Аида Черкез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aida-cherkez/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Mar 2022 21:32:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аида Черкез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aida-cherkez/ 32 32 Аида истото го преживеала во Босна: Украинци, cветот разбира за што се борите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/aida-istoto-go-preziveala-vo-bosna-ukrainci-cvetot-razbira-za-shto-se-borite/ Sat, 05 Mar 2022 21:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=468357

и-Би-Си објави аудио писмо од Аида Черкез, која ги сподели своите искуства со Украинците од опколеното Сараево со надеж дека тоа дополнително ќе ги мотивира да ги преживеат тешките времиња на кои се изложени. Аида Черкез работела за Асошиејтед прес во Сараево од 1992 година, прво како преведувачка, а потоа и како репортерка.

Ова е нејзиното писмо до Украинците.

„Светот разбира за што се борите“

„Драги пријатели, хуманитарните организации овде во Сараево собираат помош за вас. Седам во мојот стан и се обидувам да се сетам што ќе ви треба најмногу.

Не се моите топли чорапи, или јакна, или моите топли чизми она што најмногу ви треба сега, туку мојата 30-годишна маичка со испечатен слоган кој ме одржа 1425 дена во кои босанските Срби го гранатираа и го држеа под опсада мојот град. Без вода, храна, струја, греење и без комуникација со надворешниот свет. Ја носев таа маица и ја читав пораката испишана на неа додека ни паднаа повеќе од два милиони гранати на главите и додека избегнував безброј куршуми. На маичката пишува: „Сараево ќе биде, се друго ќе помине“.

Ви претстојат лоши времиња пријатели мои, но ви се испраќа оружје за да се одбраните. Ние Босанците се браневме, но светот ни воведе ембарго за оружје. Не му беше јасно за што се водеше борбата во Сараево. Фала му на Бога, разбира што се случува сега во Киев.

„Најмногу ќе ве болат лагите“

Ќе бидете гладни, жедни, измрзнати и валкани, ќе ги изгубите домовите, пријателите и членовите на семејството, но она што најмногу ќе ве повреди ќе бидат лагите. Лаги, дека вие сте одговорни за тоа што ви се случува. Лаги, дека вие го правите тоа што ви се прави вам. Овие лаги ќе направат безброј дупки во вашите срца, но без да ги запрат нивните отчукувања или да ги замрзнат.

Гледам дека ви ја уништија ТВ кулата. Сакаат да ве држат во мрак, исто како што не држеа нас во темнина. Сакаат да го изгаснат светлото, па да не можеме да видиме што ви прават. Сè запишувајте и сè снимајте. Еден ден тоа ќе ја дефинира вашата историја, ќе им објасни на Украинците кои допрва треба да се родат што се случило и најверојатно ќе се користи како доказ на суд против оние кои се обидуваат да ве убијат.

„Ви го испраќам најскапоценото нешто што го имам“

Во мрачните времиња што претстојат повремено ќе губите надеж, но ви пишувам од иднината и ви велам, ќе опстоите, исто како и ние. Требаше да бидам мрттва, но преживеав, утре ќе ги изнесам надвор внуците. А еден ден тоа ќе бидете вие затоа што во вас го гледам истиот отпор што го видов овде.

Ве слушам како ја пеете вашата химна додека со голи раце ги одбивате тенковите. Со текот на времето, ќе пеете нови песни за вашата храброст во оваа неволја и ќе смислите свој слоган кој ќе ве одржи во живот. Засега ви го испраќам најскапоценото нешто што го имам, мојот слоган, малку прилагоден за вас: „Украина ќе биде, сè друго ќе помине“.

Слава на Украина“, напиша Черкез

The post Аида истото го преживеала во Босна: Украинци, cветот разбира за што се борите appeared first on Република.

]]>

и-Би-Си објави аудио писмо од Аида Черкез, која ги сподели своите искуства со Украинците од опколеното Сараево со надеж дека тоа дополнително ќе ги мотивира да ги преживеат тешките времиња на кои се изложени. Аида Черкез работела за Асошиејтед прес во Сараево од 1992 година, прво како преведувачка, а потоа и како репортерка. Ова е нејзиното писмо до Украинците. „Светот разбира за што се борите“ „Драги пријатели, хуманитарните организации овде во Сараево собираат помош за вас. Седам во мојот стан и се обидувам да се сетам што ќе ви треба најмногу. Не се моите топли чорапи, или јакна, или моите топли чизми она што најмногу ви треба сега, туку мојата 30-годишна маичка со испечатен слоган кој ме одржа 1425 дена во кои босанските Срби го гранатираа и го држеа под опсада мојот град. Без вода, храна, струја, греење и без комуникација со надворешниот свет. Ја носев таа маица и ја читав пораката испишана на неа додека ни паднаа повеќе од два милиони гранати на главите и додека избегнував безброј куршуми. На маичката пишува: „Сараево ќе биде, се друго ќе помине“. Ви претстојат лоши времиња пријатели мои, но ви се испраќа оружје за да се одбраните. Ние Босанците се браневме, но светот ни воведе ембарго за оружје. Не му беше јасно за што се водеше борбата во Сараево. Фала му на Бога, разбира што се случува сега во Киев. „Најмногу ќе ве болат лагите“ Ќе бидете гладни, жедни, измрзнати и валкани, ќе ги изгубите домовите, пријателите и членовите на семејството, но она што најмногу ќе ве повреди ќе бидат лагите. Лаги, дека вие сте одговорни за тоа што ви се случува. Лаги, дека вие го правите тоа што ви се прави вам. Овие лаги ќе направат безброј дупки во вашите срца, но без да ги запрат нивните отчукувања или да ги замрзнат. Гледам дека ви ја уништија ТВ кулата. Сакаат да ве држат во мрак, исто како што не држеа нас во темнина. Сакаат да го изгаснат светлото, па да не можеме да видиме што ви прават. Сè запишувајте и сè снимајте. Еден ден тоа ќе ја дефинира вашата историја, ќе им објасни на Украинците кои допрва треба да се родат што се случило и најверојатно ќе се користи како доказ на суд против оние кои се обидуваат да ве убијат. „Ви го испраќам најскапоценото нешто што го имам“ Во мрачните времиња што претстојат повремено ќе губите надеж, но ви пишувам од иднината и ви велам, ќе опстоите, исто како и ние. Требаше да бидам мрттва, но преживеав, утре ќе ги изнесам надвор внуците. А еден ден тоа ќе бидете вие затоа што во вас го гледам истиот отпор што го видов овде. Ве слушам како ја пеете вашата химна додека со голи раце ги одбивате тенковите. Со текот на времето, ќе пеете нови песни за вашата храброст во оваа неволја и ќе смислите свој слоган кој ќе ве одржи во живот. Засега ви го испраќам најскапоценото нешто што го имам, мојот слоган, малку прилагоден за вас: „Украина ќе биде, сè друго ќе помине“. Слава на Украина“, напиша Черкез

The post Аида истото го преживеала во Босна: Украинци, cветот разбира за што се борите appeared first on Република.

]]>