АКТО 18 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akto-18/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Oct 2023 08:20:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АКТО 18 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akto-18/ 32 32 АКТО 18: Изложба Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akto-18-izlozhba-popameten-grad-3-0-feniks-ili-apokalipsa-2/ Fri, 20 Oct 2023 08:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=693125

АКТО 18 во сабота, на 21 октомври, од 12 часот, ја организира изложбата „Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса?“, во киното на Железничката зграда, која има цел да го демистифицира авторитативниот дискурс за закрепнување од катастрофи што се фокусира исклучиво на зградите – „тули и малтер“ – кои се само физичкиот аспект на градот.

Потпирајќи се на претходното разбирање на архитектурата како метафора на општеството, со „Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса?“ организаторите нè провоцираат со прашањата: „Како да се ангажираат луѓето и нивните заедници за време на природни катастрофи?“, „Каде да се најде солидарност за време на катастрофа?“ и „Што ако отсуствува таков човечки однос?“ Користејќи го Скопје како референтна точка, изложбата прикажува фотоколажи од градот – каков е денес и каков беше пред земјотресот, архивски филмови за периодот по земјотресот и многубројни монографии и книги за скопската „апокалипса“, како и неговиот подем како „феникс“.

Покрај изложбата ќе има и презентација на процесот на работата со студенти како дел од проектот „Градот како сцена“ или изведување на јавниот простор, процес менториран од уметниците Борис Бакал, Миодраг Куч и Филип Јовановски. Проектот е поддржан од програмата за култура на швајцарската амбасада во Скопје.

The post АКТО 18: Изложба Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса? appeared first on Република.

]]>

АКТО 18 во сабота, на 21 октомври, од 12 часот, ја организира изложбата „Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса?“, во киното на Железничката зграда, која има цел да го демистифицира авторитативниот дискурс за закрепнување од катастрофи што се фокусира исклучиво на зградите – „тули и малтер“ – кои се само физичкиот аспект на градот. Потпирајќи се на претходното разбирање на архитектурата како метафора на општеството, со „Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса?“ организаторите нè провоцираат со прашањата: „Како да се ангажираат луѓето и нивните заедници за време на природни катастрофи?“, „Каде да се најде солидарност за време на катастрофа?“ и „Што ако отсуствува таков човечки однос?“ Користејќи го Скопје како референтна точка, изложбата прикажува фотоколажи од градот – каков е денес и каков беше пред земјотресот, архивски филмови за периодот по земјотресот и многубројни монографии и книги за скопската „апокалипса“, како и неговиот подем како „феникс“. Покрај изложбата ќе има и презентација на процесот на работата со студенти како дел од проектот „Градот како сцена“ или изведување на јавниот простор, процес менториран од уметниците Борис Бакал, Миодраг Куч и Филип Јовановски. Проектот е поддржан од програмата за култура на швајцарската амбасада во Скопје.

The post АКТО 18: Изложба Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса? appeared first on Република.

]]>