африканска унија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afrikanska-unija/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Oct 2023 09:21:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png африканска унија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afrikanska-unija/ 32 32 Африканската Унија апелира на прекин на конфликтот помеѓу Израел и Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/afrikanskata-unija-apelira-na-prekin-na-konfliktot-pomegu-izrael-i-hamas/ Sun, 08 Oct 2023 09:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=689149

Претседателот на Комисијата на Африканска унија (АУ), Муса Факи Махамат, повика на прекин на судирите помеѓу Израел и палестинското движење Хамас, во кои за еден ден загинаа стотици луѓе.

Махамат ги повика двете страни „да се вратат без предуслови на преговарачката маса за да се имплементира принципот на коегзистирање на две држави“.

Тој, исто така, упати апел до меѓународната заедница и големите светски сили да преземат одговорност и да го спроведуваат мирот гарантирајќи ги правата на двата народа.

Хамас вчераутро изврши ненадеен напад врз Израел и истрела илјадници ракети врз еврејската држава од Појасот Газа, која е под контрола на исламистичкото движење. Стотици борци на Хамас се инфилтрираа на израелска територија, каде што земаа цивили и војници како заложници.

Израелските вооружени сили извршија одмазднички воздушни напади врз Појасот Газа. Продолжуваат и копнените борби меѓу израелските сили и борците на Хамас, кои се инфилтрираа на израелска територија.

The post Африканската Унија апелира на прекин на конфликтот помеѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата на Африканска унија (АУ), Муса Факи Махамат, повика на прекин на судирите помеѓу Израел и палестинското движење Хамас, во кои за еден ден загинаа стотици луѓе. Махамат ги повика двете страни „да се вратат без предуслови на преговарачката маса за да се имплементира принципот на коегзистирање на две држави“. Тој, исто така, упати апел до меѓународната заедница и големите светски сили да преземат одговорност и да го спроведуваат мирот гарантирајќи ги правата на двата народа. Хамас вчераутро изврши ненадеен напад врз Израел и истрела илјадници ракети врз еврејската држава од Појасот Газа, која е под контрола на исламистичкото движење. Стотици борци на Хамас се инфилтрираа на израелска територија, каде што земаа цивили и војници како заложници. Израелските вооружени сили извршија одмазднички воздушни напади врз Појасот Газа. Продолжуваат и копнените борби меѓу израелските сили и борците на Хамас, кои се инфилтрираа на израелска територија.

The post Африканската Унија апелира на прекин на конфликтот помеѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
Африканската Унија стана постојана членка на Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/afrikanskata-unija-stana-postojana-chlenka-na-g20/ Sat, 09 Sep 2023 09:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=680192

Африканската Унија е прифатена како постојана членка на Г20, изјави индискиот премиер Нарендра Моди во својот воведен говор на состанокот на Г20, што се одржува овој викенд во Делхи.

Моди го покани претседавачот на Африканската унија Азали Асумани да го заземе своето место на масата на лидерите на Г20 како претставник на постојана членка на блокот.

Во својот говор, Моди оцени дека светот страда од „криза на доверба“.

Постои огромна криза на доверба во светот. Војната го продлабочи овој дефицит на доверба. Меѓутоа, штом успеавме да го надминеме Ковид, тогаш ќе можеме да се справиме и со оваа криза на меѓусебна доверба“, истакна индискиот премиер.

Африканската Унија, која е континентална унија со 55 земји-членки, сега има ист статус како и Европската унија, која досега беше единствениот регионален блок со полноправно членство во Г20. Досега Африканската Унија беше „поканета меѓународна организација“.

Ја поздравуваме Африканската Унија како постојана членка на Г20 и силно веруваме дека вклучувањето на АУ во Г20 значително ќе придонесе за решавање на глобалните предизвици на нашето време“, се вели во нацрт-декларацијата од Самитот во Делхи, во која имале увид дел од меѓународните медиуми..

На состанокот се очекува да се разговара за прашања како обезбедување повеќе заеми за земјите во развој од мултилатерални институции, реформирање на архитектурата на меѓународниот долг, регулирање на криптовалутите и влијанието на геополитиката врз безбедноста на храната и енергијата.

Нацрт-декларацијата е долга 38 страници, со параграфи посветени на климатските промени и реформите на мултилатералните развојни банки. Параграфот со наслов „Геополитичка ситуација“ беше оставен празен, што според Ројтерс ја одразува длабоката поделеност меѓу членките на Г20 околу војната во Украина.

The post Африканската Унија стана постојана членка на Г20 appeared first on Република.

]]>

Африканската Унија е прифатена како постојана членка на Г20, изјави индискиот премиер Нарендра Моди во својот воведен говор на состанокот на Г20, што се одржува овој викенд во Делхи. Моди го покани претседавачот на Африканската унија Азали Асумани да го заземе своето место на масата на лидерите на Г20 како претставник на постојана членка на блокот. Во својот говор, Моди оцени дека светот страда од „криза на доверба“.
Постои огромна криза на доверба во светот. Војната го продлабочи овој дефицит на доверба. Меѓутоа, штом успеавме да го надминеме Ковид, тогаш ќе можеме да се справиме и со оваа криза на меѓусебна доверба“, истакна индискиот премиер.
Африканската Унија, која е континентална унија со 55 земји-членки, сега има ист статус како и Европската унија, која досега беше единствениот регионален блок со полноправно членство во Г20. Досега Африканската Унија беше „поканета меѓународна организација“.
Ја поздравуваме Африканската Унија како постојана членка на Г20 и силно веруваме дека вклучувањето на АУ во Г20 значително ќе придонесе за решавање на глобалните предизвици на нашето време“, се вели во нацрт-декларацијата од Самитот во Делхи, во која имале увид дел од меѓународните медиуми..
На состанокот се очекува да се разговара за прашања како обезбедување повеќе заеми за земјите во развој од мултилатерални институции, реформирање на архитектурата на меѓународниот долг, регулирање на криптовалутите и влијанието на геополитиката врз безбедноста на храната и енергијата. Нацрт-декларацијата е долга 38 страници, со параграфи посветени на климатските промени и реформите на мултилатералните развојни банки. Параграфот со наслов „Геополитичка ситуација“ беше оставен празен, што според Ројтерс ја одразува длабоката поделеност меѓу членките на Г20 околу војната во Украина.

The post Африканската Унија стана постојана членка на Г20 appeared first on Република.

]]>
Африканската унија ја поддржа одлуката на ЕКОВАС за воена интервенција во Нигер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/afrikanskata-unija-ja-poddrzha-odlukata-na-ekovas-za-voena-interventsija-vo-niger/ Fri, 11 Aug 2023 12:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=671164

Африканската унија денеска соопшти дека ги поддржува одлуките на западноафриканскиот регионален блок ЕКОВАС за Нигер и ја повика меѓународната заедница да го спаси животот на претседателот Мохамед Базум, чии услови во притворот на воената хунта, која го собори од власта,се влошуваат, пренесуваат британските медиуми.

Економската заедница на западноафриканските држави-ЕКОВАС, вчера соопшти дека сите опции се уште се во игра и одлучи да ги стави силите во состојба на готовност за можна воена интервенција.

Претседателот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Махамат, ја поддржа одлуката на ЕКОВАС да почне воена операција во Нигер, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Африканската унија, пренесе Тасс.

Махамат изрази загриженост за ситуацијата во Нигер и повика на „итно ослободување“ на претседателот Мохамед Базум, неговото семејство и членовите на владата, изјавувајќи дека условите во кои тие се држат се „лоши“.

Претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара, по враќањето од самитот одржан вчера во Абуџа, изјави дека лидерите на ЕКОВАС се согласиле да почнат воена операција во Нигер што е можно поскоро. Уатара нагласи дека Брегот на Слоновата Коска ќе обезбеди баталјон од 850 и 1.100 војници за ваквата операција, а ќе учествуваат и Бенин, Нигерија и други земји.

Американските медиуми вчера објавија дека лидерите на армијата во Нигер наводно ѝ соопштиле на в.д. заменик државната секретарка на САД, Викторија Нуланд, дека имаат намера да го убијат соборениот претседател Мохамед Базум, доколку соседните земји почнат воена интервенција во обид да го вратат на власт доскорешниот шеф на државата.

The post Африканската унија ја поддржа одлуката на ЕКОВАС за воена интервенција во Нигер appeared first on Република.

]]>

Африканската унија денеска соопшти дека ги поддржува одлуките на западноафриканскиот регионален блок ЕКОВАС за Нигер и ја повика меѓународната заедница да го спаси животот на претседателот Мохамед Базум, чии услови во притворот на воената хунта, која го собори од власта,се влошуваат, пренесуваат британските медиуми. Економската заедница на западноафриканските држави-ЕКОВАС, вчера соопшти дека сите опции се уште се во игра и одлучи да ги стави силите во состојба на готовност за можна воена интервенција. Претседателот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Махамат, ја поддржа одлуката на ЕКОВАС да почне воена операција во Нигер, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Африканската унија, пренесе Тасс. Махамат изрази загриженост за ситуацијата во Нигер и повика на „итно ослободување“ на претседателот Мохамед Базум, неговото семејство и членовите на владата, изјавувајќи дека условите во кои тие се држат се „лоши“. Претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара, по враќањето од самитот одржан вчера во Абуџа, изјави дека лидерите на ЕКОВАС се согласиле да почнат воена операција во Нигер што е можно поскоро. Уатара нагласи дека Брегот на Слоновата Коска ќе обезбеди баталјон од 850 и 1.100 војници за ваквата операција, а ќе учествуваат и Бенин, Нигерија и други земји. Американските медиуми вчера објавија дека лидерите на армијата во Нигер наводно ѝ соопштиле на в.д. заменик државната секретарка на САД, Викторија Нуланд, дека имаат намера да го убијат соборениот претседател Мохамед Базум, доколку соседните земји почнат воена интервенција во обид да го вратат на власт доскорешниот шеф на државата.

The post Африканската унија ја поддржа одлуката на ЕКОВАС за воена интервенција во Нигер appeared first on Република.

]]>
Сал: Африка не е против Украина, но има проблеми кои треба да се третираат со почит https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sal-afrika-ne-e-protiv-ukraina-no-ima-problemi-koi-treba-da-se-tretiraat-so-pochit/ Mon, 24 Oct 2022 19:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=565099

Претседателот на Африканската унија, Меки Сал истакна дека Африка не е „против Украина“, но дека одлуката на многу африкански земји да не заземаат страна во таа војна е реакција на рамнодушноста на меѓународната заедница кон проблеми на нивниот континент.

Африка не е против Украина и не треба да имаме впечаток дека Африканците се нечувствителни на ситуацијата во таа земја. Тоа воопшто не е така, рече Сенегалецот на осмото издание на меѓународниот форум во Дакар, на собирот на Африкански лидери и безбедносни експерти

Африканците велат дека Африка е трајно под терористички напади додека Украина е во војна, под инвазија и напад, додаде тој, а потоа зборуваше за недостатокот на меѓународна солидарност во економската криза што влијае на континентот и болестите со кои се бори.

Ние сме во 2022 година, веќе не е ера на колонии. Ние сме во 2022 година каде земјите, иако се сиромашни, имаат подеднакво достоинство. Ние мора да ги третираме нивните проблеми со иста почит.

Сал го повтори својот повик за подобро претставување на африканските земји во меѓународните организации како што се Советот за безбедност на Обединетите нации или форматот Г20.

The post Сал: Африка не е против Украина, но има проблеми кои треба да се третираат со почит appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Африканската унија, Меки Сал истакна дека Африка не е „против Украина“, но дека одлуката на многу африкански земји да не заземаат страна во таа војна е реакција на рамнодушноста на меѓународната заедница кон проблеми на нивниот континент.
Африка не е против Украина и не треба да имаме впечаток дека Африканците се нечувствителни на ситуацијата во таа земја. Тоа воопшто не е така, рече Сенегалецот на осмото издание на меѓународниот форум во Дакар, на собирот на Африкански лидери и безбедносни експерти Африканците велат дека Африка е трајно под терористички напади додека Украина е во војна, под инвазија и напад, додаде тој, а потоа зборуваше за недостатокот на меѓународна солидарност во економската криза што влијае на континентот и болестите со кои се бори. Ние сме во 2022 година, веќе не е ера на колонии. Ние сме во 2022 година каде земјите, иако се сиромашни, имаат подеднакво достоинство. Ние мора да ги третираме нивните проблеми со иста почит.
Сал го повтори својот повик за подобро претставување на африканските земји во меѓународните организации како што се Советот за безбедност на Обединетите нации или форматот Г20.

The post Сал: Африка не е против Украина, но има проблеми кои треба да се третираат со почит appeared first on Република.

]]>
Лавров од Уганда: Африканските земји треба да добијат поголема улога во Советот за безбедност на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-od-uganda-afrikanskite-zemji-treba-da-dobijat-pogolema-uloga-vo-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Tue, 26 Jul 2022 16:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=533443

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, од Уганда порача дека Москва ја поддржува реформата на Советот за безбедност на ОН, за земјите во развој, особено африканските, да добијат поголемо влијание.

По средбата со претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, во главниот град Кампала, првиот руски дипломат истакна дека двете страни „ги потврдиле своите позиции кога станува збор за реформата на Советот за безбедност на ОН“.

Главниот проблем е недоволната застапеност на земјите во развој во Советот за безбедност, а единствено решение е поголема застапеност на азиските, африканските и латиноамериканските земји во оваа институција - порача Лавров по средбата со Мусевени, сојузник на САД кој одржува пријателски врски со Русија.

Мусевени изјави дека Русија е пријател на Уганда повеќе од 100 години и дека не може одеднаш да стане непријател поради ривалството меѓу Москва и Вашингтон.

Уганда е третата станица на африканската турнеја на Лавров, кој, пред Уганда, ги посети Египет и ДР Конго, а турнејата ја завршува со посета на Етиопија, седиштето на Африканската Унија.

Уганда е една од 25-те африкански земји кои се воздржаа или не гласаа за резолуцијата на Генералното собрание на ОН за осуда на руската воена акција во Украина. Многу африкански земји имаат долги врски со Москва, кои датираат од Студената војна кога Советскиот Сојуз ја поддржа нивната борба за независност.

Во последните месеци, африканските лидери бараат континентот да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН. Тоа тело има пет постојани членки (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција), како и десет непостојани, а прашањето за неговата реформа е предмет на дебата со децении.

Африканската Унија бара да се прошири Советот за безбедност на 26 членки, од кои 11 ќе бидат постојани, вклучително и две африкански земји кои ќе имаат право на вето. Африканската унија предлага од 26 членки, Африка да има пет непостојани места.

The post Лавров од Уганда: Африканските земји треба да добијат поголема улога во Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, од Уганда порача дека Москва ја поддржува реформата на Советот за безбедност на ОН, за земјите во развој, особено африканските, да добијат поголемо влијание. По средбата со претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, во главниот град Кампала, првиот руски дипломат истакна дека двете страни „ги потврдиле своите позиции кога станува збор за реформата на Советот за безбедност на ОН“.
Главниот проблем е недоволната застапеност на земјите во развој во Советот за безбедност, а единствено решение е поголема застапеност на азиските, африканските и латиноамериканските земји во оваа институција - порача Лавров по средбата со Мусевени, сојузник на САД кој одржува пријателски врски со Русија.
Мусевени изјави дека Русија е пријател на Уганда повеќе од 100 години и дека не може одеднаш да стане непријател поради ривалството меѓу Москва и Вашингтон. Уганда е третата станица на африканската турнеја на Лавров, кој, пред Уганда, ги посети Египет и ДР Конго, а турнејата ја завршува со посета на Етиопија, седиштето на Африканската Унија. Уганда е една од 25-те африкански земји кои се воздржаа или не гласаа за резолуцијата на Генералното собрание на ОН за осуда на руската воена акција во Украина. Многу африкански земји имаат долги врски со Москва, кои датираат од Студената војна кога Советскиот Сојуз ја поддржа нивната борба за независност. Во последните месеци, африканските лидери бараат континентот да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН. Тоа тело има пет постојани членки (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција), како и десет непостојани, а прашањето за неговата реформа е предмет на дебата со децении. Африканската Унија бара да се прошири Советот за безбедност на 26 членки, од кои 11 ќе бидат постојани, вклучително и две африкански земји кои ќе имаат право на вето. Африканската унија предлага од 26 членки, Африка да има пет непостојани места.

The post Лавров од Уганда: Африканските земји треба да добијат поголема улога во Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Африканската Унија: Антируските санкции ја оставија Африка без жито и ѓубрива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-afrikanskata-unija-antiruskite-sankcii-ja-ostavija-afrika-bez-zito-i-gjubriva/ Sat, 04 Jun 2022 05:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=510884

Претседателот на Сенегал и шеф на Африканската Унија, Маки Сал, порача дека антируските санкции ја оставија Африка без пристап до жито и вештачко ѓубриво.

Санкциите сериозно ја влошија ситуацијата со храната во африканскиот регион - истакна Сал на на средбата со рускиот претседател, Владимир Путин.

Според Сал, Сенегал има големи надежи за соработка меѓу африканските земји и Русија.

За време на средбата, пак, Путин, истакнал дека улогата на Африка на меѓународната сцена расте и дека Руската Федерација ќе ги развива односите со земјите од континентот.

The post Претседателот на Африканската Унија: Антируските санкции ја оставија Африка без жито и ѓубрива appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Сенегал и шеф на Африканската Унија, Маки Сал, порача дека антируските санкции ја оставија Африка без пристап до жито и вештачко ѓубриво.
Санкциите сериозно ја влошија ситуацијата со храната во африканскиот регион - истакна Сал на на средбата со рускиот претседател, Владимир Путин.
Според Сал, Сенегал има големи надежи за соработка меѓу африканските земји и Русија. За време на средбата, пак, Путин, истакнал дека улогата на Африка на меѓународната сцена расте и дека Руската Федерација ќе ги развива односите со земјите од континентот.

The post Претседателот на Африканската Унија: Антируските санкции ја оставија Африка без жито и ѓубрива appeared first on Република.

]]>