Академија за судии и обвинители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademija-za-sudii-i-obviniteli/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 11:51:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Академија за судии и обвинители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademija-za-sudii-i-obviniteli/ 32 32 Лефков: Сестра на пратеничката Калевска Ванева од СДСМ иако е член на Судскиот совет, е назначена во УО на Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-sestra-na-pratenichkata-kalevska-vaneva-od-sdsm-iako-e-chlen-na-sudskiot-sovet-e-naznachena-vo-uo-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Sat, 02 Nov 2024 11:46:20 +0000 https://republika.mk/?p=833455

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители продолжуваат да преземаат чекори и да делуваат кон намалување на довербата на народот во правосудството. Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, тој назначи свој член на таа позиција, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– На 24 октомври Судскиот совет ја назначи Антоанета Димовска, која е член на Судскиот совет за член на УО на Академијата. Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица, и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители  – рече Лефков.

Антоанета Димовска покрај тоа што е именуван функционер е и сестра на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчева.

– Законот е јасен. Антоанета Димовска не може да биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители.  Дали нејзината роднинска врска со пратеник од СДСМ го мотивирала Судскиот совет да ја назначи за член на УО на Академијата, иако не смеел тоа да го направи? СДСМ треба да кажат која е нивната вмешаност во изборот?Димовска треба да си даде оставка од позицијата, а Судскиот совет колективно да ја понесе одговорноста за овој упад во системот – побара Лефков.

The post Лефков: Сестра на пратеничката Калевска Ванева од СДСМ иако е член на Судскиот совет, е назначена во УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители продолжуваат да преземаат чекори и да делуваат кон намалување на довербата на народот во правосудството. Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, тој назначи свој член на таа позиција, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. – На 24 октомври Судскиот совет ја назначи Антоанета Димовска, која е член на Судскиот совет за член на УО на Академијата. Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица, и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители  – рече Лефков. Антоанета Димовска покрај тоа што е именуван функционер е и сестра на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчева. – Законот е јасен. Антоанета Димовска не може да биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители.  Дали нејзината роднинска врска со пратеник од СДСМ го мотивирала Судскиот совет да ја назначи за член на УО на Академијата, иако не смеел тоа да го направи? СДСМ треба да кажат која е нивната вмешаност во изборот?Димовска треба да си даде оставка од позицијата, а Судскиот совет колективно да ја понесе одговорноста за овој упад во системот – побара Лефков.

The post Лефков: Сестра на пратеничката Калевска Ванева од СДСМ иако е член на Судскиот совет, е назначена во УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Се одземаат компјутерски податоци, мобилни телефони и досиеја – трае акцијата во Академијата за судии и обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-odzemaat-kompjuterski-podatotsi-mobilni-telefoni-i-dosieja-trae-aktsijata-vo-akademijata-za-sudii-i-obviniteli/ Thu, 25 Jul 2024 19:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=800306

МВР во Академијата за судии и обвинители постапува по наредба на јавен обвинител од ОЈО ГОК информираат од МВР.

„МВР - Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители. Дејствијата се во тек - соопштуваат од МВР.

The post Се одземаат компјутерски податоци, мобилни телефони и досиеја – трае акцијата во Академијата за судии и обвинители appeared first on Република.

]]>

МВР во Академијата за судии и обвинители постапува по наредба на јавен обвинител од ОЈО ГОК информираат од МВР. „МВР - Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители. Дејствијата се во тек - соопштуваат од МВР.

The post Се одземаат компјутерски податоци, мобилни телефони и досиеја – трае акцијата во Академијата за судии и обвинители appeared first on Република.

]]>
Габер-Дамјановска: За кандидатите за судии и обвинители не е најважно кој им е роднина, туку како ќе ја вршат својата професија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gaber-damjanovska-za-kandidatite-za-sudii-i-obviniteli-ne-e-najvazhno-koj-im-e-rodnina-tuku-kako-ke-ja-vrshat-svojata-profesija/ Sat, 25 Feb 2023 07:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=612993

Според Уставот секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, меѓу кои и судија, обвинител… и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. И со оглед на тоа дека на јавен конкурс отворен за тестирање на кандидати за слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), не смее да се дискриминира, зачудува логиката на жигосување на некои лица само заради нивното звучно име и семејна припадност бидејќи се пријавиле, поминале низ процесот на тестирање, се запишале и потоа ја завршиле почетната обука.

Ова во интервју за МИА го истакнува директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска по реакциите во медиумите откако беа објавени имињата со конечните резултати од завршниот испит на седмата генерација во која има презимиња кои се исти со личности носители на јавни функции. Според неа, не треба да се критикува семејната традиција по однос на некои професии, бидејќи, како што вели, тоа не е случај само со правната професија, туку и со други како што се медицина, инженерство, па и новинарството.

За мене тоа е нормално, бидејќи потомството расте во средина во која нивните родители зборуваат за својата работа, поседуваат соодветна литература и информации, негуваат одреден афинитет кој влијае врз нив. Погледнато подлабоко, мислам дека најголемиот број на академци од оваа генерација имаат такви допирни точки со правната професија, смета Габер Дамјановска.

Директорката на АСЈО во интервјуто за МИА вели дека најважно е како овие млади луѓе ќе ја вршат својата професија во иднина, дали ќе покажат ефикасност, резултати и интегритет во нивното работење, без разлика на нивното презиме, бидејќи истиот тест ги чека сите завршени слушатели.

Габер Дамјановска апелира да им се даде шанса на сите да се докажат и нагласува дека и успехот и одговорноста во оваа професија се неизбежно лични. Таа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители им порача да внимаваат на работните позиции на кои овие идни судии и обвинители ќе се постават да не бидат во спротивност со Законот за судир на интереси.

По стапувањето на должност, бездруго нивното работење еднакво како и на другите колеги, ќе се прилагоди на стандардните правила за изземање од определени случаи кога постои судир на интереси. Впрочем, двата совета на годишно ниво ја следат и оценуваат работата на сите судии и обвинители, а тоа е битен чинител при унапредувањето, вели Габер Дамјановска.

Директорката на АСЈО во интервјуто појаснува и за нејзиниот реизбор на раководната функција во Академијата по вториот оглас, бидејќи првиот беше неуспешен поради, како што вели, определени експлицитни нелогичности од правно-процедурален карактер.

Јас верувам дека работев совесно и одговорно во текот на изминатиот мандат, сметам дека мојата досегашна четиригодишна работа покажа резултати и дека треба определени важни процеси во Академијата кои се започнати, а се во склад со крупните реформски процеси на правосудниот сектор во државата, да добијат свое заокружување во наредните неколку години, истакна Габер Дамјановска.

На конкурсот за 130 слушатели за деветтата генерација во почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители документи поднеле 527 кандидати. Директорката појаснува дека процесот на полагање е прилично долг заради законските рокови и не е лесен. Сите фази се полагаат со полно присуство на десетчлена Комисија за приемен испит, а кандидатите имаат право на увид во стручните (правни) делови од нивниот тест, по што можат да поднесат приговор до Комисијата за приемен испит и жалба до Управниот одбор.

Според Габер Дамјановска, нема да се дозволат никакви бајпасирања, скратени обуки или одредени привилегирани категории на правници за полесен влез во правосудните тела.

Европската Унија инсистира на овој правец и будно го следи, вклучително и преку опсервација на новиот закон за Академијата кој е во собраниска процедура. Во принцип, мора да постои во нашата држава системско решение од овој вид, преку Академија, за влез на кадрите во правосудството, а тоа е остварливо единствено преку институција од ваков тип, децидна е Габер Дамјановска.

The post Габер-Дамјановска: За кандидатите за судии и обвинители не е најважно кој им е роднина, туку како ќе ја вршат својата професија appeared first on Република.

]]>

Според Уставот секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, меѓу кои и судија, обвинител… и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. И со оглед на тоа дека на јавен конкурс отворен за тестирање на кандидати за слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), не смее да се дискриминира, зачудува логиката на жигосување на некои лица само заради нивното звучно име и семејна припадност бидејќи се пријавиле, поминале низ процесот на тестирање, се запишале и потоа ја завршиле почетната обука.
Ова во интервју за МИА го истакнува директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска по реакциите во медиумите откако беа објавени имињата со конечните резултати од завршниот испит на седмата генерација во која има презимиња кои се исти со личности носители на јавни функции. Според неа, не треба да се критикува семејната традиција по однос на некои професии, бидејќи, како што вели, тоа не е случај само со правната професија, туку и со други како што се медицина, инженерство, па и новинарството.
За мене тоа е нормално, бидејќи потомството расте во средина во која нивните родители зборуваат за својата работа, поседуваат соодветна литература и информации, негуваат одреден афинитет кој влијае врз нив. Погледнато подлабоко, мислам дека најголемиот број на академци од оваа генерација имаат такви допирни точки со правната професија, смета Габер Дамјановска.
Директорката на АСЈО во интервјуто за МИА вели дека најважно е како овие млади луѓе ќе ја вршат својата професија во иднина, дали ќе покажат ефикасност, резултати и интегритет во нивното работење, без разлика на нивното презиме, бидејќи истиот тест ги чека сите завршени слушатели. Габер Дамјановска апелира да им се даде шанса на сите да се докажат и нагласува дека и успехот и одговорноста во оваа професија се неизбежно лични. Таа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители им порача да внимаваат на работните позиции на кои овие идни судии и обвинители ќе се постават да не бидат во спротивност со Законот за судир на интереси.
По стапувањето на должност, бездруго нивното работење еднакво како и на другите колеги, ќе се прилагоди на стандардните правила за изземање од определени случаи кога постои судир на интереси. Впрочем, двата совета на годишно ниво ја следат и оценуваат работата на сите судии и обвинители, а тоа е битен чинител при унапредувањето, вели Габер Дамјановска.
Директорката на АСЈО во интервјуто појаснува и за нејзиниот реизбор на раководната функција во Академијата по вториот оглас, бидејќи првиот беше неуспешен поради, како што вели, определени експлицитни нелогичности од правно-процедурален карактер.
Јас верувам дека работев совесно и одговорно во текот на изминатиот мандат, сметам дека мојата досегашна четиригодишна работа покажа резултати и дека треба определени важни процеси во Академијата кои се започнати, а се во склад со крупните реформски процеси на правосудниот сектор во државата, да добијат свое заокружување во наредните неколку години, истакна Габер Дамјановска.
На конкурсот за 130 слушатели за деветтата генерација во почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители документи поднеле 527 кандидати. Директорката појаснува дека процесот на полагање е прилично долг заради законските рокови и не е лесен. Сите фази се полагаат со полно присуство на десетчлена Комисија за приемен испит, а кандидатите имаат право на увид во стручните (правни) делови од нивниот тест, по што можат да поднесат приговор до Комисијата за приемен испит и жалба до Управниот одбор. Според Габер Дамјановска, нема да се дозволат никакви бајпасирања, скратени обуки или одредени привилегирани категории на правници за полесен влез во правосудните тела.