Ајфелова кула Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ajfelova-kula/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 14:58:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ајфелова кула Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ajfelova-kula/ 32 32 Евакуација на луѓето на Ајфеловата кула https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evakuatsija-na-lugeto-na-ajfelovata-kula/ Sun, 11 Aug 2024 14:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=805504

Француските власти ги евакуираа луѓето на Ајфеловата кула откако маж беше забележан како се искачува на историската знаменитост неколку часа пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз.

Човекот попладнево бил забележан како се качува на кулата од 330 метри. Не е јасно каде го започнал своето искачување, но бил забележан веднаш над олимписките прстени поставени на второто ниво.

Кулата не се очекува да биде дел од церемонијата на затворање на Игрите, кои се очекува да започнат на Стад де Франс во регионот Сен Дени околу 21 часот по локално време.

Повеќе од 30.000 полицајци се распоредени во и околу Париз за да ги чуваат последните олимписки настани и церемонијата на затворање денеска.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен рече дека околу 3.000 полицајци ќе бидат мобилизирани околу Стад де Франс и дека 20.000 полицајци, војска и други безбедносни лица околу Париз и Сен Дени ќе бидат мобилизирани до доцна вечерва за безбеден последен ден на ОИ

The post Евакуација на луѓето на Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>

Француските власти ги евакуираа луѓето на Ајфеловата кула откако маж беше забележан како се искачува на историската знаменитост неколку часа пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз. Човекот попладнево бил забележан како се качува на кулата од 330 метри. Не е јасно каде го започнал своето искачување, но бил забележан веднаш над олимписките прстени поставени на второто ниво. Кулата не се очекува да биде дел од церемонијата на затворање на Игрите, кои се очекува да започнат на Стад де Франс во регионот Сен Дени околу 21 часот по локално време. Повеќе од 30.000 полицајци се распоредени во и околу Париз за да ги чуваат последните олимписки настани и церемонијата на затворање денеска. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен рече дека околу 3.000 полицајци ќе бидат мобилизирани околу Стад де Франс и дека 20.000 полицајци, војска и други безбедносни лица околу Париз и Сен Дени ќе бидат мобилизирани до доцна вечерва за безбеден последен ден на ОИ

The post Евакуација на луѓето на Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pred-ajfelovata-kula-ostaveni-kovchezi-ostaveni-so-natpis-frantsuski-vojnitsi-od-ukraina/ Sun, 02 Jun 2024 15:36:23 +0000 https://republika.mk/?p=784201

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се пронајдени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде се приведени три лица, а полицијата истражува „можно странско мешање“.

Три лица утрово поставиле ковчези во природна големина до Ајфеловата кула, покриени со француско знаме и со натпис „Француски војници од Украина“, а внатре во ковчезите имало гипс.

Приведен е возачот на комбето кој ги превезувал ковчезите.

Тој во полиција изјавил дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој ден претходно пристигнал од Бугарија.

Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори.

Приведени се бугарски, украински и германски државјанин, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можно странско мешање“.

Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и соопшти дека тие се уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.

The post Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина appeared first on Република.

]]>

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се пронајдени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде се приведени три лица, а полицијата истражува „можно странско мешање“. Три лица утрово поставиле ковчези во природна големина до Ајфеловата кула, покриени со француско знаме и со натпис „Француски војници од Украина“, а внатре во ковчезите имало гипс. Приведен е возачот на комбето кој ги превезувал ковчезите. Тој во полиција изјавил дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој ден претходно пристигнал од Бугарија. Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори.
Приведени се бугарски, украински и германски државјанин, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можно странско мешање“.
Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и соопшти дека тие се уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.  

The post Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина appeared first on Република.

]]>
Ајфеловата кула повторно ги отвора вратите за посетителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ajfelovata-kula-povtorno-gi-otvora-vratite-za-posetitelite/ Mon, 26 Feb 2024 09:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=748359

Штрајкот на вработените во Ајфеловата кула заврши, а кулата повторно ќе биде отворена за посетители, соопшти компанијата Societe d’Exploitation de la Tour Eiffel (SETE), која раководи со една од најпосетуваните туристички атракции во светот.

SETE објави дека со синдикатите „постигнале договор за прекин на штрајкот, со тоа што партиите редовно ќе го разгледуваат бизнис моделот, трошоците за одржување и продажба преку тело кое ќе заседава на секои шест месеци“. SETE додаде дека посетителите кои купиле билети меѓу 19 и 24 февруари ќе добијат рефундирање, пренесува Ројтерс.

Вработените во Ајфеловата кула штрајкуваа од 19 февруари поради начинот на кој со парискиот споменик управува градскиот совет, кој е во сопственост на SETE.

Синдикатите тврдат дека градскиот совет на Париз погрешно ги проценил трошоците за планираното одржување и поправки на споменикот пред Олимпијадата. Париз ќе биде домаќин на овогодинешните Летни олимписки игри, кои започнуваат на 26 јули, а медалите на победниците ќе имаат метал од Ајфеловата кула.

The post Ајфеловата кула повторно ги отвора вратите за посетителите appeared first on Република.

]]>

Штрајкот на вработените во Ајфеловата кула заврши, а кулата повторно ќе биде отворена за посетители, соопшти компанијата Societe d’Exploitation de la Tour Eiffel (SETE), која раководи со една од најпосетуваните туристички атракции во светот. SETE објави дека со синдикатите „постигнале договор за прекин на штрајкот, со тоа што партиите редовно ќе го разгледуваат бизнис моделот, трошоците за одржување и продажба преку тело кое ќе заседава на секои шест месеци“. SETE додаде дека посетителите кои купиле билети меѓу 19 и 24 февруари ќе добијат рефундирање, пренесува Ројтерс. Вработените во Ајфеловата кула штрајкуваа од 19 февруари поради начинот на кој со парискиот споменик управува градскиот совет, кој е во сопственост на SETE. Синдикатите тврдат дека градскиот совет на Париз погрешно ги проценил трошоците за планираното одржување и поправки на споменикот пред Олимпијадата. Париз ќе биде домаќин на овогодинешните Летни олимписки игри, кои започнуваат на 26 јули, а медалите на победниците ќе имаат метал од Ајфеловата кула.  

The post Ајфеловата кула повторно ги отвора вратите за посетителите appeared first on Република.

]]>
Штрајкуваат вработените во Ајфеловата кула https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajkuvaat-vrabotenite-vo-ajfelovata-kula/ Mon, 19 Feb 2024 21:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=745855

Вработените на Ајфеловата кула во Париз денеска ја напуштија работата во знак на протест поради неодржувањето на оваа светски позната туристичка атракција која годишно ја посетуваат седум милиони туристи, но тие денеска не можеа да го посетат ова обележје и ќе бидат лишени од погледот на градот на светлината од врвот на кулата.

Вработените тврдат дека Ајфеловата кула е запоставена и треба подобро да се управува, а приходот е преценет, а трошоците за одржување се потценети, пренесува Le Parisien.

The post Штрајкуваат вработените во Ајфеловата кула appeared first on Република.

Парче од Ајфеловата кула на медалите на Олипијадата во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/parche-od-ajfelovata-kula-na-medalite-na-olipijadata-vo-pariz/ Thu, 08 Feb 2024 13:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=741838

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги промовира медалите што ќе им бидат доделени на победниците на Летните игри 2024 година во Париз.

Забележано е дека наградите ќе содржат парче од оригиналната метална конструкција на Ајфеловата кула - еден од симболите на главниот град на Франција.

Материјалот ќе биде нанесен во шестоаголна форма на секој од медалите. Директорот на организацискиот комитет на Париз 2024 година, Тони Естанге, рече дека дизајнот ги направи медалите „уникатни и неповторливи“.

-Издвоена е огромна сума за да се спојат овие благородни метали - злато, сребро и бронза - со најскапоцениот метал од Ајфеловата кула. Значи, она што е специфично за медалите е тоа спојување, таа фузија, таа легура…Карактеристично за оваа Олимпијада ќе биде шансата преку медалите да се добие дел од оригиналниот метал на Ајфеловата кула.

Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година

The post Парче од Ајфеловата кула на медалите на Олипијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги промовира медалите што ќе им бидат доделени на победниците на Летните игри 2024 година во Париз. Забележано е дека наградите ќе содржат парче од оригиналната метална конструкција на Ајфеловата кула - еден од симболите на главниот град на Франција. Материјалот ќе биде нанесен во шестоаголна форма на секој од медалите. Директорот на организацискиот комитет на Париз 2024 година, Тони Естанге, рече дека дизајнот ги направи медалите „уникатни и неповторливи“.
-Издвоена е огромна сума за да се спојат овие благородни метали - злато, сребро и бронза - со најскапоцениот метал од Ајфеловата кула. Значи, она што е специфично за медалите е тоа спојување, таа фузија, таа легура…Карактеристично за оваа Олимпијада ќе биде шансата преку медалите да се добие дел од оригиналниот метал на Ајфеловата кула.
Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година

The post Парче од Ајфеловата кула на медалите на Олипијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Француската полиција уапси маж кој скокнал од Ајфеловата кула со падобран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskata-politsija-uapsi-mazh-koj-skoknal-od-ajfelovata-kula-so-padobran/ Fri, 18 Aug 2023 08:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=673261

Во Париз е уапсен маж кој со падобран скокнал од Ајфеловата кула. Поради инцидентот, кулата е отворена за посетители малку подоцна од вообичаено. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава, пренесува Н1.

Човекот, кој е искусен алпинист, влегол во Ајфеловата кула кратко по 5 часот по средноевропско време.

Според управителот на објектот, компанијата за обезбедување Шете брзо го забележала. Сепак, тој успеа да се доближи до врвот на структурата висока 330 метри, од каде што скокна.

Тој слетал на блискиот стадион, каде што полицијата го уапсила поради загрозување на животот на другите.

„Поради овој неодговорен чин, луѓето кои работат на или под кулата се изложени на ризик“, се вели во соопштението на Шете. Се додава дека поднеле и кривична пријава против мажот.

Ајфеловата кула е главната туристичка атракција во француската престолнина. Минатата година, Ајфеловата кула привлече дури 5.9 милиони посетители.

Инцидентите во кулата се доста чести. Минатата недела, посетителите на кулата беа евакуирани двапати во еден ден поради лажна дојава за бомба. Во понеделникот пак, во кулата биле пронајдени двајца пијани американски туристи кои таму ја поминале ноќта.

The post Француската полиција уапси маж кој скокнал од Ајфеловата кула со падобран appeared first on Република.

]]>

Во Париз е уапсен маж кој со падобран скокнал од Ајфеловата кула. Поради инцидентот, кулата е отворена за посетители малку подоцна од вообичаено. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава, пренесува Н1. Човекот, кој е искусен алпинист, влегол во Ајфеловата кула кратко по 5 часот по средноевропско време. Според управителот на објектот, компанијата за обезбедување Шете брзо го забележала. Сепак, тој успеа да се доближи до врвот на структурата висока 330 метри, од каде што скокна. Тој слетал на блискиот стадион, каде што полицијата го уапсила поради загрозување на животот на другите. „Поради овој неодговорен чин, луѓето кои работат на или под кулата се изложени на ризик“, се вели во соопштението на Шете. Се додава дека поднеле и кривична пријава против мажот. Ајфеловата кула е главната туристичка атракција во француската престолнина. Минатата година, Ајфеловата кула привлече дури 5.9 милиони посетители. Инцидентите во кулата се доста чести. Минатата недела, посетителите на кулата беа евакуирани двапати во еден ден поради лажна дојава за бомба. Во понеделникот пак, во кулата биле пронајдени двајца пијани американски туристи кои таму ја поминале ноќта.

The post Француската полиција уапси маж кој скокнал од Ајфеловата кула со падобран appeared first on Република.

]]>
Ајфеловата кула кратко евакуирана, заканата за бомба е лажна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ajfelovata-kula-kratko-evakuirana-zakanata-za-bomba-e-lazhna/ Sat, 12 Aug 2023 17:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=671462

Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција.

„Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре“, посочија од полицијата.

Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја година.

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска беа евакуирани по закана за бомба. На местото на настанот беа испратени експерти за деактивирање бомби, објави весникот  „Паризиен“.

The post Ајфеловата кула кратко евакуирана, заканата за бомба е лажна appeared first on Република.

]]>

Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција. „Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре“, посочија од полицијата. Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја година. Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска беа евакуирани по закана за бомба. На местото на настанот беа испратени експерти за деактивирање бомби, објави весникот  „Паризиен“.

The post Ајфеловата кула кратко евакуирана, заканата за бомба е лажна appeared first on Република.

]]>
Нема бомба во Ајфеловата кула https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-bomba-vo-ajfelovata-kula/ Sat, 12 Aug 2023 15:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=671434

Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција.

Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре, посочија од полицијата.

Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја година.

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска беа евакуирани по закана за бомба. На местото на настанот беа испратени експерти за деактивирање бомби, објави весникот „Паризиен“.

The post Нема бомба во Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>

Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција.
Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре, посочија од полицијата.
Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја година. Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска беа евакуирани по закана за бомба. На местото на настанот беа испратени експерти за деактивирање бомби, објави весникот „Паризиен“.

The post Нема бомба во Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>
Закана за бомба во Ајфеловата кула https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zakana-za-bomba-vo-ajfelovata-kula/ Sat, 12 Aug 2023 13:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=671411

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска се евакуирани по закана за бомба, објави весникот „Паризиен“, повикувајќи се на полициски извор.

На местото на настанот се испратени експерти за деактивирање бомби, додава „Паризиен“.

The post Закана за бомба во Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска се евакуирани по закана за бомба, објави весникот „Паризиен“, повикувајќи се на полициски извор. На местото на настанот се испратени експерти за деактивирање бомби, додава „Паризиен“.  

The post Закана за бомба во Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>
Ајфеловата кула e во лоша состојба и без темелни поправки може да се урне https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ajfelovata-kula-e-vo-losha-sostojba-i-bez-temelni-popravki-moze-da-se-urne/ Tue, 05 Jul 2022 07:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=523989

Ајфеловата кула во Париз, од 2010 година прогресивно ‘рѓосува и доколку тоа итно не се санира, таа би можела да се урне, пишува списанието „Маријан“, повикувајќи се на доверливи документи.

Во нив се посочува дека Ајфеловата кула е во лоша состојба, односно „на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“. Причината е што железото од кое е направен споменикот доаѓа во допир со вода и кислород на оние места каде што бојата отпаѓа од застареноста.

Во 2018 година, почна 20-то реновирање на кулата, во рамки на подготовки за Олимпијадата во 2024 година, што вклучува чистење на една третина од структурата и нанесување на два слоја нова боја, за да се ограничи корозијата. Сепак, поради пандемијата на корона вирус, работата мораше да се одложи…

Поради ова, сега се чини дека поправката ќе биде „козметичка“ и ќе покрие само пет отсто од Ајфеловата кула.

Веројатно нема да падне утре изутрина, но навистина не е во многу добра состојба - вели за весникот официјален претставник, кој претпочита да остане анонимен.

Фирмата „Сете“, која раководи со атракцијата, не сака да ја затвора Кулата на подолг временски период поради поправки, бидејќи тоа би довело до губење на приходите. Ајфеловата кула е четвртото најпосетувано место во Париз, по „Дизниленд“, „Лувр“ и Версај.

The post Ајфеловата кула e во лоша состојба и без темелни поправки може да се урне appeared first on Република.

]]>

Ајфеловата кула во Париз, од 2010 година прогресивно ‘рѓосува и доколку тоа итно не се санира, таа би можела да се урне, пишува списанието „Маријан“, повикувајќи се на доверливи документи. Во нив се посочува дека Ајфеловата кула е во лоша состојба, односно „на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“. Причината е што железото од кое е направен споменикот доаѓа во допир со вода и кислород на оние места каде што бојата отпаѓа од застареноста. Во 2018 година, почна 20-то реновирање на кулата, во рамки на подготовки за Олимпијадата во 2024 година, што вклучува чистење на една третина од структурата и нанесување на два слоја нова боја, за да се ограничи корозијата. Сепак, поради пандемијата на корона вирус, работата мораше да се одложи… Поради ова, сега се чини дека поправката ќе биде „козметичка“ и ќе покрие само пет отсто од Ајфеловата кула.