акција планина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akcija-planina/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 14:59:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png акција планина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akcija-planina/ 32 32 Случај „Планина“: Продолжува истрагата против наркобосот од Грчец, грам кокаин продавале и за 5.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sluchaj-planina-prodolzhuva-istragata-protiv-narkobosot-od-grchets-gram-kokain-prodavale-i-za-5-000-denari/ Wed, 30 Aug 2023 15:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=677337

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода во с. Грчец на првоосомничениот од предметот „Планина“ ќе ја продолжи истражната постапка против него. Тој, како што соопшти денеска ЈО, по наредба на обвинителството се бараше со национална и меѓународна потерница од 2021 година заради постоење на основано сомнение дека како главен организатор сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 вв став 1 од Кривичниот Законик.

Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица, од кои и против едно дете во судир со законот над 16 години. Бидејќи се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогашните спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство. Во меѓувреме, односно во септември 2021 година и во текот на изминатата година три од осомничените лица недостапни на органите на прогонот, се лишени од слобода каде што продолжи против нив истражната постапка, соопштуваат од Јавното Обвинителство.

Оттаму, посочија дека предметните обвинители постигнаа спогодба со 14 обвинети лица за кои судот ги прифати предлог спогодбите и донесе пресуди со кои на осум лица им определи казна затвор во траење од по 3 години, на две лица во траење од по 3 години и 6 месеци, три лица се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна.

Врз основа на признание на вина на главна расправа петмина обвинети се осудени на казна затвор и тоа: едно лице на казна затвор од 3 години и 5 месеци, две лица на казна затвор од 4 години, едно лице на казна затвор од 5 години и едно лице на казна затвор од 6 години. По поднесени жалби на санкции на две лица казните се преиначени и намалени од 6 години на 5 години и од 4 години на 3 години и 6 месеци.

По одржана главна расправа донесени се пресуди за три лица од кои две во постапка пред второстепениот суд се преиначени и тоа од 4 години на 5 години затворска казна и од 3 години и 6 месеци на 6 години, додека пресудата за едно лице осудено на казна затвор во трење од 6 години е потврдена.

За едно лице истрагата останува прекината до негово пронаоѓање, за три лица е донесена Наредба за запирање на истрага од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, додека на детето во судир со законот му се изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години.

Членовите на двете организирани криминални мрежи, продавале наркотична дрога преку препродавачи во Скопје, Гостивар, Тетово, Струмица и други градови по цена која се движела во износ од 4000 до 5000 денари за 1 (еден) грам кокаин и во распон од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана, стои во соопштението.

The post Случај „Планина“: Продолжува истрагата против наркобосот од Грчец, грам кокаин продавале и за 5.000 денари appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода во с. Грчец на првоосомничениот од предметот „Планина“ ќе ја продолжи истражната постапка против него. Тој, како што соопшти денеска ЈО, по наредба на обвинителството се бараше со национална и меѓународна потерница од 2021 година заради постоење на основано сомнение дека како главен организатор сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 вв став 1 од Кривичниот Законик.
Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица, од кои и против едно дете во судир со законот над 16 години. Бидејќи се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогашните спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство. Во меѓувреме, односно во септември 2021 година и во текот на изминатата година три од осомничените лица недостапни на органите на прогонот, се лишени од слобода каде што продолжи против нив истражната постапка, соопштуваат од Јавното Обвинителство.
Оттаму, посочија дека предметните обвинители постигнаа спогодба со 14 обвинети лица за кои судот ги прифати предлог спогодбите и донесе пресуди со кои на осум лица им определи казна затвор во траење од по 3 години, на две лица во траење од по 3 години и 6 месеци, три лица се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна. Врз основа на признание на вина на главна расправа петмина обвинети се осудени на казна затвор и тоа: едно лице на казна затвор од 3 години и 5 месеци, две лица на казна затвор од 4 години, едно лице на казна затвор од 5 години и едно лице на казна затвор од 6 години. По поднесени жалби на санкции на две лица казните се преиначени и намалени од 6 години на 5 години и од 4 години на 3 години и 6 месеци. По одржана главна расправа донесени се пресуди за три лица од кои две во постапка пред второстепениот суд се преиначени и тоа од 4 години на 5 години затворска казна и од 3 години и 6 месеци на 6 години, додека пресудата за едно лице осудено на казна затвор во трење од 6 години е потврдена. За едно лице истрагата останува прекината до негово пронаоѓање, за три лица е донесена Наредба за запирање на истрага од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, додека на детето во судир со законот му се изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години.
Членовите на двете организирани криминални мрежи, продавале наркотична дрога преку препродавачи во Скопје, Гостивар, Тетово, Струмица и други градови по цена која се движела во износ од 4000 до 5000 денари за 1 (еден) грам кокаин и во распон од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана, стои во соопштението.

The post Случај „Планина“: Продолжува истрагата против наркобосот од Грчец, грам кокаин продавале и за 5.000 денари appeared first on Република.

]]>
Наркобосот од Грчец, кој некни ограби банка во Центар, добил помала казна затвор од законскиот минимум https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/narkobosot-od-grchec-koj-nekni-ograbi-banka-vo-centar-dobil-pomala-kazna-zatvor-od-zakonskiot-minimum/ Thu, 10 Mar 2022 12:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=470627

Еден од уапсените вчера во близина на местото на грабежот на експозитурата на „Уни банка“ во трговскиот центар Беверли Хилсе припадник на таканаречениот Грчец клан, кому му било определена мерка куќен притвор за трговија со дрога, дознава „Телма“.

Станува збор за 32-годишен жител на општина Грчец, со иницијали  С.Б.. На потерницата која при неговото бегство пред акцијата „Планина“ МВР ги објави и неговите податоци и фотографијата.

Акцијата „Планина“ беше изведена лани во март, но шестмина осомничени како лидери на нарко-групата избегаа поради што обвинителката Вилма Русковска рече дека акцијата била пробиена од некого.

Меѓу избеганите беше и Бајрами, но во септември беше фатен и уапсен во Ѓорче Петров среде бел ден од припадници на интервентната полиција. Седум месеци подоцна, истиот Бајрами е фатен во близина на трговскиот центар Беверли Хилс во Скопје веднаш по извршениот грабеж на банка. Првично беше соопштено дека е во домашен притвор.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policaec-i-narkobos-od-grchec-koj-bil-vo-kukjen-pritvor-uapseni-za-oruzeniot-grabez-na-bankata-vo-kapishtec/

Но во изминатите седум месеци, нешто повеќе од три месеци, Седат Бајрами признал вина, потврдуваат од скопскиот кривичен суд за телевизијата. Тогаш наместо притвор во Шутка, судот му определил мерка домашен притвор, на таа мерка се согласило и обвинителството, а скопска Апелација ја потврдила одлуката за домашен притвор за бегалец кој бил на меѓународна потерница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nevozmozno-e-da-propadne-policiska-akcija-ako-ne-pomogne-vrvot-na-vlasta/

Но, за делото за кое е осуден бегалецот кој успеал да ја пробие полициската акција Планина, стои поголема казна отколку што пресудил скопскиот кривичен суд, односно советот предводен од судијата Огнен Ставрев.

Ако делото од став 1 го извршиле повеќе лица или сторителот на ова дело организирал мрежа на препродавачи или посредници, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години., пишува во кривичниот Законик за членот по кој обвинетиот е осуден на казна пониска од минимално предвидените 5 години затвор.

Повеќе на Телма

The post Наркобосот од Грчец, кој некни ограби банка во Центар, добил помала казна затвор од законскиот минимум appeared first on Република.

]]>

Еден од уапсените вчера во близина на местото на грабежот на експозитурата на „Уни банка“ во трговскиот центар Беверли Хилсе припадник на таканаречениот Грчец клан, кому му било определена мерка куќен притвор за трговија со дрога, дознава „Телма“. Станува збор за 32-годишен жител на општина Грчец, со иницијали  С.Б.. На потерницата која при неговото бегство пред акцијата „Планина“ МВР ги објави и неговите податоци и фотографијата. Акцијата „Планина“ беше изведена лани во март, но шестмина осомничени како лидери на нарко-групата избегаа поради што обвинителката Вилма Русковска рече дека акцијата била пробиена од некого. Меѓу избеганите беше и Бајрами, но во септември беше фатен и уапсен во Ѓорче Петров среде бел ден од припадници на интервентната полиција. Седум месеци подоцна, истиот Бајрами е фатен во близина на трговскиот центар Беверли Хилс во Скопје веднаш по извршениот грабеж на банка. Првично беше соопштено дека е во домашен притвор. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policaec-i-narkobos-od-grchec-koj-bil-vo-kukjen-pritvor-uapseni-za-oruzeniot-grabez-na-bankata-vo-kapishtec/ Но во изминатите седум месеци, нешто повеќе од три месеци, Седат Бајрами признал вина, потврдуваат од скопскиот кривичен суд за телевизијата. Тогаш наместо притвор во Шутка, судот му определил мерка домашен притвор, на таа мерка се согласило и обвинителството, а скопска Апелација ја потврдила одлуката за домашен притвор за бегалец кој бил на меѓународна потерница. https://republika.mk/vesti/makedonija/nevozmozno-e-da-propadne-policiska-akcija-ako-ne-pomogne-vrvot-na-vlasta/ Но, за делото за кое е осуден бегалецот кој успеал да ја пробие полициската акција Планина, стои поголема казна отколку што пресудил скопскиот кривичен суд, односно советот предводен од судијата Огнен Ставрев.
Ако делото од став 1 го извршиле повеќе лица или сторителот на ова дело организирал мрежа на препродавачи или посредници, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години., пишува во кривичниот Законик за членот по кој обвинетиот е осуден на казна пониска од минимално предвидените 5 години затвор.
Повеќе на Телма

The post Наркобосот од Грчец, кој некни ограби банка во Центар, добил помала казна затвор од законскиот минимум appeared first on Република.

]]>
Приведен криминалец од Грчец, го гонеле во акцијата „Планина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-kriminalec-od-grchec-go-gonele-vo-akcijata-planina/ Wed, 09 Feb 2022 16:26:19 +0000 https://republika.mk/?p=456363

Денеска (09.02.2022) околу 16 часот во Сарај од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје приведен е Е.З. (21) од с. Грчец, скопско, кој се барал со меѓународна потерница од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради истрага за ОА „Планина“ по член 215. Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство.

The post Приведен криминалец од Грчец, го гонеле во акцијата „Планина“ appeared first on Република.

Ковачки: Спасовски прави забава за народ, пратил специјалци во Грчец да констатираат дека нема фискална каса https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachki-spasovski-pravi-zabava-za-narod-pratil-specijalci-vo-grchec-da-konstatiraat-deka-nema-fiskalna-kasa/ Sun, 06 Feb 2022 20:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=454834

Полковникот Драган Ковачки реагира дека специјални сили упаднале во озлогласеното село Грчец, но не за да уапсат наркобос, туку да констатираат дека нерегистриран угостителски објект не поседувал фискална каза.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajden-noz-zateknati-maloletnici-i-niza-nezakonski-aktivnosti-zatvoren-ugostitelski-objekt-vo-grchec/

Полицајци од Бирото за јавна безбедност и Единицата за брзо распоредување, заедно со УЈП и пазарниот инспекторат, синоќа на полноќ го затвориле угостителскиот објект на наркобосот Шевељ Муареми во Грчец. МВР објави дека кафеаната не била регистрирана, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19 и е запечатена со издадени глоби. Имало присуство на тројца малолетници, а кај едно лице е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР. Шеваљ Муареми е во бегство, а неговото име е претходно поврзано со пукањето во хотелот Александар Палас.

Минатата година правеа акција "Планина" во с. Грчец. Требало да се апсат нарко босови. Акцијата пропадна поради нејзино пробивање од највисоките кругови во МВР. Така барем тогаш изјави ЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Одговорност не понесе никој.

Денеска повторно правеле акција во с. Грчец. И денеска отишле со специјалци од МВР, инспектори од Пазарна, Трудова итн. Што е исходот?
Нашле неколку малолетници во угостителски објект, објектот немал фискална каса, а кај едно лице пронашле нож.

Па добро бре министре Спасовски, до толку ли не ве бива или си правите забава за народ? Има ли смисла да се трошат толкави средства за дневници, гориво, да се малтретираат специјалци за да констатирате дека објектот немал фискална каса?!!

На што ја сведовте елитната полиција, на инструмент за личен ПиАр. Барем да беше успешен ПиАр.
За оваа акција не требаше ни да објавувате дека сте ја правеле, затоа што поради Вашата и неспособноста на Вашиот тим, полицијата наместо да биде авторитет, служи за подбив“, напиша Ковачки на Фејсбук, инаку кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори.

The post Ковачки: Спасовски прави забава за народ, пратил специјалци во Грчец да констатираат дека нема фискална каса appeared first on Република.

]]>

Полковникот Драган Ковачки реагира дека специјални сили упаднале во озлогласеното село Грчец, но не за да уапсат наркобос, туку да констатираат дека нерегистриран угостителски објект не поседувал фискална каза. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajden-noz-zateknati-maloletnici-i-niza-nezakonski-aktivnosti-zatvoren-ugostitelski-objekt-vo-grchec/ Полицајци од Бирото за јавна безбедност и Единицата за брзо распоредување, заедно со УЈП и пазарниот инспекторат, синоќа на полноќ го затвориле угостителскиот објект на наркобосот Шевељ Муареми во Грчец. МВР објави дека кафеаната не била регистрирана, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19 и е запечатена со издадени глоби. Имало присуство на тројца малолетници, а кај едно лице е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР. Шеваљ Муареми е во бегство, а неговото име е претходно поврзано со пукањето во хотелот Александар Палас.
Минатата година правеа акција "Планина" во с. Грчец. Требало да се апсат нарко босови. Акцијата пропадна поради нејзино пробивање од највисоките кругови во МВР. Така барем тогаш изјави ЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Одговорност не понесе никој. Денеска повторно правеле акција во с. Грчец. И денеска отишле со специјалци од МВР, инспектори од Пазарна, Трудова итн. Што е исходот? Нашле неколку малолетници во угостителски објект, објектот немал фискална каса, а кај едно лице пронашле нож. Па добро бре министре Спасовски, до толку ли не ве бива или си правите забава за народ? Има ли смисла да се трошат толкави средства за дневници, гориво, да се малтретираат специјалци за да констатирате дека објектот немал фискална каса?!! На што ја сведовте елитната полиција, на инструмент за личен ПиАр. Барем да беше успешен ПиАр. За оваа акција не требаше ни да објавувате дека сте ја правеле, затоа што поради Вашата и неспособноста на Вашиот тим, полицијата наместо да биде авторитет, служи за подбив“, напиша Ковачки на Фејсбук, инаку кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори.

The post Ковачки: Спасовски прави забава за народ, пратил специјалци во Грчец да констатираат дека нема фискална каса appeared first on Република.

]]>