Африм Гаши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afrim-gashi/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 11:58:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Африм Гаши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afrim-gashi/ 32 32 Гаши бил подготвен за уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-bil-podgotven-za-ustavni-izmeni/ Thu, 28 Nov 2024 11:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=842719

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.

-Мислам дека јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата. Што се однесува до Собранието веднаш штом ќе има политички договор ние сме спремни да ја почнеме процедурата, рече Гаши коментирајќи ја вчерашната изјава на новата еврокомесарка за проширување Марта Кос дека очекува Македонија да го промени Уставот и да го забрзаме процесот.

Гаши смета дека веќе имаат обезбедено потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.

-Мислам дека имаме две третини. Тој процес во Собрание, мислиме дека лесно ќе помине и ќе го реализираме, но зависи од политичкиот моментум, рече Гаши.

The post Гаши бил подготвен за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Гаши во работна посета на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-sobranieto-gashi-vo-rabotna-poseta-na-nato/ Tue, 19 Nov 2024 15:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=839667

На иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши,  предводеше делегација од пратеници во работна посета на НАТО.

Како што информира Кабинетот на Гаши, во делегацијата беа координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, заменик-координаторите на Вреди и ДУИ, Мерита Колчи-Коџаџику и Арбана Пашоли, пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсоски, и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Драган Ковачки.

-На средбата со Борис Руге, заменик-генерален секретар на НАТО, претседателот Гаши, во светло на актуелните безбедносни предизвици, ја истакна посветеноста на Македонија во водење на политика и промовирање на атмосфера и на регионална стабилност. Како земја која не е членка на ЕУ, но е дел од Јужното крило на НАТО, земјава се залага за динамична и визионерска соработка за јакнење на одбранбената подготвеност за одговор кон сите реални закани од секаков вид (хибридна војна, борба против дезинформациите, отпорност кон малигни влијанија од трети земји и сл.) Беше разговарано и за единственото и суштинско партнерство со Европската Унија со цел да се зајакне нејзината стратешка комплементарност со НАТО, со особен акцент на сите земји членки и нивните парламенти кои треба да посветат особено внимание на Структурниот дијалог НАТО – ЕУ, се наведува во соопштението.

Соговорниците споделиле ставови „за одржување на моментумoт во односите НАТО - Украина преку доставување континуирана помош, на билатерална основа и преку Сеопфатен пакет за помош“.

-Истовремено, беше пренесен цврстиот став на Република Северна  Македонија и нејзиното Собрание за натамошна поддршка на Политиката на отворени врати и посветеноста на заложбите на НАТО, повторно усвоени и потврдени на Самитот во Вашингтон, за издвојување на +2 проценти од БДП за одбраната, информира Кабинетот на Гаши.

За време на работната посета на НАТО, биле реализирани брифинзи со Петр Лунак, заменик-шеф во Одделот за јавна диломатија, со Нина Сољан, шеф на Одделот за политички прашања и безбедносна политика, Никола де Сантис од Одделот за јавна дипломатија и со Ариела Виехе од Одделот за операции.

-На брифизните претседателот и делегацијата беа запознени со функционирањето на одделите, врската со земјите членки на НАТО, извршувањето на активностите на постојаните мисии, ангажманите на земјите членки во мировните и советодавните мисии во кризните региони и за степенот на подготвеноста во одговор на безбедносните предизвици, се наведува во соопштението.

The post Претседателот на Собранието Гаши во работна посета на НАТО appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши,  предводеше делегација од пратеници во работна посета на НАТО. Како што информира Кабинетот на Гаши, во делегацијата беа координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, заменик-координаторите на Вреди и ДУИ, Мерита Колчи-Коџаџику и Арбана Пашоли, пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсоски, и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Драган Ковачки.
-На средбата со Борис Руге, заменик-генерален секретар на НАТО, претседателот Гаши, во светло на актуелните безбедносни предизвици, ја истакна посветеноста на Македонија во водење на политика и промовирање на атмосфера и на регионална стабилност. Како земја која не е членка на ЕУ, но е дел од Јужното крило на НАТО, земјава се залага за динамична и визионерска соработка за јакнење на одбранбената подготвеност за одговор кон сите реални закани од секаков вид (хибридна војна, борба против дезинформациите, отпорност кон малигни влијанија од трети земји и сл.) Беше разговарано и за единственото и суштинско партнерство со Европската Унија со цел да се зајакне нејзината стратешка комплементарност со НАТО, со особен акцент на сите земји членки и нивните парламенти кои треба да посветат особено внимание на Структурниот дијалог НАТО – ЕУ, се наведува во соопштението.
Соговорниците споделиле ставови „за одржување на моментумoт во односите НАТО - Украина преку доставување континуирана помош, на билатерална основа и преку Сеопфатен пакет за помош“.
-Истовремено, беше пренесен цврстиот став на Република Северна  Македонија и нејзиното Собрание за натамошна поддршка на Политиката на отворени врати и посветеноста на заложбите на НАТО, повторно усвоени и потврдени на Самитот во Вашингтон, за издвојување на +2 проценти од БДП за одбраната, информира Кабинетот на Гаши.
За време на работната посета на НАТО, биле реализирани брифинзи со Петр Лунак, заменик-шеф во Одделот за јавна диломатија, со Нина Сољан, шеф на Одделот за политички прашања и безбедносна политика, Никола де Сантис од Одделот за јавна дипломатија и со Ариела Виехе од Одделот за операции.
-На брифизните претседателот и делегацијата беа запознени со функционирањето на одделите, врската со земјите членки на НАТО, извршувањето на активностите на постојаните мисии, ангажманите на земјите членки во мировните и советодавните мисии во кризните региони и за степенот на подготвеноста во одговор на безбедносните предизвици, се наведува во соопштението.

The post Претседателот на Собранието Гаши во работна посета на НАТО appeared first on Република.

]]>
Средба на Гаши со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-gashi-so-pretsedatelkata-na-evropskiot-parlament-roberta-metsola/ Mon, 18 Nov 2024 17:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=839318

Во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. На оваа функција Мецола беше реизбрана со големо мнозинство на гласови по конституирањето на новиот состав на Европскиот парламент во јуни оваа година, информира собраниската прес-служба.

Гаши се заблагодарил за силната поддршка на европската перспектива на нашата земја која во континуитет ја дава Европскиот парламент и особено претседателката Мецола и изразил очекување таа да продолжи сѐ до полноправното членство на земјата во ЕУ.

Двајцата соговорници се согласиле дека граѓаните на Република Македонија очекуваат големи поместувања бидејќи беа направени навистина отстапки од наша страна кои доведоа до членство во НАТО, но не и до започнување на Меѓувладина конференција со ЕУ.

Претседателката Мецола најавила посета на регионот на Западен Балкан за почетокот на следната година и се заложи и за конкретни активности на економски план, на градење на инфраструктурата, укинувањето на роамингот, но и поконкретни исчекори за РС Македонија преку Програмата за демократска поддршка, насочена првенствено за Парламентот.

-Главни столбови на оваа Програма ќе бидат законодавството и транспарентноста, кои би се одвивале преку студиски посети и тренинзи за медијација, за што претседателот Гаши ја изрази својата поддршка и подготвеност да создаде потребни предуслови за нејзина реализација, велат од Собранието.

Соговорниците се согласиле за големиот бенефит за земјата и граѓаните за јасната визија која ЕУ ја има во процесот на евроинтергацијата, но и за јасните пораки кои треба ЕУ да ги испорача и застане зад нив, а земјата да го задржи фокусот кон евроинтегративниот пат со сочувано достоинство и задоволни граѓани, независно од нивното етничко потекло. 

The post Средба на Гаши со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола appeared first on Република.

]]>

Во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. На оваа функција Мецола беше реизбрана со големо мнозинство на гласови по конституирањето на новиот состав на Европскиот парламент во јуни оваа година, информира собраниската прес-служба. Гаши се заблагодарил за силната поддршка на европската перспектива на нашата земја која во континуитет ја дава Европскиот парламент и особено претседателката Мецола и изразил очекување таа да продолжи сѐ до полноправното членство на земјата во ЕУ. Двајцата соговорници се согласиле дека граѓаните на Република Македонија очекуваат големи поместувања бидејќи беа направени навистина отстапки од наша страна кои доведоа до членство во НАТО, но не и до започнување на Меѓувладина конференција со ЕУ. Претседателката Мецола најавила посета на регионот на Западен Балкан за почетокот на следната година и се заложи и за конкретни активности на економски план, на градење на инфраструктурата, укинувањето на роамингот, но и поконкретни исчекори за РС Македонија преку Програмата за демократска поддршка, насочена првенствено за Парламентот. -Главни столбови на оваа Програма ќе бидат законодавството и транспарентноста, кои би се одвивале преку студиски посети и тренинзи за медијација, за што претседателот Гаши ја изрази својата поддршка и подготвеност да создаде потребни предуслови за нејзина реализација, велат од Собранието. Соговорниците се согласиле за големиот бенефит за земјата и граѓаните за јасната визија која ЕУ ја има во процесот на евроинтергацијата, но и за јасните пораки кои треба ЕУ да ги испорача и застане зад нив, а земјата да го задржи фокусот кон евроинтегративниот пат со сочувано достоинство и задоволни граѓани, независно од нивното етничко потекло. 

The post Средба на Гаши со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола appeared first on Република.

]]>
Гаши: Толеранцијата е една од врвните човекови особини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-tolerantsijata-e-edna-od-vrvnite-chovekovi-osobini/ Fri, 15 Nov 2024 16:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=838228

Преку работилница за деца од повеќе училишта и од различна етничка, културна и верска припадност во Собранието се одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата - 16 Ноември. Децата креираа пораки за толеранција, преку кои порачаа пообединето, мирно и заедничко општество.

Како што информира собраниската прес-служба, на работилницата присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка на законодавниот дом Марина Димовска.

Гаши истакнал дека овој настан е можност преку децата да се испрати порака до сите граѓани дека толеранцијата е една од врвните човекови особини, која сите треба да ја поседуваме.

Како држава да бидеме среќни што имаме различни групи и различноста да ја гледаме како убавина затоа што разликите ги прават работите убави. Да ги почитуваме сите, без никаква разлика, јазична, религиска, социјална. Пред сѐ да сме луѓе, порачал Гаши, додавајќи дека човечноста е најголемата вредност, а љубовта е највисокиот степен на човечноста.

Тој апелираше со толеранција и љубов, заеднички да ја издигнеме државата на повисоко ниво.

Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува на 16 ноември секоја година, со цел да се зајакне и подигне јавната свест за толеранцијата, почитта и разбирањето меѓу луѓето од различните потекла и култури.

The post Гаши: Толеранцијата е една од врвните човекови особини appeared first on Република.

]]>

Преку работилница за деца од повеќе училишта и од различна етничка, културна и верска припадност во Собранието се одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата - 16 Ноември. Децата креираа пораки за толеранција, преку кои порачаа пообединето, мирно и заедничко општество. Како што информира собраниската прес-служба, на работилницата присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка на законодавниот дом Марина Димовска. Гаши истакнал дека овој настан е можност преку децата да се испрати порака до сите граѓани дека толеранцијата е една од врвните човекови особини, која сите треба да ја поседуваме.
Како држава да бидеме среќни што имаме различни групи и различноста да ја гледаме како убавина затоа што разликите ги прават работите убави. Да ги почитуваме сите, без никаква разлика, јазична, религиска, социјална. Пред сѐ да сме луѓе, порачал Гаши, додавајќи дека човечноста е најголемата вредност, а љубовта е највисокиот степен на човечноста.
Тој апелираше со толеранција и љубов, заеднички да ја издигнеме државата на повисоко ниво. Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува на 16 ноември секоја година, со цел да се зајакне и подигне јавната свест за толеранцијата, почитта и разбирањето меѓу луѓето од различните потекла и култури.

The post Гаши: Толеранцијата е една од врвните човекови особини appeared first on Република.

]]>
Гаши и Бегај ги потврдиле одличните односи меѓу двете земји и силните врски меѓу народите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-i-begaj-gi-potvrdile-odlichnite-odnosi-megu-dvete-zemji-i-silnite-vrski-megu-narodite/ Wed, 13 Nov 2024 16:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=837288

Претседателот на македонскиот Парламент, Африм Гаши, за време на престојот во Тирана оствари средба и со шефот на албанската држава Бајрам Бегај.

Во кусата објава на Фејсбук Бегај напиша дека чувствува посебно задоволство што го пречекува Гаши.

Задоволство што денеска се сретнав со претседателот на Собранието на Република Македонија. Добре дојде во твојот дом Африм, напиша Бегај.

Во своја објава, пак, Гаши наведува дека ги потврдиле „одличните односи меѓу двете држави и силната врска меѓу нашите народи“.

Разговаравме за можностите за соработка и взаемна поддршка за постигнувањето на стратешките цели за интеграција во ЕУ. При оваа прилика, лично му честитав за успехот на Албанија во отворањето на првата група поглавја во преговорите за членство во ЕУ. Нагласив дека Македонија останува решена и посветена на надминување на пречките за суштинско отворање на поглавјата за интеграција во ЕУ, наведува Гаши.

Тој додава дека се согласиле и оти соработката со Албанија и со земјите од регионот е од клучно значење за напредокот во овој процес.

The post Гаши и Бегај ги потврдиле одличните односи меѓу двете земји и силните врски меѓу народите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на македонскиот Парламент, Африм Гаши, за време на престојот во Тирана оствари средба и со шефот на албанската држава Бајрам Бегај. Во кусата објава на Фејсбук Бегај напиша дека чувствува посебно задоволство што го пречекува Гаши.
Задоволство што денеска се сретнав со претседателот на Собранието на Република Македонија. Добре дојде во твојот дом Африм, напиша Бегај.
Во своја објава, пак, Гаши наведува дека ги потврдиле „одличните односи меѓу двете држави и силната врска меѓу нашите народи“.
Разговаравме за можностите за соработка и взаемна поддршка за постигнувањето на стратешките цели за интеграција во ЕУ. При оваа прилика, лично му честитав за успехот на Албанија во отворањето на првата група поглавја во преговорите за членство во ЕУ. Нагласив дека Македонија останува решена и посветена на надминување на пречките за суштинско отворање на поглавјата за интеграција во ЕУ, наведува Гаши.
Тој додава дека се согласиле и оти соработката со Албанија и со земјите од регионот е од клучно значење за напредокот во овој процес.

The post Гаши и Бегај ги потврдиле одличните односи меѓу двете земји и силните врски меѓу народите appeared first on Република.

]]>
Гаши: Ако не донесеме правда сето друго ќе биде беспредметно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-ako-ne-doneseme-pravda-seto-drugo-ke-bide-bespredmetno/ Sat, 09 Nov 2024 10:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=835798

Можеби главното што го очекуваат граѓаните е одговорност бидејќи во изминатите 34 години тоа е нешто на што најмногу потфрламе. Како држава мораме да и ставиме крај на неодговорноста, вели претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА.

За овие 34 години ако по нешто најмногу потфрламе тоа е одговорност. Значи, никој досега како се менуваше власта, минатите структури не давале одговорност, немало постапки, процеси кои би се решиле објективно низ судските органи. Тој кој направил криминал без разлика на неговата припадност партиска, политичка, етничка да одговара за прекршување на законот и мислам дека можеби нешто што најбргу треба да го испорачаме ние како држава во моментов заедно со судската власт, нормално, ние да обезбедиме аргументи и факти ако нешто негде е направено, а тоа од судските органи да го спроведат. Мораме да и дадеме крај на неодговорноста. Ова мора да заврши, истакна Гаши.

Според него, граѓаните затоа најмногу ја напуштаат државата.

Гледаат дека на кој му текнува го крши законот, се корумпира, се криминализира и потоа продолжува да живее во оваа држава како ништо да не се случило. Тоа мора да престане затоа што имаме многу граѓани кои се достојни граѓани, чесни граѓани, работат чесно, никогаш не прекршиле закон, а некои други кои се богатат врз нивниот грб се криминализираат, корумпираат и никогаш не одговараат. Ако оваа правда не ја донесеме верувајте дека сето друго ќе биде беспредметно, потенцира претседателот на Собранието.

За постојаните напади од нивниот политички ривал, опозициската ДУИ вели дека не треба да имаме илузии дека партиите кои се во опозиција ќе престанат да зборуваат или нема да ја критикуваат власта.

Тоа секогаш ќе се случува. Граѓаните се тие кои ќе ценат на крај што работи власта и што прави опозицијата и дали критиките се на место. Мислам дека имаме висока политичка едукација на граѓаните. Значи, нашите граѓани се многу политизирани, можеби и премногу, можеби и повеќе отколку што треба и затоа се што ќе кажете како власт, како опозиција, како пратеник, секоја критика дали држи вода или не држи вода граѓаните тоа го ценат, рече Гаши.

Според тоа како тој ја гледа политиката, власта не треба да троши многу време на опозицијата.

Во моментот кога добивате доверба од граѓаните да ја водите државата вие сте обврзани сите граѓани да ги гледате исто, да им служите на сите граѓани исто и да ја имплементирате програмата за која сте барале гласови. Вие треба да работите со имплементација на програмата, а тие се бават со вас. Ние не треба да се бавиме со опозицијата. Ние треба да се бавиме со нашата работа, да носиме закони квалитетни, да им носиме странски инвестиции, да ги зголемиме платите, пензиите, да носиме нов концепт во образованието, да го подобриме здравството, нови болници, нов клинички центар, нови патишта, автопатишта, тоа е нашата работа, рече Гаши.

Како претседател на Собранието ја оценува како одлична комуникацијата со премиерот Христијан Мицкоси и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За владејачката коалиција вели дека е стабилна но дека откако даде оставка од претседателската функција во Алтернатива, дел од коалицијата Вреди, и ја презеде функцијата прв човек на Законодавниот дом се информира од сопартијците и како и сите граѓани.

Релациите се коректни, имаат добри односи во коалицијата по тоа што јас го гледам и мислам дека иако се обидуваат другите политички актери или понекогаш јавноста или новинарите да го прикажат поинаку, мислам дека сепак и бројот на пратениците, мнозинството од 78 пратеници само по себе кажува дека мнозинството е стабилно. Мислам дека е многу битно на граѓаните да им дадеме една правна и политичка сигурност која порано не сме ја имале. Граѓаните очекуваат ние да им ги подобриме животните услови, животниот стандард, економијата и тоа се прави само во една стабилна и безбедносна и политичка ситуација. Мислам дека оваа Влада и оваа коалиција тоа го искажува со своето делување и мислам дека како ќе тече времето граѓаните ќе гледаат дека ние сме заложени за имплементирање на нашата програма, а главната цел е да го подобриот животниот стандард и животот на сите граѓани, потенцира Гаши во интервјуто за МИА.

The post Гаши: Ако не донесеме правда сето друго ќе биде беспредметно appeared first on Република.

Гаши: Нема доставено допис од пратеник за напуштање на Коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-nema-dostaveno-dopis-od-pratenik-za-napushtane-na-koalitsija/ Thu, 31 Oct 2024 20:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=832916

„До собраниската архива нема стигнато допис од ниту еден пратеник за тоа дека преминува во некоја друга група или, пак, бара да биде независен“, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој ваквата изјава ја даде одговарајќи на новинарско прашање, за информацијата која се прошири во јавноста дека пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова, ја напушта Коалицијата „За европска иднина“, предводена од СДСМ.

Гаши потенцираше дека се додека до архива не се достави известување од пратеник дека преминува во некоја група или станува „независен“, не може ништо да се зборува за намерите на било кој народен избраник.

Во архивата на Собранието досега е доставен само допис од лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во кој е наведено дека веќе не е дел од коалицијата „Европски фронт“. Во документот на Тачи не било наведено дали припаѓа на некоја друга коалиција, ниту пак, дали е „независен“, туку само дека повеќе не е дел од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ.

The post Гаши: Нема доставено допис од пратеник за напуштање на Коалиција appeared first on Република.

]]>

„До собраниската архива нема стигнато допис од ниту еден пратеник за тоа дека преминува во некоја друга група или, пак, бара да биде независен“, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој ваквата изјава ја даде одговарајќи на новинарско прашање, за информацијата која се прошири во јавноста дека пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова, ја напушта Коалицијата „За европска иднина“, предводена од СДСМ.
Гаши потенцираше дека се додека до архива не се достави известување од пратеник дека преминува во некоја група или станува „независен“, не може ништо да се зборува за намерите на било кој народен избраник. Во архивата на Собранието досега е доставен само допис од лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во кој е наведено дека веќе не е дел од коалицијата „Европски фронт“. Во документот на Тачи не било наведено дали припаѓа на некоја друга коалиција, ниту пак, дали е „независен“, туку само дека повеќе не е дел од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ.

The post Гаши: Нема доставено допис од пратеник за напуштање на Коалиција appeared first on Република.

]]>
Ќе се воведуваат опозициски пратенички прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-voveduvaat-opozitsiski-pratenichki-prashana/ Thu, 31 Oct 2024 10:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=832718

Претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека со новиот Деловник ќе има и нов начин на пратенички прашања.

-Да, по новиот Деловник освен редовните пратенички прашања е воведен нов механизам, нов институт. Тоа се опозициски пратенички прашања ќе бидат поставувани во текот на месецот на редовните седници два часа откако ќе се усвои дневниот ред ќе се поставуваат пратенички прашања од опозициските политички партии кон власта, кон избраните членови кои се избираат во Собрание, рече Гаши.

Досега пратеничките прашања беа резервирани за секој последен четврток во месецот.

The post Ќе се воведуваат опозициски пратенички прашања appeared first on Република.

Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-znachajnite-istoriski-datumi-se-potsetnik-deka-treba-da-dejstvuvame-zaedno-vo-gradene-sovremena-i-prosperitetna-drzhava/ Wed, 23 Oct 2024 08:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=830081

Претседателот на  Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба.

Со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година се создадени основите на организираната борба за слобода и за независност. Континуираната борба и непокор низ децениите што следеа резултираше со создавање држава, во која денешните генерации ги живеат плодовите на самостојноста и на демократијата, истакнува Гаши.

Денешната генерација во нашата држава, како што посочува претседателот на Собранието, се соочува со поинакви искушенија и е исправена пред други цели.

Наша стратешка цел сега е полноправното членството во ЕУ и понатамошното етаблирање во НАТО како рамноправна земја – членка. Предизвик за нашата генерација е постојано да ги унапредуваме демократските процеси, стандардите во здравството, образованието и во науката, владеењето на правото, економските и социјални текови и рамноправноста меѓу граѓаните, без разлика на национална, верска, родова или политичка припадност, вели Гаши.

Претседателот на  Собранието во честитката потенцира дека значајните датуми од историјата на нашите народи се наш потсетник дека треба да дејствуваме сплотено во градење современа и просперитетна држава.

The post Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава appeared first on Република.

Гаши: Подготвени сме веднаш да ги вметнеме Бугарите во Уставот, но бараме гаранции дека ќе нема нови условувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-podgotveni-sme-vednash-da-gi-vmetneme-bugarite-vo-ustavot-no-barame-garantsii-deka-ke-nema-novi-uslovuvana/ Fri, 18 Oct 2024 19:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=828620

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, од Берлин порача дека владејачкото мнозинство е подготвено веднаш да ги вметне Бугарите во Уставот, но бара предвидливост на процесот.

Немаме никаков проблем со тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но очекуваме гаранции дека веднаш потоа нема да има следен услов, изјави Гаши за „Дојче веле“ (ДВ), посочувајќи дека во владата нема дилема дека треба да се продолжи европскиот пат на земјата што побрзо.

Откако Албанија изминатата недела и формално ги почна преговорите за членство во ЕУ, Гаши вели дека и официјално Скопје сака процесот да продолжи што побрзо.

Знаете дека блокадата од Бугарија се однесува на историски и идентитетски прашања. Ние и денеска во СР Германија сме дојдени токму поради таа тема. Сакаме што побргу да се одблокира тој процес. Ние сме подготвени Бугарите во Уставот да ги вметнеме веднаш. Мислам дека имаме целосен или поконкретно голем консензус околу тоа дека немаме никаков проблем со тоа Бугарите да бидат дел од Уставот. Но, нашиот проблем е со предвидливоста на процесот, и гаранциите дека веднаш после тоа ќе нема следно прашање или следен услов кој се однесува на историски и идентитетски прашања кои мислиме дека се тешко решливи на политичките маси на преговарање, изјави Гаши.

За предложеното посредништво од унгарскиот премиер Виктор Орбан што Бугарија го одби и дали Германија би можела да се вклучи како олеснувач, претседателот Собранието истакнува дека Скопје и Софија имаат капацитет да се договорат, но оти е добредојдена секаква помош.

Ние мислиме дека како две соседни држави имаме капацитет да седнеме и да се договориме, но секако, секаква помош е добредојдена за нас. Ние не ги бираме пријателите кои сакаат да ни помогнат, за нас е битно процесот на евроинтеграција да продолжи што побргу, и што побрзо да станеме членка на ЕУ, вели Гаши.

Тој нагласува дека владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди е единствена во однос на приближувањето кон ЕУ и работи интензивно да се одблокира процесот.

Што се однесува до идентитетската компонента, иако тоа не ги тангира Албанците, добро е што не само Албанците, туку сите граѓаните на државата без оглед на етничката припадност, сите заедно стоиме во одбрана на македонскиот идентитет и затоа мислиме дека овој процес треба да продолжи и Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ, изјави Гаши за „ДВ“.

Претседателот на Собрането Африм Гаши во Берлин се сретна со претседателката на германскиот Бундестаг, Барбел Бас, со пратеници и претседателите на парламентарните комисии, Михаел Рот, Антон Хофрајмер и Дирк Фопел, како и со министерката за Европа во германското МНР, Ања Лирман.

The post Гаши: Подготвени сме веднаш да ги вметнеме Бугарите во Уставот, но бараме гаранции дека ќе нема нови условувања appeared first on Република.

Гаши на средба со претседателката на Бундестагот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-na-sredba-so-pretsedatelkata-na-bundestagot/ Fri, 18 Oct 2024 17:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=828580

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателката на Бундестагот на Сојузна Република Германија, Бербел Бас.

Како што соопшти собраниската прес служба, Бас на средбата ја искажа нејзината лична посветеност, но и посветеноста на пратениците во Бундестагот да се вложат за напредок на Македонијка земја на патот кон Европската Унија. Изрази почит и пофалби за досегашните успеси и преземени чекори на Македонија на овој пат.

Вашата земја е пример за успешно мултиетничко општество во целиот регион, нешто што е посебно вреднувано од Германија, потенцира Бас.

Таа истакна дека поканувањето на претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајер, на Самитот во Берлин е уште една потврда за германската визија за регионот и извесната европска перспектива на земјите учеснички во овој процес.

Гаши изрази задоволство за одржувањето на средбата и за поддршката која како држава и Собрание ја добиваме во изминатите децении од германските политичари, институции, бизнисмени и граѓани. Беше искажана благодарност за Резолуцијата на Бундестагот, особено признанието на македонската посебност, не само како признание на македонскиот идентитет, туку како гест на почитување на оваа универзална и цивилизациска придобивка. Ја пренесе одлучноста на новата Влада и Собрание по одржувањето на парламентарните избори за продолжување на процесот на евроинтеграции и спроведување на неопходните реформи во клучните области детектирани од Европската комисија. Посебен акцент стави на парламентарната соработка и динамиката на средби на сите нивоа и актуелно, експертизата на Бундестагот за независно парламентарно обезбедување.

Двајцата соговорници беа согласни дека во време на заканувачки предизвици, потребно е поголемо обединување на парламентите во нивната одбрана на демократијата, човековите права, транспаретноста, отвореноста и обезбедувањето на точни информации до граѓаните. Констатирано е дека тековната соработка треба да продолжи, но и да се прошири во нови области кои добиваат на значење, како што се обезбедувањето добри законски решенија на поле на енергетиката, користењето на алтернативни и онбовливи извори на енергија, како и заштитата на животната средина.

На средбата присуствуваа и резидентен амбасадор на РСМ Илбер Села и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, стои во соопштението од собраниската прес-служба.

The post Гаши на средба со претседателката на Бундестагот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателката на Бундестагот на Сојузна Република Германија, Бербел Бас. Како што соопшти собраниската прес служба, Бас на средбата ја искажа нејзината лична посветеност, но и посветеноста на пратениците во Бундестагот да се вложат за напредок на Македонијка земја на патот кон Европската Унија. Изрази почит и пофалби за досегашните успеси и преземени чекори на Македонија на овој пат.
Вашата земја е пример за успешно мултиетничко општество во целиот регион, нешто што е посебно вреднувано од Германија, потенцира Бас.
Таа истакна дека поканувањето на претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајер, на Самитот во Берлин е уште една потврда за германската визија за регионот и извесната европска перспектива на земјите учеснички во овој процес. Гаши изрази задоволство за одржувањето на средбата и за поддршката која како држава и Собрание ја добиваме во изминатите децении од германските политичари, институции, бизнисмени и граѓани. Беше искажана благодарност за Резолуцијата на Бундестагот, особено признанието на македонската посебност, не само како признание на македонскиот идентитет, туку како гест на почитување на оваа универзална и цивилизациска придобивка. Ја пренесе одлучноста на новата Влада и Собрание по одржувањето на парламентарните избори за продолжување на процесот на евроинтеграции и спроведување на неопходните реформи во клучните области детектирани од Европската комисија. Посебен акцент стави на парламентарната соработка и динамиката на средби на сите нивоа и актуелно, експертизата на Бундестагот за независно парламентарно обезбедување. Двајцата соговорници беа согласни дека во време на заканувачки предизвици, потребно е поголемо обединување на парламентите во нивната одбрана на демократијата, човековите права, транспаретноста, отвореноста и обезбедувањето на точни информации до граѓаните. Констатирано е дека тековната соработка треба да продолжи, но и да се прошири во нови области кои добиваат на значење, како што се обезбедувањето добри законски решенија на поле на енергетиката, користењето на алтернативни и онбовливи извори на енергија, како и заштитата на животната средина. На средбата присуствуваа и резидентен амбасадор на РСМ Илбер Села и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, стои во соопштението од собраниската прес-служба.

The post Гаши на средба со претседателката на Бундестагот appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Собранието на средби со германски парламентарци во Бундестагот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-sobranieto-na-sredbi-so-germanski-parlamentartsi-vo-bundestagot/ Thu, 17 Oct 2024 18:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=828192

Претседателот на Собранието Африм Гаши, во германскиот Бундестаг, во Берлин се сретнал со Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешна политика, Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за европски прашања и со Дирк Вупел, претседател на Групата за пријателство со земјите од Југоистична Европа.

Гаши изразил огромна благодарност за континуираната поддршка на Бундестагот на нашиот евроинтегративен процес и последно, донесувањето на Резолуцијата, која ја признава македонската култура, идентитет и јазик, како составен дел од европското заедничко културно наследство.

Во време кога постои негирање на овие универзални вредности, донесувањето на оваа резолуција е од особено значење за македонските граѓани, нагласил Гаши, соопшти собраниската прес-служба.

Соговорниците биле информирани за степенот на постигнати реформи и за усогласеноста на нашето законодавство со европското над 45 проценти, што, се посочува, претставува добра основа за брз напредок доколку отпочнат преговорите по конктретните области.

Беше апелирано за враќање на европската трака на процесот и избегнување на прашања што го оптоваруваат истиот и го намалуваат кредибилитетот на ЕУ и земјите членки за овој процес. Рот, како одличен познавач на состојбите, го изрази своето големо разочарување за случувањата и актуелното вето, имајќи предвид дека Република Македонија направи многу отстапки и одамна ги има исполнето критериумите за отпочнување на преговори. Сепак, побара донесување на уставните измени и спроведување на реформите, се со цел за подобрување на животот на граѓаните во нашата земја и спречување на одливот на високо квалификуван кадар, кој бележи на интензитет во последната деценија, се вели во соопштението.

Хофрајтер ги потенцирал придобивките на Берлинскиот процес, кој им помогна на земјите поблиску да соработуваат и да ги користат предностите од регионалниот пазар, пред целосно интегрирање во единствениот европски пазар. Во овој контекст, била поздравена парламентарната димензија на Берлинскиот процес, како уникатна можност за директна инволвираност на парламентарците во донесувањето на подобри законски решенија што произлегуваат од одлуките донесени во негови рамки.

Вупел, иако новоназначен на оваа функција, нагласил дека е долгогодишен член на Групата за пријателство и редовно ги следи актуелните случувања во нашата земја. Неговата поддршка ќе продолжи за наше што поскоро интегрирање во Европската Унија, со цел избегнување на постапки и преземање на активности, со кои се доведуваат во прашање теми кои се сметаат за затворени.

Германските домаќини ја потврдија нивната целосна поддршка и ја понудија својата помош за забрзување на евроинтегративниот процес. Истовремено, беа согласни со претседателот Гаши дека одличната динамика на средби на сите парламентарни нивоа треба да продолжи и во иднина, но и во останатите сегменти во државата, како во економијата, образованието, културата, животната средина, земјоделието и други прашања од взаемен интерес, се посочува во соопштението од собраниската прес-служба. 

The post Претседателот на Собранието на средби со германски парламентарци во Бундестагот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Африм Гаши, во германскиот Бундестаг, во Берлин се сретнал со Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешна политика, Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за европски прашања и со Дирк Вупел, претседател на Групата за пријателство со земјите од Југоистична Европа. Гаши изразил огромна благодарност за континуираната поддршка на Бундестагот на нашиот евроинтегративен процес и последно, донесувањето на Резолуцијата, која ја признава македонската култура, идентитет и јазик, како составен дел од европското заедничко културно наследство.
Во време кога постои негирање на овие универзални вредности, донесувањето на оваа резолуција е од особено значење за македонските граѓани, нагласил Гаши, соопшти собраниската прес-служба.
Соговорниците биле информирани за степенот на постигнати реформи и за усогласеноста на нашето законодавство со европското над 45 проценти, што, се посочува, претставува добра основа за брз напредок доколку отпочнат преговорите по конктретните области.
Беше апелирано за враќање на европската трака на процесот и избегнување на прашања што го оптоваруваат истиот и го намалуваат кредибилитетот на ЕУ и земјите членки за овој процес. Рот, како одличен познавач на состојбите, го изрази своето големо разочарување за случувањата и актуелното вето, имајќи предвид дека Република Македонија направи многу отстапки и одамна ги има исполнето критериумите за отпочнување на преговори. Сепак, побара донесување на уставните измени и спроведување на реформите, се со цел за подобрување на животот на граѓаните во нашата земја и спречување на одливот на високо квалификуван кадар, кој бележи на интензитет во последната деценија, се вели во соопштението.
Хофрајтер ги потенцирал придобивките на Берлинскиот процес, кој им помогна на земјите поблиску да соработуваат и да ги користат предностите од регионалниот пазар, пред целосно интегрирање во единствениот европски пазар. Во овој контекст, била поздравена парламентарната димензија на Берлинскиот процес, како уникатна можност за директна инволвираност на парламентарците во донесувањето на подобри законски решенија што произлегуваат од одлуките донесени во негови рамки. Вупел, иако новоназначен на оваа функција, нагласил дека е долгогодишен член на Групата за пријателство и редовно ги следи актуелните случувања во нашата земја. Неговата поддршка ќе продолжи за наше што поскоро интегрирање во Европската Унија, со цел избегнување на постапки и преземање на активности, со кои се доведуваат во прашање теми кои се сметаат за затворени.
Германските домаќини ја потврдија нивната целосна поддршка и ја понудија својата помош за забрзување на евроинтегративниот процес. Истовремено, беа согласни со претседателот Гаши дека одличната динамика на средби на сите парламентарни нивоа треба да продолжи и во иднина, но и во останатите сегменти во државата, како во економијата, образованието, културата, животната средина, земјоделието и други прашања од взаемен интерес, се посочува во соопштението од собраниската прес-служба. 

The post Претседателот на Собранието на средби со германски парламентарци во Бундестагот appeared first on Република.

]]>
Честитка од Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-afrim-gashi-po-povod-11-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie/ Fri, 11 Oct 2024 11:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=825506

Претседателот на македонското собрание Африм Гаши со честитка за 11 Октомври – Денот на народното востание.

На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес.

Денес, Република Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници.

На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба - денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени.

Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас, напиша Гаши во честитката.

The post Честитка од Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>

Претседателот на македонското собрание Африм Гаши со честитка за 11 Октомври – Денот на народното востание. На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес. Денес, Република Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници. На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба - денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени. Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас, напиша Гаши во честитката.

The post Честитка од Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателот на Собранието Гаши со претседателот на ИБАН, Радек Висингер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelot-na-sobranieto-gashi-so-pretsedatelot-na-iban-radek-visinger/ Thu, 10 Oct 2024 14:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=825281

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со претседателот на Меѓународниот одбор на ревизори за НАТО (ИБАН), Радек Висингер, кој е во посета на Скопје.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле разменети мислења околу позиционираноста и придонесот на Република Македонија во рамки на НАТО, како релативно нова членка.

Притоа, претседателот Гаши изразил задоволство од можноста да се дискутира за опциите за унапредување на соработката и на процесите во земјава, во областа што ја покрива на ИБАН.

Висингер информирал за структурата и надлежностите на ИБАН, како независно тело за ревизија на НАТО, со мандат да обезбеди поголема сигурност за Алијансата и за владите на земјите-членки, за правилна искористеност на заедничките средства.

- Цел на ревизијата се перформансите на НАТО, за да се оцени економичноста, ефикасноста и ефективноста на активностите, операциите и програмите. За таа цел, како што рече Висингер, ИБАН остварува соработка со врховните ревизорски институции на сите земји членки, стои во соопштението.

На средбата присуствувал и главниот државен ревизор Максим Ацевски, кој информирал за досегашната добра соработка меѓу Државниот завод за ревизија и ИБАН, како и за можностите за понатамошна размена на искуства меѓу двете институции.

The post Средба на претседателот на Собранието Гаши со претседателот на ИБАН, Радек Висингер appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со претседателот на Меѓународниот одбор на ревизори за НАТО (ИБАН), Радек Висингер, кој е во посета на Скопје. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле разменети мислења околу позиционираноста и придонесот на Република Македонија во рамки на НАТО, како релативно нова членка. Притоа, претседателот Гаши изразил задоволство од можноста да се дискутира за опциите за унапредување на соработката и на процесите во земјава, во областа што ја покрива на ИБАН. Висингер информирал за структурата и надлежностите на ИБАН, како независно тело за ревизија на НАТО, со мандат да обезбеди поголема сигурност за Алијансата и за владите на земјите-членки, за правилна искористеност на заедничките средства.
- Цел на ревизијата се перформансите на НАТО, за да се оцени економичноста, ефикасноста и ефективноста на активностите, операциите и програмите. За таа цел, како што рече Висингер, ИБАН остварува соработка со врховните ревизорски институции на сите земји членки, стои во соопштението.
На средбата присуствувал и главниот државен ревизор Максим Ацевски, кој информирал за досегашната добра соработка меѓу Државниот завод за ревизија и ИБАН, како и за можностите за понатамошна размена на искуства меѓу двете институции.

The post Средба на претседателот на Собранието Гаши со претседателот на ИБАН, Радек Висингер appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателот на Собранието Гаши со шпанскиот амбасадор Сориано Ортис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelot-na-sobranieto-gashi-so-shpanskiot-ambasador-soriano-ortis/ Thu, 10 Oct 2024 12:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=825265

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортис.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, претседателот Гаши истакнал дека Шпанија е наша пријателска земја, со која сме сојузници во НАТО, со надеж дека тоа ќе се случи и во рамки на Европската Унија.

- Парламентарната соработка може да се зајакне на ниво на Пратеничките групи за соработка, кои континуирано се формираат во двете Собранија, се наведува во соопштението.

Одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето билатерална соработка меѓу Шпанија и нашата земја, шпанскиот амбасадор ја укажал како можност за зајакнување на оваа соработка на повеќе полиња, како политичко, економско, социјално, културно.

- Тој остави отворена врата за поддршка и помош на европскиот пат. Парламентарната дипломатија ја укажа како силна алатка за зајакнување на меѓусебните односи. Со оглед на новиот мандат на двата соговорника, вербата е дека во овие години соработката меѓу двете земји ќе се издигне на едно значително ниво, со зближување на Собранијата, земјите, народите, соопшти Собранието на РСМ.

The post Средба на претседателот на Собранието Гаши со шпанскиот амбасадор Сориано Ортис appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортис. Како што соопштија од собраниската прес-служба, претседателот Гаши истакнал дека Шпанија е наша пријателска земја, со која сме сојузници во НАТО, со надеж дека тоа ќе се случи и во рамки на Европската Унија.
- Парламентарната соработка може да се зајакне на ниво на Пратеничките групи за соработка, кои континуирано се формираат во двете Собранија, се наведува во соопштението.
Одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето билатерална соработка меѓу Шпанија и нашата земја, шпанскиот амбасадор ја укажал како можност за зајакнување на оваа соработка на повеќе полиња, како политичко, економско, социјално, културно.
- Тој остави отворена врата за поддршка и помош на европскиот пат. Парламентарната дипломатија ја укажа како силна алатка за зајакнување на меѓусебните односи. Со оглед на новиот мандат на двата соговорника, вербата е дека во овие години соработката меѓу двете земји ќе се издигне на едно значително ниво, со зближување на Собранијата, земјите, народите, соопшти Собранието на РСМ.

The post Средба на претседателот на Собранието Гаши со шпанскиот амбасадор Сориано Ортис appeared first on Република.

]]>
Гаши на средба со Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-na-sredba-so-erdogan-unapreduvane-na-sorabotkata-megu-makedonija-i-turtsija/ Wed, 02 Oct 2024 20:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=821959

Претседателот на македонското Собрание. Африм Гаши, во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко.

Kако што соопшти собраниската прес-служба, nа средбата присуствувале и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулшуш, како и претседателите на парламентарните групи за соработка и пријателство од двете собранија, пратениците Бејџан Илјаз и Ахмет Килич.

Гаши остварил тет-а-тет средба и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, по што се одржала и заедничка средба со пратениците членови на делегацијата.

Гаши истакнал дека средбата претставува можност двете држави да ја зајакнат долгогодишната активна и успешна соработка. Оценил дека неодамнешната посета на министерот Фидан на Македонија, како и неговата посета на Турција, се потврда за високото ниво на билатерални односи меѓу двете традиционално пријателски земји и НАТО-сојузници.

Гаши нагласил дека како држава високо ја вреднуваме успешната соработка со Турција на сите полиња и изразил благодарност до Турција, која од самиот почеток била принципиелен подржувач на нашето членство во НАТО.

Kако што е наведено во соопштението, mинистерот Хакан Фидан ја потврдил безрезервната поддршка на Турција за Македонија на сите полиња и се осврнал на потребата за интензивирање на соработката во полето на економијата, реафирмирајќи ја заложбата за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

На средбата било нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите.

Собраниската делегација остварила средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Турција.

Kако што се посочува во соопштението, nа средбата, собраниската делегација била информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Станало збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави на полето на високото образование.

Претседателот на Собранието од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Турција, на покана од претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш.

Во парламентарната делегација предводена од Гаши се и пратениците Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали. 

The post Гаши на средба со Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција appeared first on Република.

]]>

Претседателот на македонското Собрание. Африм Гаши, во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко. Kако што соопшти собраниската прес-служба, nа средбата присуствувале и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулшуш, како и претседателите на парламентарните групи за соработка и пријателство од двете собранија, пратениците Бејџан Илјаз и Ахмет Килич. Гаши остварил тет-а-тет средба и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, по што се одржала и заедничка средба со пратениците членови на делегацијата. Гаши истакнал дека средбата претставува можност двете држави да ја зајакнат долгогодишната активна и успешна соработка. Оценил дека неодамнешната посета на министерот Фидан на Македонија, како и неговата посета на Турција, се потврда за високото ниво на билатерални односи меѓу двете традиционално пријателски земји и НАТО-сојузници. Гаши нагласил дека како држава високо ја вреднуваме успешната соработка со Турција на сите полиња и изразил благодарност до Турција, која од самиот почеток била принципиелен подржувач на нашето членство во НАТО. Kако што е наведено во соопштението, mинистерот Хакан Фидан ја потврдил безрезервната поддршка на Турција за Македонија на сите полиња и се осврнал на потребата за интензивирање на соработката во полето на економијата, реафирмирајќи ја заложбата за зголемување на трговската размена меѓу двете земји. На средбата било нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите. Собраниската делегација остварила средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Турција. Kако што се посочува во соопштението, nа средбата, собраниската делегација била информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Станало збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави на полето на високото образование. Претседателот на Собранието од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Турција, на покана од претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш. Во парламентарната делегација предводена од Гаши се и пратениците Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали. 

The post Гаши на средба со Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција appeared first on Република.

]]>
Средба Гаши – Орбан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-gashi-orban/ Fri, 27 Sep 2024 16:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=820368

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Владата на Република Унгарија, Виктор Орбан, кој престојува во посета на земјава, соопшти собраниската прес-служба.

На средбата присуствуваа и претседателката на Пратеничката група за соработка на Собранието на РМ со Парламентот на Унгарија, Ели Панова и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Претседателот на Собранието притоа ја подвлече постојаната поддршка на Унгарија на евроинтеграривниот пат на земјава, која, како што посочи, несомнено е резултат на односите кои ги негуваат двете држави од воспоставувањето на дипломатските односи во 1994 година.

Гаши го информираше Орбан за формирањето на Групата за соработка со Унгарија на почетокот на мандатот и упати покана до претседателот на унгарскиот Парламент да ја посети земјава, нагласувајќи дека соработката меѓу двата парламента треба да се продлабочува и развива на сите нивоа, преку претседателски возвратни посети, групите за соработка, пратеници и службеници. Гаши искажа благодарност за заемот од Унгарија и истакна дека тој претставува нова енергија за нашата економија.

Премиерот Орбан се заблагодари за срдечниот пречек и отворените разговори со претставниците на државата. Нагласи дека средбите и меѓупарламентарната соработка е особено важна за односите меѓу двете држави и дека секогаш се залага и поддржува комуникација и соработка во сите сфери на општеството, особено меѓу законодавните домови. Унгарија останува посветен и отворен поддржувач на  Македонија во Европската Унија и високо ја цени улогата на земјава за заштитата на границите на Унијата, превенцијата од нелегална миграција кон ЕУ.

Соговорниците се согласија дека и соработката во НАТО ќе продолжи и ќе се унапредува во насока на враќање и одржување на мирот во Европа и во светот, се наведува во соопштението од прес-службата на Собранието.

The post Средба Гаши – Орбан appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Владата на Република Унгарија, Виктор Орбан, кој престојува во посета на земјава, соопшти собраниската прес-служба. На средбата присуствуваа и претседателката на Пратеничката група за соработка на Собранието на РМ со Парламентот на Унгарија, Ели Панова и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. Претседателот на Собранието притоа ја подвлече постојаната поддршка на Унгарија на евроинтеграривниот пат на земјава, која, како што посочи, несомнено е резултат на односите кои ги негуваат двете држави од воспоставувањето на дипломатските односи во 1994 година. Гаши го информираше Орбан за формирањето на Групата за соработка со Унгарија на почетокот на мандатот и упати покана до претседателот на унгарскиот Парламент да ја посети земјава, нагласувајќи дека соработката меѓу двата парламента треба да се продлабочува и развива на сите нивоа, преку претседателски возвратни посети, групите за соработка, пратеници и службеници. Гаши искажа благодарност за заемот од Унгарија и истакна дека тој претставува нова енергија за нашата економија. Премиерот Орбан се заблагодари за срдечниот пречек и отворените разговори со претставниците на државата. Нагласи дека средбите и меѓупарламентарната соработка е особено важна за односите меѓу двете држави и дека секогаш се залага и поддржува комуникација и соработка во сите сфери на општеството, особено меѓу законодавните домови. Унгарија останува посветен и отворен поддржувач на  Македонија во Европската Унија и високо ја цени улогата на земјава за заштитата на границите на Унијата, превенцијата од нелегална миграција кон ЕУ. Соговорниците се согласија дека и соработката во НАТО ќе продолжи и ќе се унапредува во насока на враќање и одржување на мирот во Европа и во светот, се наведува во соопштението од прес-службата на Собранието.

The post Средба Гаши – Орбан appeared first on Република.

]]>
Гаши: Моја работа е да применувам деловник, не да судам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-moja-rabota-e-da-primenuvam-delovnik-ne-da-sudam/ Thu, 26 Sep 2024 11:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=819838

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека му е одземена можноста да свика седница на собраниска Комисија за која веќе била свикана. Потенцира дека останува во доменот на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади да одлучи за измените на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства.

Мене ми е одземена можност да свикам седница која е веќе свикана во одреден ден кога се требало да се постапи по тоа прашање. Така да, тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади да одлучи за Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства - рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање дали претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Иљире Даути го прекршила Деловникот со тоа што не свикува седница со ова точка на дневен ред, Гаши рече дека тој како претседател на Собранието е обврзан да го применува Деновникот, а не да суди.

Јас како претседател на Собранието сум обврзан да го применувам Деловниот, но не сум тој кој суди дали некој прекршил или не. Тоа останува веќе, тоа е простор за интерпретација на различен политички аспект, правен аспект итн. Секој како што го гледа тоа може да го оцени. Мислам дека тоа е веќе друго прашање, не можам јас да судам околу тоа - рече тој.

Гаши информира дека ќе свика седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, но не по вчерашното барање на потпретседателот на Собранието и пратеник од СДСМ Јован Митревски тој да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања да свика седница, каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3, односно да постапи на ист начин со законот за бранителите, како и во случајот со законот за здолжувањето со Унгарија.

Според Деловникот, претседател на Собрание според член 26 став 4, може да свика по барање на потпретседателот избран од опозицијата. Но, секако знаете дека јас поодамна најавив дека за коализија помеѓу членови од Деловникот секогаш кога ќе се појават такви ситуации, ќе свикаме Комисија за деловнички имунитетни прашања. И тука во Комисијата, ако можеме јавноста и експертската јавност да ја вметнеме за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци со кои ќе се служат и актуелниот состав, но и во иднина другите собраниски состави - рече Гаши.

The post Гаши: Моја работа е да применувам деловник, не да судам appeared first on Република.

Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија, вели Гаши за проблемот со Законот за бранители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odzemena-mi-e-mozhnosta-da-svikam-sednitsa-na-komisija-veli-gashi-za-problemot-so-zakonot-za-braniteli/ Thu, 26 Sep 2024 10:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=819777

Според Деловникот, претседател на Собрание може да свика седница на Комисија, но, јас уште претходно најавив дека за колизија помеѓу членови од Деловникот, секогаш ќе свикуваме Комисија за деловнички-имунитетни прашања. Ако можеме и експертската јавност да ја вклучиме, за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши откако вчера од СДСМ побараа тој да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија и да ја свика надлежната собраниска Комисија.

Гаши вели дека не може да суди дали претседателката на Комисијата, Илире Даути го крши Деловникот со тоа што не постапила по соодветните чекори, по кои мора да постапи.

-Тоа е простор за интерпретација на различни политички аспекти. Секој како што гледа, може да оцени. Не можам јас да судам. Што се однесува до предлог-законот, одземена ми е можноста да свикам седница која веќе е свикана во одреден ден кога требало да се постапи по тоа прашање. Тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, прецизира спикерот Гаши.

The post Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија, вели Гаши за проблемот со Законот за бранители appeared first on Република.

]]>

Според Деловникот, претседател на Собрание може да свика седница на Комисија, но, јас уште претходно најавив дека за колизија помеѓу членови од Деловникот, секогаш ќе свикуваме Комисија за деловнички-имунитетни прашања. Ако можеме и експертската јавност да ја вклучиме, за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши откако вчера од СДСМ побараа тој да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија и да ја свика надлежната собраниска Комисија. Гаши вели дека не може да суди дали претседателката на Комисијата, Илире Даути го крши Деловникот со тоа што не постапила по соодветните чекори, по кои мора да постапи.
-Тоа е простор за интерпретација на различни политички аспекти. Секој како што гледа, може да оцени. Не можам јас да судам. Што се однесува до предлог-законот, одземена ми е можноста да свикам седница која веќе е свикана во одреден ден кога требало да се постапи по тоа прашање. Тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, прецизира спикерот Гаши.

The post Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија, вели Гаши за проблемот со Законот за бранители appeared first on Република.

]]>
Имаме исти цели, полноправно членство во ЕУ, соработка во рамки на НАТО и продлабочување на регионалната соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/imame-isti-tseli-polnopravno-chlenstvo-vo-eu-sorabotka-vo-ramki-na-nato-i-prodlabochuvane-na-regionalnata-sorabotka/ Mon, 23 Sep 2024 11:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=818995

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во законодавниот дом оствари средба со претседателката на албанското Собрание Елиса Спиропали, која е во официјална посета на земјава.

Гаши и Спиропали одржаа заедничка прес-конференција, но за изјавата на Спиропали немаше обезбедено соодветен превод.

Гаши истакна дека двете земји на меѓународен план имаат исти цели и интереси, а тоа се полноправното членство во Европската унија, соработката во областа на одбраната во рамките на НАТО Алијансата, како и продлабочување на регионалната соработка.

– На средбата искажавме очекување и надеж дека нашите две земји заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција. Сметаме дека тоа е многу важно како за нашите две земји така и за останатите земји од регионот, бидејќи заедничка ни е посветеноста за сеопфатен развој на Западниот Балкан. Укажавме дека проширувањето е една од најдобрите политики на Унијата како геостратешка потреба и е долгорочна инвестиција за цела Европа во политичка, безбедносна и економска смисла. Тоа е добар механизам за напредок и награди, што нé мотивира како земји да ги спроведуваме бараните реформи, чиј краен резултат би требало да биде полноправното членство во Унијата, рече Гаши.

The post Имаме исти цели, полноправно членство во ЕУ, соработка во рамки на НАТО и продлабочување на регионалната соработка appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во законодавниот дом оствари средба со претседателката на албанското Собрание Елиса Спиропали, која е во официјална посета на земјава. Гаши и Спиропали одржаа заедничка прес-конференција, но за изјавата на Спиропали немаше обезбедено соодветен превод. Гаши истакна дека двете земји на меѓународен план имаат исти цели и интереси, а тоа се полноправното членство во Европската унија, соработката во областа на одбраната во рамките на НАТО Алијансата, како и продлабочување на регионалната соработка.