актери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akteri/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 13:19:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png актери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akteri/ 32 32 На патот кон полноправно членство во ЕУ земјава ќе мора да обезбеди еднакво ниво на заштита на сите актери и музичари како изведувачите во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-patot-kon-polnopravno-chlenstvo-vo-eu-zemjava-ke-mora-da-obezbedi-ednakvo-nivo-na-zashtita-na-site-akteri-i-muzichari-kako-izveduvachite-vo-eu/ Thu, 24 Oct 2024 13:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=830625

– Започна дводневната Регионална конференција за авторски права на актерите во земјите кандидати од Западен Балкан за членство во ЕУ, каде свои обраќања имаа министерот за европски прашања Орхан Муртезани, актерот и претставник на Асоцијација за заштита на авторски и сродни права АЗАС Гораст Цветковски, како и Грегор Штиберник, управен директор на Здружението за колективно управување со авторски права на автори, изведувачи и продуценти на аудиовизуелни дела од Словенија АИПА.

Како што беше посочено на почетокот на конференцијата, за да се обезбеди еднакво ниво на заштита на сите актери и музичари како изведувачите во Европската унија, земјава на патот кон полноправно членство во Унијата ќе мора да го имплементира европското право за авторски права.

За да се создаде одржлива средина за изведувачите, министерот Муртезани вели заштитата на нивните права е нужна, но, како што рече, спроведувањето бара колективен напор.

– Да се ​​биде дел од ЕУ за културната уметничка мрежа не е само почеток, туку тоа е можност да ја потврдиме посветеноста кон нашите уметници, кон нашите изведувачи и кон иднината на нашиот креативен универзум.

Мораме да служиме за заштита на авторските права на луѓето кои на најдобар начин ги создаваат нашите екрани, нашите сцени и нашите песни.

Но, тоа бара акција, бара спроведување и бара колективен напор за да се осигураме дека нема да има никакво дејство и ниту една изведба нема да остане зад себе, истакна Муртезани.

Македонија е земја која нема филмска продукција колку западните земји, истакна актерот Цветковски во своето обраќање, посочувајќи дека изведувачите не добиваат ништо од содржините кои се емитуваат на стриминг платформите.

– Ова требаше да се направи многу одамна и веќе е задоцнето, но ние се бориме и се стремиме да ова да стане реалност.

Македонија е земја која нема толку филмска продукција, визуелна продукција, колку западните земји, што е исто така проблем.

Многупати сме виделе репризи на содржините што се веќе правени низ годините, кои се репродуцирани во етерот многу пати, а сега со новите медиуми и платформи за стриминг гледаме дека целата наша работа е таму, ја вршиме работата за платформите, за станиците, за медиумите и не добиваме ништо од тоа.

Во овие несигурни времиња за уметниците, ова е исклучително важно за да можеме да ја одржиме креативноста, да ја одржиме одржливоста, да ги одржуваме нашите работни места, нашата професија, нашата љубов и страст.

Мислам дека имаме уште многу да одиме. Ова е еден од најголемите чекори што ги преземаме за да ги запознаеме луѓето со она што се случува на другите места.

Многу е лесно кога имаме одредени примери да и покажеме на власта дека тоа може да се направи или дека тоа е веќе направено и ние можеме да го спроведеме, па дури и да го копираме токму овде во Македонија, рече Цветковски.

The post На патот кон полноправно членство во ЕУ земјава ќе мора да обезбеди еднакво ниво на заштита на сите актери и музичари како изведувачите во ЕУ appeared first on Република.

]]>

– Започна дводневната Регионална конференција за авторски права на актерите во земјите кандидати од Западен Балкан за членство во ЕУ, каде свои обраќања имаа министерот за европски прашања Орхан Муртезани, актерот и претставник на Асоцијација за заштита на авторски и сродни права АЗАС Гораст Цветковски, како и Грегор Штиберник, управен директор на Здружението за колективно управување со авторски права на автори, изведувачи и продуценти на аудиовизуелни дела од Словенија АИПА.
  Како што беше посочено на почетокот на конференцијата, за да се обезбеди еднакво ниво на заштита на сите актери и музичари како изведувачите во Европската унија, земјава на патот кон полноправно членство во Унијата ќе мора да го имплементира европското право за авторски права.   За да се создаде одржлива средина за изведувачите, министерот Муртезани вели заштитата на нивните права е нужна, но, како што рече, спроведувањето бара колективен напор. – Да се ​​биде дел од ЕУ за културната уметничка мрежа не е само почеток, туку тоа е можност да ја потврдиме посветеноста кон нашите уметници, кон нашите изведувачи и кон иднината на нашиот креативен универзум.   Мораме да служиме за заштита на авторските права на луѓето кои на најдобар начин ги создаваат нашите екрани, нашите сцени и нашите песни. Но, тоа бара акција, бара спроведување и бара колективен напор за да се осигураме дека нема да има никакво дејство и ниту една изведба нема да остане зад себе, истакна Муртезани.   Македонија е земја која нема филмска продукција колку западните земји, истакна актерот Цветковски во своето обраќање, посочувајќи дека изведувачите не добиваат ништо од содржините кои се емитуваат на стриминг платформите. – Ова требаше да се направи многу одамна и веќе е задоцнето, но ние се бориме и се стремиме да ова да стане реалност.   Македонија е земја која нема толку филмска продукција, визуелна продукција, колку западните земји, што е исто така проблем. Многупати сме виделе репризи на содржините што се веќе правени низ годините, кои се репродуцирани во етерот многу пати, а сега со новите медиуми и платформи за стриминг гледаме дека целата наша работа е таму, ја вршиме работата за платформите, за станиците, за медиумите и не добиваме ништо од тоа. Во овие несигурни времиња за уметниците, ова е исклучително важно за да можеме да ја одржиме креативноста, да ја одржиме одржливоста, да ги одржуваме нашите работни места, нашата професија, нашата љубов и страст. Мислам дека имаме уште многу да одиме. Ова е еден од најголемите чекори што ги преземаме за да ги запознаеме луѓето со она што се случува на другите места. Многу е лесно кога имаме одредени примери да и покажеме на власта дека тоа може да се направи или дека тоа е веќе направено и ние можеме да го спроведеме, па дури и да го копираме токму овде во Македонија, рече Цветковски.

The post На патот кон полноправно членство во ЕУ земјава ќе мора да обезбеди еднакво ниво на заштита на сите актери и музичари како изведувачите во ЕУ appeared first on Република.

]]>
На конкурсот за вработување во Драмски се пријавиле 80 актери, 10 се примени https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-konkursot-za-vrabotuvane-vo-dramski-se-prijavile-80-akteri-10-se-primeni/ Mon, 12 Feb 2024 11:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=743179

Десет актери се примени во ансамблот на Драмски театар, откако неодамна беше објавен конкурус во оваа национална установа.

На конкурост се пријавиле 80 дипломирани актери, a жири-комисијата ги избра: Лазар Христов, Владимир Петровиќ, Нина Елсезер, Маријан Наумов, Јована Спасиќ, Ања Митиќ, Ивана Павлаковиќ, Дениз Абдула, Томислав Давидовски и Сара Климоска.

Аудицијата се одржала на 22 и на 23 јануари годинава, беше објавено на веб-страницата на Драмски.

The post На конкурсот за вработување во Драмски се пријавиле 80 актери, 10 се примени appeared first on Република.

]]>

Десет актери се примени во ансамблот на Драмски театар, откако неодамна беше објавен конкурус во оваа национална установа. На конкурост се пријавиле 80 дипломирани актери, a жири-комисијата ги избра: Лазар Христов, Владимир Петровиќ, Нина Елсезер, Маријан Наумов, Јована Спасиќ, Ања Митиќ, Ивана Павлаковиќ, Дениз Абдула, Томислав Давидовски и Сара Климоска. Аудицијата се одржала на 22 и на 23 јануари годинава, беше објавено на веб-страницата на Драмски.    

The post На конкурсот за вработување во Драмски се пријавиле 80 актери, 10 се примени appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Актерите кои земаа 53 сега земаат 58 илјади денари, а платата на балетските играчи од 64 се покачи на над 70 илјади денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-akterite-koi-zemaa-53-sega-zemaat-58-iljadi-denari-a-platata-na-baletskite-igrachi-od-64-se-pokachi-na-nad-70-iljadi-denari/ Sat, 21 Oct 2023 16:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=693689

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денеска во вестите на „Канал 5“ телевизија изјави дека вработените во институциите кои спаѓаат под Министерство за култура добија покачени плати за 10%, согласно стапувањето на сила на општиот Колективен договор кој се однесува на сите вработени во јавен сектор, и дека останува активен и Колективниот договор на Синдикатот за култура на Република Македонија.

Вработените во институциите кои се под Министерството за култура веќе ги имаат своите плати на нивните сметки. Меѓутоа она што се јави како забуна кај нив беше кога моравме да направиме измена на нивните решенија за плата, бидејќи претходно во преговорите со репрезентативниот синдикат во областа во култура, не успеавме да постигнеме договор за потпишување на Анекс на Колективниот договор како што го направија и другите сектори и токму затоа моравме да имаме правен пат, односно правен механизам врз којшто Министерството за финансии ги исплатил нивните плати, рече Костадиновска-Стојчевска.

Со цел никој да не биде доведен во заблуда или да помисли дека министерката за култура или Владата сака да ја ограничи примената на Колективниот договор на Синдикатот за култура на Република Македонија, којшто е потпишан во 2019 година, Костадиновска-Стојчевска појасни дека ова зголемување од 10%, се однесува на сите вработени во јавен сектор и затоа било потребно да се изменат решенијата за плата, во кои е објаснето дека сега ова покачување се однесува на друг Колективен договор и затоа мора да имаат изменети решенија бидејќи се изменува нивната плата.

Она што се случи како забуна е тоа што еден дел од вработените одбија да ги потпишат тие решенија за плата каде што стоеше дека нивните плати се покачени за 10 отсто и како такви ќе се исплаќаат заклучно со март 2024 година. Што значи дека во март 2024 година кога повторно ќе имаме зголемување на минималната плата бидејќи како Влада сме го поставиле тоа како цел и како определба дека минималната плата ќе продолжи да расте, тие ќе мора повторно да имаат нови решенија за плата, коишто апсолутно нема да им го минираат нивниот колективен договор потпишан во 2019 година, туку само ќе ја имаат нова плата којашто ќе се пресметува по поволното право, објасни министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа укажа дека предложеното решение било прифатено и од страна на синдикатите во преговорите и ги уверува вработените во институциите од култура дека нивниот колективен договор е активен и важи и воопшто нема никаков обид за минирање, туку едноставно како што рече министерката Костадиновска-Стојчевска „моравме да направиме вакви нови решенија, затоа што добиваат право на плата по друг Колективен договор“.

На прашањето кој е планот за решавање на ова прашање Костадиновска-Стојчевска рече дека нејзина должност била во консултација со Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд, да изнајде правен механизам на културните работници да им се испрати повисока плата, и доколку сметаат дека некое право им е прекршено имаат право да се жалат.

Тоа зголемување и овој месец и следниот месец и сите наредни месеци до стапување на сила на новата минимална плата, тие ќе си ги имаат своите плати, редовно исплатени на сметка. Тоа е знак дека и тоа како сме насочени кон тоа да има уште поголеми плати. Ако тие сметаат дека уште некое право им е прекршено, имаат право да се жалат, а меѓутоа и ние како Министерство за култура ќе одговориме на тоа соодветно и правно издржано, дека тоа беше единствениот начин е единствениот пат тие да ги добијат своите плати“, заклучи министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во изјавата за „Канал 5“.

Како што кажа министерката актер од прва категорија, чија нето плата досега била 53.263 денари, сега изнесува 58 450 денари без минат труд, што значи колку има повеќе минат труд има уште повисока плата.

На пример, платата на балетски играч првенец конкретно, старата плата односно нето платата која што ја гледаат на сметка изнесуваше 63 823 денари, сега без минат труд изнесува 70 115 денари“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека во март, кога повторно ќе има зголемување на минималната плата и платите во културата ќе продолжат да растат и повторно ќе мора да има нови решенија за плата, кои не го минираат колективниот договор во културата потпишан во 2019 година.

https://www.youtube.com/watch?v=-8ZE53m3mxk&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kanal5.com.mk%2F&source_ve_path=Mjg2NjY&feature=emb_logo

The post Костадиновска-Стојчевска: Актерите кои земаа 53 сега земаат 58 илјади денари, а платата на балетските играчи од 64 се покачи на над 70 илјади денари appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денеска во вестите на „Канал 5“ телевизија изјави дека вработените во институциите кои спаѓаат под Министерство за култура добија покачени плати за 10%, согласно стапувањето на сила на општиот Колективен договор кој се однесува на сите вработени во јавен сектор, и дека останува активен и Колективниот договор на Синдикатот за култура на Република Македонија.
Вработените во институциите кои се под Министерството за култура веќе ги имаат своите плати на нивните сметки. Меѓутоа она што се јави како забуна кај нив беше кога моравме да направиме измена на нивните решенија за плата, бидејќи претходно во преговорите со репрезентативниот синдикат во областа во култура, не успеавме да постигнеме договор за потпишување на Анекс на Колективниот договор како што го направија и другите сектори и токму затоа моравме да имаме правен пат, односно правен механизам врз којшто Министерството за финансии ги исплатил нивните плати, рече Костадиновска-Стојчевска.
Со цел никој да не биде доведен во заблуда или да помисли дека министерката за култура или Владата сака да ја ограничи примената на Колективниот договор на Синдикатот за култура на Република Македонија, којшто е потпишан во 2019 година, Костадиновска-Стојчевска појасни дека ова зголемување од 10%, се однесува на сите вработени во јавен сектор и затоа било потребно да се изменат решенијата за плата, во кои е објаснето дека сега ова покачување се однесува на друг Колективен договор и затоа мора да имаат изменети решенија бидејќи се изменува нивната плата.
Она што се случи како забуна е тоа што еден дел од вработените одбија да ги потпишат тие решенија за плата каде што стоеше дека нивните плати се покачени за 10 отсто и како такви ќе се исплаќаат заклучно со март 2024 година. Што значи дека во март 2024 година кога повторно ќе имаме зголемување на минималната плата бидејќи како Влада сме го поставиле тоа како цел и како определба дека минималната плата ќе продолжи да расте, тие ќе мора повторно да имаат нови решенија за плата, коишто апсолутно нема да им го минираат нивниот колективен договор потпишан во 2019 година, туку само ќе ја имаат нова плата којашто ќе се пресметува по поволното право, објасни министерката Костадиновска-Стојчевска.
Таа укажа дека предложеното решение било прифатено и од страна на синдикатите во преговорите и ги уверува вработените во институциите од култура дека нивниот колективен договор е активен и важи и воопшто нема никаков обид за минирање, туку едноставно како што рече министерката Костадиновска-Стојчевска „моравме да направиме вакви нови решенија, затоа што добиваат право на плата по друг Колективен договор“. На прашањето кој е планот за решавање на ова прашање Костадиновска-Стојчевска рече дека нејзина должност била во консултација со Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд, да изнајде правен механизам на културните работници да им се испрати повисока плата, и доколку сметаат дека некое право им е прекршено имаат право да се жалат.
Тоа зголемување и овој месец и следниот месец и сите наредни месеци до стапување на сила на новата минимална плата, тие ќе си ги имаат своите плати, редовно исплатени на сметка. Тоа е знак дека и тоа како сме насочени кон тоа да има уште поголеми плати. Ако тие сметаат дека уште некое право им е прекршено, имаат право да се жалат, а меѓутоа и ние како Министерство за култура ќе одговориме на тоа соодветно и правно издржано, дека тоа беше единствениот начин е единствениот пат тие да ги добијат своите плати“, заклучи министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во изјавата за „Канал 5“.
Како што кажа министерката актер од прва категорија, чија нето плата досега била 53.263 денари, сега изнесува 58 450 денари без минат труд, што значи колку има повеќе минат труд има уште повисока плата.
На пример, платата на балетски играч првенец конкретно, старата плата односно нето платата која што ја гледаат на сметка изнесуваше 63 823 денари, сега без минат труд изнесува 70 115 денари“ рече Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека во март, кога повторно ќе има зголемување на минималната плата и платите во културата ќе продолжат да растат и повторно ќе мора да има нови решенија за плата, кои не го минираат колективниот договор во културата потпишан во 2019 година. https://www.youtube.com/watch?v=-8ZE53m3mxk&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kanal5.com.mk%2F&source_ve_path=Mjg2NjY&feature=emb_logo

The post Костадиновска-Стојчевска: Актерите кои земаа 53 сега земаат 58 илјади денари, а платата на балетските играчи од 64 се покачи на над 70 илјади денари appeared first on Република.

]]>
Не им требаат каскадери: Ова се актерите кои сами ги изведуваат сите акробации во филмовите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/ne-im-trebaat-kaskaderi-ova-se-akterite-koi-sami-gi-izveduvaat-site-akrobatsii-vo-filmovite/ Fri, 28 Jul 2023 11:28:49 +0000 https://republika.mk/?p=666264

Акција, возбуда, непредвидливост – тоа се квалитетите кои го дефинираат добар акционен филм, а во самиот центар на филмот се спектакуларните акробации кои ја оставаат публиката без здив.

Но, колку често се прашуваме кој стои зад овие акробации? Иако каскадерите се неопходни за снимање опасни сцени, некои актери инсистираат самите да ги изведуваат акробациите. Порталот „MovieWeb“ издвои десет актери кои се познати по тоа што во своите филмови самите изведуваат акробации.

Том Холанд

Том Холанд се занимаваше со гимнастика и танц, што го направи одличен избор за улогата Спајдермен во кинематографскиот универзум на Марвел. Повеќето акробации ги изведувал сам на сетот, а каскадерите ги користел само во сцените опасни по живот.

Џереми Ренер

Друга ѕвезда на филмскиот универзум на Марвел, Џереми Ренер има изведено 99% од акробациите во сите негови филмови. Сепак, тоа не беше без последици. Режисерот Џош Видон изјавил дека Ренер во еден момент бил толку повреден што не можел да се движи, поради што продукцијата на филмот била прекината додека не закрепне. Исто така, актерот не се појави во „Avengers: Infinity War“ бидејќи ги скрши двете раце за време на снимањето на „Tag“.

Мишел Родригез

Мишел Родригез е една од најдобрите акциони актерки на денешницата, а се има појавено во филмовите „Fast and Furious", „Resident Evil", „Avatar" и „Dungeons and Dragons: Honor Among Thieves“. Таа е позната по тоа што е подготвена сама да прави акробации, особено кога е во прашање франшизата „Брзи и бесни“, бидејќи е одличен возач.

Џејсон Статам

Џејсон Статам е ветеран на акционите филмови, а покрај тоа што речиси заврши на Олимписките игри како нуркач, актерот се занимава и со боречки вештини. Наученото во спортската кариера го применува на снимање, каде што самиот ги изведува повеќето акробации и борбени сцени.

Харисон Форд

Харисон Форд играше многу легендарни ликови, од Хан Соло во „Војна на ѕвездите“ до Рик Декард во „Блејд Ранер“, но тој е најпознат по улогата на измислениот археолог Индијана Џонс. Како Индијана Џонс, актерот самиот изведе голем број акробации, вклучувајќи ја и познатата сцена каде што бега од камен што се тркала. Актерот и сега, на 81-годишна возраст, инсистира сам да ги прави акробациите, кои ги откри додека го промовираше најновиот филм за Индијана Џонс „Indiana Jones and the Dial of Destiny“.

Шарлиз Терон

Шарлиз Терон се испроба во различни жанрови во својата долгогодишна актерска кариера, а даде се и во акционите филмови. Актерката помина низ интензивни тренинзи за да може да изведува борбени сцени и акробации во филмовите како „Atomic Blonde" или „The Old Guard“.

Кијану Ривс

Кијану Ривс има голема љубов кон боречките вештини, поради што беше толку одличен во „Матрикс“. Сепак, тој е најзапаметен во серијата „Џон Вик“, каде самиот изведува 99% од акробациите, од борбени сцени до престрелки.

Бастер Китон

Иако Бастер Китон е повеќе комичар отколку акциона ѕвезда, тој ги изведуваше своите акробации во време кога немаше толку многу безбедносни правила како што има денес. Актерот скокна од високи инфраструктури, се тркалаше по стрмните ридови и пливаше во моќни брзаци. Во една прилика дури и го скрши вратот кога врз него падна млаз вода од водна кула, за време на снимањето на филмот „Шерлок Џуниор“.

Том Круз

Фановите на франшизата „Невозможна мисија“ веројатно веќе се запознаени со опасните акробации кои актерот сака да ги изведува сам. Во неговиот најнов филм, Том Круз скокна на авион кој полета, висеше од хеликоптер во лет, па дури и скокна од карпа на мотор. Иако за малку ќе умрел неколку пати, сепак инсистира самиот да ги изведува акробациите.

Џеки Чен

На прво место е Џеки Чен, еден од најдобрите мајстори на боречки вештини во светот. Во својата долга кариера, тој има изведено некои од најопасните акробации, од скокање од високи згради до паѓање на загреан јаглен. Добил неколку повреди кои за малку ќе го чинеле живот, а една од тие повреди се случила во Загреб, за време на снимањето на филмот „Armour of God“, кога Чен паднал од дрво и си го скршил черепот, а дел од черепот се заглавил во неговиот мозок. Последиците од оваа повреда ги чувствува и денеска, има дупка на черепот и делумно оштетен слух на едното уво.

The post Не им требаат каскадери: Ова се актерите кои сами ги изведуваат сите акробации во филмовите appeared first on Република.

]]>

Акција, возбуда, непредвидливост – тоа се квалитетите кои го дефинираат добар акционен филм, а во самиот центар на филмот се спектакуларните акробации кои ја оставаат публиката без здив. Но, колку често се прашуваме кој стои зад овие акробации? Иако каскадерите се неопходни за снимање опасни сцени, некои актери инсистираат самите да ги изведуваат акробациите. Порталот „MovieWeb“ издвои десет актери кои се познати по тоа што во своите филмови самите изведуваат акробации. Том Холанд Том Холанд се занимаваше со гимнастика и танц, што го направи одличен избор за улогата Спајдермен во кинематографскиот универзум на Марвел. Повеќето акробации ги изведувал сам на сетот, а каскадерите ги користел само во сцените опасни по живот. Џереми Ренер Друга ѕвезда на филмскиот универзум на Марвел, Џереми Ренер има изведено 99% од акробациите во сите негови филмови. Сепак, тоа не беше без последици. Режисерот Џош Видон изјавил дека Ренер во еден момент бил толку повреден што не можел да се движи, поради што продукцијата на филмот била прекината додека не закрепне. Исто така, актерот не се појави во „Avengers: Infinity War“ бидејќи ги скрши двете раце за време на снимањето на „Tag“. Мишел Родригез Мишел Родригез е една од најдобрите акциони актерки на денешницата, а се има појавено во филмовите „Fast and Furious", „Resident Evil", „Avatar" и „Dungeons and Dragons: Honor Among Thieves“. Таа е позната по тоа што е подготвена сама да прави акробации, особено кога е во прашање франшизата „Брзи и бесни“, бидејќи е одличен возач. Џејсон Статам Џејсон Статам е ветеран на акционите филмови, а покрај тоа што речиси заврши на Олимписките игри како нуркач, актерот се занимава и со боречки вештини. Наученото во спортската кариера го применува на снимање, каде што самиот ги изведува повеќето акробации и борбени сцени. Харисон Форд Харисон Форд играше многу легендарни ликови, од Хан Соло во „Војна на ѕвездите“ до Рик Декард во „Блејд Ранер“, но тој е најпознат по улогата на измислениот археолог Индијана Џонс. Како Индијана Џонс, актерот самиот изведе голем број акробации, вклучувајќи ја и познатата сцена каде што бега од камен што се тркала. Актерот и сега, на 81-годишна возраст, инсистира сам да ги прави акробациите, кои ги откри додека го промовираше најновиот филм за Индијана Џонс „Indiana Jones and the Dial of Destiny“. Шарлиз Терон Шарлиз Терон се испроба во различни жанрови во својата долгогодишна актерска кариера, а даде се и во акционите филмови. Актерката помина низ интензивни тренинзи за да може да изведува борбени сцени и акробации во филмовите како „Atomic Blonde" или „The Old Guard“. Кијану Ривс Кијану Ривс има голема љубов кон боречките вештини, поради што беше толку одличен во „Матрикс“. Сепак, тој е најзапаметен во серијата „Џон Вик“, каде самиот изведува 99% од акробациите, од борбени сцени до престрелки. Бастер Китон Иако Бастер Китон е повеќе комичар отколку акциона ѕвезда, тој ги изведуваше своите акробации во време кога немаше толку многу безбедносни правила како што има денес. Актерот скокна од високи инфраструктури, се тркалаше по стрмните ридови и пливаше во моќни брзаци. Во една прилика дури и го скрши вратот кога врз него падна млаз вода од водна кула, за време на снимањето на филмот „Шерлок Џуниор“. Том Круз Фановите на франшизата „Невозможна мисија“ веројатно веќе се запознаени со опасните акробации кои актерот сака да ги изведува сам. Во неговиот најнов филм, Том Круз скокна на авион кој полета, висеше од хеликоптер во лет, па дури и скокна од карпа на мотор. Иако за малку ќе умрел неколку пати, сепак инсистира самиот да ги изведува акробациите. Џеки Чен На прво место е Џеки Чен, еден од најдобрите мајстори на боречки вештини во светот. Во својата долга кариера, тој има изведено некои од најопасните акробации, од скокање од високи згради до паѓање на загреан јаглен. Добил неколку повреди кои за малку ќе го чинеле живот, а една од тие повреди се случила во Загреб, за време на снимањето на филмот „Armour of God“, кога Чен паднал од дрво и си го скршил черепот, а дел од черепот се заглавил во неговиот мозок. Последиците од оваа повреда ги чувствува и денеска, има дупка на черепот и делумно оштетен слух на едното уво.

The post Не им требаат каскадери: Ова се актерите кои сами ги изведуваат сите акробации во филмовите appeared first on Република.

]]>
Српската министерка за култура ги осуди заканите упатени до актерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskata-ministerka-za-kultura-gi-osudi-zakanite-upateni-do-akterite/ Tue, 13 Jun 2023 12:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=650877

Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ денеска ги осуди заканите упатени до актерската двојка Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, како и до нивните деца, поради нивната поддршка за протестите „Србија против насилството“.

Како што јави телевизијата N1, Гојковиќ во своето гостување на телевизија Прва апелираше до полицијата и обвинителството што поскоро да ги пронајдат сторителите.

Апелирам до полицијата и обвинителството што поскоро да ги најдат сторителите и да ја информираат јавноста за тоа кој си дал дозвола на ваков начин да ги навредува и да им се заканува на децата, рече министерката.

Таа ги осуди и навредите на актерите кои не ги поддржуваат протестите, ниту се согласуваат со политиката на опозицијата.

Морам да реагирам и на моментот кога беа навредувани и омаловажувани Светислав Гончиќ, Растко Јанковиќ, Лазаr Ристовски и многу други актери кои не се согласуваат со политиката на опозицијата кои решија да поддржат одредени политички протести. Никој не реагираше кога еден од членовите на опозицијата упадна на прес-конференцијата на Белградскиот драмски театар и кога Милош Биковиќ беше нападнат од опозициски политичар, рече Гојковиќ.

На прашањето за коментарите на барањата на актерите учесници на протестите да им се обезбеди заштита, министерката истакна дека е „против остри зборови“ и повторно ја покани актерската фела да дојде на разговор во Министерството.

Секако дека сум против употреба на остри зборови, навреда на некого и мој апел е тоа да престане од сите страни“, рече министерката.

Таа апелираше до пратениците во српското Собрание да престанат да користат груби зборови.

The post Српската министерка за култура ги осуди заканите упатени до актерите appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ денеска ги осуди заканите упатени до актерската двојка Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, како и до нивните деца, поради нивната поддршка за протестите „Србија против насилството“. Како што јави телевизијата N1, Гојковиќ во своето гостување на телевизија Прва апелираше до полицијата и обвинителството што поскоро да ги пронајдат сторителите.
Апелирам до полицијата и обвинителството што поскоро да ги најдат сторителите и да ја информираат јавноста за тоа кој си дал дозвола на ваков начин да ги навредува и да им се заканува на децата, рече министерката.
Таа ги осуди и навредите на актерите кои не ги поддржуваат протестите, ниту се согласуваат со политиката на опозицијата.
Морам да реагирам и на моментот кога беа навредувани и омаловажувани Светислав Гончиќ, Растко Јанковиќ, Лазаr Ристовски и многу други актери кои не се согласуваат со политиката на опозицијата кои решија да поддржат одредени политички протести. Никој не реагираше кога еден од членовите на опозицијата упадна на прес-конференцијата на Белградскиот драмски театар и кога Милош Биковиќ беше нападнат од опозициски политичар, рече Гојковиќ.
На прашањето за коментарите на барањата на актерите учесници на протестите да им се обезбеди заштита, министерката истакна дека е „против остри зборови“ и повторно ја покани актерската фела да дојде на разговор во Министерството.
Секако дека сум против употреба на остри зборови, навреда на некого и мој апел е тоа да престане од сите страни“, рече министерката.
Таа апелираше до пратениците во српското Собрание да престанат да користат груби зборови.  

The post Српската министерка за култура ги осуди заканите упатени до актерите appeared first on Република.

]]>
Српски актери цел на напади од властите поради поддршка на протестите „Србија против насилството“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpski-akteri-tsel-na-napadi-od-vlastite-poradi-poddrshka-na-protestite-srbija-protiv-nasilstvoto/ Tue, 13 Jun 2023 10:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=650823

Актерите во Србија кои го поддржаа граѓанскиот бунт и се приклучија на масовните протести „Србија против насилството“, поттикнати од масовни убиства во две престрелки на почетокот на мај, станаа цел на напади од властите и провладините медиуми - од навреди во Парламентот до закани на социјалните мрежи.

Протестите против насилството во политиката, јавниот простор и медиумите почнаа неколку дена по убиството на деветте ученици и чувар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, и масовното убиство на осум млади луѓе еден ден подоцна во две села во близина на Белград.

Актерите го поддржаа бунтот на граѓаните кои, заедно со проевропската опозиција, ја гледаат Владата за одговорна за промовирање и толерирање насилство, неморал и омраза во прорежимските медиуми и јавниот простор, а многу од нив директно се вклучија говорејќи на протестни собири и учество во веќе шест ппротести досега во кои десетици илјади луѓе еднаш неделно го блокираат центарот на Белград и ги опколуваат државните институции.

Актерите се најдоа на удар на претставниците на владејачката коалиција предводена од Српската напредна странка - од објавувањето на наводните милионски хонорари што им биле платени за филмови и ТВ серии, па се до нарекувањето „ѓубриња“ од парламентарната подиумот и на ТВ во живо.

Потоа следеа закани на социјалните мрежи со предупредување да внимаваат на децата, до инцидент со оштетени автомобили и текстови за погром во прорежимските медиуми. Актерите, меѓу другото, се обвинети за антидемократско уривање на државата и уставниот поредок и за антицивилизациски дела против телевизиите со национална фреквенција чии програми промовираат насилство, омраза и неморал.

По тие напади, актерите објавија проглас и го прочитаа пред публиката по театарските претстави, поради изречените лаги, клевети и навреди на нивна сметка во Парламентот најавија кривична пријава, но порачаа и дека нема да се откажуваат во изразувањето на својата волја и мислење за длабоките поделби во општеството.

„Тој речник на омраза, погрдни имиња, прозивки и други работи веќе не важи. Единственото „оружје“ против тоа е - да не се плашиш. Ова не може да биде трка на сто метри. Нашата прошетка не може да биде трка на сто метри“, изјави актерката Милена Павловиќ.

Драмскиот писател и академик Душан Ковачевиќ оцени дека нападите врз актерите се „скандал и срам, демонстрација на арогантната моќ на властите и другите што ги следат во ова“.

Ковачевиќ, кој е и управител на театарот „Звездара“, за весникот „Данас“ изјави дека тие што им се закануваат на актерите не отишле во театар, а ако отишле, ништо не научиле.

„Оружјето на актерите се само зборовите и говорот, како најголем цивилизациски дострел на демократијата. Се боревме за слобода на говорот на сцената и во животот, а секој на кого таа слобода му пречи има сериозни проблеми со сопствениот живот. Ова е едноставно неприфатливо“, рече Ковачевиќ.

Тој оцени дека нападите врз актерите и луѓето кои се занимаваат со уметност и слобода на говор се погубни за секое општество, а општеството во Србија „цивилизациски се уназадува“.

„Ова што денес се случува кај нас не враќа цивилизациски назад, тоа е неприфатливо и слободно можам да кажам дека владата што го прави ова работи во корист на своја штета“, рече Ковачевиќ.

Управникот на Народниот театар во Белград, актерот Светислав Буле Гончиќ, ги осуди заканите упатени кон актерите во Србија и побара од сите да ја ублажат реториката.

„Најгласно го осудувам насилството од секаков вид, заканите кон актерите, загрозувањето на семејствата и децата, го осудувам политизирањето на содржините во чиј интерес и секаков вид притисок го сметам за „интелектуално насилство“ и барам од сите да ја ублажат реториката, изјави Гончиќ за весникот „Данас“

The post Српски актери цел на напади од властите поради поддршка на протестите „Србија против насилството“ appeared first on Република.

]]>

Актерите во Србија кои го поддржаа граѓанскиот бунт и се приклучија на масовните протести „Србија против насилството“, поттикнати од масовни убиства во две престрелки на почетокот на мај, станаа цел на напади од властите и провладините медиуми - од навреди во Парламентот до закани на социјалните мрежи. Протестите против насилството во политиката, јавниот простор и медиумите почнаа неколку дена по убиството на деветте ученици и чувар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, и масовното убиство на осум млади луѓе еден ден подоцна во две села во близина на Белград. Актерите го поддржаа бунтот на граѓаните кои, заедно со проевропската опозиција, ја гледаат Владата за одговорна за промовирање и толерирање насилство, неморал и омраза во прорежимските медиуми и јавниот простор, а многу од нив директно се вклучија говорејќи на протестни собири и учество во веќе шест ппротести досега во кои десетици илјади луѓе еднаш неделно го блокираат центарот на Белград и ги опколуваат државните институции. Актерите се најдоа на удар на претставниците на владејачката коалиција предводена од Српската напредна странка - од објавувањето на наводните милионски хонорари што им биле платени за филмови и ТВ серии, па се до нарекувањето „ѓубриња“ од парламентарната подиумот и на ТВ во живо. Потоа следеа закани на социјалните мрежи со предупредување да внимаваат на децата, до инцидент со оштетени автомобили и текстови за погром во прорежимските медиуми. Актерите, меѓу другото, се обвинети за антидемократско уривање на државата и уставниот поредок и за антицивилизациски дела против телевизиите со национална фреквенција чии програми промовираат насилство, омраза и неморал. По тие напади, актерите објавија проглас и го прочитаа пред публиката по театарските претстави, поради изречените лаги, клевети и навреди на нивна сметка во Парламентот најавија кривична пријава, но порачаа и дека нема да се откажуваат во изразувањето на својата волја и мислење за длабоките поделби во општеството.
„Тој речник на омраза, погрдни имиња, прозивки и други работи веќе не важи. Единственото „оружје“ против тоа е - да не се плашиш. Ова не може да биде трка на сто метри. Нашата прошетка не може да биде трка на сто метри“, изјави актерката Милена Павловиќ.
Драмскиот писател и академик Душан Ковачевиќ оцени дека нападите врз актерите се „скандал и срам, демонстрација на арогантната моќ на властите и другите што ги следат во ова“. Ковачевиќ, кој е и управител на театарот „Звездара“, за весникот „Данас“ изјави дека тие што им се закануваат на актерите не отишле во театар, а ако отишле, ништо не научиле.
„Оружјето на актерите се само зборовите и говорот, како најголем цивилизациски дострел на демократијата. Се боревме за слобода на говорот на сцената и во животот, а секој на кого таа слобода му пречи има сериозни проблеми со сопствениот живот. Ова е едноставно неприфатливо“, рече Ковачевиќ.
Тој оцени дека нападите врз актерите и луѓето кои се занимаваат со уметност и слобода на говор се погубни за секое општество, а општеството во Србија „цивилизациски се уназадува“.
„Ова што денес се случува кај нас не враќа цивилизациски назад, тоа е неприфатливо и слободно можам да кажам дека владата што го прави ова работи во корист на своја штета“, рече Ковачевиќ.
Управникот на Народниот театар во Белград, актерот Светислав Буле Гончиќ, ги осуди заканите упатени кон актерите во Србија и побара од сите да ја ублажат реториката.
„Најгласно го осудувам насилството од секаков вид, заканите кон актерите, загрозувањето на семејствата и децата, го осудувам политизирањето на содржините во чиј интерес и секаков вид притисок го сметам за „интелектуално насилство“ и барам од сите да ја ублажат реториката, изјави Гончиќ за весникот „Данас“

The post Српски актери цел на напади од властите поради поддршка на протестите „Србија против насилството“ appeared first on Република.

]]>
Бројни турски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи и понудија поддршка на оние на кои им е потребна https://arhiva3.republika.mk/scena/film/brojni-turski-zvezdi-se-oglasija-na-sotsijalnite-mrezhi-i-ponudija-poddrshka-na-onie-na-koi-im-e-potrebna/ Tue, 07 Feb 2023 09:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=605860

Турција  вчера ја погодија неколку силни земјотреси, а бројни турски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи и им понудија поддршка на оние на кои им е потребна.

Актерката Седа Бакан, им се обрати на своите следбеници, велејќи:

Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување.

Актерот Бурак Озчивит, напиша:

Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост за нашето население кое ги загуби животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување.

Се огласи и Туба Бујукустун, велејки:

Турција прогласи состојба на тревога од четврти степен. „Четврти степен“ вклучува и повик за меѓународна помош. За оние ширум светот кои ја читаат оваа порака... Нашиот народ, кој се најде под урнатините на земјотресот во мојата земја, бараат ваша помош за да се спасат“, напиша Туба.

Се разбудив со страшен потрес. На сите им посакувам брзо закрепнување. Каква катастрофа на овој студ“, вели Демет Оздемир.

На следбениците им се обрати и актерката Елчин Сангу.

Длабоко сме погодени поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“ напиша актерката.

The post Бројни турски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи и понудија поддршка на оние на кои им е потребна appeared first on Република.

„Аудиција сега“ – Иницијатива на театарските работници бара средба со министерката за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/audicija-sega-inicijativa-na-teatarskite-rabotnici-bara-sredba-so-ministerkata-za-kultura/ Sun, 27 Mar 2022 11:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=479268

„Аудиција сега“ бараат над 60 дипломци, дел од Иницијативата на невработени театарџии во државава.

Над 160 дипломирани театарски работилници, од кои еден дел се на професионално доусовршување во странство, дел се имаат откажано од театарот, а над 60 театарџии- невработени и вработени, но не во својата струка, актери, режисери, продуценти и драматурзи/драмски автори, ја формираа иницијативата „Аудиција сега“, барајќи да се сретнат со надлежните.

Нашата порака за Светскиот ден на театарот е малку поразлична од другите, има форма на Листа на барања, кои претставниците  сакаат да ги продискутираат на средба со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која и формално беше побарана на 25 март годинава“, велат од „Аудиција сега“.

Приоритетно барање на Иницијативата е формирање на работна група за разработка на веќе постоечките, но и креирање нови културни политики, отворање нови работни места, воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена, водење сметка за процентот на учество на невработени/вработени театарџии во театарските продукции при бодувањето, задолжително ангажирање невработени режисери со по минимум еден проект во институциите годишно, ангажирање невработени актери во секоја претстава во продукција на институционалните театри и редовни конкурси за драми на македонски драмски автори.

Сосема случајно, дел од пораката по повод Светскиот ден на театарот на д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје, го објаснува она што нè поттикна да ја формираме оваа Иницијатива ‘Најважно од сѐ, публиката, критиката, театролозите, професорите да се искрени пред себе и пред театарските уметници, да се говори јавно, отворено, да се критикува, но не да се критизира, да се инспирира, да се отвораат можностите, да не се дозволува еден или двајца луѓе да креираат програма на една театарска заедница, да се даде шанса на сите што ја заслужуваат, затоа што ние сите му требаме на театарот’, истакнуваат од Иницијативата.

Оттаму дополнуваат дека очекуваат позитивен одговор и покана од министерката за култура, а нагласуваат дека сите заинтересирани театарции може да се приклучат на Иницијативата преку допис на audicijasegainicijativa@gmail.com.

The post „Аудиција сега“ – Иницијатива на театарските работници бара средба со министерката за култура appeared first on Република.

]]>

„Аудиција сега“ бараат над 60 дипломци, дел од Иницијативата на невработени театарџии во државава. Над 160 дипломирани театарски работилници, од кои еден дел се на професионално доусовршување во странство, дел се имаат откажано од театарот, а над 60 театарџии- невработени и вработени, но не во својата струка, актери, режисери, продуценти и драматурзи/драмски автори, ја формираа иницијативата „Аудиција сега“, барајќи да се сретнат со надлежните.