акциза за горива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akciza-za-goriva/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Jun 2022 08:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png акциза за горива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akciza-za-goriva/ 32 32 Хрватската влада ги намали акцизите и маржите на горивата, Владата на СДСМ/ДУИ продолжува да ги краде граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hrvatskata-vlada-gi-namali-akcizite-i-marzite-na-gorivata-vladata-na-sdsm-dui-prodolzuva-da-gi-krade-gragjanite/ Wed, 08 Jun 2022 08:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=512476

📌Хрватската влада ги намали акцизите и маржите на горивата за да им помогне на граѓаните и да ги поевтини бензините.
⚠️Владата на СДСМ/ДУИ продолжува да ги краде граѓаните преку превисоки акцизи❗️

Хрватската влада на седница одржана преку телефонска врска презеде мерки за да го ублажи растот на цените на горивата, кои требаше да достигнат највисока цена вчера.

Намалени се акцизите и утврдена е максималната малопродажна цена. Новите цени на горивата се: дизел 13,08 куни (107.05 денари), бензин 13,50 куни (110.49 денари), син дизел 9,45 куни (77.34 денари) и ќе важат следните две недели.

Да не беа овие мерки, дизелот утре ќе чини 15,80 куни, бензинот 15,78 куни, а синиот дизел 10,87 куни за литар. Со овие мерки дизелот ќе чини 13,08 куни, бензинот 13,50 куни, а синиот дизел 9,49 куни за литар, соопшти хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференција по седницата.

Хрватската влада донела две уредби: уредба за промена на акцизата за енергија и електрична енергија и уредба за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати.

Одлучивме дополнително да ги намалиме акцизите за дизелот и бензинот. Вкупното намалување на акцизата сега е 80 липи. Ја намалуваме акцизата на бензинот за дополнителни 40 липи, а сега ги намалуваме акцизите на дизел горивото за 20 липи. На овој начин ќе се донесе максимална заштеда за граѓаните, рече премиерот, нагласувајќи дека оваа уредба ќе важи 30 дена кога ќе се преиспита.

The post Хрватската влада ги намали акцизите и маржите на горивата, Владата на СДСМ/ДУИ продолжува да ги краде граѓаните appeared first on Република.

]]>

📌Хрватската влада ги намали акцизите и маржите на горивата за да им помогне на граѓаните и да ги поевтини бензините. ⚠️Владата на СДСМ/ДУИ продолжува да ги краде граѓаните преку превисоки акцизи❗️ Хрватската влада на седница одржана преку телефонска врска презеде мерки за да го ублажи растот на цените на горивата, кои требаше да достигнат највисока цена вчера. Намалени се акцизите и утврдена е максималната малопродажна цена. Новите цени на горивата се: дизел 13,08 куни (107.05 денари), бензин 13,50 куни (110.49 денари), син дизел 9,45 куни (77.34 денари) и ќе важат следните две недели.
Да не беа овие мерки, дизелот утре ќе чини 15,80 куни, бензинот 15,78 куни, а синиот дизел 10,87 куни за литар. Со овие мерки дизелот ќе чини 13,08 куни, бензинот 13,50 куни, а синиот дизел 9,49 куни за литар, соопшти хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференција по седницата.
Хрватската влада донела две уредби: уредба за промена на акцизата за енергија и електрична енергија и уредба за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати.
Одлучивме дополнително да ги намалиме акцизите за дизелот и бензинот. Вкупното намалување на акцизата сега е 80 липи. Ја намалуваме акцизата на бензинот за дополнителни 40 липи, а сега ги намалуваме акцизите на дизел горивото за 20 липи. На овој начин ќе се донесе максимална заштеда за граѓаните, рече премиерот, нагласувајќи дека оваа уредба ќе важи 30 дена кога ќе се преиспита.

The post Хрватската влада ги намали акцизите и маржите на горивата, Владата на СДСМ/ДУИ продолжува да ги краде граѓаните appeared first on Република.

]]>
Ковачевски им се сити на граѓаните за високите цени на горивата: Ви благодариме што ни го полните буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-im-se-siti-na-gragjanite-za-visokite-ceni-na-gorivata-vi-blagodarime-shto-ni-go-polnite-budzetot/ Wed, 08 Jun 2022 07:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=512437

Утрово на бензинските пумпи низ државата осамнаа фигури на претседателот на Владата Димитар Ковачевски на кои држи транспарент со текст: „Ви благодариме што ни го полните буџетот".

Од денес горивата ќе беа поевтини и до 25 денари доколку СДСМ вчера не го одбиеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата и ДДВ.

Во цената на безоловниот бензин 95 акцизата учествува со 22 денари, а ДДВ со 16.78 денари. Со тоа цената на безоловниот бензин 95 е 110 денари. Безоловниот бензин 98 се продава по цена од 112 денари, во таа цена е засметана акциза од 22 денари и ДДВ од 17.1 денари. Во дизелот акцизата и ДДВ изнесуваат по 15.5 денари, па тој се продава за 102 денари.

Граѓаните и бизнис секторот се незадоволни од односот на државата кон кризата. Кој е авторот на овој досетлив перформанс со кој се изразува негодување од нереално високите цени на горивата, не успеавме да дознаеме. Сепак, можеме да забележиме дека станува збор за уште една креативна форма која го изразува големиот гнев на граѓаните од инфлацијата, високите трошоци за живот и корупцијата во Македонија.

The post Ковачевски им се сити на граѓаните за високите цени на горивата: Ви благодариме што ни го полните буџетот appeared first on Република.

]]>

Утрово на бензинските пумпи низ државата осамнаа фигури на претседателот на Владата Димитар Ковачевски на кои држи транспарент со текст: „Ви благодариме што ни го полните буџетот". Од денес горивата ќе беа поевтини и до 25 денари доколку СДСМ вчера не го одбиеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата и ДДВ. Во цената на безоловниот бензин 95 акцизата учествува со 22 денари, а ДДВ со 16.78 денари. Со тоа цената на безоловниот бензин 95 е 110 денари. Безоловниот бензин 98 се продава по цена од 112 денари, во таа цена е засметана акциза од 22 денари и ДДВ од 17.1 денари. Во дизелот акцизата и ДДВ изнесуваат по 15.5 денари, па тој се продава за 102 денари. Граѓаните и бизнис секторот се незадоволни од односот на државата кон кризата. Кој е авторот на овој досетлив перформанс со кој се изразува негодување од нереално високите цени на горивата, не успеавме да дознаеме. Сепак, можеме да забележиме дека станува збор за уште една креативна форма која го изразува големиот гнев на граѓаните од инфлацијата, високите трошоци за живот и корупцијата во Македонија.  

The post Ковачевски им се сити на граѓаните за високите цени на горивата: Ви благодариме што ни го полните буџетот appeared first on Република.

]]>
Власта одби да ги намали акцизите за гориво и ДДВ-то за храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-odbi-da-gi-namali-akcizite-za-gorivo-i-ddv-to-za-hrana/ Tue, 07 Jun 2022 18:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=512352

Мнозинството составено од СДСМ и ДУИ, денеска гласаше против потребата од носењето на Законот за акцизите со кој требаше акцизите на течните горивва да се намалат за 50%, како и Законот за ДДВ со кој се ослободува храната од ДДВ и се намалува ДДВ за течните горива од 18% на 5%, соопшти на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Што значат овие два закони за домаќинствата и транспортниот сектор? Еуросупер 95 е 110 денари, а 22 денари се акциза и 16,8 денари ДДВ. Според нашиот предлог, цената на литар еуросупер 95 ќе биде 86,3 денари од кои само 4,1 денари ќе се за ДДВ. Еуросупер 98 е 112 денари, а 22 денари се акциза и 17,1 денари ДДВ. Според нашиот предлог, цената на литар еуросупер 98 ќе биде 88,1 денари од кои само 4,2 денари ќе се за ДДВ. Дизел горивото е 102 денари, од кои акцизата е 15,5 денари, а ДДВ истотака 15,5 денари. Според нашиот предлог, цената на литар дизел гориво ќе биде 82,4 денари, од кои само 3 денари ќе се ДДВ, појасни тој.

Ова е вистинското лице, додава тој, на оваа катастрофална коалиција која ја направи Република Македонија најсиромашна земја во регионот.

Пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија не се откажува од можноста да им помогне на граѓаните и веќе на утрешната седница повторно по итна постапка ќе бара овие два закони да се разгледаат во надеж дека ќе се вразумат пратениците од ДУИ и СДСМ. Доколку нашите предлози заглават во собраниските лавиринти, ќе побараме и амандмански да се интервенира во Ребалансот со цел намалување на цената на горивата и ДДВ за основните прехранбени производи. Во оваа прилика, сакам да укажам дека како пратеничка група сме подготвени овие предлог закони да бидат предложени и од владеачките пратеници и истите веднаш да се најдат на собраниската комисија за финансирање и буџет. ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата ќе направи се што е потребно во интерес на граѓаните, рече Стојаноски.

Пратеникот потенцираше дека износот на средства кои се планира да се приберат по основ на ДДВ и акцизи според Ребаланост е за речиси 190 милиони евра повеќе отколку за ланската 2021 година.

Овие 190 милиони евра повеќе ги плаќате поради драстично зголемените цени на основните прехранбени производи и горивата, а власта не размислува да се откаже. ДДВ од 5% на зејтин од 60 и 140 денари не е исто во апсолутен износ. Затоа државата ќе прибере повеќе пари, а вие ќе имате помалку артикли од претходно, рече Стојаноски.

https://youtu.be/E2qMSDLIkHk

The post Власта одби да ги намали акцизите за гориво и ДДВ-то за храна appeared first on Република.

Опозицијата бара пролонгирање на мерките за горивата до крајот на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/opozicijata-bara-prolongiranje-na-merkite-za-gorivata-do-krajot-na-godinata/ Tue, 31 May 2022 13:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=509323

Истекува времената владина антикризна мерка со која во период од три месеци беа намалени ценитена горивата, акцизите и ДДВ-то. Од полноќ, доколку не се продолжи ваквата мерка, цените на дериватите би можеле драматично да рипнат. Владата денеска ќе одржи седница, но неизвесно е дали ова ќе биде една од точките за коишто ќе расправаат министрите. Опозицијата предлага законски измени со кои прехранбените производи би се ослободиле од ДДВ, а ДДВ за течните горива да биде 5 отсто до крајот на годината.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/da-ne-se-plakja-ddv-za-prehranbeni-proizvodi-a-za-gorivata-da-bide-5-procenti-do-kraj-na-godinata/?fbclid=IwAR3gG3of0eH-W_M3FuzXapdFBqpS5J73RyW402htK85vf4Mgjgmp365fwPM

Собранието во март го усвои дополнувањето на Законот за акцизите, со кое се предложи да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.

Станува збор за само една од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, за заштита на животниот стандард како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, коишто беа донесени во март годинава. Владата одлучи да ги намали горивата, акцизите и ДДВ-то. Цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесуваше во март, тогаш се намали за 10,5 денари, додека бензинот наместо 91,5 денари се намали околу 11,5 денари.

Овие намалувања на цените на бензините и другите нафтени деривати произлегоа од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.

Со намаленото ДДВ за нафтените деривати практично се намали цената на енергенсите за граѓаните, со што целта беше да се заштити животниот стандард од една страна, а од друга страна да се зголеми ликвидноста и солвентноста на компаниите. Со намалувањето на акцизите се очекуваше да се заштити и куповната моќ на потрошувачите со директно влијание врз малопродажната цена на овие енергенси. Дополнително, со мерката за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, се ослободија увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, од плаќање на данок на додадена вредност при увоз на овие добра, со што се овозможи подобрување на ликвидноста и профитабилноста на компаниите.

The post Опозицијата бара пролонгирање на мерките за горивата до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Истекува времената владина антикризна мерка со која во период од три месеци беа намалени ценитена горивата, акцизите и ДДВ-то. Од полноќ, доколку не се продолжи ваквата мерка, цените на дериватите би можеле драматично да рипнат. Владата денеска ќе одржи седница, но неизвесно е дали ова ќе биде една од точките за коишто ќе расправаат министрите. Опозицијата предлага законски измени со кои прехранбените производи би се ослободиле од ДДВ, а ДДВ за течните горива да биде 5 отсто до крајот на годината. https://republika.mk/vesti/ekonomija/da-ne-se-plakja-ddv-za-prehranbeni-proizvodi-a-za-gorivata-da-bide-5-procenti-do-kraj-na-godinata/?fbclid=IwAR3gG3of0eH-W_M3FuzXapdFBqpS5J73RyW402htK85vf4Mgjgmp365fwPM Собранието во март го усвои дополнувањето на Законот за акцизите, со кое се предложи да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи. Станува збор за само една од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, за заштита на животниот стандард како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, коишто беа донесени во март годинава. Владата одлучи да ги намали горивата, акцизите и ДДВ-то. Цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесуваше во март, тогаш се намали за 10,5 денари, додека бензинот наместо 91,5 денари се намали околу 11,5 денари. Овие намалувања на цените на бензините и другите нафтени деривати произлегоа од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени. Со намаленото ДДВ за нафтените деривати практично се намали цената на енергенсите за граѓаните, со што целта беше да се заштити животниот стандард од една страна, а од друга страна да се зголеми ликвидноста и солвентноста на компаниите. Со намалувањето на акцизите се очекуваше да се заштити и куповната моќ на потрошувачите со директно влијание врз малопродажната цена на овие енергенси. Дополнително, со мерката за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, се ослободија увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, од плаќање на данок на додадена вредност при увоз на овие добра, со што се овозможи подобрување на ликвидноста и профитабилноста на компаниите.

The post Опозицијата бара пролонгирање на мерките за горивата до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Стојановски: Владата не ги прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизите на горивата за да ужива во удобството со златен прибор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stojanovski-vladata-ne-gi-prifati-predlogot-na-vmro-dpmne-za-namaluvanje-na-akcizite-na-gorivata-za-da-uziva-vo-udobstvoto-so-zlaten-pribor/ Thu, 17 Mar 2022 21:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=474623

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски вечерва во емисијата Клик Плус која се емитува на ТВ21 истакна дека донесените мерки владата се задоцнети и дека тие како пратеници уште од 28 февруари поднесоа предлог закони кои што беа со четири столба кои што сега ги опфаќаат и мерките на владата.

-Сметаме дека сетот на мерки е задоцнет од една причина заради тоа што ние од 28-ми февруари ги поднесовме нашите предлог закони кои што беа со четири столба кои што сега ги опфаќаат мерките кои што ги предложи владата, а 12 дена се чекаше и 12 дена македонските граѓани беа елиминирани од можноста да плаќаат поевтини горива или да плаќаат поевтини производи од аспект на намалувањето на ДДВ. Во тие 28 мерки на владата има и се уште мерки за кои што не се поднесени законски решение а ние за кои што уште на 15-ти февруари му кажувавме на министерот за финансии, конкретно се работи за царинските тарифи за увоз на храната на начин на кој што ќе се намали цената на храната. Сметаме дека треба подлабоко да бидат изработени тие мерки затоа што гледаме дека има огромни пропусти со маржите за трговците, рече Стојановски.

Што се однесува до цените на горивата Стојановски истакна дека откако СДСМ е на власт давачките кон државата од литар гориво се покачени за 14 денари за да власта ужива во удобството.

-Во делот со кој што се намалуваат цените на горивата во овој момент цената на барелот е 106 долари на светските берзи а по законот на власта сега нема олеснување на акциза а може да видиме дека ние плаќаме многу високи давачки кон државата. Ние предложивме да се намалат акцизите за 50 проценти, ДДВ-то за горивата да не биде од 18 на 10 проценти туку од 18 на 5 проценти и на тој начин ќе беа намалени давачките кон држава за прилична цена и сега веќе 14ти ден граѓаните ќе плаќаа можеби 20 денари помалку за гориво. Но тука што е суштината, владата не сака да се откаже од тие трошоци кои што од литар гориво се од прилика 35 денари а вреди да се напомене дека откако е СДСМ на власт за 14 денари се поскапени давачките кон државата од литар гориво за да ужива во удобството, па можеме да видиме дека од нова година до сега 2 милиони евра се потрошени на хотелски услуги, на набавка на златен прибор, на набавка на цвеќиња, можевме да видиме дека 145 возила се набавени во услови на криза. И токму заради тоа сметаме дека овие мерки не се креирани како што треба, нагласи Стојановски.

The post Стојановски: Владата не ги прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизите на горивата за да ужива во удобството со златен прибор appeared first on Република.

Одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ: Власта не сака да се намали акцизата за горива https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odbien-predlogot-na-vmro-dpmne-vlasta-ne-saka-da-se-namali-akcizata-za-goriva/ Tue, 15 Mar 2022 16:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=473354

На првиот обид на денешната собраниската седница, целата пратеничка група ја напушти салата во знак на револт за прекршување на Деловникот, и одбиениот предлог да се тргне од дневен ред точката за именување на нов член на местото на разрешениот Фадил Зендели од БЕСА. Од владејачката СДСМ повторија дека измената во составот на оваа комисија е само рефлексија на мнозинството. Ја повикаа опозицијата да даде предлози за работните тела кои не функционираат поради изпразнетите места.

На местото на Зендели за нов член на Комисијата за избори и именувања е предложен пратеникот Дарко Каевски од СДСМ, а на претседателската позиција пратеничката Марија Георгиевска, исто од владејачката партија. Сепак, на седницата немаше кворум од минимум 61 пратеник и дневниот ред остана неусвоен.

Претходно власта ги одби и предлог-законите на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизите на горивата и укинување на ДДВ-то на прехрамбените производи. Според пресметката на ВМРО-ДПМНЕ, со нивниот предлог бензинот ќе беше поефтин за 13, а нафтата за девет денари, наспроти владиното решение со кое акцизата на горивата се намалува за еден денар.

The post Одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ: Власта не сака да се намали акцизата за горива appeared first on Република.

]]>

На првиот обид на денешната собраниската седница, целата пратеничка група ја напушти салата во знак на револт за прекршување на Деловникот, и одбиениот предлог да се тргне од дневен ред точката за именување на нов член на местото на разрешениот Фадил Зендели од БЕСА. Од владејачката СДСМ повторија дека измената во составот на оваа комисија е само рефлексија на мнозинството. Ја повикаа опозицијата да даде предлози за работните тела кои не функционираат поради изпразнетите места. На местото на Зендели за нов член на Комисијата за избори и именувања е предложен пратеникот Дарко Каевски од СДСМ, а на претседателската позиција пратеничката Марија Георгиевска, исто од владејачката партија. Сепак, на седницата немаше кворум од минимум 61 пратеник и дневниот ред остана неусвоен. Претходно власта ги одби и предлог-законите на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизите на горивата и укинување на ДДВ-то на прехрамбените производи. Според пресметката на ВМРО-ДПМНЕ, со нивниот предлог бензинот ќе беше поефтин за 13, а нафтата за девет денари, наспроти владиното решение со кое акцизата на горивата се намалува за еден денар.

The post Одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ: Власта не сака да се намали акцизата за горива appeared first on Република.

]]>
Итно е потребно намалување на акцизата за горивата за 50 посто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/itno-e-potrebno-namaluvanje-na-akcizata-za-gorivata-za-50-posto/ Wed, 09 Mar 2022 08:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=469922

Власта на СДСМ и ДУИ прво убедуваше дека нема да има поскапувања, па потоа дека тие нема да се одразат на стандардот на граѓаните.Да биде уште потрагично, власта се фали дека имале информации за кризата од пред 4 месеци, а сепак ништо не презеле да превенираат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека последните поскапувања на горивата уште повеќе ќе ја разгорат инфлаторната спирала во Македонија. Горивата на година ипол поскапеа за над 80% и имаат директна импликација врз цената на транспортот, храната, услугите и производите кои ги користат граѓаните. Но власта на СДСМ и ДУИ абер нема да ги намали акцизите и таксите со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и стопанството.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно прифаќање на мерката за намалување на акцизата кај горивата за 50%, со која дизел горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.

Дополнително бараме да се намали данокот на додадена вредност за производите за исхрана и за топлинската енергија, односно парното да бидат со 0%, а ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година.

Ова значително ќе го намали ценовниот шок и ќе го заштити стандардот на граѓаните.

The post Итно е потребно намалување на акцизата за горивата за 50 посто appeared first on Република.

Да се намалат акцизата и ДДВ за горивата, бараат од АА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-se-namalat-akcizata-i-ddv-za-gorivata-baraat-od-aa/ Tue, 08 Mar 2022 13:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=469683

Цените на горивата денеска бележат значително зголемување после најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. По зголемувањето на цените на кошничката за храна и електричната енергија, денешното покачување на рекордни нивоа на цените на горивата ќе има негативно влијание врз буџетот на домаќинствата, бараат од Алијанса за Албанците.

Од партијата предложуваат:

-Намалување на акцизата од 22 денари за бензинот на 15 денари, како и за дизелот од 15 денари што е моментално, на 9 денари.

-Намалување на данокот на додадена вредност, ДДВ, од 18% на повластена стапка од 5%, исто како што направија и со цената на струјата што исто така беше предлог на Алијанса за Албанците и резултираше позитивно иако првично Владата беше скептична и одбиваше.

-Бидејќи цените на светските берзи секојдневно се зголемуваат, ние предлагаме Владата да примени замрзнување на даноците и акцизите, на ниво на вредноста од пред една недела (28.02. 2022), значи да примени максимален лимит на цената за овие показатели.

-Да се намали на можниот минимум и трговската маржа од трговците на мало.

Според нив, овие мерки треба да се превземат час поскоро, бидејќи поскапување на цените на горивата се предвидува и во деновите во текот на следните недели.

-Сакаме да нагласиме дека намалувањето на акцизата и ДДВ-то кое што го предлагаме во никој случај не му штети на државниот буџет, бидејќи приходите ќе бидат исти со тие пред поскапувањето на електричната енергија на берзите. Во спротивно, одржувањето на акцизите и ДДВ-то на моменталното ниво претставува додатен профит за Владата на сметка на граѓаните. Поточно, Владата со овие даноци уште повеќе ја зголемува веќе додадената вредност на горивата и прави бизнис во време на криза, додека многу други одговорни држави бараат решенија за да им ги ублажат последиците на граѓаните, се вели во партиското соопштение.

The post Да се намалат акцизата и ДДВ за горивата, бараат од АА appeared first on Република.

]]>

Цените на горивата денеска бележат значително зголемување после најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. По зголемувањето на цените на кошничката за храна и електричната енергија, денешното покачување на рекордни нивоа на цените на горивата ќе има негативно влијание врз буџетот на домаќинствата, бараат од Алијанса за Албанците. Од партијата предложуваат: -Намалување на акцизата од 22 денари за бензинот на 15 денари, како и за дизелот од 15 денари што е моментално, на 9 денари. -Намалување на данокот на додадена вредност, ДДВ, од 18% на повластена стапка од 5%, исто како што направија и со цената на струјата што исто така беше предлог на Алијанса за Албанците и резултираше позитивно иако првично Владата беше скептична и одбиваше. -Бидејќи цените на светските берзи секојдневно се зголемуваат, ние предлагаме Владата да примени замрзнување на даноците и акцизите, на ниво на вредноста од пред една недела (28.02. 2022), значи да примени максимален лимит на цената за овие показатели. -Да се намали на можниот минимум и трговската маржа од трговците на мало. Според нив, овие мерки треба да се превземат час поскоро, бидејќи поскапување на цените на горивата се предвидува и во деновите во текот на следните недели. -Сакаме да нагласиме дека намалувањето на акцизата и ДДВ-то кое што го предлагаме во никој случај не му штети на државниот буџет, бидејќи приходите ќе бидат исти со тие пред поскапувањето на електричната енергија на берзите. Во спротивно, одржувањето на акцизите и ДДВ-то на моменталното ниво претставува додатен профит за Владата на сметка на граѓаните. Поточно, Владата со овие даноци уште повеќе ја зголемува веќе додадената вредност на горивата и прави бизнис во време на криза, додека многу други одговорни држави бараат решенија за да им ги ублажат последиците на граѓаните, се вели во партиското соопштение.

The post Да се намалат акцизата и ДДВ за горивата, бараат од АА appeared first on Република.

]]>
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали акцизата на горивата за 50 проценти, а ДДВ за храна од 5 да биде 0 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vmro-dpmne-bara-da-se-namali-akcizata-na-gorivata-za-50-procenti-a-ddv-za-hrana-od-5-da-bide-0-procenti/ Thu, 03 Mar 2022 18:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=467343

Оваа власт е таа власт која што континуирано ја зголемуваше акцизата на дизелот и бензинот, и затоа меѓу другото расте цената на дизелот и на бензинот. Ние бараме акцизата да се намали на 50 проценти, понатаму бараме наместо 5 проценти даночна стапка за храна да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула. И исто така да продолжи повластената постапка од 5 проценти која што е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ за електричната енергија затоа што во моментот инфлацијата е веќе преку 7 проценти, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Николоски покажа документ во кој стои дека Државното претпријатие за патишта дава договор за наводно превентивно и адаптивно одржување на систем за РАМС во време траење од 2 години во вредност од милион и 100 илјади евра, посочувајќи дека власта треба да почне да се однесува порационално во сопствената работа и во трошењето на парите и наместо тие пари да ги дава за нешто кој што никој не знае што е да ги пренамени за субвенции на производителите и трговците.

Прво што треба да направи владата е да помогне и да даде субвенции и на производителите и на трговците и треба да бидат малку порационални во сопствената работа и во трошењето на парите. Еве на пример пред мене имам договор од верувале или не, ни помалку ни повеќе милион и 100 илјади евра кој што го додели Државното претпријатие за патишта вчера за превентивно и адаптивно одржување на систем за РАМС во време траење од 2 години, и никој не знае што е РАМС и вели систем за управување со патишта чија цел е собирање на податоци за состојба на патиштата во проценка на патната мрежа стратешка програма и анализа итн. Знаеме ние каква е состојбата на патиштата, никаква, дупки има кај се стигне, ни автопатите не функционираат, Охрид Кичево не можат да го изградат, ова што е останато не функционира, милион и 100 илјади евра да ги дадат субвенција на маркетите, на дистрибутерите, на производителите многу повеќе ќе помогнат отколку некоја си РАМС мрежа која што оди на некоја словенечка фирма очигледно добро договорена со директорот од ДУИ кој што е директор на оваа институција, рече Николоски.

Има бројни вакви пример, видовме во РЕК Битола 27 милиони евра на Марковски му дадода во четири очи, додаде тој.

Во однос со информацијата дека син му на Зоран Заев започнал со трговија со електрична енергија, Николовски смета дека истиот може да добие пари од татко му за да си отвори бутик или кафич, бидејќи за тоа не е вклучена државата, но не и за трговија со електрична енергија бидејќи е вклучена државата затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца.

Затоа што има 18 години и затоа што има услови. Може татко му да му даде да си отвори бутик или кафич, и за тоа не е вклучена државата, но за трговија со електрична енергија апсолутно е вклучена државата затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца односно дозвола на фирма која што прави трговија со електрична енергија и таа треба да исполнува услови, потенцираше Николоски.

Не гледаме дека децата на работниците, децата на чуварите, полицајците, не гледаме дека децата на оние кои што работат во Железара, или децата на оние кои што се текстилни работнички отвораат фирми за трговија со електрична енергија, дециден е Николоски.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали акцизата на горивата за 50 проценти, а ДДВ за храна од 5 да биде 0 проценти appeared first on Република.

]]>

Оваа власт е таа власт која што континуирано ја зголемуваше акцизата на дизелот и бензинот, и затоа меѓу другото расте цената на дизелот и на бензинот. Ние бараме акцизата да се намали на 50 проценти, понатаму бараме наместо 5 проценти даночна стапка за храна да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула. И исто така да продолжи повластената постапка од 5 проценти која што е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ за електричната енергија затоа што во моментот инфлацијата е веќе преку 7 проценти, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Николоски покажа документ во кој стои дека Државното претпријатие за патишта дава договор за наводно превентивно и адаптивно одржување на систем за РАМС во време траење од 2 години во вредност од милион и 100 илјади евра, посочувајќи дека власта треба да почне да се однесува порационално во сопствената работа и во трошењето на парите и наместо тие пари да ги дава за нешто кој што никој не знае што е да ги пренамени за субвенции на производителите и трговците.
Прво што треба да направи владата е да помогне и да даде субвенции и на производителите и на трговците и треба да бидат малку порационални во сопствената работа и во трошењето на парите. Еве на пример пред мене имам договор од верувале или не, ни помалку ни повеќе милион и 100 илјади евра кој што го додели Државното претпријатие за патишта вчера за превентивно и адаптивно одржување на систем за РАМС во време траење од 2 години, и никој не знае што е РАМС и вели систем за управување со патишта чија цел е собирање на податоци за состојба на патиштата во проценка на патната мрежа стратешка програма и анализа итн. Знаеме ние каква е состојбата на патиштата, никаква, дупки има кај се стигне, ни автопатите не функционираат, Охрид Кичево не можат да го изградат, ова што е останато не функционира, милион и 100 илјади евра да ги дадат субвенција на маркетите, на дистрибутерите, на производителите многу повеќе ќе помогнат отколку некоја си РАМС мрежа која што оди на некоја словенечка фирма очигледно добро договорена со директорот од ДУИ кој што е директор на оваа институција, рече Николоски.
Има бројни вакви пример, видовме во РЕК Битола 27 милиони евра на Марковски му дадода во четири очи, додаде тој. Во однос со информацијата дека син му на Зоран Заев започнал со трговија со електрична енергија, Николовски смета дека истиот може да добие пари од татко му за да си отвори бутик или кафич, бидејќи за тоа не е вклучена државата, но не и за трговија со електрична енергија бидејќи е вклучена државата затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца.
Затоа што има 18 години и затоа што има услови. Може татко му да му даде да си отвори бутик или кафич, и за тоа не е вклучена државата, но за трговија со електрична енергија апсолутно е вклучена државата затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца односно дозвола на фирма која што прави трговија со електрична енергија и таа треба да исполнува услови, потенцираше Николоски. Не гледаме дека децата на работниците, децата на чуварите, полицајците, не гледаме дека децата на оние кои што работат во Железара, или децата на оние кои што се текстилни работнички отвораат фирми за трговија со електрична енергија, дециден е Николоски.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали акцизата на горивата за 50 проценти, а ДДВ за храна од 5 да биде 0 проценти appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизите за 50%: Дизелот би поевтинил за 9,5 денари, а бензинот за 13 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-bara-namaluvanje-na-akcizite-za-50-dizelot-bi-poevtinil-za-9-5-denari-a-benzinot-za-13-denari/ Tue, 01 Mar 2022 08:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=465600

За време на владата на заевизмот драстично се зголемија цените на горивата, а причината за тоа се акцизите и таксите кои ги воведоа. Пред година и половина литар дизел гориво чинеше 46 денари, а денес литар дизел надминува 75 денари со тенденција уште да расте. Дополнително, цената на литар бензин изнесуваше 50 денари, а сега цената надмина 84 денари. Овој раст на цените е од 65 до 70%, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Практично со ваквиот раст на цените на горивата се удира директно по буџетот на граѓаните, но и на економијата. Цените на горивата кои се клучни за стандардот, растат, а на власта администрирана од Ковачевски око не и трепнува.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ дава конкретен предлог за заштита на стандардот на граѓаните и директна помош на економијата. Со предлог закон ќе побараме намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50%. Оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари. Ова не значи само заштеда на семејствата, ова е заштеда и во транспортот во стопанството и тоа може да ги поевтини цените на конечните производи.

Ова е значајна помош за граѓаните и стопанството. Секој денар кој ќе го заштедат фирмите и граѓаните во вакви тешки времиња и тоа како значат за да можат да го преживеат месецот.

Очекуваме владата на СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог во пресрет на кризата која доаѓа. Овие тешки времиња бараат одлучни чекори, а не беспредметни „вонредни“ видео обраќања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизите за 50%: Дизелот би поевтинил за 9,5 денари, а бензинот за 13 денари appeared first on Република.

]]>

За време на владата на заевизмот драстично се зголемија цените на горивата, а причината за тоа се акцизите и таксите кои ги воведоа. Пред година и половина литар дизел гориво чинеше 46 денари, а денес литар дизел надминува 75 денари со тенденција уште да расте. Дополнително, цената на литар бензин изнесуваше 50 денари, а сега цената надмина 84 денари. Овој раст на цените е од 65 до 70%, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Практично со ваквиот раст на цените на горивата се удира директно по буџетот на граѓаните, но и на економијата. Цените на горивата кои се клучни за стандардот, растат, а на власта администрирана од Ковачевски око не и трепнува. Затоа ВМРО-ДПМНЕ дава конкретен предлог за заштита на стандардот на граѓаните и директна помош на економијата. Со предлог закон ќе побараме намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50%. Оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари. Ова не значи само заштеда на семејствата, ова е заштеда и во транспортот во стопанството и тоа може да ги поевтини цените на конечните производи. Ова е значајна помош за граѓаните и стопанството. Секој денар кој ќе го заштедат фирмите и граѓаните во вакви тешки времиња и тоа како значат за да можат да го преживеат месецот. Очекуваме владата на СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог во пресрет на кризата која доаѓа. Овие тешки времиња бараат одлучни чекори, а не беспредметни „вонредни“ видео обраќања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизите за 50%: Дизелот би поевтинил за 9,5 денари, а бензинот за 13 денари appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара намалување на акцизата за нафтата за 50 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-kje-bara-namaluvanje-na-akcizata-za-naftata-za-50-procenti/ Mon, 28 Feb 2022 07:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=464988

ВМРО-ДПМНЕ на владата и предлага сет мерки кои директно ќе го заштитат стандардот на граѓаните во услови на вртоглавиот раст на цените.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе бара преку Собранието на Република Македонија наместо 5% повластена даночна стапка за промет и увоз на производи за човечка исхрана, да биде 0% односно да не се плаќа данок, понатаму ќе бараме за топлинската енергија за греење наместо 5% данок да нема данок. Овие барања да бидат со важност од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година. Исто така ќе бараме продолжување на важноста на даночната стапка од 5% за електрична енергија и после 1-ви јули, како и ќе бараме намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати за 50%, се наведува во соопштението на партијата.

Ортталу посочуваат дека дополнително се бара Владата да го разгледа предлогот да бидат намалени царинските тарифи за производите во прехранбената индустрија, мерка со која се очекува да се намали конечната цена на чинење на прехранбената производи.

-Граѓаните за краток период се соочија со зголемување на трошоците за живот, цените на горивата пораснаа за околу 70%, електричната енергија за 30%, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек се поскапени за 30-тина проценти. Инфлацијата го јаде стандардот и платите веќе не стигаат, стои во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе бара намалување на акцизата за нафтата за 50 проценти appeared first on Република.