афроамериканци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afroamerikanci/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 21:57:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png афроамериканци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afroamerikanci/ 32 32 Професор од Харвард истражил дека нема расна пристрасност при полициските пукања во САД па се соочил со масовни закани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/profesor-od-harvard-istrazhil-deka-nema-rasna-pristrasnost-pri-politsiskite-pukana-vo-sad-pa-se-soochil-so-masovni-zakani/ Sun, 25 Feb 2024 09:39:25 +0000 https://republika.mk/?p=747964

Професор од Харвард, Роланд Фрајер, се соочил со бурни реакции и последици по неговото истражување кое не открило докази за расна пристрасност во полициските престрелки во САД. Според професорот Фрајер, ситуацијата драстично ескалирала, што го поттикнало да побара полициска заштита за неговата безбедност.

За време на разговор со Бари Вајс од „The Free Press“, професорот по економија на Харвард, разговарал за последиците од студијата од 2016 година што ја објави за расната пристрасност во полициската служба во Хјустон.

Студијата покажува дека полицијата има повеќе од двојно поголема веројатност да малтретира, тепа или употребува некој друг вид на нефатална сила против Афроамериканците и Хиспаноамериканците отколку против луѓето од другите раси. Сепак, податоците исто така утврдиле дека полицајците имале 23,8 отсто помали шанси да пукаат во Афроамериканци и 8,5 отсто помали шанси да пукаат во Хиспаноамериканци отколку да пукаат во белци.

Кога Фрајер објавил дека податоците покажале дека „нема расни разлики во пукањето на полицајците“, тој вели дека „се отворил пеколот“ и неговиот живот бил сериозно нарушен.

Фрајер ја добил првата од многуте поплаки и закани само четири минути по објавувањето.

Полни сте со сра*е“, пишувало во пораката.

Фрајер вели дека луѓето брзо „го изгубиле умот“, а некои од неговите колеги одбиле да веруваат во резултатите неколку месеци барајќи од него да не ги објавува податоците.

Имав колеги кои ме одведоа на страна и ми рекоа: „Не го објавувај ова. Ќе си ја уништиш кариерата“, открива Фрајер.

Светски познатиот економист знаел од коментарите на факултетот дека веројатно ќе наиде на бурни реакции. Фрајер признава дека очекувал оти резултатите од студијата ќе бидат различни и дека ќе ги потврдат сомневањата за расна пристрасност кон малцинствата. Кога резултатите не откриле расна пристрасност, Фрајер ангажирал осум нови асистенти и повторно ја променил студијата. Сепак, податоците се вратиле на исто.

По објавувањето на извештајот, Фрајер живеел под полициска заштита повеќе од еден месец. Во тоа време имал ќерка стара седум дена.

Одев во продавница да земам пелени, а со мене беше вооружениот чувар. Беше лудо. Беше навистина, навистина лудо“, вели тој.

Фрајер на 30-годишна возраст стана најмладиот афроамерикански професор на Харвард.

The post Професор од Харвард истражил дека нема расна пристрасност при полициските пукања во САД па се соочил со масовни закани appeared first on Република.

]]>

Професор од Харвард, Роланд Фрајер, се соочил со бурни реакции и последици по неговото истражување кое не открило докази за расна пристрасност во полициските престрелки во САД. Според професорот Фрајер, ситуацијата драстично ескалирала, што го поттикнало да побара полициска заштита за неговата безбедност. За време на разговор со Бари Вајс од „The Free Press“, професорот по економија на Харвард, разговарал за последиците од студијата од 2016 година што ја објави за расната пристрасност во полициската служба во Хјустон. Студијата покажува дека полицијата има повеќе од двојно поголема веројатност да малтретира, тепа или употребува некој друг вид на нефатална сила против Афроамериканците и Хиспаноамериканците отколку против луѓето од другите раси. Сепак, податоците исто така утврдиле дека полицајците имале 23,8 отсто помали шанси да пукаат во Афроамериканци и 8,5 отсто помали шанси да пукаат во Хиспаноамериканци отколку да пукаат во белци. Кога Фрајер објавил дека податоците покажале дека „нема расни разлики во пукањето на полицајците“, тој вели дека „се отворил пеколот“ и неговиот живот бил сериозно нарушен. Фрајер ја добил првата од многуте поплаки и закани само четири минути по објавувањето.
Полни сте со сра*е“, пишувало во пораката.
Фрајер вели дека луѓето брзо „го изгубиле умот“, а некои од неговите колеги одбиле да веруваат во резултатите неколку месеци барајќи од него да не ги објавува податоците.
Имав колеги кои ме одведоа на страна и ми рекоа: „Не го објавувај ова. Ќе си ја уништиш кариерата“, открива Фрајер.
Светски познатиот економист знаел од коментарите на факултетот дека веројатно ќе наиде на бурни реакции. Фрајер признава дека очекувал оти резултатите од студијата ќе бидат различни и дека ќе ги потврдат сомневањата за расна пристрасност кон малцинствата. Кога резултатите не откриле расна пристрасност, Фрајер ангажирал осум нови асистенти и повторно ја променил студијата. Сепак, податоците се вратиле на исто. По објавувањето на извештајот, Фрајер живеел под полициска заштита повеќе од еден месец. Во тоа време имал ќерка стара седум дена.
Одев во продавница да земам пелени, а со мене беше вооружениот чувар. Беше лудо. Беше навистина, навистина лудо“, вели тој.
Фрајер на 30-годишна возраст стана најмладиот афроамерикански професор на Харвард.

The post Професор од Харвард истражил дека нема расна пристрасност при полициските пукања во САД па се соочил со масовни закани appeared first on Република.

]]>
Трамп: Поради неоснованите обвиненијата против мене имам поголема поддршка од Афроамериканците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-poradi-neosnovanite-obvinenijata-protiv-mene-imam-pogolema-poddrshka-od-afroamerikantsite/ Sat, 24 Feb 2024 21:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=747952

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека поради четирите кривични обвиненија поднесени против него, тој има поголема поддршка меѓу Афроамериканците „бидејќи го гледаат како жртва на дискриминација“ и го споредуваат она што му се случува со историското наследство на предрасудите за Афроамериканците во правниот систем на САД.

Не сум обвинет за ништо, за нешто што е ништо. И многу луѓе рекоа дека затоа ме сакаат Афроамериканците, затоа што биле тешко повредени и дискриминирани и всушност ме виделе како дискриминиран. Тоа е прилично неверојатно, но можеби, можеби има нешто во тоа“, изјавиТрамп на собир на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина.

Трамп ја фокусира својата трета кампања за Белата куќа на критиките кон Бајден и на тоа што, како што вели,  „длабоката држава“ прави се против него.

Изборниот штаб на Трамп предвидува дека тој ќе помине подобро со афроамериканските гласачи во ноември отколку пред четири години, наведувајќи ја неговата предност за прашања како што се економијата и рекордниот број луѓе кои ја преминуваат американската граница со Мексико, кои често завршуваат во градови со големо афроамериканско население.

The post Трамп: Поради неоснованите обвиненијата против мене имам поголема поддршка од Афроамериканците appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека поради четирите кривични обвиненија поднесени против него, тој има поголема поддршка меѓу Афроамериканците „бидејќи го гледаат како жртва на дискриминација“ и го споредуваат она што му се случува со историското наследство на предрасудите за Афроамериканците во правниот систем на САД.
Не сум обвинет за ништо, за нешто што е ништо. И многу луѓе рекоа дека затоа ме сакаат Афроамериканците, затоа што биле тешко повредени и дискриминирани и всушност ме виделе како дискриминиран. Тоа е прилично неверојатно, но можеби, можеби има нешто во тоа“, изјавиТрамп на собир на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина.
Трамп ја фокусира својата трета кампања за Белата куќа на критиките кон Бајден и на тоа што, како што вели,  „длабоката држава“ прави се против него. Изборниот штаб на Трамп предвидува дека тој ќе помине подобро со афроамериканските гласачи во ноември отколку пред четири години, наведувајќи ја неговата предност за прашања како што се економијата и рекордниот број луѓе кои ја преминуваат американската граница со Мексико, кои често завршуваат во градови со големо афроамериканско население.

The post Трамп: Поради неоснованите обвиненијата против мене имам поголема поддршка од Афроамериканците appeared first on Република.

]]>
Во Мексиканксиот Залив пронајден китоловец стар 207 години кој фрла друго светло на историјата на Афроамериканците и Индијанците во Америка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-meksikanksiot-zaliv-pronajden-kitolovec-star-207-godini-koj-frla-drugo-svetlo-na-istorijata-na-afroamerikancite-i-indijancite-vo-amerika/ Tue, 29 Mar 2022 14:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=480385

Откривање на 207 години стар брод-китоловец во Мексиканскиот залив фрла светлина врз историјата на членови на екипажот што биле Афроамериканците и Индијанци во раните 1800-ти.

Националната управа за океани и атмосфера администрација (НOAA) и партнерите на 25 февруари го открија „Индустрија“, дрвениот брод со два јарболи долг 64 метри, на брегот на Паскагула во Мисисипи. Изграден во 1815 година во Вестпорт, Масачусетс, бродот ловел китови преку Атлантикот, Карибите и Мексиканскиот Залив околу 20 години.

„Индустрија“ исчезнал на 26 мај 1836 година, за време на бура што ги скршила два нејзини јарболи и го уништила трупот.

Од НOAA наведуваат дека списокот на екипажот исчезнал кога „Индустрија“ потонал. Но, списоците на екипажите од претходните патувања покажуваат дека меѓу членовите на екипажот и офицерите имало Индијанци, Афроамериканци, белци и членови на други раси.

Историјата на Афроамериканците и Индијанците е американска историја и ова значајно откритие служи како важен потсетник за огромниот придонес што Афроамериканците и Индијанците го дадоа за нашата земја. 19-тиот век ќе ни помогне да научиме за животите на афроамериканските и индиските морнари и нивните заедници, како и за огромните предизвици со кои се соочувале на копно и на море - вели американскиот заменик-секретар за трговија Дон Грејвс во изјавата објавена од НОАА. “.

https://twitter.com/oceanexplorer/status/1506609640783630339?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506609640783630339%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3898117%2Farheologija-kitolovac-meksicki-zaliv

Изгубен, па пронајден

Откритието на „Индустрија“ е резултат на координирани напори меѓу научниците и археолозите од Бирото за управување со енергијата на океанот, приватна археолошка фирма „SEARCH, Inc.“ и НOAA.

Тим на брод на НOAA спуштил во водата возило на далечински управувач управувано од брегот за да го истражи морското дно на можната локација на бродолом, што првпат беше забележано од енергетска компанија во 2011 година, а подоцна го забележа автономно возило во2017 година.

По прегледувањето на снимката, тим научници утврдиле дека навистина се работи за „Индустрија“, пишува „Си-Ен-Ен“.

Иако самиот брод потонал, сега знаеме што се случило со неговиот екипаж, благодарение на истражувањето на библиотекари од бесплатната јавна библиотека Вестпорт.

Робин Винтерс пронашол статија објавена од „Нентакет Инквајерс“ и „Мирор“ на 17 јуни 1836 година, во која се наведува дека екипажот на „Индустрија“ бил спасен од друг китоловец од Вестпорт, „Елизабет“ и безбедно ги вратил во Вестпорт.

Toa било голема среќа за луѓето на бродот. Доколку членовите на афроамериканската екипа се обиделе да излезат на брегот, ќе биле заробени според локалниот закон. И ако не можеле да платат додека се во затвор, ќе биле продадени во ропство - вели потпретседателот на „SEARCH, Inc.“ Џејмс Делгадо, кој тесно соработувал со Винтерс и неколку други локални историчари за да го потврди идентитетот на „Индустрија“.

Директорката за односи со јавноста за истражување на НОАА, Моника Ален, вели дека бродот бил поврзан со Пол Кафе, морнар, претприемач, аболиционист и филантроп чиј татко бил ослободен роб, а мајка му била Индијанка од племето Вампаноаг.

Записите покажуваат дека синот на Кафе, Вилијам, бил навигатор на „Индустрија“. Зетот на кафе, Пардон Кук, бил офицер на бродот. За него се смета дека бил Афроамериканец кој организирал најмногу ловења на китови во американската историја.

Вестите за ова откритие се возбудливи бидејќи ни овозможуваат да ги истражиме раните врски на луѓето кои работеле на овие бродови, што е лекција за нас денес бидејќи се занимаваме со различноста, еднаквоста и инклузивноста - вели Карл Џ. Круз.

Круз е независен историчар со седиште во Њу Бедфорд и потомок на семејството на Пол Кафе.

Одредување на автентичноста на потонатиот брод

Бродот не потонал веднаш на денот на невремето. Ова делумно се должи на китовото масло на бродот, што му овозможило на оштетениот брод да остане подолго на површината, се вели во извештајот на научниот тим.

Фактот што имаше толку малку предмети на бродот беше уште еден одличен доказ дека тоа е „Индустрија“. Знаевме дека е спасен пред да потоне - вели морскиот биолог Скот Сорсет во изјавата објавена од НOAA.

Според истиот извештај, китоловец од тесно поврзаната заедница на китоловци во Масачусетс, стигнал до „Индустрија“ која имала бродолом и спасил 230 барели китово масло, парчиња опрема и едно од четирите сидра пред да потоне бродот.

Во извештајот се наведува и дека „Индустрија“ е единствениот китоловец за кој се знае дека е изгубен во Мексиканскиот Залив од 214 патувања направени во периодот од 1780-тите до 1870-тите.

Пилотите на подводниот ровер успеале да ги снимат огромните садови кои биле вообичаени за китоловците и кои служеле како шпорет и котел за топење на китовата маст.

Научниците утврдиле дека локацијата на бродоломот, 72 наутички милји од последната регистрирана локација, во близина на устието на реката Мисисипи, може да му се припише на брод што плутал во Заливскиот вртлог пред конечно да потоне по бурата во мај 1836 година.

Иако потонатиот брод е повеќе од една милја под површината, НOAA не сака да ја открие неговата точна локација за артефактите од бродот мистериозно да не исчезнат

The post Во Мексиканксиот Залив пронајден китоловец стар 207 години кој фрла друго светло на историјата на Афроамериканците и Индијанците во Америка appeared first on Република.

]]>

Откривање на 207 години стар брод-китоловец во Мексиканскиот залив фрла светлина врз историјата на членови на екипажот што биле Афроамериканците и Индијанци во раните 1800-ти. Националната управа за океани и атмосфера администрација (НOAA) и партнерите на 25 февруари го открија „Индустрија“, дрвениот брод со два јарболи долг 64 метри, на брегот на Паскагула во Мисисипи. Изграден во 1815 година во Вестпорт, Масачусетс, бродот ловел китови преку Атлантикот, Карибите и Мексиканскиот Залив околу 20 години. „Индустрија“ исчезнал на 26 мај 1836 година, за време на бура што ги скршила два нејзини јарболи и го уништила трупот. Од НOAA наведуваат дека списокот на екипажот исчезнал кога „Индустрија“ потонал. Но, списоците на екипажите од претходните патувања покажуваат дека меѓу членовите на екипажот и офицерите имало Индијанци, Афроамериканци, белци и членови на други раси.
Историјата на Афроамериканците и Индијанците е американска историја и ова значајно откритие служи како важен потсетник за огромниот придонес што Афроамериканците и Индијанците го дадоа за нашата земја. 19-тиот век ќе ни помогне да научиме за животите на афроамериканските и индиските морнари и нивните заедници, како и за огромните предизвици со кои се соочувале на копно и на море - вели американскиот заменик-секретар за трговија Дон Грејвс во изјавата објавена од НОАА. “.
https://twitter.com/oceanexplorer/status/1506609640783630339?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506609640783630339%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3898117%2Farheologija-kitolovac-meksicki-zaliv

Изгубен, па пронајден

Откритието на „Индустрија“ е резултат на координирани напори меѓу научниците и археолозите од Бирото за управување со енергијата на океанот, приватна археолошка фирма „SEARCH, Inc.“ и НOAA. Тим на брод на НOAA спуштил во водата возило на далечински управувач управувано од брегот за да го истражи морското дно на можната локација на бродолом, што првпат беше забележано од енергетска компанија во 2011 година, а подоцна го забележа автономно возило во2017 година. По прегледувањето на снимката, тим научници утврдиле дека навистина се работи за „Индустрија“, пишува „Си-Ен-Ен“. Иако самиот брод потонал, сега знаеме што се случило со неговиот екипаж, благодарение на истражувањето на библиотекари од бесплатната јавна библиотека Вестпорт. Робин Винтерс пронашол статија објавена од „Нентакет Инквајерс“ и „Мирор“ на 17 јуни 1836 година, во која се наведува дека екипажот на „Индустрија“ бил спасен од друг китоловец од Вестпорт, „Елизабет“ и безбедно ги вратил во Вестпорт.
Toa било голема среќа за луѓето на бродот. Доколку членовите на афроамериканската екипа се обиделе да излезат на брегот, ќе биле заробени според локалниот закон. И ако не можеле да платат додека се во затвор, ќе биле продадени во ропство - вели потпретседателот на „SEARCH, Inc.“ Џејмс Делгадо, кој тесно соработувал со Винтерс и неколку други локални историчари за да го потврди идентитетот на „Индустрија“.
Директорката за односи со јавноста за истражување на НОАА, Моника Ален, вели дека бродот бил поврзан со Пол Кафе, морнар, претприемач, аболиционист и филантроп чиј татко бил ослободен роб, а мајка му била Индијанка од племето Вампаноаг. Записите покажуваат дека синот на Кафе, Вилијам, бил навигатор на „Индустрија“. Зетот на кафе, Пардон Кук, бил офицер на бродот. За него се смета дека бил Афроамериканец кој организирал најмногу ловења на китови во американската историја. Вестите за ова откритие се возбудливи бидејќи ни овозможуваат да ги истражиме раните врски на луѓето кои работеле на овие бродови, што е лекција за нас денес бидејќи се занимаваме со различноста, еднаквоста и инклузивноста - вели Карл Џ. Круз. Круз е независен историчар со седиште во Њу Бедфорд и потомок на семејството на Пол Кафе.

Одредување на автентичноста на потонатиот брод

Бродот не потонал веднаш на денот на невремето. Ова делумно се должи на китовото масло на бродот, што му овозможило на оштетениот брод да остане подолго на површината, се вели во извештајот на научниот тим.
Фактот што имаше толку малку предмети на бродот беше уште еден одличен доказ дека тоа е „Индустрија“. Знаевме дека е спасен пред да потоне - вели морскиот биолог Скот Сорсет во изјавата објавена од НOAA.
Според истиот извештај, китоловец од тесно поврзаната заедница на китоловци во Масачусетс, стигнал до „Индустрија“ која имала бродолом и спасил 230 барели китово масло, парчиња опрема и едно од четирите сидра пред да потоне бродот. Во извештајот се наведува и дека „Индустрија“ е единствениот китоловец за кој се знае дека е изгубен во Мексиканскиот Залив од 214 патувања направени во периодот од 1780-тите до 1870-тите. Пилотите на подводниот ровер успеале да ги снимат огромните садови кои биле вообичаени за китоловците и кои служеле како шпорет и котел за топење на китовата маст. Научниците утврдиле дека локацијата на бродоломот, 72 наутички милји од последната регистрирана локација, во близина на устието на реката Мисисипи, може да му се припише на брод што плутал во Заливскиот вртлог пред конечно да потоне по бурата во мај 1836 година. Иако потонатиот брод е повеќе од една милја под површината, НOAA не сака да ја открие неговата точна локација за артефактите од бродот мистериозно да не исчезнат

The post Во Мексиканксиот Залив пронајден китоловец стар 207 години кој фрла друго светло на историјата на Афроамериканците и Индијанците во Америка appeared first on Република.

]]>