агенција за млади и спорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-mladi-i-sport/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 09:45:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png агенција за млади и спорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-mladi-i-sport/ 32 32 За 9 јули е одложено судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-9-juli-e-odlozheno-sudeneto-za-sportskite-vaucheri-na-agentsijata-za-mladi-i-sport/ Thu, 27 Jun 2024 09:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=791225

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.

Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.

Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.

Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

 

The post За 9 јули е одложено судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски. Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата. Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски. Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“. Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.  

The post За 9 јули е одложено судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kovachevski-za-sluchajot-so-sportskite-vaucheri-obvinitelstvoto-treba-da-raboti-nezavisno-i-soglasno-zakon/ Thu, 02 May 2024 19:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=773524

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска прашан за случајот со распределбата на средства од ваучер системот од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет (МОК) изјави дека Обвинителството треба да работи независно и согласно закон.

– Обвинителството треба да работи согласно закон независно и секој поединец во државата да може да има фер процес во кој може да ги докаже врз основа на факти случувањата што се случувале и немам што повеќе да додадам. Партија не води судски случаи, Обвинителство води судски случаи, рече Ковачевски по средбата со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.

На прашањето дали ќе побара одговорност од директорите, претседателот на СДСМ потенцира дека доколку тој биде премиер со институциите ќе раководат многу нови кадри.

– Едниот не е веќе директор, вториот по 8 мај секако дека нема да биде директор, било да сум јас премиер или не, со оглед на тоа сигурно доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ и на коалицијата „За европска иднина“ да формираат влада, тогаш ќе имаме многу нови кадри кои ќе управуваат со институциите, рече Ковачевски.

По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство на 30 април поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, неофицијално на чело со Наумче Мојсовски, но и против лица од Македонскиот олимписки комитет, за злоупотреба на службената положба и за Несовесно работење.

– За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерки на претпазливост, соопшти тогаш ОЈО Скопје.

The post Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска прашан за случајот со распределбата на средства од ваучер системот од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет (МОК) изјави дека Обвинителството треба да работи независно и согласно закон. – Обвинителството треба да работи согласно закон независно и секој поединец во државата да може да има фер процес во кој може да ги докаже врз основа на факти случувањата што се случувале и немам што повеќе да додадам. Партија не води судски случаи, Обвинителство води судски случаи, рече Ковачевски по средбата со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија. На прашањето дали ќе побара одговорност од директорите, претседателот на СДСМ потенцира дека доколку тој биде премиер со институциите ќе раководат многу нови кадри. – Едниот не е веќе директор, вториот по 8 мај секако дека нема да биде директор, било да сум јас премиер или не, со оглед на тоа сигурно доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ и на коалицијата „За европска иднина“ да формираат влада, тогаш ќе имаме многу нови кадри кои ќе управуваат со институциите, рече Ковачевски. По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство на 30 април поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, неофицијално на чело со Наумче Мојсовски, но и против лица од Македонскиот олимписки комитет, за злоупотреба на службената положба и за Несовесно работење. – За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерки на претпазливост, соопшти тогаш ОЈО Скопје.

The post Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон appeared first on Република.

]]>
Мојсовски: Постапката на Обвинителството е хајка против мене за заплашување пред изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mojsovski-postapkata-na-obvinitelstvoto-e-hajka-protiv-mene-za-zaplashuvane-pred-izborite/ Wed, 01 May 2024 06:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=770645

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, ги отфрлa обвинувањата од Основното јавно обвинителство (ОЈО) и смета дека тие се во политичка функција пред изборите.

Наумче Мојсовски, заедно со неговиот претходник Дарко Каевски, претседателот на МОК Даниел Димевски и уште деветмина, се најде на тапет кај ОЈО. Тие се обвинети дека ја оштетиле државата за пет милиони евра преку искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извришле распределба на средства наменети за спортистите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-podnese-merki-za-pretpazlivost-za-naumche-mojsoski-i-12-litsa-od-agentsijata-za-mladi-i-mladi-i-sport/

Мојсовки ги отфрла обвинувањата и смета дека тие се во политичка функција пред парламентарните и претседателските избори.

Целосно ги отфрлам обвинувањата против мене како директор на Агенција за млади и спорт, за евентуална злоупотреба во мојата работа во однос на ваучер системот.

 

Ги сметам за тенденциозни “мистериозно” протечените информации во јавноста, очигледен е и тајмингот и намерата. Очекувам транспарентна постапка во која моите тврдења целосно ќе се потврдат, а ќе докажат дека токму оваа хајка во јавноста против мене е само алатка за заплашување пред вториот круг претседателски и парламентарни избори.

 

Моето име е изградено од вредна работа и огромен придонес за македонскиот спорт. Како спортист роден во мал град, Струга, отсекогаш сум работел чесно и вредно сѐ со цел унапредување и зајакнување на домашниот спорт. Со гордост сум ги бранел боите на Македонија и со гордост работам на поддршка на сите македонски спортисти.

 

Македонија е демократска држава и како таква функционира во изминатите 7 години, кога заплашувањата, уцените и јавните лични линчувања се минато“, стои во реакцијата на Наумче Мојсовски.

The post Мојсовски: Постапката на Обвинителството е хајка против мене за заплашување пред изборите appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, ги отфрлa обвинувањата од Основното јавно обвинителство (ОЈО) и смета дека тие се во политичка функција пред изборите. Наумче Мојсовски, заедно со неговиот претходник Дарко Каевски, претседателот на МОК Даниел Димевски и уште деветмина, се најде на тапет кај ОЈО. Тие се обвинети дека ја оштетиле државата за пет милиони евра преку искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извришле распределба на средства наменети за спортистите. https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-podnese-merki-za-pretpazlivost-za-naumche-mojsoski-i-12-litsa-od-agentsijata-za-mladi-i-mladi-i-sport/ Мојсовки ги отфрла обвинувањата и смета дека тие се во политичка функција пред парламентарните и претседателските избори.
Целосно ги отфрлам обвинувањата против мене како директор на Агенција за млади и спорт, за евентуална злоупотреба во мојата работа во однос на ваучер системот.   Ги сметам за тенденциозни “мистериозно” протечените информации во јавноста, очигледен е и тајмингот и намерата. Очекувам транспарентна постапка во која моите тврдења целосно ќе се потврдат, а ќе докажат дека токму оваа хајка во јавноста против мене е само алатка за заплашување пред вториот круг претседателски и парламентарни избори.   Моето име е изградено од вредна работа и огромен придонес за македонскиот спорт. Како спортист роден во мал град, Струга, отсекогаш сум работел чесно и вредно сѐ со цел унапредување и зајакнување на домашниот спорт. Со гордост сум ги бранел боите на Македонија и со гордост работам на поддршка на сите македонски спортисти.   Македонија е демократска држава и како таква функционира во изминатите 7 години, кога заплашувањата, уцените и јавните лични линчувања се минато“, стои во реакцијата на Наумче Мојсовски.

The post Мојсовски: Постапката на Обвинителството е хајка против мене за заплашување пред изборите appeared first on Република.

]]>
Мојсоски од лани знаел што не чини во неговата работа, но не презел апсолутно ништо за да ја поправи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mojsoski-od-lani-znael-shto-ne-chini-vo-negovata-rabota-no-ne-prezel-apsolutno-nishto-za-da-ja-popravi/ Sat, 11 Feb 2023 08:31:17 +0000 https://republika.mk/?p=607652

Наумче Мојсоски не управувал добро со буџетските средства иако е обврзан да го прави тоа и затоа ДКСК предлага негово разрешување. Директорката на ДКСК Билјана Ивановска во Топ тема потсети дека финансиското управување во Агенцијата за млади и спорт не е во ред и треба да се поправи било укажано уште лани, но досега Мојсоски не мрднал со прст.

Ние предложивме разрешување на Мојсовски и одговорност за претходниот директор на Агенција за млади и спорт. Причините за ваквата одлука ги посочивме и се јасни. Одговорното лице не управувало добро со буџетските средства иако за тоа има законски обврски. Уште минатата година му укажавме што треба и што фали за да се поправи. Ништо не е спроведено. Како да недостасува волја да се направи нешто. Нема финаниски извештај, тој е само наративно напишан, и во ревизијата е утврдно дека не ги содржи потребните детали. Наликува на земав, потрошив и толку, вели Ивановска.

Таа додаде дека ревизиоскиот извештај треба да бидат репер за работењето на една институција.

Со директорот не е разговарано по одлуката за иницијатива за кривично гонење, директно на темата, она што тој го споедели во медимите, дека ние имаме нешто лично против него, не е воопшто точно. Минатата година му кажавме што треба да преземе, во законот стои дека секое одговорно лице треба да работи одговорно, објективно и совесно со буџетот, и укажавме како треба да се поправи, но тој не презема ништо. Ревизиоскиот извештај треба да биде репер за работењето на една институција. Тој треба да ги испита сите детали од работењето на една институција, и тој е репер за нечија работа, а нивниот извештај покажува многу недостатоци , рече Ивановска.

The post Мојсоски од лани знаел што не чини во неговата работа, но не презел апсолутно ништо за да ја поправи appeared first on Република.

]]>

Наумче Мојсоски не управувал добро со буџетските средства иако е обврзан да го прави тоа и затоа ДКСК предлага негово разрешување. Директорката на ДКСК Билјана Ивановска во Топ тема потсети дека финансиското управување во Агенцијата за млади и спорт не е во ред и треба да се поправи било укажано уште лани, но досега Мојсоски не мрднал со прст.
Ние предложивме разрешување на Мојсовски и одговорност за претходниот директор на Агенција за млади и спорт. Причините за ваквата одлука ги посочивме и се јасни. Одговорното лице не управувало добро со буџетските средства иако за тоа има законски обврски. Уште минатата година му укажавме што треба и што фали за да се поправи. Ништо не е спроведено. Како да недостасува волја да се направи нешто. Нема финаниски извештај, тој е само наративно напишан, и во ревизијата е утврдно дека не ги содржи потребните детали. Наликува на земав, потрошив и толку, вели Ивановска.
Таа додаде дека ревизиоскиот извештај треба да бидат репер за работењето на една институција.
Со директорот не е разговарано по одлуката за иницијатива за кривично гонење, директно на темата, она што тој го споедели во медимите, дека ние имаме нешто лично против него, не е воопшто точно. Минатата година му кажавме што треба да преземе, во законот стои дека секое одговорно лице треба да работи одговорно, објективно и совесно со буџетот, и укажавме како треба да се поправи, но тој не презема ништо. Ревизиоскиот извештај треба да биде репер за работењето на една институција. Тој треба да ги испита сите детали од работењето на една институција, и тој е репер за нечија работа, а нивниот извештај покажува многу недостатоци , рече Ивановска.

The post Мојсоски од лани знаел што не чини во неговата работа, но не презел апсолутно ништо за да ја поправи appeared first on Република.

]]>
ФФМ реагира на изборот на АМС: Зарем победата над Италија не е подвиг на годината? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ffm-reagira-na-izborot-na-ams-zarem-pobedata-nad-italija-ne-e-podvig-na-godinata/ Wed, 28 Dec 2022 19:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=591171

Фудбалската федерација на Македонија излезе со реакција околу синоќешниот избор на најдобрите во спортот за 2022 година на Агенцијата за млади и спорт.

„Во последните неколку години мислевме дека видовме сѐ од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се 'фатиме за глава'“, објави ФФМ.

АМС синоќа додели награди во вкупно 13 категории, а од фудбалерите меѓу наградените се најде единствено Горан Пандев, кој ја доби наградата Великан на македонскиот спорт заедно со Кирил Лазаров, затоа што и двајцата годинава се пензионираа. Од активните играчи и тренери, ниту еден фудбалер не се здоби со награда од АМС.

Тоа е можеби и оправдано со оглед на резултатите на репрезентацијата и разочарувачкиот настап во Лигата на нации, но АМС заборави еден момент: големата победа во Палермо во март кога Македонија го потресе фудбалскиот свет победувајќи ја и елиминирајќи ја Италија на патот кон Мундијалот во Катар. Да потсетиме, се работи за победа над АКТУЕЛЕН европски шампион (од летото 2021).

Овој успех дефинитивно беше вреден за наградата Подвиг на годината, која и онака ја поделија двајца, па немаше да штети ако бидат и тројца. АМС оваа награда им ја додели, заслужено, на Марко Пејчиновски - кој десет пати го преплива Охридското Езеро, и на Харис Беќири, натпреварувач во еверестинг - кој го изведе најтешкото искачување (велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8.848 метри, односно височината на Монт Еверест, и тоа во еден единствен обид, значи совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување повеќе пати).

Незадоволни од АМС, од ФФМ иронично одлучија сдами да си доделат награда: „Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“.

The post ФФМ реагира на изборот на АМС: Зарем победата над Италија не е подвиг на годината? appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија излезе со реакција околу синоќешниот избор на најдобрите во спортот за 2022 година на Агенцијата за млади и спорт. „Во последните неколку години мислевме дека видовме сѐ од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се 'фатиме за глава'“, објави ФФМ. АМС синоќа додели награди во вкупно 13 категории, а од фудбалерите меѓу наградените се најде единствено Горан Пандев, кој ја доби наградата Великан на македонскиот спорт заедно со Кирил Лазаров, затоа што и двајцата годинава се пензионираа. Од активните играчи и тренери, ниту еден фудбалер не се здоби со награда од АМС. Тоа е можеби и оправдано со оглед на резултатите на репрезентацијата и разочарувачкиот настап во Лигата на нации, но АМС заборави еден момент: големата победа во Палермо во март кога Македонија го потресе фудбалскиот свет победувајќи ја и елиминирајќи ја Италија на патот кон Мундијалот во Катар. Да потсетиме, се работи за победа над АКТУЕЛЕН европски шампион (од летото 2021). Овој успех дефинитивно беше вреден за наградата Подвиг на годината, која и онака ја поделија двајца, па немаше да штети ако бидат и тројца. АМС оваа награда им ја додели, заслужено, на Марко Пејчиновски - кој десет пати го преплива Охридското Езеро, и на Харис Беќири, натпреварувач во еверестинг - кој го изведе најтешкото искачување (велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8.848 метри, односно височината на Монт Еверест, и тоа во еден единствен обид, значи совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување повеќе пати). Незадоволни од АМС, од ФФМ иронично одлучија сдами да си доделат награда: „Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“.

The post ФФМ реагира на изборот на АМС: Зарем победата над Италија не е подвиг на годината? appeared first on Република.

]]>
Костовски: За оваа неправда кон Георгиевски и Костовски ќе мора да ви вратиме со уште две олимписки медали https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kostovski-za-ovaa-nepravda-kon-georgievski-i-kostovski-ke-mora-da-vi-vratime-so-ushte-dve-olimpiski-medali/ Wed, 28 Dec 2022 16:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=591111

Градоначалникот на Бутел и тренер на европскиот шампион во теквондо Дејан Георгиевски се обрати во јавноста по повод вчерашното прогласување на најдобрите спортисти од страна на Агенцијата за млади и спорт.

На манифестацијата за најдобар спортист беше прогласен Владимир Егоров во борење.

ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИМЕ ЗАТОА ШТО СЕ ШТО ПРАВИМЕ Е ЗА НЕА, ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИ НАШАТА ЉУБОВ ПРЕМА МАКЕДОНИЈА, ТАА ЉУБОВ Е НОСИТЕЛ НА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ УСПЕХ ВО НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА !
Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМС 😇
Најнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. ВРВЕН СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТ Е ОНОЈ КОЈ ШТО Е ПОСТИГНАТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно.
На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем.
Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија.
Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија.
Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Владимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме.
Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија.
Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист!?
Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија!?
Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !?
Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клупско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава, а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија!?
Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава.
Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат!
Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА ! 😇

The post Костовски: За оваа неправда кон Георгиевски и Костовски ќе мора да ви вратиме со уште две олимписки медали appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Бутел и тренер на европскиот шампион во теквондо Дејан Георгиевски се обрати во јавноста по повод вчерашното прогласување на најдобрите спортисти од страна на Агенцијата за млади и спорт. На манифестацијата за најдобар спортист беше прогласен Владимир Егоров во борење. ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИМЕ ЗАТОА ШТО СЕ ШТО ПРАВИМЕ Е ЗА НЕА, ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИ НАШАТА ЉУБОВ ПРЕМА МАКЕДОНИЈА, ТАА ЉУБОВ Е НОСИТЕЛ НА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ УСПЕХ ВО НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ! Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМС 😇 Најнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. ВРВЕН СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТ Е ОНОЈ КОЈ ШТО Е ПОСТИГНАТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно. На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем. Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија. Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија. Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Владимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме. Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија. Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист!? Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија!? Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !? Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клупско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава, а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија!? Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава. Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат! Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА ! 😇

The post Костовски: За оваа неправда кон Георгиевски и Костовски ќе мора да ви вратиме со уште две олимписки медали appeared first on Република.

]]>
Ревизорите откриле неправилности со исплатите на Агенција за млади и спорт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/revizorite-otkrile-nepravilnosti-so-isplatite-na-agencija-za-mladi-i-sport/ Fri, 18 Nov 2022 10:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=575337

Големи суми кои оделе за плата кај раководните лица на спортски федерации, невоспоставени внатрешни контролни механизми, неизградени критериуми за објективна и праведна финансиска поддршка и неуредно документирање на дел од трошоците се дел од бројните забелешки за Агенцијата за млади и спорт (АМС) кои ги утврдил Државниот завод за ревизија.

Во нивната ревизија изразено е неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските активности на АМС за 2021 година, а како најголем проблем се издвојува начинот на кој Агенцијата префрла пари на националните спортски федерации (НСФ).

АМС не воспоставила соодветни внатрешни контроли кои треба да го обезбедат наменското и законското користење на средствата кои се трансферираат на НСФ за реализација на нивните активности. Во врска со распределбата на средства до НСФ, АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на НСФ согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности, а склучените договори со НСФ не содржат одредби со кои ќе се допрецизира намената на одобрените средства. Слични слабости се констатирани и во делот на средствата кои се исплатени за поддршка на млади и талентирани спортисти “Спортска надеж” како и за распределбата на средства по издадените ваучери за спорт, се наведува во делот од забелешките на ревизорите.

Дополнително при ревизијата било утврдено дека дел од финансиските извештаи за средствата кои биле префрлени на НСФ не содржеле целосна документација, а дел од документацијата за патувања на спортисти во странство била неуредна или целосно недостасувала. Утврдено било и дека дел од НСФ исплатиле прекумерен износ на пари на раководните лица во федерациите, а вршен е и трансфер на средствата од наменските сметки на федерациите кон спортски клубови без соодветна документација за реализираниот трошок.

Кај две НСФ исплатен е износ за плати за две лица во вкупен годишен износ од 2 милиони и 552 илјади денари, или 54%, односно 56% од вкупниот износ доделен од АМС. Кај една НСФ утврдивме повеќекратни исплати во висина од вкупно 300 илјади денари на едно лице – генерален секретар на НСФ, како и дополнителни 100 илјади денари на други четири лица, без објаснување за критериумите врз основа на што е определен износот, како и работниот ангажман кој е извршен, стои во ревизорскиот извештај.

Невоспоставените ограничувања за висината на средства кои НСФ имаат право да ја исплаќаат за плати и надоместоци на раководните лица во федерациите создаваат можност од несоодветна распределба што може да има влијание на реализација на тековните спортски активности, предупредуваат ревизорите.

Ревизијата дополнително утврдила и значително доцнење во градењето на 6 објекти на кои работи АМС, додавајќи дека тоа претставува неизвесност за идно завршување на овие објекти.

Меѓу клучните препораки кои Државниот завод за ревизија ги доставил до АМС се воспоставување соодветни критериуми за распределба на средства до НФС и спортистите, воспоставување ефикасни внатрешни контроли на трансферираните средства до НФС и да се испитаат сите можности за целосно и квалитетно завршување на капиталните проекти во реални временски периоди.

The post Ревизорите откриле неправилности со исплатите на Агенција за млади и спорт appeared first on Република.

]]>

Големи суми кои оделе за плата кај раководните лица на спортски федерации, невоспоставени внатрешни контролни механизми, неизградени критериуми за објективна и праведна финансиска поддршка и неуредно документирање на дел од трошоците се дел од бројните забелешки за Агенцијата за млади и спорт (АМС) кои ги утврдил Државниот завод за ревизија. Во нивната ревизија изразено е неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските активности на АМС за 2021 година, а како најголем проблем се издвојува начинот на кој Агенцијата префрла пари на националните спортски федерации (НСФ).
АМС не воспоставила соодветни внатрешни контроли кои треба да го обезбедат наменското и законското користење на средствата кои се трансферираат на НСФ за реализација на нивните активности. Во врска со распределбата на средства до НСФ, АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на НСФ согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности, а склучените договори со НСФ не содржат одредби со кои ќе се допрецизира намената на одобрените средства. Слични слабости се констатирани и во делот на средствата кои се исплатени за поддршка на млади и талентирани спортисти “Спортска надеж” како и за распределбата на средства по издадените ваучери за спорт, се наведува во делот од забелешките на ревизорите.
Дополнително при ревизијата било утврдено дека дел од финансиските извештаи за средствата кои биле префрлени на НСФ не содржеле целосна документација, а дел од документацијата за патувања на спортисти во странство била неуредна или целосно недостасувала. Утврдено било и дека дел од НСФ исплатиле прекумерен износ на пари на раководните лица во федерациите, а вршен е и трансфер на средствата од наменските сметки на федерациите кон спортски клубови без соодветна документација за реализираниот трошок.
Кај две НСФ исплатен е износ за плати за две лица во вкупен годишен износ од 2 милиони и 552 илјади денари, или 54%, односно 56% од вкупниот износ доделен од АМС. Кај една НСФ утврдивме повеќекратни исплати во висина од вкупно 300 илјади денари на едно лице – генерален секретар на НСФ, како и дополнителни 100 илјади денари на други четири лица, без објаснување за критериумите врз основа на што е определен износот, како и работниот ангажман кој е извршен, стои во ревизорскиот извештај. Невоспоставените ограничувања за висината на средства кои НСФ имаат право да ја исплаќаат за плати и надоместоци на раководните лица во федерациите создаваат можност од несоодветна распределба што може да има влијание на реализација на тековните спортски активности, предупредуваат ревизорите.
Ревизијата дополнително утврдила и значително доцнење во градењето на 6 објекти на кои работи АМС, додавајќи дека тоа претставува неизвесност за идно завршување на овие објекти. Меѓу клучните препораки кои Државниот завод за ревизија ги доставил до АМС се воспоставување соодветни критериуми за распределба на средства до НФС и спортистите, воспоставување ефикасни внатрешни контроли на трансферираните средства до НФС и да се испитаат сите можности за целосно и квалитетно завршување на капиталните проекти во реални временски периоди.

The post Ревизорите откриле неправилности со исплатите на Агенција за млади и спорт appeared first on Република.

]]>
Искра нема да добие помош од државата која ќе ја претставува на Олимпијада во Колумбија, зошто нема 15 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/iskra-nema-da-dobie-pomosh-od-drzavata-koja-kje-ja-pretstavuva-na-olimpijada-vo-kolumbija-zoshto-nema-15-godini/ Tue, 08 Nov 2022 09:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=571287

Четиринаесетгодишната Искра Нечаковска од Битола е дел од државниот тим на Македонија кој ќе учествува на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022) што ќе се одржи во Богота, Колумбија од 2‐12 декември 2022 година.

Сепак, од Агенцијата за млади и спорт само неа не ѝ одобри делумно спонзорство за патот, престојот и режиските трошоци, зашто сѐ уште не наполнила 15 години.

Сите деца конкурираа во Агенцијата за млади и спорт за финансиска поддршка во програмата за млади и талентирани лица, ама само Искра ја одбија заради фактот што нема се уште наполнето 15 години, а според нивниот Правилник, категоријата на млади ги опфаќа само лицата од 15 до 29 години. Овој проблем со Агенцијата за млади и спорт се провлекува уште од првата година кога учествувал наш тим на Олимпијадата, но сепак еве и 6 години подоцна никој не се заинтересирал за да најде начин да се поддржат и деца кои се млади и талентирани, но не се доволно возрасни за да влезат во категоријата млади, иако несомено го исполнуваат критериумот на талентирани,  објаснува за „Апла“ Оливера Нечаковска, мајка на Искра.

Во меѓувреме, Искра заедно со останатите членови на тимот забрзано се подготуваат на ПМФ - секој петок и сабота менторите на тимот од катедрите по физика, хемија и биологија им држат предавања и практична настава од 9-16 часот на волонтерска основа, се со цел да го претстават македонското образование во најдобро можно светло.

За трошоците испратени се барања за спонзорство, на кои досега одговорила единствено Општина Битола.

Се работи за износ од околу 950.000 денари кој вклучува трошоци за котизација и за авионски билети, потебни за да отпатуваат во Богота и да се натпреваруваат и да ја претставуваат државата во најдобро светло. Македонија шеста година учествува на ова светско натпреварување и секогаш се враќа со успех.

The post Искра нема да добие помош од државата која ќе ја претставува на Олимпијада во Колумбија, зошто нема 15 години appeared first on Република.

]]>

Четиринаесетгодишната Искра Нечаковска од Битола е дел од државниот тим на Македонија кој ќе учествува на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022) што ќе се одржи во Богота, Колумбија од 2‐12 декември 2022 година. Сепак, од Агенцијата за млади и спорт само неа не ѝ одобри делумно спонзорство за патот, престојот и режиските трошоци, зашто сѐ уште не наполнила 15 години.
Сите деца конкурираа во Агенцијата за млади и спорт за финансиска поддршка во програмата за млади и талентирани лица, ама само Искра ја одбија заради фактот што нема се уште наполнето 15 години, а според нивниот Правилник, категоријата на млади ги опфаќа само лицата од 15 до 29 години. Овој проблем со Агенцијата за млади и спорт се провлекува уште од првата година кога учествувал наш тим на Олимпијадата, но сепак еве и 6 години подоцна никој не се заинтересирал за да најде начин да се поддржат и деца кои се млади и талентирани, но не се доволно возрасни за да влезат во категоријата млади, иако несомено го исполнуваат критериумот на талентирани,  објаснува за „Апла“ Оливера Нечаковска, мајка на Искра.
Во меѓувреме, Искра заедно со останатите членови на тимот забрзано се подготуваат на ПМФ - секој петок и сабота менторите на тимот од катедрите по физика, хемија и биологија им држат предавања и практична настава од 9-16 часот на волонтерска основа, се со цел да го претстават македонското образование во најдобро можно светло. За трошоците испратени се барања за спонзорство, на кои досега одговорила единствено Општина Битола. Се работи за износ од околу 950.000 денари кој вклучува трошоци за котизација и за авионски билети, потебни за да отпатуваат во Богота и да се натпреваруваат и да ја претставуваат државата во најдобро светло. Македонија шеста година учествува на ова светско натпреварување и секогаш се враќа со успех.

The post Искра нема да добие помош од државата која ќе ја претставува на Олимпијада во Колумбија, зошто нема 15 години appeared first on Република.

]]>
Заев и Груби договориле деградација и бришење на Агенцијата за млади и спорт https://arhiva3.republika.mk/vesti/zaev-i-grubi-dogovorile-degradacija-i-brishenje-na-agencijata-za-mladi-i-sport/ Wed, 15 Jun 2022 09:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=515423

Заев и Груби го договориле почетокот на пропаѓањето на спортот во Македонија преку бришење на Агенцијата за млади и спорт како самостоен орган и нејзино интегрирање под раководство на Министерството за односи помеѓу заедниците, aлармираат од Левица.

На денешната прес-конференција, координаторката на Левица - Сектор спорт, Весна Кираџиева потенцираше дека со Записникот од Советот за Јавна Администрација од 13. јули 2021 година и усвоениот Интегриран извештај за државна реорганизација на седница на Владата од 08. Март 2022 година, прифатено е Агенцијата за млади и спорт да биде под Министерството за односи помеѓу заедниците.

Без вршење на никаква претходна анализа во однос на спортот во Македонија, или консултација со АМС, Груби предложил, а Заев се согласил со оваа понижувачка одлука која го засега спортот во Македонија! Тоа значи дека Агенцијата за млади и спорт ќе биде деградирана од самостоен орган што досега беше случај и ќе влезе под раководството на Министерството за односи помеѓу заедниците. На Македонија ѝ е потребно Министерство за спорт кое ќе го води спортот и ќе го издигне на нивото на кое заслужува! Спортот е потребно да се надгради од ниво на Агенција, во соодветно Министерство кое ќе се грижи за напредокот, а не да се случува спротивното – спортот да се деградира на ниво на некаков орган под било кое министерство. На спортистите им е потребен претставник на Владините седници кој ќе одлучува рамноправно за националните прашања како што е и спортот, заедно со останатите Министри, а не за судбината на спортистите да одлучуваат луѓе кои воопшто не знаат што тоа значи, како што е случај токму сега, рече Кираџиева.

Според Кираџиева, јасна е целта на предлогот на Груби и ДУИ, а поддржани од СДСМ на Заев и Ковачевски да ја продолжат својата агенда на поделба во општеството, во кое провоцираат поделба на национална основа, а целта е профит и купување на гласови кога распределбата на буџетот и во овој дел ќе бидат поделени на национална основа, а нема да не изненади доколку видиме таква нацонал-шовинистичка поделба и на ниво на спортските федерации, за што Левица опоменува веќе некое време наназад.

Од Левица го повикуваат директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовки да се држи до ставот дека ќе се спротивстави на оваа одлука.

Ја повикуваме советничката за спорт на Премиерот, Силвија Митевска, да ја искористи својата советничка позиција и да го советува премиерот за тоа колкава негативна импликација ќе има оваа деградација за спортот во Македонија.Ги повикуваме сите спортски федерации, клубови, спортисти и младински организации да реагираат до Владата на Република Македонија со протестна нота и гласни реакции во јавноста против оваа владина одлука на СДСМ и ДУИ.
Ги повикуваме сите политички партии, да не бидат неми набљудувачи особено опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери да го стори истото, рече Кираџиевска.

https://youtu.be/MxYIcjO4LFc

The post Заев и Груби договориле деградација и бришење на Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>

Заев и Груби го договориле почетокот на пропаѓањето на спортот во Македонија преку бришење на Агенцијата за млади и спорт како самостоен орган и нејзино интегрирање под раководство на Министерството за односи помеѓу заедниците, aлармираат од Левица. На денешната прес-конференција, координаторката на Левица - Сектор спорт, Весна Кираџиева потенцираше дека со Записникот од Советот за Јавна Администрација од 13. јули 2021 година и усвоениот Интегриран извештај за државна реорганизација на седница на Владата од 08. Март 2022 година, прифатено е Агенцијата за млади и спорт да биде под Министерството за односи помеѓу заедниците.
Без вршење на никаква претходна анализа во однос на спортот во Македонија, или консултација со АМС, Груби предложил, а Заев се согласил со оваа понижувачка одлука која го засега спортот во Македонија! Тоа значи дека Агенцијата за млади и спорт ќе биде деградирана од самостоен орган што досега беше случај и ќе влезе под раководството на Министерството за односи помеѓу заедниците. На Македонија ѝ е потребно Министерство за спорт кое ќе го води спортот и ќе го издигне на нивото на кое заслужува! Спортот е потребно да се надгради од ниво на Агенција, во соодветно Министерство кое ќе се грижи за напредокот, а не да се случува спротивното – спортот да се деградира на ниво на некаков орган под било кое министерство. На спортистите им е потребен претставник на Владините седници кој ќе одлучува рамноправно за националните прашања како што е и спортот, заедно со останатите Министри, а не за судбината на спортистите да одлучуваат луѓе кои воопшто не знаат што тоа значи, како што е случај токму сега, рече Кираџиева.
Според Кираџиева, јасна е целта на предлогот на Груби и ДУИ, а поддржани од СДСМ на Заев и Ковачевски да ја продолжат својата агенда на поделба во општеството, во кое провоцираат поделба на национална основа, а целта е профит и купување на гласови кога распределбата на буџетот и во овој дел ќе бидат поделени на национална основа, а нема да не изненади доколку видиме таква нацонал-шовинистичка поделба и на ниво на спортските федерации, за што Левица опоменува веќе некое време наназад. Од Левица го повикуваат директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовки да се држи до ставот дека ќе се спротивстави на оваа одлука.
Ја повикуваме советничката за спорт на Премиерот, Силвија Митевска, да ја искористи својата советничка позиција и да го советува премиерот за тоа колкава негативна импликација ќе има оваа деградација за спортот во Македонија.Ги повикуваме сите спортски федерации, клубови, спортисти и младински организации да реагираат до Владата на Република Македонија со протестна нота и гласни реакции во јавноста против оваа владина одлука на СДСМ и ДУИ. Ги повикуваме сите политички партии, да не бидат неми набљудувачи особено опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери да го стори истото, рече Кираџиевска.
https://youtu.be/MxYIcjO4LFc

The post Заев и Груби договориле деградација и бришење на Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>
Мојсоски и Грковска ќе прават ревизија на спортските ваучери https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-i-grkovska-kje-pravat-revizija-na-sportskite-vaucheri/ Mon, 06 Jun 2022 15:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=511854

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт имаше работна средба со директорот Наумче Мојсовски.
Како што информира прес-службата на Грковска, на средбата се дискутирало за потребата од сеопфатна анализа на законската регулатива во спортот и креирање на политики за добро владеење кои ќе ја зголемат транспарентност при носењето на одлуките во спортските клубови и федерации и отчетност при користење на јавните средства.
-Вицепремиерката Грковска истакна дека е неопходна ревизија на моделот за примената на спортските ваучери. Беа разгледани надлежностите на Агенцијата за млади и спорт, но и на спортските федерации при распределбата на финансиските средства на клубовите и спортистите, се вели во соопштението.
Грковска на состанокот ја истакнала и потребата од задолжителна транспарентност и отчетност при користење на јавните средства.Директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски посочил дека е потребно да се зајакнат инспекциските капацитети на Агенцијата, со цел да се зголеми надзорот врз спортските организации. -Досегашната пракса покажува дека дел од спортските субјекти не работат транспарентно и отчетно, а тоа негативно се одразува на легитимитетот и кредибилитетот на спортскиот дух, се додава во соопштението.
На состанокот, исто така беше отворено прашањето и за најавената реорганизација на органите на државната управа

The post Мојсоски и Грковска ќе прават ревизија на спортските ваучери appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт имаше работна средба со директорот Наумче Мојсовски.
Како што информира прес-службата на Грковска, на средбата се дискутирало за потребата од сеопфатна анализа на законската регулатива во спортот и креирање на политики за добро владеење кои ќе ја зголемат транспарентност при носењето на одлуките во спортските клубови и федерации и отчетност при користење на јавните средства.
-Вицепремиерката Грковска истакна дека е неопходна ревизија на моделот за примената на спортските ваучери. Беа разгледани надлежностите на Агенцијата за млади и спорт, но и на спортските федерации при распределбата на финансиските средства на клубовите и спортистите, се вели во соопштението.
Грковска на состанокот ја истакнала и потребата од задолжителна транспарентност и отчетност при користење на јавните средства.Директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски посочил дека е потребно да се зајакнат инспекциските капацитети на Агенцијата, со цел да се зголеми надзорот врз спортските организации. -Досегашната пракса покажува дека дел од спортските субјекти не работат транспарентно и отчетно, а тоа негативно се одразува на легитимитетот и кредибилитетот на спортскиот дух, се додава во соопштението.
На состанокот, исто така беше отворено прашањето и за најавената реорганизација на органите на државната управа

The post Мојсоски и Грковска ќе прават ревизија на спортските ваучери appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за млади и за спорт ќе се претопи во министерството на Артан Груби? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/agencijata-za-mladi-i-za-sport-kje-se-pretopi-vo-ministerstvoto-na-artan-grubi/ Fri, 03 Jun 2022 12:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=510653

Македонскиот спорт наскоро би може да остане без Агенцијата за млади и спорт (АМС), откако стануваат сѐ погласни најавите дека ќе се припои во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со кое раководи Артан Груби. Ако тоа се случи, АМС би ја загубила независноста, а со тоа и голем дел од ингеренциите.

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) со отворено писмо се обрати до Владата на Македонија изразувајќи длабока загриженост, незадоволство и разочараност во врска со најавената реорганизација на органите на државната управа, со која се предвидува спуштање на АМСна пониско ниво и нејзино приклонување кон Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Првиот вицепремиер Груби во јавноста е познат и како поранешен водач на навивачката група „Шверцери“.

Со предложената реорганизација, Агенцијата за млади и спорт од досегашниот статус на самостоен орган ќе премине на пониско ниво како орган во состав на Министерство за односи меѓу заедниците, со помалку ингеренции и самостојност во работењето, како и со многу стеснет делокруг на работа, занемарувајќи ги во целост различните потреби на младите. Ваквата реорганизација на органите на државната управа доведува до исклучително деградирање на институциите надлежни за млади, како и потценување на младинските прашања, што дополнително укажува на самата положба на младите во државата, каде наместо истите да бидат приоритет на владините политики, младите се занемарени и се ставаат во заден план, се наведува во писмото.

Националниот младински совет на Македонија смета дека ваквата реорганизација на државната управа е штетна за младите.

Воедно како претставничко тело на младите длабоко веруваме дека се потребни реформи во јавната администрација и од таа причина бараме Агенцијата за млади и спорт да прерасне во Министерство за млади и спорт, по примерот на мнозинството држави во Европа. Македонија е една од ретките држави во Европа, која ваквиот важен сектор млади го има ставено на ниво на Агенција, наместо на ниво на Министерство за млади, се додава во писмото.

Националниот младински совет на Македонија бара средба со Владата за да се најдат решенија кои соодветно ќе ги адресираат проблемите на младите и ќе одговорат на нивните потреби. Дополнително, Националниот младински совет на Македонија ги става на располагање своето искуство и капацитети за постигнување на соодветно законско решение за трансформација на Агенцијата за млади и спорт во ресорно министерство, доколку за тоа постои искрена волја од извршната и законодавната власт.

Националниот младински совет на Македонија е претставничко тело на младинските организации во Македонија. Тоа обединува 51 организација-членка, со цел промоција и застапување за младите и правата на младите во Македонија.

Од земјите во регионот, Србија, Бугарија и Црна Гора имаат Министерство за млади и спорт, во Албанија постои Министерство за благосостојба на младите и децата, додека во Косово функционира Министерство за култура, млади и спорт.

 

The post Агенцијата за млади и за спорт ќе се претопи во министерството на Артан Груби? appeared first on Република.

]]>

Македонскиот спорт наскоро би може да остане без Агенцијата за млади и спорт (АМС), откако стануваат сѐ погласни најавите дека ќе се припои во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со кое раководи Артан Груби. Ако тоа се случи, АМС би ја загубила независноста, а со тоа и голем дел од ингеренциите. Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) со отворено писмо се обрати до Владата на Македонија изразувајќи длабока загриженост, незадоволство и разочараност во врска со најавената реорганизација на органите на државната управа, со која се предвидува спуштање на АМСна пониско ниво и нејзино приклонување кон Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Првиот вицепремиер Груби во јавноста е познат и како поранешен водач на навивачката група „Шверцери“.
Со предложената реорганизација, Агенцијата за млади и спорт од досегашниот статус на самостоен орган ќе премине на пониско ниво како орган во состав на Министерство за односи меѓу заедниците, со помалку ингеренции и самостојност во работењето, како и со многу стеснет делокруг на работа, занемарувајќи ги во целост различните потреби на младите. Ваквата реорганизација на органите на државната управа доведува до исклучително деградирање на институциите надлежни за млади, како и потценување на младинските прашања, што дополнително укажува на самата положба на младите во државата, каде наместо истите да бидат приоритет на владините политики, младите се занемарени и се ставаат во заден план, се наведува во писмото.
Националниот младински совет на Македонија смета дека ваквата реорганизација на државната управа е штетна за младите.
Воедно како претставничко тело на младите длабоко веруваме дека се потребни реформи во јавната администрација и од таа причина бараме Агенцијата за млади и спорт да прерасне во Министерство за млади и спорт, по примерот на мнозинството држави во Европа. Македонија е една од ретките држави во Европа, која ваквиот важен сектор млади го има ставено на ниво на Агенција, наместо на ниво на Министерство за млади, се додава во писмото.
Националниот младински совет на Македонија бара средба со Владата за да се најдат решенија кои соодветно ќе ги адресираат проблемите на младите и ќе одговорат на нивните потреби. Дополнително, Националниот младински совет на Македонија ги става на располагање своето искуство и капацитети за постигнување на соодветно законско решение за трансформација на Агенцијата за млади и спорт во ресорно министерство, доколку за тоа постои искрена волја од извршната и законодавната власт. Националниот младински совет на Македонија е претставничко тело на младинските организации во Македонија. Тоа обединува 51 организација-членка, со цел промоција и застапување за младите и правата на младите во Македонија. Од земјите во регионот, Србија, Бугарија и Црна Гора имаат Министерство за млади и спорт, во Албанија постои Министерство за благосостојба на младите и децата, додека во Косово функционира Министерство за култура, млади и спорт.  

The post Агенцијата за млади и за спорт ќе се претопи во министерството на Артан Груби? appeared first on Република.

]]>
ДКСК ќе чешла како се доделуваат спортските ваучери https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dksk-kje-cheshla-kako-se-dodeluvaat-sportskite-vaucheri/ Tue, 15 Feb 2022 12:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=458874

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во наредниот период активно да се вклучи околу анализа за самото доделување на спортските ваучери, побара на денешната седница Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Според него, ризиците од можни злоупотреби на овие финансиски средства од даночно ослободување остануваат и во оваа 2022 година. Тој информираше дека Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија и Агенцијата за млади и спорт, што било и одобрено.

Сето тоа, наведе Георгиев, од аспект на немање отчетност на спортските клубови, федерации и спортистите за тоа како ги потрошиле одобрените средства. Врз основа на иницијативата лани на ДКСК, АМС за оваа година има усвоено унифициран образец – извештај со кој сите корисници на средствата преку ваучери ќе образложат на кој начин ги потрошиле ваучерите.

Централна позиција има т.н. Централна комисија за евалуација на предлог-листите, бидејќи таа ги рангира федерациите, спортските клубови и активните спортисти и како таква ја доставува понатаму до директорот на АМС, каде пак конечно се одлучува кои и колку средства ќе добие од ваучери, изјави меѓу другото Георгиев.

Тој потсети дека во Националната стратегија на ДКСК за борба против корупција и судир на интереси за периодот 2021-2025 година првпат е воведен секторот спорт, исто така, како што рече, како ризичен од корупција.

The post ДКСК ќе чешла како се доделуваат спортските ваучери appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во наредниот период активно да се вклучи околу анализа за самото доделување на спортските ваучери, побара на денешната седница Владимир Георгиев, член на ДКСК. Според него, ризиците од можни злоупотреби на овие финансиски средства од даночно ослободување остануваат и во оваа 2022 година. Тој информираше дека Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија и Агенцијата за млади и спорт, што било и одобрено. Сето тоа, наведе Георгиев, од аспект на немање отчетност на спортските клубови, федерации и спортистите за тоа како ги потрошиле одобрените средства. Врз основа на иницијативата лани на ДКСК, АМС за оваа година има усвоено унифициран образец – извештај со кој сите корисници на средствата преку ваучери ќе образложат на кој начин ги потрошиле ваучерите. Централна позиција има т.н. Централна комисија за евалуација на предлог-листите, бидејќи таа ги рангира федерациите, спортските клубови и активните спортисти и како таква ја доставува понатаму до директорот на АМС, каде пак конечно се одлучува кои и колку средства ќе добие од ваучери, изјави меѓу другото Георгиев. Тој потсети дека во Националната стратегија на ДКСК за борба против корупција и судир на интереси за периодот 2021-2025 година првпат е воведен секторот спорт, исто така, како што рече, како ризичен од корупција.

The post ДКСК ќе чешла како се доделуваат спортските ваучери appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022: Фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/agencijata-za-mladi-i-sport-gi-podeli-vaucherite-za-2022-fudbalskite-klubovi-shkendija-shkupi-i-struga-tl-dobija-najmnogu/ Fri, 11 Feb 2022 10:31:06 +0000 https://republika.mk/?p=457109

Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022 година, од фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу.

Ваучерите се даваат како поддршка од државата за спортот, АМС веќе традиционално дели клупски ваучери, ваучери за федерациите и за индивидуалните спортисти.

Од фудбалските клубови Шкендија како шампион на Македонија доби најголем ваучер, 10.850.000 денари, Шкупи и Струга ТЛ добија по 9.850.0000 денари.

Македонскиот ракометен шампион, Вардар доби најголем ваучер, сумата е 17,5 милиони денари или 284.000 евра. Еурофарм Пелистер доби милион денари помалку, 16,5 милиони денари, Металург кој го чека ваучерот за да ги исчисти долговите доби 12,5 милиони денари или 200.000 евра.

МЗТ Скопје како актуелен шампион на Македонија доби најголем ваучер од кошаркарските клубови, вредноста е 12,3 милиони денари, а двоцифрена бројка на милиони денари има уште и Работнички.

Од спортските федерација и овојпат немаше ништо за ФФМ поради неусогласениот статут со законот за спорт.

Најмногу доби Ракометната федерација на Македонија, 15.800.000 денари, кошаркарската доби два милиони денари помалку, а двоцифрен број на милиони доби уште и Одбојкарската федерација на Македонија, 11.800.000.

Од индивидуалните спортисти Дрита Ислами доби најмногу 280.000 денари, Јован Стојкоски, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова добија по 180.000 денари.

Сите добитници на ваучери можете да ги видите на следниве линкови:

Листа на спортски клубови кои добија ваучери.

Листа на спортисти кои добија ваучери.

Листа на федерации кои добија ваучери.

The post Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022: Фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022 година, од фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу. Ваучерите се даваат како поддршка од државата за спортот, АМС веќе традиционално дели клупски ваучери, ваучери за федерациите и за индивидуалните спортисти. Од фудбалските клубови Шкендија како шампион на Македонија доби најголем ваучер, 10.850.000 денари, Шкупи и Струга ТЛ добија по 9.850.0000 денари. Македонскиот ракометен шампион, Вардар доби најголем ваучер, сумата е 17,5 милиони денари или 284.000 евра. Еурофарм Пелистер доби милион денари помалку, 16,5 милиони денари, Металург кој го чека ваучерот за да ги исчисти долговите доби 12,5 милиони денари или 200.000 евра. МЗТ Скопје како актуелен шампион на Македонија доби најголем ваучер од кошаркарските клубови, вредноста е 12,3 милиони денари, а двоцифрена бројка на милиони денари има уште и Работнички. Од спортските федерација и овојпат немаше ништо за ФФМ поради неусогласениот статут со законот за спорт. Најмногу доби Ракометната федерација на Македонија, 15.800.000 денари, кошаркарската доби два милиони денари помалку, а двоцифрен број на милиони доби уште и Одбојкарската федерација на Македонија, 11.800.000. Од индивидуалните спортисти Дрита Ислами доби најмногу 280.000 денари, Јован Стојкоски, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова добија по 180.000 денари. Сите добитници на ваучери можете да ги видите на следниве линкови: Листа на спортски клубови кои добија ваучери. Листа на спортисти кои добија ваучери. Листа на федерации кои добија ваучери.

The post Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022: Фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу appeared first on Република.

]]>