акцизи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akcizi/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Dec 2023 14:01:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png акцизи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akcizi/ 32 32 Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/graganite-vo-makedonija-pushat-najmnogu-vo-jugoistochna-evropa-a-tsenite-na-kutija-tsigari-se-najevtini-vo-evropa/ Wed, 06 Dec 2023 14:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=720364

Граѓаните во Македонија се најголеми конзуматори на тутун во споредба со жителите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Високи 48,40% од македонските граѓани пушат цигари, а во ЈИЕ  тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста.

Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше, а тоа се: „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи” и „Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од Македонија”.

Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1 000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот.

Својствено на овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење.

За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет.

Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

М-р Бојана Мијовиќ Христовска која ги презентираше трите сценарија како најопштимално го издвојува зголемувањето на специфичната стапка на акцизата за 30%.

Зголемување на приходите од акциза за 30% покрај тоа што значи прилив од 276 милиони евра во буџетот, носи големи бенефити односно намалување на потрошувачка на цигари за 16%, намалување на број на пушачи за приближно 25000, намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето за околу 7000 и намалување на интензитет на пушење на околу 300 цигари годишно. Тоа воедно значи намалување на интензитетот на пушење по број на цигари на жител, подобрено здравје кај граѓаните и секако намалување на смртноста поврзана со пушење и спасени животи“, рече Христовска.

М-р Тамара Мијовиќ Спасова, од „Аналитика“ тинк тенк истакна дека Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%.

Мијовиќ Спасова потенцира дека иако навидум бројките се мали тие се сериозно високи ако се земе опсег возрата на децата. Таа ги претстави резултатите за адолесцентите кои покажуваат дека речиси 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години.

Затоа наведува Мијовиќ Спасова ценовната политика сама нема да доведе намалување на овие бројки затоа потребни се низа алатки за намалување на овој тренд. Истражувањето исто така покажува дека 79% од младите имаат поголема веројатност да почнат да пушат доколку нивниот родител пуши од причина што цигарите им се достапни дома и 62% можат да почнат да пушат доколку пушат и нивните пријатели.

Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење.

Статистиките на „Аналитика“ велат дека зголемувањето на цените на цигарите за 10% ја намалува веројатноста за започнување со пушење кај младите за 3%. Токму поради овие статистики Мијовиќ Спасова посочува дека државата мора да изнајде мерки кои ќе ги ублажат истите.

Анализите за контрола на тутунот на кои работеше „Аналитика“ бележат навистина поразителни бројки за нашите граѓани особено за младите. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“, посочува Мијовиќ Спасова.

Консумирањето тутун предизвикува срцева слабост и зголемен ризик од срцев и мозочен удар како и серија други здравствени проблеми посочи заменик министерката за здравство Маја Манолева која зема учество во презентирањето на резултатите од спроведените истражувања. Таа рече дека употребата на тутунот е штетно по здравјето на сите граѓани независно дали тие се активни или пасивни пушачи.

„Во сите 10 Центри за јавно здравје во државата функционираат индивидуални и групни советувалишта за откажување од пушење. На годишно ниво во овие центри совети бараат повеќе од 200 граѓани, сепак радува фактот што населението е свесно за негативните последици и бара начини на одвикнување од неговото користење, кажа Манолева.

Настанот кој го организираше „Аналитика“ е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход" финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

The post Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа appeared first on Република.

]]>

Граѓаните во Македонија се најголеми конзуматори на тутун во споредба со жителите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Високи 48,40% од македонските граѓани пушат цигари, а во ЈИЕ  тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше, а тоа се: „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи” и „Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од Македонија”. Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1 000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот. Својствено на овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење. За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето. М-р Бојана Мијовиќ Христовска која ги презентираше трите сценарија како најопштимално го издвојува зголемувањето на специфичната стапка на акцизата за 30%.
Зголемување на приходите од акциза за 30% покрај тоа што значи прилив од 276 милиони евра во буџетот, носи големи бенефити односно намалување на потрошувачка на цигари за 16%, намалување на број на пушачи за приближно 25000, намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето за околу 7000 и намалување на интензитет на пушење на околу 300 цигари годишно. Тоа воедно значи намалување на интензитетот на пушење по број на цигари на жител, подобрено здравје кај граѓаните и секако намалување на смртноста поврзана со пушење и спасени животи“, рече Христовска.
М-р Тамара Мијовиќ Спасова, од „Аналитика“ тинк тенк истакна дека Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Мијовиќ Спасова потенцира дека иако навидум бројките се мали тие се сериозно високи ако се земе опсег возрата на децата. Таа ги претстави резултатите за адолесцентите кои покажуваат дека речиси 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години. Затоа наведува Мијовиќ Спасова ценовната политика сама нема да доведе намалување на овие бројки затоа потребни се низа алатки за намалување на овој тренд. Истражувањето исто така покажува дека 79% од младите имаат поголема веројатност да почнат да пушат доколку нивниот родител пуши од причина што цигарите им се достапни дома и 62% можат да почнат да пушат доколку пушат и нивните пријатели. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење. Статистиките на „Аналитика“ велат дека зголемувањето на цените на цигарите за 10% ја намалува веројатноста за започнување со пушење кај младите за 3%. Токму поради овие статистики Мијовиќ Спасова посочува дека државата мора да изнајде мерки кои ќе ги ублажат истите.
Анализите за контрола на тутунот на кои работеше „Аналитика“ бележат навистина поразителни бројки за нашите граѓани особено за младите. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“, посочува Мијовиќ Спасова.
Консумирањето тутун предизвикува срцева слабост и зголемен ризик од срцев и мозочен удар како и серија други здравствени проблеми посочи заменик министерката за здравство Маја Манолева која зема учество во презентирањето на резултатите од спроведените истражувања. Таа рече дека употребата на тутунот е штетно по здравјето на сите граѓани независно дали тие се активни или пасивни пушачи.
„Во сите 10 Центри за јавно здравје во државата функционираат индивидуални и групни советувалишта за откажување од пушење. На годишно ниво во овие центри совети бараат повеќе од 200 граѓани, сепак радува фактот што населението е свесно за негативните последици и бара начини на одвикнување од неговото користење, кажа Манолева.
Настанот кој го организираше „Аналитика“ е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход" финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

The post Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа appeared first on Република.

]]>
Намалување за 50 отсто на акцизите за бензинот и дизелот и 100 посто на акцизите за течниот природен гас, бараат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namaluvanje-za-50-otsto-na-akcizite-za-benzinot-i-dizelot-i-100-posto-na-akcizite-za-techniot-priroden-gas-baraat-od-vmro-dpmne/ Thu, 03 Nov 2022 11:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=569153

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во текот на денешниот ден до Собранието на Република Македонија повторно ќе го поднесе Предлог законот за намалување на акцизите. Со овој Предлог закон предлагаме 50% намалување на акцизите за бензинот и дизелот, како и 100% намалување на акцизите за течниот природен гас, откри Тони Јаревски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и стопанството за секој наточен литар гориво плаќаат енормно високи цени. Во моментов еден литар дизел гориво чини 99 денари, еден литар бензин 98 чини 92,5 денари, додека еден литар бензин 95 чини 90,5 денари. Оваа Влада ги донесе граѓаните и стопанството во исклучително тешки услови за живот и работа, затоа е потребно власта да го прифати овој предлог закон со кој граѓаните ќе плаќаат поевтино 11 односно 13 денари за литар бензин и 8 односно 9,5 денари поевтино за литар дизел гориво. Ова е мерка која реално е од помош за граѓаните и компаниите - рече тој.

Јаревски посочи дека е точно дека Владата не може да влијае на цената на светските берзи, точно е дека Македонија нема нафтени полиња, но исто така точно е дека власта доколку сака може да влијае врз давачките кои ги плаќаат граѓаните и стопанството.

Ја повикуваме власта да се фокусира на решавање на проблемите на граѓаните и да го прифати овој наш Предлог закон и наместо парите да ги троши на бифтеци и сомнителни тендери, тие средства да останат кај граѓаните и компаниите со цел полесно да ја надминат кризата. Оттука, како пратеничка група сметаме дека колегите од мнозинството треба уште еднаш да размислат дали го претставуваат народот или и понатаму слепо ќе ги извршуваат наредбите и нарачките на оваа неодговорна власт. Високата цена на горивата влијае врз нашето секојдневие, ги поскапува цените на производите кои ги купуваме, услугите кои ги користиме и транспортните трошоци. Оваа неиздржливо висока цена на горивата, веќе ги поскапе меѓуградскиот и такси превозот - посочи пратеникот.

Со овој предлог закон, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште еднаш ја докажува својата одговорност и принципиелност. Од друга страна, Владата ја докажа својата неспособност и неодговорност, сега останува да видиме во какво светло ќе се покажат пратениците на мнозинството и дали ќе ја прифатат оваа предлог мерка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заклучи Јаревски.

The post Намалување за 50 отсто на акцизите за бензинот и дизелот и 100 посто на акцизите за течниот природен гас, бараат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Пратаниците ги изгласаа измените на Законот за ДДВ и за акцизи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pratanicite-gi-izglasaa-izmenite-na-zakonot-za-ddv-i-za-akcizi/ Fri, 11 Mar 2022 22:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=471576

Собранието доцна вечерва со 95 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ го донесе Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден „против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка.

Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.

Актуелната ситуација во домашната економија, погодена главно од цените на основните производи, од категоријата на прехранбени производи, се преземаат мерки кои ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните од повисоките цени, особено најранливите категории од социјален аспект и домашната економија. Со цел да се надмине оваа ситуација, потребно е да се интервенира. Пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и компаниите, рече министерот Бесими во обраќањето.

Целта на Владата со овие измени и дополнувања е да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

The post Пратаниците ги изгласаа измените на Законот за ДДВ и за акцизи appeared first on Република.

]]>

Собранието доцна вечерва со 95 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ го донесе Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден „против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка. Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.
Актуелната ситуација во домашната економија, погодена главно од цените на основните производи, од категоријата на прехранбени производи, се преземаат мерки кои ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните од повисоките цени, особено најранливите категории од социјален аспект и домашната економија. Со цел да се надмине оваа ситуација, потребно е да се интервенира. Пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и компаниите, рече министерот Бесими во обраќањето.
Целта на Владата со овие измени и дополнувања е да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

The post Пратаниците ги изгласаа измените на Законот за ДДВ и за акцизи appeared first on Република.

]]>
СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-da-prifatat-namaluvanje-na-akcizata-za-gorivata-za-50-potrebni-se-realni-merki/ Fri, 11 Mar 2022 08:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=471135

СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ преточен во законско решение во вторник ќе биде на дневен ред во собрание. Законското решение предвидува намалување на акцизата за горивата за 50%, што ќе биде реално намалување на вкупната цена на горивата.

Цената на горивата со СДСМ во последните година и пол е зголемена и за над 100%. Во април 2020 година литар дизел се продавал по цена од 46 денари, додека сега се продава по цена од 97 денари. Иста е ситуацијата и со бензинот, во април 2020 година литар се продавал по цена од 48 денари, за сега да се продава по цена од 93 денари.

Последната година и пол цените на горивата поскапеа како никогаш до сега. И сето тоа е во голема мерка и поради зголемената акциза.

Владата е виновна за високата акциза, зошто веќе 5 години ја зголемуваат, што донесе до огромни загуби кај превозниците, транспортерите, земјоделците и граѓаните во целост.

Владата да се ослободи од дневниот популизам, и да прифати мерка која е од корист за граѓаните.

СДСМ и ДУИ 5 години ги ограбуваат граѓаните преку големата акциза, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки appeared first on Република.

]]>

СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ преточен во законско решение во вторник ќе биде на дневен ред во собрание. Законското решение предвидува намалување на акцизата за горивата за 50%, што ќе биде реално намалување на вкупната цена на горивата. Цената на горивата со СДСМ во последните година и пол е зголемена и за над 100%. Во април 2020 година литар дизел се продавал по цена од 46 денари, додека сега се продава по цена од 97 денари. Иста е ситуацијата и со бензинот, во април 2020 година литар се продавал по цена од 48 денари, за сега да се продава по цена од 93 денари. Последната година и пол цените на горивата поскапеа како никогаш до сега. И сето тоа е во голема мерка и поради зголемената акциза. Владата е виновна за високата акциза, зошто веќе 5 години ја зголемуваат, што донесе до огромни загуби кај превозниците, транспортерите, земјоделците и граѓаните во целост. Владата да се ослободи од дневниот популизам, и да прифати мерка која е од корист за граѓаните. СДСМ и ДУИ 5 години ги ограбуваат граѓаните преку големата акциза, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки appeared first on Република.

]]>
Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата, велат од „Макпетрол“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namaluvanjeto-na-marzata-kje-predizvika-kriza-so-gorivata-i-blokada-na-ekonomijata-velat-od-makpetrol/ Thu, 10 Mar 2022 13:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=470685

Ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4,5 на три денари, односно за 33 отсто, што историски претставува најниска маржа за трговците, создаде непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, соопшти денеска компанијата „Макпетрол“.

Имајќи ја предвид нагласено тесната поврзаност на редовната испорака на горивата со нормалното функционирање на општеството, од компанијата – дистрибутер на нафтени деривати денеска во соопштение предупредуваат дека постои сериозен ризик за целосна блокада на економијата, не само на краток, туку и на подолг рок.

Ваквите мерки, што Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и останатите институции ги носат без никаква консултација со трговците, во овој случај тие со нафта и нафтени деривати, се несоодветни на глобалната криза од која особено се зафатени компаниите што се занимаваат со снабдување гориво. Овој сектор изминативе недели веќе работи со загуба поради несоодветната методологија за пресметка, што доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна. Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и „Макпетрол“ сериозно ја разгледува – истакнуваат од компанијата.

Компаниите што снабдуваат нафта и нафтени деривати, стои во соопштението, не можат врз себе да го понесат товарот на вештачко држење ниска цена на горивата, како социјална категорија. Сепак, станува збор за обврска на државата и на сите мерки што ѝ стојат на располагање, но не на сметка на пазарната логика и приватните компании. Оваа популистичка мерка е неодржлива и може да создаде дополнителна паника меѓу граѓаните, зголемена побарувачка и недостиг на гориво, истакнува „Макпетрол“.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски по одлуката за намалување на трговската маржа за 33 отсто на сите трговците со нафтени деривати изјави дека тоа е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање.

Сега го активираме затоа што ова се вонредни услови и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст – наведе синоќа во пишана изјава Бислимовски.

Според него, дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените законски. измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелира да се донесат побрзо.

Најавени се намалувања на цените на бензините и другите нафтени деривати од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.

The post Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата, велат од „Макпетрол“ appeared first on Република.

]]>

Ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4,5 на три денари, односно за 33 отсто, што историски претставува најниска маржа за трговците, создаде непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, соопшти денеска компанијата „Макпетрол“.
Имајќи ја предвид нагласено тесната поврзаност на редовната испорака на горивата со нормалното функционирање на општеството, од компанијата – дистрибутер на нафтени деривати денеска во соопштение предупредуваат дека постои сериозен ризик за целосна блокада на економијата, не само на краток, туку и на подолг рок.
Ваквите мерки, што Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и останатите институции ги носат без никаква консултација со трговците, во овој случај тие со нафта и нафтени деривати, се несоодветни на глобалната криза од која особено се зафатени компаниите што се занимаваат со снабдување гориво. Овој сектор изминативе недели веќе работи со загуба поради несоодветната методологија за пресметка, што доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна. Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и „Макпетрол“ сериозно ја разгледува – истакнуваат од компанијата. Компаниите што снабдуваат нафта и нафтени деривати, стои во соопштението, не можат врз себе да го понесат товарот на вештачко држење ниска цена на горивата, како социјална категорија. Сепак, станува збор за обврска на државата и на сите мерки што ѝ стојат на располагање, но не на сметка на пазарната логика и приватните компании. Оваа популистичка мерка е неодржлива и може да создаде дополнителна паника меѓу граѓаните, зголемена побарувачка и недостиг на гориво, истакнува „Макпетрол“.
Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски по одлуката за намалување на трговската маржа за 33 отсто на сите трговците со нафтени деривати изјави дека тоа е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање.
Сега го активираме затоа што ова се вонредни услови и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст – наведе синоќа во пишана изјава Бислимовски.
Според него, дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените законски. измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелира да се донесат побрзо. Најавени се намалувања на цените на бензините и другите нафтени деривати од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.

The post Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата, велат од „Макпетрол“ appeared first on Република.

]]>
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-dali-postoi-moznost-da-se-namali-cenata-na-nafteni-derivati-preku-namaluvanje-na-akcizite/ Mon, 07 Feb 2022 17:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=455317

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува анализира дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите.

При формирањето на малопродажната цена на нафтените деривати влијаат повеќе елементи, а не само движењето на цената на брентот на светските берзи, , кое Регулаторната комисија за енергетика секогаш го користи како оправдување кога носи одлуки со кои се зголемуваат цените. Еден од елементите кои немаат никаква поврзаност со светските берзи се акцизите, а со нивно намалување директно се влијае на намалувањето на крајната цена на нафтените деривати, што е исклучително неопходно во услови на високи малопродажни цени со кои што се соочуваме периодов. Од 2017 година од кога оваа структура е на власт, сведоци сме само на зголемување на акцизите за нафтените деривати, а тоа директно ја зголеми и крајната цена која ја плаќаат потрошувачите.

Согласно последната важечка одлука од Регулаторната комисија за енергетика, имаме премногу високи малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт (со вклучени акцизи), дадени на Слика 1.

И во минатото сме се соочувале со раст на цената на нафтените деривати, како што беше во 2011 година, но тогаш за разлика од сега, постоеше вистинска волја за да се излезе по пресрет на потрошувачите и преку соодветна интервенција во прописите се намалија акцизите, а со тоа се намалија и крајните цени. На 11.04.2011 година цената на бензинот достигна до 80 ден./литар, а на дизелот 69 ден./литар. Со оглед на ваквата ситуација, се пристапи кон намалување на акцизите на нафтените деривати и на 14.04.2011 година се донесе Закон за изменување на законот за акцизи. Веднаш после тоа од страна на Репулаторната комисија за енергетика беше донесена нова одлука со пониски цени на нафтените деривати (Слика 2).

Една од поважните законски надлежности на Реглаторната комисија за енергетика претставува заштитата на потрошувачите и остварувањето на придобивките за потрошувачите, а согласно член 23 став 1, точка 7 од Законот за енергетика, треба да овозможи нивна заштита и унапредувањето на ефективната конкуренција, со цел потрошувачите да имаат корист од ефикасното и конкурентното функционирање на пазарите на енергија во Република Македонија.

Очигледно е дека овој состав на РКЕ ќе се правда дека намалувањето на акцизите не е нејзина надлежност, туку на Владата и Собранието, но тука излегува на виделина немањето на добра волја за да им се излезе во пресрет на потрошувачите поради зголемените цени. Во вакви случај РКЕ може да иницира или да предложи изменување на постојните закони и други прописи кои влијаат на високите цени на нафтените деривати, но за жал ова не е направено, пишува Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

The post Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите? appeared first on Република.

]]>

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува анализира дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите.
При формирањето на малопродажната цена на нафтените деривати влијаат повеќе елементи, а не само движењето на цената на брентот на светските берзи, , кое Регулаторната комисија за енергетика секогаш го користи како оправдување кога носи одлуки со кои се зголемуваат цените. Еден од елементите кои немаат никаква поврзаност со светските берзи се акцизите, а со нивно намалување директно се влијае на намалувањето на крајната цена на нафтените деривати, што е исклучително неопходно во услови на високи малопродажни цени со кои што се соочуваме периодов. Од 2017 година од кога оваа структура е на власт, сведоци сме само на зголемување на акцизите за нафтените деривати, а тоа директно ја зголеми и крајната цена која ја плаќаат потрошувачите. Согласно последната важечка одлука од Регулаторната комисија за енергетика, имаме премногу високи малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт (со вклучени акцизи), дадени на Слика 1. И во минатото сме се соочувале со раст на цената на нафтените деривати, како што беше во 2011 година, но тогаш за разлика од сега, постоеше вистинска волја за да се излезе по пресрет на потрошувачите и преку соодветна интервенција во прописите се намалија акцизите, а со тоа се намалија и крајните цени. На 11.04.2011 година цената на бензинот достигна до 80 ден./литар, а на дизелот 69 ден./литар. Со оглед на ваквата ситуација, се пристапи кон намалување на акцизите на нафтените деривати и на 14.04.2011 година се донесе Закон за изменување на законот за акцизи. Веднаш после тоа од страна на Репулаторната комисија за енергетика беше донесена нова одлука со пониски цени на нафтените деривати (Слика 2). Една од поважните законски надлежности на Реглаторната комисија за енергетика претставува заштитата на потрошувачите и остварувањето на придобивките за потрошувачите, а согласно член 23 став 1, точка 7 од Законот за енергетика, треба да овозможи нивна заштита и унапредувањето на ефективната конкуренција, со цел потрошувачите да имаат корист од ефикасното и конкурентното функционирање на пазарите на енергија во Република Македонија. Очигледно е дека овој состав на РКЕ ќе се правда дека намалувањето на акцизите не е нејзина надлежност, туку на Владата и Собранието, но тука излегува на виделина немањето на добра волја за да им се излезе во пресрет на потрошувачите поради зголемените цени. Во вакви случај РКЕ може да иницира или да предложи изменување на постојните закони и други прописи кои влијаат на високите цени на нафтените деривати, но за жал ова не е направено, пишува Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
 
The post Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите? appeared first on Република.

]]>