академски ќас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademski-kas/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 09:54:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png академски ќас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademski-kas/ 32 32 Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mladite-obrazovani-luge-se-potrebni-na-drzhavata/ Mon, 02 Oct 2023 09:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=687045

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се обрати по повод почетокот на академската 2023/2024 година.

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на настанот се обратија и министерот за образование, Јетон Шаќири и министерот за здравство, Фатмир Меџити, како и проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје и проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Драги студенти и почитувани професори, овде на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на сите државни и приватни универзитети низ државата, каде денеска започнува студиската година,

Почитувани проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ, почитувани присутни,

Нека е среќен и успешен почетокот на новата, академска 2023/2024 година!

И исто така нека е среќен и успешен и мандатот на новиот декан, на медицинскиот факултет и на новиот ректор на УКИМ Скопје. Кога ќе се погледне оваа слика тука, она во што сум сигурен е дека медицинскиот кадар не е и нема да биде дефицитарен во нашата држава, бидејќи сите места се исполнети и уште толку нови студенти на медицинскиот факултет стојат и ја исполнуваат оваа сала, овој амфитеатар во кој што од денес ќе почнат да студираат на медицинскиот факултет.

На сите студенти, кои денеска го започнуваат своето академското образование и на сите кои ги продолжуваат студиите, сакам да им порачам:

Секогаш вложувајте во вашето знаење, тоa е она што ќе ве формира и како личности и како професионалци и е влог кој ќе ви се врати повеќекратно низ животот. Знаењето е единственото нешто кое никој никогаш не може да ви го одземе. Таму всушност лежи моќта на сите промени кои ќе ги направите и за самите себе и за општеството. Јасно ми е дека многу работи од денешна перспектива ќе ви изгледаат непознати, тешки, и ќе ви изгледаат можеби недостижни, но сакам да ве уверам дека ако сте фокусирани, ако имате отворен ум, ако сте гладни за знаење, за вас нема да има никаква пречка. Вие - и секој поединечно и сите заедно, ако сакате и ако си го поставите како цел, можете да го смените светот околу вас.

Гледајќи ве сите тука денес, се потсетив на деновите кога бев на ваше место и на мојот пат . Бев и студент. Бев и 22 години дел од различни компании во приватниот сектор. Бев и еден од оние кои правеа први чекори во воведување нови технологии во нашата држава кои денес се користат. Сум дел и од академската заедница. И денес после позицијата заменик министер за финансии, без избран за најголемата чест која може да му припадне некого, а тоа е да ја предводам Владата и да бидам претседател на Владата.

И низ сите овие години, во сите тие чекори, без разлика на достигнувањата, или на позицијата која сум ја имал, она што го научив и што го стекнав како знаење низ годините и она што го учам секој ден, со тие со кои соработувам, беше, и останува единствена константа на секојдневието. Таа желба за знаење е она кое ме направи тоа што сум денес, единственото нешто кое ми даваше верба дека можам. Дека можам повеќе и можам подобро.

Сакам да ви посочам нешто многу важно: Не заборавајте дека секој ден е можност да научите многу повеќе и да постигнете многу повеќе. И затоа ве охрабрувам да сте љубопитни и да прашувате, секој ден, затоа што тоа е единствениот начин како ќе учите и ќе продолжите да се стекнувате со знаења. Така ќе станете добри доктори, научници. На другите факултети студентите ќе станат добри економисти, уметници, градители, музичари, инженери, лидери – луѓе кои ќе се иднината на нашата земја.
Често велам, со напорна работа, нема недостижна цел. И тоа е точно и тука и денес. И ќе биде точно и утре кога ќе сте веќе навлезени во она море на информации, податоци, искуства и знаења кои ќе ви помогнат да си го поставите вашиот пат и целосно да си ги исполните желбите и соништата, но и вашите лични капацитети и амбиции.

Професорите се тука за ви дадат насока и знаење, а на вас ќе остане да го употребите тоа и да ги придвижите работите напред. И за себе и за сите нас.

Вие имате среќа на овој факултет и на овој универзитет што имате професори кои се врвни експерти признаени во светот. Сите ние сме горди на нив секојдневно. Вие имате декан кој е наградуван декан и професор. Имате професори кои што спасиле животи. Јас имам многубројни лични искуства со професорите на медицинскиот факултет кои што се доктори на клиниките во универзитетскиот клинички центар. И благодарение и на проф. Караџов, и на проф. Филипче и на проф. Кондовски и на проф. Џонов, и на многу други, веројатно и моето семејство немаше да биде на број како што е денес доколку не беше нивната стручност и доколку не беше нивното знаење. Затоа и во мое име и во име на сите граѓани сакам да се заблагодарам на целиот образовен и стручен персонал на медицинскиот факултет во Скопје, меѓутоа и на сите професори, на сите други факултет и универзитети во државата за она што направиле и што вложиле во развојот на нашата држава.

Затоа ве повикувам и вас, заедно да направиме држава на успешни и среќни луѓе, кои ќе ја градат својата иднина во својата родна земја. Држава на амбициозни луѓе, луѓе кои сакаат да направат повеќе, а не луѓе кои ќе се жалат дека некој ги спречил и направиле помалку.

Луѓето се најважен ресурс за развојот на која било држава. Развојот значи економски раст, но значи и подобрување на квалитетот на живот на луѓето. Значи подобро здравство, подобро образование, социјална стабилност, шанси за личен напредок, перспективи – дома. И затоа ние денес, како Влада, вложуваме во човечкиот капитал. Клучно значење има квалитетот на високото образование, што го унапредуваме во соработка со универзитетите и со нашите стратешки партнери од Европската Унија и САД. Резултатите ги очекуваме на среден рок, затоа што секоја квалитетна реформа бара време, бара човечки и бара финансиски ресурси. Но, насоката е заземена - тоа е македонско образование, по успешни европски пракси. Во 2018 година донесовме целосно нов Закон за високо образование што ја гарантира академската слобода на делување и изразување и обезбедува повеќе права и можности за наставниот и научниот кадар, како и за студентите. А веќе дискутираме и за надградба на Законот и тоа наскоро ќе се случи. Исто така, во моментов се работи на 4 клучни стратешки документи за изградба на квалитетен национален систем за високо образование до 2025 година.

Во меѓувреме го унапредуваме и студентскиот стандард. Преку Министерството за образование и наука доделуваме повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи. Најголем дел од категориите на стипендии ги изедначивме на сума од 6.050 денари месечно, што е зголемување за 80% од претходно. За студентите пак кои се запишани на дефицитарни студиски програми по математика, физика и хемија, а од минатата година и на земјоделство, шумарство и ветеринарство - има месечни стипендии во износ од 18 илјади денари. Од лани воведовме стипендии и за студенти на студиските програми за превод, историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, во износ од 6.050 денари.

Тоа што вас може да ве интересира, како студенти во областа на медицината – следуваат 500 стипендии во висина од 6.050 денари, за студенти на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките или медицинските науки, за што може да аплицирате набрзо, кога ќе се отвори конкурсот. По примерот на држави членки на ЕУ, воведовме и субвенциониран студентски оброк. И веќе од денеска, на самиот почеток на студентската година, на над 20.000 студенти, им се достапни средства за студентски оброк, сума која годинaва е покачена, од 120 на 140 денари на ден или околу 50 евра, на месечно ниво. Во нашето општество често се водат дебати на различни теми, се водеше и за ова, во однос на тоа колку треба да биде износот на студентскиот оброк. Јас ќе потсетам една работа, студентски оброк пред стапувањето на функција на оваа Влада, не постоеше. Така да за ова е за прв пат сите студенти, без исклучок, да имаат обезбеден студентски оброк во државниот буџет.
Од пред неколку дена објавени се и резултатите од конкурсите за сместување и на бруцошите во студентските домови.

Сакам да потенцирам дека Министерството за образование и наука веќе склучи договор за обезбедување средства во износ од 25 милиони евра за реконструкција на сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. По три децении, конечно оваа Влада се зафати да го реши ова важно прашање за квалитетот на живот на студентите таму. И очекувам инвестициската активност да започне уште во оваа година.

Соопштив некои информации од интерес за сите студенти од државата. Но, вам почитувани студенти на Медицинскиот факултет – идни лекари, посебно сакам да ви порачам – дека сте многу важни.

Избравте хумана професија, што од вас ќе бара многу учење и откажувања на личен план, а во името на доброто на другите. И тоа е нешто за што треба да ви се честита, јас лично сакам да ви честитам за изборот кој што сте го направиле. И воедно сакам да ви се заблагодарам, бидејќи утре вие ќе бидете тие кои ќе се грижите за здравјето на сите ваши сограѓани. Од Медицинскиот факултет при УКИМ, во досегашните 76 години постоење, излезени се многу успешни кадри, познати, признаени и барани во целиот свет. Со капацитетите на дел од нив, изминатиов период беа направени револуционерни чекори во државата во областа на трансплантацијата на органи, за што сите бевме горди и како граѓани, лекарите како доктори, меѓутоа и државата со тоа што успеаа нашите стручни професори да го направат. Овие наши лекари – експерти, се потврдува дека можат да направат успеси и дека тие успеси се можни, на наше македонско тло. Верувам дека ве охрабривме да ја изберете медицината и со низата политики со коишто здравството го поставивме како еден од врвните државни приоритети. Во изминатите неколку години го вративме достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за над 40%, на медицинските сестри над 20%, на општите лекари над 25%, на здравствените соработници над 15%.

Во текот на изминатите денови беше потпишан нов колективен договор со синдикатот на здравствените работници. Секогаш може повеќе, и секогаш може подобро и ќе биде и подобро и ќе биде и поуспешно. Платите на лекарите специјалисти во некои области се и двојно повисоки. Корегиран е коефициентот за дежурства. За младите специјализанти овозможено е здравствено осигурување, платени дежурства, месечен надомест колку основна плата на општ лекар. Бидејќи така се гради прогрес, со вложување во човечкиот капитал. Државата може да се развива само меѓу други демократски држави, а не во изолација. Поголемата конкурентност, конкретно на европскиот пазар од половина милијарда луѓе, дава можности, како стручен кадар, да сте барани и вреднувани на пазарот на трудот.

Затоа, правиме пат за членство во Европската Унија, во динамичен процес до 2030 година, за европски услови за живот, работа и развој, тука, во нашата држава. Уверен сум дека со вас, младите луѓе, со вашата енергија, интелигенција, со вашите потенцијали и поддршка, која што ќе ви ја дадат и професорите и институциите, заедничката цел - ќе ја постигнеме. Заеднички ќе ја направиме оваа држава европска, со европско образование и здравство, и заеднички ќе ги поставиме основите за брз развој понатаму. Сметаме на вашата желба да ја направите оваа земја поубаво место за живеење, земја во која и вие и идните генерации ќе ја градат својата иднина.

Нам и вам ни е доделена таа благородна задача, да направиме нешто повеќе за нас, за нашите најблиски, за нашите семејства, за сите граѓани, тука дома, во татковината. Затоа што, ако не ние, кој? Ако не сега, кога?

Ќе завршам со она што го посочив на почетокот - сонувајте, верувајте во себе и пред сѐ бидете отворени за нови знаења затоа што тоа е вашата најдобра инвестиција. И работете напорно, затоа што со напорна работа, нема недостижна цел.
Во име на Владата и во мое лично име, на сите студенти и професори во државата им посакувам среќна и успешна академска година.

Со среќа на сите, многу успех и само напред!“

The post Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се обрати по повод почетокот на академската 2023/2024 година. Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на настанот се обратија и министерот за образование, Јетон Шаќири и министерот за здравство, Фатмир Меџити, како и проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје и проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ. Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски: „Драги студенти и почитувани професори, овде на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на сите државни и приватни универзитети низ државата, каде денеска започнува студиската година, Почитувани проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ, почитувани присутни, Нека е среќен и успешен почетокот на новата, академска 2023/2024 година! И исто така нека е среќен и успешен и мандатот на новиот декан, на медицинскиот факултет и на новиот ректор на УКИМ Скопје. Кога ќе се погледне оваа слика тука, она во што сум сигурен е дека медицинскиот кадар не е и нема да биде дефицитарен во нашата држава, бидејќи сите места се исполнети и уште толку нови студенти на медицинскиот факултет стојат и ја исполнуваат оваа сала, овој амфитеатар во кој што од денес ќе почнат да студираат на медицинскиот факултет. На сите студенти, кои денеска го започнуваат своето академското образование и на сите кои ги продолжуваат студиите, сакам да им порачам: Секогаш вложувајте во вашето знаење, тоa е она што ќе ве формира и како личности и како професионалци и е влог кој ќе ви се врати повеќекратно низ животот. Знаењето е единственото нешто кое никој никогаш не може да ви го одземе. Таму всушност лежи моќта на сите промени кои ќе ги направите и за самите себе и за општеството. Јасно ми е дека многу работи од денешна перспектива ќе ви изгледаат непознати, тешки, и ќе ви изгледаат можеби недостижни, но сакам да ве уверам дека ако сте фокусирани, ако имате отворен ум, ако сте гладни за знаење, за вас нема да има никаква пречка. Вие - и секој поединечно и сите заедно, ако сакате и ако си го поставите како цел, можете да го смените светот околу вас. Гледајќи ве сите тука денес, се потсетив на деновите кога бев на ваше место и на мојот пат . Бев и студент. Бев и 22 години дел од различни компании во приватниот сектор. Бев и еден од оние кои правеа први чекори во воведување нови технологии во нашата држава кои денес се користат. Сум дел и од академската заедница. И денес после позицијата заменик министер за финансии, без избран за најголемата чест која може да му припадне некого, а тоа е да ја предводам Владата и да бидам претседател на Владата. И низ сите овие години, во сите тие чекори, без разлика на достигнувањата, или на позицијата која сум ја имал, она што го научив и што го стекнав како знаење низ годините и она што го учам секој ден, со тие со кои соработувам, беше, и останува единствена константа на секојдневието. Таа желба за знаење е она кое ме направи тоа што сум денес, единственото нешто кое ми даваше верба дека можам. Дека можам повеќе и можам подобро. Сакам да ви посочам нешто многу важно: Не заборавајте дека секој ден е можност да научите многу повеќе и да постигнете многу повеќе. И затоа ве охрабрувам да сте љубопитни и да прашувате, секој ден, затоа што тоа е единствениот начин како ќе учите и ќе продолжите да се стекнувате со знаења. Така ќе станете добри доктори, научници. На другите факултети студентите ќе станат добри економисти, уметници, градители, музичари, инженери, лидери – луѓе кои ќе се иднината на нашата земја. Често велам, со напорна работа, нема недостижна цел. И тоа е точно и тука и денес. И ќе биде точно и утре кога ќе сте веќе навлезени во она море на информации, податоци, искуства и знаења кои ќе ви помогнат да си го поставите вашиот пат и целосно да си ги исполните желбите и соништата, но и вашите лични капацитети и амбиции. Професорите се тука за ви дадат насока и знаење, а на вас ќе остане да го употребите тоа и да ги придвижите работите напред. И за себе и за сите нас. Вие имате среќа на овој факултет и на овој универзитет што имате професори кои се врвни експерти признаени во светот. Сите ние сме горди на нив секојдневно. Вие имате декан кој е наградуван декан и професор. Имате професори кои што спасиле животи. Јас имам многубројни лични искуства со професорите на медицинскиот факултет кои што се доктори на клиниките во универзитетскиот клинички центар. И благодарение и на проф. Караџов, и на проф. Филипче и на проф. Кондовски и на проф. Џонов, и на многу други, веројатно и моето семејство немаше да биде на број како што е денес доколку не беше нивната стручност и доколку не беше нивното знаење. Затоа и во мое име и во име на сите граѓани сакам да се заблагодарам на целиот образовен и стручен персонал на медицинскиот факултет во Скопје, меѓутоа и на сите професори, на сите други факултет и универзитети во државата за она што направиле и што вложиле во развојот на нашата држава. Затоа ве повикувам и вас, заедно да направиме држава на успешни и среќни луѓе, кои ќе ја градат својата иднина во својата родна земја. Држава на амбициозни луѓе, луѓе кои сакаат да направат повеќе, а не луѓе кои ќе се жалат дека некој ги спречил и направиле помалку. Луѓето се најважен ресурс за развојот на која било држава. Развојот значи економски раст, но значи и подобрување на квалитетот на живот на луѓето. Значи подобро здравство, подобро образование, социјална стабилност, шанси за личен напредок, перспективи – дома. И затоа ние денес, како Влада, вложуваме во човечкиот капитал. Клучно значење има квалитетот на високото образование, што го унапредуваме во соработка со универзитетите и со нашите стратешки партнери од Европската Унија и САД. Резултатите ги очекуваме на среден рок, затоа што секоја квалитетна реформа бара време, бара човечки и бара финансиски ресурси. Но, насоката е заземена - тоа е македонско образование, по успешни европски пракси. Во 2018 година донесовме целосно нов Закон за високо образование што ја гарантира академската слобода на делување и изразување и обезбедува повеќе права и можности за наставниот и научниот кадар, како и за студентите. А веќе дискутираме и за надградба на Законот и тоа наскоро ќе се случи. Исто така, во моментов се работи на 4 клучни стратешки документи за изградба на квалитетен национален систем за високо образование до 2025 година. Во меѓувреме го унапредуваме и студентскиот стандард. Преку Министерството за образование и наука доделуваме повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи. Најголем дел од категориите на стипендии ги изедначивме на сума од 6.050 денари месечно, што е зголемување за 80% од претходно. За студентите пак кои се запишани на дефицитарни студиски програми по математика, физика и хемија, а од минатата година и на земјоделство, шумарство и ветеринарство - има месечни стипендии во износ од 18 илјади денари. Од лани воведовме стипендии и за студенти на студиските програми за превод, историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, во износ од 6.050 денари. Тоа што вас може да ве интересира, како студенти во областа на медицината – следуваат 500 стипендии во висина од 6.050 денари, за студенти на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките или медицинските науки, за што може да аплицирате набрзо, кога ќе се отвори конкурсот. По примерот на држави членки на ЕУ, воведовме и субвенциониран студентски оброк. И веќе од денеска, на самиот почеток на студентската година, на над 20.000 студенти, им се достапни средства за студентски оброк, сума која годинaва е покачена, од 120 на 140 денари на ден или околу 50 евра, на месечно ниво. Во нашето општество често се водат дебати на различни теми, се водеше и за ова, во однос на тоа колку треба да биде износот на студентскиот оброк. Јас ќе потсетам една работа, студентски оброк пред стапувањето на функција на оваа Влада, не постоеше. Така да за ова е за прв пат сите студенти, без исклучок, да имаат обезбеден студентски оброк во државниот буџет. Од пред неколку дена објавени се и резултатите од конкурсите за сместување и на бруцошите во студентските домови. Сакам да потенцирам дека Министерството за образование и наука веќе склучи договор за обезбедување средства во износ од 25 милиони евра за реконструкција на сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. По три децении, конечно оваа Влада се зафати да го реши ова важно прашање за квалитетот на живот на студентите таму. И очекувам инвестициската активност да започне уште во оваа година. Соопштив некои информации од интерес за сите студенти од државата. Но, вам почитувани студенти на Медицинскиот факултет – идни лекари, посебно сакам да ви порачам – дека сте многу важни. Избравте хумана професија, што од вас ќе бара многу учење и откажувања на личен план, а во името на доброто на другите. И тоа е нешто за што треба да ви се честита, јас лично сакам да ви честитам за изборот кој што сте го направиле. И воедно сакам да ви се заблагодарам, бидејќи утре вие ќе бидете тие кои ќе се грижите за здравјето на сите ваши сограѓани. Од Медицинскиот факултет при УКИМ, во досегашните 76 години постоење, излезени се многу успешни кадри, познати, признаени и барани во целиот свет. Со капацитетите на дел од нив, изминатиов период беа направени револуционерни чекори во државата во областа на трансплантацијата на органи, за што сите бевме горди и како граѓани, лекарите како доктори, меѓутоа и државата со тоа што успеаа нашите стручни професори да го направат. Овие наши лекари – експерти, се потврдува дека можат да направат успеси и дека тие успеси се можни, на наше македонско тло. Верувам дека ве охрабривме да ја изберете медицината и со низата политики со коишто здравството го поставивме како еден од врвните државни приоритети. Во изминатите неколку години го вративме достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за над 40%, на медицинските сестри над 20%, на општите лекари над 25%, на здравствените соработници над 15%. Во текот на изминатите денови беше потпишан нов колективен договор со синдикатот на здравствените работници. Секогаш може повеќе, и секогаш може подобро и ќе биде и подобро и ќе биде и поуспешно. Платите на лекарите специјалисти во некои области се и двојно повисоки. Корегиран е коефициентот за дежурства. За младите специјализанти овозможено е здравствено осигурување, платени дежурства, месечен надомест колку основна плата на општ лекар. Бидејќи така се гради прогрес, со вложување во човечкиот капитал. Државата може да се развива само меѓу други демократски држави, а не во изолација. Поголемата конкурентност, конкретно на европскиот пазар од половина милијарда луѓе, дава можности, како стручен кадар, да сте барани и вреднувани на пазарот на трудот. Затоа, правиме пат за членство во Европската Унија, во динамичен процес до 2030 година, за европски услови за живот, работа и развој, тука, во нашата држава. Уверен сум дека со вас, младите луѓе, со вашата енергија, интелигенција, со вашите потенцијали и поддршка, која што ќе ви ја дадат и професорите и институциите, заедничката цел - ќе ја постигнеме. Заеднички ќе ја направиме оваа држава европска, со европско образование и здравство, и заеднички ќе ги поставиме основите за брз развој понатаму. Сметаме на вашата желба да ја направите оваа земја поубаво место за живеење, земја во која и вие и идните генерации ќе ја градат својата иднина. Нам и вам ни е доделена таа благородна задача, да направиме нешто повеќе за нас, за нашите најблиски, за нашите семејства, за сите граѓани, тука дома, во татковината. Затоа што, ако не ние, кој? Ако не сега, кога? Ќе завршам со она што го посочив на почетокот - сонувајте, верувајте во себе и пред сѐ бидете отворени за нови знаења затоа што тоа е вашата најдобра инвестиција. И работете напорно, затоа што со напорна работа, нема недостижна цел. Во име на Владата и во мое лично име, на сите студенти и професори во државата им посакувам среќна и успешна академска година. Со среќа на сите, многу успех и само напред!“

The post Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата appeared first on Република.

]]>