академски испит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademski-ispit/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jan 2024 15:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png академски испит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademski-ispit/ 32 32 Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-uchebnata-2024-25-godina-pokraj-struchna-matura-se-voveduva-i-akademski-ispit-za-uchenitsite-vo-srednite-struchni-uchilishta-koi-sakaat-da-se-zapishat-na-fakultet/ Wed, 17 Jan 2024 15:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=733979

Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет. Ова е една од новините кои ги предвидува новиот Закон за средно образование кој помина на Влада, заедно со Законот за стручно образование и обука, на иницијатива на Министествтото за обазование и наука (МОН).

Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите: се запишани на четврта година од средно стручно образование или средно уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.

Ова законско решение е усогласено со Државниот испитен центар (ДИЦ) и со Унијата на средношколци. Со нив дискутиравме додека законите беа во подготовка. Посебна новина што се воведува во овој закон е воведување на стручна матура и влезен академски испит. По завршување на последната година од гимназиско образование, учениците полагаат државна матура или училишна матура. По завршување на меѓународната програма во средно образование учениците полагаат меѓународна матура или државна матура. Но, по завршување на последната година во стручното образование, кај четиригодишното образование, ќе има право да се полага и приемниот академски испит во делот на стручното образование. По тригодишните програми во стручното образование сите ученици ќе полагаат завршен испит. Ќе се реализира преку ДИЦ, тие ги подготуваат прашањата, нема голема разлика во делот на интерните и екстерните испити, иста е формата како и претходно, но плус ќе има дополнителен испит за стручните струки, изјави на денешната прес-конференција министерот за образоваие и наука Јетон Шаќири.

На прес-конференција ресорниот министер нагласи дека со донесувањето на овие законски решенија ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес со оглед на тоа што актуелните закони се од 1995 односно од 2007 година и, како што рече, не соодветствуваат со реалните потреби.

Новиот Закон за средно образование ќе овозможи развој на клучните компетенции и вештини кај младите, со особен фокус на дигиталните, неопходни за понатамошното образование и успешно вработување. Првпат се воведува и кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Особено е важно што се овозможува и ученичко организирање и учество во носење одлуки што досега им недостигаше на учениците, рече Шаќири.

Со новиот Закон за стручно образование и обука, пак, посочи тој, се регулира концептот на дуално образование за чија надградба и проширување, рече, се заложуваме повеќе години.

Законот го зголемува обемот на практично образование во средните стручни училишта, односно фокусот е повеќе кон стекнување практични и применливи вештини преку учење директно на работно место во компаниите за сметка на намалување на теоретската настава, додаде Шаќири и посочи дека има тренд на зголемен број ученици запишани во стручното образование и наспроти 11 дуални паралелки пред четири години, денес има 592 со речиси 7000 ученици.

The post Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет appeared first on Република.

]]>

Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет. Ова е една од новините кои ги предвидува новиот Закон за средно образование кој помина на Влада, заедно со Законот за стручно образование и обука, на иницијатива на Министествтото за обазование и наука (МОН). Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите: се запишани на четврта година од средно стручно образование или средно уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.
Ова законско решение е усогласено со Државниот испитен центар (ДИЦ) и со Унијата на средношколци. Со нив дискутиравме додека законите беа во подготовка. Посебна новина што се воведува во овој закон е воведување на стручна матура и влезен академски испит. По завршување на последната година од гимназиско образование, учениците полагаат државна матура или училишна матура. По завршување на меѓународната програма во средно образование учениците полагаат меѓународна матура или државна матура. Но, по завршување на последната година во стручното образование, кај четиригодишното образование, ќе има право да се полага и приемниот академски испит во делот на стручното образование. По тригодишните програми во стручното образование сите ученици ќе полагаат завршен испит. Ќе се реализира преку ДИЦ, тие ги подготуваат прашањата, нема голема разлика во делот на интерните и екстерните испити, иста е формата како и претходно, но плус ќе има дополнителен испит за стручните струки, изјави на денешната прес-конференција министерот за образоваие и наука Јетон Шаќири.
На прес-конференција ресорниот министер нагласи дека со донесувањето на овие законски решенија ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес со оглед на тоа што актуелните закони се од 1995 односно од 2007 година и, како што рече, не соодветствуваат со реалните потреби.
Новиот Закон за средно образование ќе овозможи развој на клучните компетенции и вештини кај младите, со особен фокус на дигиталните, неопходни за понатамошното образование и успешно вработување. Првпат се воведува и кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Особено е важно што се овозможува и ученичко организирање и учество во носење одлуки што досега им недостигаше на учениците, рече Шаќири.
Со новиот Закон за стручно образование и обука, пак, посочи тој, се регулира концептот на дуално образование за чија надградба и проширување, рече, се заложуваме повеќе години.
Законот го зголемува обемот на практично образование во средните стручни училишта, односно фокусот е повеќе кон стекнување практични и применливи вештини преку учење директно на работно место во компаниите за сметка на намалување на теоретската настава, додаде Шаќири и посочи дека има тренд на зголемен број ученици запишани во стручното образование и наспроти 11 дуални паралелки пред четири години, денес има 592 со речиси 7000 ученици.

The post Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет appeared first on Република.

]]>
Матурантите кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе полагаат академски тест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maturantite-koi-kje-sakaat-da-se-zapishat-na-fakultet-kje-polagaat-akademski-test/ Fri, 13 May 2022 10:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=501842

Учениците од средно стручно образование кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе треба да полагаат академски тест, објави Факултети.мк

Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска за „Факултети.мк“ вели дека без положен академски тест матурантот нема да има право да се запише на факултет. Новиот концепт за полагање државна матура, од кој е дел и овој академски тест, би почнал да се применува од 2025 година.

Според новиот концепт за полагање државна матура, различно ќе биде тестирањето во гимназиите и во средните стручни училишта. Во гимназиите ќе има задолжително полагање математика и странски јазик, а во стручното образование ќе се полагаат стручни предмети. Таму, исто така, ќе има и академски тест, информира Наумовска.

Таа појаснува дека академскиот тест ќе содржи прашања од јазична писменост, за, како што рече, да се види колку се писмени учениците.

Ќе се види и математичката писменост, исто така. Се смета дека овие вештини и знаења мора примарно да ги поседува секој иден студент. Во понатамошните академски звања што ќе ги добива, ќе треба да подготвува различни семинарски работи, ќе треба да истражува. И сега не може секој да студира, т.е. државната матура е услов за упис на факултет - додава директорката.

Целиот текст тука.

The post Матурантите кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе полагаат академски тест appeared first on Република.

]]>

Учениците од средно стручно образование кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе треба да полагаат академски тест, објави Факултети.мк Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска за „Факултети.мк“ вели дека без положен академски тест матурантот нема да има право да се запише на факултет. Новиот концепт за полагање државна матура, од кој е дел и овој академски тест, би почнал да се применува од 2025 година.