Како резултат на тоа, преовладуваат лошите услови за работа, несигурноста на работата и недостатокот на социјална заштита. Публикацијата ги разгледува работничките права на независните уметници и културните работници, како и напорите за подобрување на нивните услови. Ги истражува овие прашања во поширок контекст на културните политики на земјата, кои ги обликуваат севкупните работни услови во вонинституционалниот културен сектор - објаснуваат организаторите.
Промовирана ќе биде и публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“, која е резултат на двегодишна соработка во рамките на платформата „Острови на сродство“ (Islands of Kinship), која поврзува шест визуелни уметнички институции од различни региони во Европа (Прага, Братислава, Битола/Скопје, Келн, Хелсинки, Рига).
Во оваа публикација група куратори, уметници и експерти, вклучени во нивните организации како координатори за инклузија и одржливост, размислуваат за социјалната и еколошката одговорност во уметничката и институционалната практика од теоретски, политички и практични перспективи. Публикацијата содржи и уметнички проекти што беа претставени на изложби и јавни програми во рамките на „Острови на сродството, велат организаторите.
Со промоциите се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена: селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнхамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“. „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“. Изложбата е поддржана и од Националната стратегија за ревитализација на Чешка (Chech recovery plan). Досега „АКТО“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“. До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО“ предвидени се уште неколку настани.

The post Со промоција на публикации се затвора изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ appeared first on Република.

]]>
Меѓународна изложба: „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/megunarodna-izlozhba-nema-vreme-za-rabota-nema-vreme-oslobodeno-od-rabota/ Mon, 26 Aug 2024 08:20:27 +0000 https://republika.mk/?p=810164

Меѓународна изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која ќе заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена, ќе биде отворена на трети септември во Националната gалерија на Република Македонија – Мала станица.

„Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е меѓународен изложбен проект кој вклучува уметници од Република Чешка, Словачка и земјите од поранешна Југославија, а е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“.

Македонската јавност ќе има можност да погледне дела од селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“.

– Се чини дека без разлика колку упорно и ревносно се обидуваме, ние-слободните културни работници, уметници, куратори, културни продуценти-немаме доволно време, но уште поважно, време за работа. Капиталот го има колонизирано концептот за распределба на времето: нема време за креативност и нема време за одмор. Немаме време да работиме, а истовремено нема момент без работа. Под превезот на флексибилност, мобилност, слобода и автономија на избор, делување, правење значајни и политички напори, ние самите се правиме несигурни и нашите специфични и работни услови ја потхрануваат неолибералната машинерија оставајќи нѐ постојано исцрпени, прегорени, прекарни и на некој начин, лишени од време – објаснуваат организаторите.

Изложбата ќе биде отворена до 24 септември, а на затворањето ќе се одржи и промоција на брошурата „Прекарно за почетници“ и на публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“.

Оваа изложба е една фаза од долгорочната посветена борба за подобрување на работничките права во уметноста и културата во Македонија и е еден вид продолжување на серијалот на „АКТО 19“.

Досега „АКТО 19“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во
Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“. До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО 19“ предвидени се уште неколку настани.

 

The post Меѓународна изложба: „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа“ appeared first on Република.

]]>

Меѓународна изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која ќе заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена, ќе биде отворена на трети септември во Националната gалерија на Република Македонија – Мала станица. „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е меѓународен изложбен проект кој вклучува уметници од Република Чешка, Словачка и земјите од поранешна Југославија, а е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“. Македонската јавност ќе има можност да погледне дела од селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“. – Се чини дека без разлика колку упорно и ревносно се обидуваме, ние-слободните културни работници, уметници, куратори, културни продуценти-немаме доволно време, но уште поважно, време за работа. Капиталот го има колонизирано концептот за распределба на времето: нема време за креативност и нема време за одмор. Немаме време да работиме, а истовремено нема момент без работа. Под превезот на флексибилност, мобилност, слобода и автономија на избор, делување, правење значајни и политички напори, ние самите се правиме несигурни и нашите специфични и работни услови ја потхрануваат неолибералната машинерија оставајќи нѐ постојано исцрпени, прегорени, прекарни и на некој начин, лишени од време – објаснуваат организаторите. Изложбата ќе биде отворена до 24 септември, а на затворањето ќе се одржи и промоција на брошурата „Прекарно за почетници“ и на публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“. Оваа изложба е една фаза од долгорочната посветена борба за подобрување на работничките права во уметноста и културата во Македонија и е еден вид продолжување на серијалот на „АКТО 19“. Досега „АКТО 19“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“. До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО 19“ предвидени се уште неколку настани.  

The post Меѓународна изложба: „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа“ appeared first on Република.

]]>
Заокружена серијата мурали во духот на заедницата кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zaokruzhena-serijata-murali-vo-duhot-na-zaednitsata-koi-go-otvorija-19-izdanie-na-akto-festivalot-za-sovremeni-umetnosti/ Wed, 08 May 2024 07:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=775254

Серијата мурали низ државата – акцијата со која и официјално се отвори најновото, 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во организација на здружението Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје, е заокружена со последните два мурали во Кичево и Скопје.

Во центарот на кичевската чаршија, на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ на надворешната и предна фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата зад муралот е да поттикне размислување околу потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативни контексти/дејности.

Во соработка со ФРУ - Скопје, идејата за овој мурал е делумно инспирирана од релјефот на Јордан Грабулоски, македонски академски вајар и уметник, кој го има изработено на спомен-костурницата во Кичево. Од истиот тој релјеф, композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето (во сооднос со самата порака) но и ја доловува функцијата на домот на култура - како простор каде што се негува културата и уметноста иницирана од индивидуалци и групи.

Кога заедно би создавале и негувале услови кадешто сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, низ заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница кадешто едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој.

Муралот, кој се реализираше во март во Скопје, на зградата која се наоѓа на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, побуди позитивни чувства и кај соседните згради така што резултираше со уште една иницијатива за реализација на мурал, како вид завршно заокружување на целиот проект и подарок кон станарите. Поткрепени со ентузијазмот на станарите во зградата и поддршка од ФРУ, уметницата Ивана Самандова во соработка со Ана Трајковска и Доротеј Нешовски реализираа мурал на зградата бр. 37. На овој мурал е поставен цитат од Бертхолт Брехт кој вели: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови кои ги ослободуваат сите!“. Со овој мурал, фокусот е пренасочен на визуелни елементи со деца како симболика на реална слобода, особено во аспекти на однесување, изразување и размислување.

Преземајќи го извадокот од песната за солидарност од авторот Бертхолт Брехт, идејата е да се воспостави траен повик дека со поддршката, разбирањето и постапките на заедницата можат да се создадат иницијативи и услови кои што ја ослободуваат истата заедница од повеќето форми на опресија и рестрикција, водејќи кон поздрава и поволна состојба на живеење, критикувајќи го строгиот и наметнат индивидуализам.

Серијата мурали (во Скопје, Прилеп и Кичево) од коишто два се во соработка со две јавни културни институции и уште два со две заедници по нивно барање, се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода, со надеж дека долго време ќе останат визуелен потсетник за неопходноста на борбата за да дојдеме до истите - со силата на заедништвото.

The post Заокружена серијата мурали во духот на заедницата кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности appeared first on Република.

]]>

Серијата мурали низ државата – акцијата со која и официјално се отвори најновото, 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во организација на здружението Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје, е заокружена со последните два мурали во Кичево и Скопје. Во центарот на кичевската чаршија, на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ на надворешната и предна фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата зад муралот е да поттикне размислување околу потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативни контексти/дејности. Во соработка со ФРУ - Скопје, идејата за овој мурал е делумно инспирирана од релјефот на Јордан Грабулоски, македонски академски вајар и уметник, кој го има изработено на спомен-костурницата во Кичево. Од истиот тој релјеф, композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето (во сооднос со самата порака) но и ја доловува функцијата на домот на култура - како простор каде што се негува културата и уметноста иницирана од индивидуалци и групи. Кога заедно би создавале и негувале услови кадешто сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, низ заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница кадешто едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој. Муралот, кој се реализираше во март во Скопје, на зградата која се наоѓа на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, побуди позитивни чувства и кај соседните згради така што резултираше со уште една иницијатива за реализација на мурал, како вид завршно заокружување на целиот проект и подарок кон станарите. Поткрепени со ентузијазмот на станарите во зградата и поддршка од ФРУ, уметницата Ивана Самандова во соработка со Ана Трајковска и Доротеј Нешовски реализираа мурал на зградата бр. 37. На овој мурал е поставен цитат од Бертхолт Брехт кој вели: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови кои ги ослободуваат сите!“. Со овој мурал, фокусот е пренасочен на визуелни елементи со деца како симболика на реална слобода, особено во аспекти на однесување, изразување и размислување. Преземајќи го извадокот од песната за солидарност од авторот Бертхолт Брехт, идејата е да се воспостави траен повик дека со поддршката, разбирањето и постапките на заедницата можат да се создадат иницијативи и услови кои што ја ослободуваат истата заедница од повеќето форми на опресија и рестрикција, водејќи кон поздрава и поволна состојба на живеење, критикувајќи го строгиот и наметнат индивидуализам. Серијата мурали (во Скопје, Прилеп и Кичево) од коишто два се во соработка со две јавни културни институции и уште два со две заедници по нивно барање, се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода, со надеж дека долго време ќе останат визуелен потсетник за неопходноста на борбата за да дојдеме до истите - со силата на заедништвото.

The post Заокружена серијата мурали во духот на заедницата кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности appeared first on Република.

]]>
„Весна и Власта“ – уметнички перформанс за затворање на АКТО 18 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vesna-i-vlasta-umetnichki-performans-za-zatvorane-na-akto-18/ Wed, 13 Dec 2023 16:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=722649

В сабота, на 16 декември, на Академската сцена на Факултатот за драмски уметности (ФДУ) ќе се одржи уметничкиот перформанс „Весна и Власта“ кон достоинството (на стареењето) на уметниците Власта Делимар и Весна Стилиновиќ, како дел од програмата на фестивалот АКТО 18.

Весна Стилиновиќ и Власта Делимар замислија заедничка претстава во која низ елементарен ерос ги поврзуваат нивните сличности, но и разлики. Но, тие преку ова пријателство не сакаат да бидат едно, тие сакаат да бидат две. Весна има 78 години, а Власта 67. Весна е актерка, додека Власта е изведувачка. Весна и Власта одлучија нивното стареење да биде успешно, активно и здраво стареење, бидејќи старењеето не значи пропаѓање, туку зголемување на сопствениот потенцијал. Затоа, да се старее значи да се расте.

Современата геронтологија на различни начини се обидува да ја подигне свеста за стигмата на општеството кон стареењето и старите личности и ни нуди различни можности за подобрување на начините на живот. Фотографиите на Весна Стилиновиќ се приказ на трансформацијата низ која таа во својата актерска кариера често станувала некој друг. Меѓутоа, нејзиниот нов простор на нова егзистенција ѝ „подарил“ нов простор за слобода што некако ја довел во примарната форма на духот, во исконскиот живот што го придвижува нејзиното битие при најмало навестување на движење.

Изведбениот проект е резултат на пријателството и соработката на две уметници - Весна Стилиновиќ и Власта Делимар. Весна и Власта го избираат стареењето како тема на нивната соработка. Како и многу други природни, неизбежни биолошки факти, оваа животна возраст е социјално и економски стигматизирана и маргинализирана. Културата на младоста, брзината и напредокот тешко ја прифаќа неизбежноста на промените и ја отфрла природноста на животните циклуси. Овие жени, уметници, се среќаваат и се соочуваат со стареењето од лична перспектива, доведувајќи го во прашање сопствениот живот, работа, но и емоционалните и психолошките позиции во кои моментално се наоѓаат. На овој начин, оваа претстава станува документ за времето, моментот, личноста и стигмата, но и извртување на парадигмата што го дефинира стареењето како нешто непожелно - со својата неумоливост - скандалозно, срамно, означувајќи го самиот факт на постоењето со тешко-сварливата болка што ја наследуваме со доаѓањето во светот. Несовршеноста, несоодветноста на животот, тиранијата на телото што нѐ прави само една етапа во времето и просторот, секогаш во потрага по подобри, потрајни и посвети модалитети на измисленото јас.

Настанот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Република Хрватска, Факултет за работи што не се учат (ФРУ), Факултет за драмски уметности (ФДУ) – Скопје.

The post „Весна и Власта“ – уметнички перформанс за затворање на АКТО 18 appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 16 декември, на Академската сцена на Факултатот за драмски уметности (ФДУ) ќе се одржи уметничкиот перформанс „Весна и Власта“ кон достоинството (на стареењето) на уметниците Власта Делимар и Весна Стилиновиќ, како дел од програмата на фестивалот АКТО 18. Весна Стилиновиќ и Власта Делимар замислија заедничка претстава во која низ елементарен ерос ги поврзуваат нивните сличности, но и разлики. Но, тие преку ова пријателство не сакаат да бидат едно, тие сакаат да бидат две. Весна има 78 години, а Власта 67. Весна е актерка, додека Власта е изведувачка. Весна и Власта одлучија нивното стареење да биде успешно, активно и здраво стареење, бидејќи старењеето не значи пропаѓање, туку зголемување на сопствениот потенцијал. Затоа, да се старее значи да се расте. Современата геронтологија на различни начини се обидува да ја подигне свеста за стигмата на општеството кон стареењето и старите личности и ни нуди различни можности за подобрување на начините на живот. Фотографиите на Весна Стилиновиќ се приказ на трансформацијата низ која таа во својата актерска кариера често станувала некој друг. Меѓутоа, нејзиниот нов простор на нова егзистенција ѝ „подарил“ нов простор за слобода што некако ја довел во примарната форма на духот, во исконскиот живот што го придвижува нејзиното битие при најмало навестување на движење. Изведбениот проект е резултат на пријателството и соработката на две уметници - Весна Стилиновиќ и Власта Делимар. Весна и Власта го избираат стареењето како тема на нивната соработка. Како и многу други природни, неизбежни биолошки факти, оваа животна возраст е социјално и економски стигматизирана и маргинализирана. Културата на младоста, брзината и напредокот тешко ја прифаќа неизбежноста на промените и ја отфрла природноста на животните циклуси. Овие жени, уметници, се среќаваат и се соочуваат со стареењето од лична перспектива, доведувајќи го во прашање сопствениот живот, работа, но и емоционалните и психолошките позиции во кои моментално се наоѓаат. На овој начин, оваа претстава станува документ за времето, моментот, личноста и стигмата, но и извртување на парадигмата што го дефинира стареењето како нешто непожелно - со својата неумоливост - скандалозно, срамно, означувајќи го самиот факт на постоењето со тешко-сварливата болка што ја наследуваме со доаѓањето во светот. Несовршеноста, несоодветноста на животот, тиранијата на телото што нѐ прави само една етапа во времето и просторот, секогаш во потрага по подобри, потрајни и посвети модалитети на измисленото јас. Настанот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Република Хрватска, Факултет за работи што не се учат (ФРУ), Факултет за драмски уметности (ФДУ) – Скопје.

The post „Весна и Власта“ – уметнички перформанс за затворање на АКТО 18 appeared first on Република.

]]>
АКТО на Млад отворен театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akto-na-mlad-otvoren-teatar/ Mon, 13 Nov 2023 09:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=700959

Огранизацијата „Факултет за работи што не се учат – „ФРУ“ ве кани на тродневна програма „Градот како сцена – приказна за шетачката“ во рамки на 48. издание на интернационалниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).

Перформативна инсталација „Градот како сцена II – приказна за шетачката“ е продолжение на истражувањето претставено во рамки на Националниот павилјон и Студентски павилјон на Република Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година како дел од платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики на ФРУ насловен „Градот како сцена“.

На 16 – ти ноември (четврток) со почеток во 20 часот е закажан првиот чин „Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии“ - Претставување на Национален павилјон на Република Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година. Автори се: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори се: Филип Јовановски и Ивана Васева.

Вториот чин од перформансот е закажан на 17-ти ноември (петок) од 12 до 18 часот под наслов „Ретки искуства на градот како сцена“ - Отворање на просторна инсталација - архива на истражувањето во рамки на платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики на ФРУ насловен „Градот како сцена“ во периодот 2013 – 2023 година.

Во рамки на оваа архива ќе биде изложен проектот „Еднаш во животот – ретки студентски искуства на градот како сцена“, дел од Студентскиот павилјон на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година. Учесници се: Мартина Пенева, Димитар Милев, Тамара Џерков, Дениз Ајдаревиќ, Александар Јовановски и Мартина Петреска. Куратори се: Кристина Леловац и Филип Јовановски

На 18-ти ноември (сабота) од 12 часот ќе се одржи третиот чин или „Изведба на јавниот простор“ - Дискусија модерирана од Кристина Леловац (актерка и изведувачка, ФДУ-УКИМ Скопје) и Миодраг Куч (ZK/U-Берлин), Маркета Фантова (уметничка директорка на Прашкото квадриенале за перформанс дијзан и простор). Истиот ден, од 13:45 часот започнува сесијата „Попаметни граѓани 02“ - Перформативна презентација на процесот на работа со студенти од Архитектонски факултет и факултетот за Драмски уметности- УКИМ Скопје, како и други сродни уметнички факултети во земјава во периодот октомври-ноември 2023 година. Овој процес на работа е дел од долгорочниот проект Градот како сцена: изведување на јавниот простор. Процесот на работа вклучуваше развој на метода на читање на градот и различни урбани контексти кои подоцна ќе имаат за цел да се трансформираат во изведба и/или интервенција во јавен простор.

Процесот на работа со студентите беше менториран од Филип Јовановски, Миодраг Куч (К/У Берлин) и Борис Бакал (Shadow Casters – Загреб) во соработка со Креативниот тим дел од платформата Градот како сцена: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Андреа Маркоска. Комесар: Русе Арсов | Продукциски тим: Ивана Самандова, Благица Петрова.

Партнери во проектот се Младинскиот културен центар – Скопје; Интернационален театарски фестивал МОТ. Поддржувачи се Министерство за култура на Република Македонија, Факултетот за драмски уметности - универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и проектот Активен ГРА(Д)/ѓани, финансиран од Европската унија.

The post АКТО на Млад отворен театар appeared first on Република.

]]>

Огранизацијата „Факултет за работи што не се учат – „ФРУ“ ве кани на тродневна програма „Градот како сцена – приказна за шетачката“ во рамки на 48. издание на интернационалниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ). Перформативна инсталација „Градот како сцена II – приказна за шетачката“ е продолжение на истражувањето претставено во рамки на Националниот павилјон и Студентски павилјон на Република Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година како дел од платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики на ФРУ насловен „Градот како сцена“. На 16 – ти ноември (четврток) со почеток во 20 часот е закажан првиот чин „Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии“ - Претставување на Национален павилјон на Република Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година. Автори се: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори се: Филип Јовановски и Ивана Васева. Вториот чин од перформансот е закажан на 17-ти ноември (петок) од 12 до 18 часот под наслов „Ретки искуства на градот како сцена“ - Отворање на просторна инсталација - архива на истражувањето во рамки на платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики на ФРУ насловен „Градот како сцена“ во периодот 2013 – 2023 година. Во рамки на оваа архива ќе биде изложен проектот „Еднаш во животот – ретки студентски искуства на градот како сцена“, дел од Студентскиот павилјон на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година. Учесници се: Мартина Пенева, Димитар Милев, Тамара Џерков, Дениз Ајдаревиќ, Александар Јовановски и Мартина Петреска. Куратори се: Кристина Леловац и Филип Јовановски На 18-ти ноември (сабота) од 12 часот ќе се одржи третиот чин или „Изведба на јавниот простор“ - Дискусија модерирана од Кристина Леловац (актерка и изведувачка, ФДУ-УКИМ Скопје) и Миодраг Куч (ZK/U-Берлин), Маркета Фантова (уметничка директорка на Прашкото квадриенале за перформанс дијзан и простор). Истиот ден, од 13:45 часот започнува сесијата „Попаметни граѓани 02“ - Перформативна презентација на процесот на работа со студенти од Архитектонски факултет и факултетот за Драмски уметности- УКИМ Скопје, како и други сродни уметнички факултети во земјава во периодот октомври-ноември 2023 година. Овој процес на работа е дел од долгорочниот проект Градот како сцена: изведување на јавниот простор. Процесот на работа вклучуваше развој на метода на читање на градот и различни урбани контексти кои подоцна ќе имаат за цел да се трансформираат во изведба и/или интервенција во јавен простор. Процесот на работа со студентите беше менториран од Филип Јовановски, Миодраг Куч (К/У Берлин) и Борис Бакал (Shadow Casters – Загреб) во соработка со Креативниот тим дел од платформата Градот како сцена: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Андреа Маркоска. Комесар: Русе Арсов | Продукциски тим: Ивана Самандова, Благица Петрова. Партнери во проектот се Младинскиот културен центар – Скопје; Интернационален театарски фестивал МОТ. Поддржувачи се Министерство за култура на Република Македонија, Факултетот за драмски уметности - универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и проектот Активен ГРА(Д)/ѓани, финансиран од Европската унија.

The post АКТО на Млад отворен театар appeared first on Република.

]]>
Изложба и документарец на АКТО 18: Попаметен град 3.0 – Феникс или Апокалипса? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-i-dokumentarets-na-akto-18-popameten-grad-3-0-feniks-ili-apokalipsa/ Wed, 11 Oct 2023 11:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=690137

Програмата на фестивалот АКТО 18 за октомври, под името: Попаметен град 3.0 - Феникс или Апокалипса? предвидува едукација, изложба, проекција на филм и разговори и сето тоа испреплетено низ архитектурата, уметноста, филмот, театарот... а инспирирани од нашата грижа кон другиот и просторите помеѓу.

На 13 октомври (петок) во 19 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет ќе биде прикажан документарниот филм „Витиќ танцува“ на концептуалниот интермедијален уметник Борис Бакал и уметничката организација „Фрлачи на сенки“ посветен на дваесетгодишната борба на станарите за обновување на Витиќевиот облакодер во Загреб, инаку ремек-дело на модернистичката архитектура, која на тој начин станува метафора на целото општество.

Филмот преку архивски снимки и сведоштва на поранешни и сегашни жители на Витиќевиот облакодер, архитекти, активисти и други инволвирани се обидува да воспостави свест за инфраструктурата во служба на заедницата. Тоа е зграда во која се рефлектираа сите клучни општествени моменти и несогласувања. Вреден и долго запоставен споменик на културата, Витиќевиот облакодер истовремено е и показател за систематска негрижа кон социјалистичкото наследство, но и за парадоксот на поранешниот систем. Нормализацијата на клиентелизмот и корупцијата, недоволниот капацитет за домување во Загреб, систематското запоставување на јавните простори и отсуството на урбанистичко планирање се теми што се рефлектираат во филмот.

На 21 октомври (сабота) во 12 часот, во Киното на Железничка станица, ќе биде отворена изложбата „Попаметен град 3.0 – Феникс или апокалипса?

Потпирајќи се на претходното разбирање на архитектурата како метафора на општеството, со „Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса?“ „Фрлачите на сенки“ нè провоцираат со прашањата: „Како да се ангажираат луѓето и нивните заедници за време на природни катастрофи?“, „Каде да се најде солидарност за време на катастрофа?“ и „Што ако отсуствува таков човечки однос?“ Користејќи го Скопје како референтна точка, изложбата прикажува фотоколажи од градот – каков е денес и каков беше пред земјотресот, архивски филмови за периодот по земјотресот и многубројни монографии и книги за скопската „апокалипса“, како и неговиот подем како „феникс“.

Партнери на АКТО 18 се Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, ИЗОЛАТЦИА –Киев, Украина, Shadow Casters (Загреб), Архитектонски факултет – УКИМ Скопје.

АКТО 18 е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, Trust for Mutual Understanding New York, Фондацијата „Хајнрих Бол“,Институтот „Гете“, Европската Унија – проект „Острови на сродство“, проектот „Активен ГРА(Д)/ѓани“ и проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди туку делови од соѕвездија“

 

The post Изложба и документарец на АКТО 18: Попаметен град 3.0 – Феникс или Апокалипса? appeared first on Република.

]]>

Програмата на фестивалот АКТО 18 за октомври, под името: Попаметен град 3.0 - Феникс или Апокалипса? предвидува едукација, изложба, проекција на филм и разговори и сето тоа испреплетено низ архитектурата, уметноста, филмот, театарот... а инспирирани од нашата грижа кон другиот и просторите помеѓу. На 13 октомври (петок) во 19 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет ќе биде прикажан документарниот филм „Витиќ танцува“ на концептуалниот интермедијален уметник Борис Бакал и уметничката организација „Фрлачи на сенки“ посветен на дваесетгодишната борба на станарите за обновување на Витиќевиот облакодер во Загреб, инаку ремек-дело на модернистичката архитектура, која на тој начин станува метафора на целото општество. Филмот преку архивски снимки и сведоштва на поранешни и сегашни жители на Витиќевиот облакодер, архитекти, активисти и други инволвирани се обидува да воспостави свест за инфраструктурата во служба на заедницата. Тоа е зграда во која се рефлектираа сите клучни општествени моменти и несогласувања. Вреден и долго запоставен споменик на културата, Витиќевиот облакодер истовремено е и показател за систематска негрижа кон социјалистичкото наследство, но и за парадоксот на поранешниот систем. Нормализацијата на клиентелизмот и корупцијата, недоволниот капацитет за домување во Загреб, систематското запоставување на јавните простори и отсуството на урбанистичко планирање се теми што се рефлектираат во филмот. На 21 октомври (сабота) во 12 часот, во Киното на Железничка станица, ќе биде отворена изложбата „Попаметен град 3.0 – Феникс или апокалипса? Потпирајќи се на претходното разбирање на архитектурата како метафора на општеството, со „Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса?“ „Фрлачите на сенки“ нè провоцираат со прашањата: „Како да се ангажираат луѓето и нивните заедници за време на природни катастрофи?“, „Каде да се најде солидарност за време на катастрофа?“ и „Што ако отсуствува таков човечки однос?“ Користејќи го Скопје како референтна точка, изложбата прикажува фотоколажи од градот – каков е денес и каков беше пред земјотресот, архивски филмови за периодот по земјотресот и многубројни монографии и книги за скопската „апокалипса“, како и неговиот подем како „феникс“. Партнери на АКТО 18 се Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, ИЗОЛАТЦИА –Киев, Украина, Shadow Casters (Загреб), Архитектонски факултет – УКИМ Скопје. АКТО 18 е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, Trust for Mutual Understanding New York, Фондацијата „Хајнрих Бол“,Институтот „Гете“, Европската Унија – проект „Острови на сродство“, проектот „Активен ГРА(Д)/ѓани“ и проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди туку делови од соѕвездија“  

The post Изложба и документарец на АКТО 18: Попаметен град 3.0 – Феникс или Апокалипса? appeared first on Република.

]]>