Агенција за цивилно воздухопловство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-civilno-vozduhoplovstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 08:08:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Агенција за цивилно воздухопловство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/agencija-za-civilno-vozduhoplovstvo/ 32 32 Промени кај оперативата при воздухопловни несреќи, хеликоптерите на МВР се враќаат во цивилниот регистар https://arhiva3.republika.mk/vesti/promeni-kaj-operativata-pri-vozduhoplovni-nesreki-helikopterite-na-mvr-se-vrakaat-vo-tsivilniot-registar/ Sat, 27 Jan 2024 08:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=737353

Стапија во сила новите законски одредби од областа на воздухопловството кои овозможуваат целосно транспонирање на новата регулатива на Европската Унија од областа на воздушниот сообраќај. Надлежноста, активностите и организацијата околу трагање и спасување во воздухопловството преминуваат во Центарот за управување со кризи (ЦУК), хеликоптерите од МВР се враќаат во цивилниот регистар на воздухоплови во АЦВ, а се предвидува уште еден независен извор на финансирање на цивилните воздухопловни власти.

Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев, во разговор за МИА објаснува дека легислативните промени и нови решенија се во насока на унапредување на условите за развој на воздухопловните активности.

Европската воздухопловна регулатива ја креира ЕАСА (ЕАЅА) - Агенцијата на ЕУ за безбедност во воздушниот сообраќај, со која нашата држава во 2013 година има потпишано посебен работен аранжман - билатерален договор, и на тој начин сме се обврзале дека ќе ги имплементираме сите европски регулативи во нашето законодавство. Таквата обврска произлегува и од Договорот за формирање на европска заедничка воздухопловна област, што Македонија го потпиша со Европската Унија во 2006 година. Новиот закон за воздухопловство претставува чекор напред во создавање на услови и можности за побрза, полесна и поефикасна транспозиција на европското воздухопловно законодавство, објаснува Тунтев.

Како што укажува тој, ЦУК ја презема оперативата околу трагање и спасување во воздухопловството.

На тој начин се прави јасна и прецизна дистинкција во надлежностите за Потрага и спасување (S&R - Search and Rescue) во воздушниот сообраќај - надзорот останува во рамки на АЦВ, додека оперативата преминува во ЦУК. Таквата поделба на надлежностите овозможува превенција и спречување на евентуален конфликт на интереси во областа на трагањето и спасувањето на воздухоплови и луѓе во вонредни околности, укажува директорот на АЦВ.

Со новиот закон, хеликоптерите од МВР се враќаат во цивилниот регистар на воздухоплови во АЦВ. По повеќегодишна посебна интерна организација, регистрирање и одржување, сертификација на полициските хеликоптери повторно е во надлежност на АЦВ.

Тунтев појаснува дека за таа цел во изминатиот период биле преземени повеќе заеднички активности во МВР и АЦВ, околу конверзија на полициските пилотски дозволи во цивилни, како и инспекциски надзори за сертификација на воздухопловите.

Законот предвидува и дополнителен начин на финансирање на АЦВ, односно уште еден независен извор на финансирање на цивилните воздухопловни власти. Тоа се однесува на реализација на надзорните активности на АЦВ врз аеродромскиот оператор и превозниците, како субјекти на националната авиоиндустрија.

Законските одредби предвидуваат надомест во вредност до едно евро за секој заминат патник од македонските аеродроми. На тој начин ќе се намали доминантното учество на надоместоците од прелети во финансирањето на националното регулаторно и надзорно тело, со што ќе бидат ослободени дополнителни средства за развој на воздухопловните активности и системи во државата. Ваквиот модел, на комбинирано финансирање на цивилните воздухопловни власти од повеќе независни извори, се применува во голем број европски држави, затоа што овозможува посоодветна распределба на надоместоците за надзорните активности на националниот регулатор, објаснува Тунтев.

Новиот закон предвидува и изработка и имплементација на Национален план за спречување на несакано излетување и неовластено влегување на воздухопловите (aircraft excursion and incursion) на маневарските површини на аеродромите.  Планот треба да придонесе  за значајно унапредување на безбедноста на воздушниот сообраќај на македонските аеродроми, затоа што, според АЦВ, претставува основа за превенција од инциденти, сериозни инциденти или несреќи на воздухоплови на полетно-слетната патека и другите маневарски површини на аеродромите.

The post Промени кај оперативата при воздухопловни несреќи, хеликоптерите на МВР се враќаат во цивилниот регистар appeared first on Република.

]]>

Стапија во сила новите законски одредби од областа на воздухопловството кои овозможуваат целосно транспонирање на новата регулатива на Европската Унија од областа на воздушниот сообраќај. Надлежноста, активностите и организацијата околу трагање и спасување во воздухопловството преминуваат во Центарот за управување со кризи (ЦУК), хеликоптерите од МВР се враќаат во цивилниот регистар на воздухоплови во АЦВ, а се предвидува уште еден независен извор на финансирање на цивилните воздухопловни власти. Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев, во разговор за МИА објаснува дека легислативните промени и нови решенија се во насока на унапредување на условите за развој на воздухопловните активности.
Европската воздухопловна регулатива ја креира ЕАСА (ЕАЅА) - Агенцијата на ЕУ за безбедност во воздушниот сообраќај, со која нашата држава во 2013 година има потпишано посебен работен аранжман - билатерален договор, и на тој начин сме се обврзале дека ќе ги имплементираме сите европски регулативи во нашето законодавство. Таквата обврска произлегува и од Договорот за формирање на европска заедничка воздухопловна област, што Македонија го потпиша со Европската Унија во 2006 година. Новиот закон за воздухопловство претставува чекор напред во создавање на услови и можности за побрза, полесна и поефикасна транспозиција на европското воздухопловно законодавство, објаснува Тунтев.
Како што укажува тој, ЦУК ја презема оперативата околу трагање и спасување во воздухопловството.
На тој начин се прави јасна и прецизна дистинкција во надлежностите за Потрага и спасување (S&R - Search and Rescue) во воздушниот сообраќај - надзорот останува во рамки на АЦВ, додека оперативата преминува во ЦУК. Таквата поделба на надлежностите овозможува превенција и спречување на евентуален конфликт на интереси во областа на трагањето и спасувањето на воздухоплови и луѓе во вонредни околности, укажува директорот на АЦВ.
Со новиот закон, хеликоптерите од МВР се враќаат во цивилниот регистар на воздухоплови во АЦВ. По повеќегодишна посебна интерна организација, регистрирање и одржување, сертификација на полициските хеликоптери повторно е во надлежност на АЦВ. Тунтев појаснува дека за таа цел во изминатиот период биле преземени повеќе заеднички активности во МВР и АЦВ, околу конверзија на полициските пилотски дозволи во цивилни, како и инспекциски надзори за сертификација на воздухопловите. Законот предвидува и дополнителен начин на финансирање на АЦВ, односно уште еден независен извор на финансирање на цивилните воздухопловни власти. Тоа се однесува на реализација на надзорните активности на АЦВ врз аеродромскиот оператор и превозниците, како субјекти на националната авиоиндустрија.
Законските одредби предвидуваат надомест во вредност до едно евро за секој заминат патник од македонските аеродроми. На тој начин ќе се намали доминантното учество на надоместоците од прелети во финансирањето на националното регулаторно и надзорно тело, со што ќе бидат ослободени дополнителни средства за развој на воздухопловните активности и системи во државата. Ваквиот модел, на комбинирано финансирање на цивилните воздухопловни власти од повеќе независни извори, се применува во голем број европски држави, затоа што овозможува посоодветна распределба на надоместоците за надзорните активности на националниот регулатор, објаснува Тунтев.
Новиот закон предвидува и изработка и имплементација на Национален план за спречување на несакано излетување и неовластено влегување на воздухопловите (aircraft excursion and incursion) на маневарските површини на аеродромите.  Планот треба да придонесе  за значајно унапредување на безбедноста на воздушниот сообраќај на македонските аеродроми, затоа што, според АЦВ, претставува основа за превенција од инциденти, сериозни инциденти или несреќи на воздухоплови на полетно-слетната патека и другите маневарски површини на аеродромите.

The post Промени кај оперативата при воздухопловни несреќи, хеликоптерите на МВР се враќаат во цивилниот регистар appeared first on Република.

]]>
Во новата година платите во Агенцијата за цивилно воздухопловство повторно ќе растат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-novata-godina-platite-vo-agentsijata-za-tsivilno-vozduhoplovstvo-povtorno-ke-rastat/ Tue, 09 Jan 2024 09:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=730506

Новата 2024 година ќе им донесе уште поголеми плати на вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Согласно финансискиот план на АЦВ доставен во Собранието, годинава оваа институција ќе потроши уште повеќе пари за плати на вработените. Ако за 2023 година биле планирани 126,7 милиони денари или 2,06 милиони евра, оваа година буџетот или ставката за плати на вработените е уште поголема, анализира „Фактор“.

Така, годинава за плати, АЦВ ќе потроши 150,9 милиони денари вили 2,45 милиони евра.

Ова значи дека бруто платите на вработените во оваа институција значително ќе се зголемат. Бројките говорат дека месечно АЦВ за своите вработени ќе троши 12,6 милиони денари за плати.

Имено, согласно последниот годишен извештај за работата на Агенцијата во неа работат 72 лица, што значи дека секој од нив грубо би имал бруто примања од 174,588 денари.

Сепак, со оглед на фактот дека секаде има систематизација и хиерархија на работните места, очекувано е дека вработените на повисоките места ќе имаат повисоки плати, додека оние кои се на пониски работни позиции ќе имаат помала плата од 174 илјади денари месечно.

Исто така треба да се има предвид дека станува збор за бруто плата, од која се плаќаат придонеси за вработените, што значи приливите на сметките на вработените ќе бидат помали и ќе достигнуваат околу 120 илјади денари месечно.

Агенцијата која надлежна за воздухопловството во земјава, тема која е особено актуелна деновиве по мега скандалот кој настана во М-НАВ, веќе четрии години ја раководи Томислав Тунтев, кој доби и втор мандат како прв човек на оваа значајна институција.

Повеќе на „Фактор

The post Во новата година платите во Агенцијата за цивилно воздухопловство повторно ќе растат appeared first on Република.

]]>

Новата 2024 година ќе им донесе уште поголеми плати на вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Согласно финансискиот план на АЦВ доставен во Собранието, годинава оваа институција ќе потроши уште повеќе пари за плати на вработените. Ако за 2023 година биле планирани 126,7 милиони денари или 2,06 милиони евра, оваа година буџетот или ставката за плати на вработените е уште поголема, анализира „Фактор“. Така, годинава за плати, АЦВ ќе потроши 150,9 милиони денари вили 2,45 милиони евра. Ова значи дека бруто платите на вработените во оваа институција значително ќе се зголемат. Бројките говорат дека месечно АЦВ за своите вработени ќе троши 12,6 милиони денари за плати. Имено, согласно последниот годишен извештај за работата на Агенцијата во неа работат 72 лица, што значи дека секој од нив грубо би имал бруто примања од 174,588 денари. Сепак, со оглед на фактот дека секаде има систематизација и хиерархија на работните места, очекувано е дека вработените на повисоките места ќе имаат повисоки плати, додека оние кои се на пониски работни позиции ќе имаат помала плата од 174 илјади денари месечно. Исто така треба да се има предвид дека станува збор за бруто плата, од која се плаќаат придонеси за вработените, што значи приливите на сметките на вработените ќе бидат помали и ќе достигнуваат околу 120 илјади денари месечно. Агенцијата која надлежна за воздухопловството во земјава, тема која е особено актуелна деновиве по мега скандалот кој настана во М-НАВ, веќе четрии години ја раководи Томислав Тунтев, кој доби и втор мандат како прв човек на оваа значајна институција. Повеќе на „Фактор

The post Во новата година платите во Агенцијата за цивилно воздухопловство повторно ќе растат appeared first on Република.

]]>
Сопругот на пратеничката Арта Билали Зендели од ДУИ од понеделникот е вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-na-pratenichkata-arta-bilali-zendeli-od-dui-od-ponedelnikot-e-vraboten-vo-agentsijata-za-tsivilno-vozduhoplovstvo/ Wed, 04 Oct 2023 14:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=687921

Елвир Зендели, сопруг на пратеничката на ДУИ Арта Билали Зендели, од почетокот на месецов е вработен во Аенцијата за цивилно воздухопловство. Јавноста добро знае дека платите во оваа државна агенција, во зависност од стажот, се движат околу 70.000 денари.

Одлуката за вработување е донесена пред два дена, на 2 октомври 2023 година, а е потпишана од директорот Томислав Тунтев, поранешен пратеник на СДСМ. Останува на институциите да проверат дали имало одреден конфликт на интереси имајќи предвид дека станува збор за сопруг на пратеничка од мнозинството, пишува Прес 24..

 

The post Сопругот на пратеничката Арта Билали Зендели од ДУИ од понеделникот е вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство appeared first on Република.

]]>

Елвир Зендели, сопруг на пратеничката на ДУИ Арта Билали Зендели, од почетокот на месецов е вработен во Аенцијата за цивилно воздухопловство. Јавноста добро знае дека платите во оваа државна агенција, во зависност од стажот, се движат околу 70.000 денари. Одлуката за вработување е донесена пред два дена, на 2 октомври 2023 година, а е потпишана од директорот Томислав Тунтев, поранешен пратеник на СДСМ. Останува на институциите да проверат дали имало одреден конфликт на интереси имајќи предвид дека станува збор за сопруг на пратеничка од мнозинството, пишува Прес 24..  

The post Сопругот на пратеничката Арта Билали Зендели од ДУИ од понеделникот е вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство appeared first on Република.

]]>