Агенција за туризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-turizam/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Dec 2022 12:43:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Агенција за туризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-turizam/ 32 32 Во 2022 година се живеело од туризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-2022-godina-se-ziveelo-od-turizam/ Thu, 22 Dec 2022 19:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=588808

Со веќе остварените 2,6 милиони ноќевања во првите 10 месеци од годинава, туристичкиот сектор успеа да ја постигне поставената цел за 2022 година, а до крајот на годинава се очекува да има повеќе од 2,8 милиони ноќевања, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Во првите три квартали од 2022 година девизниот прилив од туристички промет е 376,48 милиони долари, што е за 25 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Се очекува вкупниот туристички промет за 2022 година да изнесува 430 милиони долари, рече Јаневски на денешната прес-конференција.

Со тоа, како што истакна тој, нашата земја е во првите 10 дестинации според девизниот прилив од туризмот, согласно податоците од Светската туристичка организација (УНВТО). Јаневски нагласи дека бројот на домашни туристи е во континуиран пораст и во 2022 година изнесува 45 отсто. Најголем број на странските туристи, дури 32 отсто, пак, доаѓа од целните групи на АППТ, односно од Србија, Албанија, Косово, Турција, Бугарија, Хрватска и Полска.

За да успееме треба да бидеме многу повеќе од упорни, оваа година ја заокружуваме со 90,5 отстотна реализација на програмските активности на Агенцијата за туризам. Ме радуваат новите авионски линии, Белград – Охрид, Измир – Скопје, Анкара – Скопје, Манчестер – Охрид, Тел Авив – Скопје, Тел Авив – Охрид, Варшава – Охрид, Минхен, Франкфурт и Берлин – Скопје. Ова значи дополнителен раст на бројот на туристи и одличен почеток на 2023 година, но туризмот не е спринт на 100 метри, туку маратон, посочи Јаневски.

Како што нагласи тој, една од целите на македонскиот туристички сектор за 2023 година е бројот на ноќевања од стратешки важните туристички пазари да биде поголем отколку во претпандемиската 2019 година.

Првиот квартал од 2023 година е значаен во насока на зајакната промоција и саемско претставување на државава. Интернационалните саемски манифестации Фитур – Мадрид, ЕМИТ – Истанбул и ИТБ – Берлин се место каде се договараат информативни патувања, нови авионски линии, бизнис средби кои се отскочна даска за понатамошна соработка и развивање и практикување на нови форми на туристичка понуда и промоција, рече Јаневски.

Македонскиот туристички потенцијал, со акцент на активниот туризам и локации кои се доволно атрактивни за да привлечат што повеќе туристи, во наредната 2023 година, додаде тој, ќе се промовираат преку новите видеа и брошури, кои Агенцијата за туризам ги реализираше како концепт кој има влијание во туристичката промоција.

Изработени се брошури и видео материјали за ТОП 20 туристички атракции во земјава и материјали за Национални паркови и заштитени подрачја, како и за локации погодни за дигитални номади, луѓе со авантуристички дух, кои сакаат да запознаваат нови места и култури, сакаат да патуваат, посочи Јаневски.

Како проблем за поголемо и подобро туристичко претставување на земјава го истакна континуираното намалување на буџетот на АППТ. Поради ограничени средства, потенцира Јаневски, АППТ следната година ќе ја промовира земјава само на саемите во Мадрид, Истанбул и Берлин, а нема да учествува на осум други саеми меѓу кои и саемот во Белград иако во последниве години бројот на српски туристи годишно се зголемува за околу 30 отсто.

Крајно време, како што рече тој, е во земјава да се формира туристичка инспекција и туристичка полиција по примерот на развиените туристички дестинации.

The post Во 2022 година се живеело од туризам appeared first on Република.

]]>

Со веќе остварените 2,6 милиони ноќевања во првите 10 месеци од годинава, туристичкиот сектор успеа да ја постигне поставената цел за 2022 година, а до крајот на годинава се очекува да има повеќе од 2,8 милиони ноќевања, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.
Во првите три квартали од 2022 година девизниот прилив од туристички промет е 376,48 милиони долари, што е за 25 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Се очекува вкупниот туристички промет за 2022 година да изнесува 430 милиони долари, рече Јаневски на денешната прес-конференција.
Со тоа, како што истакна тој, нашата земја е во првите 10 дестинации според девизниот прилив од туризмот, согласно податоците од Светската туристичка организација (УНВТО). Јаневски нагласи дека бројот на домашни туристи е во континуиран пораст и во 2022 година изнесува 45 отсто. Најголем број на странските туристи, дури 32 отсто, пак, доаѓа од целните групи на АППТ, односно од Србија, Албанија, Косово, Турција, Бугарија, Хрватска и Полска.
За да успееме треба да бидеме многу повеќе од упорни, оваа година ја заокружуваме со 90,5 отстотна реализација на програмските активности на Агенцијата за туризам. Ме радуваат новите авионски линии, Белград – Охрид, Измир – Скопје, Анкара – Скопје, Манчестер – Охрид, Тел Авив – Скопје, Тел Авив – Охрид, Варшава – Охрид, Минхен, Франкфурт и Берлин – Скопје. Ова значи дополнителен раст на бројот на туристи и одличен почеток на 2023 година, но туризмот не е спринт на 100 метри, туку маратон, посочи Јаневски.
Како што нагласи тој, една од целите на македонскиот туристички сектор за 2023 година е бројот на ноќевања од стратешки важните туристички пазари да биде поголем отколку во претпандемиската 2019 година.
Првиот квартал од 2023 година е значаен во насока на зајакната промоција и саемско претставување на државава. Интернационалните саемски манифестации Фитур – Мадрид, ЕМИТ – Истанбул и ИТБ – Берлин се место каде се договараат информативни патувања, нови авионски линии, бизнис средби кои се отскочна даска за понатамошна соработка и развивање и практикување на нови форми на туристичка понуда и промоција, рече Јаневски.
Македонскиот туристички потенцијал, со акцент на активниот туризам и локации кои се доволно атрактивни за да привлечат што повеќе туристи, во наредната 2023 година, додаде тој, ќе се промовираат преку новите видеа и брошури, кои Агенцијата за туризам ги реализираше како концепт кој има влијание во туристичката промоција.
Изработени се брошури и видео материјали за ТОП 20 туристички атракции во земјава и материјали за Национални паркови и заштитени подрачја, како и за локации погодни за дигитални номади, луѓе со авантуристички дух, кои сакаат да запознаваат нови места и култури, сакаат да патуваат, посочи Јаневски.
Како проблем за поголемо и подобро туристичко претставување на земјава го истакна континуираното намалување на буџетот на АППТ. Поради ограничени средства, потенцира Јаневски, АППТ следната година ќе ја промовира земјава само на саемите во Мадрид, Истанбул и Берлин, а нема да учествува на осум други саеми меѓу кои и саемот во Белград иако во последниве години бројот на српски туристи годишно се зголемува за околу 30 отсто. Крајно време, како што рече тој, е во земјава да се формира туристичка инспекција и туристичка полиција по примерот на развиените туристички дестинации.

The post Во 2022 година се живеело од туризам appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за туризам започна Еко кампања за дестинации без отпад https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/agencijata-za-turizam-zapochna-eko-kampanja-za-destinacii-bez-otpad/ Fri, 22 Jul 2022 13:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=532191

Агенцијата за туризам (АППТ) од денеска почнува еко кампања за дестинации без отпад во нашата држава. Кампањата ќе трае до 1 ноември, преку фејсбук и инстаграм профилите на Агенцијата, и ќе бидат промовирани 30 дестинации под хаштазите #ЧистоКакоДома #PastërSiNëShtëpi.

– Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот континуирано го поддржува развојот на еко туризмот и растот на одржливите форми на туризам, паралелно со зачувување на природата и животната средина.
Во постојаната комуникација со туристичкиот сектор и локалната власт ја согледавме потребата од подигање на јавната еколошка свест и придобивките од истата, во контекст на чисти туристички дестинации, соопштија од Агенцијата.

Во првата фаза за подигање на еколошката свест за чиста животната средина, како што наведуваат, ќе се обидат да допрат до граѓаните со креативните решенија и повикувачки слогани: „Дестинација која не е погодна за одгледување пластика на плажите!“, „Искорнете го ѓубрето, не вреди да се гази!“, „На улици не се сее ѓубре, засади дрво за град кој диши!“.

Во втората фаза од еко кампањата влијателни луѓе од јавниот живот преку кратки видеа од одредена дестинација, со своите позитивни примери ќе допрат до граѓаните. Во третата фаза вработените во секторите на АППТ во соработка со локалната самоуправа и граѓаните со индивидуални акции ќе ги пошумуваат опожарените туристички локации во државата.

– Ги повикувам сите заинтересирани институции, туристички работници и еколошко свесни граѓани да ја споделат иницијативата за промовирање на дестинации без отпад. Ајде сите заедно да ја смениме перцепцијата за нашата држава, да биде препознаена од странските туристи како чиста и еколошки одржлива дестинација. Странските туристи не се главните загадувачи на дестинациите кои ги посетуваат, мораме да си признаеме дека отпадот не е донесен од друга планета, изјави директорот на АППТ Љупчо Јаневски.

The post Агенцијата за туризам започна Еко кампања за дестинации без отпад appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за туризам (АППТ) од денеска почнува еко кампања за дестинации без отпад во нашата држава. Кампањата ќе трае до 1 ноември, преку фејсбук и инстаграм профилите на Агенцијата, и ќе бидат промовирани 30 дестинации под хаштазите #ЧистоКакоДома #PastërSiNëShtëpi. – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот континуирано го поддржува развојот на еко туризмот и растот на одржливите форми на туризам, паралелно со зачувување на природата и животната средина. Во постојаната комуникација со туристичкиот сектор и локалната власт ја согледавме потребата од подигање на јавната еколошка свест и придобивките од истата, во контекст на чисти туристички дестинации, соопштија од Агенцијата. Во првата фаза за подигање на еколошката свест за чиста животната средина, како што наведуваат, ќе се обидат да допрат до граѓаните со креативните решенија и повикувачки слогани: „Дестинација која не е погодна за одгледување пластика на плажите!“, „Искорнете го ѓубрето, не вреди да се гази!“, „На улици не се сее ѓубре, засади дрво за град кој диши!“. Во втората фаза од еко кампањата влијателни луѓе од јавниот живот преку кратки видеа од одредена дестинација, со своите позитивни примери ќе допрат до граѓаните. Во третата фаза вработените во секторите на АППТ во соработка со локалната самоуправа и граѓаните со индивидуални акции ќе ги пошумуваат опожарените туристички локации во државата. – Ги повикувам сите заинтересирани институции, туристички работници и еколошко свесни граѓани да ја споделат иницијативата за промовирање на дестинации без отпад. Ајде сите заедно да ја смениме перцепцијата за нашата држава, да биде препознаена од странските туристи како чиста и еколошки одржлива дестинација. Странските туристи не се главните загадувачи на дестинациите кои ги посетуваат, мораме да си признаеме дека отпадот не е донесен од друга планета, изјави директорот на АППТ Љупчо Јаневски.

The post Агенцијата за туризам започна Еко кампања за дестинации без отпад appeared first on Република.

]]>