Африм Исмаиловиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afrim-ismailovikj/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 11:01:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Африм Исмаиловиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afrim-ismailovikj/ 32 32 Правда сè уште чека исход од Косово за екстрадицијата на Демири и Исламиловиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pravda-se-ushte-cheka-ishod-od-kosovo-za-ekstraditsijata-na-demiri-i-islamilovik/ Wed, 27 Nov 2024 11:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=842204

Никакво придвижување на екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се доживотно осудени за случајот ,,Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

„Чекаме“ – одговори денеска изјави министерот за правда, Игор Филков запрашан до каде е екстрадицијата. Тој потсети дека за тоа разговарал со неговата косовска колешка при последната меѓувладина седница меѓу Македонија и Косово.

-Таму процедурата е во тек и го чекаме исходот во секој момент. Кога ќе дознаеме, ќе дознаете и вие, кажа Филков.

Пред десетина дена, косовскиот премиер Албин Курти истакна дека ова е прашање и за судовите и јавните обвинителства на Македонија и Косово.

-Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање и тоа налага законски и судски третман за што нашите двајца министри даваат нивен максимум за што поскоро са се реши. Да им дадеме уште малку време да го решат и да се погрижат за проблемот, кажа Курти на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.

Летово Министерството за правда повторно бара екстрадиција од Косово. Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се уште се чека одговор од нивна страна.

Последен пат, нивна екстрадиција беше побарана во 2018 година. Во 2021 година косовските власти ја одбија екстрадицијата за Исмаиловиќ, а за Демири немаше одговор. Министерот за правда Игор Филков штом стапи на функцијата изјави дека Демири и Исмаиловиќ не се гонат за други кривични дела во Косово.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.

The post Правда сè уште чека исход од Косово за екстрадицијата на Демири и Исламиловиќ appeared first on Република.

]]>

Никакво придвижување на екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се доживотно осудени за случајот ,,Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро. „Чекаме“ – одговори денеска изјави министерот за правда, Игор Филков запрашан до каде е екстрадицијата. Тој потсети дека за тоа разговарал со неговата косовска колешка при последната меѓувладина седница меѓу Македонија и Косово.
-Таму процедурата е во тек и го чекаме исходот во секој момент. Кога ќе дознаеме, ќе дознаете и вие, кажа Филков.
Пред десетина дена, косовскиот премиер Албин Курти истакна дека ова е прашање и за судовите и јавните обвинителства на Македонија и Косово.
-Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање и тоа налага законски и судски третман за што нашите двајца министри даваат нивен максимум за што поскоро са се реши. Да им дадеме уште малку време да го решат и да се погрижат за проблемот, кажа Курти на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.
Летово Министерството за правда повторно бара екстрадиција од Косово. Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се уште се чека одговор од нивна страна. Последен пат, нивна екстрадиција беше побарана во 2018 година. Во 2021 година косовските власти ја одбија екстрадицијата за Исмаиловиќ, а за Демири немаше одговор. Министерот за правда Игор Филков штом стапи на функцијата изјави дека Демири и Исмаиловиќ не се гонат за други кривични дела во Косово. Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.

The post Правда сè уште чека исход од Косово за екстрадицијата на Демири и Исламиловиќ appeared first on Република.

]]>
Курти сака законски да се решава екстрадицијата на убијците од Смилковското езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kurti-saka-zakonski-da-se-reshava-ekstraditsijata-na-ubijtsite-od-smilkovskoto-ezero/ Mon, 18 Nov 2024 18:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=839353

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

- На денешниот состанок беа присутни и двајцата наши минитри за правда. Од страна на Македонија беше господинот Игор Филков, а од страна на Република Косово беше Албулена Хаџиу. Тие комуницираат директно меѓусебе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман, рече косовскиот премиер.

Курти додаде дека двајцата министри за правда даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање.

– Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем, рече Курти.

Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажа Курти.

The post Курти сака законски да се решава екстрадицијата на убијците од Смилковското езеро appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.
- На денешниот состанок беа присутни и двајцата наши минитри за правда. Од страна на Македонија беше господинот Игор Филков, а од страна на Република Косово беше Албулена Хаџиу. Тие комуницираат директно меѓусебе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман, рече косовскиот премиер.
Курти додаде дека двајцата министри за правда даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање. – Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем, рече Курти. Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажа Курти.

The post Курти сака законски да се решава екстрадицијата на убијците од Смилковското езеро appeared first on Република.

]]>
Филков потпиша барање за екстрадиции за монструмите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filkov-potpisha-barane-za-ekstraditsii-za-monstrumite-alil-demiri-i-afrim-ismailovik/ Wed, 31 Jul 2024 11:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=801961

Министерот за правда Игор Филков денеска изјави дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор.

Тој напомена дека за лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 година, но тоа беше одбиено.

За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година, додаде Филков.

Како што посочи, на 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.

Во постапките, се што беше побарано од косовските власти беше доставено. Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати, во февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016. После шест години, повторно бараме нивна екстрадиција, рече Филков.

Министерот напомена дека не може да прејудицира сега што би можеле косовските власти да направат, за тоа ќе мора да се почека.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута.

[caption id="attachment_150674" align="aligncenter" width="753"] Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ насмеани излегоа од Кривичниот суд и си направија селфи со Зоран Заев во позадина, додека тој даваше изјава за медиумите по сведочењето во случајот „Монструм“, 3 февруари 2020 година (фото: Мкд.мк)[/caption]

Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро. Тие се во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина, досега не се екстрадирани во нашата држава.

 

The post Филков потпиша барање за екстрадиции за монструмите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Игор Филков денеска изјави дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор. Тој напомена дека за лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 година, но тоа беше одбиено.
За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година, додаде Филков.
Како што посочи, на 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.
Во постапките, се што беше побарано од косовските власти беше доставено. Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати, во февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016. После шест години, повторно бараме нивна екстрадиција, рече Филков.
Министерот напомена дека не може да прејудицира сега што би можеле косовските власти да направат, за тоа ќе мора да се почека. Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. [caption id="attachment_150674" align="aligncenter" width="753"] Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ насмеани излегоа од Кривичниот суд и си направија селфи со Зоран Заев во позадина, додека тој даваше изјава за медиумите по сведочењето во случајот „Монструм“, 3 февруари 2020 година (фото: Мкд.мк)[/caption] Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро. Тие се во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина, досега не се екстрадирани во нашата држава.  

The post Филков потпиша барање за екстрадиции за монструмите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ appeared first on Република.

]]>