академија за судии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademija-za-sudii/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 08:25:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png академија за судии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademija-za-sudii/ 32 32 Телефонот на врховниот судија Георгиев открил можно ново кривично дело, еве што е одземено од Академијата за судии https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/telefonot-na-vrhovniot-sudija-georgiev-otkril-mozhno-novo-krivichno-delo-eve-shto-e-odzemeno-od-akademijata-za-sudii/ Fri, 26 Jul 2024 08:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=800392

Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело.

Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата, информираат од Обвинителството.

Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапија по Наредбата на судијата и ги обезбедија бараните предмети.

За сите дополнителни активности и детали кои нема да влијаат на постапката обвинителството ќе ја информира јавноста навремено.

The post Телефонот на врховниот судија Георгиев открил можно ново кривично дело, еве што е одземено од Академијата за судии appeared first on Република.

]]>

Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело. Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата, информираат од Обвинителството. Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапија по Наредбата на судијата и ги обезбедија бараните предмети. За сите дополнителни активности и детали кои нема да влијаат на постапката обвинителството ќе ја информира јавноста навремено.

The post Телефонот на врховниот судија Георгиев открил можно ново кривично дело, еве што е одземено од Академијата за судии appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Дали директорката на Академијата за судии Габер учествувала во фалсификување на записник? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-dali-direktorkata-na-akademijata-za-sudii-gaber-uchestvuvala-vo-falsifikuvane-na-zapisnik/ Tue, 16 Jul 2024 07:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=797216

Дали Директорката на Академијата за судии Габер учествувала во фалсификување на службена исправа (записник), прашува Анотнио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ и потпретседател на Собранието.

Во статусот објавен на Фејсбук Милошоски пишува:

На 12-ти јули директорката на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), Наташа Габер поднесе оставка од функцијата, а како причини ги наведе „нестручната" одлука на Антикорупциската комисија и „неисправната" одлука на Управниот суд, поврзани со прекршувањето на изборниот законик од страна на раководството на АСЈО. Но, позади овој навидум етички чин, веројатно се крие загриженоста на директорката Габер дека неколку членови на Управниот одбор на Академијата веќе имаат сериозни индиции дека е фалсификуван записник од нивната седницата одржана на 15-ти март 2024 година.

Имено, по контроверзните измени на Законот за Академија за судии кои во Собранието беа протуркани со злоупотреба на европското знаменце, Управниот одбор на АСЈО заседавал, но НЕ ДОНЕЛ одлука за временската рамка за полагањето на квалификацискиот тест во писмена форма.

Сепак, три дена подоцна, претставничка на Академијата ги убедувала членовите на Приемната комисија дека Управниот одбор ДОНЕЛ одлука за полагање на тестот, иако Наташа Поп Трајкова, член на Приемната комисија, забележала дека во материјалите кои им се пратени нема таква одлука на УО. Испаѓа дека претставничката на Академијата пред Приемната комисија лажно тврдела дека Управниот одбор ја донел на записник спорната одлука.

Според Статутот на АСЈО токму директорката Габер е одговорна да ги извести органите на Академијата дали се исполнети законските услови за носење на таква одлука, и без нејзино знаење тешко би можело да се замисли некој да фалсификува записник од седницата на Управниот одбор.

После пресудите на Управниот суд дека АСЈО го прекршила законот, Антикорупциската комисија побара одговорност и оставки од членовите на Управниот одбор на Академијата. Ваквиот тек на настаните мотивирал неколку членови на УО на АСЈО да го побараат записникот од седницата на Приемната комисија (види прилог 👇, стр.2; 18.03.2024) и така ги забележале лажните тврдења на нивна штет, односно дека УО ја донел спорната одлука. Сепак, одговорот кој сторил фалсификување на службена исправа и по чиј налог најдобро го знае директорката Наташа Габер, која за овие дилеми ќе треба да одговара пред Управниот одбор, како и пред министерството за правда како институција која е надлежна да врши надзор. Нејзината закаснета оставка сепак не ја штити од одговорноста за ваквите силни индиции за незаконито фалсификување на записници, пишува Милошоски.

The post Милошоски: Дали директорката на Академијата за судии Габер учествувала во фалсификување на записник? appeared first on Република.

]]>

Дали Директорката на Академијата за судии Габер учествувала во фалсификување на службена исправа (записник), прашува Анотнио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ и потпретседател на Собранието. Во статусот објавен на Фејсбук Милошоски пишува: На 12-ти јули директорката на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), Наташа Габер поднесе оставка од функцијата, а како причини ги наведе „нестручната" одлука на Антикорупциската комисија и „неисправната" одлука на Управниот суд, поврзани со прекршувањето на изборниот законик од страна на раководството на АСЈО. Но, позади овој навидум етички чин, веројатно се крие загриженоста на директорката Габер дека неколку членови на Управниот одбор на Академијата веќе имаат сериозни индиции дека е фалсификуван записник од нивната седницата одржана на 15-ти март 2024 година. Имено, по контроверзните измени на Законот за Академија за судии кои во Собранието беа протуркани со злоупотреба на европското знаменце, Управниот одбор на АСЈО заседавал, но НЕ ДОНЕЛ одлука за временската рамка за полагањето на квалификацискиот тест во писмена форма. Сепак, три дена подоцна, претставничка на Академијата ги убедувала членовите на Приемната комисија дека Управниот одбор ДОНЕЛ одлука за полагање на тестот, иако Наташа Поп Трајкова, член на Приемната комисија, забележала дека во материјалите кои им се пратени нема таква одлука на УО. Испаѓа дека претставничката на Академијата пред Приемната комисија лажно тврдела дека Управниот одбор ја донел на записник спорната одлука. Според Статутот на АСЈО токму директорката Габер е одговорна да ги извести органите на Академијата дали се исполнети законските услови за носење на таква одлука, и без нејзино знаење тешко би можело да се замисли некој да фалсификува записник од седницата на Управниот одбор. После пресудите на Управниот суд дека АСЈО го прекршила законот, Антикорупциската комисија побара одговорност и оставки од членовите на Управниот одбор на Академијата. Ваквиот тек на настаните мотивирал неколку членови на УО на АСЈО да го побараат записникот од седницата на Приемната комисија (види прилог 👇, стр.2; 18.03.2024) и така ги забележале лажните тврдења на нивна штет, односно дека УО ја донел спорната одлука. Сепак, одговорот кој сторил фалсификување на службена исправа и по чиј налог најдобро го знае директорката Наташа Габер, која за овие дилеми ќе треба да одговара пред Управниот одбор, како и пред министерството за правда како институција која е надлежна да врши надзор. Нејзината закаснета оставка сепак не ја штити од одговорноста за ваквите силни индиции за незаконито фалсификување на записници, пишува Милошоски.

The post Милошоски: Дали директорката на Академијата за судии Габер учествувала во фалсификување на записник? appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Академијата за судии брза да ги направи судии роднините на Рамиз Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-akademijata-za-sudii-brza-da-gi-napravi-sudii-rodninite-na-ramiz-merko/ Mon, 18 Mar 2024 07:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=755709

Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук ги коментира случувањата во Академијата за судии и изборот на судии .Тој вели дека задачата за „штелување“ испитни бодови има ја имаат доделено на Џелал Бајрами и на директорката Габер-Дамјановска.

Брзајќи да ги направаат судии роднините и соработниците на Рамиз Мерко (од ДУИ), раководството на Академијата за судии и обвинители (АСЈО) денес ќе одржи седница за да ги одреди датумите за полагање на квалификацискиот тест и на практичниот испит.

 

The post Милошоски: Академијата за судии брза да ги направи судии роднините на Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук ги коментира случувањата во Академијата за судии и изборот на судии .Тој вели дека задачата за „штелување“ испитни бодови има ја имаат доделено на Џелал Бајрами и на директорката Габер-Дамјановска.
Брзајќи да ги направаат судии роднините и соработниците на Рамиз Мерко (од ДУИ), раководството на Академијата за судии и обвинители (АСЈО) денес ќе одржи седница за да ги одреди датумите за полагање на квалификацискиот тест и на практичниот испит.
 

The post Милошоски: Академијата за судии брза да ги направи судии роднините на Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ако се отвори темата за вработувања, треба да се провери и во Академијата на судии кој станува судија и обвинител, како и во министерствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ako-se-otvori-temata-za-vrabotuvana-treba-da-se-proveri-i-vo-akademijata-na-sudii-koj-stanuva-sudija-i-obvinitel-kako-i-vo-ministerstvata/ Tue, 16 Jan 2024 12:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=733607

Ако се отвори темата за вработувања на роднини и министри во М-НАВ, треба да се провери и во Академијата на судии кој се станува судија и обвинител, како и во министерствата, порача претседателот на Владата Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории на граѓани.

Јас имав принципиелен став во однос на М-НАВ и гледам дека министрите што имале некого вработено во М-НАВ веќе си даваат свои ставови. Јас не можам да бидам портпарол на семејства на други луѓе, ниту сум претендирал да бидам тоа. Оваа тема ако се отвори тогаш ќе треба да проверите и во Академијата на судии кој се станува судија и обвинител, како и да проверите по министерствата. Таму на времето имаше еден поранешен министер, кој сега е многу гласен, кој дури и бебисистерката си ја вработи во Министерство за надворешни работи. Така што тоа е една карактеристика на општество во транзиција. Такви се сите општества во транзиција, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски, доаѓа време кога професионализмот ќе биде клучен при вработувањата.

Дел од медиумите излегоа со информација дека во М-НАВ се вработени и роднини на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците, како и на министрите за надворешни работи и за земјоделство, како и на Беким Незири, сега осомничен за упадот во Контролата на летање.

The post Ковачевски: Ако се отвори темата за вработувања, треба да се провери и во Академијата на судии кој станува судија и обвинител, како и во министерствата appeared first on Република.

]]>

Ако се отвори темата за вработувања на роднини и министри во М-НАВ, треба да се провери и во Академијата на судии кој се станува судија и обвинител, како и во министерствата, порача претседателот на Владата Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории на граѓани.
Јас имав принципиелен став во однос на М-НАВ и гледам дека министрите што имале некого вработено во М-НАВ веќе си даваат свои ставови. Јас не можам да бидам портпарол на семејства на други луѓе, ниту сум претендирал да бидам тоа. Оваа тема ако се отвори тогаш ќе треба да проверите и во Академијата на судии кој се станува судија и обвинител, како и да проверите по министерствата. Таму на времето имаше еден поранешен министер, кој сега е многу гласен, кој дури и бебисистерката си ја вработи во Министерство за надворешни работи. Така што тоа е една карактеристика на општество во транзиција. Такви се сите општества во транзиција, изјави Ковачевски.
Според Ковачевски, доаѓа време кога професионализмот ќе биде клучен при вработувањата. Дел од медиумите излегоа со информација дека во М-НАВ се вработени и роднини на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците, како и на министрите за надворешни работи и за земјоделство, како и на Беким Незири, сега осомничен за упадот во Контролата на летање.

The post Ковачевски: Ако се отвори темата за вработувања, треба да се провери и во Академијата на судии кој станува судија и обвинител, како и во министерствата appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Власта го менува законот за Академијата за судии и јавни обвинители за да прими со коалициски договор 100 судии и обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-vlasta-go-menuva-zakonot-za-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-za-da-primi-so-koalitsiski-dogovor-100-sudii-i-obviniteli/ Thu, 11 Jan 2024 08:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=731794

Вчера Министерството за правда соопшти дека  ќе го менуваат законот за Академијата за судии со злоупотреба на европско знаменце, за да се озакони писмено полагање на главниот тест за прием на новите 130 судии и обвинители. Изговорот е заради непредвидени проблеми во набавката на електронски софтвер за полагање на квалификацискиот тест во Академијата за судии. Но, оваа манипулација се побива со чл.55 од Законот за јавни набавки, каде доколку е нешто итно, може да се направи итна и неодложна набавка и на електронски софтвер со преговарање, без јавен оглас, обвини Антонио Милошоски

Плус, во Македонија има најмалку 7-8 правни лица кои имаат соодветен електронски софтвер и опремени простории за електронско полагање на испити, вклучувајќи го тука и самиот Правен факултет “Јустинијан Први”, Скопје.

Да биде појасно, за разлика од електронското полагање, писменото полагање на квалификацискиот тест на Академијата значи човечко влијание, можност за манипулации, дополнително одговарање од страна на трето лице на неодговорените прашања и доделување на максимум поени на владините фаворити за судии и обвинители.

Затоа, реакцијата на мин.за правда значи дека владата во заминување сака пред распуштање на Собранието по секоја цена да си намести луѓе кои утре од позиција на обвинители и судии ќе треба да ги заштитат одговорните за скандалите во М-НАВ, онкологија, за БЕСА транс, убиствата на Панче и Вања, за милионските тендери во РЕК Битола, за двете евтини куќи во Тафталиџе2, за Соравија, за незаконитото работење на видео-лотариите и за многу други скандали.

Зракот надеж во ова агресивно владино наметнување на ад-хок правила е што во раководните органи на Академијата за судии има неколку поединци кои не сакаат да си го извалкаат интегритетот и не сакаат да го аминуваат овој владин “кронизам” за инсталирање на марионети во правосудството. Таквите совесни поединци и понатаму се свиркачите чии информации го разобличуваат брзањето на власта со злоупотреба на европското знаменце да го озакони писменото полагање на главниот испит, а тоа е следниов КОАЛИЦИСКИ ДОГОВОР:

Од вкупно 130 идни судии и обвинители, според изворот од АСЈО, на Академијата ќе бидат запишани:

25 од листата утврдена од страна на ДУИ
20 од листата на Алијанса
45 од листата на СДСМ и
10 од помалите коалициони партии.

Останатите 30 судии и обвинители ќе бидат избрани од најдобрите меѓу преостанатите 200 пријавени кандидати.

Значи од предвидените 130 идни судии и обвинители кои треба да се запишат на Академијата, 100 се однапред познати, според “кронизам” методологијата и тие писменото полагање на тестот ќе го поминат со максимум бодови. Реална трка за запишување во АСЈО ќе има само за преостанатите 30 места, за што во конкуренција се 200 кандидати кои не се на владините  коалициони листи на СДСМ, ДУИ, Алијанса и другите помали партии.

Во следниве денови предлогот за измена на Законот за АСЈО со злоупотреба на европското знаменце се очекува да помине на Влада, а потоа експресно да стигне во Собрание. Целта е Законот да се изгласа по скратена постапка преку Комисијата за европски прашања, за до крајот на јануари да може да се организира фиктивното писмено полагање на квалификацискиот тест за судиите и обвинителите, од кои 100 се веќе однапред се утврдени.

The post Милошоски: Власта го менува законот за Академијата за судии и јавни обвинители за да прими со коалициски договор 100 судии и обвинители appeared first on Република.

]]>

Вчера Министерството за правда соопшти дека  ќе го менуваат законот за Академијата за судии со злоупотреба на европско знаменце, за да се озакони писмено полагање на главниот тест за прием на новите 130 судии и обвинители. Изговорот е заради непредвидени проблеми во набавката на електронски софтвер за полагање на квалификацискиот тест во Академијата за судии. Но, оваа манипулација се побива со чл.55 од Законот за јавни набавки, каде доколку е нешто итно, може да се направи итна и неодложна набавка и на електронски софтвер со преговарање, без јавен оглас, обвини Антонио Милошоски Плус, во Македонија има најмалку 7-8 правни лица кои имаат соодветен електронски софтвер и опремени простории за електронско полагање на испити, вклучувајќи го тука и самиот Правен факултет “Јустинијан Први”, Скопје. Да биде појасно, за разлика од електронското полагање, писменото полагање на квалификацискиот тест на Академијата значи човечко влијание, можност за манипулации, дополнително одговарање од страна на трето лице на неодговорените прашања и доделување на максимум поени на владините фаворити за судии и обвинители. Затоа, реакцијата на мин.за правда значи дека владата во заминување сака пред распуштање на Собранието по секоја цена да си намести луѓе кои утре од позиција на обвинители и судии ќе треба да ги заштитат одговорните за скандалите во М-НАВ, онкологија, за БЕСА транс, убиствата на Панче и Вања, за милионските тендери во РЕК Битола, за двете евтини куќи во Тафталиџе2, за Соравија, за незаконитото работење на видео-лотариите и за многу други скандали.
Зракот надеж во ова агресивно владино наметнување на ад-хок правила е што во раководните органи на Академијата за судии има неколку поединци кои не сакаат да си го извалкаат интегритетот и не сакаат да го аминуваат овој владин “кронизам” за инсталирање на марионети во правосудството. Таквите совесни поединци и понатаму се свиркачите чии информации го разобличуваат брзањето на власта со злоупотреба на европското знаменце да го озакони писменото полагање на главниот испит, а тоа е следниов КОАЛИЦИСКИ ДОГОВОР:
Од вкупно 130 идни судии и обвинители, според изворот од АСЈО, на Академијата ќе бидат запишани: 25 од листата утврдена од страна на ДУИ 20 од листата на Алијанса 45 од листата на СДСМ и 10 од помалите коалициони партии. Останатите 30 судии и обвинители ќе бидат избрани од најдобрите меѓу преостанатите 200 пријавени кандидати. Значи од предвидените 130 идни судии и обвинители кои треба да се запишат на Академијата, 100 се однапред познати, според “кронизам” методологијата и тие писменото полагање на тестот ќе го поминат со максимум бодови. Реална трка за запишување во АСЈО ќе има само за преостанатите 30 места, за што во конкуренција се 200 кандидати кои не се на владините  коалициони листи на СДСМ, ДУИ, Алијанса и другите помали партии. Во следниве денови предлогот за измена на Законот за АСЈО со злоупотреба на европското знаменце се очекува да помине на Влада, а потоа експресно да стигне во Собрание. Целта е Законот да се изгласа по скратена постапка преку Комисијата за европски прашања, за до крајот на јануари да може да се организира фиктивното писмено полагање на квалификацискиот тест за судиите и обвинителите, од кои 100 се веќе однапред се утврдени.

The post Милошоски: Власта го менува законот за Академијата за судии и јавни обвинители за да прими со коалициски договор 100 судии и обвинители appeared first on Република.

]]>
Абази денеска предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/abazi-deneska-predlozen-za-chlen-na-uo-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Fri, 11 Nov 2022 12:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=572736

Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в понеделник треба да одржи седница за негово именување, додека Рајевска е член на Советот на ЈО.

За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители.

На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одулка за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески, поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп.

The post Абази денеска предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в понеделник треба да одржи седница за негово именување, додека Рајевска е член на Советот на ЈО. За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски. Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители. На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одулка за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески, поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп.

The post Абази денеска предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>