Аида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aida/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 08:35:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aida/ 32 32 Вердиевата „Аида“ со Моника Медек од Австрија во насловната улога и учесници од Кина, Италија и Бугарија ги затворија 52. Мајски оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/verdievata-aida-so-monika-medek-od-avstrija-vo-naslovnata-uloga-i-uchesnitsi-od-kina-italija-i-bugarija-gi-zatvorija-52-majski-operski-vecheri/ Tue, 04 Jun 2024 08:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=784573

Со прекрасната изведба на Вердиевиот „Трубадур“, во Македонската опера и балет започнаа традиционалните 52 по ред, Мајски оперски вечери, а завршија со Вердиевата „Аида“ во која настапи и Моника Медек од Австрија во насловната улога, а како дел од екипата имаше учесници и од Кина, Италија и Бугарија.

Диригент беше Нимрод Давид Фефер, пренесе и адаптираше Дејан Прошев, кореограф Луиза Балдинети (Италија), концерт–мајстор Верица Ламбевска, хор–мајстор Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска. Настапија Ли Шуанг (Кина), Гергана Русекова (Бугарија), Игор Дурловски, Диман Панчев (Бугарија), Џузпе Алтомаре (Италија), Надежда Рубен, Никола Стојчески, балетски солист Ивана Коцевска. Настапија и хорот,оркестарот и машкиот балетски ансамбл на Македонската опера и балет.

Операта „Аида“ е напишана по нарачка на театарот во Каиро по повод отворањето на Суецкиот Канал и станала еднa од врвните творби на композиторовиот гениј. Дури во ова „егзотично“ либрето Верди ги наоѓа конечно „своите“ теми, чувства и страсти: предодредениот трагизам, безизлезноста на ситуациите, љубовта која ја победува смртта. Музичкото богатство на „Аида“ е постигнато со заемното дејствување на неколку музички планови и нивниот совршен сооднос: експресивно-психолошката линија на главните херои, мрачниот и непоколеблив свет на свештениците, раскошните триумфални масовни сцени, егзотичниот свет на Истокот чијшто колорит органски се вградува во драматургијата и музичкиот јазик на операта. Чајковски еднаш напишал: „Генијалноста на старецот Верди во „Аида“ и „Отело“отвора нови патишта за италијанските музичари“.

Во рамките на програмата на 52. Мајски оперски вечери беа изведени и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, гостуваше Софиската опера и балет со операта „Валкира“ на Вагнер. Ова беше и премиерна изведба на ова дело на македонската сцена.

Куриозитет е тоа што ова беше прво Вагнерово дело што воопшто е изведено во НОБ, а траеше пет часа. Беше изведена и операта „Тоска“ каде што во насловната улога се појави оперската дива Весна Ѓиновска-Илкова, во изведба на домашна екипа и со гости од Србија и Романија, камерната опера „Свадба“, со која гостуваше Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

 

The post Вердиевата „Аида“ со Моника Медек од Австрија во насловната улога и учесници од Кина, Италија и Бугарија ги затворија 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Со прекрасната изведба на Вердиевиот „Трубадур“, во Македонската опера и балет започнаа традиционалните 52 по ред, Мајски оперски вечери, а завршија со Вердиевата „Аида“ во која настапи и Моника Медек од Австрија во насловната улога, а како дел од екипата имаше учесници и од Кина, Италија и Бугарија. Диригент беше Нимрод Давид Фефер, пренесе и адаптираше Дејан Прошев, кореограф Луиза Балдинети (Италија), концерт–мајстор Верица Ламбевска, хор–мајстор Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска. Настапија Ли Шуанг (Кина), Гергана Русекова (Бугарија), Игор Дурловски, Диман Панчев (Бугарија), Џузпе Алтомаре (Италија), Надежда Рубен, Никола Стојчески, балетски солист Ивана Коцевска. Настапија и хорот,оркестарот и машкиот балетски ансамбл на Македонската опера и балет. Операта „Аида“ е напишана по нарачка на театарот во Каиро по повод отворањето на Суецкиот Канал и станала еднa од врвните творби на композиторовиот гениј. Дури во ова „егзотично“ либрето Верди ги наоѓа конечно „своите“ теми, чувства и страсти: предодредениот трагизам, безизлезноста на ситуациите, љубовта која ја победува смртта. Музичкото богатство на „Аида“ е постигнато со заемното дејствување на неколку музички планови и нивниот совршен сооднос: експресивно-психолошката линија на главните херои, мрачниот и непоколеблив свет на свештениците, раскошните триумфални масовни сцени, егзотичниот свет на Истокот чијшто колорит органски се вградува во драматургијата и музичкиот јазик на операта. Чајковски еднаш напишал: „Генијалноста на старецот Верди во „Аида“ и „Отело“отвора нови патишта за италијанските музичари“. Во рамките на програмата на 52. Мајски оперски вечери беа изведени и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, гостуваше Софиската опера и балет со операта „Валкира“ на Вагнер. Ова беше и премиерна изведба на ова дело на македонската сцена. Куриозитет е тоа што ова беше прво Вагнерово дело што воопшто е изведено во НОБ, а траеше пет часа. Беше изведена и операта „Тоска“ каде што во насловната улога се појави оперската дива Весна Ѓиновска-Илкова, во изведба на домашна екипа и со гости од Србија и Романија, камерната опера „Свадба“, со која гостуваше Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.  

The post Вердиевата „Аида“ со Моника Медек од Австрија во насловната улога и учесници од Кина, Италија и Бугарија ги затворија 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Со „Аида“ на Џузепе Верди вечерва се затвораат Мајските оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-aida-na-dhuzepe-verdi-vecherva-se-zatvoraat-majskite-operski-vecheri/ Wed, 31 May 2023 10:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=646418

Со вечерашната изведба на величествената „Аида“ од Џузепе Верди со која што традиционално ќе се затвори 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ во Националната опера и балет (НОБ). Билетите за претставата се распродадени.

Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта, велат од НОБ.

Ќе диригира Италијанецот Роберто Џанол, а настапуваат Марија Јелиќ (Србија), Валтер Фракаро (Италија), Сања Анастасиа (Србија), Игор Дурловски, Александар Стефаноски, Нико Исаков (Бугарија), Катерина Стојановска и Марјан Николовски. Балетски солист е Ивана Коцевска.

The post Со „Аида“ на Џузепе Верди вечерва се затвораат Мајските оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Со вечерашната изведба на величествената „Аида“ од Џузепе Верди со која што традиционално ќе се затвори 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ во Националната опера и балет (НОБ). Билетите за претставата се распродадени.
Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта, велат од НОБ.
Ќе диригира Италијанецот Роберто Џанол, а настапуваат Марија Јелиќ (Србија), Валтер Фракаро (Италија), Сања Анастасиа (Србија), Игор Дурловски, Александар Стефаноски, Нико Исаков (Бугарија), Катерина Стојановска и Марјан Николовски. Балетски солист е Ивана Коцевска.

The post Со „Аида“ на Џузепе Верди вечерва се затвораат Мајските оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Со „Аида“и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ завршува јубилејното издание на манифестацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-aida-i-promocija-na-monografijata-50-godini-majski-operski-vecheri-zavrshuva-jubilejnoto-izdanie-na-manifestacijata/ Tue, 31 May 2022 08:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=509122

Во фоајето на Националната опера и балет на 31 мај во 19.00 часот ќе се одржи промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски.  Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Со оваа публикација, Националната опера и балет трајно го зачувува уметничкиот белег изграден од големиот број извонредни уметници. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска.

Со почеток во 20.00 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди,  традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.  Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

„Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под  диригентската палка на  Оливер Балабурски, уметник со кариера од над  28 години. Во продукција на театарот  Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а  хор - мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист: Ивана Коцевска.

Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

The post Со „Аида“и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ завршува јубилејното издание на манифестацијата appeared first on Република.

]]>

Во фоајето на Националната опера и балет на 31 мај во 19.00 часот ќе се одржи промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски.  Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Со оваа публикација, Националната опера и балет трајно го зачувува уметничкиот белег изграден од големиот број извонредни уметници. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска. Со почеток во 20.00 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди,  традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.  Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. „Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под  диригентската палка на  Оливер Балабурски, уметник со кариера од над  28 години. Во продукција на театарот  Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а  хор - мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист: Ивана Коцевска. Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

The post Со „Аида“и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ завршува јубилејното издание на манифестацијата appeared first on Република.

]]>
Операта „Аида“ и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ во НОБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/operata-aida-i-promocija-na-monografijata-50-godini-majski-operski-vecheri-vo-nob/ Mon, 30 May 2022 09:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=508662

Во фоајето на Националната опера и балет на 31 мај во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски. Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Со оваа публикација, Националната опера и балет трајно го зачувува уметничкиот белег изграден од големиот број извонредни уметници. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска.

Со почеток во 20 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

„Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на Оливер Балабурски, уметник со кариера од над 28 години. Во продукција на театарот Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист: Ивана Коцевска. Настапува хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

 

The post Операта „Аида“ и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ во НОБ appeared first on Република.

]]>

Во фоајето на Националната опера и балет на 31 мај во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски. Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Со оваа публикација, Националната опера и балет трајно го зачувува уметничкиот белег изграден од големиот број извонредни уметници. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска. Со почеток во 20 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. „Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на Оливер Балабурски, уметник со кариера од над 28 години. Во продукција на театарот Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист: Ивана Коцевска. Настапува хорот и оркестарот на Националната опера и балет.  

The post Операта „Аида“ и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ во НОБ appeared first on Република.

]]>