Ајдин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ajdin/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 10:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ајдин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ajdin/ 32 32 Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на „Златно славејче“ https://arhiva3.republika.mk/scena/ajdin-osmanovik-od-srebrenik-ja-voodushevi-publikata-na-zlatno-slavejche/ Mon, 18 Nov 2024 10:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=839090

Тринаесетгодишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, оствари уште еден значаен чекор во својата музичка кариера со својот настап на 53 издание на на фестивалот „Златно славејче“, фестивал кој е познат по својата богата традиција и поддршка на младите таленти, се одржа во големата сала на Македонскиот народен театар.

Ајдин во придружба на својот професор Јасмин Брашњиќ, изведе три песни кои ја воодушевија публиката. Традиционалната македонска песна „Јано мори“, емотивната „Заветна“ и химната на љубовта кон Македонија,  „Мојата Македонија“. Неговата интерпретација и талент донесоа многу емоции и воодушевување на отворањето на фестивалот.

Патот до Скопје започна во Белград, на детската средба „Радост на Европа“ каде Ајдин и неговиот професор се запознаа со директорот на фестивалот Бобан Јосифовски. Оваа средба му овозможи на Ајдин да стане дел од едно од најважните музички случувања за деца во регионот.

Иако фестивалот нема натпреварувачки карактер, фактот дека Ајдин прв пат ќе настапи во Скопје на вака важен фестивал за мене е особена чест. Посебно ме радува што е тоа „Златно славејче“, фестивал кој има традиција долга половина век и кој бил отскочна даска за многу млади таленти, вели професорот Јасмин Брашњиќ.

Скопје станува втор дом за Ајдин и Јасмин. Најдоброто дуо како што ги нарекуваат на социјалните медиуми не го кријат задоволството за гостопримството во Македонија. Ајдин Османовиќ е име кое сигурно ќе го паметиме уште долго, а доказ за тоа е неговата работа, талент и поддршка кои секогаш го наоѓаат патот до срцата на публиката.

https://www.youtube.com/watch?si=sjBgXZiImHGWlpCZ&fbclid=IwY2xjawGn8gdleHRuA2FlbQIxMAABHZT5IaDu1P2g8amCDqquw7zdrDViI-dRJWfJDo7thHI7Pu4-RPaCaUYU6Q_aem_-1hH74bxjZOUU3HRE4OqwQ&v=PXVYvzUAMbw&feature=youtu.be

The post Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на „Златно славејче“ appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, оствари уште еден значаен чекор во својата музичка кариера со својот настап на 53 издание на на фестивалот „Златно славејче“, фестивал кој е познат по својата богата традиција и поддршка на младите таленти, се одржа во големата сала на Македонскиот народен театар. Ајдин во придружба на својот професор Јасмин Брашњиќ, изведе три песни кои ја воодушевија публиката. Традиционалната македонска песна „Јано мори“, емотивната „Заветна“ и химната на љубовта кон Македонија,  „Мојата Македонија“. Неговата интерпретација и талент донесоа многу емоции и воодушевување на отворањето на фестивалот. Патот до Скопје започна во Белград, на детската средба „Радост на Европа“ каде Ајдин и неговиот професор се запознаа со директорот на фестивалот Бобан Јосифовски. Оваа средба му овозможи на Ајдин да стане дел од едно од најважните музички случувања за деца во регионот.
Иако фестивалот нема натпреварувачки карактер, фактот дека Ајдин прв пат ќе настапи во Скопје на вака важен фестивал за мене е особена чест. Посебно ме радува што е тоа „Златно славејче“, фестивал кој има традиција долга половина век и кој бил отскочна даска за многу млади таленти, вели професорот Јасмин Брашњиќ.
Скопје станува втор дом за Ајдин и Јасмин. Најдоброто дуо како што ги нарекуваат на социјалните медиуми не го кријат задоволството за гостопримството во Македонија. Ајдин Османовиќ е име кое сигурно ќе го паметиме уште долго, а доказ за тоа е неговата работа, талент и поддршка кои секогаш го наоѓаат патот до срцата на публиката. https://www.youtube.com/watch?si=sjBgXZiImHGWlpCZ&fbclid=IwY2xjawGn8gdleHRuA2FlbQIxMAABHZT5IaDu1P2g8amCDqquw7zdrDViI-dRJWfJDo7thHI7Pu4-RPaCaUYU6Q_aem_-1hH74bxjZOUU3HRE4OqwQ&v=PXVYvzUAMbw&feature=youtu.be

The post Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на „Златно славејче“ appeared first on Република.

]]>
Ајдин Османовиќ, момчето со волшебен глас се сретна со Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ajdin-osmanovik-momcheto-so-volsheben-glas-se-sretna-so-pendarovski/ Thu, 21 Dec 2023 14:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=725346

Волшебен глас и волшебна насмевка го одликуваат младиот Ајдин Османовиќ, од Сребреник, Босна и Херцеговина, напиша на својот фејсбук профил Пендаровси кој денеска се сретна со малиот Ајдин Османовиќ.

12 годишниот Ајдин фасцинира со изведбата на македонски традиционални песни. Меѓу омилените му се „Јано мори“, „Македонско девојче“, „Зајди Зајди“, „Јовано Јованке“. Вели дека не му е тешко да пее на македонски, иако не му е мајчин јазик. Ајдин поседува талент кој несомнено ќе му донесе големи успеси.

Со големо задоволство изразувам искрена благодарност за времето и исклучителното признание што ни го дадовте за нашиот придонес во зачувувањето на македонското традиционално народно творештво, стои во пораката што Јасмин Брашњиќ, професорот на Ајдин ја упати преку социјалните мрежи.

Вашиот гест не само што ни е исклучително важен и ценет, тој всушност претставува голема чест за нас, но и за целата уметничка заедница.
Со малиот Ајдин се обидовме да ги оживееме тие прекрасни звуци и мелодии. Преку нашето уметничко творештво сакавме да ја пренесеме душата на македонската народна музика насекаде низ светот, привлекувајќи го вниманието на младите генерации и на тој начин поттикнувајќи ги да го ценат ова единствено културно наследство.
Моето задоволство е поголемо затоа што вие како прв човек и еден од ретките навистина ја препознавте важноста од зачувување на традиционалното народно творештво.
Македонија може да се гордее со вас, бидејќи ја чувствувате и ја сфаќате традицијата како клучен аспект за зачувување на културниот идентитет на вашата убава земја.
Вашето признание создава обврска за Ајдин и мене, која со задоволство ќе ја прифатиме, преку песната да го зачуваме духот и богатото нематеријално наследство на вашиот народ, стремејќи се тоа никогаш да не биде изгубено и заборавено.
Во име на малиот Ајдин и во мое лично име, можам да ви ветам дека ќе ја продолжиме нашата мисија, по патот што го трасираат големите уметници пред нас.
Денешниот ден и вашиот гест за нас претставуваат искуство кое е тешко да се опише со зборови.
Искрено ја очекувам соработката со Владата и другите релевантни институции, уметниците од вашата земја, за заедно да обезбедиме континуитет на виталноста на вашата традиционална уметност.
Ви благодариме повторно за ова извонредно признание. Горди сме што можеме да бидеме дел од зачувувањето и промовирањето на традиционалното народно творештво во вашата прекрасна земја.
Верувам дека заедно, со ваша поддршка, можеме да создадеме голема иднина за културното наследство, кое го дефинира идентитетот што ја прави Македонија единствена на европскиот континент.
Сашко Митовски некаде горе, сето ова одамна е составено. Вашето име и #КриваПаланка ќе останат засекогаш во нашите срца.
Ајдин Османовиќ Јасмин Брашњиќ

The post Ајдин Османовиќ, момчето со волшебен глас се сретна со Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Волшебен глас и волшебна насмевка го одликуваат младиот Ајдин Османовиќ, од Сребреник, Босна и Херцеговина, напиша на својот фејсбук профил Пендаровси кој денеска се сретна со малиот Ајдин Османовиќ.
12 годишниот Ајдин фасцинира со изведбата на македонски традиционални песни. Меѓу омилените му се „Јано мори“, „Македонско девојче“, „Зајди Зајди“, „Јовано Јованке“. Вели дека не му е тешко да пее на македонски, иако не му е мајчин јазик. Ајдин поседува талент кој несомнено ќе му донесе големи успеси.
Со големо задоволство изразувам искрена благодарност за времето и исклучителното признание што ни го дадовте за нашиот придонес во зачувувањето на македонското традиционално народно творештво, стои во пораката што Јасмин Брашњиќ, професорот на Ајдин ја упати преку социјалните мрежи.
Вашиот гест не само што ни е исклучително важен и ценет, тој всушност претставува голема чест за нас, но и за целата уметничка заедница. Со малиот Ајдин се обидовме да ги оживееме тие прекрасни звуци и мелодии. Преку нашето уметничко творештво сакавме да ја пренесеме душата на македонската народна музика насекаде низ светот, привлекувајќи го вниманието на младите генерации и на тој начин поттикнувајќи ги да го ценат ова единствено културно наследство. Моето задоволство е поголемо затоа што вие како прв човек и еден од ретките навистина ја препознавте важноста од зачувување на традиционалното народно творештво. Македонија може да се гордее со вас, бидејќи ја чувствувате и ја сфаќате традицијата како клучен аспект за зачувување на културниот идентитет на вашата убава земја. Вашето признание создава обврска за Ајдин и мене, која со задоволство ќе ја прифатиме, преку песната да го зачуваме духот и богатото нематеријално наследство на вашиот народ, стремејќи се тоа никогаш да не биде изгубено и заборавено. Во име на малиот Ајдин и во мое лично име, можам да ви ветам дека ќе ја продолжиме нашата мисија, по патот што го трасираат големите уметници пред нас. Денешниот ден и вашиот гест за нас претставуваат искуство кое е тешко да се опише со зборови. Искрено ја очекувам соработката со Владата и другите релевантни институции, уметниците од вашата земја, за заедно да обезбедиме континуитет на виталноста на вашата традиционална уметност. Ви благодариме повторно за ова извонредно признание. Горди сме што можеме да бидеме дел од зачувувањето и промовирањето на традиционалното народно творештво во вашата прекрасна земја. Верувам дека заедно, со ваша поддршка, можеме да создадеме голема иднина за културното наследство, кое го дефинира идентитетот што ја прави Македонија единствена на европскиот континент. Сашко Митовски некаде горе, сето ова одамна е составено. Вашето име и #КриваПаланка ќе останат засекогаш во нашите срца. Ајдин Османовиќ Јасмин Брашњиќ

The post Ајдин Османовиќ, момчето со волшебен глас се сретна со Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Малиот Ајдин ја изведе „Ајде сонце зајде“ на Манчевски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/maliot-ajdin-ja-izvede-ajde-sontse-zajde-na-manchevski/ Mon, 21 Aug 2023 08:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=674062

Ова е приказната за тоа како Кирил Манчевски стигна во музичкиот кабинет во Сребреник.

Барајќи лирски, елегични македонски народни песни, стигнавме во Крушево, вели менторот на Ајдин, Јасмин Брашњиќ. Песната и уникатниот интерпретативен стил на Ајдин не спои со драги луѓе ширум Македонија. Во тие кратки, пријатни разговори попатно добивме препорака јас и Ајдин да ја обработиме оваа прекрасна народна песна на наш начин. Кирил Манчевски е единствен. Гордоста на Македонија со префинет глас, исполнет со емоции кои едноставно ги хипнотизираат слушателите. Слушајќи ја песната „Ајде сонце зајде“ сфатив дека златните години на традиционалните македонски песни се во периодот од 1960 до 1985 година. Песната потоа ги опиша сите тие вистински вредности. Тогашните песни ја прикажуваат сета убавина на животот, радоста, тагата, природата, скриената љубов и сите тие позитивни морални принципи. Ги красеше најубавата лирика, широки и богати мелизми, упорни каденци и препознатливи, прецизни мелодиски орнаменти - е стручното објаснување на менторот на Ајдин.

Тој подвлекува дека во ,,Ајде сонце зајде “ тој и Ајдин само обликувале според нивното внатрешно чувство, како што го доживеавме.

Обработувајќи ги мелодичните фрази на прекрасното рубато, постоеше она необјасниво чувство кога мелодијата се претопува во тишина. Најискрено се надевам дека нашиот метод на изведба ќе си го најде своето место во срцата на Македонците.- завршува професорот Јасмин Брашњиќ.

The post Малиот Ајдин ја изведе „Ајде сонце зајде“ на Манчевски appeared first on Република.