агенција за разузнавање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-razuznavanje/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 11:31:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png агенција за разузнавање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-razuznavanje/ 32 32 Работна верзија на законот за реформа на безбедносните структури до почетокот на следната година, најавува Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rabotna-verzija-na-zakonot-za-reforma-na-bezbednosnite-strukturi-do-pochetokot-na-slednata-godina-najavuva-mitskoski/ Mon, 28 Oct 2024 11:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=831642

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до почетокот на следната година можеби ќе има работна верзија на законот со кој ќе се спроведат најавените реформи во безбедносните структури со спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агецијата за разузнавање.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски денеска изјави дека реформата е во согласност со праксата на земјите членки на НАТО Алијансата.

Оваа сериозна реформа е потребна затоа што таа е веќе вообичаена пракса во земјите, коишто се дел од НАТО Алијансата и искуствата кои што ги добиваме од такви земји како што е на пример САД, како што е Хрватска итн. може да бидат само полезни и дел од овој процес на унифицирање на безбедносниот сектор - рече Мицкоски.

Сето тоа, дополни тој, предизвикува одредена вознемиреност кај удбашки инсталации коишто се наоѓаат во опозициските партии коишто се уште постојат, коишто беа на раководни позиции долги години, децении.

Сега тие се вознемирени бидејќи знаат дека полека но сигурно на површина ќе излезат сите скандали и злоупотреби коишто ги правеле со нивното работење. Но, тоа не не загрижува, дополнително не мотивира и ќе продолжиме да работиме во таа насока бидејќи оваа реформа е во согласност со праксата на земјите членки на НАТО Алијансата - изјави Мицкоски, по увидот на работите за изградба на автопатот Букојчани Гостивар.

Прашан кога ќе се биде објавен законот, посочи дека се работи многу темелно и оти можеби до крајот или почетокот на следната година ќе има некоја работна верзија.

The post Работна верзија на законот за реформа на безбедносните структури до почетокот на следната година, најавува Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до почетокот на следната година можеби ќе има работна верзија на законот со кој ќе се спроведат најавените реформи во безбедносните структури со спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агецијата за разузнавање. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски денеска изјави дека реформата е во согласност со праксата на земјите членки на НАТО Алијансата.
Оваа сериозна реформа е потребна затоа што таа е веќе вообичаена пракса во земјите, коишто се дел од НАТО Алијансата и искуствата кои што ги добиваме од такви земји како што е на пример САД, како што е Хрватска итн. може да бидат само полезни и дел од овој процес на унифицирање на безбедносниот сектор - рече Мицкоски.
Сето тоа, дополни тој, предизвикува одредена вознемиреност кај удбашки инсталации коишто се наоѓаат во опозициските партии коишто се уште постојат, коишто беа на раководни позиции долги години, децении.
Сега тие се вознемирени бидејќи знаат дека полека но сигурно на површина ќе излезат сите скандали и злоупотреби коишто ги правеле со нивното работење. Но, тоа не не загрижува, дополнително не мотивира и ќе продолжиме да работиме во таа насока бидејќи оваа реформа е во согласност со праксата на земјите членки на НАТО Алијансата - изјави Мицкоски, по увидот на работите за изградба на автопатот Букојчани Гостивар.
Прашан кога ќе се биде објавен законот, посочи дека се работи многу темелно и оти можеби до крајот или почетокот на следната година ќе има некоја работна верзија.

The post Работна верзија на законот за реформа на безбедносните структури до почетокот на следната година, најавува Мицкоски appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци, сега се става крај на тоа, за овие служби клучен е професионализмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sds-gi-partizirashe-bezbednosnite-strukturi-so-partiski-potrchkovtsi-sega-se-stava-kraj-na-toa-za-ovie-sluzhbi-kluchen-e-profesionalizmot/ Sat, 19 Oct 2024 07:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=828695

СДС е синоним за партизација на се што е државно и на граѓаните. СДС додека беше на власт постави партиски и некомпетентни кадри на клучни позиции во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС во целост ја партизираше Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање за време на своето владеење.

Виктор Димовски, партиски функционер, СДС го постави на чело на АНБ. Димовски имаше активна улога во структурата на СДС и се поврзува со сериозни безбедносни и дипломатски скандали. Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи ја својата позиција. СДС изврши партизација и во УБК, кога го постави Миле Зечевиќ, и по истиот пат по кој стана партиски функционер, беше назначен за генерален секретар.

За разлика од бесмислените партиски назначувања на СДС, ВМРО-ДПМНЕ става акцент на професионализмот. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на интегритетот во безбедносните служби, и поставување на функционер кој ќе работи на заштита на државните интереси и независноста на службите.

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ, НЕ ја продолжува практиката на партиска контрола над безбедносните служби.

Професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи. Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот, а не само како инструмент за партизација, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци, сега се става крај на тоа, за овие служби клучен е професионализмот appeared first on Република.

]]>

СДС е синоним за партизација на се што е државно и на граѓаните. СДС додека беше на власт постави партиски и некомпетентни кадри на клучни позиции во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС во целост ја партизираше Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање за време на своето владеење.   Виктор Димовски, партиски функционер, СДС го постави на чело на АНБ. Димовски имаше активна улога во структурата на СДС и се поврзува со сериозни безбедносни и дипломатски скандали. Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи ја својата позиција. СДС изврши партизација и во УБК, кога го постави Миле Зечевиќ, и по истиот пат по кој стана партиски функционер, беше назначен за генерален секретар.   За разлика од бесмислените партиски назначувања на СДС, ВМРО-ДПМНЕ става акцент на професионализмот. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на интегритетот во безбедносните служби, и поставување на функционер кој ќе работи на заштита на државните интереси и независноста на службите.   Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ, НЕ ја продолжува практиката на партиска контрола над безбедносните служби.   Професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи. Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот, а не само како инструмент за партизација, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци, сега се става крај на тоа, за овие служби клучен е професионализмот appeared first on Република.

]]>
Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-planira-razuznavachkite-sluzhbi-da-funktsioniraat-vo-edna-agentsija/ Mon, 01 Jul 2024 10:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=792350

Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е планот на новата Влада за разузнавачките служби.

Да, точно, планот и тоа е дел од Програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да се спојат и да се фузионираат во една агенција и тоа можам да кажам дека ќе биде процес којшто ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно во Парламентот, изјави Мицкоски.

Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји - членки на НАТО. Меѓу нив, како што појасни Мицкоски, во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа Република Хрватска на почетокот од овој милениум.

Тоа е дел од Програмата на Владата и тоа ќе го направиме во месеците коишто следат, рече премиерот кој беше во Бутел на ставање на камен темелник на нова градинка.

The post Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција appeared first on Република.

Женски тандем поставен на чело на Агенцијата за разузнавање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhenski-tandem-postaven-na-chelo-na-agentsijata-za-razuznavane/ Fri, 28 Jun 2024 16:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=791635

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање, како и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.

Како што информираат од нејзиниот Кабинет, Сиљановска Давкова, ја разрешила и заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именувала Ивана Стојановска.

Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

Претседателката Сиљановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

The post Женски тандем поставен на чело на Агенцијата за разузнавање appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање, како и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу. Како што информираат од нејзиниот Кабинет, Сиљановска Давкова, ја разрешила и заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именувала Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање. Претседателката Сиљановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

The post Женски тандем поставен на чело на Агенцијата за разузнавање appeared first on Република.

]]>
Во која НАТО членка, освен во Македонија, се доделуваат повеќе од пола милион евра на сопруга на директорот на Агенција за разузнавање чија работа е дел од службата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-koja-nato-chlenka-osven-vo-makedonija-se-dodeluvaat-poveke-od-pola-milion-evra-na-sopruga-na-direktorot-na-agentsija-za-razuznavane-chija-rabota-e-del-od-sluzhbata/ Mon, 22 Jan 2024 07:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=735274

Сопругата на Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу земала 620.000 евра грант, додека над 600.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

По налог на владата на Димитар Ковачевски, сопругата на Муслиу добила странски грант за тема поврзана со тероризам, односно токму тоа е предмет на работа на Агенцијата за разунавање чиј директор е токму Муслиу.

Со склучување на меморандум помеѓу Националниот координатор за борба со тероризмот и конзорциумот составен од невладини организации чиј сопственик на една од тие НВО е сопругата на Муслиу и се дадени 620.000 евра грант.

Дополнително симптоматично е тоа што, меморандумот не е достапен за јавноста, што отвора сомнеж дека власта свесно се обидува да го затскрие, а се поставува и прашањето зошто.

Доколку владата на СДС и ДУИ не склучила договор за конзорциум со овие НВО, немало ниту да ги добијат овие 620.000 евра.

Секогаш кога се фатени во криминал, функционерите на владата на СДС и ДУИ, ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за албанофобија. Но, не е албанофобија кога грабаат грантови од 620.000 евра и вршат трговија на влијание.

Во која европска држава или НАТО земја членка, освен Македонија, се доделуваат повеќе од пола милион евра на сопруга на директорот на Агенција за разузнавање чија работа е дел од службата?

До сега да беше Македонија нормална држава во која функционира владеењето на правото, не само што Муслиу ќе си поднесеше оставка, сопругата ќе ги вратеше парите, туку и Јавното обвинителство и ДКСК ќе отвореше веднаш предмет за истрага.

ВМРО-ДПМНЕ постојано апелира дека владата на СДС и ДУИ е криминилизирана до гуша.
ВМРО-ДПМНЕ постојано со докази, факти и аргументи укажува дека владата на СДС и ДУИ ги користи ресурсите на државата за вршење на криминал, богатење на поединци, задоволување на одредени интереси и бенефити за лицата од власта, но ЈО и останатите институции наместо да реагираат, останува без слух и одбираат да се соучесници во криминалот на СДС и ДУИ.

СДС и ДУИ се криминално здружение кои од државата гледаат само можност за лично богатење.

СДС и ДУИ мора да заминат, бидејќи со нив секој ден е само криминал повеќе.
Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

The post Во која НАТО членка, освен во Македонија, се доделуваат повеќе од пола милион евра на сопруга на директорот на Агенција за разузнавање чија работа е дел од службата? appeared first on Република.

]]>

Сопругата на Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу земала 620.000 евра грант, додека над 600.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
По налог на владата на Димитар Ковачевски, сопругата на Муслиу добила странски грант за тема поврзана со тероризам, односно токму тоа е предмет на работа на Агенцијата за разунавање чиј директор е токму Муслиу. Со склучување на меморандум помеѓу Националниот координатор за борба со тероризмот и конзорциумот составен од невладини организации чиј сопственик на една од тие НВО е сопругата на Муслиу и се дадени 620.000 евра грант. Дополнително симптоматично е тоа што, меморандумот не е достапен за јавноста, што отвора сомнеж дека власта свесно се обидува да го затскрие, а се поставува и прашањето зошто.
Доколку владата на СДС и ДУИ не склучила договор за конзорциум со овие НВО, немало ниту да ги добијат овие 620.000 евра. Секогаш кога се фатени во криминал, функционерите на владата на СДС и ДУИ, ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за албанофобија. Но, не е албанофобија кога грабаат грантови од 620.000 евра и вршат трговија на влијание.
Во која европска држава или НАТО земја членка, освен Македонија, се доделуваат повеќе од пола милион евра на сопруга на директорот на Агенција за разузнавање чија работа е дел од службата?
До сега да беше Македонија нормална држава во која функционира владеењето на правото, не само што Муслиу ќе си поднесеше оставка, сопругата ќе ги вратеше парите, туку и Јавното обвинителство и ДКСК ќе отвореше веднаш предмет за истрага.
ВМРО-ДПМНЕ постојано апелира дека владата на СДС и ДУИ е криминилизирана до гуша. ВМРО-ДПМНЕ постојано со докази, факти и аргументи укажува дека владата на СДС и ДУИ ги користи ресурсите на државата за вршење на криминал, богатење на поединци, задоволување на одредени интереси и бенефити за лицата од власта, но ЈО и останатите институции наместо да реагираат, останува без слух и одбираат да се соучесници во криминалот на СДС и ДУИ. СДС и ДУИ се криминално здружение кои од државата гледаат само можност за лично богатење. СДС и ДУИ мора да заминат, бидејќи со нив секој ден е само криминал повеќе. Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

The post Во која НАТО членка, освен во Македонија, се доделуваат повеќе од пола милион евра на сопруга на директорот на Агенција за разузнавање чија работа е дел од службата? appeared first on Република.

]]>
Koвачки: Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на Владата да се потпише меморандумот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-dobivaneto-na-grant-od-620-000-evra-na-nvo-na-soprugata-na-erold-musliu-e-mozhno-samo-zaradi-odlukata-na-vladata-da-se-potpishe-memorandumot/ Sun, 21 Jan 2024 11:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=735123

Со што ја задолжил Еролд Муслиу власта на СДС и ДУИ, за Владата да му наложи на националниот координатор за борба со тероризмот да склучи меморандум со конзорциумот составен од НВО на сопругите на Директорот на АР Еролд Мислиу и на вицепремиерот Фатмир Битиќи, a со цел истите да можат да го земат грантот од 620.000 евра?, прашува Драган Ковачки.

Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на владата да се потпише меморандумот. Доколку владата не дозволела, до грантот за сопругата на Муслиу немало да дојде.Потенцираме, потпишувањето на меморандумот е основа за доделување на грантот од 620.000 евра на НВО на сопругата на Директорот на АР.

Инаку, меморандумот има забрана за објавување од страна на владата и тој е недостапен за јавноста. Претпоставувате зошто.

Фактите и доказите покажуваат директна поврзаност меѓу НВО и функционерите и се основа за постапка за трговија на влијание. Еве нека каже Еролд Муслиу каде во светот и во НАТО земјите има пример каде сопругата на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со тероризам кои се предмет на работа на службите за безбедносен интерес, односно се во директна поврзаност.

Оттука, се поставуваат две прашања:

Прво, со што Директорот на АР - Еролд Муслиу ја задолжи Владата да му наложи на националниот координатор да склучи меморандум со конзорциумот со НВО во која е главна неговата сопруга? И внимавајте, истото да го забрани за објавување, и

Второ, знае ли Владата како се искористени парите од грантот, наменски или завршиле во џебовите на тие што извршиле трговија со влијание?

https://republika.mk/vesti/makedonija/postoi-direktna-povrzanost-megu-nvo-i-funktsioneri-vo-koja-nato-zemja-soprugata-na-direktorot-na-razuznavachka-sluzhba-dobiva-stranski-grantovi-na-temi-povrzani-so-rabotata-na-sluzhbite/

Ја повикуваме вицепремиерката за добро владеење во Владата да излезе со став за наведениот случај во кој е очигледна трговија со влијание од страна на високи функционери со цел остварување на материјална корист.

Го повикуваме и премиерот Ковачевски да излезе во јавност и да каже со што е задолжен за да им удоволува на барањата на Муслиу и Битиќи?

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме-завршува Ковачки.

The post Koвачки: Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на Владата да се потпише меморандумот appeared first on Република.

]]>

Со што ја задолжил Еролд Муслиу власта на СДС и ДУИ, за Владата да му наложи на националниот координатор за борба со тероризмот да склучи меморандум со конзорциумот составен од НВО на сопругите на Директорот на АР Еролд Мислиу и на вицепремиерот Фатмир Битиќи, a со цел истите да можат да го земат грантот од 620.000 евра?, прашува Драган Ковачки.
Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на владата да се потпише меморандумот. Доколку владата не дозволела, до грантот за сопругата на Муслиу немало да дојде.Потенцираме, потпишувањето на меморандумот е основа за доделување на грантот од 620.000 евра на НВО на сопругата на Директорот на АР.
Инаку, меморандумот има забрана за објавување од страна на владата и тој е недостапен за јавноста. Претпоставувате зошто. Фактите и доказите покажуваат директна поврзаност меѓу НВО и функционерите и се основа за постапка за трговија на влијание. Еве нека каже Еролд Муслиу каде во светот и во НАТО земјите има пример каде сопругата на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со тероризам кои се предмет на работа на службите за безбедносен интерес, односно се во директна поврзаност. Оттука, се поставуваат две прашања:
Прво, со што Директорот на АР - Еролд Муслиу ја задолжи Владата да му наложи на националниот координатор да склучи меморандум со конзорциумот со НВО во која е главна неговата сопруга? И внимавајте, истото да го забрани за објавување, и
Второ, знае ли Владата како се искористени парите од грантот, наменски или завршиле во џебовите на тие што извршиле трговија со влијание? https://republika.mk/vesti/makedonija/postoi-direktna-povrzanost-megu-nvo-i-funktsioneri-vo-koja-nato-zemja-soprugata-na-direktorot-na-razuznavachka-sluzhba-dobiva-stranski-grantovi-na-temi-povrzani-so-rabotata-na-sluzhbite/ Ја повикуваме вицепремиерката за добро владеење во Владата да излезе со став за наведениот случај во кој е очигледна трговија со влијание од страна на високи функционери со цел остварување на материјална корист. Го повикуваме и премиерот Ковачевски да излезе во јавност и да каже со што е задолжен за да им удоволува на барањата на Муслиу и Битиќи? Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме-завршува Ковачки.

The post Koвачки: Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на Владата да се потпише меморандумот appeared first on Република.

]]>
Разузнавањето и националната безбедност преминуваат од МВР во рацете на Правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razuznavaneto-i-natsionalnata-bezbednost-preminuvaat-od-mvr-vo-ratsete-na-pravda/ Tue, 02 May 2023 18:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=636144

Владата на Република Македонија ja разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата - Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда.

Констатирано е дека Министерството за правда е ресорно министерство за Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност и носител на активностите при нивно евентуално изменување, односно донесување нови.

Во образложението на Министерството за внатрешни работи е наведено дека Законот за следење на комуникациите, беше донесен во април 2018 година, како резултат на спроведени суштински реформи на безбедносно-разузнавачките служби, а со цел имплементација на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (препораките на Прибе).

The post Разузнавањето и националната безбедност преминуваат од МВР во рацете на Правда appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија ja разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата - Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда. Констатирано е дека Министерството за правда е ресорно министерство за Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност и носител на активностите при нивно евентуално изменување, односно донесување нови. Во образложението на Министерството за внатрешни работи е наведено дека Законот за следење на комуникациите, беше донесен во април 2018 година, како резултат на спроведени суштински реформи на безбедносно-разузнавачките служби, а со цел имплементација на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (препораките на Прибе).

The post Разузнавањето и националната безбедност преминуваат од МВР во рацете на Правда appeared first on Република.

]]>