Аки Рахимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aki-rahimovski/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Mar 2023 09:58:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аки Рахимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aki-rahimovski/ 32 32 „Парни ваљак“ му најде замена на Аки Рахимовски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/parni-valak-mu-najde-zamena-na-aki-rahimovski/ Thu, 23 Mar 2023 09:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=622795

Легендарниот пејач на групата Парни ваљак, Аки Рахимовски, почина во јануари минатата година.

Една година по смртта на Аки Рахимовски, овој популарен бенд излезе со соопштение во кое откри дека нов пејач на Парни ваљак ќе биде Игор Дрвенкар.

Моја глава, мои правила feat. Игор Дрвенкар, четврток, 23.03. во 12 часот. Премиерата на нашата нова песна на радио станиците ширум регионот и видеото на нашиот канал на Јутјуб, соопштија членовите на Парни ваљак.

Хрватската јавност Игор Дрвенкар го запозна преку популарната хрватска емисија „А страна“.

Дрвенкар пеел во различни бендови, а се испробал и во неколку мјузикли, меѓу кои, „Исус Христос Суперстар“ и „Убавицата и ѕверот“. Тој ги забавуваше загрепчани на пречекот на 2022 година.

The post „Парни ваљак“ му најде замена на Аки Рахимовски appeared first on Република.

]]>

Легендарниот пејач на групата Парни ваљак, Аки Рахимовски, почина во јануари минатата година. Една година по смртта на Аки Рахимовски, овој популарен бенд излезе со соопштение во кое откри дека нов пејач на Парни ваљак ќе биде Игор Дрвенкар.
Моја глава, мои правила feat. Игор Дрвенкар, четврток, 23.03. во 12 часот. Премиерата на нашата нова песна на радио станиците ширум регионот и видеото на нашиот канал на Јутјуб, соопштија членовите на Парни ваљак.
Хрватската јавност Игор Дрвенкар го запозна преку популарната хрватска емисија „А страна“. Дрвенкар пеел во различни бендови, а се испробал и во неколку мјузикли, меѓу кои, „Исус Христос Суперстар“ и „Убавицата и ѕверот“. Тој ги забавуваше загрепчани на пречекот на 2022 година.  

The post „Парни ваљак“ му најде замена на Аки Рахимовски appeared first on Република.

]]>
Почина мајката на Аки Рахимовски, до последно не знаеше дека син ѝ си заминал пред неа https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochina-majkata-na-aki-rahimovski-do-posledno-ne-znaeshe-deka-sin-si-zaminal-pred-nea/ Sat, 30 Apr 2022 09:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=495640

Мајката на Аки Рахимовски, Ана, утрово почина во Скопје. Веста ја објави нивната кума, новинарката Мирјана Василева, која порача дека Ана сега конечно е заедно со својот син.

Патувај во божјата светлила тетка Ана, сигурно ќе те дочека синот Аки Рахимовски, почивај во мир, напиша Василева.

Василева за „Женски магазин“  раскажа дека Ана починала во домот за стари лица каде што претсојувала последниот период од својот живот, и до самиот крај не знаела дека нејзиниот син починал пред неа.

До последно, тетка Ана не знаеше дека Аки е починат, си замина без да знае дека синот си замина пред неа. Не беше добра со здравјето, и медицинскиот персонал решил да не ѝ создава дополнителни стресови. Аки, пред да почине требаше да дојде во Скопје, да ја види својата болна мајка, беа многу поврзани. Му беа вградени четири стента на срцето, и мислам дека сè уште не беше подготвен за патување. Но, кога од Скопје му јавија дека мајка му не е добра, тој реши веднаш да дојде. За жал, еден ден пред да допатува до Скопје, Аки почина. Мајка му се подготвуваше за таа средба, но не дочека да си го види синот, раскажа Василева за „Женски магазин“..

The post Почина мајката на Аки Рахимовски, до последно не знаеше дека син ѝ си заминал пред неа appeared first on Република.

Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/povekje-od-18-000-lugje-vo-publikata-se-prostija-od-aki-rahimovski-vo-zagrepskata-arena-na-koncertot-valjak-i-prijatelite/ Sun, 27 Mar 2022 11:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=479273

Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже… Аки“. Тоа без сомнение беше најемотивниот настап на „Парни ваљак“ во нивната 47-годишна музичка кариера, сосема очекувано, бидејќи тие првпат се појавија на сцената без нивниот фронтмен, пејачот Аки Рахимовски, од чија смрт мина нешто повеќе од два месеци. До самиот почеток на концертот, бендот успеа да ги чува во тајност имињата на повеќето музичари – пријателите кои наместо нивното заштитно лице и глас ги пееја хитовите на Ваљко а таа улога ја презедоа Златан Стипишиќ Џибони, Момчило Бајагиќ Бајага, Масимо Савиќ, Нина Бадриќ, Давор Гобац, Нено Белан, Перо Галиќ, Дино Јелушиќ Филип Рудан, Нермин Пушкар и синот на Аки, Кристијан Рахимовски.

Некои нови деца, всушност претежно девојчиња, пристигнаа меѓу првите во Арената, веднаш штом се отвори вратата во 19. часот и ги зазедоа првите редови од партерот. По два и пол часа концертот започна со снимка на „За малку нежност“ и фотографиите на Аки, па барем за кратко со ликот и гласот на Аки Рахимовски повторно се најде пред распродадената Арена. Бендот – Хусеин Хасанефендиќ Хус, Маријан Бркиќ Брк, Берислав Блажевиќ Беро, Зорислав Прексавец Прекси, Далибор Маринковиќ Дадо, Кристина Кресник и Ана Кабалин – го отсвиреа инструменталниот дел од оваа трогателна песна. Хус, авторот на повеќето хитови на Ваљак, прв го презеде микрофонот и со сесрдна поддршка од публиката ја отпеа „Застава“.

Овој концерт мора да биде радост и сеќавање на живот што малкумина го имале, рекол Хус.

Го следел Кики Рахимовски со „Загреб“, па гостите и песните само продолжија. Севкупно, бендот и пријателите изведоа 30. песни од богатиот опус на Ваљак создаден за речиси половина век од нивното постоење. Публиката можеше да ги слушне легендарните хитови – „Дневник“, „Време на љубовта“, „Кукла за бал“, „Молитва“, „Фати го ритамот“, „Есен во мене“, „Кога ќе ме допре“, „Во пролаз“, „Недела“, … и пееше и играше со Ваљак цел концерт.

Оваа фантастична вечер во Арената достојна за Аки, Златан Стипишиќ Џибони ја заврши нешто по полноќ со песната „Се уште мириса на неа“, а при изведбата на таа песна на Џибони на сцената му се придружија сите гости.

Извор: jutarnji.hr

The post Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите“ appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже… Аки“. Тоа без сомнение беше најемотивниот настап на „Парни ваљак“ во нивната 47-годишна музичка кариера, сосема очекувано, бидејќи тие првпат се појавија на сцената без нивниот фронтмен, пејачот Аки Рахимовски, од чија смрт мина нешто повеќе од два месеци. До самиот почеток на концертот, бендот успеа да ги чува во тајност имињата на повеќето музичари – пријателите кои наместо нивното заштитно лице и глас ги пееја хитовите на Ваљко а таа улога ја презедоа Златан Стипишиќ Џибони, Момчило Бајагиќ Бајага, Масимо Савиќ, Нина Бадриќ, Давор Гобац, Нено Белан, Перо Галиќ, Дино Јелушиќ Филип Рудан, Нермин Пушкар и синот на Аки, Кристијан Рахимовски. Некои нови деца, всушност претежно девојчиња, пристигнаа меѓу првите во Арената, веднаш штом се отвори вратата во 19. часот и ги зазедоа првите редови од партерот. По два и пол часа концертот започна со снимка на „За малку нежност“ и фотографиите на Аки, па барем за кратко со ликот и гласот на Аки Рахимовски повторно се најде пред распродадената Арена. Бендот – Хусеин Хасанефендиќ Хус, Маријан Бркиќ Брк, Берислав Блажевиќ Беро, Зорислав Прексавец Прекси, Далибор Маринковиќ Дадо, Кристина Кресник и Ана Кабалин – го отсвиреа инструменталниот дел од оваа трогателна песна. Хус, авторот на повеќето хитови на Ваљак, прв го презеде микрофонот и со сесрдна поддршка од публиката ја отпеа „Застава“.
Овој концерт мора да биде радост и сеќавање на живот што малкумина го имале, рекол Хус.
Го следел Кики Рахимовски со „Загреб“, па гостите и песните само продолжија. Севкупно, бендот и пријателите изведоа 30. песни од богатиот опус на Ваљак создаден за речиси половина век од нивното постоење. Публиката можеше да ги слушне легендарните хитови – „Дневник“, „Време на љубовта“, „Кукла за бал“, „Молитва“, „Фати го ритамот“, „Есен во мене“, „Кога ќе ме допре“, „Во пролаз“, „Недела“, … и пееше и играше со Ваљак цел концерт. Оваа фантастична вечер во Арената достојна за Аки, Златан Стипишиќ Џибони ја заврши нешто по полноќ со песната „Се уште мириса на неа“, а при изведбата на таа песна на Џибони на сцената му се придружија сите гости. Извор: jutarnji.hr

The post Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите“ appeared first on Република.

]]>
Министерката за култура на средба со синот на Аки https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/ministerkata-za-kultura-na-sredba-so-sinot-na-aki/ Wed, 02 Feb 2022 18:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=453184

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Кристијан Рахимовски, синот на неодамна починатата музичка легенда Аки Рахимовски, во Крушево оддадоа почит и евоцираа спомени за уште едно големо име на македонската поп-музика, Тоше Проески.

„Тоше и Аки беа пријатели и вистински амбасадори на македонската култура. Наша должност е нивното дело да го чуваме и да го афирмираме како што тие несебично ја промовираа македонската култура на секој свој јавен настап“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Кристијан, и самиот музичар, ја запозна министерката Костадиновска-Стојчевска со својата професионална кариера, која, како што рече тој, е под силно влијание од неговиот татко. Во татковината на Аки, Кристијан доаѓа по 35 години, и освен во Крушево, престојува и во Скопје, запознавајќи ги градот и улиците од детството на неговиот татко, како и неговите пријатели. Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази жалење за смртта на Аки и порача дека тој и неговиот „Парни ваљак“ одамна го пробија патот до незаборавот. Таа додаде дека нашата држава секогаш ќе биде благодарна и ќе ја негува почитта кон неговото дело и кон сето она што тој со својата енергија и полудецениската кариера го направи за промоција на културата на нашата држава и на македонската музика.

The post Министерката за култура на средба со синот на Аки appeared first on Република.

„Боже си дојдов дома, во земјата на мојот татко“: Синот на Аки Рахимовски по 35 години дојде во Македонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/boze-si-dojdov-doma-vo-zemjata-na-mojot-tatko-sinot-na-aki-rahimovski-po-35-godini-dojde-vo-makedonija/ Mon, 31 Jan 2022 12:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=451944

Кристијан Рахимовски (40), вчера пристигна во Скопје, во градoт каде што живееше неговиот татко, легендарниот пејач Аки Рахимовски, кој почина пред девет дена. Денеска со министерката за култура ќе патува за Крушево, да го посети вечното почивалиште на Тоше Проески.

Во краткиот разговор за „Женски магазин“ открива дека кога се симнал од авион го обзеле безброј емоции.

Само што зачекорив на македонското тло почнав да плачам. Му реков на мојот менаџер „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“. Последен пат бев во Скопје пред 35 години. Дојдов приватно, да ја посетам баба ми и роднините, вели тој.

The post „Боже си дојдов дома, во земјата на мојот татко“: Синот на Аки Рахимовски по 35 години дојде во Македонија appeared first on Република.

]]>

Кристијан Рахимовски (40), вчера пристигна во Скопје, во градoт каде што живееше неговиот татко, легендарниот пејач Аки Рахимовски, кој почина пред девет дена. Денеска со министерката за култура ќе патува за Крушево, да го посети вечното почивалиште на Тоше Проески. Во краткиот разговор за „Женски магазин“ открива дека кога се симнал од авион го обзеле безброј емоции.
Само што зачекорив на македонското тло почнав да плачам. Му реков на мојот менаџер „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“. Последен пат бев во Скопје пред 35 години. Дојдов приватно, да ја посетам баба ми и роднините, вели тој.

The post „Боже си дојдов дома, во земјата на мојот татко“: Синот на Аки Рахимовски по 35 години дојде во Македонија appeared first on Република.

]]>
„Тата рада те имам“: И двегодишната Антонио му испрати последна порака на Аки https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/tata-rada-te-imam-i-dvegodishnata-antonio-mu-isprati-posledna-poraka-na-aki/ Fri, 28 Jan 2022 08:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=450567

Белиот венец во облик на срце ги расплака сите на погребот на Аки Рахимовски. Венецот беше од неговата двегодишна ќерка Антонија.

Тата рада те имам, Антонија-пишуваше на венецот.

Ќерката Антонија Аки ја доби со партнерката Барбара со која живееше неколку години и која беше со него во моментот кога почина.

Аки има и две возрасни деца, Кристијан и Дина.

The post „Тата рада те имам“: И двегодишната Антонио му испрати последна порака на Аки appeared first on Република.

]]>

Белиот венец во облик на срце ги расплака сите на погребот на Аки Рахимовски. Венецот беше од неговата двегодишна ќерка Антонија. Тата рада те имам, Антонија-пишуваше на венецот. Ќерката Антонија Аки ја доби со партнерката Барбара со која живееше неколку години и која беше со него во моментот кога почина. Аки има и две возрасни деца, Кристијан и Дина.  

The post „Тата рада те имам“: И двегодишната Антонио му испрати последна порака на Аки appeared first on Република.

]]>
Арсовска предложи Аки Рахимовски да добие улица во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-predlozi-aki-rahimovski-da-dobie-ulica-vo-skopje/ Fri, 28 Jan 2022 08:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=450546

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа најави дека ќе предложи Советот на Град Скопје да донесе одлука, улица во Скопје да биде именувана според легандарниот хрватски пејач со македонско потекло, Аки Рахимовски.

-Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, попладнево беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме.

Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги, пишува Арсовска во својата објава.

The post Арсовска предложи Аки Рахимовски да добие улица во Скопје appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа најави дека ќе предложи Советот на Град Скопје да донесе одлука, улица во Скопје да биде именувана според легандарниот хрватски пејач со македонско потекло, Аки Рахимовски. -Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, попладнево беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме. Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги, пишува Арсовска во својата објава.

The post Арсовска предложи Аки Рахимовски да добие улица во Скопје appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Споменот за Аки преку неговата песна ќе биде вечен! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-spomenot-za-aki-preku-negovata-pesna-kje-bide-vechen/ Wed, 26 Jan 2022 18:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=449957

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, попладнево се потпиша во книгата на жалост и запали свеќа на платото поставено на плоштадот Македонија во чест на естрадниот уметник Аки Рахимовски.

Последно збогум за нашиот Аки Рахимовски..
Македонија но и Балканот загуби голем естраден уметник.
Споменот за Аки преку неговата песна ќе биде вечен! - напиша Стефковски.

The post Стефковски: Споменот за Аки преку неговата песна ќе биде вечен! appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, попладнево се потпиша во книгата на жалост и запали свеќа на платото поставено на плоштадот Македонија во чест на естрадниот уметник Аки Рахимовски.
Последно збогум за нашиот Аки Рахимовски.. Македонија но и Балканот загуби голем естраден уметник. Споменот за Аки преку неговата песна ќе биде вечен! - напиша Стефковски.

The post Стефковски: Споменот за Аки преку неговата песна ќе биде вечен! appeared first on Република.

]]>
Тажна е нашата улица… Скопје во чест на Аки https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tazna-e-nashata-ulica-skopje-vo-chest-na-aki/ Wed, 26 Jan 2022 18:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=449942

На Градскиот плоштад во Скопје граѓани и музичари му оддаваат последна почит на Аки Рахимовски, еден од најдобрите рок-пејачи во регионот, фронтмен на групата „Парни Ваљак“. Попладнево отворена е Книга на жалост. Вечерва граѓаните ги слушаат неговите песни, се присетуваат на неговите настап, ги коментираат неговите анегдоти.

The post Тажна е нашата улица… Скопје во чест на Аки appeared first on Република.

„Тажна е нашата улица“: Скопјани се простуваат од Аки https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tazna-e-nashata-ulica-skopjani-se-prostuvaat-od-aki/ Wed, 26 Jan 2022 15:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=449863

На Плоштадот Македонија е поставена книга на жалост во која граѓаните оставааат пораки за ненадејната смрт на Аки Рахимовски.

Аки беше Скопјанец и пејач на групата Парни Ваљак.

Вечерва пак ќе се одржи концерт во негова чест на која ќе настапат неколкумина негови пријатели од македонската сцена.

The post „Тажна е нашата улица“: Скопјани се простуваат од Аки appeared first on Република.

]]>

На Плоштадот Македонија е поставена книга на жалост во која граѓаните оставааат пораки за ненадејната смрт на Аки Рахимовски. Аки беше Скопјанец и пејач на групата Парни Ваљак. Вечерва пак ќе се одржи концерт во негова чест на која ќе настапат неколкумина негови пријатели од македонската сцена.  

The post „Тажна е нашата улица“: Скопјани се простуваат од Аки appeared first on Република.

]]>
Aки ќе биде испратен и со две македонски песни https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/aki-kje-bide-ispraten-i-so-dve-makedonski-pesni/ Wed, 26 Jan 2022 12:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=449748

Александар Аки Рахимовски ќе биде испратен во последното почивалиште со песната „Sailing“ од Род Сјуарт, која Аки често му ја пееше на својот син Кики.

- Татек добро спие - им рекол на пријателите расплаканиот Кики Рахимовски, синот на Аки Рахимовски.

Аки Рахимовски ќе биде погребан во четврток во 15 часот во загрепски Мирогој во Алејата на великаните, со семејството и пријателите.

Големиот музичар во вечниот покој ќе го придружува песната „Sailing“ од Род Стјуарт, која Аки често му ја пееше на својот син Кики додека тој беше сè уште бебе.

До последниот одмор ќе го придружуваат членовите на клапата, кои покрај неговиот гроб ќе отпеат две македонски песни кои Аки многу ги сакаше.

The post Aки ќе биде испратен и со две македонски песни appeared first on Република.

]]>

Александар Аки Рахимовски ќе биде испратен во последното почивалиште со песната „Sailing“ од Род Сјуарт, која Аки често му ја пееше на својот син Кики.
- Татек добро спие - им рекол на пријателите расплаканиот Кики Рахимовски, синот на Аки Рахимовски.
Аки Рахимовски ќе биде погребан во четврток во 15 часот во загрепски Мирогој во Алејата на великаните, со семејството и пријателите. Големиот музичар во вечниот покој ќе го придружува песната „Sailing“ од Род Стјуарт, која Аки често му ја пееше на својот син Кики додека тој беше сè уште бебе. До последниот одмор ќе го придружуваат членовите на клапата, кои покрај неговиот гроб ќе отпеат две македонски песни кои Аки многу ги сакаше.

The post Aки ќе биде испратен и со две македонски песни appeared first on Република.

]]>
Испраќање на Аки Рахимовски денес на плоштадот Македонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/isprakjanje-na-aki-rahimovski-denes-na-ploshtadot-makedonija/ Wed, 26 Jan 2022 08:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=449564

Денес, 26 јануари, пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски.

Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа во чест на нашиот Аки, наведуваат организаторите.

Главното собирање се планира од 18 до 19,30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.

Последното збогување со Аки Рахимовски го организира Радио бубамара со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје.

На Градскиот плоштад ќе ја слушнеме и песната „Ако згрешам, нека изгорам“ на Пепи Бафтировски, која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс“. Тоа е неговата последна снимка кај нас. Неделава, оваа песна се емитува како хит на Бубамара радио, наведуваат организаторите.

The post Испраќање на Аки Рахимовски денес на плоштадот Македонија appeared first on Република.

]]>

Денес, 26 јануари, пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски. Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа во чест на нашиот Аки, наведуваат организаторите. Главното собирање се планира од 18 до 19,30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“. Последното збогување со Аки Рахимовски го организира Радио бубамара со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје. На Градскиот плоштад ќе ја слушнеме и песната „Ако згрешам, нека изгорам“ на Пепи Бафтировски, која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс“. Тоа е неговата последна снимка кај нас. Неделава, оваа песна се емитува како хит на Бубамара радио, наведуваат организаторите.  

The post Испраќање на Аки Рахимовски денес на плоштадот Македонија appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се палат свеќи за Аки Рахимовски на плоштадот Македонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/utre-kje-se-palat-svekji-za-aki-rahimovski-na-ploshtadot-makedonija/ Tue, 25 Jan 2022 17:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=449387

Во среда, 26 јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски.

Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа.

Главното собирање се планира од 18 до 19:30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.

The post Утре ќе се палат свеќи за Аки Рахимовски на плоштадот Македонија appeared first on Република.

]]>

Во среда, 26 јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски. Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа. Главното собирање се планира од 18 до 19:30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.

The post Утре ќе се палат свеќи за Аки Рахимовски на плоштадот Македонија appeared first on Република.

]]>
Со Аки сум се родил, со Аки ќе си умрам… Џамбазов за Аки…. https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/so-aki-sum-se-rodil-so-aki-kje-si-umram-dzambazov-za-aki/ Sun, 23 Jan 2022 21:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=448474

Како гром од ведро небо беше вчера информацијата дека овој свет го напуштил Аки Рахимовски, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“. Аки почина вчера, на 67-годишна возраст во Словенија, каде живееше веќе неколку години заедно со својата партнерка и нивната двегодишна ќерка.

Погледнете:

Со Аки сум се родил,
со Аки ќе си умрам…

Instagram post shared by @igordzambazov

The post Со Аки сум се родил, со Аки ќе си умрам… Џамбазов за Аки…. appeared first on Република.

]]>

Како гром од ведро небо беше вчера информацијата дека овој свет го напуштил Аки Рахимовски, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“. Аки почина вчера, на 67-годишна возраст во Словенија, каде живееше веќе неколку години заедно со својата партнерка и нивната двегодишна ќерка.   Погледнете: Со Аки сум се родил, со Аки ќе си умрам… Instagram post shared by @igordzambazov

The post Со Аки сум се родил, со Аки ќе си умрам… Џамбазов за Аки…. appeared first on Република.

]]>
Тргни и полетај, без страв… Каролина се опрости од Аки Рахимовски https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/trgni-i-poletaj-bez-strav-karolina-se-oprosti-od-aki-rahimovski/ Sun, 23 Jan 2022 21:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=448470

Многу познати личности од целиот Балкан се простуваат со музичката легенда Аки Рахимовски кој вчера почина на 67-годишна возраст во Словенија.

Посебна објава на социјалните мрежи му посвети и нашата пејачка Каролина Гочева која беше добра пријателка со Аки.

Таа на својот профил на Инстаграм објави видео од нивни зеаднички настап од пред неколку години, а во коментар напиша неколку емотивни зборови…

„Тргни и полетај, без страв… all you need is love. За Аки, кој никогаш не застана и никогаш од ништо не се плашеше“.

View this post on Instagram

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

The post Тргни и полетај, без страв… Каролина се опрости од Аки Рахимовски appeared first on Република.

]]>

Многу познати личности од целиот Балкан се простуваат со музичката легенда Аки Рахимовски кој вчера почина на 67-годишна возраст во Словенија. Посебна објава на социјалните мрежи му посвети и нашата пејачка Каролина Гочева која беше добра пријателка со Аки. Таа на својот профил на Инстаграм објави видео од нивни зеаднички настап од пред неколку години, а во коментар напиша неколку емотивни зборови…
„Тргни и полетај, без страв… all you need is love. За Аки, кој никогаш не застана и никогаш од ништо не се плашеше“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

The post Тргни и полетај, без страв… Каролина се опрости од Аки Рахимовски appeared first on Република.

]]>
Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата, се гледаме еден ден: Кики Рахимовски се прости од својот татко https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/tato-moj-sega-odmori-se-a-potoa-rokaj-gore-so-ekipata-se-gledame-eden-den-kiki-rahimovski-se-prosti-od-svojot-tatko/ Sun, 23 Jan 2022 09:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=448283

Социјалните мрежи се уште се преплавени со изрази на сочувство по смртта на фронтменот на Парни Ваљак – Аки Рахимовски.

Со трогателна порака од својот татко се прости и неговиот син Кристијан Рахимовски.

Тато, прерано ме остави. Многу рано. Луѓето велат дека Господ така сакал. Бевме повеќе со песна отколку со зборови, не знаеше друг начин, не можеше да се симнеш од таа сцена во главата, па ти пријдов само со песна. А можевме да направиме многу повеќе тато. Болиш неописливо. Утеха ми е што ќе имам барем дел од тебе во моите песни како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно… Луѓето знаеја се за нас, а не знаеја ништо.. Знаевме јас и ти… На сите ни недостасуваш тато. Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата. Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки, повици… Ви значеше и на вас затоа што беше голем, како и Оли недопирлив. Татко мој, ти ми рече пред неколку дена: Сине, и јас те сакам, да бегај таму и се гледаме. Се гледаме тато еден ден… Збогум тато, те сакам тато… Се гледаме…, напиша тој на Фејсбук.

The post Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата, се гледаме еден ден: Кики Рахимовски се прости од својот татко appeared first on Република.

]]>

Социјалните мрежи се уште се преплавени со изрази на сочувство по смртта на фронтменот на Парни Ваљак – Аки Рахимовски. Со трогателна порака од својот татко се прости и неговиот син Кристијан Рахимовски. Тато, прерано ме остави. Многу рано. Луѓето велат дека Господ така сакал. Бевме повеќе со песна отколку со зборови, не знаеше друг начин, не можеше да се симнеш од таа сцена во главата, па ти пријдов само со песна. А можевме да направиме многу повеќе тато. Болиш неописливо. Утеха ми е што ќе имам барем дел од тебе во моите песни како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно… Луѓето знаеја се за нас, а не знаеја ништо.. Знаевме јас и ти… На сите ни недостасуваш тато. Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата. Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки, повици… Ви значеше и на вас затоа што беше голем, како и Оли недопирлив. Татко мој, ти ми рече пред неколку дена: Сине, и јас те сакам, да бегај таму и се гледаме. Се гледаме тато еден ден… Збогум тато, те сакам тато… Се гледаме…, напиша тој на Фејсбук.

The post Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата, се гледаме еден ден: Кики Рахимовски се прости од својот татко appeared first on Република.

]]>
Аки Рахимовски денеска требало да дојде во Скопје? https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/aki-rahimovski-deneska-trebalo-da-dojde-vo-skopje/ Sat, 22 Jan 2022 20:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=448224

Пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски почина денеска на 66-годишна возраст. Веста е објавена на официјалната фејсбук страна на групата.
– Малкумина пејачи на овие простори се толку посебни, препознатливи како што е Аки – јужната крв е неговото „гориво“ на секој концерт, е напишано на официјалната страница на „Парни ваљак“ во описот, кој најдобро говори за тоа кој беше Аки Рахимовски и зошто неговиот глас ќе го паметат генерации на љубители на рокот, објави Хина.
– Беше фасциниран со рок музиката и ја користеше секоја прилика да набави понекој винил од странство. Со 15 години беше уредник на Радио Скопје, со 16 веќе свиреше клавијатури во македонскиот бенд „Тор“, кој набргу останува без пејач. Тогаш судбината вмеша прсти и го турна пред микрофонот, се наведува во биографијата на страницата на бендот.
„Парни ваљак“ е основан во 1975 година, откако гитaристот и композиторот Хусеин Хасанефендиќ Хус го видел настапот на Аки.
Во 30 годишната кариера на „Парни ваљак“ објавил 16 студиски албуми, 14 синглови, пет албуми во живо, четири компилации, две конценртни ДВД-а. Меѓу нив и еден од најпродаваните хрватски албуми на сите времиња и најпродавани албуми снимени во живо „Без струја – Live in SeKaeM“. Аки во 2007 година издаде соло албум „Во време на загубените“, а во 2008 година во Умаг одржа концерт со пријателите.
Аки ги пееше најубавите љубовни песни, ќе кажат многумина, меѓу бројните песни со кој засекогаш ја одбележа својата интерпретација се „Љубавна“, „Неда“, „Проклета недеља“, „Лутка за бал“, „Као ти“, „Ухвати ритам“, „Угаси ме“, „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Заставе“, „Загреб има исти позивни“, „Моја је песма лагана“, „Страница дневника“, „Пусти нек траје“…
Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје. Татко му бил професор и на седум години почнал да посетува музичко училиште, каде учел да свири клавир. Подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи. Со групата „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.
Последните години живееше во Ново место, каде и почина, откако изутринава му се слошило, а според информациите на дел од медиумите тој утрово планирал да дојде во земјава.

The post Аки Рахимовски денеска требало да дојде во Скопје? appeared first on Република.

Хрватски медиуми: Докторите цел час се обидувале да го спасат Аки https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/hrvatski-mediumi-doktorite-cel-chas-se-obiduvale-da-go-spasat-aki/ Sat, 22 Jan 2022 16:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=448150

Иако официјално не е соопштена причината за смртта на легендарниот пејач Аки Рахимовски, се споменува дека претходно имал здравствени проблеми, а пред некој ден му биле вградени стентови.
Во април 2018 година, Аки имаше мозочен удар, кога концертните активности на бендот беа откажани на одредено време. Пред неколку дена Аки беше хоспитализиран во болницата каде што помина неколку дена. Му биле вградени стентови, а на членовите на бендот кои дошле да го посетат им рекол дека се чувствува добро. Тој требаше да замине во Пула на рехабилитација, каде што веќе беше по мозочниот удар. Во Словенија се вратил со сопругата и двегодишната ќерка, но судбината сакала поинаку. Лекарите наводно го спасувале цел час, пишуваат хрватските медиуми.

Во изјава за Слободна Далмација, менаџерот на Аки, Дамир Осредечек, потврдил дека пејачот прележал и Ковид.

„На Аки утрото ненадејно му се слошило, веднаш го однеле во болницата во Ново Место каде живеел со сопругата и двегодишната ќерка. За жал, набрзо починал. Сè уште не знаеме што точно се случило, не ни кажаа, но претпоставуваме дека е срцето. Тој деновиве се чувствува прилично лошо. Имаше проблеми и со ‘рбетот, поради што Парни Ваљак ги одложи концертите. Покрај тоа, тој неодамна прележа Ковид, а во срцето му беа вградени шест стентови. Сето ова си го направи своето, за жал“, вели Дамир, пишува Слободна Далмација.

Аки последните години живееше во Словенија со Словенката Барбара Весел, со која ја има двегодишната Антонија.

Својот приватен живот го држеше подалеку од очите на јавноста со години и секогаш јасно кажуваше дека така треба да остане.

-Приватниот живот треба да остане приватен… Парите не се важни. Најважно е семејството. Кога сум со моите внуци, сфаќам што е најважно на светот. Не се парите, тоа се семејството”, изјавил Аки.

Аки Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст, а неговата смрт шокираше многу фанови.

The post Хрватски медиуми: Докторите цел час се обидувале да го спасат Аки appeared first on Република.

]]>

Иако официјално не е соопштена причината за смртта на легендарниот пејач Аки Рахимовски, се споменува дека претходно имал здравствени проблеми, а пред некој ден му биле вградени стентови. Во април 2018 година, Аки имаше мозочен удар, кога концертните активности на бендот беа откажани на одредено време. Пред неколку дена Аки беше хоспитализиран во болницата каде што помина неколку дена. Му биле вградени стентови, а на членовите на бендот кои дошле да го посетат им рекол дека се чувствува добро. Тој требаше да замине во Пула на рехабилитација, каде што веќе беше по мозочниот удар. Во Словенија се вратил со сопругата и двегодишната ќерка, но судбината сакала поинаку. Лекарите наводно го спасувале цел час, пишуваат хрватските медиуми.
Во изјава за Слободна Далмација, менаџерот на Аки, Дамир Осредечек, потврдил дека пејачот прележал и Ковид.
„На Аки утрото ненадејно му се слошило, веднаш го однеле во болницата во Ново Место каде живеел со сопругата и двегодишната ќерка. За жал, набрзо починал. Сè уште не знаеме што точно се случило, не ни кажаа, но претпоставуваме дека е срцето. Тој деновиве се чувствува прилично лошо. Имаше проблеми и со ‘рбетот, поради што Парни Ваљак ги одложи концертите. Покрај тоа, тој неодамна прележа Ковид, а во срцето му беа вградени шест стентови. Сето ова си го направи своето, за жал“, вели Дамир, пишува Слободна Далмација.
Аки последните години живееше во Словенија со Словенката Барбара Весел, со која ја има двегодишната Антонија. Својот приватен живот го држеше подалеку од очите на јавноста со години и секогаш јасно кажуваше дека така треба да остане.
-Приватниот живот треба да остане приватен… Парите не се важни. Најважно е семејството. Кога сум со моите внуци, сфаќам што е најважно на светот. Не се парите, тоа се семејството”, изјавил Аки.
Аки Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст, а неговата смрт шокираше многу фанови.

The post Хрватски медиуми: Докторите цел час се обидувале да го спасат Аки appeared first on Република.

]]>
Прележал корона, имал постојано проблеми со кичма, му вградиле шест стентови – Аки последните денови не се чувствувал добро https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/prelezal-korona-imal-postojano-problemi-so-kichma-mu-vgradile-shest-stentovi-aki-poslednite-denovi-ne-se-chuvstvuval-dobro/ Sat, 22 Jan 2022 15:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=448137

На Аки утрово нагло му се слошило, по што веднаш е однесен во болницата во Ново Место, каде живее со сопругата и двегодишната ќерка. Но набргу починал. Се претпоставува дека е срцето во прашање. Последните неколку дена не се чувствувал добро. Имал проблеми со кичмата, поради што неговиот бенд Парни Вањак ги одложуваше концерите. Прележал и корона, а му биле ставени и шест стента на срцето.

Кристијан Рахимовски, неговиот син, последните неколку дена како да претчувствувал дека здравствената состојба на неговиот татко не е на најдобра. Менаџерот на Аки, Дамир Осредечќи вели дека за смртта на Аки дознале денеска, нешто после 13 часот.

- Кристијан се чувствува многу лошо. Не е во состојба ни да разговара. Речиси секој ден се слушаше со Аки, а пред три дена ми рече дека му е страв за татко му, видел дека не е добар - вели менаџерот.

The post Прележал корона, имал постојано проблеми со кичма, му вградиле шест стентови – Аки последните денови не се чувствувал добро appeared first on Република.

]]>

На Аки утрово нагло му се слошило, по што веднаш е однесен во болницата во Ново Место, каде живее со сопругата и двегодишната ќерка. Но набргу починал. Се претпоставува дека е срцето во прашање. Последните неколку дена не се чувствувал добро. Имал проблеми со кичмата, поради што неговиот бенд Парни Вањак ги одложуваше концерите. Прележал и корона, а му биле ставени и шест стента на срцето. Кристијан Рахимовски, неговиот син, последните неколку дена како да претчувствувал дека здравствената состојба на неговиот татко не е на најдобра. Менаџерот на Аки, Дамир Осредечќи вели дека за смртта на Аки дознале денеска, нешто после 13 часот.
- Кристијан се чувствува многу лошо. Не е во состојба ни да разговара. Речиси секој ден се слушаше со Аки, а пред три дена ми рече дека му е страв за татко му, видел дека не е добар - вели менаџерот.

The post Прележал корона, имал постојано проблеми со кичма, му вградиле шест стентови – Аки последните денови не се чувствувал добро appeared first on Република.

]]>
Познатите се опростуваат од Аки: Патувај маестро, колку само научив од тебе https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/poznatite-se-oprostuvaat-od-aki-patuvaj-maestro-kolku-samo-nauchiv-od-tebe/ Sat, 22 Jan 2022 15:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=448130

Ненад Милосавлјевиќ, Неша Галија вели дека денес не напушти голем човек и пријател како што беше Аки.

-Баш ми е жал. Уште една лоша вест. Тој е човек кој со своите дела се покажа. Ние ја имаме таа привилегија луѓето да не проценуваат преку нашите дела. Што и да кажеме е премалку за човек како него.

Никола Роквиќ од Рахимовски се опрости на инстаграм.

– Патувај маестро, колку само научив од тебе. Голем пејач со прекрасна боја и интонација. Фала ти -напиша Роквиќ

Жељко Самардџиќ истото го направи на својот профил:

– Почивај во мир генерации нека ти е вечна славата.

The post Познатите се опростуваат од Аки: Патувај маестро, колку само научив од тебе appeared first on Република.