Ахметов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ahmetov/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Apr 2022 13:33:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ахметов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ahmetov/ 32 32 Најбогатиот човек на Украина ветува: Ќе го обновам Мариупол https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/najbogatiot-chovek-na-ukraina-vetuva-kje-go-obnovam-mariupol/ Mon, 18 Apr 2022 13:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=490104

Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина и претседател на фудбалскиот тим Шахтјор Доњецк, вети дека ќе го обнови градот Мариупол, кој седум недели беше под руско бомбардирање.

Мариупол е глобална трагедија и глобален пример за херојство. За мене Мариупол беше и секогаш ќе биде украински град “, рече Ахметов, а пренесуваат меѓународните медиуми. „Верувам дека нашите храбри војници ќе го бранат градот, иако разбирам колку им е напорно и тешко“, додаде тој.

Според магазинот Форбс, нето вредноста на Ахметов во 2013 година достигна 15,4 милијарди долари. Моментално „тежи“ 7,1 милијарди долари што го рангира меѓу 300-те најбогати луѓе во светот.

За нас, војната избувна во 2014 година. Ги загубивме сите наши средства и на Крим и на привремено окупираната територија на Донбас. Ги загубивме нашите бизниси, но тоа нè направи посилни и поцврсти, рече Ахметов.

Ахметов е роден на 21 септември 1966 година и е претприемач, спортски директор и тајкун, претседател на System Capital Management, една од водечките индустриски компании во украинскиот бизнис, и на фудбалскиот клуб Шахтјор Донецк.

Сопственик е и на челичарницата Азовстал во Мариупол, која стана база на националистичкиот баталјон Азов и на украинските маринци кои се спротивставуваат на нападите на руските трупи.

Инаку, олигархот е роден во Доњецк, во Украинската ССР, во работничко семејство. Неговиот татко, Леонид Ахметов, бил рудар за јаглен, а неговата мајка, Нјакија Насрединовна, продавачка. Ахметов дипломирал економија на Националниот универзитет во Доњецк во 2001 година.

The post Најбогатиот човек на Украина ветува: Ќе го обновам Мариупол appeared first on Република.

]]>

Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина и претседател на фудбалскиот тим Шахтјор Доњецк, вети дека ќе го обнови градот Мариупол, кој седум недели беше под руско бомбардирање.
Мариупол е глобална трагедија и глобален пример за херојство. За мене Мариупол беше и секогаш ќе биде украински град “, рече Ахметов, а пренесуваат меѓународните медиуми. „Верувам дека нашите храбри војници ќе го бранат градот, иако разбирам колку им е напорно и тешко“, додаде тој.
Според магазинот Форбс, нето вредноста на Ахметов во 2013 година достигна 15,4 милијарди долари. Моментално „тежи“ 7,1 милијарди долари што го рангира меѓу 300-те најбогати луѓе во светот.
За нас, војната избувна во 2014 година. Ги загубивме сите наши средства и на Крим и на привремено окупираната територија на Донбас. Ги загубивме нашите бизниси, но тоа нè направи посилни и поцврсти, рече Ахметов.
Ахметов е роден на 21 септември 1966 година и е претприемач, спортски директор и тајкун, претседател на System Capital Management, една од водечките индустриски компании во украинскиот бизнис, и на фудбалскиот клуб Шахтјор Донецк. Сопственик е и на челичарницата Азовстал во Мариупол, која стана база на националистичкиот баталјон Азов и на украинските маринци кои се спротивставуваат на нападите на руските трупи. Инаку, олигархот е роден во Доњецк, во Украинската ССР, во работничко семејство. Неговиот татко, Леонид Ахметов, бил рудар за јаглен, а неговата мајка, Нјакија Насрединовна, продавачка. Ахметов дипломирал економија на Националниот универзитет во Доњецк во 2001 година.

The post Најбогатиот човек на Украина ветува: Ќе го обновам Мариупол appeared first on Република.

]]>