афтокефалност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aftokefalnost/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Aug 2022 13:08:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png афтокефалност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aftokefalnost/ 32 32 Синодот на МПЦ го поздрави признавањето на афтокефалноста од страна на Руската Православна Црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sinodot-na-mpc-go-pozdravi-priznavanjeto-na-aftokefalnosta-od-strana-na-ruskata-pravoslavna-crkva/ Tue, 30 Aug 2022 13:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=545675

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ – МП) на заседанието на Синодот на РПЦ од 25 август 2022 година, запишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во свештениот диптих.

 

Одлуката на Синодот на Руската Православна Црква следи по обраќањето на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј соопштувајќи ја веста на Рускиот Патријарх г. г. Кирил за автокефалниот статус на сестринската Македонска Православна Црква. Исто така, Синодот на МПЦ – ОА им благодари на сите други Помесни Православни Цркви кои го прифатија актот на Цариградскиот Патријарх - се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Истовремено Синодот апелира да не се наштетува на процесот на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА преку, како што се наведува, неупатени и злонамерни коментари и нецелосни и умислено искривени информации на поедини таканаречени експерти и аналитичари.

The post Синодот на МПЦ го поздрави признавањето на афтокефалноста од страна на Руската Православна Црква appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.
Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ – МП) на заседанието на Синодот на РПЦ од 25 август 2022 година, запишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во свештениот диптих.   Одлуката на Синодот на Руската Православна Црква следи по обраќањето на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј соопштувајќи ја веста на Рускиот Патријарх г. г. Кирил за автокефалниот статус на сестринската Македонска Православна Црква. Исто така, Синодот на МПЦ – ОА им благодари на сите други Помесни Православни Цркви кои го прифатија актот на Цариградскиот Патријарх - се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.
Истовремено Синодот апелира да не се наштетува на процесот на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА преку, како што се наведува, неупатени и злонамерни коментари и нецелосни и умислено искривени информации на поедини таканаречени експерти и аналитичари.

The post Синодот на МПЦ го поздрави признавањето на афтокефалноста од страна на Руската Православна Црква appeared first on Република.

]]>
Ќулавкова за признавањето на МПЦ од Руската Црква: Редно е да има институционална благодарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjulavkova-za-priznavanjeto-na-mpc-od-ruskata-crkva-redno-e-da-ima-institucionalna-blagodarnost/ Sat, 27 Aug 2022 15:12:09 +0000 https://republika.mk/?p=544741

Академик Катица Ќулавкова побара повик за „дипломатски и државнички гест“ како знак на благодарност на Македонија кон Руската православна црква за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Со децении чекавме признавање на МПЦ – ОА според каноните и во име на христијанската и историската правда на Македонците. Сега добивме не само гест, туку и официјално, безусловно широкоградо признавање на автокефалноста од страна на Руската православна црква. Со тоа ќе се забрза процесот на признавање од страна на другите сестрински православни цркви, а се покажа како потег од историско значење иницијалното признавање од страна на СПЦ.

 

Редно е да има институционална благодарност. Дипломатски и државнички гест. Како суштински, а не ефемерен, знак дека на оваа држава ѝ значи македонската христијанска, културна и национална кауза - смета Ќулавкова.

The post Ќулавкова за признавањето на МПЦ од Руската Црква: Редно е да има институционална благодарност appeared first on Република.

]]>

Академик Катица Ќулавкова побара повик за „дипломатски и државнички гест“ како знак на благодарност на Македонија кон Руската православна црква за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Со децении чекавме признавање на МПЦ – ОА според каноните и во име на христијанската и историската правда на Македонците. Сега добивме не само гест, туку и официјално, безусловно широкоградо признавање на автокефалноста од страна на Руската православна црква. Со тоа ќе се забрза процесот на признавање од страна на другите сестрински православни цркви, а се покажа како потег од историско значење иницијалното признавање од страна на СПЦ.   Редно е да има институционална благодарност. Дипломатски и државнички гест. Како суштински, а не ефемерен, знак дека на оваа држава ѝ значи македонската христијанска, културна и национална кауза - смета Ќулавкова.

The post Ќулавкова за признавањето на МПЦ од Руската Црква: Редно е да има институционална благодарност appeared first on Република.

]]>
Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да добие афтокефалност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-plovdivski-nikolaj-makedonskata-crkva-treba-da-dobie-aftokefalnost/ Sat, 05 Mar 2022 08:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=468062

Според древното канонско правило, Македонската православа црква има право на афтокефалност и Српската црква тоа треба да го допушти, смета митрополитот пловдивски Николај.

Тоа право, според еден од највлијателните митрополити на Бугарската православна црква, го има и црквата во Украина.

Во пресрет на Великиот пост, кој започнува в понеделник, митрополитот Николај повика на смирение, скротување и смирение на страстите и луѓето. Во деновите на постот луѓето мора да се молат Господ да им даде сила и да ја прекине војната во Украина и да побараат прошка, бидејќи нема друг пат.

Митрополитот пловдивски Николај рече дека пред многу години во Украинската епархија на Руската православна црква започнала желбата за одвојување како автокефална. Тој потсетува дека постои древно канонско правило според кое црквите ги следат административните територијални поделби и државните граници и при создавањето на нова територијална и државна единица имаат право на своја автокефална црковна организација, јави дописникот на МИА од Софија.

Митрополитот Николај потсети дека така се основани Бугарската црква, Српската и Романската црква и самата Руска православна црква, која се одвои со благослов на Мајката Црква – Цариградската патријаршија, кога беа создадени соодветните современи држави.

Според него, сега се очекува Српската црква да и додели автокефалност на Македонската црква, додавајќи дека црквата во Украина очекувала да добие автокефалност од Московската патријаршија, која не требало да ја одбие. Поради недоразбирањето со Московската патријаршија, Цариградската патријаршија, која е мајка на сите помесни православни цркви, ја призна Православната црква на Украина. Тензии, вели пловдивскиот митрополит, предизвика и прогласената руска егзархија во Африка, во диоцезата на Александриската патријаршија. Неколку месеци по овие последни настани, започнува војната меѓу Русија и Украина, и Русија тргна да одвои дел од Украина, вели митрополитот Николај и прашува дали се гледа врската што тој ја забележал? Очигледно чашата се прелеа. Митрополит Николај во своето слово праша до каде и до што може да доведе ставањето на Црквата во функција на целите на световните владетели, што според него е уште еден огромен грев.

– Православната црква е одговорна само пред Христа и не може да му служи на ниту еден секуларен владетел и да стане инструмент за постигнување политички и геополитички цели, ниту пак да проповеда друга вистина. Оние кои заборавиле, за жал, плаќаат и ќе плаќаат жестока цена додека не се сетат на тоа, рече митрополитот пловдивски Николај, додавајќи дека овој принцип функционира неумоливо и непоколебливо.

The post Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да добие афтокефалност appeared first on Република.

]]>

Според древното канонско правило, Македонската православа црква има право на афтокефалност и Српската црква тоа треба да го допушти, смета митрополитот пловдивски Николај. Тоа право, според еден од највлијателните митрополити на Бугарската православна црква, го има и црквата во Украина. Во пресрет на Великиот пост, кој започнува в понеделник, митрополитот Николај повика на смирение, скротување и смирение на страстите и луѓето. Во деновите на постот луѓето мора да се молат Господ да им даде сила и да ја прекине војната во Украина и да побараат прошка, бидејќи нема друг пат. Митрополитот пловдивски Николај рече дека пред многу години во Украинската епархија на Руската православна црква започнала желбата за одвојување како автокефална. Тој потсетува дека постои древно канонско правило според кое црквите ги следат административните територијални поделби и државните граници и при создавањето на нова територијална и државна единица имаат право на своја автокефална црковна организација, јави дописникот на МИА од Софија. Митрополитот Николај потсети дека така се основани Бугарската црква, Српската и Романската црква и самата Руска православна црква, која се одвои со благослов на Мајката Црква – Цариградската патријаршија, кога беа создадени соодветните современи држави. Според него, сега се очекува Српската црква да и додели автокефалност на Македонската црква, додавајќи дека црквата во Украина очекувала да добие автокефалност од Московската патријаршија, која не требало да ја одбие. Поради недоразбирањето со Московската патријаршија, Цариградската патријаршија, која е мајка на сите помесни православни цркви, ја призна Православната црква на Украина. Тензии, вели пловдивскиот митрополит, предизвика и прогласената руска егзархија во Африка, во диоцезата на Александриската патријаршија. Неколку месеци по овие последни настани, започнува војната меѓу Русија и Украина, и Русија тргна да одвои дел од Украина, вели митрополитот Николај и прашува дали се гледа врската што тој ја забележал? Очигледно чашата се прелеа. Митрополит Николај во своето слово праша до каде и до што може да доведе ставањето на Црквата во функција на целите на световните владетели, што според него е уште еден огромен грев. – Православната црква е одговорна само пред Христа и не може да му служи на ниту еден секуларен владетел и да стане инструмент за постигнување политички и геополитички цели, ниту пак да проповеда друга вистина. Оние кои заборавиле, за жал, плаќаат и ќе плаќаат жестока цена додека не се сетат на тоа, рече митрополитот пловдивски Николај, додавајќи дека овој принцип функционира неумоливо и непоколебливо.

The post Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да добие афтокефалност appeared first on Република.

]]>