Академик Зузана Тополињска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademik-zuzana-topolinska/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 11:25:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Академик Зузана Тополињска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademik-zuzana-topolinska/ 32 32 Академик Зузана Тополињска одликувана со Орден за заслуги на Република Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akademik-zuzana-topolinska-odlikuvana-so-orden-za-zaslugi-na-republika-polska/ Wed, 26 Jun 2024 11:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=790972

Академик Зузана Тополињска денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше одликувана со Орден за заслуги на Република Полска, едно од највисоките државни признанија.

Академик Тополињска ја одликува претседателот на Полска, Анджеј Дуда, а орденот ѝ беше доделен од страна на Амбасадорот на Република Полска во Македонија, Кшиштоф Гжелчик.

Академик Тополињска е авторка на над 500 научни публикации, меѓу нив над 20 книги. За член на МАНУ, надвор од работниот состав, е избрана во 1976 година, а за редовен член во 1996 година. Од 1991 е редовен член на Полската академија на науки и уметности (ПАУ) во Краков, а од 1997 година и странски член на САНУ.

Таа е еден од организаторите на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) во МАНУ и од неговото основање во 2000 година до 2016 година го раководела Центарот. Во ИЦАЛ го води проектот „Местото на македонскиот јазик во словенскиот и балканскиот јазичен свет“, а при Одделението за лингвистика и литературна наука проектот „Граматички опис на македонскиот стандарден јазик“.

Член е на редакциски одбори на повеќе славистички списанија, член на Варшавското научно друштво и на Полското лингвистичко друштво.

Добитник е на многу награди во Полска, Југославија и Македонија, меѓу другите Орден на југословенско знаме со златен венец (1990) и Државна награда на Македонија „11 октомври” (1989).

Академик Тополињска членува и во две комисии на Меѓународниот славистички комитет (МКС): Комисијата за изучување на граматичките структури на словенските јазици и Комисијата за Општословенски атлас. Таа е doctor honoris causa на УКИМ (1997) и на Универзитетот во Вроцлав (Полска, 2016).

Во 2016 година на Универзитетот во Варшава нејзиниот докторат беше свечено обновен по 50 години.

 

The post Академик Зузана Тополињска одликувана со Орден за заслуги на Република Полска appeared first on Република.

]]>

Академик Зузана Тополињска денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше одликувана со Орден за заслуги на Република Полска, едно од највисоките државни признанија. Академик Тополињска ја одликува претседателот на Полска, Анджеј Дуда, а орденот ѝ беше доделен од страна на Амбасадорот на Република Полска во Македонија, Кшиштоф Гжелчик. Академик Тополињска е авторка на над 500 научни публикации, меѓу нив над 20 книги. За член на МАНУ, надвор од работниот состав, е избрана во 1976 година, а за редовен член во 1996 година. Од 1991 е редовен член на Полската академија на науки и уметности (ПАУ) во Краков, а од 1997 година и странски член на САНУ. Таа е еден од организаторите на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) во МАНУ и од неговото основање во 2000 година до 2016 година го раководела Центарот. Во ИЦАЛ го води проектот „Местото на македонскиот јазик во словенскиот и балканскиот јазичен свет“, а при Одделението за лингвистика и литературна наука проектот „Граматички опис на македонскиот стандарден јазик“. Член е на редакциски одбори на повеќе славистички списанија, член на Варшавското научно друштво и на Полското лингвистичко друштво. Добитник е на многу награди во Полска, Југославија и Македонија, меѓу другите Орден на југословенско знаме со златен венец (1990) и Државна награда на Македонија „11 октомври” (1989). Академик Тополињска членува и во две комисии на Меѓународниот славистички комитет (МКС): Комисијата за изучување на граматичките структури на словенските јазици и Комисијата за Општословенски атлас. Таа е doctor honoris causa на УКИМ (1997) и на Универзитетот во Вроцлав (Полска, 2016). Во 2016 година на Универзитетот во Варшава нејзиниот докторат беше свечено обновен по 50 години.  

The post Академик Зузана Тополињска одликувана со Орден за заслуги на Република Полска appeared first on Република.

]]>