агино село Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agino-selo/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 09:58:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png агино село Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agino-selo/ 32 32 Општина Куманово ги демантира обвинувањата од министерот Шаќири дека не аплицирала за училиштето во Агино Село https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-kumanovo-gi-demantira-obvinuvanata-od-ministerot-shakiri-deka-ne-aplitsirala-za-uchilishteto-vo-agino-selo/ Wed, 06 Sep 2023 09:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=679268

Општина Куманово ги отфрла и демантира обвинувањата од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири дека Општина Куманово нема аплицирано за добивање на средства за реконструкција на основното училиште во Агино Село, каде што родителите во знак на револт не ги пуштија своите деца на првиот училишен ден.

Како што соопштија, Општина Куманово има аплицирано по јавниот повик на МОН за финансирање на објекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на основни и средни училишта со Бр. 09-7738/1 од 30 јуни 2022 година.

До Општина Куманово стигна барање од Совет на родители при ООУ „Кирил и Методиј” – с.Романовце, ПУ Агино Село и месна заедница Агино Село со архивски број на училиште 03-119 од 03.07.2023, со наш архивски Бр. 22 5240/1 од 03.07.2023 за најавен бојкот на настава за учебна 2023/2024 година и истото е препратено на министерот Јетон Шаќири со наш арх. Бр. 22 5240/2 од 05.07.2023 и со потсетување од наша страна дека ние како Општина Куманово имаме аплицирано за реконструкција на училишниот објект уште во 2022 година.
До МОН имаме доставено предмет барање информации по јавен повик за изградба, доградба, надградба и реконструкција на основни и средни училишта со бр.22-5279/1 од 05.07.2022. Барањето е доставено за добивање на информација, дали аплицираниот проект е веќе рангиран, односно, дали е извршен негов избор поради начелото на итност на постапката. До сега немаме добиено никаков одговор, туку само усмени ветувања од министерот Шаќири дека проектот ќе биде реализиран, стои во соопштението од општина Куманово.

The post Општина Куманово ги демантира обвинувањата од министерот Шаќири дека не аплицирала за училиштето во Агино Село appeared first on Република.

]]>

Општина Куманово ги отфрла и демантира обвинувањата од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири дека Општина Куманово нема аплицирано за добивање на средства за реконструкција на основното училиште во Агино Село, каде што родителите во знак на револт не ги пуштија своите деца на првиот училишен ден. Како што соопштија, Општина Куманово има аплицирано по јавниот повик на МОН за финансирање на објекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на основни и средни училишта со Бр. 09-7738/1 од 30 јуни 2022 година.
До Општина Куманово стигна барање од Совет на родители при ООУ „Кирил и Методиј” – с.Романовце, ПУ Агино Село и месна заедница Агино Село со архивски број на училиште 03-119 од 03.07.2023, со наш архивски Бр. 22 5240/1 од 03.07.2023 за најавен бојкот на настава за учебна 2023/2024 година и истото е препратено на министерот Јетон Шаќири со наш арх. Бр. 22 5240/2 од 05.07.2023 и со потсетување од наша страна дека ние како Општина Куманово имаме аплицирано за реконструкција на училишниот објект уште во 2022 година. До МОН имаме доставено предмет барање информации по јавен повик за изградба, доградба, надградба и реконструкција на основни и средни училишта со бр.22-5279/1 од 05.07.2022. Барањето е доставено за добивање на информација, дали аплицираниот проект е веќе рангиран, односно, дали е извршен негов избор поради начелото на итност на постапката. До сега немаме добиено никаков одговор, туку само усмени ветувања од министерот Шаќири дека проектот ќе биде реализиран, стои во соопштението од општина Куманово.

The post Општина Куманово ги демантира обвинувањата од министерот Шаќири дека не аплицирала за училиштето во Агино Село appeared first on Република.

]]>