академик Катица Ќулавкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademik-katica-kjulavkova/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Jun 2023 08:30:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png академик Катица Ќулавкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademik-katica-kjulavkova/ 32 32 Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-stihozbirkata-na-vrv-na-jazikot-od-katitsa-kulavkova-2/ Tue, 06 Jun 2023 08:30:49 +0000 https://republika.mk/?p=648295

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе биде промовирана новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова, „На врв на јазикот“. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Наташа Аврамовска, а модератор уредничката Оливера Ќорвезироска.

Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 40 песни, поделени во седум целини - Забранета љубов, Копнеж по слобода, На врв на јазикот, Претечи, маченички (поетски драми), Неиспратени писма (меѓуциклус), Око соколово (трето око) и Годишни доба.

Како е можно со врвот на јазикот да се има синестетички пристап кон светот? Можно е, затоа што поетите знаат не само каде е врвот на јазикот туку и каде е неговиот корен. Тој е во душата. Со врвот на јазикот не се допира другиот, светот, туку сопствената душа, зашто јазикот почнува од душата. А таа гледа сè, слуша сè, допира сè, мириса сè, вкусува сè, затоа што е мудра, а мудроста е, како што пее Катица Ќулавкова, и над јазикот. Мудроста е јазик на јазикот, негова душа, вели писателот Венко Андоновски во поговорот на книгата.

Катица Ќулавкова е поет, есеист, теоретичар, раскажувач, препејувач и антологичар. Редовен професор (во пензија) по теорија на книжевноста, книжевна херменевтика и креативно пишување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (Катедрата за општа и компаративна книжевност).

Ќулавкова е редовен член на МАНУ (од 2003), член на Европската академија на науките (Салцбург, од 2014) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН (од 2008). Нејзини поетски книги се преведени на повеќе јазици (албански, англиски, бугарски, италијански, португалски, романски, руски, словенечки, српски, турски, француски, хрватски, црногорски, шпански). Има објавено над 40 авторски книги поезија, огледи и раскази, како и дваесетина приредени антологии, хрестоматии и критички изданија. Раководела со повеќе републички и меѓународни истражувачки проекти. Основач е на е-списанието за компаратистика „Мираж“ и на мултијазичната колекција „Разноликост“ на Меѓународниот ПЕН, а претседавала шест години и со неговиот Комитет за превод и јазични права. Добитник е на највисоката државна награда за животно дело на Македонија „11 Октомври“, како и на многубројни награди за поезија, критика и есеистика во земјата и во странство. Живее во Скопје.

Како што соопштија од издавачката куќа, книгата „На врв на јазикот“ е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе може да се набави и на промотивниот настан во Младинскиот културен центар.

The post Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова appeared first on Република.

]]>

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе биде промовирана новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова, „На врв на јазикот“. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Наташа Аврамовска, а модератор уредничката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 40 песни, поделени во седум целини - Забранета љубов, Копнеж по слобода, На врв на јазикот, Претечи, маченички (поетски драми), Неиспратени писма (меѓуциклус), Око соколово (трето око) и Годишни доба.
Како е можно со врвот на јазикот да се има синестетички пристап кон светот? Можно е, затоа што поетите знаат не само каде е врвот на јазикот туку и каде е неговиот корен. Тој е во душата. Со врвот на јазикот не се допира другиот, светот, туку сопствената душа, зашто јазикот почнува од душата. А таа гледа сè, слуша сè, допира сè, мириса сè, вкусува сè, затоа што е мудра, а мудроста е, како што пее Катица Ќулавкова, и над јазикот. Мудроста е јазик на јазикот, негова душа, вели писателот Венко Андоновски во поговорот на книгата.
Катица Ќулавкова е поет, есеист, теоретичар, раскажувач, препејувач и антологичар. Редовен професор (во пензија) по теорија на книжевноста, книжевна херменевтика и креативно пишување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (Катедрата за општа и компаративна книжевност). Ќулавкова е редовен член на МАНУ (од 2003), член на Европската академија на науките (Салцбург, од 2014) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН (од 2008). Нејзини поетски книги се преведени на повеќе јазици (албански, англиски, бугарски, италијански, португалски, романски, руски, словенечки, српски, турски, француски, хрватски, црногорски, шпански). Има објавено над 40 авторски книги поезија, огледи и раскази, како и дваесетина приредени антологии, хрестоматии и критички изданија. Раководела со повеќе републички и меѓународни истражувачки проекти. Основач е на е-списанието за компаратистика „Мираж“ и на мултијазичната колекција „Разноликост“ на Меѓународниот ПЕН, а претседавала шест години и со неговиот Комитет за превод и јазични права. Добитник е на највисоката државна награда за животно дело на Македонија „11 Октомври“, како и на многубројни награди за поезија, критика и есеистика во земјата и во странство. Живее во Скопје. Како што соопштија од издавачката куќа, книгата „На врв на јазикот“ е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе може да се набави и на промотивниот настан во Младинскиот културен центар.

The post Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова appeared first on Република.

]]>
Ќулавкова: Толку многу е заштитен македонскиот идентитет што предметот македонски јазик ќе се викал мајчин јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjulavkova-tolku-mnogu-e-zashtiten-makedonskiot-identitet-shto-predmetot-makedonski-jazik-kje-se-vikal-majchin-jazik/ Sat, 20 Aug 2022 13:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=542338

Толку многу е заштитен македонскиот идентитет од нашите званични политики што предметот македонски јазик во образовните институции ќе се викал мајчин јазик, наставниците се по мајчин јазик, а мајчин е секој и никој, реагира академик Катица Ќулавкова.

Прикривањето на името на еден конкретен државен јазик во сопствената држава зад опши генерички поими е увод во домицилен културоцид. Да нема дилема, порача академик Ќулавкова.

The post Ќулавкова: Толку многу е заштитен македонскиот идентитет што предметот македонски јазик ќе се викал мајчин јазик appeared first on Република.

]]>

Толку многу е заштитен македонскиот идентитет од нашите званични политики што предметот македонски јазик во образовните институции ќе се викал мајчин јазик, наставниците се по мајчин јазик, а мајчин е секој и никој, реагира академик Катица Ќулавкова.
Прикривањето на името на еден конкретен државен јазик во сопствената држава зад опши генерички поими е увод во домицилен културоцид. Да нема дилема, порача академик Ќулавкова.

The post Ќулавкова: Толку многу е заштитен македонскиот идентитет што предметот македонски јазик ќе се викал мајчин јазик appeared first on Република.

]]>
Ќулавкова: Нека ги обелоденат јавно резултатите од пописот од 2011, па ќе се види како е режиран овој варварски попис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjulavkova-neka-gi-obelodenat-javno-rezultatite-od-popisot-od-2011-pa-kje-se-vidi-kako-e-reziran-ovoj-varvarski-popis/ Sat, 02 Apr 2022 09:28:54 +0000 https://republika.mk/?p=482243

Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата Cеверна Македонија е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја, вели академик Катица Ќулавкова.

Овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин. Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми... Ако се следи „патот на парите“ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и креаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски попис. Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто кое треба да биде предмет на жестока критика и осуда. Под претекст на европски вредности во Македонија се спроведуваат неевропски политики. 
НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС.
Тој е само уште еден доказ дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна, порача академик Ќулавкова.

The post Ќулавкова: Нека ги обелоденат јавно резултатите од пописот од 2011, па ќе се види како е режиран овој варварски попис appeared first on Република.

]]>

Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата Cеверна Македонија е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја, вели академик Катица Ќулавкова.
Овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин. Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми... Ако се следи „патот на парите“ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и креаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски попис. Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто кое треба да биде предмет на жестока критика и осуда. Под претекст на европски вредности во Македонија се спроведуваат неевропски политики.  НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС. Тој е само уште еден доказ дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна, порача академик Ќулавкова.

The post Ќулавкова: Нека ги обелоденат јавно резултатите од пописот од 2011, па ќе се види како е режиран овој варварски попис appeared first on Република.

]]>
Академик Ќулавкова: Само нацистите забрануваа еврејски уметници, како што сега хистерично се прави со Достоевски, Чајковски, Чехов… https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akademik-kjulavkova-samo-nacistite-zabranuvaa-evrejski-umetnici-kako-shto-sega-histerichno-se-pravi-so-dostoevski-chajkovski-chehov/ Sun, 06 Mar 2022 16:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=468573

Академик Катица Ќулавкова реагира на „хистеричното“ исфрлање од репертоарот на врвни руски композитори, писатели уметници како знак протест кон руската воена агресија во Украина, потенцирајќи дека ни Втора светска војна не се практикувал бојкот на уметноста, културата и спортот.

Ви ја пренесуваме нејзината реакција во целост:

20-от и 21-от век се истетовирани од десетици ужасни војни, воени конфликти, инвазии, диктатури, револуции и режими под знакот на апартхејдот и сегрегацијата. Да ги спомнеме само Балканските војни, Првата и Втората светска војна, војните во Виетнам, Камбоџа и Либан, Авганистан и Ирак, заливските војни, израелско-палестинскиот конфликт, блискоисточните и пост-југословенските војни, арапската пролет, шарените и обоени револуции, Јемен, Украина...

Културното наследство, при тоа, не ретко било предмет на девастација, грабеж и илегална трговија. Ако се исклучи примерот со „табуизирањето на културните остварувања со еврејско потекло во нацистичка Германија, која забранувала изведби на композиции од Ф. Менделсон, курсеви за Хајнрих Хајне или натпревари со спортисти по потекло Евреи“ (Игор Радев), дури ни во II Светска војна не се практикувал бојкот на уметноста, културата и спортот.

Но денес, март 2022 година, по неколкудневната специјална руска воена интервенција во Украина, сиот „прогресивен“ европски и американски свет, па дури и северно-македонскиот, на голема врата ја промовираше бруталната политика на бојкот на уметноста и културата со руски предзнак. Речиси хистерично се забрануваат изведби, промоции, настава, дистрибуција и комуникација на врвни и популарни уметнички дела и ремек-дела, бестселери, театарски претстави, филмови, концерти, автори, композитори, сликари, оперски певци, спортски настани, само затоа што имаат руски предзнак.

Со каква невидена морална и интелектуална леснотија се забранува Достоевски, Чехов, Чајковски, рускиот балет, руската романса...? Тотална декаденција на просветителскиот дух на Европа.

Пред наши очи се одвива оркестрирана примитивна политика која ги поткопува темелите на светското културно, уметничко и духовно наследство. Бојкотот на уметноста претставува грубо кршење на слободата на уметничкиот израз. Забраната на слободниот проток на информации во епоха и цивилизација која парадира со паролата на слободата на говорот претставува груба повреда на бројни универзални и меѓународните конвенции за човековите и колективните права, колапс на идеалот на демократијата.

Колку е перверзно верувањето дека ако нема информација, нема ни трагедија. Со помош на медиумскиот мрак полесно се шират лажни вести, но и глобален говор на омраза.

Европо, да се биде против насилство и терор, значи да се биде против државно насилство и воен терор, но исто така значи да се биде и против насилство и терор врз уметноста, културата, спортот, образованието и медиумите. Конечно, да се биде против насилството значи да се биде против метафизичкото насилство какво што е, на пр., негирањето на легитимните идентитетски и државотворни права на Македонците, Украинците...

Quo vadis, Europa? Се соочуваш ли со мутиран нацизам од транснационален вид?

Малку е да се каже дека загрижува актуелната дестабилизација на мирот во светот. Не е доволно да се каже дека војната не смее да биде начин на решавање на отворените прашања и дека не смеат да страдаат невини луѓе, ни во Украина, ни во Јемен... Малку е, не е доволно да се каже, но треба да се каже. На почетокот бил зборот. Добриот збор. И отворил железни порти.

The post Академик Ќулавкова: Само нацистите забрануваа еврејски уметници, како што сега хистерично се прави со Достоевски, Чајковски, Чехов… appeared first on Република.

]]>

Академик Катица Ќулавкова реагира на „хистеричното“ исфрлање од репертоарот на врвни руски композитори, писатели уметници како знак протест кон руската воена агресија во Украина, потенцирајќи дека ни Втора светска војна не се практикувал бојкот на уметноста, културата и спортот. Ви ја пренесуваме нејзината реакција во целост: 20-от и 21-от век се истетовирани од десетици ужасни војни, воени конфликти, инвазии, диктатури, револуции и режими под знакот на апартхејдот и сегрегацијата. Да ги спомнеме само Балканските војни, Првата и Втората светска војна, војните во Виетнам, Камбоџа и Либан, Авганистан и Ирак, заливските војни, израелско-палестинскиот конфликт, блискоисточните и пост-југословенските војни, арапската пролет, шарените и обоени револуции, Јемен, Украина... Културното наследство, при тоа, не ретко било предмет на девастација, грабеж и илегална трговија. Ако се исклучи примерот со „табуизирањето на културните остварувања со еврејско потекло во нацистичка Германија, која забранувала изведби на композиции од Ф. Менделсон, курсеви за Хајнрих Хајне или натпревари со спортисти по потекло Евреи“ (Игор Радев), дури ни во II Светска војна не се практикувал бојкот на уметноста, културата и спортот. Но денес, март 2022 година, по неколкудневната специјална руска воена интервенција во Украина, сиот „прогресивен“ европски и американски свет, па дури и северно-македонскиот, на голема врата ја промовираше бруталната политика на бојкот на уметноста и културата со руски предзнак. Речиси хистерично се забрануваат изведби, промоции, настава, дистрибуција и комуникација на врвни и популарни уметнички дела и ремек-дела, бестселери, театарски претстави, филмови, концерти, автори, композитори, сликари, оперски певци, спортски настани, само затоа што имаат руски предзнак. Со каква невидена морална и интелектуална леснотија се забранува Достоевски, Чехов, Чајковски, рускиот балет, руската романса...? Тотална декаденција на просветителскиот дух на Европа. Пред наши очи се одвива оркестрирана примитивна политика која ги поткопува темелите на светското културно, уметничко и духовно наследство. Бојкотот на уметноста претставува грубо кршење на слободата на уметничкиот израз. Забраната на слободниот проток на информации во епоха и цивилизација која парадира со паролата на слободата на говорот претставува груба повреда на бројни универзални и меѓународните конвенции за човековите и колективните права, колапс на идеалот на демократијата. Колку е перверзно верувањето дека ако нема информација, нема ни трагедија. Со помош на медиумскиот мрак полесно се шират лажни вести, но и глобален говор на омраза. Европо, да се биде против насилство и терор, значи да се биде против државно насилство и воен терор, но исто така значи да се биде и против насилство и терор врз уметноста, културата, спортот, образованието и медиумите. Конечно, да се биде против насилството значи да се биде против метафизичкото насилство какво што е, на пр., негирањето на легитимните идентитетски и државотворни права на Македонците, Украинците... Quo vadis, Europa? Се соочуваш ли со мутиран нацизам од транснационален вид? Малку е да се каже дека загрижува актуелната дестабилизација на мирот во светот. Не е доволно да се каже дека војната не смее да биде начин на решавање на отворените прашања и дека не смеат да страдаат невини луѓе, ни во Украина, ни во Јемен... Малку е, не е доволно да се каже, но треба да се каже. На почетокот бил зборот. Добриот збор. И отворил железни порти.

The post Академик Ќулавкова: Само нацистите забрануваа еврејски уметници, како што сега хистерично се прави со Достоевски, Чајковски, Чехов… appeared first on Република.

]]>