Академија за судии и јавни обвинители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 10:07:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Академија за судии и јавни обвинители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sovetot-na-javni-obviniteli-da-prestane-so-krshene-na-zakonot-i-vednash-da-ja-otpovika-dushitsa-dimitrieska-od-uo-na-akademijata/ Mon, 04 Nov 2024 08:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=833860

Советот на јавни обвинители по стапките на Судскиот совет. Пред два дена објавивме како Судски совет изврши директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, сега веќе сведочиме дека истото го направил и Советот на јавни обвинители, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска.

Ова е класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители и флагрантно кршење на законските норми. Во член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси јасно е прецизирано дека се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или правно лице кое располага со државен капитал.

Претседателката на Советот на Јавни обвинители, во случајов Душица Димитриеска, е именувано лице и истата не смее да биде и во УО на Академијата која што треба да ги произведе идните генерации на судии и обвинители.

Освен што е направен директен упад и флагрантно кршење на законот, во случајов со назначувањето на Димитриеска за член на УО на Академијата мириса и на политичка замешаност од опозициската СДС.

Имено, претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска е мајка на Ема Нешкоска која е член на Советот на општина Гостивар и која на последните парламентарни избори во мај беше кандидат за пратеник од редовите на СДС.

Со ваквиот начин на работа, вршејќи упади во независни институции кршејќи ги законите, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дополни го уриваат имиџот и довербата на граѓаните во правосудните органи.

Да не се чудиме после зошто и таа ниска доверба од граѓаните од само 2%, може дополнително да се намали. Затоа е потребна итна реакција и одговорност и го повикуваме Советот на јавни обвинители да престане да го крши законот и веднаш да го отповика својот предлог, Душица Димитриеска од член на УО на Академијата, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители по стапките на Судскиот совет. Пред два дена објавивме како Судски совет изврши директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, сега веќе сведочиме дека истото го направил и Советот на јавни обвинители, велат од ВМРО ДПМНЕ. Наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска. Ова е класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители и флагрантно кршење на законските норми. Во член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси јасно е прецизирано дека се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или правно лице кое располага со државен капитал. Претседателката на Советот на Јавни обвинители, во случајов Душица Димитриеска, е именувано лице и истата не смее да биде и во УО на Академијата која што треба да ги произведе идните генерации на судии и обвинители. Освен што е направен директен упад и флагрантно кршење на законот, во случајов со назначувањето на Димитриеска за член на УО на Академијата мириса и на политичка замешаност од опозициската СДС. Имено, претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска е мајка на Ема Нешкоска која е член на Советот на општина Гостивар и која на последните парламентарни избори во мај беше кандидат за пратеник од редовите на СДС. Со ваквиот начин на работа, вршејќи упади во независни институции кршејќи ги законите, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дополни го уриваат имиџот и довербата на граѓаните во правосудните органи. Да не се чудиме после зошто и таа ниска доверба од граѓаните од само 2%, може дополнително да се намали. Затоа е потребна итна реакција и одговорност и го повикуваме Советот на јавни обвинители да престане да го крши законот и веднаш да го отповика својот предлог, Душица Димитриеска од член на УО на Академијата, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата appeared first on Република.

]]>
Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-veke-nema-da-ima-politiziranost-tuku-transparentno-ke-se-izbiraat-chlenovite-veli-fetai/ Sun, 13 Oct 2024 15:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=826180

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на неизбирањето на директор во Академијата за судии и јавни обвинители, посочи дека не може да се меша во работата на независните органи. Сепак, додаде дека во минатото оваа Академија се соочувала со голема политизираност, напоменувајќи дека во иднина ќе има транспарентни процеси на избирање на членови во ваквите институции.

Како вицепремиер и Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните органи. Ние имаме ветување пред меѓународните партнери во рамките на реформската агенда со ЕУ за системски реформи во правосудниот систем. Ќе има сеопфатен процес кој ќе биде консултативен со заинтересираните странки и ќе излеземе со најдобрите можни решенија, вклучувајќи ја и Академијата, рече Фетаи.

Тој додаде дека во иднина ќе има транспарентни процеси за избирање на кандидати во академии, соодветно на нивните квалификации, потенцирајќи дека нема да има случаи каде членови ќе стануваат луѓе без положен правосуден тест.

The post Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи appeared first on Република.

Габер-Дамјановска си поднесе оставка од директорското место во Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gaber-damjanovska-si-podnese-ostavka-od-direktorskoto-mesto-vo-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Sat, 13 Jul 2024 17:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=796476

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, денеска поднесе неотповиклива оставка до Управниот одбор (УО) на Академијата. По стопирањето на тестовите за 130 места за последната, најголема генерација на Академијата, според Габер-Дамјановска остварено преку политичко влијание и со помош на контроверзна одлука на Управниот суд, таа смета дека повеќе нешто не ја врзува за функцијата директорка.

„Ќе нема тестирања, а јас ќе седам така? Сигурно дека нема“, рече таа за САКАМДАКАЖАМ.МК по информацијата од УО дека попладнево поднела неотповиклива оставка.

Габер-Дамјановска, која на 9 декември 2022 беше реизбрана на функцијата со мандат од 4 години, во обраќањето до членовите на Одборот, многу јасно образложува зошто се повлекува

The post Габер-Дамјановска си поднесе оставка од директорското место во Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

ДКСК најави оспорување на одлуката на Судски совет да за Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-najavi-osporuvane-na-odlukata-na-sudski-sovet-da-za-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Tue, 09 Jul 2024 14:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=795008

Државна комисија за спречување на корупцијата останува посветена на промовирање на транспарентност и отчетност и нема да отстапи од својата мисија да дејствува одлучно во заштитата на јавниот интерес, се вели во реакцијата од Антокорупциска по повод одлуката на Судскиот совет да ја отфрли нивната иницијатива за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Од ДКСК нагласуваат дека ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување.

Антикорупциска нагласува дека постапката за утврдување на одговорност е иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата.

Иницијативата за поведување на постапка за утврдување на одговорност е поднесена во рокот од 15 дена од приемот на последната одлука донесена од страна на Вишиот управен суд на Република Македонија, во врска со конкретниот случај, а во согласност со Законот за спречување на корупцијата. И покрај тоа, сакаме да истакнеме дека рокот од 15 дена не е преклузивен рок, истиот е инструктивен рок, односно со негово пропуштање на се губи правото за преземање на определено дејствие, бидејќи нема одредба во Законот која предвидува последица од непостапувањето по тој рок, се вели во соопштението од ДКСК.

Од ДКСК, исто така, посочуваат дека за ваквата одлука се информирани единствено преку медиумите, и дека по официјалниот прием на одлуката ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување.

Особено сакаме да потенцираме дека најголем императив во постапувањето на Судскиот совет треба да биде санкционирање на пријавените, со оглед на тоа што од страна на пријавените лица е постапено спротивно на закон, кое нешто е утврдено со одлука на ДКСК, и потврдено од Вишиот управен суд на Република Македонија, во рамките на законските рокови, информираат од ДКСК.

Комисијата останува посветена на соработката со сите надлежни институции и на примената на сите достапни правни средства за постигнување на своите цели.

The post ДКСК најави оспорување на одлуката на Судски совет да за Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Државна комисија за спречување на корупцијата останува посветена на промовирање на транспарентност и отчетност и нема да отстапи од својата мисија да дејствува одлучно во заштитата на јавниот интерес, се вели во реакцијата од Антокорупциска по повод одлуката на Судскиот совет да ја отфрли нивната иницијатива за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Од ДКСК нагласуваат дека ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување. Антикорупциска нагласува дека постапката за утврдување на одговорност е иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата.
Иницијативата за поведување на постапка за утврдување на одговорност е поднесена во рокот од 15 дена од приемот на последната одлука донесена од страна на Вишиот управен суд на Република Македонија, во врска со конкретниот случај, а во согласност со Законот за спречување на корупцијата. И покрај тоа, сакаме да истакнеме дека рокот од 15 дена не е преклузивен рок, истиот е инструктивен рок, односно со негово пропуштање на се губи правото за преземање на определено дејствие, бидејќи нема одредба во Законот која предвидува последица од непостапувањето по тој рок, се вели во соопштението од ДКСК.
Од ДКСК, исто така, посочуваат дека за ваквата одлука се информирани единствено преку медиумите, и дека по официјалниот прием на одлуката ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување.
Особено сакаме да потенцираме дека најголем императив во постапувањето на Судскиот совет треба да биде санкционирање на пријавените, со оглед на тоа што од страна на пријавените лица е постапено спротивно на закон, кое нешто е утврдено со одлука на ДКСК, и потврдено од Вишиот управен суд на Република Македонија, во рамките на законските рокови, информираат од ДКСК.
Комисијата останува посветена на соработката со сите надлежни институции и на примената на сите достапни правни средства за постигнување на своите цели.  

The post ДКСК најави оспорување на одлуката на Судски совет да за Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска бара одговорност од Наташа Габер-Дамјановска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-bara-odgovornost-od-natasha-gaber-damjanovska/ Thu, 23 May 2024 11:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=781147

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.

Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.

Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок, велат од Антикорупциска.

The post Антикорупциска бара одговорност од Наташа Габер-Дамјановска appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик. Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.
Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок, велат од Антикорупциска.

The post Антикорупциска бара одговорност од Наташа Габер-Дамјановска appeared first on Република.

]]>
ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ke-bara-odgovornost-za-sluchajot-so-akademijata-na-sudii-i-obviniteli/ Sun, 05 May 2024 16:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=774535

Одлуката на Управниот суд потврдена со одлуката на Вишиот управен суд, која се однесува на јавниот оглас на Академијата за суди и јавни обвинители за вработување на 130 идни јавни обвинители и судии нè охрабрува и ни дава потик и понатаму посветено да се вршиме нашата работа, вели претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во интервју за РСЕ.

Со ова не завршува постапката пред Државната комисија за спречување на корупција, согласно нашите законски надлежности и обврски, во рокот 15 дена, од правосилност на оваа одлука, имаме обврска да покренеме иницијатива за покренување одговорност кај надлежните институции. Тече рокот за спроведување на оваа активност и во законски утврдениот рок ке ја испочитуваме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-povtorno-odluchi-vo-korist-na-siljanovska-davkova-asjo-treba-da-ja-stavi-vo-miruvane-postapkata-za-priem-na-130-slushateli/

The post ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители appeared first on Република.

Добра вест за сите квалитетни правници: Управен суд ја отфрли жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dobra-vest-za-site-kvalitetni-pravnitsi-upraven-sud-ja-otfrli-zhalbata-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Tue, 30 Apr 2024 06:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=772414

Уште еден пораз за најслабиот двоец во ресорот правда, министерот Лога и заменичката Мадиќ, за омилената директорка на СДСМ Габер Дамјановска и Џелал Бајрами, извршителот на ДУИ во јавното обвинителство, вели Антонијо Милошоски откако Вишиот управен суд вчера ја отфрли како неоснована жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители и ја потврди одлуката на Антикорупциската комисија со која беше уважен приговорот на проф.Силјаноска Давкова за прекршување на Изборниот законик од страна на Академијата за судии. Одлуката е конечна и извршна.

Истовремено ова е добра вест за сите квалитетни правници. Ова е победа на правото и заштита на изборниот законик од политичкиот инженеринг на овие четворица владини функционери, кои ќе мора да ја повторат римската правна лекција Dura lex sed lex, пишува Милошоски.

Постапката за полагање испити во Академијата и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира заради прекршување на Изборниот законик од функционерите на оваа институција.

The post Добра вест за сите квалитетни правници: Управен суд ја отфрли жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

Проф. Силјановска Давкова на суд во одбрана на законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-siljanovska-davkova-na-sud-vo-odbrana-na-zakonot/ Sat, 13 Apr 2024 09:08:04 +0000 https://republika.mk/?p=765627

И на Управен суд проф. Гордана Силјановска Давкова ќе го брани ставот дека Академијата за судии го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

ДКСК едногласно го поддржа нејзиниот приговор, но АСЈО поднесе жалба до Управниот суд, кој најкасно до недела мора да се произнесе за предметот.

Судечки совет на овој случај ќе бидат Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска, судии во Управниотсуд.

Од страна на Академијата за судии претставник ќе биде директорката Габер Дамјановска.

Рочиштето се одржува денес во 14.30 во Управниот суд, Скопје.

The post Проф. Силјановска Давкова на суд во одбрана на законот appeared first on Република.

]]>

И на Управен суд проф. Гордана Силјановска Давкова ќе го брани ставот дека Академијата за судии го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии. ДКСК едногласно го поддржа нејзиниот приговор, но АСЈО поднесе жалба до Управниот суд, кој најкасно до недела мора да се произнесе за предметот. Судечки совет на овој случај ќе бидат Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска, судии во Управниотсуд. Од страна на Академијата за судии претставник ќе биде директорката Габер Дамјановска. Рочиштето се одржува денес во 14.30 во Управниот суд, Скопје.

The post Проф. Силјановска Давкова на суд во одбрана на законот appeared first on Република.

]]>
Академијата за судии и јавни обвинители поднесе тужба пред Управен суд по одлуката на ДКСК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-podnese-tuzhba-pred-upraven-sud-po-odlukata-na-dksk/ Fri, 12 Apr 2024 14:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=765477

Академијата за судии и јавни обвинители поднесе тужба пред Управен суд по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата дека Академијата со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители го прекршува законот во изборен период.

Од Академијата, посочуваат дека пред, и на самата јавна седница на ДКСК, што се одржа на 10 април, имало многу процедурални повреди, за што Академијата ќе бара судска заштита и ќе ги остварува своите права пред Управниот суд.

- Академијата по добивањето на Одлуката од ДКСК во законскиот рок ќе поднесе тужба и истата ќе биде заснована на факти, а не на политички маркетинг, невистини и инсинуации, како што беше случајот со јавната седница, кога претседателскиот кандидат се повикуваше на некакви писма и изнесуваше разни шпекулации и измислици, а на Академијата ѝ беше ускратено правото на одговор по истите, соопштија тогаш од Академијата.

Оттаму, исто така, изразија верување во институциите на системот и најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на Управниот суд.

Државната комисија за спречување на корупцијата, на јавната седница со пет гласа го усвои приговорот поднесен од Гордана Силјановска - Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик. Комисијата, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.

Според приговорот на Силјановска - Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

- Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер - Дамјановска, на седницата нагласи дека се незадоволни од одлуката и оти правдата ќе ја бараат пред Управен суд, а, како што рече, најголеми губитници во овој случај се кандидатите.

- Значи воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши, и оти не се работи за класично вработување.

Таа подвлече дека во прашање е сериозен јавен интерес, што ќе има долгорочни последици врз капацитетот на работењето на судовите и обвинителствата.

The post Академијата за судии и јавни обвинители поднесе тужба пред Управен суд по одлуката на ДКСК appeared first on Република.

]]>

Академијата за судии и јавни обвинители поднесе тужба пред Управен суд по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата дека Академијата со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители го прекршува законот во изборен период. Од Академијата, посочуваат дека пред, и на самата јавна седница на ДКСК, што се одржа на 10 април, имало многу процедурални повреди, за што Академијата ќе бара судска заштита и ќе ги остварува своите права пред Управниот суд.
- Академијата по добивањето на Одлуката од ДКСК во законскиот рок ќе поднесе тужба и истата ќе биде заснована на факти, а не на политички маркетинг, невистини и инсинуации, како што беше случајот со јавната седница, кога претседателскиот кандидат се повикуваше на некакви писма и изнесуваше разни шпекулации и измислици, а на Академијата ѝ беше ускратено правото на одговор по истите, соопштија тогаш од Академијата.
Оттаму, исто така, изразија верување во институциите на системот и најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на Управниот суд. Државната комисија за спречување на корупцијата, на јавната седница со пет гласа го усвои приговорот поднесен од Гордана Силјановска - Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик. Комисијата, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи. Според приговорот на Силјановска - Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.
- Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер - Дамјановска, на седницата нагласи дека се незадоволни од одлуката и оти правдата ќе ја бараат пред Управен суд, а, како што рече, најголеми губитници во овој случај се кандидатите.
- Значи воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши, и оти не се работи за класично вработување.
Таа подвлече дека во прашање е сериозен јавен интерес, што ќе има долгорочни последици врз капацитетот на работењето на судовите и обвинителствата.

The post Академијата за судии и јавни обвинители поднесе тужба пред Управен суд по одлуката на ДКСК appeared first on Република.

]]>
Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања среде избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli-go-krshi-izborniot-zakonik-so-vrabotuvana-srede-izbori/ Mon, 01 Apr 2024 10:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=760888

Верувале или не денеска во ЈО, спротивно на закон, среде избори, се врши процес на вработување, прием на 130 нови судии и обвинители, се врши писмен приемен испит за Академијата за судии и јавни обвинители, зад мене во ЈО.
И верувале или не, наместо електронско полагање, за прв пат ќе се полага писмено, затоа што не е набавен соодветен софтвер, обвини Наум Стоилковски.

Ова е класично прекршување на изборниот закон од Академијата која треба да биде пример за владеењето на правото. По сила на закон во сите државни институции, јавни претпријатија и општини, сите постапки за вработување се ставени во мирување по сила на изборниот законик.
Дали за Академијата за судии е поважен изборниот законик или можеби им е поважен Мики Крстев од СДСМ, заменик министерот за локална самоуправа, да полага испит со малверзации во време на распишани избори?!

https://www.youtube.com/watch?v=YSXVQJnEbjI

Дали за директорката Габер Дамјановска е поважно владеењето на правото од желбата на внуката на Рамиз Мерко, Ерканда Баута, да стане обвинителка во струка со незаконито полагање на тест во изборен период?!

Дали Александар Глигоров, син на Емил Глигоров, претседател на судот во Струмица од СДСМ, со ваков писмен наместо електронски испит ќе има максимални 100 поени?
Дали Дитмире Шеху, член на ДИК од ДУИ, ќе има 100 поени на писмениот тест?

Може и Фуркан Фета, асистент на ДУИ во Собранието и близок пријател до раководството, ќе освои 100 поени на ваков тип на полагање.

Секако и Дарко Герамитчиоски, советник на СДСМ во Општина Прилеп, веројатно ќе има 100 поени на писмен тест прегледуван од човек, наместо електронски.

Апелираме до ДКСК да го спречат ова прекршување на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители, бидејќи решавањето на овој предмет ќе биде и тест за интегритетот на Антикорупциската комисија која има должност да го заштити изборниот законик.
Дополнително, ќе се остави време да се исправи актуелната состојба, наместо електронското полагање, писменото полагање на квалификацискиот тест. Тоа сега значи човечко влијание, можност за манипулации, дополнително одговарање од страна на трето лице на неодговорените прашања и доделување на максимум поени на кандидати кои се доведуваат во врска со власта и дополнително се руши интегритетот на правниот систем во Македонија.
Почитувани,
Тоа е недозволиво. Такво тонење мора да има крај. Македонија повторно твоја! Промените во твои раце!

The post Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања среде избори appeared first on Република.

]]>

Верувале или не денеска во ЈО, спротивно на закон, среде избори, се врши процес на вработување, прием на 130 нови судии и обвинители, се врши писмен приемен испит за Академијата за судии и јавни обвинители, зад мене во ЈО. И верувале или не, наместо електронско полагање, за прв пат ќе се полага писмено, затоа што не е набавен соодветен софтвер, обвини Наум Стоилковски. Ова е класично прекршување на изборниот закон од Академијата која треба да биде пример за владеењето на правото. По сила на закон во сите државни институции, јавни претпријатија и општини, сите постапки за вработување се ставени во мирување по сила на изборниот законик. Дали за Академијата за судии е поважен изборниот законик или можеби им е поважен Мики Крстев од СДСМ, заменик министерот за локална самоуправа, да полага испит со малверзации во време на распишани избори?!   https://www.youtube.com/watch?v=YSXVQJnEbjI
Дали за директорката Габер Дамјановска е поважно владеењето на правото од желбата на внуката на Рамиз Мерко, Ерканда Баута, да стане обвинителка во струка со незаконито полагање на тест во изборен период?!
Дали Александар Глигоров, син на Емил Глигоров, претседател на судот во Струмица од СДСМ, со ваков писмен наместо електронски испит ќе има максимални 100 поени? Дали Дитмире Шеху, член на ДИК од ДУИ, ќе има 100 поени на писмениот тест? Може и Фуркан Фета, асистент на ДУИ во Собранието и близок пријател до раководството, ќе освои 100 поени на ваков тип на полагање. Секако и Дарко Герамитчиоски, советник на СДСМ во Општина Прилеп, веројатно ќе има 100 поени на писмен тест прегледуван од човек, наместо електронски.
Апелираме до ДКСК да го спречат ова прекршување на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители, бидејќи решавањето на овој предмет ќе биде и тест за интегритетот на Антикорупциската комисија која има должност да го заштити изборниот законик. Дополнително, ќе се остави време да се исправи актуелната состојба, наместо електронското полагање, писменото полагање на квалификацискиот тест. Тоа сега значи човечко влијание, можност за манипулации, дополнително одговарање од страна на трето лице на неодговорените прашања и доделување на максимум поени на кандидати кои се доведуваат во врска со власта и дополнително се руши интегритетот на правниот систем во Македонија. Почитувани, Тоа е недозволиво. Такво тонење мора да има крај. Македонија повторно твоја! Промените во твои раце!

The post Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања среде избори appeared first on Република.

]]>
Власта, спротивно на закон ја продолжува постапката за вработување, која во изборен период мора да е во мирување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-sprotivno-na-zakon-ja-prodolzhuva-postapkata-za-vrabotuvane-koja-vo-izboren-period-mora-da-e-vo-miruvane/ Thu, 21 Mar 2024 13:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=756999

ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор до Државната комисија за спречување на корупција заради прекршување на Изборниот законик од страна на Академијата за судии и јавни обвинители, соопшти денеска Ружица Николовска од ИК на партијата.

Имено согласно член 8а од Изборниот законик, како и согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси предвидено е дека од денот на донесување на одлука за распишување на претседателски и парламентарни избори не може да се спроведуваат постапки за нови вработувања ниту да се даваат откази на вработени во јавните и државните институции, а доколку има почнато такви постапки се ставаат во мирување. Сите сме сведоци во изминатиов период дека од страна на Академијата за судии и јавни обвинители беше објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата при што непосредно сега пред некој ден во месец март е донесена временска динамика од страна на академијата за спроведување на приемниот испит, соопшти адвокатката на денешната прес-конференција.

Објаснува дека ова е важно затоа што приемот на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители подразбира дека стекнувањето на статус слушател значи вработување односно засновање на работен однос со Академијата за судии и јавни обвинители со сите права и овластувања како што следуваат од еден работен однос.

Сметаме дека тоа ќе влијае на изборниот процес и наместо Академијата да произведува кадри кои што утре ќе ги почитуваат правата и законите, за жал излегува дека Академијата е главниот прекршител на правото во овој момент. Ова што го поднесовме е пријава односно приговор до Државната комисија за спречување на корупцијата, за што сметаме дека е прв сериозен тест токму за интегритетот на новиот состав на ДКСК. Заради тоа бараме со пријавата истата да се разгледа, да се отвори случај и согласно своите законски ингеренции ДКСК да ги преземе сите потребни законски мерки за спречување на ваквите прекршувања, рече Николовска, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги следи овие прекршувања и за истите ќе ги извести секако и меѓународните организации кои што ги следат изборите како што се ОБСЕ и ОДИХР.

https://youtu.be/r4lNkUYPGqQ?si=kFM6XcOGwZPhkx8z

The post Власта, спротивно на закон ја продолжува постапката за вработување, која во изборен период мора да е во мирување appeared first on Република.

АСЈО ќе мора незаконски да спроведе испит за прием на судии и обвинители оти на Владата ѝ се брза да протне уште ститина свои https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/asjo-ke-mora-nezakonski-da-sprovede-ispit-za-priem-na-sudii-i-obviniteli-oti-na-vladata-se-brza-da-protne-ushte-stitina-svoi/ Mon, 08 Jan 2024 08:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=730769

На 22 јануари се полага главниот квалификациски тест за 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Но, за да може оние од списоците на ДУИ&СДСМ да поминат со максимум бодови, владата донела заклучок квалификацискиот тест да се полага писмено, наместо електронски, објави денеска Антонио Милошоски.

Според документите што ги објави Милошоски, ова е спротивно на членот 39 од Законот за АСЈО, каде што изрично е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат, а се со цел да не може некој од Управниот одбор на АСЈО да им ги доодговори прашањата на владините фаворити за судии и обвинители.

Владата ѝ се брза да протне уште 100тина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување. Но, Директорката на АСЈО, Габер, како и членовите на Управниот одбор треба сериозно да размислат дали ќе постапуваат по заклучокот на владата или ќе ги почитуваат законските обврски за полагањето на квалификацискиот тест. Како поука може да им биде случајот на Мухамед Зеќири, кој како генерален секртар на владата предност им даваше на владините заклучоци, наместо на законските норми, но потоа не заврши славно, коментира Милошоски, потсетувајќи дека скандалот со М-НАВ уште еднаш покажа дека оние кои незаслижено станале обвинители и судии се тие кои ја рушат довербата во правосудството. Загрижувачки е што владата на ДУИ и СДСМ спрема уште стотина такви.

Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) се најде во небрано како да го продолжи спроведувањето на примениот испит за кандидатите од 9-та генерација слушатели за идни судии и јавни обвинители затоа што Владата преку Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) сѐ уште не ја завршила постапката за избор на фирма која ќе се грижи за непречената работа на електронскиот систем за полагање на испити. Поради ова, Владата на седницата одржана на 26 декември 2023 година спротивно на законот донела заклучок приемниот испит наместо електронски да се изврши писмено, во хартиена форма.

Поради ова Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) на 25 декември 2023 година се обратила до Владата „за изнаоѓање на итно интервентно решение за продолжување на приемниот испит за 9-та генерација слушатели во почетната обука“.

Повеќе на МКД.мк

The post АСЈО ќе мора незаконски да спроведе испит за прием на судии и обвинители оти на Владата ѝ се брза да протне уште ститина свои appeared first on Република.

]]>

На 22 јануари се полага главниот квалификациски тест за 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Но, за да може оние од списоците на ДУИ&СДСМ да поминат со максимум бодови, владата донела заклучок квалификацискиот тест да се полага писмено, наместо електронски, објави денеска Антонио Милошоски. Според документите што ги објави Милошоски, ова е спротивно на членот 39 од Законот за АСЈО, каде што изрично е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат, а се со цел да не може некој од Управниот одбор на АСЈО да им ги доодговори прашањата на владините фаворити за судии и обвинители.
Владата ѝ се брза да протне уште 100тина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување. Но, Директорката на АСЈО, Габер, како и членовите на Управниот одбор треба сериозно да размислат дали ќе постапуваат по заклучокот на владата или ќе ги почитуваат законските обврски за полагањето на квалификацискиот тест. Како поука може да им биде случајот на Мухамед Зеќири, кој како генерален секртар на владата предност им даваше на владините заклучоци, наместо на законските норми, но потоа не заврши славно, коментира Милошоски, потсетувајќи дека скандалот со М-НАВ уште еднаш покажа дека оние кои незаслижено станале обвинители и судии се тие кои ја рушат довербата во правосудството. Загрижувачки е што владата на ДУИ и СДСМ спрема уште стотина такви.
  Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) се најде во небрано како да го продолжи спроведувањето на примениот испит за кандидатите од 9-та генерација слушатели за идни судии и јавни обвинители затоа што Владата преку Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) сѐ уште не ја завршила постапката за избор на фирма која ќе се грижи за непречената работа на електронскиот систем за полагање на испити. Поради ова, Владата на седницата одржана на 26 декември 2023 година спротивно на законот донела заклучок приемниот испит наместо електронски да се изврши писмено, во хартиена форма. Поради ова Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) на 25 декември 2023 година се обратила до Владата „за изнаоѓање на итно интервентно решение за продолжување на приемниот испит за 9-та генерација слушатели во почетната обука“. Повеќе на МКД.мк

The post АСЈО ќе мора незаконски да спроведе испит за прием на судии и обвинители оти на Владата ѝ се брза да протне уште ститина свои appeared first on Република.

]]>
Синовите на Јосифоска и Џафери, сопругите на Муцунски и Абази, ќерката на Смаќоска, снаата на Цветанка Иванова се новите лица на македонското правосудство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sinovite-na-josifoska-i-dhaferi-soprugite-na-mutsunski-i-abazi-kerkata-na-smakoska-snaata-na-tsvetanka-ivanova-se-novite-litsa-na-makedonskoto-pravosudstvo/ Mon, 20 Feb 2023 21:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=611266

Денеска Комисијата за завршен испит ја одржа седница на која усвои ги Ранг листата со конечни резултати од полагањето на завршниот испит во Академијата за судии и јавни обвинители за седмата генерација слушатели на почетна обука и Конечната ранг листа на кандидати за судии и јавни обвинители. Завршниот испит го положиле 57 кандидати, од кои дел ќе бидат судии, а дел јавни обвинители.

Соглано законската обврска, Конечната ранг-листа на кандидати за судии и јавни обвинители веднаш ќе ја испрати до Судскиот совет на РСМ и до Советот на јавните обвинители на РСМ во текот на утрешниот ден.

Во листата може да се видат имињата на деца на политичар, сопруга на градоначалник, ќерќи и синови на јавни обвинители и судии…

Најзвучни меѓу новите обвинители се имињата на Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери; сопругата на првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази. Снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова исто така ќе биде јавна обвинителка.

Сопругата на градоначалникот на Аеродром Симона Муцунска Бубевска ќе биде судијка, а колешка ќе ѝ биде Биљана Смаќоска, ќерка на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска. Драган Јосифоски, син на обвинителката Елизабета Јосифоска исто така ќе биде судија.

Од избраните 60 кандидати еден се откажал, па наскоро 59 завршени кандидати ќе треба да пополнат дел од испразнетите места.

Целиот список на следниот линк!

The post Синовите на Јосифоска и Џафери, сопругите на Муцунски и Абази, ќерката на Смаќоска, снаата на Цветанка Иванова се новите лица на македонското правосудство appeared first on Република.

]]>

Денеска Комисијата за завршен испит ја одржа седница на која усвои ги Ранг листата со конечни резултати од полагањето на завршниот испит во Академијата за судии и јавни обвинители за седмата генерација слушатели на почетна обука и Конечната ранг листа на кандидати за судии и јавни обвинители. Завршниот испит го положиле 57 кандидати, од кои дел ќе бидат судии, а дел јавни обвинители. Соглано законската обврска, Конечната ранг-листа на кандидати за судии и јавни обвинители веднаш ќе ја испрати до Судскиот совет на РСМ и до Советот на јавните обвинители на РСМ во текот на утрешниот ден. Во листата може да се видат имињата на деца на политичар, сопруга на градоначалник, ќерќи и синови на јавни обвинители и судии… Најзвучни меѓу новите обвинители се имињата на Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери; сопругата на првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази. Снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова исто така ќе биде јавна обвинителка. Сопругата на градоначалникот на Аеродром Симона Муцунска Бубевска ќе биде судијка, а колешка ќе ѝ биде Биљана Смаќоска, ќерка на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска. Драган Јосифоски, син на обвинителката Елизабета Јосифоска исто така ќе биде судија. Од избраните 60 кандидати еден се откажал, па наскоро 59 завршени кандидати ќе треба да пополнат дел од испразнетите места. Целиот список на следниот линк!

The post Синовите на Јосифоска и Џафери, сопругите на Муцунски и Абази, ќерката на Смаќоска, снаата на Цветанка Иванова се новите лица на македонското правосудство appeared first on Република.

]]>
Изборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители одложен, по пошта пристигнала уште една пријава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izborot-na-direktor-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-odlozen-po-poshta-pristignala-ushte-edna-prijava/ Wed, 07 Dec 2022 15:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=583037

Точката за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Управниот одбор ја тргна од дневен ред на денешната седница, поради пристигната уште пријава по пошта од уште еден кандидат, и потреба да биде разгледана од Комисијата за избор.

Изборот на директор, како што информираат, ќе биде дополнително закажан.

Пристигнатата пријава по пошта е од судијата Ангел Димовски.

Со тоа во трка за директор на Академијата се четворица кандидати. Покрај Ангелов и доскорешниот директор Наташа Габер-Демјановска, пријави поднеле и судиите Емилија Шопар-Јованова и Ненад Савески.

The post Изборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители одложен, по пошта пристигнала уште една пријава appeared first on Република.

]]>

Точката за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Управниот одбор ја тргна од дневен ред на денешната седница, поради пристигната уште пријава по пошта од уште еден кандидат, и потреба да биде разгледана од Комисијата за избор. Изборот на директор, како што информираат, ќе биде дополнително закажан. Пристигнатата пријава по пошта е од судијата Ангел Димовски. Со тоа во трка за директор на Академијата се четворица кандидати. Покрај Ангелов и доскорешниот директор Наташа Габер-Демјановска, пријави поднеле и судиите Емилија Шопар-Јованова и Ненад Савески.

The post Изборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители одложен, по пошта пристигнала уште една пријава appeared first on Република.

]]>
Бунт во Судскиот совет откако претседателката сакала без дебата да се гласа готов список за Академијата за судии и обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bunt-vo-sudskiot-sovet-otkako-pretsedatelkata-sakala-bez-debata-da-se-glasa-gotov-spisok-za-akademijata-za-sudii-i-obviniteli/ Sat, 26 Nov 2022 07:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=578462

Тројцата новоизбрани членови на Судскиот совет, судиите Мирјана Радевска Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, на кои им се придружиле и останатите членови избрани од судиите: Мирсад Суроји, Мери Радевска и Сашко Георгиев, но и Весна Дамева, која е избрана на предлог на претседателот, на последната седница во четвртокот спречиле гласање на список без дебата.

Како што дознава „Сакам да кажам“ од седумтемина „бунтовници“, претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на седницата влегла со список на кандидати за членови на управниот одбор и на комисиите за приемен и за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Овие седум членови, не само што се избориле да се дебатира за судиите од списокот – кандидати за одлучувачки и битни места во Академијата, туку и најголемиот број не ги гласале. Тие се сега мнозинство и без нивните гласови, не може никој да биде избран.

Целиот текст на СДК.мк

The post Бунт во Судскиот совет откако претседателката сакала без дебата да се гласа готов список за Академијата за судии и обвинители appeared first on Република.

]]>

Тројцата новоизбрани членови на Судскиот совет, судиите Мирјана Радевска Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, на кои им се придружиле и останатите членови избрани од судиите: Мирсад Суроји, Мери Радевска и Сашко Георгиев, но и Весна Дамева, која е избрана на предлог на претседателот, на последната седница во четвртокот спречиле гласање на список без дебата. Како што дознава „Сакам да кажам“ од седумтемина „бунтовници“, претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на седницата влегла со список на кандидати за членови на управниот одбор и на комисиите за приемен и за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Овие седум членови, не само што се избориле да се дебатира за судиите од списокот – кандидати за одлучувачки и битни места во Академијата, туку и најголемиот број не ги гласале. Тие се сега мнозинство и без нивните гласови, не може никој да биде избран. Целиот текст на СДК.мк

The post Бунт во Судскиот совет откако претседателката сакала без дебата да се гласа готов список за Академијата за судии и обвинители appeared first on Република.

]]>
Абази ќе побара повлекување на предлогот за негово назначување во УО на Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/abazi-kje-pobara-povlekuvanje-na-predlogot-za-negovo-naznachuvanje-vo-uo-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-2/ Sat, 12 Nov 2022 09:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=572972

Јавниот обвинител Ислам Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа, назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор, се вели во соопштението од Републичкото јавно обвинителство.

Во барањето што ќе го достави до Советот на јавни обвинители Абази вели дека со оглед на тоа што неговата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители и е пред завршување на Академијата, не сака да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sum-zborel-so-nea-kade-saka-da-se-vraboti-veli-abazi-za-soprugata-koja-samiot-kje-ja-ocenuva-vo-akademijata-za-sudii-i-obviniteli/

Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката, истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.​

The post Абази ќе побара повлекување на предлогот за негово назначување во УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител Ислам Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа, назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор, се вели во соопштението од Републичкото јавно обвинителство.
Во барањето што ќе го достави до Советот на јавни обвинители Абази вели дека со оглед на тоа што неговата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители и е пред завршување на Академијата, не сака да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sum-zborel-so-nea-kade-saka-da-se-vraboti-veli-abazi-za-soprugata-koja-samiot-kje-ja-ocenuva-vo-akademijata-za-sudii-i-obviniteli/

Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката, истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.​

The post Абази ќе побара повлекување на предлогот за негово назначување во УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Не сум зборел со неа каде сака да се вработи, вели Абази за сопругата која самиот ќе ја оценува во Академијата за судии и обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-sum-zborel-so-nea-kade-saka-da-se-vraboti-veli-abazi-za-soprugata-koja-samiot-kje-ja-ocenuva-vo-akademijata-za-sudii-i-obviniteli/ Fri, 11 Nov 2022 16:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=572858

За само пет дена откако победи на изборите за шеф на Организиран криминал, Ислам Абази доби нова функција, пренесува „Алфа“. Сега стана член на управниот одбор на Академијата, а токму таму неговата сопруга треба да финишира со школувањето до крајот на годината. Обуката е составена од теоретски и практичен дел и најдоцна до Нова година заедно со колегите, сопругата на Абази треба да полага завршен испит пред да може да биде избрана за судија или обвинител.

И покрај гласните критики на стручната фела изминатата недела за изборот и новиот шеф на Обвинителството за Организиран, Советот на јавни обвинители глатко го изгласа и за член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители заедно со Фиданка Рајевска, член на Советот, а нивни заменици да бидат обвинителите Бурим Ристеми и Ристе Бојаџиски. Ваквиот предлог бил на заминик-предсетелот на Советот, Арбер Исаку.

Претседателот на советот Антонио Јолевски тврди не знаеле дека сопругата на Абази е на обуката, и најави дека откако ќе проверат дали постои судир на интереси ќе предложи измена на одлуката на седницата закажана в понеделник.

Абази уште во првата изјава пред медиумите, кога беше прашан дали се кандидира за да остави простор неговата сопруга да се вработи бидејќи законот не дозволува двајца обвинители од исто семејство или во брак да работат во исто апелационо подрачје во случајот гостиварското.

Согласно законот, јавен обвинител и брачен другар, тоа не смее да бидат во исто јавно обвинителство. Вишото јавно обвинителство и основното не се исто. Јас немам разговарано со нејзе, каде сака она да се вработи, рече Абази.

Абази ја гради кариера на брза лента, а јавноста врие уште по неговиот избор од 66 обвинители за главен обвинител кој ќе гони криминал и корупција.

Како што објави Алфа, новиот избран раководите на Органзиран е зет на екс директорот на Инспекторатот за транспорт Руфат Хусеини, кој е вклучен во истрагата на ОЈОГОКК, за пропустите на надлежните институции во несреќата со автобусот на „Беса Транс“. Алфа објави и фотографија на Абази со братот на лидерот на ДУИ, Фикри Ахмети. Само два часа порано во првата изјава за медимите обвинителот тврдеше дека нема комуникација со никој од партијата на Интегративците а со нивниот лидер можеби некогаш се сретнале, но, не го познава.

Управниот одбор, каде сега Абази е член, е составен од двајца обвинители и заменици по предлог на Советот на јавни обвинители, со голем број надлежности меѓу кои и именување и разрешување на директорот на академијата, како и избор на Комисијата за приемен и завршен испит.

The post Не сум зборел со неа каде сака да се вработи, вели Абази за сопругата која самиот ќе ја оценува во Академијата за судии и обвинители appeared first on Република.

]]>

За само пет дена откако победи на изборите за шеф на Организиран криминал, Ислам Абази доби нова функција, пренесува „Алфа“. Сега стана член на управниот одбор на Академијата, а токму таму неговата сопруга треба да финишира со школувањето до крајот на годината. Обуката е составена од теоретски и практичен дел и најдоцна до Нова година заедно со колегите, сопругата на Абази треба да полага завршен испит пред да може да биде избрана за судија или обвинител. И покрај гласните критики на стручната фела изминатата недела за изборот и новиот шеф на Обвинителството за Организиран, Советот на јавни обвинители глатко го изгласа и за член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители заедно со Фиданка Рајевска, член на Советот, а нивни заменици да бидат обвинителите Бурим Ристеми и Ристе Бојаџиски. Ваквиот предлог бил на заминик-предсетелот на Советот, Арбер Исаку. Претседателот на советот Антонио Јолевски тврди не знаеле дека сопругата на Абази е на обуката, и најави дека откако ќе проверат дали постои судир на интереси ќе предложи измена на одлуката на седницата закажана в понеделник. Абази уште во првата изјава пред медиумите, кога беше прашан дали се кандидира за да остави простор неговата сопруга да се вработи бидејќи законот не дозволува двајца обвинители од исто семејство или во брак да работат во исто апелационо подрачје во случајот гостиварското.
Согласно законот, јавен обвинител и брачен другар, тоа не смее да бидат во исто јавно обвинителство. Вишото јавно обвинителство и основното не се исто. Јас немам разговарано со нејзе, каде сака она да се вработи, рече Абази.
Абази ја гради кариера на брза лента, а јавноста врие уште по неговиот избор од 66 обвинители за главен обвинител кој ќе гони криминал и корупција. Како што објави Алфа, новиот избран раководите на Органзиран е зет на екс директорот на Инспекторатот за транспорт Руфат Хусеини, кој е вклучен во истрагата на ОЈОГОКК, за пропустите на надлежните институции во несреќата со автобусот на „Беса Транс“. Алфа објави и фотографија на Абази со братот на лидерот на ДУИ, Фикри Ахмети. Само два часа порано во првата изјава за медимите обвинителот тврдеше дека нема комуникација со никој од партијата на Интегративците а со нивниот лидер можеби некогаш се сретнале, но, не го познава. Управниот одбор, каде сега Абази е член, е составен од двајца обвинители и заменици по предлог на Советот на јавни обвинители, со голем број надлежности меѓу кои и именување и разрешување на директорот на академијата, како и избор на Комисијата за приемен и завршен испит.

The post Не сум зборел со неа каде сака да се вработи, вели Абази за сопругата која самиот ќе ја оценува во Академијата за судии и обвинители appeared first on Република.

]]>
Црвенковска: Судскиот совет бара 150 слушатели за судии во десеттата генерација на Академијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovska-sudskiot-sovet-bara-150-slushateli-za-sudii-vo-desettata-generacija-na-akademijata/ Mon, 04 Apr 2022 13:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=483166

Десеттата генерација на судии во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), треба за брои 150 слушатели. Ова е официјалното барање кое Судскиот совет на Република Македонија го има доставено до челниците на АСЈО, заклучно со 31 март годинава. Претседателката на Судски совет Павлина Црвенковска, во интервју за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре со видео материјал, изјави дека ова барање е поднесено врз основа на анализа и проекција за слободни судски места.

До 31 март донесовме одлука со што баравме 150 слушатели, оваа е многу висока бројка. Се работи за десеттата генерација. За деветтата генерација минатата година донесовме одлука за 55 слушатели, рече Црвенковска.

При составувањето на официјалното барање се воделе од измените на Законот за работни односи и од проекците, според кои големиот број судии ќе заминат во 2022, 2023, 2024…

Проекциите кои што ги имаме направено за следните пет години е дека ќе се јави реален недостиг на судии. Затоа бројката е навистина висока за разлика од таа што претходните години сме ја барале од Академија, рече Црвенковска.

За тоа дали нивното барање ќе биде усвоено или не претседателката Црвенковска немаше одговор, но наведе дека единствен проблем се просторните, финансиските и кадровските можности на Академијата, а не дека не постои добра волја од страна на Академијата за волкав број на слушатели.

Се надевам дека Академијата со помош на извршната власт ќе успее да ги обезбеди сите неопходни ресурси за да може од десеттата генерација да излезат кандидати за 150 судии, изјави Црвенковска.

The post Црвенковска: Судскиот совет бара 150 слушатели за судии во десеттата генерација на Академијата appeared first on Република.