Ахмети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ahmeti/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 09:32:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ахмети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ahmeti/ 32 32 Курти до Ахмети: Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-do-ahmeti-smetam-deka-rotatsiite-se-zdravi-kolku-shto-znam-demokratskata-unija-za-integratsija-beshe-na-vlast-veke-22-godini/ Tue, 19 Nov 2024 09:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=839513

Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години, изјави косовскиот премеир Албин Курти и му пушти студен туш на Али Ахмети кој никако да се помири со позицијата во опозиција. Изјавата, зачинета со онаа дека Македонија нема закон за албанскиот јазик, туку закон за јазици, предизвика лавина реакции кај врхушката на интегративците кои никако да се помират со вистината која косовскиот премиер, народски кажано „им ја плесна во фаца“.

Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години. Од основањето како субјект некаде околу година и половина беше во опозиција. Ротацијата е здрава. Од друга страна јас бев 20 години во опозиција. Сега сум во влада, 4 години ќе навршат следната пролет, но првин ќе имаме нови избори. Мора да се бориме со идеи за граѓаните и за Албанците. Мислам дека не треба да се бориме за власт. Нека победат идеите, посветеноста, патриотизмот, чесноста. Ова треба да биде победата. Но, ротациите се неизбежни. Ние сме една нација, Албанците каде и да се, имаме еден идентитет и еден јазик, но не можеме да имаме една политичка партија, додаде Курти.

The post Курти до Ахмети: Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години appeared first on Република.

]]>

Фирми поврзани со фамилиите Заев и Ахмети меѓу компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmi-povrzani-so-familiite-zaev-i-ahmeti-megu-kompaniite-koi-bi-mozhele-da-se-soochat-so-krivichen-progon/ Wed, 30 Oct 2024 14:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=832493

И во текот на денешниот ден течат постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител, откако вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот.

Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови.

Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/60-kompanii-so-fantomski-proekti-istsitsale-3-2-milioni-evra-od-fondot-za-inovatsii/

Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери.

Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности.

Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар.

Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите.

Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово.

Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи.

Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија.

Целата сторија тука

The post Фирми поврзани со фамилиите Заев и Ахмети меѓу компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон appeared first on Република.

]]>

И во текот на денешниот ден течат постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител, откако вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот. Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови. Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави. https://republika.mk/vesti/ekonomija/60-kompanii-so-fantomski-proekti-istsitsale-3-2-milioni-evra-od-fondot-za-inovatsii/ Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери. Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности. Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар. Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите. Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово. Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи. Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија. Целата сторија тука

The post Фирми поврзани со фамилиите Заев и Ахмети меѓу компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон appeared first on Република.

]]>
Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/menduh-tachi-go-napushta-evropskiot-front/ Thu, 03 Oct 2024 21:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=822418

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот. За порталот тоа го потврдиле и од партијата на Тачи, ДПА, нагласувајќи дека остануваат во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.

Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт.

„Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи“, истакна Ахмети.

Тачи е пратеник од Демократската партија на Албанците, како дел од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Коалицијата останува со 17 пратеници.

The post Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот. За порталот тоа го потврдиле и од партијата на Тачи, ДПА, нагласувајќи дека остануваат во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.
  Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт. „Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи“, истакна Ахмети. Тачи е пратеник од Демократската партија на Албанците, како дел од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Коалицијата останува со 17 пратеници.  

The post Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>
Ахмети го осуди обидот за атентат врз Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-go-osudi-obidot-za-atentat-vrz-tramp/ Sun, 14 Jul 2024 11:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=796628

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, на социјалните мрежи го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

- Најостро го осудувам обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Ние сме покрај семејството на претседателот Трамп и американскиот народ. Насилството од каква било природа и форма е неприфатливо. Секој развој на Соединетите Американски Држави го чувствуваме и го доживуваме заедно, бидејќи американскиот народ за нашата нација е најголемиот поддржувач и симбол на слободата, демократијата, независноста и еднаквоста, напиша Ахмети на Фејсбук.

На предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше извршен обид за атентат

The post Ахмети го осуди обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, на социјалните мрежи го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп. - Најостро го осудувам обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Ние сме покрај семејството на претседателот Трамп и американскиот народ. Насилството од каква било природа и форма е неприфатливо. Секој развој на Соединетите Американски Држави го чувствуваме и го доживуваме заедно, бидејќи американскиот народ за нашата нација е најголемиот поддржувач и симбол на слободата, демократијата, независноста и еднаквоста, напиша Ахмети на Фејсбук. На предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше извршен обид за атентат

The post Ахмети го осуди обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>
Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Гаши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/majskiot-dogovor-nikogash-ne-bil-del-ni-od-ustavot-ni-od-ramkovniot-dogovor-ova-vladejachko-mnozinstvo-e-legitimno-veli-gashi/ Sun, 02 Jun 2024 09:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=784072

Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Претседателот на Собранието Африн Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. Според него коментарите на ДУИ, за нелегитимност на „Влен“, се само политичка опозициска реторика.

-Можеби тој заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВЛЕН доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание, вели Гаши.

Прашан зошто свечената заклетва прво ја прочита на албански, а потоа на македонски јазик Гаши вели дека читал така како што беше прочитано од пратеничката која претседаваше. Смета дека не го прекршил законот.

Првата седница се очекува да ја свика откако ќе се формализираат пратеничките групи и координаторите. Првиот закон кој очекува да се донесе е тој за организација на министерствата и ресорите.

-Како коалиција која е веќе на повидок меѓу ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, е договорено, новата влада да почне со нова организација на државата, организација на министерствата и ресорите. Сакаме прво да го донесеме тој закон, за да може владата која ќе се бира да биде избрана во рамките на тој закон и таа нова организација. Затоа ќе сакаме и ќе се потрудиме заеднички со сите политички партии во Собранието, да се договориме, тој закон да биде еден од првите кои ќе биде поставен на пленарната седница, вели Гаши.

The post Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Гаши appeared first on Република.

]]>

Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Претседателот на Собранието Африн Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. Според него коментарите на ДУИ, за нелегитимност на „Влен“, се само политичка опозициска реторика. -Можеби тој заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВЛЕН доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание, вели Гаши. Прашан зошто свечената заклетва прво ја прочита на албански, а потоа на македонски јазик Гаши вели дека читал така како што беше прочитано од пратеничката која претседаваше. Смета дека не го прекршил законот. Првата седница се очекува да ја свика откако ќе се формализираат пратеничките групи и координаторите. Првиот закон кој очекува да се донесе е тој за организација на министерствата и ресорите. -Како коалиција која е веќе на повидок меѓу ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, е договорено, новата влада да почне со нова организација на државата, организација на министерствата и ресорите. Сакаме прво да го донесеме тој закон, за да може владата која ќе се бира да биде избрана во рамките на тој закон и таа нова организација. Затоа ќе сакаме и ќе се потрудиме заеднички со сите политички партии во Собранието, да се договориме, тој закон да биде еден од првите кои ќе биде поставен на пленарната седница, вели Гаши.

The post Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Гаши appeared first on Република.

]]>
„Вреди“ е апсолутен победник кај Албанците, Ахмети е најголемиот политички губитник, вели Меџити https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-e-apsoluten-pobednik-kaj-albantsite-ahmeti-e-najgolemiot-politichki-gubitnik-veli-medhiti/ Wed, 08 May 2024 19:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=775867

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на прес-конференција изјави дека ВЛЕН е апсолутен победник кај Албанците.

Меџити на сите граѓани им се заблагодари за демократскиот капацитет и нивниот глас, без оглед на притисоците, како што рече, на кои беа изложени.

„За жал изборниот процес не беше фер и демократски и системот со државните институции се стави во служба на ДУИ. Заменици министри и други функционери од ДУИ беа на терен и ние тоа го документиравме и ќе ги известиме институциите и странските фактори. Имаше насилство врз гласачкото право и за тоа ќе се одговара“, рече Меџити.

Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство, рече Меџити.

,,Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство”, рече Меџити,
посичувајќи дека денеска најголем губитник се Али Ахмети и Артан Груби кои, промовирале насилство и ароганција.

Меџити се осврна на цензусот за претседателските избори и нагласи дека маските на ДУИ паднале.

„Драги Албанци, со бојкот на изборите ДУИ, која беше на власт над 20 години, таа партија се обиде да го врати политичкото организирање.Се фалеа како европска партија, дека ќе не интегрира во ЕУ, а примитивно работеа на бојкот. Тоа создава горчлива слика за Албанците во светот. Јавно го прашуваме министерот Османи кој се фалеше со ОБСЕ, како тоа таму ќе го објасни дека работеа против слободна волја на граѓаните“, рече Меџити.

The post „Вреди“ е апсолутен победник кај Албанците, Ахмети е најголемиот политички губитник, вели Меџити appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на прес-конференција изјави дека ВЛЕН е апсолутен победник кај Албанците.
Меџити на сите граѓани им се заблагодари за демократскиот капацитет и нивниот глас, без оглед на притисоците, како што рече, на кои беа изложени. „За жал изборниот процес не беше фер и демократски и системот со државните институции се стави во служба на ДУИ. Заменици министри и други функционери од ДУИ беа на терен и ние тоа го документиравме и ќе ги известиме институциите и странските фактори. Имаше насилство врз гласачкото право и за тоа ќе се одговара“, рече Меџити. Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство, рече Меџити. ,,Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство”, рече Меџити, посичувајќи дека денеска најголем губитник се Али Ахмети и Артан Груби кои, промовирале насилство и ароганција. Меџити се осврна на цензусот за претседателските избори и нагласи дека маските на ДУИ паднале. „Драги Албанци, со бојкот на изборите ДУИ, која беше на власт над 20 години, таа партија се обиде да го врати политичкото организирање.Се фалеа како европска партија, дека ќе не интегрира во ЕУ, а примитивно работеа на бојкот. Тоа создава горчлива слика за Албанците во светот. Јавно го прашуваме министерот Османи кој се фалеше со ОБСЕ, како тоа таму ќе го објасни дека работеа против слободна волја на граѓаните“, рече Меџити.

The post „Вреди“ е апсолутен победник кај Албанците, Ахмети е најголемиот политички губитник, вели Меџити appeared first on Република.

]]>
Ахмети му се закани на Мицкоски: Не си ја барај бељата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-mu-se-zakani-na-mitskoski-ne-si-ja-baraj-belata/ Sun, 21 Apr 2024 20:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=769075

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од митингот на плоштадот „Македонија“, порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил пораснат со гурабии и кекси.

Тој му порача да пази што зборува бидејќи уште е млад.

Христијан Мицкоски е растен со гурабии, бисквити! Христијан не ја почнувај бељата и мери ги зборовите затоа што си млад и ќе ти ја закрпам устата, рече Ахмети.

Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, порача Ахмети.

The post Ахмети му се закани на Мицкоски: Не си ја барај бељата appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од митингот на плоштадот „Македонија“, порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил пораснат со гурабии и кекси. Тој му порача да пази што зборува бидејќи уште е млад.
Христијан Мицкоски е растен со гурабии, бисквити! Христијан не ја почнувај бељата и мери ги зборовите затоа што си млад и ќе ти ја закрпам устата, рече Ахмети.
Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, порача Ахмети.

The post Ахмети му се закани на Мицкоски: Не си ја барај бељата appeared first on Република.

]]>
Ахмети утре ќе соопшти голема вест, информираат од ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-utre-ke-soopshti-golema-vest-informiraat-od-dui/ Wed, 21 Feb 2024 12:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=746554

Ве известуваме дека утре (четврток, 22.02.2024) со почеток во 11:00 часот, Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа Фејсбук за да ја соопшти големата вест .

Ова е се што стои во најавата на ДУИ за утрешниот настан. Ако треба да погодуваме, тоа е информацијата дека ДУИ ќе има свој претседателски кандидат и дека најверојатно тоа ќе биде кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари.

извор: press24.mk

The post Ахмети утре ќе соопшти голема вест, информираат од ДУИ appeared first on Република.

]]>

Ве известуваме дека утре (четврток, 22.02.2024) со почеток во 11:00 часот, Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа Фејсбук за да ја соопшти големата вест . Ова е се што стои во најавата на ДУИ за утрешниот настан. Ако треба да погодуваме, тоа е информацијата дека ДУИ ќе има свој претседателски кандидат и дека најверојатно тоа ќе биде кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари. извор: press24.mk

The post Ахмети утре ќе соопшти голема вест, информираат од ДУИ appeared first on Република.

]]>
Холандскиот амбасадор на Ахмети му ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/holandskiot-ambasador-na-ahmeti-mu-ja-prenese-porakata-deka-po-dve-godini-postojan-pad-na-vladeeneto-na-pravoto-posvetenosta-na-makedonija-za-chlenstvo-vo-eu-e-zagrozena-niz-politichkiot-spektar/ Wed, 10 Jan 2024 12:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=731588

Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.
Исто така, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија.

The post Холандскиот амбасадор на Ахмети му ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар. Исто така, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија.

The post Холандскиот амбасадор на Ахмети му ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар appeared first on Република.

]]>
Ахмети: На 28 јануари ќе имаме премиер Албанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-na-28-januari-ke-imame-premier-albanets/ Wed, 06 Dec 2023 12:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=720317

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека на 28 јануари Македонија за првпат ќе добие премиер Албанец. Тоа е договор со коалицискиот партнер СДСМ, со која партија успешно ја предводиме државата, рече Ахмети во градот Бајрам Цури во Албанија каде Општина Тропоја му ја додели титулата „Почесен граѓанин“. Признанието на Ахмети му е доделено за неговата блескава кариера, како борец за Апбанците, особено во Македонија и Косово.

Ахмети многу придонесе за политичката и воена борба на Албанците во Косово, Прешевската Долина и во Македонија.

„Во Македонија тој повеќе од 20 години има блескава политичка кариера и постојано реди победи“; беше речено на свеченоста.

Во своето обраќање Ахмети рече дека кога ја започнал својата национална активност, заедно со пријателите по ум и срце, само една мисла го водела: „Да ги видиме Албанците слободни, да живееме достоинствено во нашите земји и заедно да го зацртаме патот на напредокот со тие свети национални вредности и со јазикот“.

„Денес нема поголема награда за мене од бетонизацијата на овој идеал каде и да дише Албанец, причина за која извонредниот придонес го дадоа и тропојаните. Нашите национални мисии не се завршени, пред нас е одговорноста да го зачуваме она што го заработивме со крв и политика. Заедно ќе успееме исто како што успеавме во битките за слобода“, рече Ахмети.

The post Ахмети: На 28 јануари ќе имаме премиер Албанец appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека на 28 јануари Македонија за првпат ќе добие премиер Албанец. Тоа е договор со коалицискиот партнер СДСМ, со која партија успешно ја предводиме државата, рече Ахмети во градот Бајрам Цури во Албанија каде Општина Тропоја му ја додели титулата „Почесен граѓанин“. Признанието на Ахмети му е доделено за неговата блескава кариера, како борец за Апбанците, особено во Македонија и Косово. Ахмети многу придонесе за политичката и воена борба на Албанците во Косово, Прешевската Долина и во Македонија.
„Во Македонија тој повеќе од 20 години има блескава политичка кариера и постојано реди победи“; беше речено на свеченоста.
Во своето обраќање Ахмети рече дека кога ја започнал својата национална активност, заедно со пријателите по ум и срце, само една мисла го водела: „Да ги видиме Албанците слободни, да живееме достоинствено во нашите земји и заедно да го зацртаме патот на напредокот со тие свети национални вредности и со јазикот“.
„Денес нема поголема награда за мене од бетонизацијата на овој идеал каде и да дише Албанец, причина за која извонредниот придонес го дадоа и тропојаните. Нашите национални мисии не се завршени, пред нас е одговорноста да го зачуваме она што го заработивме со крв и политика. Заедно ќе успееме исто како што успеавме во битките за слобода“, рече Ахмети.

The post Ахмети: На 28 јануари ќе имаме премиер Албанец appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Малку осет се треба за држава, ама лоповите на државата се знае, отсекогаш најблиску стоеле до странците и моќните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-malku-oset-se-treba-za-drzhava-ama-lopovite-na-drzhavata-se-znae-otsekogash-najblisku-stoele-do-strantsite-i-moknite/ Fri, 13 Oct 2023 10:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=690886

Не сфаќам како Владата и премиерот си немаат повеќе никаков проблем јавно да не информираат за секоја најнова средба со американската амбасадорка, секоја недела.
Буквално жената живее во Влада, заедно стискаат копчиња, на сите настани се гледаат, дајте да баталиме Седница на Влада и Парламент, пошто и онака немаат никаква реална функција повеќе, пишува Ивор Мицковски.

Доволна е една слика еднаш неделно, Ковачевски, Груби/Али и Агелер, заедно во пријатна атмосфера и само нека споделат кратко соопштение за одлуките.
Па јебо вас бог вас јебо и пред вас функционери се гледале со амбасадори, ама вие од протекторат не напраивте тотална карикатура, па почнавте амбасадори да носите и на партиски настани.
Малку осет се треба за држава, ама лоповите на државата се знае, отсекогаш најблиску стоеле до странците и моќните.

The post Мицковски: Малку осет се треба за држава, ама лоповите на државата се знае, отсекогаш најблиску стоеле до странците и моќните appeared first on Република.

]]>

Не сфаќам како Владата и премиерот си немаат повеќе никаков проблем јавно да не информираат за секоја најнова средба со американската амбасадорка, секоја недела. Буквално жената живее во Влада, заедно стискаат копчиња, на сите настани се гледаат, дајте да баталиме Седница на Влада и Парламент, пошто и онака немаат никаква реална функција повеќе, пишува Ивор Мицковски.
Доволна е една слика еднаш неделно, Ковачевски, Груби/Али и Агелер, заедно во пријатна атмосфера и само нека споделат кратко соопштение за одлуките. Па јебо вас бог вас јебо и пред вас функционери се гледале со амбасадори, ама вие од протекторат не напраивте тотална карикатура, па почнавте амбасадори да носите и на партиски настани. Малку осет се треба за држава, ама лоповите на државата се знае, отсекогаш најблиску стоеле до странците и моќните.

The post Мицковски: Малку осет се треба за држава, ама лоповите на државата се знае, отсекогаш најблиску стоеле до странците и моќните appeared first on Република.

]]>
Ахмети: Изборите ќе се одржат во редовниот термин, нема потреба од лидерска средба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-izborite-ke-se-odrzhat-vo-redovniot-termin-nema-potreba-od-liderska-sredba/ Tue, 10 Oct 2023 14:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=689958

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изјави дека во моментов изборите не нудат решение и потенцира дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин.

Приоритет над приоритетите е како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на луѓето, отколку да ја зачлениме земјата во Европската Унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година, рече Ахмети на новинарско прашање на промовирањето на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Чајлане и Семениште“.

Ахмети потенцира дека во случај на ВМРО-ДПМНЕ да и пречи ДУИ да биде во предводењето на државата, ќе се повлекуваат од извршната власт во моментот кога тие ќе ги гласаат уставните измени.

За повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски последниве денови за лидерска средба со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на лидерска средба, на која би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес, Ахмети вели дека нема потреба.

The post Ахмети: Изборите ќе се одржат во редовниот термин, нема потреба од лидерска средба appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изјави дека во моментов изборите не нудат решение и потенцира дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин.
Приоритет над приоритетите е како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на луѓето, отколку да ја зачлениме земјата во Европската Унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година, рече Ахмети на новинарско прашање на промовирањето на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Чајлане и Семениште“.
Ахмети потенцира дека во случај на ВМРО-ДПМНЕ да и пречи ДУИ да биде во предводењето на државата, ќе се повлекуваат од извршната власт во моментот кога тие ќе ги гласаат уставните измени. За повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски последниве денови за лидерска средба со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на лидерска средба, на која би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес, Ахмети вели дека нема потреба.

The post Ахмети: Изборите ќе се одржат во редовниот термин, нема потреба од лидерска средба appeared first on Република.

]]>
На Ахмети од Грчец му украле 48 овци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-ahmeti-od-grchets-mu-ukrale-48-ovtsi/ Fri, 08 Sep 2023 17:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=680031

Го брои добитокот, но има 48 овци помалку. На сточарот Агим Ахмети од село Градец и Врапчиште, некој му ги крадел овците неколку дена по ред. Секој ден забележувал дека му недостасуваат овци и решил да чува стража ноќе. Како што објаснува, вечерта ги видел крадците како ги ставаат овците во автомобил.

-Доаѓам тука и фали една овца , другиот ден недостасува едно јагне, друг ден фалат две, потоа недостасуваат три. Број, број, од 95 грла излегуваат 50 навечер. Наутро, излегуваат 47, три овци фалат за една ноќ. И дефинитивно ќе седам и ќе ги чувам. И додека ги чував излезе едниот кој многу добро го познавам, другиот не. Доаѓаат кај вратата, овците ги земаат и бегаат на метар, не ги фатив, ми избегаа, вели Агим Ахмети за ТВ21.

Агим вели дека штетата е од седум до осум илјади евра.

-Кога ќе ги пресметате од 170 или 180 евра, казната е 7.800 евра оштета. Се грижам за нив затоа што од тоа живеам. Јас не се занимавам со друга работа, тоа е мојата професија. Немам друга професија. Јас сум земјоделец, а не бизнисмен и тоа го правам. Со ова се занимава татко ми, таткото на татко ми, вели Агим Ахмети.

The post На Ахмети од Грчец му украле 48 овци appeared first on Република.

„Огнениот“ Бејта „се олади“ од Меџити и му се врати на Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ogneniot-bejta-se-oladi-od-medhiti-i-mu-se-vrati-na-ahmeti/ Sun, 06 Aug 2023 18:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=669308

Иако беше еден од водачите на „огнената група“ во ДУИ, поранешниот партиски потпретседател Невзат Бејта одби да се приклучи на новата партија на Изет Меџити и повторно му даде доверба на Али Ахмети.

Инаку, Бејта денеска го придружуваше Ахмети во реканскиот крај, каде се одржа централната манифестација „Средби на Горна Река“ во организација на Културното друштво „Горна Река“.

-На ова наследство му припаѓа и Скендербег. Река е значајно место за нас кое мора да се чува со фанатизам и сакам да ја охрабрам и посакувам Здружението на Река да ја зачува и унапредува културата, фолклорот и говорниот јазик на Река. Овој говор е многу важно наследство на Албанците не само во Македонија бидејќи Река допира три граници Албанија, Косово и Македонија – изјави Ахмети.

Инаку, против враќањето на Бејта во ДУИ јавно се изјасни спикерот Талат Џафери.

-Секој ден кога почнувате со работа, погледнете се себеси во огледало и не заборавајте од каде доаѓате. Како не му е срам да се врати во партијата по сите критики на јавните излегувања – изјави Џафери во интервју за ТВ 21.

The post „Огнениот“ Бејта „се олади“ од Меџити и му се врати на Ахмети appeared first on Република.

]]>

Иако беше еден од водачите на „огнената група“ во ДУИ, поранешниот партиски потпретседател Невзат Бејта одби да се приклучи на новата партија на Изет Меџити и повторно му даде доверба на Али Ахмети. Инаку, Бејта денеска го придружуваше Ахмети во реканскиот крај, каде се одржа централната манифестација „Средби на Горна Река“ во организација на Културното друштво „Горна Река“.
-На ова наследство му припаѓа и Скендербег. Река е значајно место за нас кое мора да се чува со фанатизам и сакам да ја охрабрам и посакувам Здружението на Река да ја зачува и унапредува културата, фолклорот и говорниот јазик на Река. Овој говор е многу важно наследство на Албанците не само во Македонија бидејќи Река допира три граници Албанија, Косово и Македонија – изјави Ахмети.
Инаку, против враќањето на Бејта во ДУИ јавно се изјасни спикерот Талат Џафери.
-Секој ден кога почнувате со работа, погледнете се себеси во огледало и не заборавајте од каде доаѓате. Како не му е срам да се врати во партијата по сите критики на јавните излегувања – изјави Џафери во интервју за ТВ 21.

The post „Огнениот“ Бејта „се олади“ од Меџити и му се врати на Ахмети appeared first on Република.

]]>
Дрин Ахмети е вмешан и како подизведувач на коридорот 8 ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-nema-kraj-na-kriminalite-na-semejstvoto-na-ahmeti-vnukot-drin-e-vmeshan-i-kako-podizveduvach-na-koridorot-8/ Wed, 05 Jul 2023 07:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=658215

Кога јавноста ќе помисли дека дното е постигнато, во врска со криминалните активности на ДУИ, тогаш тука е семејството на Али Ахмети, со нови афери, каде се крадат парите на народот, велат во партиското соопштение ОД ВМРО-ДПМНЕ.

Во документите кои стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека „Тор Индустриес“, со Дрин Ахмети како сопствeник, е формирана во 2020-та година, за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани од власта во Македонија.

„Тор Индустриес“, заедно со уште една фирма од кланот Зајас, е вклучен во изградба на коридорот 8, а договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи.

Покрај коридорот 8, „Тор Индустриес“, фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делницата Извор – Гарски мост. Исто како и на коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги приграбат, според документите доставени до нас, се помеѓу 6 и 9 милиони евра.

Во сите овие ситуации, само блиските роднини на Али Ахмети негуваат претприемачки дух. Очигледно секогаш во позадината, на овие црни бизниси е самиот Али Ахмети, кој дава амин, а во исто време ги користи своите внуци и синот, за да се збогати уште повеќе на грбот на граѓаните.

[caption id="attachment_653851" align="alignnone" width="640"] Третиот од лево во горниот ред. На фотографијата се и добропознатите командоси на Шарената револуција Замир Мехмеди, Павле Богоевски, Симона Спировска (фото: Твитер)[/caption]

Одговорноста доаѓа за многу кратко, а кога тогаш Али Ахмети ќе мора да се соочи со своите постапки, преку кои тој се богати, а народот осиромашува, стои во соопштението на партијата.

The post Дрин Ахмети е вмешан и како подизведувач на коридорот 8 ? appeared first on Република.

]]>

Кога јавноста ќе помисли дека дното е постигнато, во врска со криминалните активности на ДУИ, тогаш тука е семејството на Али Ахмети, со нови афери, каде се крадат парите на народот, велат во партиското соопштение ОД ВМРО-ДПМНЕ. Во документите кои стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека „Тор Индустриес“, со Дрин Ахмети како сопствeник, е формирана во 2020-та година, за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани од власта во Македонија. „Тор Индустриес“, заедно со уште една фирма од кланот Зајас, е вклучен во изградба на коридорот 8, а договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи.
Покрај коридорот 8, „Тор Индустриес“, фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делницата Извор – Гарски мост. Исто како и на коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги приграбат, според документите доставени до нас, се помеѓу 6 и 9 милиони евра.
Во сите овие ситуации, само блиските роднини на Али Ахмети негуваат претприемачки дух. Очигледно секогаш во позадината, на овие црни бизниси е самиот Али Ахмети, кој дава амин, а во исто време ги користи своите внуци и синот, за да се збогати уште повеќе на грбот на граѓаните. [caption id="attachment_653851" align="alignnone" width="640"] Третиот од лево во горниот ред. На фотографијата се и добропознатите командоси на Шарената револуција Замир Мехмеди, Павле Богоевски, Симона Спировска (фото: Твитер)[/caption] Одговорноста доаѓа за многу кратко, а кога тогаш Али Ахмети ќе мора да се соочи со своите постапки, преку кои тој се богати, а народот осиромашува, стои во соопштението на партијата.

The post Дрин Ахмети е вмешан и како подизведувач на коридорот 8 ? appeared first on Република.

]]>
ДС: Ја повикуваме Владата на Ковачевски и Ахмети да се оди на предвремени парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ds-ja-povikuvame-vladata-na-kovachevski-i-ahmeti-da-se-odi-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Thu, 29 Jun 2023 15:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=656520

Демократскиот сојуз алармира дека последните корупциски скандали за кои јавно предупредуваат и странски дипломати, сведочат за колапс на државата во целина и на институциите, кој е резултат на високиот степен на криминализација и партизација.

Додаваат дека за седум години Владата на СДСМ и ДУИ не спроведе ниту една коренита и системска реформа, а целосно ја блокира работата на МВР, АНБ, АР, Финансиската полиција, УЈП и Финансиското разузнавање.

Деновиве тој хаос излезе на површина, со меѓусебни обвинувања, напади, а резултатот е се да остане и да се одвива како и досега. Ја повикуваме Владата на Ковачевски и Ахмети, наместо да ја замајува јавноста со уставни промени како божемен круцијален предуслов за почнување на преговорите со ЕУ, иако е јасно дека без реформи нема евроинтеграција, да го донесе законот за Македонија да биде една изборна единица и да се оди на предвремени парламентарни избори!“, велат од Демократскиот сојуз.

The post ДС: Ја повикуваме Владата на Ковачевски и Ахмети да се оди на предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз алармира дека последните корупциски скандали за кои јавно предупредуваат и странски дипломати, сведочат за колапс на државата во целина и на институциите, кој е резултат на високиот степен на криминализација и партизација. Додаваат дека за седум години Владата на СДСМ и ДУИ не спроведе ниту една коренита и системска реформа, а целосно ја блокира работата на МВР, АНБ, АР, Финансиската полиција, УЈП и Финансиското разузнавање.
Деновиве тој хаос излезе на површина, со меѓусебни обвинувања, напади, а резултатот е се да остане и да се одвива како и досега. Ја повикуваме Владата на Ковачевски и Ахмети, наместо да ја замајува јавноста со уставни промени како божемен круцијален предуслов за почнување на преговорите со ЕУ, иако е јасно дека без реформи нема евроинтеграција, да го донесе законот за Македонија да биде една изборна единица и да се оди на предвремени парламентарни избори!“, велат од Демократскиот сојуз.

The post ДС: Ја повикуваме Владата на Ковачевски и Ахмети да се оди на предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>
Лимани за „Фокус“: Ги познавам Ахмети, пред 2001 беа сточари и земјоделци на работ на егзистенцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/limani-za-fokus-gi-poznavam-ahmeti-pred-2001-bea-stochari-i-zemjodeltsi-na-rabot-na-egzistentsijata/ Thu, 29 Jun 2023 14:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=656502

Откако внукот од брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети се претстави пред јавноста како успешен млад бизнисмен, другиот внук на првиот човек на ДУИ, поранешен сопартиец, а сега потпретседател на „Беса“, Фатмир Лимани за „Фокус“ вели дека семејството Ахмети пред 2001 година биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенцијата.

Jас ги познавам, фамилија сме, кои биле, колку имале, со што се занимавале пред 2001 година и после. Биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенција, целата фамилија Ахмети, вели Лимани за „Фокус“.

Нивното богатство, според неговите кажувања го стекнале после војната на сомнителен начин и според него сите институции да се ангажираат нема да можат да го најдат крајот на нивниот криминал.

Искористија непотрошени фондови кои останаа после војната во 2001 година, а за кои средства не дадоа конечна информација за потрошениот фонд „Повикува родниот крај“ и „Народното ослободување“, над 5 милиони швајцарски франци, долари и тогашни марки. Ја искористија позицијата на лидерот Али Ахмети при секоја тендерска постапка во сите институции, обвинува Лимани.

Тој вели дека треба да се анализираат постапките за доделување на лиценци за хидроцентрали со капацитет од 1 мегават на Бачишка река и делот на Попова шапка, каде се учесници по други фирми.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

The post Лимани за „Фокус“: Ги познавам Ахмети, пред 2001 беа сточари и земјоделци на работ на егзистенцијата appeared first on Република.

]]>

Откако внукот од брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети се претстави пред јавноста како успешен млад бизнисмен, другиот внук на првиот човек на ДУИ, поранешен сопартиец, а сега потпретседател на „Беса“, Фатмир Лимани за „Фокус“ вели дека семејството Ахмети пред 2001 година биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенцијата.
Jас ги познавам, фамилија сме, кои биле, колку имале, со што се занимавале пред 2001 година и после. Биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенција, целата фамилија Ахмети, вели Лимани за „Фокус“.
Нивното богатство, според неговите кажувања го стекнале после војната на сомнителен начин и според него сите институции да се ангажираат нема да можат да го најдат крајот на нивниот криминал.
Искористија непотрошени фондови кои останаа после војната во 2001 година, а за кои средства не дадоа конечна информација за потрошениот фонд „Повикува родниот крај“ и „Народното ослободување“, над 5 милиони швајцарски франци, долари и тогашни марки. Ја искористија позицијата на лидерот Али Ахмети при секоја тендерска постапка во сите институции, обвинува Лимани.
Тој вели дека треба да се анализираат постапките за доделување на лиценци за хидроцентрали со капацитет од 1 мегават на Бачишка река и делот на Попова шапка, каде се учесници по други фирми. Целото интервју можете да го прочитате тука.

The post Лимани за „Фокус“: Ги познавам Ахмети, пред 2001 беа сточари и земјоделци на работ на егзистенцијата appeared first on Република.

]]>
Владата му дала концесија за мала хидроцентрала на Дрин Ахмети во 2019, кланот Ахмети стануваат мултимилионери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-mu-dala-kontsesija-za-mala-hidrotsentrala-na-drin-ahmeti-vo-2019-klanot-ahmeti-stanuvaat-multimilioneri/ Wed, 28 Jun 2023 07:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=655904

„Дрин Ахмети кога ја добил концесијата за мала хидроцентрала имал само 21 година, и како таков инвестирал 1.2 милиони евра, сега не негови, зошто како што кажа самиот тој само има добри идеи, па како во случајот со Соравиа, плаќаат или банките или други бизнисмени.

И додека народот едвај плаќа сметки за струја, за внукот на Али, Дрин Ахмети плаќаат за да му дадат 39% од бизнис од 30 милиони“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Каменолом за варовник, мала хидроцентрала, 39% од деловниот центар Соравиа, ова се дел од мултимилионските бизниси на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, ова се бизниси стекнати во време кога Али Ахмети е политичка фигура без која владата на СДС не би опстанала ниту ден, појаснуваат од партијата на Мицкоски.

„Али Ахмети е значаен чинител во власта, додека неговиот внук влегува во мултимилионски бизниси. Институциите наместо да си ја префрлаат топката да реагираат“, порачуваат од оваа партија.

The post Владата му дала концесија за мала хидроцентрала на Дрин Ахмети во 2019, кланот Ахмети стануваат мултимилионери appeared first on Република.

]]>

„Дрин Ахмети кога ја добил концесијата за мала хидроцентрала имал само 21 година, и како таков инвестирал 1.2 милиони евра, сега не негови, зошто како што кажа самиот тој само има добри идеи, па како во случајот со Соравиа, плаќаат или банките или други бизнисмени. И додека народот едвај плаќа сметки за струја, за внукот на Али, Дрин Ахмети плаќаат за да му дадат 39% од бизнис од 30 милиони“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Каменолом за варовник, мала хидроцентрала, 39% од деловниот центар Соравиа, ова се дел од мултимилионските бизниси на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, ова се бизниси стекнати во време кога Али Ахмети е политичка фигура без која владата на СДС не би опстанала ниту ден, појаснуваат од партијата на Мицкоски. „Али Ахмети е значаен чинител во власта, додека неговиот внук влегува во мултимилионски бизниси. Институциите наместо да си ја префрлаат топката да реагираат“, порачуваат од оваа партија. „Дрин Ахмети кога ја добил концесијата за мала хидроцентрала имал само 21 година, и како таков инвестирал 1.2 милиони евра, сега не негови, зошто како што кажа самиот тој само има добри идеи, па како во случајот со Соравиа, плаќаат или банките или други бизнисмени. И додека народот едвај плаќа сметки за струја, за внукот на Али, Дрин Ахмети плаќаат за да му дадат 39% од бизнис од 30 милиони“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Каменолом за варовник, мала хидроцентрала, 39% од деловниот центар Соравиа, ова се дел од мултимилионските бизниси на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, ова се бизниси стекнати во време кога Али Ахмети е политичка фигура без која владата на СДС не би опстанала ниту ден, појаснуваат од партијата на Мицкоски. „Али Ахмети е значаен чинител во власта, додека неговиот внук влегува во мултимилионски бизниси. Институциите наместо да си ја префрлаат топката да реагираат“, порачуваат од оваа партија.

The post Владата му дала концесија за мала хидроцентрала на Дрин Ахмети во 2019, кланот Ахмети стануваат мултимилионери appeared first on Република.

]]>
Едниот внук на Ахмети ја купи „Соравиа“, другиот станал дипломат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edniot-vnuk-na-ahmeti-ja-kupi-soravia-drugiot-stanal-diplomat/ Sat, 24 Jun 2023 08:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=654633

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, влезе во фокусот на вниманието откако заедно со албанска фирма купија 90 проценти од бизнис-центарот „Соравиа“.

Тој има неколку компании, а во некои од нив порано бил содружник заедно со неговиот брат Бесиан Ахмети, кој, пак, лани бил вработен Министерството за економија за да ги следи договорите за концеција за минерали.

После нецела година во економија, Бесиан Ахмети заминал во Брисел и бил именуван за прв секретар за продлабочување на економската соработка со земјите од Бенелукс.

The post Едниот внук на Ахмети ја купи „Соравиа“, другиот станал дипломат appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, влезе во фокусот на вниманието откако заедно со албанска фирма купија 90 проценти од бизнис-центарот „Соравиа“. Тој има неколку компании, а во некои од нив порано бил содружник заедно со неговиот брат Бесиан Ахмети, кој, пак, лани бил вработен Министерството за економија за да ги следи договорите за концеција за минерали. После нецела година во економија, Бесиан Ахмети заминал во Брисел и бил именуван за прв секретар за продлабочување на економската соработка со земјите од Бенелукс.

The post Едниот внук на Ахмети ја купи „Соравиа“, другиот станал дипломат appeared first on Република.

]]>
Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претприемач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chichkoto-ahmeti-politichar-vnukot-drin-pretpriemach-na-24-godini-go-kupil-biznis-tsentarot-soravia-koj-chini-skoro-30-milioni-evra/ Sat, 24 Jun 2023 07:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=654601

Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети го купува деловниот објект Соравиа во строгиот центар на Скопје со површина од 15.000м2 во вредност од 30 милиони евра. Младиот олигарх Дрин и неговата фирма Тор Индустриес во партнерство со Павлеку ШПК го купуваат деловниот објект Соравиа Груп, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека Димитар Ковачевски и Али Ахмети ја користат Македонија за лично богатење.

Внукот на Ахмети купува деловен објект, а сопругата на Ковачевски е ко сопственик на фирма за производство на струја. Ковачевски и Ахмети се главните во матните бизнис зделки на власта. Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра. Криминалот на СДС и ДУИ царува во државата, а институциите и понатаму молчат и се прогласуваат за ненадлежни. Токму поради тоа владините функционери на ДУИ се на црната листа на САД.

И наместо да реагира, Димитар Ковачевски само за да опстои на власт го премолчува и овој скандал. Како може младиот Ахмети на 24 годишна возраст да се стекне со бизнис центар кој чини скоро 30 милиони евра?

Прашањето е ако Дрин на 24 години се стекнал со волку скап имот, што може да се очекува за неколку години од сега, да ги поседува сите трговски центри и деловни објекти ширум државата?

ДУИ е криминализирана и мора да замине во опозиција. Ковачевски и Ахмет системски ја уништуваат државата и институциите. Нема само дуизација на системот. ДУИ врши и дуизација на бизнисот, се наведува во партиското соопштение.

The post Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претприемач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети го купува деловниот објект Соравиа во строгиот центар на Скопје со површина од 15.000м2 во вредност од 30 милиони евра. Младиот олигарх Дрин и неговата фирма Тор Индустриес во партнерство со Павлеку ШПК го купуваат деловниот објект Соравиа Груп, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата обвинуваат дека Димитар Ковачевски и Али Ахмети ја користат Македонија за лично богатење.
Внукот на Ахмети купува деловен објект, а сопругата на Ковачевски е ко сопственик на фирма за производство на струја. Ковачевски и Ахмети се главните во матните бизнис зделки на власта. Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра. Криминалот на СДС и ДУИ царува во државата, а институциите и понатаму молчат и се прогласуваат за ненадлежни. Токму поради тоа владините функционери на ДУИ се на црната листа на САД.
И наместо да реагира, Димитар Ковачевски само за да опстои на власт го премолчува и овој скандал. Како може младиот Ахмети на 24 годишна возраст да се стекне со бизнис центар кој чини скоро 30 милиони евра? Прашањето е ако Дрин на 24 години се стекнал со волку скап имот, што може да се очекува за неколку години од сега, да ги поседува сите трговски центри и деловни објекти ширум државата? ДУИ е криминализирана и мора да замине во опозиција. Ковачевски и Ахмет системски ја уништуваат државата и институциите. Нема само дуизација на системот. ДУИ врши и дуизација на бизнисот, се наведува во партиското соопштение.

The post Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претприемач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>