ајова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ajova/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jan 2024 09:01:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ајова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ajova/ 32 32 Убиен шестоодделенец во пукање во училиште во Ајова, напаѓачот се самоуби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubien-shestooddelenets-vo-pukane-vo-uchilishte-vo-ajova-napagachot-se-samoubi/ Fri, 05 Jan 2024 09:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=729851

Шестоодделенец загина, а петмина се ранети кога тинејџер пукал во училиште во Ајова. Осомничениот е 17-годишниот Дилан Батлер, средношколец во градот Пери.

Осомничениот, Батлер бил пронајден мртов од полицајците со самонанесена прострелна рана. При претресот на училиштето, потоа била откриена импровизирана експлозивна направа, која била деактивирана од пиротехничари. Пукањето се случило на првиот ден од пролетниот семестар.

Сè уште не ни е сосема јасно што се случило, но можам да потврдам дека веќе нема никаква опасност за граѓаните. Заедницата е безбедна, рече шерифот на округот Далас, Адам Инфанте.

Во зградата во тој момент имало многу малку ученици и наставници. Наставата во средното училиште Пери е откажана за денеска. Пери, град со приближно 7.900 жители, се наоѓа на околу 40 милји северозападно од Де Мојн, главниот град на државата.

The post Убиен шестоодделенец во пукање во училиште во Ајова, напаѓачот се самоуби appeared first on Република.

]]>

Шестоодделенец загина, а петмина се ранети кога тинејџер пукал во училиште во Ајова. Осомничениот е 17-годишниот Дилан Батлер, средношколец во градот Пери. Осомничениот, Батлер бил пронајден мртов од полицајците со самонанесена прострелна рана. При претресот на училиштето, потоа била откриена импровизирана експлозивна направа, која била деактивирана од пиротехничари. Пукањето се случило на првиот ден од пролетниот семестар.
Сè уште не ни е сосема јасно што се случило, но можам да потврдам дека веќе нема никаква опасност за граѓаните. Заедницата е безбедна, рече шерифот на округот Далас, Адам Инфанте.
Во зградата во тој момент имало многу малку ученици и наставници. Наставата во средното училиште Пери е откажана за денеска. Пери, град со приближно 7.900 жители, се наоѓа на околу 40 милји северозападно од Де Мојн, главниот град на државата.

The post Убиен шестоодделенец во пукање во училиште во Ајова, напаѓачот се самоуби appeared first on Република.

]]>
Маж уби две жени пред црква, па се застрела во нов вооружен напад во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maz-ubi-dve-zeni-pred-crkva-pa-se-zastrela-vo-nov-vooruzen-napad-vo-sad/ Fri, 03 Jun 2022 08:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=510503

Маж вчера застрела две жени на паркинг пред црква во сојузната држава Ајова, а потоа се самоуби, соопшти полицијата, што додава уште три жртви во серијата пукутници што деновиве го потресоа САД.

Пукотницата во Ајова се случи веднаш откако претседателот Џо Бајден одржа говор за оруженото насилство по масовните престрелки во Бафало, Њујорк, Увалде, Тексас и во Тулса (Оклахома) изминатите седмици.

Во меѓувреме, уште една пукотница се случи вчера на погреб во Рејсин во сојузната држава Висконсин, при што се ранети две лица.

Пукотницата во Ајова се случила пред фундаменталистичка христијанска црква Корнерстоун, источно од градот Ејмс, за време на верски обред, изјави Николас Лени, главен заменик во канцеларијата на шерифот на округот Стори.

Кога надлежните пристигнале на местото на инцидентот, ги пронашле тројцата мртви, појасни Лени, додавајќи дека не е утврден индентитетот на жртвите ниту нивната евентуална меѓусебна поврзаност.

Најверојатно се работи за изолиран инцидент со еден напаѓач, изјави тој.

Неколку часа претходно Бајден побара од Конгресот да го забрани офанзивното оружје, да се прошират проверките на лицата што поседуваат оружје, како и да спроведе други мерки за контрола на оружјето, во насока на справување со масовните оружени инциденти.

Доста е, доста, рече Бајден.

Во другиот вчерашен инцидент биле испукани неколку истрели врз група лица кои присуствувале на погребна церемонија во Рејсин, во Висконсин, при што се ранети две лица, изјави пред медиумите Кристи Вилкокс, командирот на локалната полиција.

Една од жртвите е згрижена во локалната болница и пуштена на домашно лекување, додека другата е префрлена на натамошен третман во болница во Милвоки, веројатно со потешки повреди, рече Вилкокс.

Нема приведени осомничени за нападот.

Соединетите Американски Држави изминатите седмици ги потресоа серија оружени напади, во кои загинаа десет афроамериканци во северниот дел на Њујорк, 19 деца и двајца учители во Тексас и двајца лекари, шалтерски работник и пациент во болница во Оклахома.

The post Маж уби две жени пред црква, па се застрела во нов вооружен напад во САД appeared first on Република.

]]>

Маж вчера застрела две жени на паркинг пред црква во сојузната држава Ајова, а потоа се самоуби, соопшти полицијата, што додава уште три жртви во серијата пукутници што деновиве го потресоа САД. Пукотницата во Ајова се случи веднаш откако претседателот Џо Бајден одржа говор за оруженото насилство по масовните престрелки во Бафало, Њујорк, Увалде, Тексас и во Тулса (Оклахома) изминатите седмици. Во меѓувреме, уште една пукотница се случи вчера на погреб во Рејсин во сојузната држава Висконсин, при што се ранети две лица. Пукотницата во Ајова се случила пред фундаменталистичка христијанска црква Корнерстоун, источно од градот Ејмс, за време на верски обред, изјави Николас Лени, главен заменик во канцеларијата на шерифот на округот Стори. Кога надлежните пристигнале на местото на инцидентот, ги пронашле тројцата мртви, појасни Лени, додавајќи дека не е утврден индентитетот на жртвите ниту нивната евентуална меѓусебна поврзаност.
Најверојатно се работи за изолиран инцидент со еден напаѓач, изјави тој.
Неколку часа претходно Бајден побара од Конгресот да го забрани офанзивното оружје, да се прошират проверките на лицата што поседуваат оружје, како и да спроведе други мерки за контрола на оружјето, во насока на справување со масовните оружени инциденти.
Доста е, доста, рече Бајден.
Во другиот вчерашен инцидент биле испукани неколку истрели врз група лица кои присуствувале на погребна церемонија во Рејсин, во Висконсин, при што се ранети две лица, изјави пред медиумите Кристи Вилкокс, командирот на локалната полиција.
Една од жртвите е згрижена во локалната болница и пуштена на домашно лекување, додека другата е префрлена на натамошен третман во болница во Милвоки, веројатно со потешки повреди, рече Вилкокс.
Нема приведени осомничени за нападот. Соединетите Американски Држави изминатите седмици ги потресоа серија оружени напади, во кои загинаа десет афроамериканци во северниот дел на Њујорк, 19 деца и двајца учители во Тексас и двајца лекари, шалтерски работник и пациент во болница во Оклахома.

The post Маж уби две жени пред црква, па се застрела во нов вооружен напад во САД appeared first on Република.

]]>
Двајца загинати, десет ранети при пукање во ноќен клуб во Ајова https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvajca-zaginati-deset-raneti-pri-pukanje-vo-nokjen-klub-vo-ajova/ Mon, 11 Apr 2022 07:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=486495

При пукање во преполн ноќен клуб во Сидар Рапидс во американската држава Ајова, две лица загинаа, а 10 се ранети, соопштија локалните власти.

Шефот на полицијата во градот, Вејн Џерман изјави дека според истражителите, двајца мажи пукале од автоматско оружје во ноќен клуб околу 1.30 часот по локално време.

Како што тој појасни, полицајците, кои биле во близина поради друг инцидент, ги пронашле жртвите додека од 100 до 150 лица бегале.

Убиени се едно машко и едно женско лице, а еден од ранетите е во критична состојба.

Полицијата е во потрага по осомничените.

Шефот на полицијата истакна дека сè уште не е утврден мотивот за пукањето. Но, истражителите веруваат дека мета била една од жртвите.

The post Двајца загинати, десет ранети при пукање во ноќен клуб во Ајова appeared first on Република.

]]>

При пукање во преполн ноќен клуб во Сидар Рапидс во американската држава Ајова, две лица загинаа, а 10 се ранети, соопштија локалните власти. Шефот на полицијата во градот, Вејн Џерман изјави дека според истражителите, двајца мажи пукале од автоматско оружје во ноќен клуб околу 1.30 часот по локално време. Како што тој појасни, полицајците, кои биле во близина поради друг инцидент, ги пронашле жртвите додека од 100 до 150 лица бегале. Убиени се едно машко и едно женско лице, а еден од ранетите е во критична состојба. Полицијата е во потрага по осомничените. Шефот на полицијата истакна дека сè уште не е утврден мотивот за пукањето. Но, истражителите веруваат дека мета била една од жртвите.

The post Двајца загинати, десет ранети при пукање во ноќен клуб во Ајова appeared first on Република.

]]>