акредитивни писма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akreditivni-pisma/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 11:52:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png акредитивни писма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akreditivni-pisma/ 32 32 Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Фатих Улусој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-gi-primi-akreditivnite-pisma-na-novoimenuvaniot-ambasador-na-republika-turtsija-fatih-ulusoj/ Tue, 19 Mar 2024 11:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=756290

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Фатих Улусој, новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Република Македонија.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма нагласи дека Република Македонија и Република Турција уживаат долгогодишно традиционално пријателство и изрази задоволство од одличните билатерални односи коишто се карактеризираат со меѓусебна поддршка и почитување. Тој упати благодарност за целокупната поддршка којашто Република Турција ја даваше уште од независноста на Република Македонија во раните 90-ти години на минатиот век и продолжува да ја дава до ден-денешен. Претседателот Пендаровски рече дека денес, како сојузници во НАТО, двете земји се соочуваат со особено турбулентни времиња, коишто секако влијаат и на нашиот регион и притоа посочи дека соработката, довербата и координацијата во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалните миграции, сајбер-заканите и слични феномени, претставуваат приоритет за сите нас и се додадена вредност во односите. Посочувајќи дека двете земји развиваат динамични економски односи, претседателот Пендаровски изрази уверување дека постои заемна подготвеност за отворање нови перспективи, со цел натамошно интензивирање на економската соработка и за зголемување на трговската размена, како и соработката во областите на безбедноста, одбраната, земјоделството, образованието, културата, науката.

Амбасадорот Фатих Улусој во своето обраќање истакна дека Турција го цени партнерството што го споделува со Македонија кое е засновано на меѓусебна почит, доверба и соработка и додаде дека нашата држава ја смета за важен партнер на Балканот. Тој нагласи дека заедничката култура овозможува на едно привилегирано ниво да се одржуваат односите и соработката како на билатерален, така и на мултилатерален план. Турскиот амбасадор ги посочи турската заедница, која со векови опстојува на ова поднебје и која работи за развојот и благосостојбата на Македонија, како и турските државјани кои потекнуваат од овде, а се иселени во Турција, како најважните елементи во меѓусебните односи. Амбасадорот Улусој рече дека со нашето членство во НАТО, кое силно го поддржуваат, е додадена и сојузничка димензија во односите, а двете земји со блиската соработка на разни регионални теми го поттикнуваат мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот и пошироко. Турскиот амбасадор подвлече дека Македонија со својата мултикултурна и мултиетничка структура, на целиот Балкан претставува пример во смисла на заеднички соживот во мир на заедниците.

Претседателот Пендаровски на турскиот амбасадор му посака многу успех и добро здравје во извршувањето на неговата амбасадорска мисија.

The post Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Фатих Улусој appeared first on Република.

]]>