АЕТМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aetm/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 09:33:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АЕТМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aetm/ 32 32 Македонците онлајн најмногу плаќале на „Букинг“, „Амазон“ и „Визер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedontsite-onlajn-najmnogu-plakale-na-buking-amazon-i-vizer/ Tue, 14 May 2024 09:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=777886

Македонците минатата година со своите платежни картички во странство потрошиле 573,4 милиони евра од кои 34 отсто или 195,6 милиони евра потрошиле онлајн, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. Ова го покажуваат податоците од Народната банка што ги анализираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Во однос на 2022 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2023 година потрошиле 25,3 отсто повеќе. Бројот на е-трансакциите кон странските земји изнесува 4.6 милиони, а просечната трансакција 43 евра. Вкупно 72 отсто од вредноста и 80 проценти од бројот на направените трансакции се во Холандија, Обединето Кралство, Унгарија, Ирска, САД, Луксембург, Грција и Германија.

Mакедонците во 2023 година потрошиле најмногу пари во Холандија (27,5 милиони евра), додека во Луксембург направиле најголем број на трансакции (890 илјади). Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оставриле во Унгарија односно 144.3 евра, додека во Луксембург Македонците направиле најниска просечна трансакција, 11,7 евра.

Најмногу трансакции се направени кон Холандија, Обединето Кралство и Унгарија и оствариле вредност од 77 милиони евра, што преставува 39% од вкупно остварената вредност онлајн во странство. Истото е очекувано ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Booking.com (Холандија), Amazon UK, ASOS (Велика Британија) и WizzAir (Унгарија), додека највисокиот оставерн број на трансакции од Македонци во Луксембург се должи на тоа што во Луксембург се регистрирани европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија.

Растот остварен во 2023 година во однос на минатата година изнесува 25% наспроти 46% во 2022 година спрема претходната. Притоа минатата година спрема земјите од каде што се букираат патувања и хотели имаше висок пораст, на пр. кон Холандија (114%) и Унгарија (82.4%), а во 2023 година истиот е забавен и изнесува 41.5% и 21.6% соодветно во однос на 2022 година. Најголем пораст во 2023 година од земјите кои сочинуваат 72% од вкупната вредност остварена со македонски картички кон странски е-трговци е остварен кон Грција (81.6%). Онлајн купувањето кон странски платформи, без разлика дали е тоа за производи или за резеравции во хотели може да влијае позитивно и за домашните е-трговци со оглед дека се работи за менување на навики и зголемено користење на онлјан купување воопшто. Од друга страна зголемената побарувачка ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Согласно објавените податоци од Народната банка, странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2023 година потрошиле 26.8 милиони евра, што во однос на минатата година претставува пораст од скоро 23%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 852.3 илјади трансакции или просечно потрошиле 31.4 евра по трансакција. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во 2023 година 50% припаѓаат на иматели на платежни картички од 8 земји. Скоро 4 милиони евра или 18.5% од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2.6 милиони евра или 9.7% од Швајцарија и 1.7 милиони евра или 6.2% од Обединетото кралство. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 5.6% од онлајн трансакциите, Турција со 4%, и Ирска и Бугарија 3% од вредноста на онлајн трансакциите.

Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2023 година во однос на претходната година е остварен од Ирска, додека највисока просечна трансакција е направена од Бугарија во износ од 43 евра.

The post Македонците онлајн најмногу плаќале на „Букинг“, „Амазон“ и „Визер“ appeared first on Република.

]]>

Македонците минатата година со своите платежни картички во странство потрошиле 573,4 милиони евра од кои 34 отсто или 195,6 милиони евра потрошиле онлајн, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. Ова го покажуваат податоците од Народната банка што ги анализираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Во однос на 2022 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2023 година потрошиле 25,3 отсто повеќе. Бројот на е-трансакциите кон странските земји изнесува 4.6 милиони, а просечната трансакција 43 евра. Вкупно 72 отсто од вредноста и 80 проценти од бројот на направените трансакции се во Холандија, Обединето Кралство, Унгарија, Ирска, САД, Луксембург, Грција и Германија. Mакедонците во 2023 година потрошиле најмногу пари во Холандија (27,5 милиони евра), додека во Луксембург направиле најголем број на трансакции (890 илјади). Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оставриле во Унгарија односно 144.3 евра, додека во Луксембург Македонците направиле најниска просечна трансакција, 11,7 евра. Најмногу трансакции се направени кон Холандија, Обединето Кралство и Унгарија и оствариле вредност од 77 милиони евра, што преставува 39% од вкупно остварената вредност онлајн во странство. Истото е очекувано ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Booking.com (Холандија), Amazon UK, ASOS (Велика Британија) и WizzAir (Унгарија), додека највисокиот оставерн број на трансакции од Македонци во Луксембург се должи на тоа што во Луксембург се регистрирани европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија.
Растот остварен во 2023 година во однос на минатата година изнесува 25% наспроти 46% во 2022 година спрема претходната. Притоа минатата година спрема земјите од каде што се букираат патувања и хотели имаше висок пораст, на пр. кон Холандија (114%) и Унгарија (82.4%), а во 2023 година истиот е забавен и изнесува 41.5% и 21.6% соодветно во однос на 2022 година. Најголем пораст во 2023 година од земјите кои сочинуваат 72% од вкупната вредност остварена со македонски картички кон странски е-трговци е остварен кон Грција (81.6%). Онлајн купувањето кон странски платформи, без разлика дали е тоа за производи или за резеравции во хотели може да влијае позитивно и за домашните е-трговци со оглед дека се работи за менување на навики и зголемено користење на онлјан купување воопшто. Од друга страна зголемената побарувачка ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.
Согласно објавените податоци од Народната банка, странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2023 година потрошиле 26.8 милиони евра, што во однос на минатата година претставува пораст од скоро 23%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 852.3 илјади трансакции или просечно потрошиле 31.4 евра по трансакција. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во 2023 година 50% припаѓаат на иматели на платежни картички од 8 земји. Скоро 4 милиони евра или 18.5% од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2.6 милиони евра или 9.7% од Швајцарија и 1.7 милиони евра или 6.2% од Обединетото кралство. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 5.6% од онлајн трансакциите, Турција со 4%, и Ирска и Бугарија 3% од вредноста на онлајн трансакциите. Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2023 година во однос на претходната година е остварен од Ирска, додека највисока просечна трансакција е направена од Бугарија во износ од 43 евра.

The post Македонците онлајн најмногу плаќале на „Букинг“, „Амазон“ и „Визер“ appeared first on Република.

]]>
АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aetm-i-masit-so-inicijativa-za-preciziranje-na-povlastenata-stapka-za-ddv-za-softverski-reshenija/ Mon, 07 Feb 2022 10:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=455047

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, заеднички предлагаат измена на Законот за данок на додена вредност чија цел е прецизирање на повластената стапка од 5 отсто ДДВ за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која, како што велат, е потребна со цел елиминирање на можностите за различни и субјективни толкувања.

Од АЕТМ и МАСИТ потенцираат дека Законот за данокот на додадена вредност од самото воведување ги опфаќа дејностите од доменот на ИКТ индустријата на многу базично ниво, користејќи терминологија дефинирана во 2007 година кога се овозможува примена на повластена даночна стапка од 5 проценти за овој вид на услуги со цел стимулирање на развојот на информатичкото општество.

-Несомнено е дека брзите промени кои се случуваат како резултат на развојот на технологиите претставуваат предизвик за регулативата насекаде во светот, која едноставно не може да ги прати промените. Потребни се нови начини на дизајнирање на регулатива која ќе обезбеди безбедност и доверба, а истовремено ќе обезбеди поволна околина за раст и развој. Сепак овој случај кој е предмет на нашата иницијатива не е предизвик од таков тип, едноставно се работи за терминoлогија со недоречености која е неопходно да се обнови. Нема идеална регулатива и постојано ќе треба промени, затоа клучна е брзината и отворeноста за постојани промени. Само така ќе успеeме постојано да ја подобруваме бизнис климата,  вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

АЕТМ и МАСИТ предлагаат прецизно дефинирање и измена на ставот во Развој на софтверски решенија,вклучително веб апликации, веб страни, решенија за е-трговија и мобилни апликации, софтверски лиценци и одржување на софтверски решенија

Користењето на терминологија која не обезбедува прецизност при алоцирањето на одделниот промет на добра и услуги, како што велат, создава простор за различни толкувања за користење на правото на примена на повластена стапка од 5 отсто од страна на засегнатите страни во деловниот свет.

Додаваат дека ИКТ индустријата во последните години бележи постојан раст не само во остварените приходи туку и во бројот на компании, бројот на вработени, извозот и вработува млади и перспективни кадри со плати повеќе од двојно повисоки од просекот на ниво на држава.

-Владата треба да обезбеди поволна клима за понатамошен раст и развој на ИКТ идустријата која игра клучна улога во дигиталната економија, а најмалку што може е да го слушне гласот на заедницата кога се соочува со проблеми и да одговори со промени во насока на јасни правила за сите, објаснува претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, Анета Антова Пешева.

Заклучуваат дека прецизното дефинирање на ставките во законот ќе придонесе за јасна дистинкција на ставките што подлежат на повластена стапка од 5 отсто, сметаат дека со тоа ќе се намали и просторот за субјективни разбирања на предметната проблематика и ќе се намали просторот за различни толкувања од страна на засегнатите страни.

The post АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, заеднички предлагаат измена на Законот за данок на додена вредност чија цел е прецизирање на повластената стапка од 5 отсто ДДВ за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која, како што велат, е потребна со цел елиминирање на можностите за различни и субјективни толкувања. Од АЕТМ и МАСИТ потенцираат дека Законот за данокот на додадена вредност од самото воведување ги опфаќа дејностите од доменот на ИКТ индустријата на многу базично ниво, користејќи терминологија дефинирана во 2007 година кога се овозможува примена на повластена даночна стапка од 5 проценти за овој вид на услуги со цел стимулирање на развојот на информатичкото општество.
-Несомнено е дека брзите промени кои се случуваат како резултат на развојот на технологиите претставуваат предизвик за регулативата насекаде во светот, која едноставно не може да ги прати промените. Потребни се нови начини на дизајнирање на регулатива која ќе обезбеди безбедност и доверба, а истовремено ќе обезбеди поволна околина за раст и развој. Сепак овој случај кој е предмет на нашата иницијатива не е предизвик од таков тип, едноставно се работи за терминoлогија со недоречености која е неопходно да се обнови. Нема идеална регулатива и постојано ќе треба промени, затоа клучна е брзината и отворeноста за постојани промени. Само така ќе успеeме постојано да ја подобруваме бизнис климата,  вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.
АЕТМ и МАСИТ предлагаат прецизно дефинирање и измена на ставот во Развој на софтверски решенија,вклучително веб апликации, веб страни, решенија за е-трговија и мобилни апликации, софтверски лиценци и одржување на софтверски решенија Користењето на терминологија која не обезбедува прецизност при алоцирањето на одделниот промет на добра и услуги, како што велат, создава простор за различни толкувања за користење на правото на примена на повластена стапка од 5 отсто од страна на засегнатите страни во деловниот свет. Додаваат дека ИКТ индустријата во последните години бележи постојан раст не само во остварените приходи туку и во бројот на компании, бројот на вработени, извозот и вработува млади и перспективни кадри со плати повеќе од двојно повисоки од просекот на ниво на држава.