активисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aktivisti/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jan 2024 11:50:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png активисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aktivisti/ 32 32 Климатски активистки фрлија супа од конзерва врз Мона Лиза https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/klimatski-aktivistki-frlija-supa-od-konzerva-vrz-mona-liza/ Sun, 28 Jan 2024 13:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=737735

Француски климатски активисти утринава фрлаија супа врз Мона Лиза, можеби најпознатата слика на Леонардо да Винчи.

На снимката објавена на социјалните мрежи две активистки од групата „Riposte alimentaire“, испрскаа супа од конзерва врз стаклото што ја штити сликата.

Двете жени рекоа дека акцијата има за цел да го промовира „правото на здрава и одржлива храна“, извикувајќи: „Нашиот земјоделски систем е болен“.

https://www.youtube.com/watch?v=sngZB5_14VU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Flibertas.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Климатски активистки фрлија супа од конзерва врз Мона Лиза appeared first on Република.

]]>

Француски климатски активисти утринава фрлаија супа врз Мона Лиза, можеби најпознатата слика на Леонардо да Винчи. На снимката објавена на социјалните мрежи две активистки од групата „Riposte alimentaire“, испрскаа супа од конзерва врз стаклото што ја штити сликата. Двете жени рекоа дека акцијата има за цел да го промовира „правото на здрава и одржлива храна“, извикувајќи: „Нашиот земјоделски систем е болен“. https://www.youtube.com/watch?v=sngZB5_14VU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Flibertas.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Климатски активистки фрлија супа од конзерва врз Мона Лиза appeared first on Република.

]]>
Грета Тунберг и десетици активисти го блокираа влезот во Министерството за енергетика во Осло https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/greta-tunberg-i-desetitsi-aktivisti-go-blokiraa-vlezot-vo-ministerstvoto-za-energetika-vo-oslo/ Mon, 27 Feb 2023 08:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=613594

Шведската активистка за проблемите со климата, Грета Тунберг, и десетици други активисти утринава го блокираа влезот на Министерството за енергетика на Норвешка, протестирајќи против ветерните турбини изградени на земјиште што традиционално го користи домородното население Сами.

Норвешкиот Врховен суд пред две години пресуди дека двете турбини на ветер, гледано од перспектива на меѓународните конвенции, ги прекршиле правата на народот Сами, но турбините продолжија да работат во следните 16 месеци.

-Тука сум да ја поддржам борбата за човекови права, како и правата на домородните луѓе, изјави Тунберг за британските медиуми, додека седеше пред главниот влез на министерството со другите демонстранти.

Таа оцени дека државата Норвешка ги крши човековите права, дека тоа е апсолутно неприфатливо и дека е потребна солидарност во оваа борба.

Чуварите на ирваси од оваа нордиска земја велат дека самата појава и бучава на големите турбини на ветер ги плаши нивните животни и ја нарушува вековната традиција. Тие бараат да се исклучат турбините на ветер.

Норвешката Влада соопшти дека крајната судбина на турбините на ветер е сложена правна и политичка загатка, и покрај одлуката на Врховниот суд, додавајќи дека се надеваат дека ќе постигнат компромис.

The post Грета Тунберг и десетици активисти го блокираа влезот во Министерството за енергетика во Осло appeared first on Република.

]]>

Шведската активистка за проблемите со климата, Грета Тунберг, и десетици други активисти утринава го блокираа влезот на Министерството за енергетика на Норвешка, протестирајќи против ветерните турбини изградени на земјиште што традиционално го користи домородното население Сами. Норвешкиот Врховен суд пред две години пресуди дека двете турбини на ветер, гледано од перспектива на меѓународните конвенции, ги прекршиле правата на народот Сами, но турбините продолжија да работат во следните 16 месеци. -Тука сум да ја поддржам борбата за човекови права, како и правата на домородните луѓе, изјави Тунберг за британските медиуми, додека седеше пред главниот влез на министерството со другите демонстранти. Таа оцени дека државата Норвешка ги крши човековите права, дека тоа е апсолутно неприфатливо и дека е потребна солидарност во оваа борба. Чуварите на ирваси од оваа нордиска земја велат дека самата појава и бучава на големите турбини на ветер ги плаши нивните животни и ја нарушува вековната традиција. Тие бараат да се исклучат турбините на ветер. Норвешката Влада соопшти дека крајната судбина на турбините на ветер е сложена правна и политичка загатка, и покрај одлуката на Врховниот суд, додавајќи дека се надеваат дека ќе постигнат компромис.

The post Грета Тунберг и десетици активисти го блокираа влезот во Министерството за енергетика во Осло appeared first on Република.

]]>
Маж и жена се залепија на црвениот тепих на Берлинале барајќи од Владата на Германија да преземат акции против климатските пролеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mazh-i-zhena-se-zalepija-na-tsrveniot-tepih-na-berlinale-barajki-od-vladata-na-germanija-da-prezemat-aktsii-protiv-klimatskite-prolemi/ Fri, 17 Feb 2023 07:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=609972

Маж и жена останаа залепени на црвениот тепих на отворањето на Берлинскиот филмски фестивал, повикувајќи ја германската влада и општеството да преземат поголема акција во борбата против климатските промени.

Двајцата активисти се залепија на тепихот откако филмските ѕвезди пристигнаа во Берлинале Паласт на церемонијата на отворањето на фестивалот, каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се обрати на публиката преку видеоврска и каде можеа да ја погледнат премиерата на филмот „She Came To Me“ на американската режисерка Ребека Милер.

Групата активисти „Последна генерација“, која го организираше протестот, рече дека актуелната влада и општеството се последните кои имаат шанса да го спречат климатскиот пекол со милијарди мртви.

Залагањето за одржливост во мал обем, како што тоа го прави Берлинале, е важно, но тоа нема да нè спаси само по себе. Мораме да ги свртиме работите, рече Рафаел Воелми, еден од активистите.

„Ако продолжиме да бегаме од реалноста, ќе ги поминеме првите климатски пресвртни точки и ќе започнеме смртоносна лавина од која нема спас“, рече Лиза Винкелман, друга активистка.

Имаше извици, но протестот не предизвика поголеми нарушувања. Групата рече дека двајца нивни активисти ја прескокнале оградата за да протестираат. Црвениот тепих беше горе-долу празен кога започна протестот бидејќи повеќето гости веќе влегоа во зградата.

The post Маж и жена се залепија на црвениот тепих на Берлинале барајќи од Владата на Германија да преземат акции против климатските пролеми appeared first on Република.

]]>

Маж и жена останаа залепени на црвениот тепих на отворањето на Берлинскиот филмски фестивал, повикувајќи ја германската влада и општеството да преземат поголема акција во борбата против климатските промени. Двајцата активисти се залепија на тепихот откако филмските ѕвезди пристигнаа во Берлинале Паласт на церемонијата на отворањето на фестивалот, каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се обрати на публиката преку видеоврска и каде можеа да ја погледнат премиерата на филмот „She Came To Me“ на американската режисерка Ребека Милер. Групата активисти „Последна генерација“, која го организираше протестот, рече дека актуелната влада и општеството се последните кои имаат шанса да го спречат климатскиот пекол со милијарди мртви.
Залагањето за одржливост во мал обем, како што тоа го прави Берлинале, е важно, но тоа нема да нè спаси само по себе. Мораме да ги свртиме работите, рече Рафаел Воелми, еден од активистите.
„Ако продолжиме да бегаме од реалноста, ќе ги поминеме првите климатски пресвртни точки и ќе започнеме смртоносна лавина од која нема спас“, рече Лиза Винкелман, друга активистка. Имаше извици, но протестот не предизвика поголеми нарушувања. Групата рече дека двајца нивни активисти ја прескокнале оградата за да протестираат. Црвениот тепих беше горе-долу празен кога започна протестот бидејќи повеќето гости веќе влегоа во зградата.

The post Маж и жена се залепија на црвениот тепих на Берлинале барајќи од Владата на Германија да преземат акции против климатските пролеми appeared first on Република.

]]>
Француските власти ги повикаа музеите да бидат внимателни поради еколошките активисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francuskite-vlasti-gi-povikaa-muzeite-da-bidat-vnimatelni-poradi-ekoloshkite-aktivisti/ Mon, 31 Oct 2022 16:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=567895

Француските власти ги повикаа националните музеи да бидат дополнително внимателни по серијата напади на еколошки активисти врз дела изложени во музеи и други институции, објавија денеска медиумите.

„Франција ниту еден ден не е заштитена од некој полуден активист кој ќе нападне некоја слика“, рече министерката за култура Рима Абдул Малак, која побара од музеите „двојна будност“.

Еден од последните инциденти што се случија во музеите во другите европски земји се случи во музејот Орсеј во Париз.

Тој музеј поднел жалба против активистките кои минатата недела се обидоа да фрлат супа врз сликата на францускиот уметник Пол Гоген, објави денеска весникот „Паризиен“.

Раководството на музејот поднесе тужба за „обид за оштетување уметничко дело“, додава весникот, наведувајќи дека поради тоа париското обвинителство отворило истрага.

Иако музејот не објави за кое уметничко дело станува збор, француските медиуми објавија дека една девојка прво имала намера да го залепи своето лице на познатата слика на холандскиот уметник Винсент Ван Гог „Автопортрет во Сент Реми“, а бидејќи била спречена, се обидела да истури супа на платното на Гоген.

Оваа акција доаѓа по серијата слични инциденти во последните недели во Европа, додека уметничкиот свет од Париз до Њујорк го осудува вандализмот на еколошките активисти.

Активисти за заштита на животната средина неодамна испрскаа супа од домати на заштитното стакло на познатите „Сончогледи“ на Ван Гог во музеј во Лондон.

Активисти во берлинскиот музеј фрлаа пире на заштитното стакло на сликата „Стогови сено“ на францускиот уметник Клод Моне.

Во музејот во Хаг, активисти ја нападнаа сликата „Девојка со бисерна обетка“, холандска барокна слика на Јоханес Вермер.

Активистите за заштита на животната средина не ги таргетираат само музеите со вредни уметнички дела.

За време на викендот, активист на колективот „Последна обнова“ ја прекина оперската претстава „Волшебната флејта“ во еден театар во Париз, така што се качи на сцената и се закачи на декорот. Претставата била прекинат десет минути, додека младиот човек бил однесен, објави францускиот весник Фигаро.

The post Француските власти ги повикаа музеите да бидат внимателни поради еколошките активисти appeared first on Република.

]]>

Француските власти ги повикаа националните музеи да бидат дополнително внимателни по серијата напади на еколошки активисти врз дела изложени во музеи и други институции, објавија денеска медиумите. „Франција ниту еден ден не е заштитена од некој полуден активист кој ќе нападне некоја слика“, рече министерката за култура Рима Абдул Малак, која побара од музеите „двојна будност“. Еден од последните инциденти што се случија во музеите во другите европски земји се случи во музејот Орсеј во Париз. Тој музеј поднел жалба против активистките кои минатата недела се обидоа да фрлат супа врз сликата на францускиот уметник Пол Гоген, објави денеска весникот „Паризиен“. Раководството на музејот поднесе тужба за „обид за оштетување уметничко дело“, додава весникот, наведувајќи дека поради тоа париското обвинителство отворило истрага. Иако музејот не објави за кое уметничко дело станува збор, француските медиуми објавија дека една девојка прво имала намера да го залепи своето лице на познатата слика на холандскиот уметник Винсент Ван Гог „Автопортрет во Сент Реми“, а бидејќи била спречена, се обидела да истури супа на платното на Гоген. Оваа акција доаѓа по серијата слични инциденти во последните недели во Европа, додека уметничкиот свет од Париз до Њујорк го осудува вандализмот на еколошките активисти. Активисти за заштита на животната средина неодамна испрскаа супа од домати на заштитното стакло на познатите „Сончогледи“ на Ван Гог во музеј во Лондон. Активисти во берлинскиот музеј фрлаа пире на заштитното стакло на сликата „Стогови сено“ на францускиот уметник Клод Моне. Во музејот во Хаг, активисти ја нападнаа сликата „Девојка со бисерна обетка“, холандска барокна слика на Јоханес Вермер. Активистите за заштита на животната средина не ги таргетираат само музеите со вредни уметнички дела. За време на викендот, активист на колективот „Последна обнова“ ја прекина оперската претстава „Волшебната флејта“ во еден театар во Париз, така што се качи на сцената и се закачи на декорот. Претставата била прекинат десет минути, додека младиот човек бил однесен, објави францускиот весник Фигаро.

The post Француските власти ги повикаа музеите да бидат внимателни поради еколошките активисти appeared first on Република.

]]>
Aктивисти истурија домата врз ремек делото „Сончогледи“ на Ван Гог https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aktivisti-isturija-domata-vrz-remek-deloto-sonchogledi-na-van-gog/ Fri, 14 Oct 2022 17:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=561259

Активистите на еко-групата Just Stop Oil истурија супа од домати врз „Сончогледи“, ремек-делото на Ван Гог во Националната галерија во Лондон.

Демонстрантите фрлија две конзерви супа од домати „Хајнц“ на делото насликано во 1888 година, чија вредност се проценува на 87,5 милиони евра.

https://youtu.be/LTdquzu-BXg

Што е повредно, уметноста или животот? Дали е поважно од храната? Од правдата? Дали повеќе се грижите за заштита на сликата или нашата планета и луѓето?, велат активистите.

Обезбедувањето потоа ги изведе сите посетители надвор и ја затвори галеријата.

Од Националната галерија потврдија дека сликата била покриена со заштитно стакло и останала во добра состојба, а дека само рамката претрпела помали оштетувања.

The post Aктивисти истурија домата врз ремек делото „Сончогледи“ на Ван Гог appeared first on Република.

]]>

Активистите на еко-групата Just Stop Oil истурија супа од домати врз „Сончогледи“, ремек-делото на Ван Гог во Националната галерија во Лондон. Демонстрантите фрлија две конзерви супа од домати „Хајнц“ на делото насликано во 1888 година, чија вредност се проценува на 87,5 милиони евра. https://youtu.be/LTdquzu-BXg
Што е повредно, уметноста или животот? Дали е поважно од храната? Од правдата? Дали повеќе се грижите за заштита на сликата или нашата планета и луѓето?, велат активистите.
Обезбедувањето потоа ги изведе сите посетители надвор и ја затвори галеријата. Од Националната галерија потврдија дека сликата била покриена со заштитно стакло и останала во добра состојба, а дека само рамката претрпела помали оштетувања.

The post Aктивисти истурија домата врз ремек делото „Сончогледи“ на Ван Гог appeared first on Република.

]]>