афера „Тајни имоти“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afera-tajni-imoti/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Nov 2022 18:32:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png афера „Тајни имоти“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afera-tajni-imoti/ 32 32 Mицкоски: Во првите месеци власт ќе ги испитаме сите скриени имоти и ќе бараме нивно потекло https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vo-prvite-meseci-vlast-kje-gi-ispitame-site-skrieni-imoti-i-kje-barame-nivno-poteklo/ Wed, 23 Nov 2022 17:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=577442

Владата им го одзема на нашите студенти и така сиромашниот оброк, кој видовме дека е сочинет од јајце и зденка, додека младите врсници од Берлин, Лондон, Париз се борат за технолошки развој и иновации, рече на годишната конференција на УМС претседателотн ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека мачно е кога гледаме како функционери од власта се ухлебени паразити кои живеат од потта на чесниот народ и земаат илјадници евра плата, не работат ништо, а ги уживаат сите придобивки од државата.

Нивните имиња не се ни знаат, но тие ги држат паразитски функциите на десетиците институции од кои дебело се платени, додека тутунарите немаат откуп, додека оризарите протестираат, додека студентите се гладни. Функционери од власта криеле имоти, луѓе од власта земаат месечна плата за која народот работи по цела година.
Затоа ви ветувам, и на паразитите и на тајните имоти мора да дојде крај. И во првите месеци по преземањето на власта ќе ги испитаме сите овие скриени имоти и ќе бараме потекло за истите. А, оние тајни имоти нечесно стекнати во годините на криминал, истите ќе бидат одземени и парите ќе бидат вратени во буџетот, а од буџетот за народот, порача тој.

The post Mицкоски: Во првите месеци власт ќе ги испитаме сите скриени имоти и ќе бараме нивно потекло appeared first on Република.

]]>

Владата им го одзема на нашите студенти и така сиромашниот оброк, кој видовме дека е сочинет од јајце и зденка, додека младите врсници од Берлин, Лондон, Париз се борат за технолошки развој и иновации, рече на годишната конференција на УМС претседателотн ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека мачно е кога гледаме како функционери од власта се ухлебени паразити кои живеат од потта на чесниот народ и земаат илјадници евра плата, не работат ништо, а ги уживаат сите придобивки од државата.
Нивните имиња не се ни знаат, но тие ги држат паразитски функциите на десетиците институции од кои дебело се платени, додека тутунарите немаат откуп, додека оризарите протестираат, додека студентите се гладни. Функционери од власта криеле имоти, луѓе од власта земаат месечна плата за која народот работи по цела година. Затоа ви ветувам, и на паразитите и на тајните имоти мора да дојде крај. И во првите месеци по преземањето на власта ќе ги испитаме сите овие скриени имоти и ќе бараме потекло за истите. А, оние тајни имоти нечесно стекнати во годините на криминал, истите ќе бидат одземени и парите ќе бидат вратени во буџетот, а од буџетот за народот, порача тој.

The post Mицкоски: Во првите месеци власт ќе ги испитаме сите скриени имоти и ќе бараме нивно потекло appeared first on Република.

]]>
Ухлебените паразити кои живеат на грбот на народот и тие со тајни имоти од власта да знаат дека ќе одговараат и ќе има одземање на имотите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uhlebenite-paraziti-koi-ziveat-na-grbot-na-narodot-i-tie-so-tajni-imoti-od-vlasta-da-znaat-deka-kje-odgovaraat-i-kje-ima-odzemanje-na-imotite/ Sun, 20 Nov 2022 21:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=576240

„Народот доживува една огромна криза. Земјава е рекордер по инфлација и рекордер по индексот на мизерија. Како да се платат сметките, шоковите со цените по продавниците, маките со бизнисите, и тешките деловни односи се работите што го мачат нашето општество. На сметка на ова, Владата зборува за висока политика, симнува ѕвезди од небото, вергла како на расипана лента исти фрази, исти зборови за некаква иднина што не доаѓа. Најголемиот оцрнувач на евроинтегративните процеси е Владата и најголемиот непријател на имиџот на прозападните партнери е токму Владата која во состојба на отсуство на реформи за кои треба часови и часови работа, ги заменува со понизност и лесна рака за потпишување на сè и сешто што ќе побараат од неа, нема апетит на држава околу нас кој не го задоволија на штета на нашите национални интереси, додека потоа имаат полна уста за ЕУ правејќи криминал и криејќи белосветски пробисвети кои се на црните листи на западните земји. А, пак оние слуги притиснати до ѕид, зборувам за слугите на власта, кои мора нешто да одработат за да добијат од власта ќе фрлат по некоја димна бомба кон опозицијата колку да направат дефокус од овие вистински теми важни за народот. Многу е тешко кога гледам дека главната борба на младите во Македонија, главниот протест е за оброк кој Владата им го зема од уста додека младите во Берлин, Лондон, Париз протестираат за широки општествени теми, за повеќе права, повеќе слобода за своите врсници од Блискиот Исток или за повеќе технолошки развој, за повеќе иновации. Нашата влада им го одзема и така сиромашниот оброк кој видовме дека е сочинет од јајце и зденка, додека младите врсници од Берлин, Лондон, Париз се борат за технолошки развој и ќе повторам иновации“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на годинешната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека му е мачно кога гледа како функционери од власта се ухлебени паразити кои живеат од потта на чесниот народ и земаат илјадници евра плата, не работат ништо, а ги уживаат сите придобивки од државата.

Мачно е кога гледам како функционери од власта се ухлебени паразити кои живеат од потта на чесниот народ и земаат илјадници евра плата, не работат ништо, а ги уживаат сите придобивки од државата. Нивните имиња не се ни знаат, но тие ги држат паразитски функциите на десетиците институции од кои дебело се платени, додека тутунарите немаат откуп, додека оризарите протестираат, додека студентите се гладни. Функционери од власта криеле имоти, луѓе од власта земаат месечна плата за која народот работи по цела година. Затоа ви ветувам и на паразитите и на тајните имоти мора да дојде крај, и во првите месеци по преземањето на власта ќе ги испитаме сите овие скриени имоти и ќе бараме потекло за истите. А, оние тајни имоти нечесно стекнати во годините на криминал, истите ќе бидат одземени и парите ќе бидат вратени во буџетот, а од буџетот за народот. Тоа е она за кое што ВМРО-ДПМНЕ се залага и тоа е онаа политика за која што ВМРО-ДПМНЕ се бори“ нагласи Мицкоски.

The post Ухлебените паразити кои живеат на грбот на народот и тие со тајни имоти од власта да знаат дека ќе одговараат и ќе има одземање на имотите appeared first on Република.

Ригорозен закон за потекло на имот, плата по учинок, одземање на тајните имоти, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rigorozen-zakon-za-poteklo-na-imot-plata-po-uchinok-odzemanje-na-tajnite-imoti-najavi-pretsedatelot-na-vmro-dpmne/ Sun, 20 Nov 2022 14:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=576098

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ја отвори Годишната конференција на УМС, пред младите во Македонската филхармнонија не изостави да зборува економската криза. Мицкоски потсети дека земјава е рекордер по инфлација и рекордер по индексот на мизерија.

Како да се платат сметките, шоковите со цените по продавниците, маките со бизнисите, и тешките деловни односи се работите што го мачат општеството. На сметка на ова, Владата зборува за висока политика, симнува ѕвезди од небото, вергла како на расипана лента исти фрази, исти зборови за некаква иднина што не доаѓа. Најголемиот оцрнувач на евроинтегративните процеси е Владата и најголемиот непријател на имиџот на прозападните партнери е токму Владата која во состојба на отсуство на реформи за кои треба часови и часови работа, ги супституира со понизност и лесна рака за потпишување на сè и сешто што ќе побараат од неа, нема апетит на држава околу нас кој не го задоволија на штета на нашите интереси, додека потоа имаат полна уста за ЕУ правејќи криминал и криејќи белосветски пробисвети кои се на црните листи на западните земји, рече Мицкоски.

Тој зборуваше за, како што ги нарече димните бомби кон опозицијата, кои се пуштаат да се одвлече вниманието од вистинските теми важни за народот. Тој рече дека поразувачки е што главниот протест на младите во во Македонија е за оброк кој владата им го зема од уста, додека младите во Берлин, Лондон, Париз протестираат за широки општествени теми, за повеќе права, повеќе слобода за своите врсници од Блискиот Исток или за повеќе развој и технологија.

Нашата влада им го одзема и онака сиромашниот оброк од јајце и зденка, додека младите врсници од Берлин, Лондон, Париз се борат за технолошки развој и иновации.

Зборуваше и за функционерите паразити кои  земаат илјадници евра плата, не работат ништо, а ги уживаат сите придобивки од државата и вети дека на паразитите и на тајните имоти мора да им дојде крајот.

Во првите месеци по преземањето на власта ќе донесеме нов закон за испитување на потеклото на имотите многу поригорозен од постојните решенија, како и усогласување на платите во зависност на сложеноста на работата, а не во зависност на позицијата на која се наоѓаат при водењето на институцијата. Плата по учинок. Тие што работат треба да бидат платени, а тие другите треба да знаат дека нема заработка без пот и заслуга. А оние тајни имоти нечесно стекнати во годините на криминал, истите ќе бидат одземени и вратени во буџетот, на народот.

The post Ригорозен закон за потекло на имот, плата по учинок, одземање на тајните имоти, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Петрушевски поднесе претставка до ДКСК: ДКСК да поднесат кривична за владата, кои имале обврска, а не ги известиле за ново именуваните функционери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-podnese-pretstavka-do-dksk-dksk-da-podnesat-krivichna-za-vladata-koi-imale-obvrska-a-ne-gi-izvestile-za-novo-imenuvanite-funkcioneri/ Tue, 01 Nov 2022 12:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=568301

123 функционери криеле имот вреден 30 милиони евра, во аферата Тајни имоти, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска до ДКСК ќе доставиме листа од функционери кои се именувани на седница на влада, а не си ја извршиле својата законска должност, да поднесат анкетен лист до Антикорупциска. Очекуваме ДКСК да постапи во однос на сите. Уште еднаш ја повикуваме ДКСК да не влегува во криминал и со антидатирани документи да ги правда функционерите кои не поднеле анкетни листови со месеци и години откако се на функција. Од изнесените информации видовме дека се работи за функционери, од кои голем дел поседуваат фирми, луксузни автомобили, станови и куќи. Имотот кој го поседуваат, а не го пријавиле е голем. Истовремено ги повикуваме и ДКСК и Владата да престанат да си ја префрлаат топката кој е виновен за тоа што 123 функционери криеле имот вреден 30 милиони евра. ДКСК да почне да си ја извршува законската должност и да поднесе пријави до сите именувани функционери кои не го дале својот имот на увид, вели Петрушевски.

Тој додава дека од друга страна ја охрабруваме ДКСК да поднесе кривична пријава до ЈО за Владата и дезертерот Ковачевски, за кои тврдат дека не ги информирале за извршените именувања на функционери, иако за тоа комуницирале со скоро сите генерални секретари кои што поминаа на таа позиција.

Доколку ДКСК не поднесе кривична пријава за Ковачевски само ќе потврдат дека и тие се дел од системот за криење на имот, и дека свесно ги толерирале именуваните функционери и не постапувале согласно закон. Дополнително ДКСК по службена должност да побара од УЈП отпочнување на проверка на сите функционери кои не го пријавиле својот имот, дали за него платиле данок, односно дали е стекнат со легални средства, зошто се крие имот само кој е стекнат на нелегален начин, истакнува Петрушевски.

https://youtu.be/epq4wUUx4ck

The post Петрушевски поднесе претставка до ДКСК: ДКСК да поднесат кривична за владата, кои имале обврска, а не ги известиле за ново именуваните функционери appeared first on Република.

Тивките политички стаорци кои владеат со скопските училишта: Дали и директорите на школите се дел од аферата „Тајните имоти“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tivkite-politichki-staorci-koi-vladeat-so-skopskite-uchilishta-dali-i-direktorite-na-shkolite-se-del-od-aferata-tajnite-imoti/ Tue, 01 Nov 2022 09:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=568177

Со скопските средни училишта под ингиренција на Данела Арсовскасе уште раководат истите директори на Шилегов, дополнети со по некој кадар од ДУИ, како што е новиот директор на средното училиште Арсениј Јовков.

Таквите несменети кадри во политичките кругови ги нарекуваат политичките стаорци, маргинални партиски извршители кои заеднички користат услуги, договараат јавни набавки, се комформираат во нездравиот политички амбиент. Ако малку се гребне по површината, ќе се види дека со гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Орце Николов“  управуваат политички кадри од ДОМ, односно од СДСМ.

Со „Јосип Броз Тито“ управува Силвана Кржовска, која е политички кадар на вечниот приврзок на власта, партијата ДОМ. Лесно може да се провери дека таа е и претседателка на форумот на жени на ДОМ.

Доколку во пребарувачот на страницата на АНтикорупциската комисија го впишете името на директорката Силвана Кржовска, нема да може да извршите увид во нејзината иморна состојба. Кржовска како и многу други функционери опфатени со аферата „Тајни имоти“ нема пријавено имот.

Освен што е директорка на скопската гимназија, Кржовска еназначена и за член на Управниот одбор на велешкото јавно претпријатие „Лисиче“.

Додека никој не знае со колкаво богатство располага директорката на скопското средно училиште, во раководството на гимназијата „Јосип Броз Тито“ удобно му е на уште еден домовски кадар, Христа Најданов, генерален секретар на школото и поранешен советник на ДОМ во Град Скопје.

Тој е награден и со столче во Управниот одбор во Државна лотарија.

Доколку се проверат извештаите како се работело во училиштата, ќе се видат и низа неправилности, фаворизирање на компании, маниоулирање со буџетите и на така скромните ресурси. За ова меодамна збореше и советникот од ВМРО ДПМНЕ Стефан Андоновски.

Првото училиште кое што според Андоновски работело незаконски изминатите години е токму гимназијата со која раководи тандемот од ДОМ, Кржовска - Најданов, „Јосип Броз Тито“. Тогаш Андоновски откри дека училиштето потрошило над 400.000 евра за одржување, набавило тонер и принтери во вредност од 40.000 евра, а во исто време и услуги за фотокопирање и принтање во вредност од 40.000 евра.

Првото училиште е „Јосип Броз Тито“, кое што за волјата на вистина започна да биде на дното и по успех, и по број на запишани ученици, и по меѓусебна конкуренција. Имаме сериозни проблеми прво со омилени фирми. Да видиме вака за одржување на зграда во „Јосип Броз Тито“ се потрошени 400.000 евра, нови згради да изградеа две помалку пари ќе потрошеа и тоа во 2021 година 10.900.000 денари, во 2020 година 500.090 денари, во 2020 година повторно 7.200.000 денари, во 2019 година 3.000.000 денари. Ова е се достапно од електронскиот систем на јавни набавки. И многу интересно за мебел во последните години се потрошени 46.000 евра, што мебел ќе беше, праша Андоновски и додаде:

Вториот дел е на обуки, 80.000 евра или 4.000.000 денари од кои за една од обуките организирана е од членката на Извршниот одбор на СДСМ, и би требала таа и да е платена од таа организација од Еразмус средства. И третиот аспект од јавни набавки што е многу интересен, училиштето набавува тонери и принтери и во исто време набавува услуги за фотокопирање и принтање и тоа за три години, набавка на опрема и одржување на таа опрема 40.000 евра, и за услуги за копирање исто така троши 40.000 евра.

Андоновски посочи дека и во средното училиште „Орце Николов“ потрошиле 200.000 денари за кетеринг, а потрошиле и 290.000 евра за тековно одржување.

https://republika.mk/vesti/skopje/kako-segashniot-direktor-na-sgsu-orce-nikolov-potpishuva-reshenija-i-plati-koga-ima-istechen-mandat/

The post Тивките политички стаорци кои владеат со скопските училишта: Дали и директорите на школите се дел од аферата „Тајните имоти“? appeared first on Република.

]]>

Со скопските средни училишта под ингиренција на Данела Арсовскасе уште раководат истите директори на Шилегов, дополнети со по некој кадар од ДУИ, како што е новиот директор на средното училиште Арсениј Јовков. Таквите несменети кадри во политичките кругови ги нарекуваат политичките стаорци, маргинални партиски извршители кои заеднички користат услуги, договараат јавни набавки, се комформираат во нездравиот политички амбиент. Ако малку се гребне по површината, ќе се види дека со гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Орце Николов“  управуваат политички кадри од ДОМ, односно од СДСМ. Со „Јосип Броз Тито“ управува Силвана Кржовска, која е политички кадар на вечниот приврзок на власта, партијата ДОМ. Лесно може да се провери дека таа е и претседателка на форумот на жени на ДОМ.   Доколку во пребарувачот на страницата на АНтикорупциската комисија го впишете името на директорката Силвана Кржовска, нема да може да извршите увид во нејзината иморна состојба. Кржовска како и многу други функционери опфатени со аферата „Тајни имоти“ нема пријавено имот.   Освен што е директорка на скопската гимназија, Кржовска еназначена и за член на Управниот одбор на велешкото јавно претпријатие „Лисиче“.   Додека никој не знае со колкаво богатство располага директорката на скопското средно училиште, во раководството на гимназијата „Јосип Броз Тито“ удобно му е на уште еден домовски кадар, Христа Најданов, генерален секретар на школото и поранешен советник на ДОМ во Град Скопје. Тој е награден и со столче во Управниот одбор во Државна лотарија.     Доколку се проверат извештаите како се работело во училиштата, ќе се видат и низа неправилности, фаворизирање на компании, маниоулирање со буџетите и на така скромните ресурси. За ова меодамна збореше и советникот од ВМРО ДПМНЕ Стефан Андоновски. Првото училиште кое што според Андоновски работело незаконски изминатите години е токму гимназијата со која раководи тандемот од ДОМ, Кржовска - Најданов, „Јосип Броз Тито“. Тогаш Андоновски откри дека училиштето потрошило над 400.000 евра за одржување, набавило тонер и принтери во вредност од 40.000 евра, а во исто време и услуги за фотокопирање и принтање во вредност од 40.000 евра.
Првото училиште е „Јосип Броз Тито“, кое што за волјата на вистина започна да биде на дното и по успех, и по број на запишани ученици, и по меѓусебна конкуренција. Имаме сериозни проблеми прво со омилени фирми. Да видиме вака за одржување на зграда во „Јосип Броз Тито“ се потрошени 400.000 евра, нови згради да изградеа две помалку пари ќе потрошеа и тоа во 2021 година 10.900.000 денари, во 2020 година 500.090 денари, во 2020 година повторно 7.200.000 денари, во 2019 година 3.000.000 денари. Ова е се достапно од електронскиот систем на јавни набавки. И многу интересно за мебел во последните години се потрошени 46.000 евра, што мебел ќе беше, праша Андоновски и додаде: Вториот дел е на обуки, 80.000 евра или 4.000.000 денари од кои за една од обуките организирана е од членката на Извршниот одбор на СДСМ, и би требала таа и да е платена од таа организација од Еразмус средства. И третиот аспект од јавни набавки што е многу интересен, училиштето набавува тонери и принтери и во исто време набавува услуги за фотокопирање и принтање и тоа за три години, набавка на опрема и одржување на таа опрема 40.000 евра, и за услуги за копирање исто така троши 40.000 евра.
Андоновски посочи дека и во средното училиште „Орце Николов“ потрошиле 200.000 денари за кетеринг, а потрошиле и 290.000 евра за тековно одржување. https://republika.mk/vesti/skopje/kako-segashniot-direktor-na-sgsu-orce-nikolov-potpishuva-reshenija-i-plati-koga-ima-istechen-mandat/

The post Тивките политички стаорци кои владеат со скопските училишта: Дали и директорите на школите се дел од аферата „Тајните имоти“? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Владата стојат зад аферата „тајни имоти“, не ја известувале Антикорупциска за именуваните функционери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-vladata-stojat-zad-tajni-imoti-ne-ja-izvestuvale-antikorupciska-za-imenuvanite-funkcioneri/ Tue, 01 Nov 2022 07:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=568083

Ковачевски и владата стојат зад Тајни имоти, не ја известувале ДКСК за именувани функционери.Ковачевски не ги санкционираше функционерите кои го криеле својо имот, туку ги амнестира, со повик само да бидат казнети прекршочно од ДКСК. А одговорот зошто Ковачевски го направи тоа го даде ДКСК, а тоа е дека владата воопшто не ги известувала за ново именуваните функционери, иако за тоа постоела законска обврска, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Имот криеле директори на големи државни институции, кои водат важни органи. А дел од именуваните функционери уште пред Ковачевски да им смисли одбрана признаа дека не го ставиле својот имот на увид на јавноста преку ДКСК.

Ковачевски и ДКСК наместо да си ја префрлаат топката, секој нека почне од сопствениот двор. Ковачевски да ги разреши, а ДКСК да отвори постапки за функционерите кои криеја имот. Одговорност мора да има.

The post Ковачевски и Владата стојат зад аферата „тајни имоти“, не ја известувале Антикорупциска за именуваните функционери appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и владата стојат зад Тајни имоти, не ја известувале ДКСК за именувани функционери.Ковачевски не ги санкционираше функционерите кои го криеле својо имот, туку ги амнестира, со повик само да бидат казнети прекршочно од ДКСК. А одговорот зошто Ковачевски го направи тоа го даде ДКСК, а тоа е дека владата воопшто не ги известувала за ново именуваните функционери, иако за тоа постоела законска обврска, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Имот криеле директори на големи државни институции, кои водат важни органи. А дел од именуваните функционери уште пред Ковачевски да им смисли одбрана признаа дека не го ставиле својот имот на увид на јавноста преку ДКСК. Ковачевски и ДКСК наместо да си ја префрлаат топката, секој нека почне од сопствениот двор. Ковачевски да ги разреши, а ДКСК да отвори постапки за функционерите кои криеја имот. Одговорност мора да има.

The post Ковачевски и Владата стојат зад аферата „тајни имоти“, не ја известувале Антикорупциска за именуваните функционери appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Власта стои зад „Тајни имоти“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-vlasta-stoi-zad-tajni-imoti/ Mon, 31 Oct 2022 12:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=567781

Аферата „Тајни имоти“, во која се крие имот вреден над 30 милиони евра е директен производ на дезертерот Ковачевски. Ова го потврди и претседателката на ДКСК, која префрлајќи ја топката кон владата јавно обелодени се, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Имено како што кажа Ивановска, владата не доставувала известување до ДКСК за ново именувани функционери, иако за тоа има обврска.
Владата, а со тоа и Ковачевски се тие кои всушност овозможуваат да биде криен имотот. Но што се се крие? Аферата Тајни имоти опфаќа и поранешни градоначалници на СДС, кои катастрофално изгубија на локалните избори, а како награда од СДС добија нови функции. Александар Наумоски, поранешен градоначалника на општина Ѓорче Петров, сега член на Советот за унапредување и развој на ревизијата во Македонија, крие имот. Наумоски кој беше проследен со бројни афери додека беше на градоначалничкото место го крие својот имот. Што крие Наумоски? Тој на свое име нема евидентирано имот, но поседува луксузно теренско возило БМВ Х5? Имот крие и Дритан Беџети, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. ПИОМ е една од најголемите институции во државата и располага со огромни средства, а директорот на истата не ги почитува законите, ниту во делот на пријавување на својот имот. По стапките на Наумоски и Беџети оди и Фикри Алити, директор на Државниот инспекторат за ловство, кој исто така не го доставил својот имот на увид на јавноста. Овие функционери именувани од владата извршуваат одговорни функции, и располагаат со средства и менаџираат институции кои се од витално значење за функционирањето на државата. Но тие наместо за пример како треба да се работи, служат за пример, како не треба да се работи. И наместо да бидат разрешени од позициите на кои се именувани, овие директори се заштитени од Ковачевски, кој ја префрла топката со ДКСК, истакна Петрушевски.

Аферата Тајни имот, во целост го покажува трулиот систем и како не треба да се функционира. За овие и за сите други незаконитости одговорност ќе има, додаде тој.

https://youtu.be/UA43rYWkXng

The post Петрушевски: Власта стои зад „Тајни имоти“ appeared first on Република.

]]>

Аферата „Тајни имоти“, во која се крие имот вреден над 30 милиони евра е директен производ на дезертерот Ковачевски. Ова го потврди и претседателката на ДКСК, која префрлајќи ја топката кон владата јавно обелодени се, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
-Имено како што кажа Ивановска, владата не доставувала известување до ДКСК за ново именувани функционери, иако за тоа има обврска. Владата, а со тоа и Ковачевски се тие кои всушност овозможуваат да биде криен имотот. Но што се се крие? Аферата Тајни имоти опфаќа и поранешни градоначалници на СДС, кои катастрофално изгубија на локалните избори, а како награда од СДС добија нови функции. Александар Наумоски, поранешен градоначалника на општина Ѓорче Петров, сега член на Советот за унапредување и развој на ревизијата во Македонија, крие имот. Наумоски кој беше проследен со бројни афери додека беше на градоначалничкото место го крие својот имот. Што крие Наумоски? Тој на свое име нема евидентирано имот, но поседува луксузно теренско возило БМВ Х5? Имот крие и Дритан Беџети, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. ПИОМ е една од најголемите институции во државата и располага со огромни средства, а директорот на истата не ги почитува законите, ниту во делот на пријавување на својот имот. По стапките на Наумоски и Беџети оди и Фикри Алити, директор на Државниот инспекторат за ловство, кој исто така не го доставил својот имот на увид на јавноста. Овие функционери именувани од владата извршуваат одговорни функции, и располагаат со средства и менаџираат институции кои се од витално значење за функционирањето на државата. Но тие наместо за пример како треба да се работи, служат за пример, како не треба да се работи. И наместо да бидат разрешени од позициите на кои се именувани, овие директори се заштитени од Ковачевски, кој ја префрла топката со ДКСК, истакна Петрушевски.
Аферата Тајни имот, во целост го покажува трулиот систем и како не треба да се функционира. За овие и за сите други незаконитости одговорност ќе има, додаде тој. https://youtu.be/UA43rYWkXng

The post Петрушевски: Власта стои зад „Тајни имоти“ appeared first on Република.

]]>
Аферата „Тајни имоти“ води директно до блиски луѓе на Оливер Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aferata-tajni-imoti-vodi-direktno-do-bliski-lugje-na-oliver-spasovski/ Sat, 29 Oct 2022 07:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=567050

Добрин Петрушевски, член на УО ДСУ „Киро Бурназ“, човек кој важи за близок до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, чиј син беше и советник во кабинетот во МВР, го крие својот имот, односно не го пријавил на увид на јавноста, вели ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски е познат по тоа што преку својата фирма која со години не пријавила никакви приходи изгради бензинска пумпа во Куманово, под името „Пин Петрол“, а доби лиценца од Спасовски и за технички преглед. Што крие Петрушевски и зошто не го пријавил својот имот? Имот крие и членот на НО на М НАВ, Димитар Џеков, тој не го пријавил на увид на јавноста. Дел од функционерите имаат огромни имоти, и е сомнително зошто доколку истите се легално стекнати не се пријавени. Токму затоа ја повикуваме УЈП преку посебна постапка да утврди дали функционерите кои го кријат својот имот истите го стекнале со средства за кои е платен данок, доколку не очекуваме постапки од институцијата. ДКСК да не ги крие и да отпочне постапки за сите функционери кои кријат имот, а дезертерот Ковачевски да ги разреши од функциите, во спротивно се потврдува дека се работи за институционално криење, се вели во соопштението.

The post Аферата „Тајни имоти“ води директно до блиски луѓе на Оливер Спасовски appeared first on Република.

Добрин Петрушевски, Димитар Џеков, Маја Ковачева и Ќамиле Асани – денешните актери во аферата „Тајни имоти“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dobrin-petrushevski-dimitar-dzekov-maja-kovacheva-i-kjamile-asani-deneshnite-akteri-vo-aferata-tajni-imoti/ Fri, 28 Oct 2022 10:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=566774

Аферата „Тајни имоти“ денеска открива нови имиња. Бране Петрушевски на прес-конференција најави дека станува збор за луѓе кои се исклучително блиски и со министри во владата.

Добрин Петрушевски член во УО на ДСУ Киро Бурназ од Куманово. Петрушевски не доставил анкетен лист. A Добрин Петрушевски ѝ е познат на македонската јавност, по тоа што тој е сопственик на бензинската пумпа Пин Петрол на површина од 8.000м2 во Куманово, а ја гради со фирма која од основањето до градењето на бензинската станица не пријавила никакви приходи, ова беа информациите објавени во медиумите, а кои не беа демантирани, изјави Петрушевски.

Тој посочи дека Фирмите на Петрушевски поседуваат и станица за технички преглед, за која добил пак лиценца од министерот за внатрешни работи Спасовски, каде неговиот син бил советник за комуникации. Спасовски, пак, присуствувал на отворањето на бензинската.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ прашува дали овој огромен имот е стекнат и со судир на интереси и злоупотреба на влијание, поради тоа што таткото добива лиценца од институцијата во која што е вработен синот? Дали Добрин Петрушевски не поднел анкетен лист затоа што крие дел од овој имот и дали можеби има и друг имот кој не сака да биде виден од јавноста.

Не е регистриран на страницата на ДКСК и Димитар Џеков, член на Надзорниот одбор на М НАВ, кој покрај голем имот во Скопје е основач и на приватната фирма Друштво за управување со приватни фондови АЛСАР ФИНАНСИСКИ ИНОВАЦИИ ДОО Скопје, и вози теренско возило Тојота РАВ4. Што крие Џеков, и зошто не поднел анкетен лист, запраша пратеникот.

Петрушевски додаде дека имот крие и Маја Ковачева, член на УО на ФЗОМ, која исто така не поднела анкетен лист, ниту Ќамиле Асани член на Управен одбор на Болницата во Кичево.

И во услови кога имаме систематско криење на имот, наместо санкции од институциите, имаме амнестија од ДКСК, кои наместо пријави до сите, се обидуваат да ги оправдаат дека не ги внеле во систем зошто внесуваат рачно, а во исто време излегуваат функционерите и признаваат дека не поднеле анкетни листови, како што беше примерот со адвокатот Јевтиќ и Алберт Муслиу.

Од друга страна Ковачевски наместо да ги разреши повикува само на нивна прекршочна одговорност. Со односот на ДКСК и Ковачевски кон функционерите кои не ги почитувале законите и криеле имот, се покажува само дека и тие се соучесници во целиот процес. Поради целиот однос на институциите кон случајот основано се сомневаме дека се крие имот и ја повикуваме УЈП, да постапи според Законот за личен доход и да утврди дали за имотот кој го поседуваат функционерите кои кријат имот платиле данок. Според чл.76 од Законот за личен доход кога лице поседува имот или располага со средства поголеми од оданочените, кои потекнуваат од доход на кои не е утврден данок или не е доволно утврден и чие потекло не може да се докаже, органот за јавни приходи донесува решение за утврдување на данокот на тој доход. Во тој случај според чл.77 основа за пресметување на данокот претставува разликата меѓу вредноста на имотот и докажаната висина на средствата за негово стекнување. А даночната стапка според чл.78 е 70%. Законите мора да важат за сите. И за крај повторно прашуваме, дали Ковачевски и самиот крие имот, и затоа ги штити функционерите кои истото го правеле, а за кое имаме и признанија, додаде тој.

The post Добрин Петрушевски, Димитар Џеков, Маја Ковачева и Ќамиле Асани – денешните актери во аферата „Тајни имоти“ appeared first on Република.

]]>

Аферата „Тајни имоти“ денеска открива нови имиња. Бране Петрушевски на прес-конференција најави дека станува збор за луѓе кои се исклучително блиски и со министри во владата.
Добрин Петрушевски член во УО на ДСУ Киро Бурназ од Куманово. Петрушевски не доставил анкетен лист. A Добрин Петрушевски ѝ е познат на македонската јавност, по тоа што тој е сопственик на бензинската пумпа Пин Петрол на површина од 8.000м2 во Куманово, а ја гради со фирма која од основањето до градењето на бензинската станица не пријавила никакви приходи, ова беа информациите објавени во медиумите, а кои не беа демантирани, изјави Петрушевски.
Тој посочи дека Фирмите на Петрушевски поседуваат и станица за технички преглед, за која добил пак лиценца од министерот за внатрешни работи Спасовски, каде неговиот син бил советник за комуникации. Спасовски, пак, присуствувал на отворањето на бензинската. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ прашува дали овој огромен имот е стекнат и со судир на интереси и злоупотреба на влијание, поради тоа што таткото добива лиценца од институцијата во која што е вработен синот? Дали Добрин Петрушевски не поднел анкетен лист затоа што крие дел од овој имот и дали можеби има и друг имот кој не сака да биде виден од јавноста.
Не е регистриран на страницата на ДКСК и Димитар Џеков, член на Надзорниот одбор на М НАВ, кој покрај голем имот во Скопје е основач и на приватната фирма Друштво за управување со приватни фондови АЛСАР ФИНАНСИСКИ ИНОВАЦИИ ДОО Скопје, и вози теренско возило Тојота РАВ4. Што крие Џеков, и зошто не поднел анкетен лист, запраша пратеникот.
Петрушевски додаде дека имот крие и Маја Ковачева, член на УО на ФЗОМ, која исто така не поднела анкетен лист, ниту Ќамиле Асани член на Управен одбор на Болницата во Кичево.
И во услови кога имаме систематско криење на имот, наместо санкции од институциите, имаме амнестија од ДКСК, кои наместо пријави до сите, се обидуваат да ги оправдаат дека не ги внеле во систем зошто внесуваат рачно, а во исто време излегуваат функционерите и признаваат дека не поднеле анкетни листови, како што беше примерот со адвокатот Јевтиќ и Алберт Муслиу. Од друга страна Ковачевски наместо да ги разреши повикува само на нивна прекршочна одговорност. Со односот на ДКСК и Ковачевски кон функционерите кои не ги почитувале законите и криеле имот, се покажува само дека и тие се соучесници во целиот процес. Поради целиот однос на институциите кон случајот основано се сомневаме дека се крие имот и ја повикуваме УЈП, да постапи според Законот за личен доход и да утврди дали за имотот кој го поседуваат функционерите кои кријат имот платиле данок. Според чл.76 од Законот за личен доход кога лице поседува имот или располага со средства поголеми од оданочените, кои потекнуваат од доход на кои не е утврден данок или не е доволно утврден и чие потекло не може да се докаже, органот за јавни приходи донесува решение за утврдување на данокот на тој доход. Во тој случај според чл.77 основа за пресметување на данокот претставува разликата меѓу вредноста на имотот и докажаната висина на средствата за негово стекнување. А даночната стапка според чл.78 е 70%. Законите мора да важат за сите. И за крај повторно прашуваме, дали Ковачевски и самиот крие имот, и затоа ги штити функционерите кои истото го правеле, а за кое имаме и признанија, додаде тој.

The post Добрин Петрушевски, Димитар Џеков, Маја Ковачева и Ќамиле Асани – денешните актери во аферата „Тајни имоти“ appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Целта со аферата „Тајни имоти“ е да го растресеме овој гнил систем кој со години не успева да се исчисти од криминалот и корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-celta-so-aferata-tajni-imoti-e-da-go-rastreseme-ovoj-trul-sistem-koj-so-godini-ne-uspeva-da-se-ochisti-od-kriminalot-i-korupcijata/ Thu, 27 Oct 2022 19:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=566555

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во неговото гостување во емисијата „Клан Дебата“ која се емитува на ТВ Клан Македонија зборуваше за аферата „Тајни имоти“, чија цел, како што истакна тој е да се растресе трулиот систем кој што 32 години не успева да се очисти од корупцијата и криминалот.

„Суштината на оваа дебата е да го растресеме овој гнил систем кој што 32 години не успева да се исчисти од корупцијата и криминалот кој што го имаме во Република Македонија. Не може, еве барем за мене лично и за луѓето од партијата со кои што сме во раководството и соработувавме во делот на оваа афера или овој скандал да дозволиме дека непријавување на имот од 30 милиони евра на преку 123 функционери, е нешто кое што е небитно и нешто кое што не треба да биде обелоденето и споделено со јавноста. Постигнавме сериозни ефекти веќе во неколку дена“, истакна Петрушевски.

Тој исто така додаде и дека од одговорот на претседателката на ДКСК на неговото прашање во Собранието, може да се заклучи дека има голем проблем во функционирањето на институциите кои не си ги извршуваат обврските за кои се должни согласно закон.

„Денеска се утврди дека имаме сериозен проблем во функционирањето на институциите кои што, иако се должни согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси да секое именување, назначување го достават до Државната комисија за спречување на корупција која пак е должна да води регистар на именувани и избрани лица, истите тоа воопшто не го правеле и тоа е изјава денеска во Собранието на мое прашање го кажа претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Значи владата воопшто не ги известува ДКСК за сите назначувања кои што ги врши“, потенцираше Петрушевски.

The post Петрушевски: Целта со аферата „Тајни имоти“ е да го растресеме овој гнил систем кој со години не успева да се исчисти од криминалот и корупцијата appeared first on Република.

Мицкоски: Функционерите кои што не го пријавиле имотот треба да сносат одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-funkcionerite-koi-shto-ne-go-prijavile-imotot-treba-da-snosat-odgovornost/ Thu, 27 Oct 2022 11:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=566235

„Во периодот што следи повеќе од 120 ако не се лажам владини функционери ќе се појавуваат со скриени имоти, во вредност од околу 30-тина милиони евра. Нешто што е непримерно. И нешто што навистина лош пример за иднина и треба да си преземат одговорност тие кои што направиле законско пречекорување односно не го пријавиле имотот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу аферата „Тајни имоти“ денеска пред започнување на Политички дијалог на ЕПП - партиите од регионот, кој се одржува во хотелот „Double Tree by Hilton“.

Мицкоски додаде дека треба да одговараат пред законот оние функционери на Владата кои што направиле законско пречекорување односно не го пријавиле имотот.

The post Мицкоски: Функционерите кои што не го пријавиле имотот треба да сносат одговорност appeared first on Република.

123 функционери на власта криеле имот, Ковачевски наместо да ги разреши бара изговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/123-funkcioneri-na-vlasta-kriele-imot-kovachevski-namesto-da-gi-razreshi-bara-izgovori/ Thu, 27 Oct 2022 07:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=566119

123 функционери на власта криеле имот, Ковачевски наместо да ги разреши бара изговори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде потенцираат дека 30 милиони евра имоти се скриени.

Функционерите именувани од влада имале законска обврска да го пријавата својот имот во ДКСК, а ДКСК требало да постапат доколку тие не пријавиле. Директори на централни институции, членови на Управни и Надзорни одбори со месеци, а некој од нив и со години не поднеле анкетни листови до ДКСК. Дел од функционерите фатени во аферата „Тајни имоти“, како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не го пријавиле својот имот. Со ова паѓаат во вода обидите на ДКСК и Ковачевски да ги релативизираат случаите.Очигледно е дека се работи за системско прикривање. Случајност може да има кај неколку, но не и кај стотина. Институциите кога се во прашање граѓани, кои не се функционери на власта реагираат веднаш. А, кога се работи за луѓе од власта законите не ги применуваат, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат ДКСК наместо „да си го девалвира и онака разнишаниот кредибилитет“, да поднесе пријави за сите функционери кои не поднеле анкетни листови, а Ковачевски да ги разреши.

The post 123 функционери на власта криеле имот, Ковачевски наместо да ги разреши бара изговори appeared first on Република.

„Тајни имоти“: Ана Марија Павиќ луксузно ауди А5, Цоневски најмалку три стана и фирма, Максимовски стан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tajni-imoti-ana-marija-pavikj-luksuzno-audi-a5-conevski-najmalku-tri-stana-i-firma-maksimovski-stan/ Wed, 26 Oct 2022 11:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=565880

Високи функционери на власта свесно прекривале колкав имот поседуваат и бегаат од одговорност, а институциите пишуваат бледи соопштенија и не преземаат никаква иницијатива. Преку прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжува да ги пткрива имињата на 123-те партиски и владини функционери кои не поднеле анкетен лист или пак не го ажурирале во ДКСК.

Аферата „Тајни имоти“ опфаќа функционери именувани од Владата, а кои имаат голема партиска историја во СДС, односно држат повеќе функции во партијата. Од многу лица опфатени со оваа афера, како што велат од партијата, зависат сложени процеси во државата, но и како се делат државните пари.

Ана Марија Павиќ, која е именувана за член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил и не поднела анкетен лист, а е координатор на Форумот на жени во ОО Бутел и била кандидат за советник од партијата. Таа на сопствено име има луксузна лимузина Ауди А5, а остатокот од имотот е на нејзиното семејство.

Саша Максимовски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР, и со работна позиција раководител на сектор во Владата на Република Македонија, кој не доставил анкетен лист до Антикорупциска комисија, а од она кое што ние го утврдивме на негово лично име има стан во населбата Карпош во Скопје.

Анкетен лист не поднел ниту Теди Цоневски, член на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР. Цоневски не го пријавил својот имот, кој според нашите истражувања се состои најмалку од еден стан во Горно Соње, еден стан во Кисела Вода и еден стан во Центар. Цоневски е и основач на фирмата ИНТРАТЕЛ СОФТ ДООЕЛ Скопје, која ја формирал во месец септември оваа година. А, покрај горе наведеното е и вработен во една голема телекомуникациска компанија.

Голем број на функционери кои имале неколку функции пред да ја извршуваат последната функција не го ажурирале својот анкетен лист и по скоро една година. Таков е случајот со директорот на Инспекторатот за транспорт, Гајур Рушити, Ташко Дојчинов, државен правобранител за подрачјето на Гевгелија, и Васко Стефанов, директор во Пошта, презентира денеска Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

The post „Тајни имоти“: Ана Марија Павиќ луксузно ауди А5, Цоневски најмалку три стана и фирма, Максимовски стан appeared first on Република.

Денеска ќе се објават нови имиња од аферата „Тајни имоти“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-kje-se-objavat-novi-iminja-od-aferata-tajni-imoti/ Wed, 26 Oct 2022 07:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=565711

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека високи функционери на власта свесно прекривале колкав имот поседуваат, органите на прогон да покренат истрага.

Според партијата 123 високи функционери на власта кријат таен имот во вредност од 30 милиони евра.

-Аналитичарот на СДС Алберт Муслиу, најпознатиот адвокат на СДС Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски директор на ЈП Македонски шуми и Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово се само дел од функционерите кои го кријат својот имот, а се директно поврзани со владата на СДС. Муслиу дедо на младиот олигарх Дарко Каевски и верен поддржувач на политиките на СДС, пет години не поднел анкетен лист, и покрај тоа што имал законска обврска истото да го стори со оглед дека е назначен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, се наведува во соопштението на партијата.

Според нивните информации истиот поседувал куќа во Скопје и стан во Центар, а се јавува како основач и сопственик на повеќе правни лица, здруженија и фирма за трговија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-detali-od-aferata-tajni-imoti-skrieni-gradezni-firmi-stanovi-kukji-i-skapi-vozila-albert-musliu-i-advokatot-na-sds-ivica-jevtikj-ne-podnele-anketni-listovi/

-Имено, адвокатот Јевтиќ покрај ангажирањето од страна на функционери на СДС за пишување на тужби за навреди и клевети, е и член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Истиот тој адвокат кој што сигурно треба да знае дека треба да достави анкетен лист до Антикорупциска, го крие, а поседува стан во Скопје, основач е на адвокатското друштво Тошиќ – Јевтиќ, а од 2020 година ја основал и градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Понатаму, директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски не го ажурирал анкетниот лист, а од претходниот имотен лист јасно се гледа дека истиот поседува куќа во Битола, автомобил, а неговиот брачен другар поседува куќа во Ресен. Додека пак Печински кој е вработен во општина Берово е и член на Управен одбор Здравствен Дом Берово и претседател на спортски клуб, крие куќа во Берово и автомобил. Прашањето кое треба да се одговори е дали Валентин Груевски и Печински преку не поднесување на нови имотни листови се стекнале со имот на криминален начин и истиот сака да го прикријат? Власта на СДС преку вакво криминално делување свесно ги уништува системот на државата. Одговорност мора да има, стои во партиското соопштение.

Оттаму велат дека ако Ковачевски не се согласува со криењето имот тогаш да ги разреши.

-Покрај казна за прекршување на законот, бараме институциите да не премолчуваат пред фактите и аргументите и да не се ставаат во одбрана на кршењето на законите во државата, и веднаш да покренат истрага. Органите на прогон служат за да работат согласно законите и Уставот во интерес на граѓаните, а не во интерес на лицата блиски до власта на СДС кои свесно и одговорно прикривале каков и колкав имот поседуваат. Очигледно е дека една од причините е дека се прикривал имотот се со цел граѓаните да немаат јасна претстава колкаво богатство поседуваат високите владини функционери и блиски до луѓе, додека тие едвај преживуваат. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со објавување на аферата „Тајни имоти“ и денеска ќе бидат откриени нови имиња кои што свесно го прекршиле законот и до Државната комисија за спречување на корупција не поднеле точен анкетен лист и покрај фактот што имале обврска истото да го сторат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Денеска ќе се објават нови имиња од аферата „Тајни имоти“ appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека високи функционери на власта свесно прекривале колкав имот поседуваат, органите на прогон да покренат истрага. Според партијата 123 високи функционери на власта кријат таен имот во вредност од 30 милиони евра. -Аналитичарот на СДС Алберт Муслиу, најпознатиот адвокат на СДС Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски директор на ЈП Македонски шуми и Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово се само дел од функционерите кои го кријат својот имот, а се директно поврзани со владата на СДС. Муслиу дедо на младиот олигарх Дарко Каевски и верен поддржувач на политиките на СДС, пет години не поднел анкетен лист, и покрај тоа што имал законска обврска истото да го стори со оглед дека е назначен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, се наведува во соопштението на партијата. Според нивните информации истиот поседувал куќа во Скопје и стан во Центар, а се јавува како основач и сопственик на повеќе правни лица, здруженија и фирма за трговија. https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-detali-od-aferata-tajni-imoti-skrieni-gradezni-firmi-stanovi-kukji-i-skapi-vozila-albert-musliu-i-advokatot-na-sds-ivica-jevtikj-ne-podnele-anketni-listovi/ -Имено, адвокатот Јевтиќ покрај ангажирањето од страна на функционери на СДС за пишување на тужби за навреди и клевети, е и член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Истиот тој адвокат кој што сигурно треба да знае дека треба да достави анкетен лист до Антикорупциска, го крие, а поседува стан во Скопје, основач е на адвокатското друштво Тошиќ – Јевтиќ, а од 2020 година ја основал и градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Понатаму, директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски не го ажурирал анкетниот лист, а од претходниот имотен лист јасно се гледа дека истиот поседува куќа во Битола, автомобил, а неговиот брачен другар поседува куќа во Ресен. Додека пак Печински кој е вработен во општина Берово е и член на Управен одбор Здравствен Дом Берово и претседател на спортски клуб, крие куќа во Берово и автомобил. Прашањето кое треба да се одговори е дали Валентин Груевски и Печински преку не поднесување на нови имотни листови се стекнале со имот на криминален начин и истиот сака да го прикријат? Власта на СДС преку вакво криминално делување свесно ги уништува системот на државата. Одговорност мора да има, стои во партиското соопштение. Оттаму велат дека ако Ковачевски не се согласува со криењето имот тогаш да ги разреши. -Покрај казна за прекршување на законот, бараме институциите да не премолчуваат пред фактите и аргументите и да не се ставаат во одбрана на кршењето на законите во државата, и веднаш да покренат истрага. Органите на прогон служат за да работат согласно законите и Уставот во интерес на граѓаните, а не во интерес на лицата блиски до власта на СДС кои свесно и одговорно прикривале каков и колкав имот поседуваат. Очигледно е дека една од причините е дека се прикривал имотот се со цел граѓаните да немаат јасна претстава колкаво богатство поседуваат високите владини функционери и блиски до луѓе, додека тие едвај преживуваат. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со објавување на аферата „Тајни имоти“ и денеска ќе бидат откриени нови имиња кои што свесно го прекршиле законот и до Државната комисија за спречување на корупција не поднеле точен анкетен лист и покрај фактот што имале обврска истото да го сторат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Денеска ќе се објават нови имиња од аферата „Тајни имоти“ appeared first on Република.

]]>
Јевтиќ: Немам поднесено анкетен лист, од УО земам само илјадарка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jevtikj-nemam-podneseno-anketen-list-od-uo-zemam-samo-iljadarka/ Wed, 26 Oct 2022 06:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=565650

Адвокатот Ивица Јевтиќ потврдува дека нема поднесено анкетен лист иако требало да поднесе.

Во изјава за „Локално“ тој објаснува дека од Прифатниот центар за баратели на азил месечно добивал само илјадарка.

Се работи за Управен одбор каде месечниот надоместок е 1.000,00 денари. Доколку ДКСК смета дека било потребно да се поднесе анкетен лист и треба да сносам санкција, ќе ја прифатам. Законот треба да важи за секого, вели Јевтиќ.

Името на адвокатот Јевтиќ се најде во фокусот на јавноста откако ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува кои функционери од СДСМ и ДУИ прикриваат имот. Според најавите од партијата се работи за 123 функционери и имот во вредност преку 30 милиони евра.

Јевтиќ адвокат на партијата СДСМ, а во времето кога СДСМ раководеше со повеќето општини, до локалните избори бил адвокат и на Општина Кисела Вода. Тој е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Според информациите што ги објави ВМРО-ДПМНЕ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015 година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020 година ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје, а исто така е и член на Македонско-бугарската стопанска комора.

Имот крие и адвокатот Ивица Јевтиќ, тој е најпознатиот адвокат на СДС кој ги поднесува фамозните тужби на функционерите на СДС за навреда и клевета. Бројни такви тужби се поднесени од Ивица Јевтиќ. Па дали со негово именување на функцијата му се наплаќаат овие услуги е тема која треба дополнително да се обработи. Патем, адвокатот Ивица Јевтиќ, еден од лицата кои се опфатени со аферата „Тајни имоти“, бил член на надзорниот одбор на СДС, се јавува во голем број судски случаи каде партијата или нејзини истакнати функционери се странка во постапката. Инаку Јевтиќ е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. И тој не го пријавил својот имот, односно нема поднесено анкетен лист и тоа може да се види на веб страната на ДКСК. Но што крие Јевтиќ? Од анализата која ја направивме може да се види дека Јевтиќ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015 година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020 година во месец ноември ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Јевтиќ покрај тоа што е адвокат на СДС и тој самиот бил партиски функционер, како член на Надзорниот одбор на партијата.

Јевтиќ е и адвокат на голем број на општини додека СДС беа на власт во локалната самоуправа, како што е примерот со општината Кисела Вода. Воедно, воедно Јевтиќ е член и на Македонско-бугарската стопанска комора.

Бројни функции, високо платени позиции, но анкетниот лист е таен, имотот е таен. Што крие Јевтиќ? Која е причината што еден правник, лице кое треба да е заштитник на правдата е лице кое го крши правото? Дали СДС му ја гарантира неказнивоста и дали има и други имоти, изјави Бране Петрушевски на прес-конференција.

The post Јевтиќ: Немам поднесено анкетен лист, од УО земам само илјадарка appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Ивица Јевтиќ потврдува дека нема поднесено анкетен лист иако требало да поднесе. Во изјава за „Локално“ тој објаснува дека од Прифатниот центар за баратели на азил месечно добивал само илјадарка.
Се работи за Управен одбор каде месечниот надоместок е 1.000,00 денари. Доколку ДКСК смета дека било потребно да се поднесе анкетен лист и треба да сносам санкција, ќе ја прифатам. Законот треба да важи за секого, вели Јевтиќ.
Името на адвокатот Јевтиќ се најде во фокусот на јавноста откако ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува кои функционери од СДСМ и ДУИ прикриваат имот. Според најавите од партијата се работи за 123 функционери и имот во вредност преку 30 милиони евра. Јевтиќ адвокат на партијата СДСМ, а во времето кога СДСМ раководеше со повеќето општини, до локалните избори бил адвокат и на Општина Кисела Вода. Тој е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Според информациите што ги објави ВМРО-ДПМНЕ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015 година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020 година ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје, а исто така е и член на Македонско-бугарската стопанска комора.
Имот крие и адвокатот Ивица Јевтиќ, тој е најпознатиот адвокат на СДС кој ги поднесува фамозните тужби на функционерите на СДС за навреда и клевета. Бројни такви тужби се поднесени од Ивица Јевтиќ. Па дали со негово именување на функцијата му се наплаќаат овие услуги е тема која треба дополнително да се обработи. Патем, адвокатот Ивица Јевтиќ, еден од лицата кои се опфатени со аферата „Тајни имоти“, бил член на надзорниот одбор на СДС, се јавува во голем број судски случаи каде партијата или нејзини истакнати функционери се странка во постапката. Инаку Јевтиќ е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. И тој не го пријавил својот имот, односно нема поднесено анкетен лист и тоа може да се види на веб страната на ДКСК. Но што крие Јевтиќ? Од анализата која ја направивме може да се види дека Јевтиќ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015 година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020 година во месец ноември ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Јевтиќ покрај тоа што е адвокат на СДС и тој самиот бил партиски функционер, како член на Надзорниот одбор на партијата. Јевтиќ е и адвокат на голем број на општини додека СДС беа на власт во локалната самоуправа, како што е примерот со општината Кисела Вода. Воедно, воедно Јевтиќ е член и на Македонско-бугарската стопанска комора. Бројни функции, високо платени позиции, но анкетниот лист е таен, имотот е таен. Што крие Јевтиќ? Која е причината што еден правник, лице кое треба да е заштитник на правдата е лице кое го крши правото? Дали СДС му ја гарантира неказнивоста и дали има и други имоти, изјави Бране Петрушевски на прес-конференција.

The post Јевтиќ: Немам поднесено анкетен лист, од УО земам само илјадарка appeared first on Република.

]]>
Дали Ковачевски ќе ги разреши неговите функционери кои не го пријавиле имотот, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-kovachevski-kje-gi-razreshi-negovite-funkcioneri-koi-ne-go-prijavile-imotot-prashuvaat-od-vmro-dpmne/ Tue, 25 Oct 2022 16:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=565577

Ковачевски да каже зошто до сега неговите функционери не го пријавиле имотот и дали ќе ги разреши, или и тој има таен имот па молчи? прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Функционерите именувани од владата, дел од аферата Тајни имоти, со месеци, а дел и со години не го пријавиле својот имот во ДКСК, односно не поднеле анкетни листови. И со тоа директно го прекршиле законот, а од институциите никој не ги санкционира. Наместо да побара одговорност Ковачевски и неговите апологети ја пренасочуваат топката кон ДКСК, а од таму пак повикуваат да им се достават имињата. Што прави ДКСК и зошто постои, ако некој друг треба да им каже дека 123 функционери не им доставиле анкетни листови, па сега брзаат да антидатираат и да влегуваат во незаконити дејствија. Од друга страна што прави Ковачевски и зошто не ги разреши? Или ќе молчи, зошто и во партијата негова молчеа за Броило, во кое тој беше фатен во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра?, велат од партијата.

The post Дали Ковачевски ќе ги разреши неговите функционери кои не го пријавиле имотот, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Муслиу, Јевтиќ, Груевски и Печински дел од 123 функционери од СДСМ кои го кријат својот имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/musliu-jevtikj-gruevski-i-pechinski-del-od-123-funkcioneri-od-sdsm-koi-go-krijat-svojot-imot/ Tue, 25 Oct 2022 14:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=565517

Функционери на СДСM кријат имот, а за тоа постојат и докази, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека тие со месеци и години не го пријавиле својот имот во ДКСК.

Алберт Муслиу, Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски и Новица Печински, сите кадар на СДС немаат поднесено анкетни листови за функциите кои ги извршуваат. Овие 4 функционери се дел од 123 функционери на власта кои кријат имот вреден 30 милиони евра. Муслиу, Јевтиќ и Печински воопшто не доставиле анкетни листови, а дел се на функции и по 5 години. ДКСК и институциите молчат. Груевски, нема ажурирано анкетен лист, иако на позицијата директор на ЈП Македонски шуми е повеќе од 6 месеци. Ова не се системски пропусти, ова е системско криење, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ доставија и фото докази од страницата на ДКСК, од која, како што велат, се гледа како се кријат имоти.

The post Муслиу, Јевтиќ, Груевски и Печински дел од 123 функционери од СДСМ кои го кријат својот имот appeared first on Република.

По отворањето на аферата „Тајни имоти“ „случајно“ паднаа системот и сајтот на Катастарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-otvoranjeto-na-aferata-tajni-imoti-sluchajno-padnaa-sistemot-i-sajtot-na-katastarot/ Tue, 25 Oct 2022 11:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=565383

Корисниците на Катастарот на недвижности од петокот не можат да ги користат неговите услуги. Вработените немаат пристап до системот и не можат да се најават на своите кориснички профили.

Не можат да пристапат до апликациите ниту соработниците на Катастар кои работат на одржување на апликациите, потврдуваат за Република.

Од петокот не работи ниту сајтот на оваа институција. Недостапни се и телефоните што можат да се најдат на интернет.

Случајно или не, овој куршлус на Катастар се случува од петокот, откако ВМРО-ДПМНЕ ја најави аферата „Тајни имоти“. Аферата беше најавена рано утрото на 21 октомври.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-najavuva-nova-afera-tajnite-imoti-na-funkcioneri-od-sdsm-pred-ochite-na-javnosta-v-ponedelnik/

На прес-конференција која беше најавена пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека 123 функционери на СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра. Дел од имотите се на име на функционерите, заведени во Катастар, но не и евидентирани во анкетните листови.

Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција. Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити, изјави вчера Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

The post По отворањето на аферата „Тајни имоти“ „случајно“ паднаа системот и сајтот на Катастарот appeared first on Република.

]]>

Корисниците на Катастарот на недвижности од петокот не можат да ги користат неговите услуги. Вработените немаат пристап до системот и не можат да се најават на своите кориснички профили. Не можат да пристапат до апликациите ниту соработниците на Катастар кои работат на одржување на апликациите, потврдуваат за Република. Од петокот не работи ниту сајтот на оваа институција. Недостапни се и телефоните што можат да се најдат на интернет. Случајно или не, овој куршлус на Катастар се случува од петокот, откако ВМРО-ДПМНЕ ја најави аферата „Тајни имоти“. Аферата беше најавена рано утрото на 21 октомври. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-najavuva-nova-afera-tajnite-imoti-na-funkcioneri-od-sdsm-pred-ochite-na-javnosta-v-ponedelnik/ На прес-конференција која беше најавена пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека 123 функционери на СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра. Дел од имотите се на име на функционерите, заведени во Катастар, но не и евидентирани во анкетните листови.
Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција. Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити, изјави вчера Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

The post По отворањето на аферата „Тајни имоти“ „случајно“ паднаа системот и сајтот на Катастарот appeared first on Република.

]]>
Нови детали од аферата „Тајни имоти“: Скриени градежни фирми, станови, куќи и скапи возила, Алберт Муслиу и адвокатот на СДС Ивица Јевтиќ не поднеле анкетни листови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-detali-od-aferata-tajni-imoti-skrieni-gradezni-firmi-stanovi-kukji-i-skapi-vozila-albert-musliu-i-advokatot-na-sds-ivica-jevtikj-ne-podnele-anketni-listovi/ Tue, 25 Oct 2022 10:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=565366

Функционерите кои кријат имот преку бледи соопштенија се обидоа да ја извртат вистината, но заборавија дека со секој напад само потврдуваат дека СДС крие имот. Аферата „Тајни имоти“ откри дека СДС и Димитар Ковачевски именувајќи ги овие лица на државни позиции, кријат имот вреден 30 милиони евра, изјави Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференција, тој ги обелодени податоците  документите што ги поседува ВМРО-ДПМНЕ и на јавноста ги претстави лицата кои се дел од функционерите вклучени во аферата „Тајни имоти“. Како што истакна Петрушевски, се работи за луѓе кои имаат директни релации со врвот на власта, ова се луѓе кои Ковачевски на седница на Влада им ја дава довербата и ги именува на државни позиции.

Ќе почнеме со Алберт Муслиу, кој како експерт и аналитичар редовно ги брани ставовите на СДС криејќи се под превезот независен. Но колку навистина е независен? Алберт Муслиу на 19 декември 2017 година е именуван за претставник определен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Муслиу пет години нема поднесено анкетен лист до Антикорупциската комисија. Што крие Муслиу? Според нашите истражувања Муслиу на сопствено име поседува куќа во Скопје од 118 м2 и стан во Центар од 81 м2.

Муслиу се јавува и како основач и сопственик на повеќе правни лица и Здруженија на граѓани. Имено тој е основач на Здружението Институт за мир и безбедност и истражување на политики КОНИЦА Скопје, како и на фирмата за трговија МАКРО МЕД.

Имот крие и адвокатот Ивица Јевтиќ, тој е најпознатиот адвокат на СДС кој ги поднесува фамозните тужби на функционерите на СДС за навреда и клевета. Бројни такви тужби се поднесени од Ивица Јевтиќ. Па дали со негово именување на функцијата му се наплаќаат овие услуги е тема која треба дополнително да се обработи. Патем, адвокатот Ивица Јевтиќ, еден од лицата кои се опфатени со аферата „Тајни имоти“, бил член на надзорниот одбор на СДС, се јавува во голем број судски случаи каде партијата или нејзини истакнати функционери се странка во постапката. Инаку Јевтиќ е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. И тој не го пријавил својот имот, односно нема поднесено анкетен лист и тоа може да се види на веб страната на ДКСК. Но што крие Јевтиќ? Од анализата која ја направивме може да се види дека Јевтиќ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015-та година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020-та година во месец ноември ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Јевтиќ покрај тоа што е адвокат на СДС и тој самиот бил партиски функционер, како член на Надзорниот одбор на партијата.

Јевтиќ е и адвокат на голем број на општини додека СДС беа на власт во локалната самоуправа, како што е примерот со општината Кисела Вода. Воедно, воедно Јевтиќ е член и на Македонско Бугарската Стопанска комора.

Бројни функции, високо платени позиции, но анкетниот лист е таен, имотот е таен. Што крие Јевтиќ? Која е причината што еден правник, лице кое треба да е заштитник на правдата е лице кое го крши правото? Дали СДС му ја гарантира неказнивоста и дали има и други имоти? - изјави Петрушевски.

Тој продолжи дека имот крие и директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски.

Имено, од претходниот анкетен лист на Валентин може да се види дека поседува куќа во Битола и автомобил Фоксваген Голф, а неговиот брачен другар поседува куќа во Ресен. Дали има промени, и зошто не го пријавил иако веќе бил функционер и знае дека тоа му е обврска?

Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово исто така е на листата функционери кои кријат имот. Печински кој е вработен и во Општина Берово е и претседател на спортски клуб. А, според истражувањето кое го направивме дојдовме до сознание дека крие голема куќа во Берово и автомобил Фолксваген, кои се на негово име - додаде Петрушевски.

Тој истакна дека ова се само дел од функционерите кои кријат имот, а се директно поврзани со врвот на власта.

Очекувано ДКСК да ја брани злоупотребата на законот од СДС затоа што тоа е веќе видена пракса, ДКСК работи по диктат на СДС. Ја повикуваме ДКСК и останатите институции да почнат да си ја вршат работата, а истовремено ги повикуваме Јевтиќ и Груевски да си поднесат оставки на позициите кои ги држат и да платат казна која им следува по закон, а за тоа постапка да покрене ДКСК.

Институциите да го испитаат нивниот имот, но и дали имаат и друг имот кој е на нивни блиски роднини, а може да се доведе во корелација со нив. Ние продолжуваме со објавување на детали. Одговорност мора да има - порачува Петрушевски.

https://www.youtube.com/watch?v=l61Z1tcY4gA&feature=emb_title

The post Нови детали од аферата „Тајни имоти“: Скриени градежни фирми, станови, куќи и скапи возила, Алберт Муслиу и адвокатот на СДС Ивица Јевтиќ не поднеле анкетни листови appeared first on Република.

]]>

Функционерите кои кријат имот преку бледи соопштенија се обидоа да ја извртат вистината, но заборавија дека со секој напад само потврдуваат дека СДС крие имот. Аферата „Тајни имоти“ откри дека СДС и Димитар Ковачевски именувајќи ги овие лица на државни позиции, кријат имот вреден 30 милиони евра, изјави Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
На прес-конференција, тој ги обелодени податоците  документите што ги поседува ВМРО-ДПМНЕ и на јавноста ги претстави лицата кои се дел од функционерите вклучени во аферата „Тајни имоти“. Како што истакна Петрушевски, се работи за луѓе кои имаат директни релации со врвот на власта, ова се луѓе кои Ковачевски на седница на Влада им ја дава довербата и ги именува на државни позиции.
Ќе почнеме со Алберт Муслиу, кој како експерт и аналитичар редовно ги брани ставовите на СДС криејќи се под превезот независен. Но колку навистина е независен? Алберт Муслиу на 19 декември 2017 година е именуван за претставник определен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.   Муслиу пет години нема поднесено анкетен лист до Антикорупциската комисија. Што крие Муслиу? Според нашите истражувања Муслиу на сопствено име поседува куќа во Скопје од 118 м2 и стан во Центар од 81 м2.   Муслиу се јавува и како основач и сопственик на повеќе правни лица и Здруженија на граѓани. Имено тој е основач на Здружението Институт за мир и безбедност и истражување на политики КОНИЦА Скопје, како и на фирмата за трговија МАКРО МЕД.   Имот крие и адвокатот Ивица Јевтиќ, тој е најпознатиот адвокат на СДС кој ги поднесува фамозните тужби на функционерите на СДС за навреда и клевета. Бројни такви тужби се поднесени од Ивица Јевтиќ. Па дали со негово именување на функцијата му се наплаќаат овие услуги е тема која треба дополнително да се обработи. Патем, адвокатот Ивица Јевтиќ, еден од лицата кои се опфатени со аферата „Тајни имоти“, бил член на надзорниот одбор на СДС, се јавува во голем број судски случаи каде партијата или нејзини истакнати функционери се странка во постапката. Инаку Јевтиќ е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. И тој не го пријавил својот имот, односно нема поднесено анкетен лист и тоа може да се види на веб страната на ДКСК. Но што крие Јевтиќ? Од анализата која ја направивме може да се види дека Јевтиќ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015-та година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020-та година во месец ноември ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Јевтиќ покрај тоа што е адвокат на СДС и тој самиот бил партиски функционер, како член на Надзорниот одбор на партијата.   Јевтиќ е и адвокат на голем број на општини додека СДС беа на власт во локалната самоуправа, како што е примерот со општината Кисела Вода. Воедно, воедно Јевтиќ е член и на Македонско Бугарската Стопанска комора.   Бројни функции, високо платени позиции, но анкетниот лист е таен, имотот е таен. Што крие Јевтиќ? Која е причината што еден правник, лице кое треба да е заштитник на правдата е лице кое го крши правото? Дали СДС му ја гарантира неказнивоста и дали има и други имоти? - изјави Петрушевски.
Тој продолжи дека имот крие и директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски.
Имено, од претходниот анкетен лист на Валентин може да се види дека поседува куќа во Битола и автомобил Фоксваген Голф, а неговиот брачен другар поседува куќа во Ресен. Дали има промени, и зошто не го пријавил иако веќе бил функционер и знае дека тоа му е обврска?   Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово исто така е на листата функционери кои кријат имот. Печински кој е вработен и во Општина Берово е и претседател на спортски клуб. А, според истражувањето кое го направивме дојдовме до сознание дека крие голема куќа во Берово и автомобил Фолксваген, кои се на негово име - додаде Петрушевски.
Тој истакна дека ова се само дел од функционерите кои кријат имот, а се директно поврзани со врвот на власта.
Очекувано ДКСК да ја брани злоупотребата на законот од СДС затоа што тоа е веќе видена пракса, ДКСК работи по диктат на СДС. Ја повикуваме ДКСК и останатите институции да почнат да си ја вршат работата, а истовремено ги повикуваме Јевтиќ и Груевски да си поднесат оставки на позициите кои ги држат и да платат казна која им следува по закон, а за тоа постапка да покрене ДКСК.   Институциите да го испитаат нивниот имот, но и дали имаат и друг имот кој е на нивни блиски роднини, а може да се доведе во корелација со нив. Ние продолжуваме со објавување на детали. Одговорност мора да има - порачува Петрушевски.
https://www.youtube.com/watch?v=l61Z1tcY4gA&feature=emb_title

The post Нови детали од аферата „Тајни имоти“: Скриени градежни фирми, станови, куќи и скапи возила, Алберт Муслиу и адвокатот на СДС Ивица Јевтиќ не поднеле анкетни листови appeared first on Република.

]]>
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ сè што има да достави до ДКСК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-vmro-dpmne-se-shto-ima-da-dostavi-do-dksk/ Tue, 25 Oct 2022 07:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=565237

Од владејачката СДСМ порачуваат најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ сите документи што го има за тајни имоти да ги постави до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Синоним за криминал, корупција и незаконски имот стекнат со пари украдени од граѓаните е Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Судската пресуда Талир 2 докажа дека Белиот дворец е стекнат со злоупотреба на милионски суми, врз грбот на граѓаните. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.

Се докажа дека ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.

Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека погледне во своите редови и својот дворец.

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот треба да ги достават до надлежната институција - ДКСК, за понатамошно постапување се вели во соопштението на СДСМ.

The post СДСМ: ВМРО ДПМНЕ сè што има да достави до ДКСК appeared first on Република.

]]>

Од владејачката СДСМ порачуваат најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ сите документи што го има за тајни имоти да ги постави до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).
Синоним за криминал, корупција и незаконски имот стекнат со пари украдени од граѓаните е Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Судската пресуда Талир 2 докажа дека Белиот дворец е стекнат со злоупотреба на милионски суми, врз грбот на граѓаните. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Се докажа дека ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека погледне во своите редови и својот дворец. Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот треба да ги достават до надлежната институција - ДКСК, за понатамошно постапување се вели во соопштението на СДСМ.

The post СДСМ: ВМРО ДПМНЕ сè што има да достави до ДКСК appeared first on Република.

]]>