Ахмед Насер ел Раиси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ahmed-naser-el-raisi/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 14:55:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ахмед Насер ел Раиси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ahmed-naser-el-raisi/ 32 32 Раиси погребан во неговиот роден град Машхад во присуство на три милиони граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/raisi-pogreban-vo-negoviot-roden-grad-mashhad-vo-prisustvo-na-tri-milioni-gragani/ Thu, 23 May 2024 14:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=781241

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше погребан денеска во светилиштето на Имам Реза во Машхад, најсветото место за шиитските муслимани во Иран. Според градоначалникот Мохамадреза Каландар Шариф, околу три милиони луѓе присуствувале на погребот во родниот град на Раисија. Авионот со телото на починатиот претседател Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, пристигна претходно денеска на аеродромот Хашеминеџад во Машхад.

Голем број луѓе и група слуги на светилиштето на Имам Реза се собраа на аеродромот во Машхад за да му оддадат почит на маченичкиот претседател, јавува иранската новинска агенција ИРНА.

На погребот присуствуваа високи ирански претставници, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи, како и претставници на Ирак, Авганистан, Турција, Туркменистан и Саудиска Арабија.

Тридневните погребни ритуали за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси започнаа во вторникот во градот Табриз во иранската провинција Источен Азербејџан. Телото на Раиси потоа беше пренесено во Техеран и Бирџанд, каде луѓето му оддадоа почит на претседателот.

Во Иран е прогласена петдневна жалост поради смртта на Раиси. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други официјални лица загинаа кога хеликоптер се урна на 19 мај во северозападниот дел на Иран.

Во несреќата загинаа и двајца телохранители, двајца пилоти и еден член на екипажот, јави Ирна.

The post Раиси погребан во неговиот роден град Машхад во присуство на три милиони граѓани appeared first on Република.

]]>

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше погребан денеска во светилиштето на Имам Реза во Машхад, најсветото место за шиитските муслимани во Иран. Според градоначалникот Мохамадреза Каландар Шариф, околу три милиони луѓе присуствувале на погребот во родниот град на Раисија. Авионот со телото на починатиот претседател Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, пристигна претходно денеска на аеродромот Хашеминеџад во Машхад. Голем број луѓе и група слуги на светилиштето на Имам Реза се собраа на аеродромот во Машхад за да му оддадат почит на маченичкиот претседател, јавува иранската новинска агенција ИРНА. На погребот присуствуваа високи ирански претставници, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи, како и претставници на Ирак, Авганистан, Турција, Туркменистан и Саудиска Арабија. Тридневните погребни ритуали за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси започнаа во вторникот во градот Табриз во иранската провинција Источен Азербејџан. Телото на Раиси потоа беше пренесено во Техеран и Бирџанд, каде луѓето му оддадоа почит на претседателот. Во Иран е прогласена петдневна жалост поради смртта на Раиси. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други официјални лица загинаа кога хеликоптер се урна на 19 мај во северозападниот дел на Иран. Во несреќата загинаа и двајца телохранители, двајца пилоти и еден член на екипажот, јави Ирна.

The post Раиси погребан во неговиот роден град Машхад во присуство на три милиони граѓани appeared first on Република.

]]>