афера софтвер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afera-softver/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jul 2023 06:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png афера софтвер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/afera-softver/ 32 32 Грчките медиуми го демантираат Ковачевски дека во Македонија не се користи шпионскиот софтвер „Предатор“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grchkite-mediumi-go-demantiraat-kovachevski-deka-vo-makedonija-ne-se-koristi-shpionskiot-softver-predator/ Wed, 19 Jul 2023 06:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=662912

„Грчки медиуми тврдат дека македонската ОТА незаконски го поседува и користи контроверзниот софтвер за следење на интернет активности Предатор. Овој софтвер, кој има капацитет да ги следи сите интернет активности на сите граѓани во Македонија, е веќе подолго време во фокусот на јавноста во регионот и пошироко, па дури и НАТО го смета за проблематичен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Избија и скандали со прислушување на опозициски политичари токму со овој софтвер, па логично се поставува прашањето дали истиот софтвер бил користен од ОТА, Владата или било кој друг да следи граѓани. Да биде скандалот поголем на пратенички прашања Димитар Ковачевски одговорил дека шпионскиот софтвер Предатор не е користен во Македонија. Од друга страна грчките медиуми кажуваат нешто друго, а Владата, МВР и ОТА упорно молчат и ја прикриваат темата“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

„Тоа може да значи дека Ковачевски излажал и дека може контроверзниот софтвер се злоупотребува за прислушкување и следење на граѓаните во Македонија. ОЈО молчи како мачка да им го прегризала јазикот“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова се сериозни индиции кои треба да се проверат и истражат, бидејќи се работи за потенцијално кршење на човекови права на граѓаните.

– Имајќи ја предвид можноста на овој софтвер буквално сите граѓани ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека за оваа афера мора да има одговори, бидејќи, како што соопштуваат, по промената на власта сето тоа ќе се провери и открие, а во случај да имало злоупотреби тогаш ќе има одговорност и за тие кои злоупотребувале, но и за тие кои тоа го прикривале и штителе.

The post Грчките медиуми го демантираат Ковачевски дека во Македонија не се користи шпионскиот софтвер „Предатор“ appeared first on Република.

]]>

Спасовски не знаел за софтверот на Рашковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ne-znael-za-softverot-na-rashkovski/ Tue, 01 Nov 2022 10:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=568240

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сведочењето на денешното рочиште за случајот против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер за МВР, изјави дека додека бил технички премиер во 2020 година, не бил запознаен со набавката на софтверот за биометриска идентификација и системот за определување на просечна брзина на движење на возилата.

Спасовски, во своето сведочење во Основниот кривичен суд Скопје, рече дека во периодот јуни 2019 – јули 2020 година, како министер и технички премиер, мисли дека на Влада не било разговарано за набавката на ваков софтвер.

– Мислам дека не е дискутирано, зошто набавките ги прави генералниот секретар и доколку  било предвидено во Генералниот план го прават сами, изјави Спасовски.

Прашан дали во рамки на МВР била формирана група за набавка на софтвер за определување просечна брзина, Спасовски рече дека од тогашниот премиер Зоран Заев добил мандатно писмо за утврдување модели и правење анализи за надградба на системот „Сејф сити“ и во делот на безбедноста на сообраќајот.

– Не знам дали е тоа релевантно за случајот. Таква анализа е правена за потребите на МВР, а не за Владата. Како што кажав една од опциите тогаш беше да се набави нов софтвер, а друга да се надгради постоечкиот „Сејф сити“ систем, рече Спасовкси.

За тоа кој го прави обезбедувањето на Владата, Спасовски рече дека има два типа надворешно и внатрешно обезбедување, кои ги врши одделот за обезбедување на лица и објекти при МВР.

На прашање од обвинетиот Рашковски, дали согласно законските обврски Генералниот секретаријат има доставувано точки на Седница на Влада, Спасовски одговори потврдно.

– Една од задачите на Генералниот секретар е да прибира материјали за седници, да прибира материјали од надлежни органи, да прави анализи и да предлага дневен ред, изјави Спасовски.

На прашањето од Рашковски, дали како Влада давале грантови на компании кои придонесувале или требало да придонесуваат во работата на одделни министерства, Спасовски рече дека ако согласно програмата за работа на Владата, е предвидено и такво доделување на средства, тогаш тоа се прави.

Прашан од Рашковски дали била направена грешка со тоа што е известен директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) дека ќе го тестираат софтверот, Спасовски рече дека тоа писмо било обврска да се прати.

– Не знам дали сте направиле грешка или не. Сте имале обврска да информирате се што работите на улица, во насока на ваша и општа безбедност, изјави Спасовски

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска

The post Спасовски не знаел за софтверот на Рашковски appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сведочењето на денешното рочиште за случајот против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер за МВР, изјави дека додека бил технички премиер во 2020 година, не бил запознаен со набавката на софтверот за биометриска идентификација и системот за определување на просечна брзина на движење на возилата. Спасовски, во своето сведочење во Основниот кривичен суд Скопје, рече дека во периодот јуни 2019 – јули 2020 година, како министер и технички премиер, мисли дека на Влада не било разговарано за набавката на ваков софтвер. – Мислам дека не е дискутирано, зошто набавките ги прави генералниот секретар и доколку  било предвидено во Генералниот план го прават сами, изјави Спасовски. Прашан дали во рамки на МВР била формирана група за набавка на софтвер за определување просечна брзина, Спасовски рече дека од тогашниот премиер Зоран Заев добил мандатно писмо за утврдување модели и правење анализи за надградба на системот „Сејф сити“ и во делот на безбедноста на сообраќајот. – Не знам дали е тоа релевантно за случајот. Таква анализа е правена за потребите на МВР, а не за Владата. Како што кажав една од опциите тогаш беше да се набави нов софтвер, а друга да се надгради постоечкиот „Сејф сити“ систем, рече Спасовкси. За тоа кој го прави обезбедувањето на Владата, Спасовски рече дека има два типа надворешно и внатрешно обезбедување, кои ги врши одделот за обезбедување на лица и објекти при МВР. На прашање од обвинетиот Рашковски, дали согласно законските обврски Генералниот секретаријат има доставувано точки на Седница на Влада, Спасовски одговори потврдно. – Една од задачите на Генералниот секретар е да прибира материјали за седници, да прибира материјали од надлежни органи, да прави анализи и да предлага дневен ред, изјави Спасовски. На прашањето од Рашковски, дали како Влада давале грантови на компании кои придонесувале или требало да придонесуваат во работата на одделни министерства, Спасовски рече дека ако согласно програмата за работа на Владата, е предвидено и такво доделување на средства, тогаш тоа се прави. Прашан од Рашковски дали била направена грешка со тоа што е известен директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) дека ќе го тестираат софтверот, Спасовски рече дека тоа писмо било обврска да се прати. – Не знам дали сте направиле грешка или не. Сте имале обврска да информирате се што работите на улица, во насока на ваша и општа безбедност, изјави Спасовски Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска

The post Спасовски не знаел за софтверот на Рашковски appeared first on Република.

]]>
Рашковски се крсти во зборот на Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rashkovski-se-krsti-vo-zborot-na-zaev/ Fri, 28 Oct 2022 09:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=566733

Одбраната на Рашковски тврди дека Зоран Заев потврдил дека набавката е законска, а софтверот за потребите на Владата.

Зоран Заев како премиер тврдел дека Драги Рашковски како генерален секретар не го прекршил законот за јавни набавки, а опремата што ја набавувал ја има во Владата. Дополнително за софтверот постои документација од која може да се види дека и при набавката се знаело дека не е за МВР, тука за Влада.

Според Заев и дописот испратен од Владата до Државното правобранителство, сите плаќања за услугите се извршени согласно законските процедури. Со ова експремиерот ја оправдувал набавката на софтвер за мерење на просечната брзина во сообраќај, кабини и камери која реализирал Рашковски. Заев во дописот е дециден: „Договорите се во целост и навремено исполнети“, што би значело дека смета дека нема никаква штета на државниот буџет.

Тогашниот премиер посочил дека набавките кои ги правел Рашковски биле согласно планот за јавни набавките, а донесените одлуки согласно законите.

„Сите набавки се во рамките на законските овластувања и надлежностите поради подобрување на работата на Владата и на Генералниот секретаријат. И д ата системи се набавени во насока на остварување на надлежностите и обврските од Законот за влада како подобрување на ефикасноста на работата на Генералниот секретаријат согласно деловникот за работа на Влада“.

Државното правобранителство добило два дописот од Владата за неколку дена, првиот заведен во архивата на 30 септември 2021 година и потпишан од тогашниот генерален секретар Мухамед Зеќири, а вториот примен и заверен на 5 октомври и потпишан од Зоран Заев.

Адвокатот на Драги Рашковски, Владимир Доневски за А1он рече дека и двата дописи имаат идентична содржина со тоа што во вториот допис се наведени и причини плус зошто Владата не се приклучува кон кривичниот прогон.

Одбрана на Рашковски

„Изреката за непредјавување на оштетно побарување и неприклучување кон кривичен прогон стои и во двата дописи упатени од Владата на РСМ и Државното правобранителство кој основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), така да содржината од првиот допис е идентична со содржината од вториот допис, со тоа што во вториот допис се наведени и причини плус зошто нема оштетно побарување и зошто не се приклучуваат кон кривичниот прогон. И во двата дописи може да видите дека нема предјавено оштетно побарување заради тоа што договорите се во целост исполнети.

На првиот допис е потпишан тогашниот генерален секретар на Владата на РСМ, Мухамед Зеќири, а на вториот допис е потпишан тогашниот претседател на Владата на РСМ , Зоран Заев. И во двата дописи не е утврдено дека е настаната штета, односно не е предјавено оштетно побарување што може да се види и од самите дописи, така да не станува збор за различни дописи“ – истакна Доневски.

Доневски додаде дека првиот допис е повлечен затоа што е направено дополнително аргументирање на ставот дека не се предјавува оштетно побарување и до оглед на фактот дека претседателот на Владата е тој кој ја претставува Владата и кој бил и претседател на Владата во времето кога се спроведувале јавните набавки, истиот го потпишал таквиот допис, задржувајќи го ставот од претходно дека не се предјавува оштетно побарување.

Обвинетиот Рашковски неодамна на брифинг со новинарите рече дека била неточна тезата дека за јавната набавка на софтверот не постои одлука за набавка. Во дописот од Владата до Државното правобранителство се вели дека „донесените одлуки за набавка се во целост со овие законски одредби, односно Генералниот секретар е тој кој носи одлуки за јавни набавки.

Ексгенералниот секретар најави дека ќе бара од судот Владата ја донесе целата набавена опрема во судницата за да се види дека постои. За Мухамед Зеќири, кој е наследник на функцијата генерален секретар по Рашковски, обвинетиот вело дека има доказ со кој може да се констатира дека е утврдено примопредавање на софтверите.

The post Рашковски се крсти во зборот на Заев appeared first on Република.

Рашковски го „закопа“ својот пријател: Заев знаел за набавката на спорниот софтвер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rashkovski-go-zakopa-svojot-prijatel-zaev-znael-za-nabavkata-na-sporniot-softver/ Thu, 13 Oct 2022 14:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=560736

Поранешниот премиер Зоран Заев бил детално информиран за набавката на софтверот за определување просечна брзина и определување казни, откри поренешниот државен секретар Драги Рашковски.

Според него, Обвинителството има докази кои со кои се побива нивното тврдење дека немало технички прием за софтверот. Тој додава дека не е точно оти софтверот е набавен за МВР.

Тој вели дека за ова што го тврди има докази.

По завршување на доказната постапка од Обвинителство, ќе го потврдиме тоа. Потоа ќе одиме со афирмативен пристап, со докази и сведоци од наша страна, со цел, не да издвојуваме победа, туку дадојдеме до еден прогрес. Прогрес кој ќе значи не само борба за правда,туку прогрес кој ќе значи еден нов начин на презентирање и водење на
доказна постапка од обвинети лица и да завршиме со круната – фактично презентирање на она што е набавено - изјави Рашковски на рочиштето.

The post Рашковски го „закопа“ својот пријател: Заев знаел за набавката на спорниот софтвер appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Зоран Заев бил детално информиран за набавката на софтверот за определување просечна брзина и определување казни, откри поренешниот државен секретар Драги Рашковски. Според него, Обвинителството има докази кои со кои се побива нивното тврдење дека немало технички прием за софтверот. Тој додава дека не е точно оти софтверот е набавен за МВР. Тој вели дека за ова што го тврди има докази.
По завршување на доказната постапка од Обвинителство, ќе го потврдиме тоа. Потоа ќе одиме со афирмативен пристап, со докази и сведоци од наша страна, со цел, не да издвојуваме победа, туку дадојдеме до еден прогрес. Прогрес кој ќе значи не само борба за правда,туку прогрес кој ќе значи еден нов начин на презентирање и водење на доказна постапка од обвинети лица и да завршиме со круната – фактично презентирање на она што е набавено - изјави Рашковски на рочиштето.

The post Рашковски го „закопа“ својот пријател: Заев знаел за набавката на спорниот софтвер appeared first on Република.

]]>