активна блокада на собранието Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aktivna-blokada-na-sobranieto/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Oct 2022 11:50:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png активна блокада на собранието Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aktivna-blokada-na-sobranieto/ 32 32 Aктивната блокада на Собранието продолжува и летово, можни се и блокади на патишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aktivnata-blokada-na-sobranieto-prodolzuva-i-letovo-mozni-se-i-blokadi-na-patishta/ Mon, 20 Jun 2022 08:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=517482

Активната блокада продолжува летово, ако нема договор за избори преминува во целосна блокада на институциите, СДСМ и ДУИ мора да паднат.Во текот на летото ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе разни протесни активности ширум државата, велат од опозицијата.

Тимови од ИК на партијата и пратениците ќе ги посетат сите населени места со цел општа мобилизација на народот против власта која секој ден се повеќе не осиромашува.

Доколку Ковачевски и Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите, на патиштата се до договор за избори.

Штетата која се предизвикува со владеењето на СДСМ и ДУИ е поголема од било која друга штета. Предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќа стави крај на криминалот и корупцијата. Потребни се промени. Народот бара промени. Колку и СДСМ и ДУИ да се трудат да ги спречат промените тие ќе дојдат.

The post Aктивната блокада на Собранието продолжува и летово, можни се и блокади на патишта appeared first on Република.

]]>

Активната блокада продолжува летово, ако нема договор за избори преминува во целосна блокада на институциите, СДСМ и ДУИ мора да паднат.Во текот на летото ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе разни протесни активности ширум државата, велат од опозицијата. Тимови од ИК на партијата и пратениците ќе ги посетат сите населени места со цел општа мобилизација на народот против власта која секој ден се повеќе не осиромашува.
Доколку Ковачевски и Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите, на патиштата се до договор за избори.
Штетата која се предизвикува со владеењето на СДСМ и ДУИ е поголема од било која друга штета. Предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќа стави крај на криминалот и корупцијата. Потребни се промени. Народот бара промени. Колку и СДСМ и ДУИ да се трудат да ги спречат промените тие ќе дојдат.

The post Aктивната блокада на Собранието продолжува и летово, можни се и блокади на патишта appeared first on Република.

]]>
Премиер кој дрско се однесува, заслужува блокада во Собранието и протести на улиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premier-koj-drsko-se-odnesuva-zasluzuva-blokada-vo-sobranieto-i-protesti-na-ulicite/ Thu, 02 Jun 2022 21:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=510423

Илија Димовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не може премиерот преку дрзок речник да одбива средба со лидерот на опозицијата, во момент кога се бара помош од опозициските министри.

„Обратно треба да биде, совесен премиер треба самиот да излезе, да се натфрли на ситуацијата и тој да подаде прв рака во време на криза. Во време кога премиер се однесува дрско како што се однесува, тогаш заслужува и блокада во Собрание и протести на улица додека не ја научи лекцијата“, вели Димовски.

The post Премиер кој дрско се однесува, заслужува блокада во Собранието и протести на улиците appeared first on Република.

]]>

Илија Димовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не може премиерот преку дрзок речник да одбива средба со лидерот на опозицијата, во момент кога се бара помош од опозициските министри. „Обратно треба да биде, совесен премиер треба самиот да излезе, да се натфрли на ситуацијата и тој да подаде прв рака во време на криза. Во време кога премиер се однесува дрско како што се однесува, тогаш заслужува и блокада во Собрание и протести на улица додека не ја научи лекцијата“, вели Димовски.

The post Премиер кој дрско се однесува, заслужува блокада во Собранието и протести на улиците appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Активната блокада беше повеќе од успешна, на 18 јуни ќе се случи масовен протест, граѓаните се заситени од сивилото на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-aktivnata-blokada-beshe-povekje-od-uspeshna-na-18-ti-juni-kje-se-sluchi-masoven-protest-gragjanite-se-zasiteni-od-siviloto-na-vlasta/ Wed, 18 May 2022 21:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=504076

Блокадата во Собранието не да беше успешна туку беше повеќе од тоа, бидејќи видовте како заврши минатата работна недела,а за сметка на тоа пак оваа недела апсолутно нема никакви закажани собраниски активности. Дури би испратила апел до власт да да дојдат во Собрание за да можеме да продолжиме со активната блокада. Јас не знам што очекуваа од активна блокада, два дена им поминаа во усвојување на Дневниот ред и го усвоија неделовнички, би рекла насилнички, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Стојаноска додаде дека во однос за закажаниот протест на 18-ти јуни, таа одлука е донесена на Извршниот комитет во понеделникот. И се очекува да биде масовен со огледна тоа што навистина народот е премногу заситен од ова сивило во Република Македонија. И тука нема да се запре. Се очекува после тој протест да се случи одлуката дали конечно Република Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

-За сето после 18-ти јуни дополнително ќе се прави стратегија. А, до 18-ти јуни пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата продолжува со активна блокада. Денес поднесовме и барање до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања да свика седница а про по она што се случи минатата недела со претседателот на Собрание. Но, за жал ништо друго не е свикано, а претседателот на Собранието е отсутен, а тоа не значи дека собраниските комисии не можат да се закажуваат и да се работи. Дали толку се исплашијаили изморија од нашата активна блокада не се знае. А, ние сме само на почетокот од нашата активна блокада, нагласи Стојаноска.

The post Стојаноска: Активната блокада беше повеќе од успешна, на 18 јуни ќе се случи масовен протест, граѓаните се заситени од сивилото на власта appeared first on Република.

Стоилковски: Најавуваме цел месец активности пред протестот на 18 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-najavuvame-cel-mesec-aktivnosti-pred-protestot-na-18-juni/ Wed, 18 May 2022 10:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=503783

Најавуваме цел еден месец којшто ќе биде проследен со низа други активности пред протестот закажан за 18-ти јуни, како предвесник за активната блокада на Собранието, изјави за Утрински брифинг Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него „очигледна е недовербата на владата и тоа го покажуваат сите анкети“.

Дветретини на граѓаните се против оваа власт. Недовербата кон оваа власт е огромна и ова ќе биде само катализирање на катастрофите за Македонија. Активната блокада е спречување на штетните Закони и решенија коишто ги предлага оваа власт, која има тешки криминогогени и лукративни моменти, кои одат на штета на државата, вели Стоилковски.

The post Стоилковски: Најавуваме цел месец активности пред протестот на 18 јуни appeared first on Република.

]]>

Најавуваме цел еден месец којшто ќе биде проследен со низа други активности пред протестот закажан за 18-ти јуни, како предвесник за активната блокада на Собранието, изјави за Утрински брифинг Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Според него „очигледна е недовербата на владата и тоа го покажуваат сите анкети“.
Дветретини на граѓаните се против оваа власт. Недовербата кон оваа власт е огромна и ова ќе биде само катализирање на катастрофите за Македонија. Активната блокада е спречување на штетните Закони и решенија коишто ги предлага оваа власт, која има тешки криминогогени и лукративни моменти, кои одат на штета на државата, вели Стоилковски.

The post Стоилковски: Најавуваме цел месец активности пред протестот на 18 јуни appeared first on Република.

]]>
Николоски: Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за следни чекори насочени кон власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-utre-vmro-dpmne-kje-rasprava-za-sledni-chekori-nasocheni-kon-vlasta/ Sun, 15 May 2022 17:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=502609

Доколку утре премиерот Димитар Ковачевски не одговори на повикот од ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба на која би се разговарало да се постигне договор за предвремени избори и за учество на нас како опозиција со тимови во клучни сектори со цел да се помогне во справувањето со вкупната криза, на Извршен одбор на партијата утре можно е да утврдиме следни „потврди“ чекори на дејствување за да ја принудиме власта на компромис, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во гостување во централниот дневник на телевизијата Сител Николоски оцени дека досегашната активна блокада на парламентот дава резултати бидејќи, како што рече, освен утврдениот дневен ред, владејачките партии не успеаја да го донесат ниеден закон.

„Успеавме да спречиме таканаречено автентично толкување на Закон за игри на среќа со што требаше да се овозможи воведување на втор оператор за игри за среќа. Ќе бидат отворен, интенцијата им е да се удоволи на ДУИ да се воведе тој втор оператор. Ионака државата има проблем со коцкањето, па замислете уште да им се овозможи уште позастапено коцкање. Се надевам дека уште утре премиерот ќе се јави и ќе разговараме за датум за предвремени избори и за формирање на четири тима во клучните области - финансии, проблемот со Бугарија, економија и образование со цел да пристапиме кон решавање на кризата“; рече Николоски.

Ако тоа не се случи, како што нагласи., ќе се оди со „потврди“ чекори.

„Сите опции се на маса и се што дозволува демократијата“, рече потпретседатлот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски не ја исклучи можноста да се искористи и локалната власт, каде најзастапени се кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека за жал е лош односот на Владата кон локалната власт предводена од неговата партија.

Како пример ги посочи денешните протести на лозарите од тиквешијата кои се незадоволни од откупот на грозјето, при што Николоски негираше дека зад овие протести стои ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски се повика и на изјава на премиерот дека Македонија поради светската криза ја очекува тешка криза и нагласи дека е и тоа потврда дека треба да се размислува за следни чекори во интерес на државата.

„Изборите како избори нема да решат ништо ако веднаш не пристапиме да сториме нешто добро, пред се во финансиите и за проблемот со Бугарија заеднички, при што ќе ангажираме експерти“, рече Николоски.

На прашањето зошто се инсистира на избори во време на светска криза кога изборите може да го отежнат животот на граѓаните, Николоски рече дека од ВМРО-ДПМНЕ и не би инсистирало тврдо за прашањето за избори доколку се има силен капацитет во Владата.

„Се плашиме дека со овој капацитет ќе не чека катастрофална есен и зима. Да стоиме на страна во вака клучни моменти и да чекаме пролет како што некои ни велат дека ќе имаме повисок рејтинг, е неодговорно кон државата“, рече Николоски и додаде дека на Македонија ѝ е потребна Влада со силен легитимитет.

The post Николоски: Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за следни чекори насочени кон власта appeared first on Република.

]]>

Доколку утре премиерот Димитар Ковачевски не одговори на повикот од ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба на која би се разговарало да се постигне договор за предвремени избори и за учество на нас како опозиција со тимови во клучни сектори со цел да се помогне во справувањето со вкупната криза, на Извршен одбор на партијата утре можно е да утврдиме следни „потврди“ чекори на дејствување за да ја принудиме власта на компромис, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Во гостување во централниот дневник на телевизијата Сител Николоски оцени дека досегашната активна блокада на парламентот дава резултати бидејќи, како што рече, освен утврдениот дневен ред, владејачките партии не успеаја да го донесат ниеден закон.
„Успеавме да спречиме таканаречено автентично толкување на Закон за игри на среќа со што требаше да се овозможи воведување на втор оператор за игри за среќа. Ќе бидат отворен, интенцијата им е да се удоволи на ДУИ да се воведе тој втор оператор. Ионака државата има проблем со коцкањето, па замислете уште да им се овозможи уште позастапено коцкање. Се надевам дека уште утре премиерот ќе се јави и ќе разговараме за датум за предвремени избори и за формирање на четири тима во клучните области - финансии, проблемот со Бугарија, економија и образование со цел да пристапиме кон решавање на кризата“; рече Николоски.
Ако тоа не се случи, како што нагласи., ќе се оди со „потврди“ чекори.
„Сите опции се на маса и се што дозволува демократијата“, рече потпретседатлот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски не ја исклучи можноста да се искористи и локалната власт, каде најзастапени се кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека за жал е лош односот на Владата кон локалната власт предводена од неговата партија. Како пример ги посочи денешните протести на лозарите од тиквешијата кои се незадоволни од откупот на грозјето, при што Николоски негираше дека зад овие протести стои ВМРО-ДПМНЕ. Николоски се повика и на изјава на премиерот дека Македонија поради светската криза ја очекува тешка криза и нагласи дека е и тоа потврда дека треба да се размислува за следни чекори во интерес на државата.
„Изборите како избори нема да решат ништо ако веднаш не пристапиме да сториме нешто добро, пред се во финансиите и за проблемот со Бугарија заеднички, при што ќе ангажираме експерти“, рече Николоски.
На прашањето зошто се инсистира на избори во време на светска криза кога изборите може да го отежнат животот на граѓаните, Николоски рече дека од ВМРО-ДПМНЕ и не би инсистирало тврдо за прашањето за избори доколку се има силен капацитет во Владата.
„Се плашиме дека со овој капацитет ќе не чека катастрофална есен и зима. Да стоиме на страна во вака клучни моменти и да чекаме пролет како што некои ни велат дека ќе имаме повисок рејтинг, е неодговорно кон државата“, рече Николоски и додаде дека на Македонија ѝ е потребна Влада со силен легитимитет.

The post Николоски: Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за следни чекори насочени кон власта appeared first on Република.

]]>
Ковачевски упорен да ја симне блокадата на Собранието, треба да се гласаат уставни судии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-uporen-da-ja-simne-blokadata-na-sobranieto-treba-da-se-glasaat-ustavni-sudii/ Sat, 14 May 2022 13:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=502217

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во одговор на новинарско праша истакна дека е апсолутно неодговорно во услови на криза да се врши бојкотирање и блокирање на Собранието.

Тоа граѓаните не го заслужуваат. Пратениците треба да бидат одговорни бидејќи нив не ги бираат политички партии туку ги бираат граѓаните. Тие треба да бидат таму 24 часа како што е и наведено во самиот деловник на собранието бидејќи Собранието е практично во постојано заседавање и треба да носи одлуки кои што ќе значат подобро за сите граѓани во државата, потенцираше премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека и покрај блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а не од целата опозиција, тоа сепак функционира.

На последната седница е усвоен дневниот ред и беа изгласани дел од точките за кои што постоеа исполнети услови за нивно усвојување. Потоа гледаме дека на Комисијата за избори и именувања веќе почна расправата за избор на уставни судии, каде што сите политички партии ги предложија своите предлози и според мислења на стручната јавност се работи за лица кои што се предложени од страна на пратениците и за кои што ќе има вредна расправа и за кои што следува избор на уставни судии.

Секоја политичка партија треба да биде одговорна и да даде максимум да се носат мерки и да се носат закони кои што го олеснуваат секојдневниот живот и кои што се грижат за задржување на стандардот на населението, посочи Ковачевски.

Не постојат закони кои што не влијаат на општествените процеси во позитивна смисла, и тука не може да се смета Собранието за супермаркет каде што некој ќе одлучува кој закон ќе помине кој нема да помине. Секое законско решение содржи во себе или унапредување на одредени процеси или унапредување на одредени права на граѓаните или на компаниите во државата бидејќи не сите закони се однесуваат исклучиво на граѓаните туку има голем дел на законски решенија кои што се однесуваат на подобри услови на деловната заедница во државата, нагласи премиерот Ковачевски.

Ковачевски дополни дека има голем број на одредени групи во општеството на кои што треба да им се излезе во пресрет и дека постојат голем број на законски решенија кои што се важни за напредокот на развојот на општеството и за усогласувањето со директивите на ЕУ.

The post Ковачевски упорен да ја симне блокадата на Собранието, треба да се гласаат уставни судии appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во одговор на новинарско праша истакна дека е апсолутно неодговорно во услови на криза да се врши бојкотирање и блокирање на Собранието.
Тоа граѓаните не го заслужуваат. Пратениците треба да бидат одговорни бидејќи нив не ги бираат политички партии туку ги бираат граѓаните. Тие треба да бидат таму 24 часа како што е и наведено во самиот деловник на собранието бидејќи Собранието е практично во постојано заседавање и треба да носи одлуки кои што ќе значат подобро за сите граѓани во државата, потенцираше премиерот Ковачевски.
Тој додаде дека и покрај блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а не од целата опозиција, тоа сепак функционира.
На последната седница е усвоен дневниот ред и беа изгласани дел од точките за кои што постоеа исполнети услови за нивно усвојување. Потоа гледаме дека на Комисијата за избори и именувања веќе почна расправата за избор на уставни судии, каде што сите политички партии ги предложија своите предлози и според мислења на стручната јавност се работи за лица кои што се предложени од страна на пратениците и за кои што ќе има вредна расправа и за кои што следува избор на уставни судии. Секоја политичка партија треба да биде одговорна и да даде максимум да се носат мерки и да се носат закони кои што го олеснуваат секојдневниот живот и кои што се грижат за задржување на стандардот на населението, посочи Ковачевски. Не постојат закони кои што не влијаат на општествените процеси во позитивна смисла, и тука не може да се смета Собранието за супермаркет каде што некој ќе одлучува кој закон ќе помине кој нема да помине. Секое законско решение содржи во себе или унапредување на одредени процеси или унапредување на одредени права на граѓаните или на компаниите во државата бидејќи не сите закони се однесуваат исклучиво на граѓаните туку има голем дел на законски решенија кои што се однесуваат на подобри услови на деловната заедница во државата, нагласи премиерот Ковачевски.
Ковачевски дополни дека има голем број на одредени групи во општеството на кои што треба да им се излезе во пресрет и дека постојат голем број на законски решенија кои што се важни за напредокот на развојот на општеството и за усогласувањето со директивите на ЕУ.

The post Ковачевски упорен да ја симне блокадата на Собранието, треба да се гласаат уставни судии appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Опозицијата итно да го деблокира Законот за тутунарите во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-opozicijata-itno-da-go-deblokira-zakonot-za-tutunarite-vo-sobranieto/ Sat, 14 May 2022 13:33:29 +0000 https://republika.mk/?p=502212

Премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање за субвенциите за тутунарите, одговори дека средствата во буџетот се обезбедени и дека останува, како и секоја година, со измена во законот да се обезбеди нивната исплата.

Таа измена во законот им ја олеснува постапката на примателите на субвенции, односно производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни прво исплатата за да се олесни технички поднесувањето на барањето за субвенциите. Како и секоја година станува збор за техничка измена која што Собранието веднаш ја одобрува, но до овој момент на Комисијата за земјоделство тој закон не го става на дневен ред, истакна Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека тој на парламентарна говорница побара од пратениците веднаш да го стават законот на дневен ред, но со оглед на тоа дека Комисијата за земјоделство се води од пратеник од опозицијата, односно претседател на една од коалиционите партии на ВМРО – ДПМНЕ, тој закон сеуште не се става на седница и не се закажува седница.

И само од тука можете да видите дека опозицијата блокира закони што значат подобар живот на граѓаните, а овде токму за тоа се работи бидејќи се обезбедуваат субвенции за производителите на тутун кои што се многу значајни производители во државата. Еве уште еднаш ја користам оваа можност да ги повикам веднаш да се закаже седница на Комисијата за земјоделство и таа техничка измена на законот за неколку часа да биде изгласана за да можат производителите на тутун да почнат веднаш да ги примаат своите субвенции, нагласи претседателот на Владата Ковачевски.

The post Ковачевски: Опозицијата итно да го деблокира Законот за тутунарите во Собранието appeared first on Република.

Блокадата на Собранието – ефикасна битка или неуспешен обид за предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blokadata-na-sobranieto-efikasna-bitka-ili-neuspeshen-obid-za-predvremeni-izbori/ Fri, 13 May 2022 07:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=501718

Работата на Собранието на Македонија изминатите три дена се одвива со најавените активности на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за активна блокада, преку реплики, барања за промени на дневниот ред, процедурални забелешки…

По такви дводневни активности завчера вечерта во тензична атмосфера беше усвоен дневниот ред на 71 седница, по што од владејачката СДСМ оценија дека блокадата на опозицијата е неуспешна, но од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека таа е ефикасна и најавија нејзино продлжување се до постигнување на целта – одржување предвремени парламентарни избори.

Од двете партии изнесоа меѓусебни обвинувања за неработење и неодговорност кон државата и граѓаните.

-Блокадата на Собранието создадена од ВМРО-ДПМНЕ нема да доведе до предвремени парламентарни избори. Парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, рече вчера на прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тој најави дека ќе направат се што е во нивна можност, се што предвидува во Деловникот, Собранието да не биде блокирано.

-Ние ќе примениме се што е пропишано со Деловникот и ништо надвор од тоа. Вчера гледавте и бевте сведоци вие и целата македонска јавност дека качувањето горе на бината каде што претседателот ја води седницата впрочем е напад на функцијата претседател. Очигледно е дека намерата е да се предизвика инцидент. Тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме да се вратат слики од минатото, но ќе ги примениме сите деловнички можности за да се одблокира работата на Собранието, рече Митревски, порачувајќи дека во време на најголема светска економска и енергетска криза, Собранието мора да биде функционално и ефикасно да носи решенија во интерес на граѓаните и заштита на нивниот стандард.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, пак ги обвини пратениците од СДСМ дека не си ја заработуваат ниту платата, истакнувајќи дека во период од јули до декември минатата година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале три пати повеќе активности од тие на СДСМ. Бројките од активностите во Собранието, како што рече, покажуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ не си ја работат работата и не си ја заработуваат ниту платата.

Според него, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и до сега се спротивставиле на сите штетни закони и не дозволиле нивно проаѓање во Собранието, но, како што потенцираше, тоа ќе биде скоро и невозможно во наредниот период.

-Со активната блокада нема да дозволиме ниту најмала шанса да поминат лоши закони и ќе ја притиснеме власта на избори. Од друга страна пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со предлагање на законски решенија за подобар стандард на граѓаните, најави Стојановски.

Во текот на вчерашната расправа во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во процедурална забелешка обвини дека Центарот за комуникации за јавноста на СДСМ изнесува невистини дека опозициските пратеници не одат на работа и оти не работат.

Тој потенцира дека опозицијата ќе биде во Собранието и „активно ќе го блокира секое штетно законско решение“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој пред почетокот на активната блокада во Собранието бараше да се одржи лидерска средба за одржување предвремени парламентарни избори, што не беше прифатено и вчера упати повик до премиерот Димитар Ковачевски, порачувајќи му „да се вразуми и да разбере“.

-Јас сум му можеби политички конкурент и ВМРО-ДПМНЕ можеби е политички конкурент на СДСМ, но ние не сме непријатели на Македонија и на институциите, рече Мицкоски.

За состојбите во законодавниот дом вчера се огласија и од Европската комисија, од каде ги повикаа сите партии да се однесуваат конструктивно.

– Ги повикуваме сите политички сили во Парламентот да работат заедно и конструктивно за да ги унапредат реформите поврзани со ЕУ во интерес на граѓаните, изјави вчера портпаролката за проширување во Европската комисија, Ана Писонеро, на прашање за став на Комисијата за последните инциденти во Собранието и „активната блокада“ од страна на опозицијата.

The post Блокадата на Собранието – ефикасна битка или неуспешен обид за предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Работата на Собранието на Македонија изминатите три дена се одвива со најавените активности на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за активна блокада, преку реплики, барања за промени на дневниот ред, процедурални забелешки… По такви дводневни активности завчера вечерта во тензична атмосфера беше усвоен дневниот ред на 71 седница, по што од владејачката СДСМ оценија дека блокадата на опозицијата е неуспешна, но од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека таа е ефикасна и најавија нејзино продлжување се до постигнување на целта – одржување предвремени парламентарни избори. Од двете партии изнесоа меѓусебни обвинувања за неработење и неодговорност кон државата и граѓаните.
-Блокадата на Собранието создадена од ВМРО-ДПМНЕ нема да доведе до предвремени парламентарни избори. Парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, рече вчера на прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.
Тој најави дека ќе направат се што е во нивна можност, се што предвидува во Деловникот, Собранието да не биде блокирано.
-Ние ќе примениме се што е пропишано со Деловникот и ништо надвор од тоа. Вчера гледавте и бевте сведоци вие и целата македонска јавност дека качувањето горе на бината каде што претседателот ја води седницата впрочем е напад на функцијата претседател. Очигледно е дека намерата е да се предизвика инцидент. Тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме да се вратат слики од минатото, но ќе ги примениме сите деловнички можности за да се одблокира работата на Собранието, рече Митревски, порачувајќи дека во време на најголема светска економска и енергетска криза, Собранието мора да биде функционално и ефикасно да носи решенија во интерес на граѓаните и заштита на нивниот стандард.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, пак ги обвини пратениците од СДСМ дека не си ја заработуваат ниту платата, истакнувајќи дека во период од јули до декември минатата година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале три пати повеќе активности од тие на СДСМ. Бројките од активностите во Собранието, како што рече, покажуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ не си ја работат работата и не си ја заработуваат ниту платата. Според него, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и до сега се спротивставиле на сите штетни закони и не дозволиле нивно проаѓање во Собранието, но, како што потенцираше, тоа ќе биде скоро и невозможно во наредниот период.
-Со активната блокада нема да дозволиме ниту најмала шанса да поминат лоши закони и ќе ја притиснеме власта на избори. Од друга страна пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со предлагање на законски решенија за подобар стандард на граѓаните, најави Стојановски.
Во текот на вчерашната расправа во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во процедурална забелешка обвини дека Центарот за комуникации за јавноста на СДСМ изнесува невистини дека опозициските пратеници не одат на работа и оти не работат. Тој потенцира дека опозицијата ќе биде во Собранието и „активно ќе го блокира секое штетно законско решение“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој пред почетокот на активната блокада во Собранието бараше да се одржи лидерска средба за одржување предвремени парламентарни избори, што не беше прифатено и вчера упати повик до премиерот Димитар Ковачевски, порачувајќи му „да се вразуми и да разбере“.
-Јас сум му можеби политички конкурент и ВМРО-ДПМНЕ можеби е политички конкурент на СДСМ, но ние не сме непријатели на Македонија и на институциите, рече Мицкоски.
За состојбите во законодавниот дом вчера се огласија и од Европската комисија, од каде ги повикаа сите партии да се однесуваат конструктивно.
– Ги повикуваме сите политички сили во Парламентот да работат заедно и конструктивно за да ги унапредат реформите поврзани со ЕУ во интерес на граѓаните, изјави вчера портпаролката за проширување во Европската комисија, Ана Писонеро, на прашање за став на Комисијата за последните инциденти во Собранието и „активната блокада“ од страна на опозицијата.

The post Блокадата на Собранието – ефикасна битка или неуспешен обид за предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Пренџов: Македонија нема финасиска стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendzov-makedonija-nema-finasiska-stabilnost/ Thu, 12 May 2022 13:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=501552

На денешната седница во собранието на Република Македонија пратеникот од коалаицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов истакна дека во Македонија нема финансиска стабилност, туку расипничко и неодговорно работење на власта и огромна сиромаштија.

Зборуваме за финансиска стабилност и имаме право да правиме анализа која е таа финансиска стабилност на секое семејство во Македонија, за секоја компанија, секое семејство во Македонија има повеќе од 4000 денари месечно поголеми трошоци за разлика од претходната година. Приближно 1000 евра годишно владата им ги јаде затоа што е неспособна и затоа што најголемиот данок што го зема државата, не е сите оние што ги покачивте туку данокот на инфлацијата. и Немојте да зборувате дека инфлацијата ни ја увезоа туку 43 ‘% од инфлацијата е домашна. Самата народна банка и самите институции кажуваат дека 40 тина проценти е домашна а 60 тина проценти е увезена инфлација. И дали ќе имате инфлација од 6 или 10,5 % не е исто. И затоа граѓаните не се задоволни од ова раководење и затоа треба да има избори да се намали сиромаштијата, бидејќи освен што блика владата од неспособност друго нешто не можеме да видиме, нагласи Пренџов.

Љупчо Пренџов истакна и дека компаниите имаат неколку пати зголемени цени за електрична енергија која на крај ја плаќаат граѓаните преку зголемени цени на производите и зголемени трошоци.

,Компаниите од друга страна имаат пет до седум пати зголемени цени за електрична енергија, кој ги плаќа тие пари, тие пари ги плаќаме ние граѓаните преку зголемените цени бидејќи луѓето имаат зголемени трошоци. И затоа не ги избегнувате овие теми и да не замолчите еден ден и да не замолчите два дена, граѓаните знаат и чувствуваат. Секое влегување во маркет секое влегување во бензинска тие реакции од граѓаните нема да ги замолчите туку напротив гласно ќе ги слушните на следните предвремени парламентарни избори истакна Пренџов.

Пратеникот Пренџов додаде и дека во Македонија има згоелмена сиромаштија, власта дополнително се задолжува а капитални инвестиции нема.

The post Пренџов: Македонија нема финасиска стабилност appeared first on Република.

]]>

На денешната седница во собранието на Република Македонија пратеникот од коалаицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов истакна дека во Македонија нема финансиска стабилност, туку расипничко и неодговорно работење на власта и огромна сиромаштија.
Зборуваме за финансиска стабилност и имаме право да правиме анализа која е таа финансиска стабилност на секое семејство во Македонија, за секоја компанија, секое семејство во Македонија има повеќе од 4000 денари месечно поголеми трошоци за разлика од претходната година. Приближно 1000 евра годишно владата им ги јаде затоа што е неспособна и затоа што најголемиот данок што го зема државата, не е сите оние што ги покачивте туку данокот на инфлацијата. и Немојте да зборувате дека инфлацијата ни ја увезоа туку 43 ‘% од инфлацијата е домашна. Самата народна банка и самите институции кажуваат дека 40 тина проценти е домашна а 60 тина проценти е увезена инфлација. И дали ќе имате инфлација од 6 или 10,5 % не е исто. И затоа граѓаните не се задоволни од ова раководење и затоа треба да има избори да се намали сиромаштијата, бидејќи освен што блика владата од неспособност друго нешто не можеме да видиме, нагласи Пренџов.
Љупчо Пренџов истакна и дека компаниите имаат неколку пати зголемени цени за електрична енергија која на крај ја плаќаат граѓаните преку зголемени цени на производите и зголемени трошоци. ,Компаниите од друга страна имаат пет до седум пати зголемени цени за електрична енергија, кој ги плаќа тие пари, тие пари ги плаќаме ние граѓаните преку зголемените цени бидејќи луѓето имаат зголемени трошоци. И затоа не ги избегнувате овие теми и да не замолчите еден ден и да не замолчите два дена, граѓаните знаат и чувствуваат. Секое влегување во маркет секое влегување во бензинска тие реакции од граѓаните нема да ги замолчите туку напротив гласно ќе ги слушните на следните предвремени парламентарни избори истакна Пренџов. Пратеникот Пренџов додаде и дека во Македонија има згоелмена сиромаштија, власта дополнително се задолжува а капитални инвестиции нема.

The post Пренџов: Македонија нема финасиска стабилност appeared first on Република.

]]>
Лефков: Со активната блокада покажавме колку е нестабилно парламентарното мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-so-aktivnata-blokada-pokazavme-kolku-e-nestabilno-parlamentarnoto-mnozinstvo/ Thu, 12 May 2022 10:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=501426

Започнавме со активна блокада во Собранието и се гледа како тоа успеа да го вознемири парламентарното мнозинство, практично со покажавме колку е нестабилна и на што се е подготвена оваа влада. Граѓаните имаа можност да видат како во текот на вчерашниот ден самоволно се толкуваше деловникот од страна на Деловникот, и таа агенда која ја имаат СДСМ и ДУИ ја спроведуваат преку Талат Џафери, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Студио 10“ на ТВ24.

Тоа кршење на Деловникот се виде и вчера кога по член 70 барав измена и дополнување на дневниот ред со закон за стокови резерви оризот да биде ставен во култури кои се од посебен интерес за граѓаните, не го добив ни потребното време за образложение, а Џафери се однесуваше како да нема никаков предлог, додаде Лефков.

Тој посочи дека сега на државата и се случува тоа што се предупредуваше кога Ковачевски стана премиер дека нема легитимитет и начинот на кој тој стана премиер е како да се избира монарх и секогаш кога има автократија, прво нешто што се прави е да се намали угледот на парламентот со цел да се намали кредибилитет на народните претставници.

Ние нема да дозволиме тоа да се случува и како што гледате активната ќе биде пропратена со поднесување на закони кои се од директен интерес за граѓаните како што се предлог законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој и предлог законот за изменување и дополнување на закон за стокови резерви кои се однесуваат на оризот. Во ек е сеидбата на оризот и тие луѓе мора да бидат сигурни во својот пласман, а ни се заканува прехранбена криза, рече Лефков.

Тој истакна дека активната блокада е за да се спречи власта да направи целосен хаос во државата, да се спречи самоволието на власта и како пример го даде огласот во службен весник за основање на трговско друштво за организирање на игри за среќа иако законот бара тоа да биде единствено друштво кое веќе постои, а тоа е Лотарија на Македонија.

На третата најуспешна македонска компанија која прави милионски приходи владата сака да ја менува, како што се случи со МЕПСО и ЕСМ, да создаде целосен хаос. Ние остануваме доследни на принципите, ќе покажеме како не може и спиновите на власта имаат рок на трајност. Нема да може вечно да ја замајуваат јавноста, потенцира Лефков.

The post Лефков: Со активната блокада покажавме колку е нестабилно парламентарното мнозинство appeared first on Република.

„Ало, чекајте љуѓе, ооооо“: ДУИ и СДСМ својата агенда ја спроведуваат преку однесувањето на Талат Џафери во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alo-chekajte-ljugje-ooooo-dui-i-sdsm-svojata-agenda-ja-sproveduvaat-preku-odnesuvanjeto-na-talat-dzaferi-vo-sobranieto/ Thu, 12 May 2022 08:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=501323

Граѓаните можеа вчера да видат како Деловникот беше самоволно толкуван од Талат Џафери, практично ДУИ и СДСМ својата агенда ја спроведуваат преку однесувањето на Џафери, рече пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ - Миле Лефков во „Студио 10“ на ТВ24.

На крајот на денот Џафери се обиде да прогласи победа дека е изгласен дневниот ред, тоа е пирова победа. Целта беше да помине само дневниот ред и да покажат дека имаат определена надмоќ. Ја срушија демократската култура. Кога Ковачевски стана премиер, рековме дека тој нема легитимитет, секогаш кога има автократија, прво нешто кое треба да се направи е да се намали угледот на парламентарците, и тоа гледаме дека во континуитет се случува во македонското Собрание. Нема да дозволиме да се урниса угледот на Собранието. Активната блокада е пропратена со промени на дневниот ред, но и со поднесување на закони кои се во директен интерес на граѓаните, вели Лефков.

Ова е само дел од однесувањето на собранискиот спикер синоќа:

The post „Ало, чекајте љуѓе, ооооо“: ДУИ и СДСМ својата агенда ја спроведуваат преку однесувањето на Талат Џафери во Собранието appeared first on Република.

Тензично во законодавниот дом, ВМРО-ДПМНЕ му порача на Џафери: Не е ваше Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tenzichno-vo-zakonodavniot-dom-vmro-dpmne-mu-poracha-na-dzaferi-ne-e-vashe-sobranieto/ Wed, 11 May 2022 20:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=501204

Заврши вториот ден од активната блокада во Собранието на Република Македонија, која помина тензично и со видлива нервоза кај пратениците од власта, но и кај претседателот Џафери. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нотираа кршење на процедурата и евидентно самоволие при гласање на дневниот ред, што беше одложувано цел ден со помош на активната блокада, гласањето помина во многу тензична атмосфера на што реагираше и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека Џафери го дал предлогот на гласање без да биде прочитан и поделен.

Ако не можете да го дочекате донесувањето на дневниот ред ваш проблем е, навикнете се на ова вака ќе работи ова Собрание, од утре ќе има не покрај вас броење на пратениците што се присутни, ние ќе броиме и ќе и кажуваме на јавноста што правите и кои се присутни тука од пратениците. Така ќе работи, затоа што тие услови и стандарди вие ги наметнавте во работата на Собранието. Немојте да злоупотребувате процедури, немојте да се однесувате како ваше да е Собранието, почитувајте го она што е напишано па макар и ве чинело малку повеќе од времето, рече Мицевски.

Збор зеде и пратеничката Иванка Василевска и рече дека ова е тест за демократијата и механизмите на сите можни демократски вредности.

Сакаме да покажеме капацитет и ете верувам дека истиот демократски капацитет ќе го покажеме на начин што ќе дозволиме да се применат оние поставени правила игра кои ги усвоило ова Собрание во некој претходен пратенички состав, рече Василевска.

Пратеничката Дафина Стојановска рече дека веќе два дена во Собранието има лотарија и дека ништо подобро не очекува да се случи во следниот период.

Имавте цели пет години, веќе и шестата ја започнавте како си играте баш лотарија со оваа држава. Повозрасните велат дека што ќе посееш тоа ќе пожнееш и на вашиот современ јазик тоа би значело карма. Одамна се поигрувате со опозицијата но најжално се поигрувате со народот на Македонија. На питачки стап го доведовте додека вие и вашите милионерчиња овде арогантно се однесувате непочитувајќи ниту Устав ниту деловник. Единствен провод на нашиот народ им се болниците, аптеките и гробиштата и за ништо од ова кај вас не гледам трошка чувство на одговорност и срам, имате зад вас над 9000 починати од Ковид, 14 живи изгорени во лименка од болница, имате 45 изгорени во автобус без лиценца за меѓународен превоз, 16 страотно погинати во сообраќајка за која 3 години  се чека внатре во вашите коалициски пазарења дали да одговара ДУИ или СДСМ, додаде Стојановска.

Се обратија повеќе пратеници и сите изразија незадоволство од работењето на претседателот Џафери и односот од страна на власта кон опозицијата и за бруталното кршење на деловникот за работа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-mu-se-razvika-na-micevski-odi-sedi-na-tvoe-mesto-ako-ne-si-za-tepanje/

По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од вчера во законодавниот дом почнаа со блокадата на парламентот. До неа дојде откако истече рокот од десет дена кои лидерот Христијан Мицкоски му ги даде на премиерот Димитар Ковачевски за одржување лидерска средба на која ќе се договорат за предвремени парламентарни избори.

Опозициската БЕСА се придружи на бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак од Алијансата за Албанците рекоа дека е легитимно право на секој политички субјект како ќе дејствува во Собранието, при што најавија дека на секој можен начин се обидуваат да спречат штетни закони во парламентот.

The post Тензично во законодавниот дом, ВМРО-ДПМНЕ му порача на Џафери: Не е ваше Собранието appeared first on Република.

]]>

Заврши вториот ден од активната блокада во Собранието на Република Македонија, која помина тензично и со видлива нервоза кај пратениците од власта, но и кај претседателот Џафери. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нотираа кршење на процедурата и евидентно самоволие при гласање на дневниот ред, што беше одложувано цел ден со помош на активната блокада, гласањето помина во многу тензична атмосфера на што реагираше и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека Џафери го дал предлогот на гласање без да биде прочитан и поделен.
Ако не можете да го дочекате донесувањето на дневниот ред ваш проблем е, навикнете се на ова вака ќе работи ова Собрание, од утре ќе има не покрај вас броење на пратениците што се присутни, ние ќе броиме и ќе и кажуваме на јавноста што правите и кои се присутни тука од пратениците. Така ќе работи, затоа што тие услови и стандарди вие ги наметнавте во работата на Собранието. Немојте да злоупотребувате процедури, немојте да се однесувате како ваше да е Собранието, почитувајте го она што е напишано па макар и ве чинело малку повеќе од времето, рече Мицевски.
Збор зеде и пратеничката Иванка Василевска и рече дека ова е тест за демократијата и механизмите на сите можни демократски вредности.
Сакаме да покажеме капацитет и ете верувам дека истиот демократски капацитет ќе го покажеме на начин што ќе дозволиме да се применат оние поставени правила игра кои ги усвоило ова Собрание во некој претходен пратенички состав, рече Василевска.
Пратеничката Дафина Стојановска рече дека веќе два дена во Собранието има лотарија и дека ништо подобро не очекува да се случи во следниот период.
Имавте цели пет години, веќе и шестата ја започнавте како си играте баш лотарија со оваа држава. Повозрасните велат дека што ќе посееш тоа ќе пожнееш и на вашиот современ јазик тоа би значело карма. Одамна се поигрувате со опозицијата но најжално се поигрувате со народот на Македонија. На питачки стап го доведовте додека вие и вашите милионерчиња овде арогантно се однесувате непочитувајќи ниту Устав ниту деловник. Единствен провод на нашиот народ им се болниците, аптеките и гробиштата и за ништо од ова кај вас не гледам трошка чувство на одговорност и срам, имате зад вас над 9000 починати од Ковид, 14 живи изгорени во лименка од болница, имате 45 изгорени во автобус без лиценца за меѓународен превоз, 16 страотно погинати во сообраќајка за која 3 години  се чека внатре во вашите коалициски пазарења дали да одговара ДУИ или СДСМ, додаде Стојановска.
Се обратија повеќе пратеници и сите изразија незадоволство од работењето на претседателот Џафери и односот од страна на власта кон опозицијата и за бруталното кршење на деловникот за работа. https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-mu-se-razvika-na-micevski-odi-sedi-na-tvoe-mesto-ako-ne-si-za-tepanje/ По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од вчера во законодавниот дом почнаа со блокадата на парламентот. До неа дојде откако истече рокот од десет дена кои лидерот Христијан Мицкоски му ги даде на премиерот Димитар Ковачевски за одржување лидерска средба на која ќе се договорат за предвремени парламентарни избори. Опозициската БЕСА се придружи на бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак од Алијансата за Албанците рекоа дека е легитимно право на секој политички субјект како ќе дејствува во Собранието, при што најавија дека на секој можен начин се обидуваат да спречат штетни закони во парламентот.

The post Тензично во законодавниот дом, ВМРО-ДПМНЕ му порача на Џафери: Не е ваше Собранието appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Активната блокада значи дека нема да блокираме закони кои се во интерес на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-aktivnata-blokada-znachi-deka-nema-da-blokirame-zakoni-koi-se-vo-interes-na-gragjanite/ Wed, 11 May 2022 19:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=501195

Активната блокада значи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги блокира законите кои значат подобрување на животниот стандард на граѓаните, тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на Топ Тема на Телма.

Нема да ги блокираме законите кои што се во интерес на граѓаните, или закони кои индиректно ќе влијаат врз квалитетот на животот. Се останато, како што беше оној шверцески обид да се протне Законот за игри на среќа…на сето она што се однесува за граѓаните, повисоки плати, повисоки пензии повисок стандард на живот, ние немаме намера да го блокираме, напротив ќе го поддржиме, појасни Мицкоски.

Тој изрази надеж дека на некоја од следните седници ќе се најде и заемот од Светска банка, во износ од 60-на милиони евра, кои ќе бидат искористени за пдобрување на инфраструктурата на локалните самоуправи.

Ние сме политичари и работиме во интерес на граѓаните, тоа што ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори во 2021, никој не можеше да го предвиди кога во 2020 беше потпишан заемот. Парадоксот е што тој беше заглавен во Законодавно-правната комисија, со која претседава кадар на СДСМ. Од една страна го напаѓаме ВМРО-ДПМНЕ дека блокира, а од друга страна власта е таа која што кочи. Таму има милион евра за Струга, таму нема градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски: Активната блокада значи дека нема да блокираме закони кои се во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Активната блокада значи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги блокира законите кои значат подобрување на животниот стандард на граѓаните, тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на Топ Тема на Телма. Нема да ги блокираме законите кои што се во интерес на граѓаните, или закони кои индиректно ќе влијаат врз квалитетот на животот. Се останато, како што беше оној шверцески обид да се протне Законот за игри на среќа…на сето она што се однесува за граѓаните, повисоки плати, повисоки пензии повисок стандард на живот, ние немаме намера да го блокираме, напротив ќе го поддржиме, појасни Мицкоски.
Тој изрази надеж дека на некоја од следните седници ќе се најде и заемот од Светска банка, во износ од 60-на милиони евра, кои ќе бидат искористени за пдобрување на инфраструктурата на локалните самоуправи.
Ние сме политичари и работиме во интерес на граѓаните, тоа што ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори во 2021, никој не можеше да го предвиди кога во 2020 беше потпишан заемот. Парадоксот е што тој беше заглавен во Законодавно-правната комисија, со која претседава кадар на СДСМ. Од една страна го напаѓаме ВМРО-ДПМНЕ дека блокира, а од друга страна власта е таа која што кочи. Таму има милион евра за Струга, таму нема градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, дециден е Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Активната блокада значи дека нема да блокираме закони кои се во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Ќе бидеме во Собранието од утро до вечер и ќе го блокираме секој штетен закон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-kje-bideme-vo-sobranieto-od-utro-do-vecher-i-kje-go-blokirame-sekoj-shteten-zakon/ Wed, 11 May 2022 19:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=501138

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во емисијата ,,Што не е јасно” на „Алфа“ зборуваше и за активната блокада во Собранието на Република Македонија која веќе втор ден е на сила. Тој рече дека нервозата кај владејачкото мнозинство е очигледна бидејќи вчера не им поминал дневниот ред па седницата морала да биде прекината.

Ние и во минатото за секој штетен закон правевме активен бојкот и блокиравме сѐ што е штетно за државата. Целта на ова активно блокирање на многу закони е бидејќи имаме енергетска криза, здравствена криза, ценовни шокови и затоа вчера извадивме транспарент дека ова е национална катастрофа сѐ ова што се случува во Македонија и затоа се потребни предвремени парламентарни избори. Не смееме да заборавиме дека ние како ВМРО-ДПМНЕ подадовме рака, четири тима, понудивме да разговараме за сите теми во општеството и ова го збориме добронамерно. Го збориме добронамерно, бидејќи имаме штрајк во образованието, инфлацијата веќе е двоцифрена, нема странски инвестиции, нема економија, здравството е во колапс, секој сегмент кога ќе го погледнете во секоја институција е девастиран и затоа велиме ајде да разговараме, да седнеме, поготово за крупни теми како што е прашањето за Бугарија, да видиме што се преговара, како се преговара, граѓаните да го знаат тоа. Но тие се плашат бидејќи ние ќе кажеме на граѓаните што се случува. Апсолутно! И сега ги слушам и читам имаат различни соопштенија, но не поминуваат, ниту па вака да кажам се многу интелигентни, бидејќи ние сме во Собрание, тоа ни е работа и да, со сите наши демократски мерки ќе зборуваме секој ден, ќе ги разобличуваме секој ден, сѐ она што го прават во позадина граѓаните многу добро ќе го знаат и да, бараме предвремени парламентарни избори, рече Мисајловски.

Тој рече дека токму народот очекува од нив да бараат избори, тука ги наведе и последните анкети кои покажуваат дека преку 70% од граѓаните се разочарани од актуелната власт, не се живее добро во државата, младите сакаат да си заминат од државата бидејќи не гледаат иднина дома, но не само млади, туку повозрасни со цели семејства планираат да ја напуштат Македонија.

Сакаат да си заминат затоа што не веруваат во системот, не веруваат во здравството, судството, не веруваат во ниту една институција итн и сето ова ја прели чашата бидејќи нема слух и нема рацио во СДСМ ниту кај ДУИ, како најголеми партии во власта. Зошто го велам ова? Кога дојде оваа ,,нова влада”, тие дека првото кафе ќе го испијат со опозицијата, дека ќе седнат на маса за многу различни прашања но сето тоа било лага. Иако почувствував дека има некоја разлика, дека она што го доживеа како катастрофа на локалните избори, дека малку ќе се променат и дека ќе седнат со опозицијата за одредени работи зборуваат. Ние продолжуваме со ова темпо, ние сме опозиција и ќе бидеме постојано на работа од сабајле до вечер, ќе се јавуваме за секој еден закон, ќе поднесуваме амандмани, рече Мисајловски.

The post Мисајловски: Ќе бидеме во Собранието од утро до вечер и ќе го блокираме секој штетен закон appeared first on Република.

Мицкоски за следните чекори: Нема да се страшни за граѓаните, туку за власта на СДСМ и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-slednite-chekori-nema-da-se-strashni-za-gragjanite-tuku-za-vlasta-na-sdsm-i-dui/ Wed, 11 May 2022 18:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=501148

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ тема“ на  Телма, потенцираше дека следите чекори на ВМРО-ДПМНЕ во однос на најавената активна блокада ќе биде во интерес на граѓаните бидејќи не се сите исти, но лоша за криминалната коалиција на власт СДСМ и ДУИ, порачувајќи дека ќе треба да одговорат за многу прашања.

Да одиме чекор по чекор. За граѓаните нема да биде страшно, за овие политичари од власта и коалицијата СДСМ и ДУИ мислам дека ќе биде страшно и ќе треба да одговорат на многу прашања. Ние бевме многу внимателни и чекавме долго време после локалните избори, поминаа неколку месеци, чекавме 100 дена да поминат, излеговме заедно со народот во една кампања, каде што велевме промените продолжуваат и разговаравме со илјадници граѓани, тимови од партијата разговараа и безусловно 90 проценти од граѓаните и тука нема етничка припадност ни велеа зошто сте толку мирни, дури имаше и некои фини господа кои што влеат да ве разбираме зошто сте толку мирни сега ги добивте општините, овие ја имаат владата, значи сите сте среќни, си го крадете народот здружно и немате никаков проблем, сите сте исти. Но, не е така не сме сите исти, порача Мицкоски.

The post Мицкоски за следните чекори: Нема да се страшни за граѓаните, туку за власта на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

Изгласан дневниот ред на 71. седница на Собранието, продолжение утре напладне https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izglasan-dnevniot-red-na-71-sednica-na-sobranieto-prodolzenie-utre-napladne/ Wed, 11 May 2022 18:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=501147

Со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“ Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера од кога и стартуваше активната блокада на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти.

Дневниот ред, како што рече Џафери, е усвоен со измени и дополнувања.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, регираше на начинот на кој Џафери ја води седницата и на процедурите и обвини дека се гласало за дневниот ред без да биде прочитан и поделен.

Откако Џафери ја стартуваше седницата и не беа отворени дебати за првите точки од дневниот ред поради отсуство на претставници на предлагачите, на предлог на Џафери беше изгласано да се работи по точка 13  – Предлог-закон за изменување на Законот за финансиските друштва. По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне.

The post Изгласан дневниот ред на 71. седница на Собранието, продолжение утре напладне appeared first on Република.

]]>

Со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“ Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера од кога и стартуваше активната блокада на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти. Дневниот ред, како што рече Џафери, е усвоен со измени и дополнувања. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, регираше на начинот на кој Џафери ја води седницата и на процедурите и обвини дека се гласало за дневниот ред без да биде прочитан и поделен. Откако Џафери ја стартуваше седницата и не беа отворени дебати за првите точки од дневниот ред поради отсуство на претставници на предлагачите, на предлог на Џафери беше изгласано да се работи по точка 13  – Предлог-закон за изменување на Законот за финансиските друштва. По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне.

The post Изгласан дневниот ред на 71. седница на Собранието, продолжение утре напладне appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Активната блокада е ефективна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-aktivnata-blokada-e-efektivna/ Wed, 11 May 2022 08:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=500907

Активната блокада е ефективна, откако СДСМ не го поддржа законот за АРМ предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не можеа да донесат ниту дневен ред, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ДУИ вчера се ставија против армијата и не го поддржаа законот за АРМ предлог на ВМРО-ДПМНЕ со кој им се подобрува статусот на припадниците на армијата. СДСМ и ДУИ работат на штета на војската и ги манипулираат војниците. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако не помина овој закон во текот на целиот ден спроведоа активна блокада со што оневозможија едноумие на СДСМ и ДУИ, кое има за цел само личен бенефит на поединци, но не и на народот. Активната блокада продолжува и денес. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните и на се што не е нужно за државата, а значи оптеретување на буџетот или полза на СДСМ и ДУИ. Ковачевски да се охрабри и да се спроведе дијалог за предвремени парламентарни избори. Избори се потребни час поскоро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Активната блокада е ефективна appeared first on Република.

Власта нема мнозинство во Собранието ни за дневен ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-nema-mnozinstvo-vo-sobranieto-ni-za-dneven-red/ Tue, 10 May 2022 18:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=500700

Собранието денеска работеше по нова 71 седница, за која, и по целодневна расправа, сè уште не е утврден дневниот ред. За збор се пријавени 37 пратеници од опозицијата, а седницата ќе продолжи утре во 12 часот.

Попладнето расправата во Собранието измина во меѓусебни препирки меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеници од опозицијата, поради различно толкување на Деловникот.

Ситуацијата се вжешти откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, повикувајќи се на член 70 од Деловникот, рече дека ќе говори 10 минути за да образложи зошто неговиот Предлог-закон за акцизи треба да се најде на дневен ред на 71 седница.

Претседателот Џафери, повикувајќи се на член 77 од Деловникот, му рече дека тој има право во три минути да го образложи предлогот.

По ова, неколку пратеници се јавија процедурално за објаснување на член 70 од Деловникот и зошто Стојановски има право да говори 10 минути.

Претходно на дел од пратениците им беа усвоени предлозите одредени точки од дневниот ред да бидат меѓу првите кои ќе бидат разгледувани, меѓу кои годишните извештаи за 2021 година на Народниот правобранител, на Судскиот совет, на Државната комисија за спречување на корупцијата, потоа Предлог-закон за трговија, како и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска.

Пред паузата координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара објаснување од Џафери зошто нивните 10 предлог-закони не се нашле на дневен ред на 71 седница.

– Очекував дека дневниот ред на оваа седница ќе го дополните со предолг-законите поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, затоа што во четвртокот поднесовме 10 законски решенија, по скратена постапка. Во одредени закони има измена на само еден збор. На пример, во Законот за земјоделство и рурален развој, покрај пченицата како стратешка култура, предлагаме да стои „и оризот“. Вие ќе ми кажете дека овој збор „и оризот“ на службите им треба да го преведат пет дена? Тоа нема да биде одговор, рече Мицевски.

Тој рече дека, согласно Деловникот, законите по скратена постапка, се поднесуваат повеќе од три дена пред почетокот на седницата и оти обврска на претседателот на Собранието е приоритетно да бидат преведени законските решенија, кои треба да бидат составен дел од седницата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека материјалите ги примил на 6 мај, во петокот. Тој рече дека, согласно Деловникот, предлог законите ги разгледал во рок од три дена и ги дал да се преведат.

-Почитувани граѓани, мотото на транспарентот „Активен бојкот за национален спас“, еве кој ви е спасот. За предлогот на дневен ред денеска се пријавени 37 пратеници за да „ве спасат, за наредните три дена да работиме само на усвојување на дневниот ред. Е толку ве мислат, рече Џафери.

На почетокот на седницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред претседателот на Собранието Талат Џафери со транспарент „Активна блокада за национален спас“, по што тој ги повика да седнат на своите места.

На дневен ред на 71 седница се неколку годишни извештаи, повеќе предлог-закони, главно од областа на финансиите и одбраната, како и предлог – одлуки.

Извор: МИА

The post Власта нема мнозинство во Собранието ни за дневен ред appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска работеше по нова 71 седница, за која, и по целодневна расправа, сè уште не е утврден дневниот ред. За збор се пријавени 37 пратеници од опозицијата, а седницата ќе продолжи утре во 12 часот. Попладнето расправата во Собранието измина во меѓусебни препирки меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеници од опозицијата, поради различно толкување на Деловникот. Ситуацијата се вжешти откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, повикувајќи се на член 70 од Деловникот, рече дека ќе говори 10 минути за да образложи зошто неговиот Предлог-закон за акцизи треба да се најде на дневен ред на 71 седница. Претседателот Џафери, повикувајќи се на член 77 од Деловникот, му рече дека тој има право во три минути да го образложи предлогот. По ова, неколку пратеници се јавија процедурално за објаснување на член 70 од Деловникот и зошто Стојановски има право да говори 10 минути. Претходно на дел од пратениците им беа усвоени предлозите одредени точки од дневниот ред да бидат меѓу првите кои ќе бидат разгледувани, меѓу кои годишните извештаи за 2021 година на Народниот правобранител, на Судскиот совет, на Државната комисија за спречување на корупцијата, потоа Предлог-закон за трговија, како и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска. Пред паузата координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара објаснување од Џафери зошто нивните 10 предлог-закони не се нашле на дневен ред на 71 седница.

Тој рече дека, согласно Деловникот, законите по скратена постапка, се поднесуваат повеќе од три дена пред почетокот на седницата и оти обврска на претседателот на Собранието е приоритетно да бидат преведени законските решенија, кои треба да бидат составен дел од седницата. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека материјалите ги примил на 6 мај, во петокот. Тој рече дека, согласно Деловникот, предлог законите ги разгледал во рок од три дена и ги дал да се преведат.

На почетокот на седницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред претседателот на Собранието Талат Џафери со транспарент „Активна блокада за национален спас“, по што тој ги повика да седнат на своите места. На дневен ред на 71 седница се неколку годишни извештаи, повеќе предлог-закони, главно од областа на финансиите и одбраната, како и предлог – одлуки.

Мицевски: Собранието ќе го напуштиме само кога ќе изгласаме одлука за распуштање и распишување на предвремени парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-sobranieto-kje-go-napushtime-samo-koga-kje-izglasame-odluka-za-raspushtanje-i-raspishuvanje-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Tue, 10 May 2022 18:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=500681

Оваа неспособна и нефункционална влада се пресликува и во македонското собрание и денеска во една показна вежба им покажавме што ќе следи во наредниот период, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното интервју во Тема на денот на ТВ Сител, за почетокот на блокадата на собранието која започна денеска.

Како една од причините за активна блокада на собранието е токму односот на владејачкото мнозинство кон опозицијата вели Мицевски, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 27 законски решенија, но дури 95 проценти од тие закони не се ставени на пленарна седница.

За да не бидеме погрешно разбрани од граѓаните, ние активно работиме. Поднесовме 10 предлог закони за дополнување на дневниот ред на 71 седница, иако се поднесени минатата недела, владејачкото мнозинство има обврска од три работни дена да ги разгледаат, дополнат и да не известат штос е случува со законите, тие закони не се најдоа на денешната седница. Но, ова не е прв пат, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 27 закони, а 95 не се најдоа на пленарна седница, затоа што власта смета дека законите на опозицијата не треба дури ни да се разгледуваат. Една од причината е токму и ваквиот однос на владејачкото мнозинство кон опозицијата, рече тој.

На прашањето што точно ќе блокира, Мицевски додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите законски решенија кои што се на штета на граѓаните, додавајќи дека вчера на комисиска седница спречиле автентично толкување на Законот за игри на среќа, каде што власта сака да потроши 10 милиони евра за отворање на нова втора видео лотарија.

Се она што значи штетен закон во законодавниот дом. Инаку за јавноста, вчера имавме комисиска расправа каде што ВМРО-ДПМНЕ успеа да блокира едно штетно законско решение, се работи за законот за игри на среќа кој што е блокиран во процедура од страна на ВМРО-ДПМНЕ за кој што имаше многу реакции и за кој што дури здружението „Анти коцка“  од Тетово организираше и средби со нас и бараше да се стопира. Во меѓувреме владејачкото мнозинство преку автентично толкување проба да го помине законот односно измената на членот кој што е најспорен да ја помине со автентично толкување и да дозволи формирање на ново трговско друштво за игри на среќа, односно нова втора видео лотарија во државата. Но, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да помине на мала врата, инаку се работи за влог од 10 милиони евра, и дополнително тоа автентично толкување не е завршено на пленарна седница, не е дадено мислење по него, а владата има распишано веќе оглас за  пријавување за потенцијални кандидати за организирање на втора видео лотарија, истакна Мицевски.

Законот за Клиничка болница, тоа е законско решение дојдено на смешни 20 или 30 страни во кој што нема основни податоци, а се бара повеќе од половина милијарда евра за изградба на нова клиничка болница. Во 2017та година поранешниот министер за здравство  Венко Филипче и СДСМ ја спомнуваа таа клиничка болница. Но, морам да потенцирам дека ниту се решени имотно правните односи каде што е планирана изградбата, ниту пак се обезбедени дополни средства за инфраструктурата. Вакви несериозни барање и многу други законски решенија кои што ќе бидат штетни за граѓаните ќе ги блокираме, објасни Мицевски.

Во однос на тоа дали една од опциите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е целосно напуштање на Собранието, Мицевски изјави дека собранието ќе го напуштат само кога ќе се изгласа одлука за распуштање и распишување на предвремени парламентарни избори.

Во никој случај бидејќи во еден ден ќе ги изгласаат сите законски решенија, сите оние спорни закони, за марихуана, клинички центри. И ако планираат и играат на картата дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, не е точно. Собранието ќе го напуштиме само на денот на изгласување на одлука за распуштање на собранието и одржување на предвремени парламентарни избори, дециден е Мицевски.

The post Мицевски: Собранието ќе го напуштиме само кога ќе изгласаме одлука за распуштање и распишување на предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Оваа неспособна и нефункционална влада се пресликува и во македонското собрание и денеска во една показна вежба им покажавме што ќе следи во наредниот период, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното интервју во Тема на денот на ТВ Сител, за почетокот на блокадата на собранието која започна денеска. Како една од причините за активна блокада на собранието е токму односот на владејачкото мнозинство кон опозицијата вели Мицевски, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 27 законски решенија, но дури 95 проценти од тие закони не се ставени на пленарна седница.
За да не бидеме погрешно разбрани од граѓаните, ние активно работиме. Поднесовме 10 предлог закони за дополнување на дневниот ред на 71 седница, иако се поднесени минатата недела, владејачкото мнозинство има обврска од три работни дена да ги разгледаат, дополнат и да не известат штос е случува со законите, тие закони не се најдоа на денешната седница. Но, ова не е прв пат, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 27 закони, а 95 не се најдоа на пленарна седница, затоа што власта смета дека законите на опозицијата не треба дури ни да се разгледуваат. Една од причината е токму и ваквиот однос на владејачкото мнозинство кон опозицијата, рече тој.
На прашањето што точно ќе блокира, Мицевски додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите законски решенија кои што се на штета на граѓаните, додавајќи дека вчера на комисиска седница спречиле автентично толкување на Законот за игри на среќа, каде што власта сака да потроши 10 милиони евра за отворање на нова втора видео лотарија.
Се она што значи штетен закон во законодавниот дом. Инаку за јавноста, вчера имавме комисиска расправа каде што ВМРО-ДПМНЕ успеа да блокира едно штетно законско решение, се работи за законот за игри на среќа кој што е блокиран во процедура од страна на ВМРО-ДПМНЕ за кој што имаше многу реакции и за кој што дури здружението „Анти коцка“  од Тетово организираше и средби со нас и бараше да се стопира. Во меѓувреме владејачкото мнозинство преку автентично толкување проба да го помине законот односно измената на членот кој што е најспорен да ја помине со автентично толкување и да дозволи формирање на ново трговско друштво за игри на среќа, односно нова втора видео лотарија во државата. Но, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да помине на мала врата, инаку се работи за влог од 10 милиони евра, и дополнително тоа автентично толкување не е завршено на пленарна седница, не е дадено мислење по него, а владата има распишано веќе оглас за  пријавување за потенцијални кандидати за организирање на втора видео лотарија, истакна Мицевски.
Законот за Клиничка болница, тоа е законско решение дојдено на смешни 20 или 30 страни во кој што нема основни податоци, а се бара повеќе од половина милијарда евра за изградба на нова клиничка болница. Во 2017та година поранешниот министер за здравство  Венко Филипче и СДСМ ја спомнуваа таа клиничка болница. Но, морам да потенцирам дека ниту се решени имотно правните односи каде што е планирана изградбата, ниту пак се обезбедени дополни средства за инфраструктурата. Вакви несериозни барање и многу други законски решенија кои што ќе бидат штетни за граѓаните ќе ги блокираме, објасни Мицевски. Во однос на тоа дали една од опциите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е целосно напуштање на Собранието, Мицевски изјави дека собранието ќе го напуштат само кога ќе се изгласа одлука за распуштање и распишување на предвремени парламентарни избори.
Во никој случај бидејќи во еден ден ќе ги изгласаат сите законски решенија, сите оние спорни закони, за марихуана, клинички центри. И ако планираат и играат на картата дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, не е точно. Собранието ќе го напуштиме само на денот на изгласување на одлука за распуштање на собранието и одржување на предвремени парламентарни избори, дециден е Мицевски.

The post Мицевски: Собранието ќе го напуштиме само кога ќе изгласаме одлука за распуштање и распишување на предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>
Активна блокада на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Собранието не го утврди дневниот ред на новата 71 седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aktivna-blokada-na-pratenicite-od-vmro-dpmne-sobranieto-ne-go-utvrdi-dnevniot-red-na-novata-71-sednica/ Tue, 10 May 2022 17:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=500673

Собранието денеска работеше по нова 71 седница, за која, и по целодневна расправа, сè уште не е утврден дневниот ред. За збор се пријавени 37 пратеници од опозицијата, а седницата ќе продолжи утре во 12 часот.

Попладнето расправата во Собранието измина во меѓусебни препирки меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеници од опозицијата, поради различно толкување на Деловникот. Ситуацијата се вжешти откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, повикувајќи се на член 70 од Деловникот, рече дека ќе говори 10 минути за да образложи зошто неговиот Предлог-закон за акцизи треба да се најде на дневен ред на 71 седница.

Претседателот Џафери, повикувајќи се на член 77 од Деловникот, му рече дека тој има право во три минути да го образложи предлогот.

По ова, неколку пратеници се јавија процедурално за објаснување на член 70 од Деловникот и зошто Стојановски има право да говори 10 минути.

Претходно на дел од пратениците им беа усвоени предлозите одредени точки од дневниот ред да бидат меѓу првите кои ќе бидат разгледувани, меѓу кои годишните извештаи за 2021 година на Народниот правобранител, на Судскиот совет, на Државната комисија за спречување на корупцијата, потоа Предлог-закон за трговија, како и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска.

Пред паузата координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара објаснување од Џафери зошто нивните 10 предлог-закони не се нашле на дневен ред на 71 седница.

– Очекував дека дневниот ред на оваа седница ќе го дополните со предолг-законите поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, затоа што во четвртокот поднесовме 10 законски решенија, по скратена постапка. Во одредени закони има измена на само еден збор. На пример, во Законот за земјоделство и рурален развој, покрај пченицата како стратешка култура, предлагаме да стои „и оризот“. Вие ќе ми кажете дека овој збор „и оризот“ на службите им треба да го преведат пет дена? Тоа нема да биде одговор, рече Мицевски.

Тој рече дека, согласно Деловникот, законите по скратена постапка, се поднесуваат повеќе од три дена пред почетокот на седницата и оти обврска на претседателот на Собранието е приоритетно да бидат преведени законските решенија, кои треба да бидат составен дел од седницата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека материјалите ги примил на 6 мај, во петокот. Тој рече дека, согласно Деловникот, предлог законите ги разгледал во рок од три дена и ги дал да се преведат.

– Почитувани граѓани, мотото на транспарентот „Активен бојкот за национален спас“, еве кој ви е спасот. За предлогот на дневен ред денеска се пријавени 37 пратеници за да „ве спасат, за наредните три дена да работиме само на усвојување на дневниот ред. Е толку ве мислат, рече Џафери.

На почетокот на седницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред претседателот на Собранието Талат Џафери со транспарент „Активна блокада за национален спас“, по што тој ги повика да седнат на своите места.

На дневен ред на 71 седница се неколку годишни извештаи, повеќе предлог-закони, главно од областа на финансиите и одбраната, како и предлог – одлуки.

The post Активна блокада на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Собранието не го утврди дневниот ред на новата 71 седница appeared first on Република.