Агенција за национална безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-nacionalna-bezbednost/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 11:31:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Агенција за национална безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-nacionalna-bezbednost/ 32 32 Работна верзија на законот за реформа на безбедносните структури до почетокот на следната година, најавува Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rabotna-verzija-na-zakonot-za-reforma-na-bezbednosnite-strukturi-do-pochetokot-na-slednata-godina-najavuva-mitskoski/ Mon, 28 Oct 2024 11:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=831642

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до почетокот на следната година можеби ќе има работна верзија на законот со кој ќе се спроведат најавените реформи во безбедносните структури со спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агецијата за разузнавање.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски денеска изјави дека реформата е во согласност со праксата на земјите членки на НАТО Алијансата.

Оваа сериозна реформа е потребна затоа што таа е веќе вообичаена пракса во земјите, коишто се дел од НАТО Алијансата и искуствата кои што ги добиваме од такви земји како што е на пример САД, како што е Хрватска итн. може да бидат само полезни и дел од овој процес на унифицирање на безбедносниот сектор - рече Мицкоски.

Сето тоа, дополни тој, предизвикува одредена вознемиреност кај удбашки инсталации коишто се наоѓаат во опозициските партии коишто се уште постојат, коишто беа на раководни позиции долги години, децении.

Сега тие се вознемирени бидејќи знаат дека полека но сигурно на површина ќе излезат сите скандали и злоупотреби коишто ги правеле со нивното работење. Но, тоа не не загрижува, дополнително не мотивира и ќе продолжиме да работиме во таа насока бидејќи оваа реформа е во согласност со праксата на земјите членки на НАТО Алијансата - изјави Мицкоски, по увидот на работите за изградба на автопатот Букојчани Гостивар.

Прашан кога ќе се биде објавен законот, посочи дека се работи многу темелно и оти можеби до крајот или почетокот на следната година ќе има некоја работна верзија.

The post Работна верзија на законот за реформа на безбедносните структури до почетокот на следната година, најавува Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до почетокот на следната година можеби ќе има работна верзија на законот со кој ќе се спроведат најавените реформи во безбедносните структури со спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агецијата за разузнавање. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски денеска изјави дека реформата е во согласност со праксата на земјите членки на НАТО Алијансата.
Оваа сериозна реформа е потребна затоа што таа е веќе вообичаена пракса во земјите, коишто се дел од НАТО Алијансата и искуствата кои што ги добиваме од такви земји како што е на пример САД, како што е Хрватска итн. може да бидат само полезни и дел од овој процес на унифицирање на безбедносниот сектор - рече Мицкоски.
Сето тоа, дополни тој, предизвикува одредена вознемиреност кај удбашки инсталации коишто се наоѓаат во опозициските партии коишто се уште постојат, коишто беа на раководни позиции долги години, децении.
Сега тие се вознемирени бидејќи знаат дека полека но сигурно на површина ќе излезат сите скандали и злоупотреби коишто ги правеле со нивното работење. Но, тоа не не загрижува, дополнително не мотивира и ќе продолжиме да работиме во таа насока бидејќи оваа реформа е во согласност со праксата на земјите членки на НАТО Алијансата - изјави Мицкоски, по увидот на работите за изградба на автопатот Букојчани Гостивар.
Прашан кога ќе се биде објавен законот, посочи дека се работи многу темелно и оти можеби до крајот или почетокот на следната година ќе има некоја работна верзија.

The post Работна верзија на законот за реформа на безбедносните структури до почетокот на следната година, најавува Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-planira-razuznavachkite-sluzhbi-da-funktsioniraat-vo-edna-agentsija/ Mon, 01 Jul 2024 10:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=792350

Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е планот на новата Влада за разузнавачките служби.

Да, точно, планот и тоа е дел од Програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да се спојат и да се фузионираат во една агенција и тоа можам да кажам дека ќе биде процес којшто ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно во Парламентот, изјави Мицкоски.

Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји - членки на НАТО. Меѓу нив, како што појасни Мицкоски, во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа Република Хрватска на почетокот од овој милениум.

Тоа е дел од Програмата на Владата и тоа ќе го направиме во месеците коишто следат, рече премиерот кој беше во Бутел на ставање на камен темелник на нова градинка.

The post Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција appeared first on Република.

Разузнавањето и националната безбедност преминуваат од МВР во рацете на Правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razuznavaneto-i-natsionalnata-bezbednost-preminuvaat-od-mvr-vo-ratsete-na-pravda/ Tue, 02 May 2023 18:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=636144

Владата на Република Македонија ja разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата - Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда.

Констатирано е дека Министерството за правда е ресорно министерство за Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност и носител на активностите при нивно евентуално изменување, односно донесување нови.

Во образложението на Министерството за внатрешни работи е наведено дека Законот за следење на комуникациите, беше донесен во април 2018 година, како резултат на спроведени суштински реформи на безбедносно-разузнавачките служби, а со цел имплементација на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (препораките на Прибе).

The post Разузнавањето и националната безбедност преминуваат од МВР во рацете на Правда appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија ja разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата - Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда. Констатирано е дека Министерството за правда е ресорно министерство за Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност и носител на активностите при нивно евентуално изменување, односно донесување нови. Во образложението на Министерството за внатрешни работи е наведено дека Законот за следење на комуникациите, беше донесен во април 2018 година, како резултат на спроведени суштински реформи на безбедносно-разузнавачките служби, а со цел имплементација на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (препораките на Прибе).

The post Разузнавањето и националната безбедност преминуваат од МВР во рацете на Правда appeared first on Република.

]]>
Суспендирани двајца припадници на АНБ за случајот „Онишченко“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/suspendirani-dvajca-pripadnici-na-anb-za-sluchajot-onishchenko/ Tue, 22 Nov 2022 07:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=576738

Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко, неофицијално дознава „Фокус“. Станува збор за началничката и вработен во секторот. За суспензијата ќе одлучува дисциплинска комисија во АНБ затоа што во агенцијата веќе подолго време нема раководител за внатрешна контрола. Поради овој недостаток никој не може да покрене одговорност и на првите луѓе на АНБ, пишува МКД.мк.

Директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше на седница на матичната собраниска комисија дека службеник не ја извршил потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/abe-koj-go-prashuva-nato-pishi-da-vaka-onishchenko-go-pominal-i-posledniot-bezbednosen-filter-na-anb/

The post Суспендирани двајца припадници на АНБ за случајот „Онишченко“ appeared first on Република.

]]>

Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко, неофицијално дознава „Фокус“. Станува збор за началничката и вработен во секторот. За суспензијата ќе одлучува дисциплинска комисија во АНБ затоа што во агенцијата веќе подолго време нема раководител за внатрешна контрола. Поради овој недостаток никој не може да покрене одговорност и на првите луѓе на АНБ, пишува МКД.мк. Директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше на седница на матичната собраниска комисија дека службеник не ја извршил потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик. https://republika.mk/vesti/makedonija/abe-koj-go-prashuva-nato-pishi-da-vaka-onishchenko-go-pominal-i-posledniot-bezbednosen-filter-na-anb/

The post Суспендирани двајца припадници на АНБ за случајот „Онишченко“ appeared first on Република.

]]>