афроамериканец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afroamerikanec/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 18:25:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png афроамериканец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afroamerikanec/ 32 32 „Тесла“ казнета поради расистичка злоупотреба, на поранешен вработен мора да му плати 3,2 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tesla-kazneta-poradi-rasistichka-zloupotreba-na-poraneshen-vraboten-mora-da-mu-plati-3-2-milioni-dolari/ Sat, 08 Apr 2023 18:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=628798

Производителот на електрични автомобили „Тесла“ доби наредба да плати речиси 3,2 милиони долари на поранешен вработен Афроамериканец, откако тој ја доби тужбата за расно вознемирување.

Овен Дијаз, оператор со лифтови од 2015 до 2016 година во фабриката во Фремонт, бил подложен на расно непријателско работно опкружување, утврди федералната порота.

Сепак, исплатата беше намалена за 98 отсто од 137 милиони долари што првично му беа доделени во 2021 година. Судијата минатата година пресуди дека првичната сума е превисока.

Во понеделникот на Дијаз му беа доделени три милиони долари за казнена отштета и 175.000 долари за отштета од емоционална вознемиреност.

Да ни беше дозволено да воведеме нови докази, пресудата ќе беше нула. Поротата направи најдобро што можеше со информациите што ги имаше. Ја почитувам одлуката“, објави извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск на Твитер.

Маск не даде детали за тоа какви нови докази ќе презентира „Тесла“.

Во првичната тужба, Дијаз тврдеше дека афроамериканските работници „наишле на сцена директно од ерата на Џим Кроу“ во фабриката на компанијата во Фремонт, Калифорнија. Тој тврдеше дека овие работници редовно се соочуваат со расистичка злоупотреба во фабриката и расистички графити во бањите.

Во тужбата, исто така, беше наведено дека афроамериканскиот персонал работел со расистички историски имиња, како што е „плантажата“. Се вели дека еден работник слушал расни навреди „50-100 пати на ден“.

Во 2021 година, федералниот суд во Сан Франциско утврди дека „Тесла“ не презел разумни чекори за да се справи со злоупотребата и покрај жалбите до супервизорите. Поротата му додели на Дијаз отштета од 137 милиони долари. Во тоа време, „Тесла“ ја оспори пресудата, но соопшти дека признава оти „не е совршена“.

Во април 2022 година, американски федерален судија ја намали наградата на Дијаз на 15 милиони долари и рече дека надоместокот за кој поротниците одлучиле е „исклучително висока“.

Бернард Александер, адвокатот на Дијаз, минатата недела изјави дека „погледот на Дијаз за светот е трајно променет, што се случува кога некому му ја одземате безбедноста“.

Александар ги повика поротниците да му доделат отштета на неговиот клиент од речиси 160 милиони долари. Сепак, адвокатот на „Тесла“, тврдеше дека адвокатите на Дијаз не успеале да докажат дека „Тесла“ предизвикала сериозна, долгорочна штета.

Тие само фрлаат бројки на екранот како да е некој вид на игра“, изјави адвокатот на „Тесла“.

The post „Тесла“ казнета поради расистичка злоупотреба, на поранешен вработен мора да му плати 3,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Производителот на електрични автомобили „Тесла“ доби наредба да плати речиси 3,2 милиони долари на поранешен вработен Афроамериканец, откако тој ја доби тужбата за расно вознемирување. Овен Дијаз, оператор со лифтови од 2015 до 2016 година во фабриката во Фремонт, бил подложен на расно непријателско работно опкружување, утврди федералната порота. Сепак, исплатата беше намалена за 98 отсто од 137 милиони долари што првично му беа доделени во 2021 година. Судијата минатата година пресуди дека првичната сума е превисока. Во понеделникот на Дијаз му беа доделени три милиони долари за казнена отштета и 175.000 долари за отштета од емоционална вознемиреност.
Да ни беше дозволено да воведеме нови докази, пресудата ќе беше нула. Поротата направи најдобро што можеше со информациите што ги имаше. Ја почитувам одлуката“, објави извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск на Твитер.
Маск не даде детали за тоа какви нови докази ќе презентира „Тесла“. Во првичната тужба, Дијаз тврдеше дека афроамериканските работници „наишле на сцена директно од ерата на Џим Кроу“ во фабриката на компанијата во Фремонт, Калифорнија. Тој тврдеше дека овие работници редовно се соочуваат со расистичка злоупотреба во фабриката и расистички графити во бањите. Во тужбата, исто така, беше наведено дека афроамериканскиот персонал работел со расистички историски имиња, како што е „плантажата“. Се вели дека еден работник слушал расни навреди „50-100 пати на ден“. Во 2021 година, федералниот суд во Сан Франциско утврди дека „Тесла“ не презел разумни чекори за да се справи со злоупотребата и покрај жалбите до супервизорите. Поротата му додели на Дијаз отштета од 137 милиони долари. Во тоа време, „Тесла“ ја оспори пресудата, но соопшти дека признава оти „не е совршена“. Во април 2022 година, американски федерален судија ја намали наградата на Дијаз на 15 милиони долари и рече дека надоместокот за кој поротниците одлучиле е „исклучително висока“. Бернард Александер, адвокатот на Дијаз, минатата недела изјави дека „погледот на Дијаз за светот е трајно променет, што се случува кога некому му ја одземате безбедноста“. Александар ги повика поротниците да му доделат отштета на неговиот клиент од речиси 160 милиони долари. Сепак, адвокатот на „Тесла“, тврдеше дека адвокатите на Дијаз не успеале да докажат дека „Тесла“ предизвикала сериозна, долгорочна штета. Тие само фрлаат бројки на екранот како да е некој вид на игра“, изјави адвокатот на „Тесла“.

The post „Тесла“ казнета поради расистичка злоупотреба, на поранешен вработен мора да му плати 3,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Распуштена специјалната полициска единица во Мемфис чии полицајци до смрт го претепаа Афромериканецот Тајри Николс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/raspushtena-spetsijalnata-politsiska-edinitsa-vo-memfis-chii-politsajtsi-do-smrt-go-pretepaa-afromerikanetsot-tajri-nikols/ Sun, 29 Jan 2023 13:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=602243

Полициската управа во Мемфис ја распушти таканаречената специјална полициска единица „Скорпион“, чии полицајци беа обвинети за убиството на Афроамериканецот Тајри Николс.

„Скорпион“ е единица чија задача била да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата ја сочинувале 50 полицајци, но откако петмина од нив до смрт го претепаа 29-годишникот, таа ќе биде распуштена.

https://republika.mk/vesti/svet/gi-molel-da-ne-go-tepaat-i-plachel-po-majka-mu-afroamerikanets-do-smrt-pretepan-od-politsajtsi-vo-memfis/

Семејството на Николс ја поздрави одлуката. Преку адвокатот рекоа дека одлуката е соодветна за трагичната смрт на Тајри Николс и пристојна и праведна за сите граѓани на Мемфис.

Петте полицајци, Тадариус Бин, Деметриус Хејли, Дезмонд Милс Јуниор, Емит Мартин Трети и Џастин Смит, беа отпуштени минатата недела. Тие беа приведени во четвртокот и секој од нив се соочува со обвиненија за убиство од втор степен, тежок напад.

Вчера беа објавени видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот Афроамериканец Тајри Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка.

Во повеќе американски градови, вчера, се одржаа протести по јавното објавување на видео снимките на кои се гледа како петте полицајци го тепаат Тајри Николс.

The post Распуштена специјалната полициска единица во Мемфис чии полицајци до смрт го претепаа Афромериканецот Тајри Николс appeared first on Република.

]]>

Полициската управа во Мемфис ја распушти таканаречената специјална полициска единица „Скорпион“, чии полицајци беа обвинети за убиството на Афроамериканецот Тајри Николс. „Скорпион“ е единица чија задача била да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата ја сочинувале 50 полицајци, но откако петмина од нив до смрт го претепаа 29-годишникот, таа ќе биде распуштена. https://republika.mk/vesti/svet/gi-molel-da-ne-go-tepaat-i-plachel-po-majka-mu-afroamerikanets-do-smrt-pretepan-od-politsajtsi-vo-memfis/ Семејството на Николс ја поздрави одлуката. Преку адвокатот рекоа дека одлуката е соодветна за трагичната смрт на Тајри Николс и пристојна и праведна за сите граѓани на Мемфис. Петте полицајци, Тадариус Бин, Деметриус Хејли, Дезмонд Милс Јуниор, Емит Мартин Трети и Џастин Смит, беа отпуштени минатата недела. Тие беа приведени во четвртокот и секој од нив се соочува со обвиненија за убиство од втор степен, тежок напад. Вчера беа објавени видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот Афроамериканец Тајри Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка. Во повеќе американски градови, вчера, се одржаа протести по јавното објавување на видео снимките на кои се гледа како петте полицајци го тепаат Тајри Николс.

The post Распуштена специјалната полициска единица во Мемфис чии полицајци до смрт го претепаа Афромериканецот Тајри Николс appeared first on Република.

]]>
Ги молел да не го тепаат и плачел по мајка му: Афроамериканец до смрт претепан од полицајци во Мемфис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gi-molel-da-ne-go-tepaat-i-plachel-po-majka-mu-afroamerikanets-do-smrt-pretepan-od-politsajtsi-vo-memfis/ Fri, 27 Jan 2023 22:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=601823

Полицијата во Мемфис објави дека ќе објави видео од нападот врз 29-годишниот Тајри Николс, Афроамериканец кој почина три дена откако полицијата го запре и употреби прекумерна сила.

Петмина сега поранешни полицајци во Мемфис се обвинети за убиство. Тие првично беа во притвор и обвинети за убиство, но сите се ослободени со кауција која поединечно изнесувала меѓу 250.000 и 350.000 долари.

Семејството и адвокатот на убиениот Николс, во интервју за „Си-Ен-Ен“ најавија дека ќе биде објавено видеото од камерите што ги носеле полицајците. Јавноста се уште ја нема видено снимката, но членовите на семејството и нивните адвокати ја виделе. Адвокатот Бенџамин Крамп тврди дека Тајри Николс молел и плачел по својата мајка.

Ве викаше три пати, плачеше по мајка му“, ѝ рекол Крамп на мајката на Тајри, Раувон Велс за време на интервјуто.

Адвокатот вели дека јавноста ќе ги слушне последните зборови што ги кажа Тајри.

Последните зборови што Америка ќе ги слушне се плачот по мајката што го трогнува срцето. Видеото трае повеќе од еден час“, вели адвокатот.

Мајката на Тајри, Раувон Велс, и неговиот очув, Родни Велс, за Си-Ен-Ен велат дека полицајците првично им кажале дека тој бил уапсен поради возење под дејство на алкохол.

Таа вели дека полицајците и рекле дека му ставиле лисици, го удриле со палка и го однеле во болница, но не ѝ било дозволено да оди да го види бидејќи наводно бил приведен.

Неколку часа подоцна ѝ се јавиле од болницата и ѝ кажале дека Тајри имал срцев удар и дека неговите бубрези откажуваат.

Таа вели дека нејзиниот син бил „веќе починат“ кога таа и нејзиниот сопруг пристигнале во болница.

Го претепаа до смрт. Имаше модринки по целото тело. Главата му беше отечена како лубеница. Вратот му пукаше од оток, му го скршија вратот. И да преживееше, ќе беше како растение, вели таа.

Се очекуваат протести

Шефицата на полицијата во Мемфис, Серелин Дејвис, вели дека видеото ќе биде објавено во четири дела на канал на Јутјуб.

Видеото е поделено на четири различни сегменти поврзани со инцидентот, изјави таа за Си-Ен-Ен.

Таа вели дека нападот бил грозоморен, несовесен и нехуман.

Покрај тоа што ја водам полицијата, јас сум граѓанин на оваа заедница што ја делиме“, вели таа.

Граѓаните на Мемфис со нетрпение ја очекуваат снимката од злосторството, а планирани се и протести.

Се обрати и претседателот Џозеф Бајден, кој апелираше протестите да бидат мирни.

Се придружувам на семејството на Тајри во повикот на мирни протести. Бесот е разбирлив, но насилството никогаш не е прифатливо“, рече Бајден.

The post Ги молел да не го тепаат и плачел по мајка му: Афроамериканец до смрт претепан од полицајци во Мемфис appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Мемфис објави дека ќе објави видео од нападот врз 29-годишниот Тајри Николс, Афроамериканец кој почина три дена откако полицијата го запре и употреби прекумерна сила. Петмина сега поранешни полицајци во Мемфис се обвинети за убиство. Тие првично беа во притвор и обвинети за убиство, но сите се ослободени со кауција која поединечно изнесувала меѓу 250.000 и 350.000 долари. Семејството и адвокатот на убиениот Николс, во интервју за „Си-Ен-Ен“ најавија дека ќе биде објавено видеото од камерите што ги носеле полицајците. Јавноста се уште ја нема видено снимката, но членовите на семејството и нивните адвокати ја виделе. Адвокатот Бенџамин Крамп тврди дека Тајри Николс молел и плачел по својата мајка.
Ве викаше три пати, плачеше по мајка му“, ѝ рекол Крамп на мајката на Тајри, Раувон Велс за време на интервјуто.
Адвокатот вели дека јавноста ќе ги слушне последните зборови што ги кажа Тајри.
Последните зборови што Америка ќе ги слушне се плачот по мајката што го трогнува срцето. Видеото трае повеќе од еден час“, вели адвокатот.
Мајката на Тајри, Раувон Велс, и неговиот очув, Родни Велс, за Си-Ен-Ен велат дека полицајците првично им кажале дека тој бил уапсен поради возење под дејство на алкохол. Таа вели дека полицајците и рекле дека му ставиле лисици, го удриле со палка и го однеле во болница, но не ѝ било дозволено да оди да го види бидејќи наводно бил приведен. Неколку часа подоцна ѝ се јавиле од болницата и ѝ кажале дека Тајри имал срцев удар и дека неговите бубрези откажуваат. Таа вели дека нејзиниот син бил „веќе починат“ кога таа и нејзиниот сопруг пристигнале во болница.
Го претепаа до смрт. Имаше модринки по целото тело. Главата му беше отечена како лубеница. Вратот му пукаше од оток, му го скршија вратот. И да преживееше, ќе беше како растение, вели таа.

Се очекуваат протести

Шефицата на полицијата во Мемфис, Серелин Дејвис, вели дека видеото ќе биде објавено во четири дела на канал на Јутјуб.
Видеото е поделено на четири различни сегменти поврзани со инцидентот, изјави таа за Си-Ен-Ен.
Таа вели дека нападот бил грозоморен, несовесен и нехуман.
Покрај тоа што ја водам полицијата, јас сум граѓанин на оваа заедница што ја делиме“, вели таа.
Граѓаните на Мемфис со нетрпение ја очекуваат снимката од злосторството, а планирани се и протести. Се обрати и претседателот Џозеф Бајден, кој апелираше протестите да бидат мирни.
Се придружувам на семејството на Тајри во повикот на мирни протести. Бесот е разбирлив, но насилството никогаш не е прифатливо“, рече Бајден.

The post Ги молел да не го тепаат и плачел по мајка му: Афроамериканец до смрт претепан од полицајци во Мемфис appeared first on Република.

]]>