Ајман Сафади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ajman-safadi/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 19:37:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ајман Сафади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ajman-safadi/ 32 32 Јордан не сака да биде вмешан во конфликтот меѓу Израел и Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/jordan-ne-saka-da-bide-vmeshan-vo-konfliktot-megu-izrael-i-iran/ Fri, 19 Apr 2024 21:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=767077

Шефот на дипломатијата на Јордан, Ајман Сафади, во зборови упатени до неговиот ирански колега, Хосеин Амирабдолахиан, порача дека неговата земја нема да дозволи да се најде во средината на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани.

Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само да го одвлече вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се вели во соопштението на јорданското Министерство за надворешни работи.

Американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел го нападнал иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружувале.

Иранските власти, претходно оваа недела, го критикуваа Јордан за отворање на својот воздушен простор за одбрана на Израел за време на ирански беспилотен и ракетен напад.

The post Јордан не сака да биде вмешан во конфликтот меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата на Јордан, Ајман Сафади, во зборови упатени до неговиот ирански колега, Хосеин Амирабдолахиан, порача дека неговата земја нема да дозволи да се најде во средината на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани.
Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само да го одвлече вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се вели во соопштението на јорданското Министерство за надворешни работи.
Американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел го нападнал иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан. Иран го нападна Израел на 13 април како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружувале. Иранските власти, претходно оваа недела, го критикуваа Јордан за отворање на својот воздушен простор за одбрана на Израел за време на ирански беспилотен и ракетен напад.

The post Јордан не сака да биде вмешан во конфликтот меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>