Актерот на Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akterot-na-evropa/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Jul 2022 11:13:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Актерот на Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akterot-na-evropa/ 32 32 Биљана Драгичевиќ-Пројковска и Исмет Аземи наградени со „Актер на Европа 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/biljana-dragichevikj-projkovska-i-ismet-azemi-nagradeni-so-akter-na-evropa-2022/ Tue, 12 Jul 2022 09:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=527412

Синоќа традиционално со церемонија на доделување на наградите, во Сарајот во Ресен заврши јубилејното 20-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2022.

Како што е познато, овој фестивал започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија.

Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгичевиќ-Пројковска, за улогата во „Кармен“ од Драмскиот театар Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово.

Покрај тоа, претставата „Четирите еполети“ се здоби и со наградите за најдобра режија , Хаќиф Мулиќи и наградата „Преспански Дионис“, за косовскиот актер Басри Луштаку.

За најдобра претстава во целина беше прогласена претставата „Пеликанот“,по текстот на А.Стриндберг, во изведба на независната театарска група од ИУ Еуропа Прима – Скопје, во режија на Теодора Сиљаноска.

Претставата „Поетската вечност на Иго и Бодлер“ од Франција, во режија на Патрик Вершуерен ја доби наградата „Жак Лакариер“ за оригинална театарска инвентивност, додека претставата „Синиот портокал“ од Народниот театар Ј.Х.К Џинот од Велес ја понесе наградатата од публиката.

Интересно е да се одбележи дека во 20-годишното постоење, оваа единствена интернационална манифестација на бреговите на Преспанското езеро, има околу 200 библиографски единици во најпознатите европски новински медиуми како „Фигаро“, „Монд“, „Гардијан“ итн., и секоја година, огласите во светските медиуми за фестивалот се се побројни.

The post Биљана Драгичевиќ-Пројковска и Исмет Аземи наградени со „Актер на Европа 2022“ appeared first on Република.

]]>

Синоќа традиционално со церемонија на доделување на наградите, во Сарајот во Ресен заврши јубилејното 20-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2022. Како што е познато, овој фестивал започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија. Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгичевиќ-Пројковска, за улогата во „Кармен“ од Драмскиот театар Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово. Покрај тоа, претставата „Четирите еполети“ се здоби и со наградите за најдобра режија , Хаќиф Мулиќи и наградата „Преспански Дионис“, за косовскиот актер Басри Луштаку. За најдобра претстава во целина беше прогласена претставата „Пеликанот“,по текстот на А.Стриндберг, во изведба на независната театарска група од ИУ Еуропа Прима – Скопје, во режија на Теодора Сиљаноска. Претставата „Поетската вечност на Иго и Бодлер“ од Франција, во режија на Патрик Вершуерен ја доби наградата „Жак Лакариер“ за оригинална театарска инвентивност, додека претставата „Синиот портокал“ од Народниот театар Ј.Х.К Џинот од Велес ја понесе наградатата од публиката. Интересно е да се одбележи дека во 20-годишното постоење, оваа единствена интернационална манифестација на бреговите на Преспанското езеро, има околу 200 библиографски единици во најпознатите европски новински медиуми како „Фигаро“, „Монд“, „Гардијан“ итн., и секоја година, огласите во светските медиуми за фестивалот се се побројни.

The post Биљана Драгичевиќ-Пројковска и Исмет Аземи наградени со „Актер на Европа 2022“ appeared first on Република.

]]>