академска година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademska-godina/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Oct 2022 06:14:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png академска година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademska-godina/ 32 32 Прв академски час на факултетите на УКИМ, почнува студиската 2022/2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prv-akademski-chas-na-fakultetite-na-ukim-pochnuva-studiskata-2022-2023-godina/ Mon, 03 Oct 2022 06:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=556642

На факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе бидат организирани први академски часови за симболично означување на почетокот на студиската 2022/2023 година и добредојде на новата генерација студенти.

Првиот академски час на УКИМ беше одбележан во саботата на Машинскиот факултет и, по пауза од две години поради КОВИД-пандемијата, се одржа со физичко присуство.

Бруцошите ги поздрави ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, со порака дека е чест, но и голема обврска да се студира на најстариот, најдобриот и најголемиот универзитет во нашата држава.

Затоа што знаењето, науката, талентот, креативноста и квалитетот се основни постулати во неговото работење… Ви посакувам низ студирањето да ве следат истрајноста, знаењето и желбата за ваш личен напредок и развој. Работете вредно, посветете им се максимално на студиите, соработувајте со вашите професори, соработувајте и меѓусебно, посветете се на вашата утрешнина, истакна Јанкуловски.

Според најавата на УКИМ, ректорот денеска, по повод првиот академски час, ќе ги посети Медицинскиот факултет (8.30 часот), Филолошкиот (11:00), Економскиот (12:00) и Архитектонскиот факултет (13:30).

Формиран во 1949 година со три факултети, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денес е заедница од 23 факултети, пет научни институти и четири јавни научни установи, како и придружни членки.

Со Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет беа слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра беа наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти.

The post Прв академски час на факултетите на УКИМ, почнува студиската 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>

На факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе бидат организирани први академски часови за симболично означување на почетокот на студиската 2022/2023 година и добредојде на новата генерација студенти. Првиот академски час на УКИМ беше одбележан во саботата на Машинскиот факултет и, по пауза од две години поради КОВИД-пандемијата, се одржа со физичко присуство. Бруцошите ги поздрави ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, со порака дека е чест, но и голема обврска да се студира на најстариот, најдобриот и најголемиот универзитет во нашата држава.
Затоа што знаењето, науката, талентот, креативноста и квалитетот се основни постулати во неговото работење… Ви посакувам низ студирањето да ве следат истрајноста, знаењето и желбата за ваш личен напредок и развој. Работете вредно, посветете им се максимално на студиите, соработувајте со вашите професори, соработувајте и меѓусебно, посветете се на вашата утрешнина, истакна Јанкуловски.
Според најавата на УКИМ, ректорот денеска, по повод првиот академски час, ќе ги посети Медицинскиот факултет (8.30 часот), Филолошкиот (11:00), Економскиот (12:00) и Архитектонскиот факултет (13:30). Формиран во 1949 година со три факултети, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денес е заедница од 23 факултети, пет научни институти и четири јавни научни установи, како и придружни членки. Со Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет беа слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра беа наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти.

The post Прв академски час на факултетите на УКИМ, почнува студиската 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>
По две КОВИД-години, првиот академски час на УКИМ со физичко присуство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-dve-kovid-godini-prviot-akademski-chas-na-ukim-so-fizichko-prisustvo/ Sat, 01 Oct 2022 17:36:16 +0000 https://republika.mk/?p=556408

Почетокот на новата студиска 2022/2023 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје вечерва беше одбележан на Машинскиот факултет со прв академски час кој, првпат по две години, се одржа со физичко присуство.

По две години пауза поради КОВИД-пандемијата, физички се собравме на свечен час за новата генерација на УКИМ. Ниту една дигитална алатка и платформи, без кои не можевме да функционираме во изминатиот период, не може во виртуелниот простор да ја долови оваа прекрасна и трпеливо чекана атмосфера, рече ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Машинскиот факултет денеска ги прими бруцошите од 64-тата генерација. На свечениот прв час присуствуваа и дипломираните на додипломски и на постдипломски студии на овој факултет од 2019, 2020 и 2021 година.

Ректорот им посака добредојде на новите студенти, а на дипломираните – успешна кариера.

Ви посакувам срдечно добредојде на најстариот, најдобриот и најголемиот универзитет во нашата држава. Од денес свечено му припаѓате на УКИМ, а тоа е чест, но и голема обврска, затоа што знаењето, науката, талентот, креативноста и квалитетот се основни постулати во неговото работење… Ви посакувам низ студирањето да ве следат истрајноста, знаењето и желбата за ваш личен напредок и развој. Работете вредно, посветете им се максимално на студиите, соработувајте со вашите професори, соработувајте и меѓусебно, посветете се на вашата утрешнина, порача Јанкуловски.

Формиран во 1949 година со три факултети, УКИМ денес, рече тој, е заедница од 23 факултети, пет научни институти и четири јавни научни установи, како и придружни членки.

Деканот Дарко Данев соопшти дека за новата учебна година на Машинскиот факултет досега се запишани 189 нови студенти. Првиот час, рече, е и прв чекор да станат инженери и дека факултетот можеби ќе им стане и прв дом.

За да го завршите факултетот, за да магистрирате, за да бидете способни да се изборите во животот со сите проблеми и предизвици потребно е да ги имате двете основни оружја кои се одлика на сите инженери – логиката и имагинацијата, истакна Данев.

Покрај добредојде за бруцошите, факултетот, рече тој, ги испраќа и тие што дипломирале во изминатите три години „опремени со знаења и способности да го освојуваат својот простор во светот на машинството“. Им посака остварување на нивните соништа, а најмногу од сè, како што рече, посакува да се овозможат услови тие да останат во државава.

Новата академска 2022/2023 година ќе почне в понеделник, 3 октомври, кога на сите факултети на Скопскиот универзитет ќе бидат организирани први академски часови.

The post По две КОВИД-години, првиот академски час на УКИМ со физичко присуство appeared first on Република.

]]>

Почетокот на новата студиска 2022/2023 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје вечерва беше одбележан на Машинскиот факултет со прв академски час кој, првпат по две години, се одржа со физичко присуство.
По две години пауза поради КОВИД-пандемијата, физички се собравме на свечен час за новата генерација на УКИМ. Ниту една дигитална алатка и платформи, без кои не можевме да функционираме во изминатиот период, не може во виртуелниот простор да ја долови оваа прекрасна и трпеливо чекана атмосфера, рече ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Машинскиот факултет денеска ги прими бруцошите од 64-тата генерација. На свечениот прв час присуствуваа и дипломираните на додипломски и на постдипломски студии на овој факултет од 2019, 2020 и 2021 година. Ректорот им посака добредојде на новите студенти, а на дипломираните – успешна кариера.
Ви посакувам срдечно добредојде на најстариот, најдобриот и најголемиот универзитет во нашата држава. Од денес свечено му припаѓате на УКИМ, а тоа е чест, но и голема обврска, затоа што знаењето, науката, талентот, креативноста и квалитетот се основни постулати во неговото работење… Ви посакувам низ студирањето да ве следат истрајноста, знаењето и желбата за ваш личен напредок и развој. Работете вредно, посветете им се максимално на студиите, соработувајте со вашите професори, соработувајте и меѓусебно, посветете се на вашата утрешнина, порача Јанкуловски.
Формиран во 1949 година со три факултети, УКИМ денес, рече тој, е заедница од 23 факултети, пет научни институти и четири јавни научни установи, како и придружни членки. Деканот Дарко Данев соопшти дека за новата учебна година на Машинскиот факултет досега се запишани 189 нови студенти. Првиот час, рече, е и прв чекор да станат инженери и дека факултетот можеби ќе им стане и прв дом.
За да го завршите факултетот, за да магистрирате, за да бидете способни да се изборите во животот со сите проблеми и предизвици потребно е да ги имате двете основни оружја кои се одлика на сите инженери – логиката и имагинацијата, истакна Данев.
Покрај добредојде за бруцошите, факултетот, рече тој, ги испраќа и тие што дипломирале во изминатите три години „опремени со знаења и способности да го освојуваат својот простор во светот на машинството“. Им посака остварување на нивните соништа, а најмногу од сè, како што рече, посакува да се овозможат услови тие да останат во државава. Новата академска 2022/2023 година ќе почне в понеделник, 3 октомври, кога на сите факултети на Скопскиот универзитет ќе бидат организирани први академски часови.

The post По две КОВИД-години, првиот академски час на УКИМ со физичко присуство appeared first on Република.

]]>