актива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aktiva/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 16:17:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png актива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aktiva/ 32 32 Располагаат со 6,3 милијарди евра вредна актива: Ова се најмоќните македонски банки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/raspolagaat-so-6-3-milijardi-evra-vredna-aktiva-ova-se-najmoknite-makedonski-banki/ Tue, 07 Feb 2023 16:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=606132

Секоја од трите најголеми банки во 2022 година, во просек, во македонската економија вбризгале по 100 милиони евра кредити, а вкупно нивните кредитни пласмани надминуваат 3,5 милијарди евра. И кај трите најголеми банки видлив е трендот на намалено вложување во државни обврзници пренесува „Фактор“.

Во структурата на македонскиот банкарски систем продолжува доминацијата на трите најголеми деловни банки, покажуваат официјалните финансиски податоци кои деновиве ги објавија „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка и „Комерцијална банка“.

Трите најголеми банки меѓусебно делат над 60 отсто од целиот банкарски пазар. Трите банки заедно за 2022 година генерирале добивка од 114 милиони евра. Според финансиските резултати овие банки и во 2022 година ќе бидат меѓу најуспешните македонски компании.

Овие банки се најмоќните финансиски институции во земјава. Нивната заедничка актива на крајот на минатата година вреди 6,3 милијарди евра. Најголема македонска банка според вкупната актива и лани, како и годините претходно, е Комерцијална банка. Нејзината актива изнесува 2,45 милијарди евра.

Повеќе на „Фактор“.

The post Располагаат со 6,3 милијарди евра вредна актива: Ова се најмоќните македонски банки appeared first on Република.

]]>

Секоја од трите најголеми банки во 2022 година, во просек, во македонската економија вбризгале по 100 милиони евра кредити, а вкупно нивните кредитни пласмани надминуваат 3,5 милијарди евра. И кај трите најголеми банки видлив е трендот на намалено вложување во државни обврзници пренесува „Фактор“. Во структурата на македонскиот банкарски систем продолжува доминацијата на трите најголеми деловни банки, покажуваат официјалните финансиски податоци кои деновиве ги објавија „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка и „Комерцијална банка“. Трите најголеми банки меѓусебно делат над 60 отсто од целиот банкарски пазар. Трите банки заедно за 2022 година генерирале добивка од 114 милиони евра. Според финансиските резултати овие банки и во 2022 година ќе бидат меѓу најуспешните македонски компании. Овие банки се најмоќните финансиски институции во земјава. Нивната заедничка актива на крајот на минатата година вреди 6,3 милијарди евра. Најголема македонска банка според вкупната актива и лани, како и годините претходно, е Комерцијална банка. Нејзината актива изнесува 2,45 милијарди евра. Повеќе на „Фактор“.

The post Располагаат со 6,3 милијарди евра вредна актива: Ова се најмоќните македонски банки appeared first on Република.

]]>