академија на судии и обвинители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademija-na-sudii-i-obviniteli/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jul 2024 17:14:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png академија на судии и обвинители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/akademija-na-sudii-i-obviniteli/ 32 32 Полицијата попладнево влегла во Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politsijata-popladnevo-vlegla-vo-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Thu, 25 Jul 2024 17:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=800283

Министерството за внатрешни работи попладнево влегло во Академијата за судии и јавни обвинители, каде во моментов се вршат проверки на евентуални злоупотреби на системот за полагање испити.

Според неофицијални информации станува збор за проверка на индиции за злоупотреби поврзани со полагање испити и тестови.

Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

The post Полицијата попладнево влегла во Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи попладнево влегло во Академијата за судии и јавни обвинители, каде во моментов се вршат проверки на евентуални злоупотреби на системот за полагање испити. Според неофицијални информации станува збор за проверка на индиции за злоупотреби поврзани со полагање испити и тестови. Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

The post Полицијата попладнево влегла во Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ најави кривична пријава за УО на Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-vmro-dpmne-najavi-krivichna-prijava-za-uo-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Fri, 15 Mar 2024 10:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=755088

Имено, веќе ви е познато дека министерството за правда на Кренар Лога во координација со Ахмети и со Ковачевски на шверцерски начин во Собранието со злоупотреба на европското знаменце го измени Законот за Академија за судии и јавни обвинители. И оној главен испит за влез на слушатели во Академијата кој што треба да се полага само електронски и е европско правило, го сменија и по исклучок ставија дека може истиот да се полага и по писмен пат, затоа што ДУИ, СДС и Кренар Лога имаат веќе однапред подготвен список за следните 130 слушатели на оваа Академија, кои што треба да бидат идни судии и обвинители, ова денеска преку прес-конференција го истакна Антонијо Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме информација од Академијата за судии и обвинители дека овие денови треба да се одржи Управен Одбор на Академијата за судии, на која што ќе се разгледува и прашањето за тоа кога да се полага овој според нас штелуван писмен главен испит за прием на слушатели на академијата. Она што тие го предвиделе во самата Академија се членовите во одредени закони, Имено во Законот за Академија за судии и јавни обвинители член 50 е запишано дека слушателот во академијата заснова работен однос на определено време. Тоа значи дека постапката за полагање на електронски или писмен испит е постапка за вработување во Академијата за судии и јавни обвинители. Истовремено напоменуваме дека во Изборниот законик во член 8 А е јасно запишано дека од денот на распишување до денот на завршување на изборите не може да започне, ниту смее да продолжи било која постапка за вработување. Тоа е наведено во членот 8 А од Изборниот законик. Ова како начелен став го потврди и Државната комисија за спречување на корупцијата два дена по распишувањето на изборите. Затоа укажуваме најсериозно до сите членови на Управниот одбор на Академијата за судии дека секој кој што ќе гласа за полагање на писмениот главен испит за прием на слушатели во оваа академија ќе го прекрши Член 8 од Изборниот законик и со самото тоа ќе се изложи на кривична пријава за несовесно работење во службата. Се надеваме дека директорката Габер Дамјановска знае дека почитувањето на Изборниот законик е поважно од желбата на внуката на Рамиз Мерко г-ѓа Ерканда Баута незаконито да стане судија. Сакам да верувам дека и претседателот на Управниот одбор на Академијата Беким Мехмеди, знае дека владеењето на правото е побитно од желбата на Мики Крстев, заменик министер од СДС да стане обвинител со наместено полагање на писмен тест во време на распишани избори“, вели Милошоски.

Тој додава дека сигурен сум дека државниот обвинител Коцевски знае дека желбата на Мурат Асанов Шабани од Струга да се пикне во обвинителството со полагање на писмен испит во забранет изборен период е законски казниво и за двајцата.

Затоа, почитувани членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, ви укажуваме дека ќе сносите кривична одговорност доколку гласате за полагање на писмениот испит во време на распишани избори, затоа што истиот е дел од постапка за вработување кое е законски забрането. Размислете затоа што владеењето на правото е многу побитно од кариерата на некои блиски луѓе на Рамиз Мерко. Вие сте судии, вие сте обвинители, вие сте членови на Управниот одбор и вашата кариера и денес и во иднина ќе зависи многу од оваа одлука. Затоа што и вие сносите одговорност за одлуките кои ги носите особено ако тие одлуки се спротивни на законот. Не се надевајте дека изборната кампања и вниманието на медиумите за тоа кој и каде ќе биде на изборните листи ќе го заборави овој случај или дека ќе го остави настрана незабележано вашето дејствување како одговорни членови во Академијата за судии“, вели Милошоски.

https://youtu.be/msN--I0ZyDk?si=AYyBYcC44E3WkYHO

The post Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ најави кривична пријава за УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

Владата со нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-nov-zakon-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Wed, 29 Mar 2023 16:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=625179

Владата го разгледа и утврди текстот на предлогот на Закон за Академија за судии и јавни обвинители на денешната седница, откако претходните измени наидоа на голем отпор кај опозицијата, најмногу поради начинот на кој се примаат новите кандидати.

„Во изминатиот период во Република Македонија, согласно предвидените активности во Акцискиот план на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022, се донесоа повеќе законски решенија кои беа значителен исчекор во процесот на спроведување на реформите.

Во процесот на европска интеграција и усогласување со европските стандарди ни претстои многу работа, и поради таа причина Министерството за правда и Владата на Република Македонија континуирано се залагаат и преземаат активности кои се насочени кон градење на ефикасен, независен и квалитетен правосуден систем.

Поради долгата собраниска процедура која го блокираше процесот за донесување на Предлог Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Владата на Република Македонија одлучи да го повлече Законот со цел во него бидат вградени сите предложени амандмани кои се во интерес за подобрување на неговиот текст согласно европските вредности. Новиот текст на Предлог Законот за Академија за судии и јавни обвинители беше повторно доставен во владина процедура и истиот беше усвоен на денешната владина седница“, објави Министерството за правда.

Донесувањето на овој Закон, според предлагачот, Министерството за правда, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Македонија за членство во ЕУ и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди, се огласија и од Владата.

„Новото законско решение е усогласување со препораките од Оценската мисија за судска обука од 2018 година и со него, меѓу другото се предлага реорганизација на приемен испит со цел подобро оспособување на кандидатите за успешно да учествуваат во обуката; намалување на роковите за поднесување и одлучување по приговори и жалби за резултатите од приемниот испит; редефинирање на начинот на полагање на завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите; зајакнување на начинот на спроведување на континуираната обука содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Законот за Академијата за обука на судии и јавни обвинители за прв пат е донесен во јануари 2006 година и досега е менуван неколку пати, но и со големиот број измени на постојниот закон, лоцирани се одредени слабости коишто претставуваат пречка за ефикасно функционирање на Академијата за судии и јавни обвинители. Поради оваа причина, оценето е дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон, за да се избегне менување на повеќе од 80 проценти од одредбите од постоечкото законско решение“, се вели во соопштението на Владата.

The post Владата со нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Владата го разгледа и утврди текстот на предлогот на Закон за Академија за судии и јавни обвинители на денешната седница, откако претходните измени наидоа на голем отпор кај опозицијата, најмногу поради начинот на кој се примаат новите кандидати.
„Во изминатиот период во Република Македонија, согласно предвидените активности во Акцискиот план на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022, се донесоа повеќе законски решенија кои беа значителен исчекор во процесот на спроведување на реформите. Во процесот на европска интеграција и усогласување со европските стандарди ни претстои многу работа, и поради таа причина Министерството за правда и Владата на Република Македонија континуирано се залагаат и преземаат активности кои се насочени кон градење на ефикасен, независен и квалитетен правосуден систем. Поради долгата собраниска процедура која го блокираше процесот за донесување на Предлог Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Владата на Република Македонија одлучи да го повлече Законот со цел во него бидат вградени сите предложени амандмани кои се во интерес за подобрување на неговиот текст согласно европските вредности. Новиот текст на Предлог Законот за Академија за судии и јавни обвинители беше повторно доставен во владина процедура и истиот беше усвоен на денешната владина седница“, објави Министерството за правда.
Донесувањето на овој Закон, според предлагачот, Министерството за правда, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Македонија за членство во ЕУ и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди, се огласија и од Владата.
„Новото законско решение е усогласување со препораките од Оценската мисија за судска обука од 2018 година и со него, меѓу другото се предлага реорганизација на приемен испит со цел подобро оспособување на кандидатите за успешно да учествуваат во обуката; намалување на роковите за поднесување и одлучување по приговори и жалби за резултатите од приемниот испит; редефинирање на начинот на полагање на завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите; зајакнување на начинот на спроведување на континуираната обука содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Законот за Академијата за обука на судии и јавни обвинители за прв пат е донесен во јануари 2006 година и досега е менуван неколку пати, но и со големиот број измени на постојниот закон, лоцирани се одредени слабости коишто претставуваат пречка за ефикасно функционирање на Академијата за судии и јавни обвинители. Поради оваа причина, оценето е дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон, за да се избегне менување на повеќе од 80 проценти од одредбите од постоечкото законско решение“, се вели во соопштението на Владата.

The post Владата со нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>