Агенција за супервизија на осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-supervizija-na-osiguruvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 16:58:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Агенција за супервизија на осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-supervizija-na-osiguruvanje/ 32 32 Директорот на АСО, Шајновски, го злоупотребува службениот автомобил?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-aso-shajnovski-go-zloupotrebuva-sluzhbeniot-avtomobil/ Tue, 27 Aug 2024 16:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=810675

Крсте Шајноски, директорот на поранешниот премиер Зоран Заев и претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето го користи службениот автомобил за приватни цели, тврдат извори на Република. До нашата редакција пристигна фотогрфија од возилото на Шајноски, а се тврди дека тој со службена кола бил на вежбање во една приватна фитнес сала. Според тврдењата директорот на АСО со државната шкода се паркирал и заминал на вежбање.


Пред две години антикорупционерите дојдоа до заклучок дека функционерите ги злоупотребуваат автомобилите кои им се дадени на располагање за работа, ги користат за приватни цели, одење по одмори, теретани и кафулиња. Тие тогаш до Владата испратија препорака, сите државни возила во земјава, без исклучок, да имаат обоени црвени таблички, со цел да се обесхрабрат функционерите бесрамно да трошат народни ресурси. Но до денеска не е преземено ништо во однос на препораката на ДКСК.

The post Директорот на АСО, Шајновски, го злоупотребува службениот автомобил?! appeared first on Република.

]]>

Крсте Шајноски, директорот на поранешниот премиер Зоран Заев и претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето го користи службениот автомобил за приватни цели, тврдат извори на Република. До нашата редакција пристигна фотогрфија од возилото на Шајноски, а се тврди дека тој со службена кола бил на вежбање во една приватна фитнес сала. Според тврдењата директорот на АСО со државната шкода се паркирал и заминал на вежбање. Пред две години антикорупционерите дојдоа до заклучок дека функционерите ги злоупотребуваат автомобилите кои им се дадени на располагање за работа, ги користат за приватни цели, одење по одмори, теретани и кафулиња. Тие тогаш до Владата испратија препорака, сите државни возила во земјава, без исклучок, да имаат обоени црвени таблички, со цел да се обесхрабрат функционерите бесрамно да трошат народни ресурси. Но до денеска не е преземено ништо во однос на препораката на ДКСК.

The post Директорот на АСО, Шајновски, го злоупотребува службениот автомобил?! appeared first on Република.

]]>
Македонските граѓани дале 43 милиони евра за задолжително осигурување на своите автомобили https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskite-gragani-dale-43-milioni-evra-za-zadolzhitelno-osiguruvane-na-svoite-avtomobili/ Thu, 11 Jul 2024 09:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=795709

Сопствениците на возила, во првата половина од годинава, вложиле 43,1 милиони евра во задолжително oсигурување од автомобилска одговорност и во зелена карта. Во осигурувањето за возење во странство (популарно познато како зелена карта) граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци.

Осигурени се речиси 351.000 возила во периодот јануари – јуни годинава, а вкупниот број возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност лани е зголемен за 6,3 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци од Националното биро за осигурување доставени до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Сите 12 осигурителни компании во првите шест месеци издале над 468.000 полиси за осигурување и за превземање на ризиците наплатиле 2,65 милијарди денари или 43,1 милиони евра.

Податоците на Националното биро за осигурување покажуваат дека бизнисот со осигурување од автомобилска одговорност во првата половина годинава пораснал за шест отсто во споредба со истиот период лани.

Секое трето осигурано возило има и зелен картон – осигурување кое овозможува возење во странство. Во првите шест месеци сите 12 осигурителни компании издале повеќе од 117.000 зелени карти. Бројот на издадени зелени карти лани е за два отсто помал од бројот на издадени зелени карти во истиот период лани, но, од друга страна вложувањата во зелена карта годинава се за 4,5 отсто повисоки од истиот период лани.

Минатата година, вкупно се купени 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство, а во осигурувањето од автомобилска одговорност вложени се 5,33 милијарди денари  или 86,75 милиони евра.

Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека со Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените на автомобилското осигурување што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ

The post Македонските граѓани дале 43 милиони евра за задолжително осигурување на своите автомобили appeared first on Република.

]]>

Сопствениците на возила, во првата половина од годинава, вложиле 43,1 милиони евра во задолжително oсигурување од автомобилска одговорност и во зелена карта. Во осигурувањето за возење во странство (популарно познато како зелена карта) граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци. Осигурени се речиси 351.000 возила во периодот јануари – јуни годинава, а вкупниот број возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност лани е зголемен за 6,3 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци од Националното биро за осигурување доставени до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Сите 12 осигурителни компании во првите шест месеци издале над 468.000 полиси за осигурување и за превземање на ризиците наплатиле 2,65 милијарди денари или 43,1 милиони евра. Податоците на Националното биро за осигурување покажуваат дека бизнисот со осигурување од автомобилска одговорност во првата половина годинава пораснал за шест отсто во споредба со истиот период лани. Секое трето осигурано возило има и зелен картон – осигурување кое овозможува возење во странство. Во првите шест месеци сите 12 осигурителни компании издале повеќе од 117.000 зелени карти. Бројот на издадени зелени карти лани е за два отсто помал од бројот на издадени зелени карти во истиот период лани, но, од друга страна вложувањата во зелена карта годинава се за 4,5 отсто повисоки од истиот период лани. Минатата година, вкупно се купени 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство, а во осигурувањето од автомобилска одговорност вложени се 5,33 милијарди денари  или 86,75 милиони евра. Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека со Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените на автомобилското осигурување што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ

The post Македонските граѓани дале 43 милиони евра за задолжително осигурување на своите автомобили appeared first on Република.

]]>
Граѓаните се жалеле за основата по која компаниите исплаќаат штети и на рокот за обесштетување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gragjanite-se-zalele-za-osnovata-po-koja-kompaniite-isplakjaat-shteti-i-na-rokot-za-obesshtetuvanje/ Wed, 17 Aug 2022 13:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=541292

Во првото полугодие годинава најбројни се претставките исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот. Најголем раст има кај бројот на претставки со кои осигурениците се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите, покажуваат анализите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Оттаму денеска информираа дека добиле 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителните компании и брокерските друштва во првите шест месеци од годинава, а бројот на претставки по кои постапувале се зголемил за 65 проценти во споредба со истиот период лани.

Врз основа на обработените претставки, утврдиле пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што им изрекле и парични казни. Осигурениците во овој период најчесто се жалеле на остварување на правата за обештетување по полиси од автомобилската одговорност и од осигурување имот.

-Во корист на осигурениците АСО реши 21 претставка и тоа е за 31 отсто повеќе од истиот период минатата година. Очекувано, најголем број, односно 12 од позитивно решените претставки се кај осигурувањето од автомобилска одговорност, најмасовната класа осигурување. Во корист на осигуреници се решени четири претставки за осигуран имот, две претставки за осигурување од незгода и по една поплака за приватно здравствено осигурување, за осигурување живот и за каско осигурување, стои во соопштението.

Во процес на решавање се 23 претставки, а 16 се повлечени од подносителите. Во 16 случаи, АСО утврдил дека поднесоците се без основа, а негативно се решени 59 од обработените претставки.

Според АСО, што се однесува до видот на осигурување, очекувано, осигурениците најчесто се жалеле на услуги во најмасовната класа – автомобилско осигурување. Од оваа класа осигурување, АСО обработил 47 претставки меѓу кои најбројни односно 26 поплаки се за постапки за обештетување преку пополнување Европски извештај.

Во првото полугодие поднесени се 26 претставки за осигуран имот. Кај оваа класа има најголем раст на поднесени претставки во однос на истиот период лани и тој изнесува 160 отсто. Најчеста причина за поднесена претставка во овој период е основата по која компаниите исплаќаат штети. За првите шест месеци се примени 50 такви претставки.

Најголем раст на поплаките се заради рокот во кој компаниите ги обработуваат пријавените штети од осигуреници. За овие шест месеци има 23, а за истиот период лани имало само четири такви претставки.

Бројот на осигуреници - физички лица кои поднеле претставки е зголемен за 58 отсто и изнесува 106.

Во овој период, 22 правни лица поднеле претставки за услугите од нивните осигурители. Бројот на претставки поднесени од осигуреници – правни лица, годинава во однос на лани, е поголем за 47 отсто.

Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. Од Агенцијата потсетуваат дека не разледуваат анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.

The post Граѓаните се жалеле за основата по која компаниите исплаќаат штети и на рокот за обесштетување appeared first on Република.

]]>

Во првото полугодие годинава најбројни се претставките исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот. Најголем раст има кај бројот на претставки со кои осигурениците се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите, покажуваат анализите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Оттаму денеска информираа дека добиле 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителните компании и брокерските друштва во првите шест месеци од годинава, а бројот на претставки по кои постапувале се зголемил за 65 проценти во споредба со истиот период лани. Врз основа на обработените претставки, утврдиле пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што им изрекле и парични казни. Осигурениците во овој период најчесто се жалеле на остварување на правата за обештетување по полиси од автомобилската одговорност и од осигурување имот.
-Во корист на осигурениците АСО реши 21 претставка и тоа е за 31 отсто повеќе од истиот период минатата година. Очекувано, најголем број, односно 12 од позитивно решените претставки се кај осигурувањето од автомобилска одговорност, најмасовната класа осигурување. Во корист на осигуреници се решени четири претставки за осигуран имот, две претставки за осигурување од незгода и по една поплака за приватно здравствено осигурување, за осигурување живот и за каско осигурување, стои во соопштението.
Во процес на решавање се 23 претставки, а 16 се повлечени од подносителите. Во 16 случаи, АСО утврдил дека поднесоците се без основа, а негативно се решени 59 од обработените претставки. Според АСО, што се однесува до видот на осигурување, очекувано, осигурениците најчесто се жалеле на услуги во најмасовната класа – автомобилско осигурување. Од оваа класа осигурување, АСО обработил 47 претставки меѓу кои најбројни односно 26 поплаки се за постапки за обештетување преку пополнување Европски извештај. Во првото полугодие поднесени се 26 претставки за осигуран имот. Кај оваа класа има најголем раст на поднесени претставки во однос на истиот период лани и тој изнесува 160 отсто. Најчеста причина за поднесена претставка во овој период е основата по која компаниите исплаќаат штети. За првите шест месеци се примени 50 такви претставки. Најголем раст на поплаките се заради рокот во кој компаниите ги обработуваат пријавените штети од осигуреници. За овие шест месеци има 23, а за истиот период лани имало само четири такви претставки. Бројот на осигуреници - физички лица кои поднеле претставки е зголемен за 58 отсто и изнесува 106. Во овој период, 22 правни лица поднеле претставки за услугите од нивните осигурители. Бројот на претставки поднесени од осигуреници – правни лица, годинава во однос на лани, е поголем за 47 отсто. Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. Од Агенцијата потсетуваат дека не разледуваат анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.

The post Граѓаните се жалеле за основата по која компаниите исплаќаат штети и на рокот за обесштетување appeared first on Република.

]]>
АСО: Решивме четири пати повеќе претставки во корист на осигуреници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aso-reshivme-chetiri-pati-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici/ Tue, 17 May 2022 10:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=503292

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци од годинава разгледа 52 претставки од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на претставки по кои АСО постапува во првиот квартал годинава е зголемен тројно во споредба со истиот период лани кога стручните лица на АСО постапувале по 17 претставки, информираат од Агенцијата.

Од поднесените претставки 47 се поднесени од граѓани, а 15 од правни лица. Од граѓаните кои поднеле претставки 13 користеле услуги на адвокат – застапник.

-Во периодот јануари – март до АСО стигнале вкупно 62 претставки од осигуреници. Од нив шест биле без основ за разгледување, а подносителите во четири случаи ги повлекле своите претставки. Од вкупно 52 случаи по кои постапувал АСО во корист на осигуреници се решени осум претставки и тоа е за четири пати повеќе од истиот период лани. Во процес на постапување се 18 претставки, а негативно се решени 26 поплаки на осигуреници, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување.

Како што посочуваат, најчесто осигурениците се жалеле на услугата европски извештај при решавање на штети во сообраќајот. Од вкупно 27 поплаки за решавање штети од автомобилска одговорност (најголемата и задолжителна осигурителна класа) дури 19 претставки се заради постапување на осигурителните компании по европскиот извештај за штети. Во споредба со истиот период лани, оваа година на таа услуга се пожалиле четири пати повеќе осигуреници.

Значаен раст на поплаки, додаваат, има и кај осигурувањето имот – најголемата доброволна осигурителна класа. Стручните лица на АСО примиле 13 претставки од осигуреници и тоа е двојно повеќе од истиот период во 2021 година.

-Во однос на причината поради која се жалат осигуреници најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 20 такви претставки и тоа е за 53 отсто повеќе од истиот квартал во 2021 година. Најзначајно зголемување на бројот на претставки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крај на март се поднесени 16 претставки за обработка на штета, а лани истиот период биле поднесени четири пати помалку поплаки по оваа основа, прецизираат од АСО.

За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 15 осигуреници.

-Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета, потенцираат од Агенцијата за супервизија на осигурување.

The post АСО: Решивме четири пати повеќе претставки во корист на осигуреници appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци од годинава разгледа 52 претставки од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на претставки по кои АСО постапува во првиот квартал годинава е зголемен тројно во споредба со истиот период лани кога стручните лица на АСО постапувале по 17 претставки, информираат од Агенцијата. Од поднесените претставки 47 се поднесени од граѓани, а 15 од правни лица. Од граѓаните кои поднеле претставки 13 користеле услуги на адвокат – застапник. -Во периодот јануари – март до АСО стигнале вкупно 62 претставки од осигуреници. Од нив шест биле без основ за разгледување, а подносителите во четири случаи ги повлекле своите претставки. Од вкупно 52 случаи по кои постапувал АСО во корист на осигуреници се решени осум претставки и тоа е за четири пати повеќе од истиот период лани. Во процес на постапување се 18 претставки, а негативно се решени 26 поплаки на осигуреници, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување. Како што посочуваат, најчесто осигурениците се жалеле на услугата европски извештај при решавање на штети во сообраќајот. Од вкупно 27 поплаки за решавање штети од автомобилска одговорност (најголемата и задолжителна осигурителна класа) дури 19 претставки се заради постапување на осигурителните компании по европскиот извештај за штети. Во споредба со истиот период лани, оваа година на таа услуга се пожалиле четири пати повеќе осигуреници. Значаен раст на поплаки, додаваат, има и кај осигурувањето имот – најголемата доброволна осигурителна класа. Стручните лица на АСО примиле 13 претставки од осигуреници и тоа е двојно повеќе од истиот период во 2021 година. -Во однос на причината поради која се жалат осигуреници најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 20 такви претставки и тоа е за 53 отсто повеќе од истиот квартал во 2021 година. Најзначајно зголемување на бројот на претставки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крај на март се поднесени 16 претставки за обработка на штета, а лани истиот период биле поднесени четири пати помалку поплаки по оваа основа, прецизираат од АСО. За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 15 осигуреници. -Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета, потенцираат од Агенцијата за супервизија на осигурување.

The post АСО: Решивме четири пати повеќе претставки во корист на осигуреници appeared first on Република.

]]>
Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/brojot-na-gragjani-koi-imaat-privatno-zdravstveno-osiguruvanje-lani-se-zgolemil-za-60-otsto/ Fri, 04 Mar 2022 09:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=467626

Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто и надмина 182.000 осигурени лица. Приватното здравствено осигурување останува најбрзо растечки осигурителен производ од појавата на здравствената пандемија до сега. Лани се склучени повеќе од 18.000 договори за приватно здравствено осигурување со што бројот на активни договори за оваа осигурителна класа надмина 62.000, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Во приватно здравствено осигурување вложуваат граѓани лично, но и компании кои плаќаат осигурување за нивните вработени да можат да користат спектар од медицински услуги на приватните болници во земјава.

Оваа осигурителна класа овозможува осигурителните компании да покриваат трошоци за прегледи, третмани, интервенции и различни медицински услуги кои ги нудат приватните болници во земјава. За покривање на такви трошоци во приватното здравство 10 осигурителни компании за неживотно осигурување лани од осигуреници наплатиле вкупно 405 милиони денари (6,6 мил.евра). Минатата година вложувањата во приватно здравствено осигурување пораснале за 48 отсто (2,1 мил.евра) во споредба со 2020 година.

Осигурителните компании лани исплатиле над 23.000 штети т.е. барања за покривање на трошоци на осигурени граѓани за медицински услуги покриени со приватното здравствено осигурување. Бројот на барања за покривање на трошоци покриени со приватно здравствено осигурување лани е удвоен во споредба со 2020 година. Девет осигурителни компании за неживотно осигурување лани исплатиле над 211 милиони денари (3,4 мил.евра) трошоци за медицински услуги покриени со полисите за приватно здравствено осигурување. Износот на исплатени средства за покривање медицински трошоци лани е удвоен во однос на 2020 година.

Девет компании за осигурување неживот лани исплаќале штети за здравствено осигурување и тие се: „Кроација осигурување – неживот“, „Триглав Осигурување“, „Еуролинк“, „Еуроинс осигурување“, АДОР „Македонија осигурување ВИГ“, „Сава осигурување“, „Уника“ „Халк Осигурување“ и „Винер ВИГ“ . Најголемата исплатена штета за активирано здравствено осигурување, поединечно по компанија, се движи во распон од 277.000 денари до 615.000 денари (од 4.500 евра до 10.000 евра).

Приватното здравствено осигурување овозможува прегледи, лекувања, интервенции и други здравствени услуги во приватно здравство.

Дополнително оваа осигурителна класа индиректно го намалува притисокот и врз јавните здравствени установи така што овие осигуреници имаат покритие да користат услуги од приватните болници. При тоа медицинските услуги се финансираат од осигурителните компании, а не од државниот буџет.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

The post Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто appeared first on Република.

]]>

Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто и надмина 182.000 осигурени лица. Приватното здравствено осигурување останува најбрзо растечки осигурителен производ од појавата на здравствената пандемија до сега. Лани се склучени повеќе од 18.000 договори за приватно здравствено осигурување со што бројот на активни договори за оваа осигурителна класа надмина 62.000, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување. Во приватно здравствено осигурување вложуваат граѓани лично, но и компании кои плаќаат осигурување за нивните вработени да можат да користат спектар од медицински услуги на приватните болници во земјава. Оваа осигурителна класа овозможува осигурителните компании да покриваат трошоци за прегледи, третмани, интервенции и различни медицински услуги кои ги нудат приватните болници во земјава. За покривање на такви трошоци во приватното здравство 10 осигурителни компании за неживотно осигурување лани од осигуреници наплатиле вкупно 405 милиони денари (6,6 мил.евра). Минатата година вложувањата во приватно здравствено осигурување пораснале за 48 отсто (2,1 мил.евра) во споредба со 2020 година. Осигурителните компании лани исплатиле над 23.000 штети т.е. барања за покривање на трошоци на осигурени граѓани за медицински услуги покриени со приватното здравствено осигурување. Бројот на барања за покривање на трошоци покриени со приватно здравствено осигурување лани е удвоен во споредба со 2020 година. Девет осигурителни компании за неживотно осигурување лани исплатиле над 211 милиони денари (3,4 мил.евра) трошоци за медицински услуги покриени со полисите за приватно здравствено осигурување. Износот на исплатени средства за покривање медицински трошоци лани е удвоен во однос на 2020 година. Девет компании за осигурување неживот лани исплаќале штети за здравствено осигурување и тие се: „Кроација осигурување – неживот“, „Триглав Осигурување“, „Еуролинк“, „Еуроинс осигурување“, АДОР „Македонија осигурување ВИГ“, „Сава осигурување“, „Уника“ „Халк Осигурување“ и „Винер ВИГ“ . Најголемата исплатена штета за активирано здравствено осигурување, поединечно по компанија, се движи во распон од 277.000 денари до 615.000 денари (од 4.500 евра до 10.000 евра). Приватното здравствено осигурување овозможува прегледи, лекувања, интервенции и други здравствени услуги во приватно здравство. Дополнително оваа осигурителна класа индиректно го намалува притисокот и врз јавните здравствени установи така што овие осигуреници имаат покритие да користат услуги од приватните болници. При тоа медицинските услуги се финансираат од осигурителните компании, а не од државниот буџет. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

The post Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто appeared first on Република.

]]>