АФП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afp/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 13:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АФП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afp/ 32 32 АФП: Македонија гласа на клучните избори за закочените преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/afp-severna-makedonija-glasa-na-kluchnite-izbori-za-zakochenite-pregovori-so-eu/ Wed, 24 Apr 2024 13:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=770180

Во Македонија денеска е првиот круг од претседателските избори, во чија позадина е одлучувачкото прашање за иднината на таа земја: да ги прифати или не условите поставени од Европската Унија за прием во таа организација, пишува денеска француската новинска агенција АФП.

„Политичкиот живот во таа балканска држава со 1,8 милиони жители со години е заглавен во дискусијата дали да се почитуваат барањата на ЕУ, особено оние на соседна Бугарија“, која веќе е членка на ЕУ, посочува агенцијата, пренесува Бета.

Бугарија првично инсистираше македонскиот јазик да се смета за дијалект на бугарскиот, што Скопје го одби и бара вклучување на бугарското малцинство во Уставот, со ризик да ги наруши преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ.

АФП пишува дека двајцата главни кандидати за претседател на државата која мораше да го смени името за да го запре конфликтот со друг сосед, Грција, не се согласуваат околу одговорот што ќе му го дадат на Брисел.

Социјалдемократот Стево Пендаровски, кандидат за реизбор, кој заостанува во анкетите со 16 отсто поддршка, бара итна ревизија на Уставот за да се унапредат преговорите со ЕУ за членство, каде Македонија е кандидат од 2005 година, наведува АФП.

Од друга страна, водечката во анкетите со 26 отсто, Гордана Силјановска-Давкова, главната конкурентка на Пендаровски која ја победи на претходните претседателски избори во 2019 година, а која е поддржана од водечката десничарска опозициска партија ВРМО-ДПМНЕ, сака Македонија прво да стане членка на ЕУ, а потоа евентуално да го промени Уставот.

АФП понатаму пишува дека покрај тоа што денешните избори се еден вид референдум за односот кон ЕУ, тоа е и можност да се утврди односот на силите меѓу партиите пред 8 мај, кога ќе се одржи вториот круг од претседателските заедно со парламентарните избори.

Агенцијата јавува дека Ана Петрушева, уредничка и директорка на невладината организација БИРН, посочила дека во вториот круг од претседателските избори, на кој се очекуваат двајцата главни конкуренти, ќе биде важно што ќе одлучат останатите пет кандидати за шеф на државата по првиот круг, меѓу кои и министерот за надворешни работи и кандидатот на албанската партија ДУИ Бујар Османи и Арбен Таравари поддржани од коалицијата од три партии наречена „Влен“ („Вреди“).

Нивната поддршка или не во вториот круг ќе биде клучна, „особено поддршката од албанските партии“, оцени Петрушева, пренесува Бета.

Мнозинството граѓани, пишува АФП, сметаат дека емиграцијата на младите од Македонија мора да престане и сакаат кој и да победи да работи на подобрување на животниот стандард и обезбедување подобра иднина за младите, како и за Македонија да се приклучи на Европа, заклучува агенцијата, пренесувајќи ги ставовите на соговорниците.

The post АФП: Македонија гласа на клучните избори за закочените преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Во Македонија денеска е првиот круг од претседателските избори, во чија позадина е одлучувачкото прашање за иднината на таа земја: да ги прифати или не условите поставени од Европската Унија за прием во таа организација, пишува денеска француската новинска агенција АФП.
„Политичкиот живот во таа балканска држава со 1,8 милиони жители со години е заглавен во дискусијата дали да се почитуваат барањата на ЕУ, особено оние на соседна Бугарија“, која веќе е членка на ЕУ, посочува агенцијата, пренесува Бета.
Бугарија првично инсистираше македонскиот јазик да се смета за дијалект на бугарскиот, што Скопје го одби и бара вклучување на бугарското малцинство во Уставот, со ризик да ги наруши преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ. АФП пишува дека двајцата главни кандидати за претседател на државата која мораше да го смени името за да го запре конфликтот со друг сосед, Грција, не се согласуваат околу одговорот што ќе му го дадат на Брисел. Социјалдемократот Стево Пендаровски, кандидат за реизбор, кој заостанува во анкетите со 16 отсто поддршка, бара итна ревизија на Уставот за да се унапредат преговорите со ЕУ за членство, каде Македонија е кандидат од 2005 година, наведува АФП. Од друга страна, водечката во анкетите со 26 отсто, Гордана Силјановска-Давкова, главната конкурентка на Пендаровски која ја победи на претходните претседателски избори во 2019 година, а која е поддржана од водечката десничарска опозициска партија ВРМО-ДПМНЕ, сака Македонија прво да стане членка на ЕУ, а потоа евентуално да го промени Уставот. АФП понатаму пишува дека покрај тоа што денешните избори се еден вид референдум за односот кон ЕУ, тоа е и можност да се утврди односот на силите меѓу партиите пред 8 мај, кога ќе се одржи вториот круг од претседателските заедно со парламентарните избори. Агенцијата јавува дека Ана Петрушева, уредничка и директорка на невладината организација БИРН, посочила дека во вториот круг од претседателските избори, на кој се очекуваат двајцата главни конкуренти, ќе биде важно што ќе одлучат останатите пет кандидати за шеф на државата по првиот круг, меѓу кои и министерот за надворешни работи и кандидатот на албанската партија ДУИ Бујар Османи и Арбен Таравари поддржани од коалицијата од три партии наречена „Влен“ („Вреди“). Нивната поддршка или не во вториот круг ќе биде клучна, „особено поддршката од албанските партии“, оцени Петрушева, пренесува Бета. Мнозинството граѓани, пишува АФП, сметаат дека емиграцијата на младите од Македонија мора да престане и сакаат кој и да победи да работи на подобрување на животниот стандард и обезбедување подобра иднина за младите, како и за Македонија да се приклучи на Европа, заклучува агенцијата, пренесувајќи ги ставовите на соговорниците.

The post АФП: Македонија гласа на клучните избори за закочените преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
АФП ја тужи платформата „Х“ на Илон Маск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/afp-ja-tuzhi-platformata-h-na-ilon-mask/ Thu, 03 Aug 2023 08:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=668153

Француската новинска Агенција Франс прес (АФП) вчера објави дека во Париз поднеле тужба против платформата „Х“ на Илон Маск, порано позната како „Твитер“, обвинувајќи дека оттаму одбиваат да разговараат за можна исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција.

Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет-платформи да влезат во преговори со издавачите коишто бараат компензација за вести.

„АФП ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на 'Твитер' (неодамна преименуван во 'Х') да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права...“, се вели во соопштението на новинската агенција.

Маск го критикуваше потегот на АФП со објава на 'X': „Ова е бизарно. Тие сакаат да им плаќаме за објави на нивните страници каде што заработуваат од реклами, а ние не!“

Француската антимонополска управа во 2021 година го казни „Гугл“ со 500 милиони евра поради непочитување на горенаведените правила. Оттогаш, интернет-пребарувачот најави решение на спорот и договори со АФП и неколку други водечки медиуми во Франција. Фејсбук, исто така, потпиша договори со некои француски издавачи.

The post АФП ја тужи платформата „Х“ на Илон Маск appeared first on Република.

]]>

Француската новинска Агенција Франс прес (АФП) вчера објави дека во Париз поднеле тужба против платформата „Х“ на Илон Маск, порано позната како „Твитер“, обвинувајќи дека оттаму одбиваат да разговараат за можна исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција. Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет-платформи да влезат во преговори со издавачите коишто бараат компензација за вести. „АФП ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на 'Твитер' (неодамна преименуван во 'Х') да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права...“, се вели во соопштението на новинската агенција. Маск го критикуваше потегот на АФП со објава на 'X': „Ова е бизарно. Тие сакаат да им плаќаме за објави на нивните страници каде што заработуваат од реклами, а ние не!“ Француската антимонополска управа во 2021 година го казни „Гугл“ со 500 милиони евра поради непочитување на горенаведените правила. Оттогаш, интернет-пребарувачот најави решение на спорот и договори со АФП и неколку други водечки медиуми во Франција. Фејсбук, исто така, потпиша договори со некои француски издавачи.

The post АФП ја тужи платформата „Х“ на Илон Маск appeared first on Република.

]]>
Репортажа на АФП: Македонците се откажаа од својата земја и бараат спас во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reportaza-na-afp-makedoncite-se-otkazaa-od-svojata-zemja-i-baraat-spas-vo-stranstvo/ Sun, 02 Jan 2022 10:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=439525

Напуштени продавници и празни улици, со малку знаци на живот во градот Валандово, од каде младите луѓе масовно бегаат во странство во надеж дека ќе најдат подобар живот. Вака новинската агенција Агенс Франс Прес ја почнува својата репортажа од југот на Македонија, во која предупредува на масовното иселување на младите.

Како и другите земји во сиромашниот раб на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба со население кое старее, опаѓачка стапка на прираст и масовно исселување. Македонија загуби 10 проценти од своето население во изминатите 20 години. Околу 600,000 Македонци сега живеат во странство, според проценки на Светската Банка и властите. Очајно слабиот економски раст и недостигот на инвестиции ја притискаат земјата во која сега живеат само 1,8 милиони жители. „Ако имате над 2,4 милиони жители, но повеќе од четвртина од нив си заминале, треба сериозно да се загрижите за тоа што ви се случува“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика“, пренесува АФП.

Дописникот на агенцијата разговарал и со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, кој вели дека „го загубивме ентузијазмот да останеме дома и да се бориме“. Во градот, 90 проценти од приходите произлегуваат од земјоделието.

Пет од 20-те соученици кои бевме во исто одделение веќе се исселија со нивните семејства, вели Бојан Николов, член на младинска организација од Валандово.
АФП ги цитира резултатите од пописот спроведен во 2021, според кои Македонија загубила околу 200,000 жители од 2002 година, кога беше спроведен последниот попис. Перспективите на граѓаните биле поврзани со можното членство во ЕУ, но по блокадите од Грција и Бугарија, граѓаните решаваат дека нема веќе што да чекаат, пишува агенцијата. „Ако останете, просечната плата е само 470 евра. 'Подобро да бидам роб за 2,000 евра во некоја странска земја отколку роб дома за 300 евра'", велат соговорниците на АПФ.

Француската новинска агенција пренесува дека состојбата е слична и во Албанија и другите земји од регионот. Се проценува дека Албанија загубила 1.7 милиони жители во изминатите 30 години, односно 37 проценти од населението. Во Србија, се смета дека 10,000 доктори ја напуштиле земјата во последните 20 години.

А ако овие земји се надеваат дека членството во ЕУ ќе ја подобри ситуацијата, Хрватска е предупредувачки пример. Откако влезе во ЕУ во 2013 година, хрватското население од четири милиони жители се намали за 10 проценти. Обединетите нации проценуваат дека Хрватска ќе има само 2,5 милиони жители на крајот на векот“, пишува АФП.

The post Репортажа на АФП: Македонците се откажаа од својата земја и бараат спас во странство appeared first on Република.

]]>

Напуштени продавници и празни улици, со малку знаци на живот во градот Валандово, од каде младите луѓе масовно бегаат во странство во надеж дека ќе најдат подобар живот. Вака новинската агенција Агенс Франс Прес ја почнува својата репортажа од југот на Македонија, во која предупредува на масовното иселување на младите.
Како и другите земји во сиромашниот раб на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба со население кое старее, опаѓачка стапка на прираст и масовно исселување. Македонија загуби 10 проценти од своето население во изминатите 20 години. Околу 600,000 Македонци сега живеат во странство, според проценки на Светската Банка и властите. Очајно слабиот економски раст и недостигот на инвестиции ја притискаат земјата во која сега живеат само 1,8 милиони жители. „Ако имате над 2,4 милиони жители, но повеќе од четвртина од нив си заминале, треба сериозно да се загрижите за тоа што ви се случува“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика“, пренесува АФП.
Дописникот на агенцијата разговарал и со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, кој вели дека „го загубивме ентузијазмот да останеме дома и да се бориме“. Во градот, 90 проценти од приходите произлегуваат од земјоделието.
Пет од 20-те соученици кои бевме во исто одделение веќе се исселија со нивните семејства, вели Бојан Николов, член на младинска организација од Валандово. АФП ги цитира резултатите од пописот спроведен во 2021, според кои Македонија загубила околу 200,000 жители од 2002 година, кога беше спроведен последниот попис. Перспективите на граѓаните биле поврзани со можното членство во ЕУ, но по блокадите од Грција и Бугарија, граѓаните решаваат дека нема веќе што да чекаат, пишува агенцијата. „Ако останете, просечната плата е само 470 евра. 'Подобро да бидам роб за 2,000 евра во некоја странска земја отколку роб дома за 300 евра'", велат соговорниците на АПФ.