аерозагадување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aerozagaduvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 11:34:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аерозагадување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aerozagaduvanje/ 32 32 Ќе се градат когеративни централи, за да се намали аерозагадувањето, најави премиерот Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-gradat-kogerativni-tsentrali-za-da-se-namali-aerozagaduvaneto-najavi-premierot-mitskoski/ Tue, 12 Nov 2024 11:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=836731

Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјава, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ништо не презема за справување со аерозагадувањето.

Премиерот Мицкоски истакна дека оваа порака шокира од страна на опозицијата, бидејќи како што рече „седум години буквално камен на камен не ставија, ако се зафатеја да работат нешто можеби до ова и немаше да дојде, односно можеби ќе беше поинаку“. Забележа дека на намалувањето на аерозагадувањето работат интензивно, а најголемиот фактор за загадувањето е токму затоплувањето на домовите со дрва, масло, стари плакари и друго, а токму ова е 60% од причините за загадувањето на воздухот. Посочи дека како Влада се во потрага по партнери за изградбата на корегативни централи.

Ние сме сега во потрага по партнери, коишто на основа на пазарни услови, а не на привилигирани, како што имаше стратешки инвестиции во минатото, заеднички со Владата ќе вложат во систем за затоплување на нашите домови, а кој што ќе биде резултат на согорување на природен гас, односно корегативни централи, кои ќе произведуваат и електрична енергија и гас. Имаме во план неколку да направиме и на тој начин цениме дека барем за 60 проценти ќе биде намалено загадувањето и почнуваме тоа да го развиваме - изјави Мицкоски.

Посочи дека со овие инвестиции ефектите ќе се почувствуваат за три до четири години.

Но, ова е единствениот начин како веднаш да реагираме и да направиме нешто со коешто ќе успееме да го подобриме квалитетот на воздухот. Нема друг начин, магија не постои, чудо не постои, денес ако почнеме тоа да го работиме и развиваме, а веќе го развиваме резулатите за три до четири години ќе ги очекуваме. За жал минатите седум години ништо не направија - изјави Мицкоски.

The post Ќе се градат когеративни централи, за да се намали аерозагадувањето, најави премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјава, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ништо не презема за справување со аерозагадувањето. Премиерот Мицкоски истакна дека оваа порака шокира од страна на опозицијата, бидејќи како што рече „седум години буквално камен на камен не ставија, ако се зафатеја да работат нешто можеби до ова и немаше да дојде, односно можеби ќе беше поинаку“. Забележа дека на намалувањето на аерозагадувањето работат интензивно, а најголемиот фактор за загадувањето е токму затоплувањето на домовите со дрва, масло, стари плакари и друго, а токму ова е 60% од причините за загадувањето на воздухот. Посочи дека како Влада се во потрага по партнери за изградбата на корегативни централи.
Ние сме сега во потрага по партнери, коишто на основа на пазарни услови, а не на привилигирани, како што имаше стратешки инвестиции во минатото, заеднички со Владата ќе вложат во систем за затоплување на нашите домови, а кој што ќе биде резултат на согорување на природен гас, односно корегативни централи, кои ќе произведуваат и електрична енергија и гас. Имаме во план неколку да направиме и на тој начин цениме дека барем за 60 проценти ќе биде намалено загадувањето и почнуваме тоа да го развиваме - изјави Мицкоски.
Посочи дека со овие инвестиции ефектите ќе се почувствуваат за три до четири години.
Но, ова е единствениот начин како веднаш да реагираме и да направиме нешто со коешто ќе успееме да го подобриме квалитетот на воздухот. Нема друг начин, магија не постои, чудо не постои, денес ако почнеме тоа да го работиме и развиваме, а веќе го развиваме резулатите за три до четири години ќе ги очекуваме. За жал минатите седум години ништо не направија - изјави Мицкоски.

The post Ќе се градат когеративни централи, за да се намали аерозагадувањето, најави премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Во Гостивар со 20 милиони денари ќе се решаваат проблемите со аерозагадувањето https://arhiva3.republika.mk/zivot/vo-gostivar-so-20-milioni-denari-ke-se-reshavaat-problemite-so-aerozagaduvaneto/ Wed, 18 Sep 2024 19:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=817587

Граѓаните, невладините организации и претставници на институции преку форумски сесии ќе го изберат најдоброто решение за проблемите со аерозагадувањето во гостиварската општина приоритетите ќе се изберат на форуми.

Раководителот на општинскиот Секторот за екологија, Зуди Џелили на првата сесија вечерва напомена дека е важно да се слушне мислењето на граѓаните и предлозите на сите учесници.

- Во првата фаза се запознаваме со проблемот, а преку втората форумска сесија со гласање ќе се определат приоритетите и конкретни предлози. Зависно од вредноста и обемот на предлозите, може да биде еден или два помали. Тие би требало да се спроведат наредната година, рече Џелили.

Финансирањето ќе биде со средства од општинската каса и УНДП со вредност од 20 милиони денари.

Првиот човек на општината на сесијата напомена дека локалната самоуправа со загадувањето се справува со годишната програма. При тоа тој посочи дека има е во функција мрежа од мерни станици кои ги следат критичните точки, а доколку годинава тоа го дозволи финансиската состојба ќе има и субвенционирање на инвертери и велосипеди.

- Се надевам дека доколку финансиските услови ни дозволат и оваа година и наредната ќе имаме такви мерки. Исто така, учествуваме и во Недела на мобилност, во чии рамки се организира Ден без автомобили, со што ги мотивираме граѓаните повеќе да користат велосипеди и да се движат пеш, рече вд градоначалникот Ваљбон Лимани.

Пред учесниците на форумската сесија беше презентирано и дел од истражувањето на стручњаци од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ во кој Гостивар е еден од петте вклучени градови.

- Специфично за Гостивар е минералната прашина од околината, каменоломите кои ги има во поголем број и околните градежни активности. Вредностите просечно ги надминуваат дозволените норми, но некаде за 10-15%, што не е случај со другите поголеми градови. Доколку се спроведат препорачаните мерки, тогаш Гостивар ќе има почист воздух, рече професорот Дејан Мираковски.

Според препораките, за почист воздух потребно е да се намали енергетската сиромаштија, начинот на затоплување на домовите, палењето на оган на отворено, миење на улиците и поригорозна контрола индустриските капацитети. Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и УГД, а е финансиран од Шведска.

The post Во Гостивар со 20 милиони денари ќе се решаваат проблемите со аерозагадувањето appeared first on Република.

]]>

Граѓаните, невладините организации и претставници на институции преку форумски сесии ќе го изберат најдоброто решение за проблемите со аерозагадувањето во гостиварската општина приоритетите ќе се изберат на форуми. Раководителот на општинскиот Секторот за екологија, Зуди Џелили на првата сесија вечерва напомена дека е важно да се слушне мислењето на граѓаните и предлозите на сите учесници.
- Во првата фаза се запознаваме со проблемот, а преку втората форумска сесија со гласање ќе се определат приоритетите и конкретни предлози. Зависно од вредноста и обемот на предлозите, може да биде еден или два помали. Тие би требало да се спроведат наредната година, рече Џелили.
Финансирањето ќе биде со средства од општинската каса и УНДП со вредност од 20 милиони денари. Првиот човек на општината на сесијата напомена дека локалната самоуправа со загадувањето се справува со годишната програма. При тоа тој посочи дека има е во функција мрежа од мерни станици кои ги следат критичните точки, а доколку годинава тоа го дозволи финансиската состојба ќе има и субвенционирање на инвертери и велосипеди.
- Се надевам дека доколку финансиските услови ни дозволат и оваа година и наредната ќе имаме такви мерки. Исто така, учествуваме и во Недела на мобилност, во чии рамки се организира Ден без автомобили, со што ги мотивираме граѓаните повеќе да користат велосипеди и да се движат пеш, рече вд градоначалникот Ваљбон Лимани.
Пред учесниците на форумската сесија беше презентирано и дел од истражувањето на стручњаци од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ во кој Гостивар е еден од петте вклучени градови.
- Специфично за Гостивар е минералната прашина од околината, каменоломите кои ги има во поголем број и околните градежни активности. Вредностите просечно ги надминуваат дозволените норми, но некаде за 10-15%, што не е случај со другите поголеми градови. Доколку се спроведат препорачаните мерки, тогаш Гостивар ќе има почист воздух, рече професорот Дејан Мираковски.
Според препораките, за почист воздух потребно е да се намали енергетската сиромаштија, начинот на затоплување на домовите, палењето на оган на отворено, миење на улиците и поригорозна контрола индустриските капацитети. Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и УГД, а е финансиран од Шведска.

The post Во Гостивар со 20 милиони денари ќе се решаваат проблемите со аерозагадувањето appeared first on Република.

]]>
Се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, вели советникот во Град Скопје Горјан Јовановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-ushte-nemame-konkretni-merki-okolu-aerozagaduvaneto-veli-sovetnikot-vo-grad-skopje-gorjan-jovanovski/ Thu, 29 Aug 2024 11:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=811221

Од страна на Градот се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, рече денеска Горјан Јовановски, во рамките на 51 седница на Совеотот на Град Скопје, кога на дневен ред беше иницијативата на советничката група на Зелен хуман град, за преземање мерки за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје произлезени од граѓанското климатско собрание на Скопје.

Тој, исто така, се осврна и на поставените компостари што биле покриени со пластика, наместо да компостираат отпад.

Од друга страна, Градот на многу места вели дека не е надлежен и дека други институции треба да постапат за одредени точки и ние се сложуваме. Беа наведени институциите што се засегнати заедно со градот. Градот доколку сака, може да започне соработка, иницијатива со овие други институции, аерозагадувањето не е проблем на една институција. Тоа е заедничка борба на сите. Ако пет илјади луѓе, според последната проценка во Македонија умираат годишно од аерозагадување, мислам дека е во ред да не се вели дека се нема надлежност, нагласи Јовановски, барајќи конкретни чекори.

Советникот од СДСМ, Гордан Шутаров рече дека овој проблем треба да ги засега сите и соработката треба да биде мултисекторска.

Независната советничка, Ирена Витина рече дека ја поздравува активноста на Јовановски, но, дека Градот и Советот не можат да наложат на одредени институции да преземат активности, туку може да имаат и имаат иницијативи, како таа за предлог закон за комунална полиција.

Не можам да се согласам дека Градот Скопје не презема никакви ангажмани и иницијативи, подвлече таа.

Претседателот на Советот, Трајко Славески рече дека постојано треба секој да го има на ум ова прашање во однос на квалитетот на воздухот, што ги засега сите. И да се продолжи максимум во иднина, со конкретни решенија и мерки.

Советот го одобри предлог-планот за изменување и дополнување на планот на програмите за развој за периодот 2024-2026 година. Беше усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Град Скопје за 2024 година, за периодот од 01.01 до 30.06.2024 година.

На дневен ред на денешната седница на Советот на Град Скопје се и дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси.

The post Се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, вели советникот во Град Скопје Горјан Јовановски appeared first on Република.

]]>

Од страна на Градот се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, рече денеска Горјан Јовановски, во рамките на 51 седница на Совеотот на Град Скопје, кога на дневен ред беше иницијативата на советничката група на Зелен хуман град, за преземање мерки за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје произлезени од граѓанското климатско собрание на Скопје. Тој, исто така, се осврна и на поставените компостари што биле покриени со пластика, наместо да компостираат отпад.
Од друга страна, Градот на многу места вели дека не е надлежен и дека други институции треба да постапат за одредени точки и ние се сложуваме. Беа наведени институциите што се засегнати заедно со градот. Градот доколку сака, може да започне соработка, иницијатива со овие други институции, аерозагадувањето не е проблем на една институција. Тоа е заедничка борба на сите. Ако пет илјади луѓе, според последната проценка во Македонија умираат годишно од аерозагадување, мислам дека е во ред да не се вели дека се нема надлежност, нагласи Јовановски, барајќи конкретни чекори.
Советникот од СДСМ, Гордан Шутаров рече дека овој проблем треба да ги засега сите и соработката треба да биде мултисекторска. Независната советничка, Ирена Витина рече дека ја поздравува активноста на Јовановски, но, дека Градот и Советот не можат да наложат на одредени институции да преземат активности, туку може да имаат и имаат иницијативи, како таа за предлог закон за комунална полиција.
Не можам да се согласам дека Градот Скопје не презема никакви ангажмани и иницијативи, подвлече таа.
Претседателот на Советот, Трајко Славески рече дека постојано треба секој да го има на ум ова прашање во однос на квалитетот на воздухот, што ги засега сите. И да се продолжи максимум во иднина, со конкретни решенија и мерки. Советот го одобри предлог-планот за изменување и дополнување на планот на програмите за развој за периодот 2024-2026 година. Беше усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Град Скопје за 2024 година, за периодот од 01.01 до 30.06.2024 година. На дневен ред на денешната седница на Советот на Град Скопје се и дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси.

The post Се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, вели советникот во Град Скопје Горјан Јовановски appeared first on Република.

]]>
Во Струмица едвај се дише: Стапуваат на сила препораки и мерки бидејќи е надминат прагот на аерозагадување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-strumitsa-edvaj-se-dishe-stapuvaat-na-sila-preporaki-i-merki-bidejki-e-nadminat-pragot-na-aerozagaduvane/ Mon, 25 Dec 2023 13:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=726530

Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, надминат е прагот на аерозагадување во Струмица. Завчера во Струмица се измерени 188.13, а вчера 230.13 микрограми на метар кубен.

Од МЖСПП наведуваат дека согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28 ноември 2017 година, за градот Струмица стапуваат на сила повеќе препораки и мерки.

Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Се препорачува да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.

Меѓу препораките е да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата се препорачува да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50 отсто) употребата на службените возила. Се препорачува да обезбедат и ограничување на работите на градежните објекти.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство, пак, треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина треба да почне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека ќе подготви и достави Препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 отсто) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

-ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините, стои во соопштението од МЖСПП.

The post Во Струмица едвај се дише: Стапуваат на сила препораки и мерки бидејќи е надминат прагот на аерозагадување appeared first on Република.

]]>

Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, надминат е прагот на аерозагадување во Струмица. Завчера во Струмица се измерени 188.13, а вчера 230.13 микрограми на метар кубен. Од МЖСПП наведуваат дека согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28 ноември 2017 година, за градот Струмица стапуваат на сила повеќе препораки и мерки. Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Се препорачува да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот. Меѓу препораките е да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба. Владата се препорачува да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50 отсто) употребата на службените возила. Се препорачува да обезбедат и ограничување на работите на градежните објекти. Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети. Министерството за здравство, пак, треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето. Државниот инспекторат за животна средина треба да почне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух. Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека ќе подготви и достави Препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 отсто) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија. -ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините, стои во соопштението од МЖСПП.  

The post Во Струмица едвај се дише: Стапуваат на сила препораки и мерки бидејќи е надминат прагот на аерозагадување appeared first on Република.

]]>
Непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето е срам и трагедија за цела држава, реагираат од „О2 Иницијатива“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/neprezemane-na-golemi-chekori-vo-spravuvane-so-aerozagaduvaneto-e-sram-i-tragedija-za-tsela-drzhava-reagiraat-od-o2-initsijativa/ Thu, 21 Dec 2023 14:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=725356

Од „О2 Иницијатива“ која се залага за чист воздух и здрав живот со реакција за екстремно загадениот воздух во повеќето градови низ земјава.

- Ветувања, ветувања, „ќе се намали загадувањето на воздухот во наредните 2 години до 50% во Скопје и од 30 до 50% во другите градови“, „до 2024 ниту една државна институција нема да се грее со стари и нееколошки системи за греење“, „аерозагадувањето станува стратешки приоритет (за 2 години подоцна да не е веќе)“.... Ништо од ова не се оствари! - порачаа тие денеска.

Оценуваат дека ова што се случува е срам и трагедија за цела држава, за централна и локална власт, од непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето од кое прерано ни умираат илјадници луѓе секоја година.

- Не можеме 1/3 од годината да составиме со доволно добар воздух, а за добар ич муабет да не правиме, по неколку дена тука и таму - Центар имал 10 дена, Гостивар 12, Прилеп 2, Кочани 28. Лазарополе исто имал само 28 дена, но поради високото ниво на озон, не поради PM10 (PM2.5 уште не се мерат), велат еко-ентузијастите.

Нотираат дека ниту во 2024 година не се планираат сериозни мерки за намалување на аерозгадувањето.

- И тука не ја амнестираме локалната самоуправа, зошто тие се должни да ги спроведат плановите за намалување на аерозагадувањето, т.н. Планови за квалитет на воздух, со конкретни мерки, во одреден рок. Некој од нив направил анализа да видат дали имаат некакви резултати? Или само така про-форма се тера?, наведоа од „О2 Иницијативата“.

The post Непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето е срам и трагедија за цела држава, реагираат од „О2 Иницијатива“ appeared first on Република.

]]>

Од „О2 Иницијатива“ која се залага за чист воздух и здрав живот со реакција за екстремно загадениот воздух во повеќето градови низ земјава. - Ветувања, ветувања, „ќе се намали загадувањето на воздухот во наредните 2 години до 50% во Скопје и од 30 до 50% во другите градови“, „до 2024 ниту една државна институција нема да се грее со стари и нееколошки системи за греење“, „аерозагадувањето станува стратешки приоритет (за 2 години подоцна да не е веќе)“.... Ништо од ова не се оствари! - порачаа тие денеска. Оценуваат дека ова што се случува е срам и трагедија за цела држава, за централна и локална власт, од непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето од кое прерано ни умираат илјадници луѓе секоја година. - Не можеме 1/3 од годината да составиме со доволно добар воздух, а за добар ич муабет да не правиме, по неколку дена тука и таму - Центар имал 10 дена, Гостивар 12, Прилеп 2, Кочани 28. Лазарополе исто имал само 28 дена, но поради високото ниво на озон, не поради PM10 (PM2.5 уште не се мерат), велат еко-ентузијастите. Нотираат дека ниту во 2024 година не се планираат сериозни мерки за намалување на аерозгадувањето. - И тука не ја амнестираме локалната самоуправа, зошто тие се должни да ги спроведат плановите за намалување на аерозагадувањето, т.н. Планови за квалитет на воздух, со конкретни мерки, во одреден рок. Некој од нив направил анализа да видат дали имаат некакви резултати? Или само така про-форма се тера?, наведоа од „О2 Иницијативата“.

The post Непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето е срам и трагедија за цела држава, реагираат од „О2 Иницијатива“ appeared first on Република.

]]>
Аерозагадувањето е во фокусот на Петтата академија за здравство која ја организира ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aerozagaduvaneto-e-vo-fokusot-na-pettata-akademija-za-zdravstvo-koja-ja-organizira-vmro-dpmne-vo-kavadartsi/ Sat, 16 Dec 2023 14:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=723686

Одличен спој на струка, знаење, квалитет на експерти од фелата и невладин сектор чие присуство и фидвек за нас се од непроценливо значење. Поздравни обраќања на Петтата академија за здравство која се оддржува во Кавадарци ќе имаат и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Акцент на Петтата академија ставаме на актуелната состојба и предизвиците на примарното здравство и превентивна медицина, важни начела при практикувањето на примарната здравствена дејност и едукативен дел со фокус на аерозагадување – приоритетен јавно-здравствен и еколошки проблем.

Опфатени се и темите за значењето на примарната здравствена заштита и здравјето на работниците – современи предизвици, како и стратегиски менаџмент во јавното здравство и улогата на медицинските сестри – лидери во здравството.

Предлозите и иницијативите на Здружение лекари за семејна медицина и НВО за трансплантација се една додадена вредност за ПЕТТАТА АКАДЕМИЈА ЗА ЗДРАВСТВО и продолжуваме со ваквиот пристап до заедничко изнаоѓање најдобри решенија во интерес на пациентите, здравствените работници и целиот здравствен систем.

The post Аерозагадувањето е во фокусот на Петтата академија за здравство која ја организира ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Одличен спој на струка, знаење, квалитет на експерти од фелата и невладин сектор чие присуство и фидвек за нас се од непроценливо значење. Поздравни обраќања на Петтата академија за здравство која се оддржува во Кавадарци ќе имаат и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Акцент на Петтата академија ставаме на актуелната состојба и предизвиците на примарното здравство и превентивна медицина, важни начела при практикувањето на примарната здравствена дејност и едукативен дел со фокус на аерозагадување – приоритетен јавно-здравствен и еколошки проблем. Опфатени се и темите за значењето на примарната здравствена заштита и здравјето на работниците – современи предизвици, како и стратегиски менаџмент во јавното здравство и улогата на медицинските сестри – лидери во здравството. Предлозите и иницијативите на Здружение лекари за семејна медицина и НВО за трансплантација се една додадена вредност за ПЕТТАТА АКАДЕМИЈА ЗА ЗДРАВСТВО и продолжуваме со ваквиот пристап до заедничко изнаоѓање најдобри решенија во интерес на пациентите, здравствените работници и целиот здравствен систем.  

The post Аерозагадувањето е во фокусот на Петтата академија за здравство која ја организира ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга ќе ги откриваат загадувачите на воздухот преку нов прокет на МЖСПП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kavadartsi-gostivar-kumanovo-strumitsa-i-struga-ke-gi-otkrivaat-zagaduvachite-na-vozduhot-preku-nov-proket-na-mzhspp/ Wed, 29 Mar 2023 14:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=625141

Започнува имплементација на новиот проект за справување со квалитетот на воздухот што ќе се реализира како соработка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнерски организации. Проектот има цел да ги поддржи локалните власти во пет пилот-општини во нашата дражава, во насока на откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување, развој и спроведување соодветни мерки за надминување на проблемите, јакнење на капацитетите на партнерските организации, како и подигање на јавната свест и развивање на позитивните навики кај широката јавност. Истиот се надоврзува на постигнатите резултати и научените лекции од првата проектна фаза што се спроведуваше во Градот Скопје. Успешно спроведените активности ќе се реплицираат во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга како градови што имаат сериозни проблеми со загадувањето на воздухот.

Големи се надежите и мотивираноста кога започнува нов проект, особено кога се однесува на еден од најгорливите проблеми со кој се соочуваме, загадувањето на воздухот“, изјави министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова додавајќи дека надминувањето на овие состојби бараат мултисекторски пристап и координација, а конципираноста на овој проект токму тоа го овозможува.

Министерството е отворено за соработка и поддршка на локалните самоуправи, а проектните активности се надоврзуваат на оние на Министерството и се вклопуваат во планското решавање на ова горливо прашање.

Како партнери во проектот се вклучуваат и Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и ЗЕЛС, а во имплементирањето ќе се вклучи и научната фела преку лабораторијата АМБИКОН од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ која во претходниот циклус во тесна соработка со стручните служби на МЖСПП работеше на детекција и моделирање на изворите на загадување на проекција на мерките.

Во проектот дел од финансиските средства, ќе се искористат за подобрување на енергетската ефикасност и замена на системите на греење на јавни објекти, за кои предлог ќе дадат самите општините, а реализацијата ќе одвива врз основа на кофинансирање од страна на самите општини.

На денешниот настан присуствуваа и се обратија и постојан претставник на УНДП во државата Армен Григоријан, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон, министерот за локалната самоуправа Ристон Пенов, извршениот директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.

The post Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга ќе ги откриваат загадувачите на воздухот преку нов прокет на МЖСПП appeared first on Република.

]]>

Започнува имплементација на новиот проект за справување со квалитетот на воздухот што ќе се реализира како соработка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнерски организации. Проектот има цел да ги поддржи локалните власти во пет пилот-општини во нашата дражава, во насока на откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување, развој и спроведување соодветни мерки за надминување на проблемите, јакнење на капацитетите на партнерските организации, како и подигање на јавната свест и развивање на позитивните навики кај широката јавност. Истиот се надоврзува на постигнатите резултати и научените лекции од првата проектна фаза што се спроведуваше во Градот Скопје. Успешно спроведените активности ќе се реплицираат во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга како градови што имаат сериозни проблеми со загадувањето на воздухот.
Големи се надежите и мотивираноста кога започнува нов проект, особено кога се однесува на еден од најгорливите проблеми со кој се соочуваме, загадувањето на воздухот“, изјави министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова додавајќи дека надминувањето на овие состојби бараат мултисекторски пристап и координација, а конципираноста на овој проект токму тоа го овозможува.
Министерството е отворено за соработка и поддршка на локалните самоуправи, а проектните активности се надоврзуваат на оние на Министерството и се вклопуваат во планското решавање на ова горливо прашање. Како партнери во проектот се вклучуваат и Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и ЗЕЛС, а во имплементирањето ќе се вклучи и научната фела преку лабораторијата АМБИКОН од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ која во претходниот циклус во тесна соработка со стручните служби на МЖСПП работеше на детекција и моделирање на изворите на загадување на проекција на мерките. Во проектот дел од финансиските средства, ќе се искористат за подобрување на енергетската ефикасност и замена на системите на греење на јавни објекти, за кои предлог ќе дадат самите општините, а реализацијата ќе одвива врз основа на кофинансирање од страна на самите општини. На денешниот настан присуствуваа и се обратија и постојан претставник на УНДП во државата Армен Григоријан, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон, министерот за локалната самоуправа Ристон Пенов, извршениот директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.

The post Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга ќе ги откриваат загадувачите на воздухот преку нов прокет на МЖСПП appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Зимава големо ќе е загадувањето, граѓаните да пазат што горат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-zimava-golemo-kje-e-zagaduvanjeto-gragjanite-da-pazat-shto-gorat/ Mon, 03 Oct 2022 12:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=556828

Со оглед на енергетската криза, најверојатно ќе има зголемување на аерозагадувањето, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, упатувајќи притоа апел до граѓаните да водат грижа, како ги загреваат домаќинствата, односно да не користат материјали кои ја загадуваат животната средина.

Ние ќе увеземе мазут и јаглен, најмалку што бараме е да се почитуваат стандардите за мазутот и јагленот што ќе го увезуваме. Свесни сме дека институциите – болници, градинки, училишта… се најголемите загадувачи. Најверојатно оваа зима ќе има зголемување на аерозагадувањето, потенцираше Нуредини.

Тој истакна дека за жал ова не е ситуација само кај нас, туку во цела Европа и рече дека проблемот е што ние 30 години не сме инвестирале во енергетика во државата.

Јас разбирам дека е тешко време, но апелирам до сите да внимаваме со што се грееме, колку грееме и да бидеме енергетски поефикасни, посочи Нуредини, напомнувајќи дека граѓаните можат да се греат со дрва и пелети, кои се според стандардите, а не со материјали кои при согорувањето испуштаат штетни материи, кои прво го загадуваат домот, а потоа и околината.

The post Нуредини: Зимава големо ќе е загадувањето, граѓаните да пазат што горат appeared first on Република.

Струмица вечерва најзагаден град во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/strumica-vecherva-najzagaden-grad-vo-makedonija/ Sun, 16 Jan 2022 21:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=445474

Вечерва Струмица е најзагаден град во Македонија со 280 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека зад Струмица се наоѓа Кичево со 237.

Во Скопје најзагадено е во Лисиче со 205 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, а од останатите македонски градови висока загаденост бележат Тетово, Битола и Кавадарци.

The post Струмица вечерва најзагаден град во Македонија appeared first on Република.

]]>

Вечерва Струмица е најзагаден град во Македонија со 280 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека зад Струмица се наоѓа Кичево со 237. Во Скопје најзагадено е во Лисиче со 205 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, а од останатите македонски градови висока загаденост бележат Тетово, Битола и Кавадарци.

The post Струмица вечерва најзагаден град во Македонија appeared first on Република.

]]>